text
stringlengths 205
626k
| source
stringclasses 1
value |
---|---|
Полскиот првак Келце, противник на Вардар во групната фаза од Лигата на шампионите, се чини дека оваа сезона ќе има голем ривал во трката за титулата во домашниот шампионат.
Пулените на Талант Душебаев загубија на гостувањето кај Висла Плоцк со 27-26, откако и на полувремето губеа со 14-12.
Висла Плоцк последен пат славеше над Келце во март 2016 година во лигата, а сега тоа го стори во завршните 40 секунди од средбата.
Иако гостите водеа со 25-26, Плоцк успеа да направи пресврт во финишот и гостите мораа со наведнати глави да го напуштат теренот.
На Келце не му помогна ниту Игор Карачиќ, кој даде пет погодоци, а Душебаев, Агинагалде и Кулеш погодија по четири пати. Кај Висла Плоцк се истакна Миндегија со шест голови. | fineweb-2 |
09 Октомври 2019 – Променливата природа на економската конкурентност во светот каде постојано се истакнуваат нови технологии, создавајќи нов предизвик за бизнисите и владите, кои на колективен начин се изложени на опасноста на негативното влијание врз економскиот раст и продуктивност. Ова е главното прашање кое може да се забележи во извештајот на Глобалниот Индекс на Конкурентноста од Светскиот Економски Форум (WEF), кој беше објавен денеска. Врз основа на извештајот кој користи методологија во која целосно се вклучени факторите за целосно да ја опфатат динамиката на глобалната економија во Четвртата индустриска револуција, многу фактори кои ќе имаат најголемо влијание во конкурентноста во иднина не биле во фокусот на најважните политички одлуки во минатото. Ова вклучува генерирање на идеи, претприемачка култура, отворен пристап и умешност.
Во извештајот за 2019 година има податоци за 141 економија кои преку 103 индикатори се организирани во 12 столбови. За секој индикатор, користејќи скала за оценување од 0 до 100, се искажува за тоа како една економија би можела да се појави во својство на "идеална држава" или се ограничува во областа на конкурентноста. Од ова произлегува заклучок дека за секоја држава анализирана во овој извештај постои простор за подобрување. Од тоа што произлегува од извештајот може да се примети дека стагнацијата на повеќето држави се случува во областа на иновациите. Справувањето со Четвртата индустриска револуција претставува фактор кој одлучува за конкурентност. Со овој извештај, Светскиот Економски Форум одразува како економиите на државите реагираат кон глобалните промени.
Стопанската Комора на Северо-Западна и оваа година се појавува во својство на институционален партнер на Светскиот Економски Форум (WEF), која има помогнато во спроведувањето на овој важен извештај кој не запознава со релевантните податоци кои ја оценуваат конкурентноста, продуктивноста и просперитетот на државите. Според податоците, Р. Северна Македонија се рангира некаде на средината во генералниот распоред, додека за земјите од Европа е претпоследна. Извештајот за 2019 година е транспарентен и претставува вистинска слика за Р. Северна Македонија, бидејќи се заснова на реални податоци преку бројни анкети и истражувања направени од страна на СКСЗМ. Така, може да се добие реален впечаток за фактичката состојба која е присутна во нашата земја. Глобализацијата и иновациите несомнено ќе бидат секогаш поттикнувачи на државата за да се постигне подобра благосостојба. Тука огромно влијание имаат клучните креатори на политики кои ќе влијаат на развојот и напредокот на државата, помагајќи и во многу области, преку кои ќе се постигне безбедно соочување со новите глобални економски трендови и во сите други сфери.
Во извештајот од 2019 година, Р.С.М. беше рангирана на 82-то место од 141 земја, во споредба на предходната година каде што беше рангирана 84-та во Индексот на Глобална Конкурентност. Она што е загрижувачко за првиот столб каде се Институциите, Македонија е рангирана на 85-то место, што укажува дека бизнисот има институционални тешкотии во неговото функционирање. Исто така, во вториот столб – Инфраструктура, што е многу важно за здрава економија, нашата земја е рангирана на 75-то место (во 2018-80-, што покажува дека барањата на СКСЗМ за реализирање на капитални инвестиции во инфраструктурата се повеќе од важни.
Друг многу важен аспект за економиите е и квалитетното образование и обука на работната сила, каде С.Р.М. е рангирана на 83-то место, додека во под-столбовите со кои се оценува квалитетот на стручното образование е рангирана на 131-то (2018-130) место, со што повторно се докажува дека во нашата земја недостига соодветна работна сила, односно работна сила која одговара на барањата на пазарот.
Финансискиот систем според овој извештај, покажува дека Р.С.М. е рангирана на 83-то место (2018-80), додека поддршката на локомотивата на економијата, имено, малите и средните претпријатија со кредити е рангирана на 115-то (2018-114) место, индикатор со кој се потврдува неможноста за пристап до финансирање за МСП.
Додека, позитивна оцена или резултат претставен според овој извештај, има во четвртиот под-столб – инфлација, односно одржување на позитивна стапка на инфлација, каде Македонија го дели првото место со 88 други држави.
И покрај фактот дека овогодинешните рангирања се подобри во однос на претходната година, извештајот е повторно вознемирувачки затоа што Северна Македонија слабо рангира во инфраструктурата (место 75), Квалитет на образованието и квалификација на работната сила (место 83), финансискиот систем (место 83), оправдувајќи ја уште еднаш загриженоста на СКСЗМ и барањата за капитални инвестиции. | fineweb-2 |
Во вторникот, тимот на ТВ Пакет ја одбележа десетгодишнината од постоењето на феноменот "Млади бунтовници" така што, ви ги вративме убавите спомени и потсетивме на успесите на оваа серија. Сега е ред да погледнете како тие самите и дадоа значење на одминатата деценија од моментот кога се создаде проектот што драстично ги промени нивните животи. Миа, Мануел, Пабло, Сол, Диего, Пилар, Белен, Вико, Фели и Томас, беа дел од собирот што се случи пред некое време. "Бунтовниците" повторно заедно и повторно на едно место, но овој пат меѓу нив се најдоа и две дечиња, а ако не можете да претпоставите чии се, следува одговорот. Девојчето е ќерка на актерот Фелипе Коломбо, или познат како Мануел, додека русокосото момченце е син на актерката Анхелес Балбиани, за вас позната како Фелиситас. Погледнете како изгледаат вашите идоли после 10 години.
НЕКОГАШ (долу) И СЕГА (горе)
{gallery}052012/buntovnici-posle10{/gallery}
Chris | ТВ Пакет | fineweb-2 |
Знае ли Филипче што се случува на Стоматолoгија? Скандалозно: Мали парчиња путер и мармалад во голема кутија за појадок на пациентите во Клиничката болница во Штип By Здравство FacebookTwitteremail Телма амбуланта: Главоболки Проф. Д-р Методи Чепреганов, невропсихијатар и епилептолог FacebookTwitteremail Categories: Здравство Ознаки: Главоболка, епилептологија, Методи Чепреганов, невропсихијатрија, Телма амбуланта Related Articles Потребен медицински персонал за услугата "Рурален лекар", откако ги снема докторите, Филипче почна да размислува! Груевски: Новиот клинички центар ќе чини можеби и 7 пати повеќе од оној кој ние го градевме, а за него граѓаните ќе чекаат најмалку меѓу 13 и 15 години Светски ден за борба против Мултиплекс склерозата како болест ДСЗИ и дозволи на Катлановска бања повторно да згрижува пациенти, но ќе заработи и дополнителни казни! Родителите со писмо до Филипче: Бараме итно прекинување на селењето на Детска кардиохирургија Сестри се тепаат на големо, еснафското Здружение на медицински сестри молчи! Хелтгрупер – Бесплатното болничко лекување ќе ги зголеми листите на чекање! Кардиохирурзи од Бугарија сакаат да направат договор со две приватни болници Физички напад во струшката болница Филипче задоволен од новите вработувања во здравството, но дали вработените се задоволни? Доктори ќе држат предавања и во градинки за бенефитите од вакцините – Ќе ги убедат ли скептичните родители? Не е толку драматично, изјави Заев за смртноста кај 35-те новороденчиња! Be the first to write a comment. Напишете коментарОткажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Најново Инспекциски надзор во училиштето во Гостивар каде учениците ја поздравија воената операција во Сирија Магичните својства на зачините Како да ја зачувате свежината и вкусот на ѓумбирот Зошто не треба да пиете кафе на празен стомак? | fineweb-2 |
Општа болница Охрид: Кај починатата родилка дојде до компликации од основната болест
Од охридската Општа болница денеска се огласија со соопштение во врска со починатата 29-годишна родилка која по породувањето со "царски рез" во охридската болница, во петокот почина на скопските клиники. Од општа болница Охрид објаснувајќи го текот на настаните откако жената била примена во Гинеколошкото одделение наведуваат дека пациентката првородка била примена на 11 ти јуни. во 4:00 со прснат воденик во термин за породување.
Објаснуваат дека пациентката имала хронична системска болест LUPUS и од детска возраст била со имуносупресивна терапија.
" Направен е итен царски рез, добиен е жив женски плод 2130/46 во добра состојба. Оперативен и ран постоперативен тек уреден. Петтиот постоперативен ден, поради влошување на општата состојба на пациентката и поради очекувани компликации од основната болест, конзилијарно е одлучено пациентката да се препрати во терциерна установа GAK-Скопје за понатамошен третман." информираат од охридската болница.
Додаваат дека во текот на престојот на Гениколошкото одделение во Охрид земен бил брис од рана од родилката и истиот бил стерилен (резултат добиен од Центар за јавно здравје Охрид). Следниот ден била направена и (мултидисциплинарна) ревизија на клиника во Скопје и било констатирано дека е исклучена гинеколошка компликација, пвелат од охридската болница. Новороденото се наоѓа во одделението при охридската болница и е здраво и во добра општа состојба. Од болницата изразуваат длабоко сочуство до семејството за изгубениот млад живот, додавајќи дека екипата на охридското гениколошко одделение вложила максимални напори, се било направено брзо и протоколарно, а пациентката била благовремено испратена во терциерна установа. | fineweb-2 |
Ако ова парче опрема досега не ви било на дневното тренинг мени, време е да му направите еден солиден камбек. Ок, не мора да се обидувате да ја следите техниката на тренерчево овде, бидејќи тешко дека ќе го стасате, ама вие бар почнете да го работите основното, над глава - под нозе, континуирано, додека не пукнете.. | fineweb-2 |
Кога станува збор за позитивното дејство на лутата храна врз здравјето на организмот, доволно е да се спомене истражувањето на кинеските научници од 2015.година во кое учествувале пола милион испитаници, а кое покажало дека лицата кои шест до седум пати неделно имаат на менито лута храна, имаат 14 отсто понизок ризик за смртност од било која причина во споредба со оние кои јадат лута храна еднаш неделно или поретко.
Но слични резултати се воочени и за смртност од конкретни болести, како рак, срцеви болести и болести на дишните патишта. Дел од позитивните резултати се препишуваат на чилито или на неговата биоактивна компонента капсаицин, кој има антимикробни, противвоспалителни, противтуморски и антиоксидативни својства. И бројни други студии ја потврдиле поврзаноста помеѓу интензивно зачинетата храна и превенцијата од разни болести, вклучувајќи ги и срцевите.
Претходните студии го поврзуваат честото внесување на лута храна и со помал ризик од дебелина и хипертензија.
Но од друга страна, австралиските и катарските научници ја поврзуваат редовната консумација на лута храна со зголемен ризик за деменција.
Според стручното списание Nutrients, анализата на податоците кои се собирани 15 години од околу 4.500 лица постари од 55 години, укажува на забрзување на когнитивниот пад кај оние кои консумирале повеќе лута храна.
Кај учесниците во истражувањето кои јаделе најмногу лута храна слабеењето на когнитивните способности било во просек двојно побрзо отколку кај останатите врсници.
Ризикот бил дополнително зголемен кај повитките испитаници, додаваат научниците.
Се проценува дека во светот живеат 50 милиони луѓе со деменција.
Фото: Pixabey | fineweb-2 |
Педесет и седумгодишниот Ѓорѓи Џонов е пожарникарот кој вчера почина при гасење на запален оџак во станбена зграда во штипската населба Автокоманда. Пожарот избувнал после 17 часот и за брзо време пламенот зафатил дограден таван. Гасејќи го пожарот од засега непознати причини на пожарникарот му се слошило. Залудни биле обидите на жителите во зградата и лекарите во борбата за живот. Се уште во шок од вчерашната трагедија сопственикот на доградениот таван тврди дека пожарникарите на терен излегле со расипани апарати и без гас маски.
- Пожарникарите дојдоа без гас маски,без шлемови. Апаратите им беа неисправни. Притиска,стиска неисправни.Ги прашам полни ли се, а тие викат полни се, ама не се исправни. Видов со свои очи. Донесоа други, а потоа и гас маска, ама за жал не ја употребија. -вели Симо Карпичаров
Дали неисправноста на ППЕ апаратите како што тврдат очевидци се причина за смртта на 57 годишниот пожарникар ќе покаже истрагата изјави раководителот на штипските пожарникари.Тој не ги отфрли тврдењата на пожарникарите дека работат со стара и дотраена опрема. Изразувајќи сочувство до фамилијата, од јавноста побара да не се шпекулира.
Ние истакнуваме често дека сакаме посовремена опрема. Вчерашната акција беше рутинска акција.Ја имаме неопходната опрема ја користиме. Можам само да кажам дека ова е немил случај-изјави Тони Атанасов.
Од основното јавно обвинителство во Штип велат дека дежурен обвинител направил увид, наодот од обдукцијата е готов, но се уште немаат официјален документ за причините за смртта. Педесет и седумгодишниот Ѓорѓи Џонов во 2013 год. беше прогасен за најдобар пожарникар на град Штип.
Александра Ристевска | fineweb-2 |
Назадната одлука на француските власти беше одобрена како дел од образовните реформи донесени во февруари, предложени од опозицијата а поддржани од Макрон.
Пакетот што во иднина ќе ја краси секоја училница е: знаме на Франција, знаме на ЕУ, текстот на химната и националното мото "Liberté, Égalité, Fraternité".
Освен освежувањето на дизајнот на училниците, главна промена е што земјата воведува задолжително образование од 3 години, наместо од 6 како што беше до сега, нешто што во Франција важи од 19-от век.
Новото правило ќе смени само кај многу мал број од родителите, бидејќи 97% од семејствата што имаат деца на возраст меѓу 3 и 6 месеци веќе се влезени во образовниот процес. Казна за непочитување на ова правило ("баба му ќе го чува") е 1.500 евра.
Инаку, француското знаме веќе е истакнато во секој училишен двор во земјата. | fineweb-2 |
Уругвајскиот фудбалер Луис Суарез се пожали на големиот број грешки во натпреварот од групната фаза на Купот на Америка со Јапонија (2:2). Според него, на следните средби треба да се поработи на концентрацијата.
– Ние мораме да ги поправиме грешките и да ги потенцираме позитивните моменти од нашата игра. Создадовме повеќе добри шанси. Затоа, нерешеното остава горчлив вкус. Во принцип, имавме добар натпревар, но направивме две големи грешки и примивме два гола. На такви турнири треба да бидете внимателни. Знаевме дека поразот на Јапонија против Чиле не ја одразува силата на јапонскиот тим. Се работи за брза и техничка потхована селекција. Јапонците вршеа притисок врз нас и нè спречија да ја играме нашата игра, истакна Суарез.
Во пресрет на другата средба од втората рунда во Ц-групата, Уругвај е лидер со 4 бода, Чиле има 3 и натпревар помалку, Јапонија е трета со 1 бод, Еквадор е без бодови и натпревар помалку. | fineweb-2 |
Докторот Ерик Вот го воодушеви светот со својата постапка, тој спаси живот на една жена која ја видел на телевизија.
Имено, тој после работа гледал квиз од плажа на телевизија, кога кај една натпреварувачка забележал нешто чудно.
Никол Мекгинис, учесничка во квизот зборувала, а докторот забележал нешто на вратот што се помрднува.
-Се одмарав после работа, гледав преубави плажи на телевизија и дремев. Потоа забележав оток. Помислив "о Боже, таа можеби има медицински проблем", изјавил овој оторинголаринголог.
Тоа не му давало мир, па на својот Фејсбук профил објавл детален опис од она што го видел со надеж дека ќе ја пронајде Никол.
Никол успеала преку социјалните мрежи да стапи во контакт со него, и отишла кај него каде испаднало дека има рак на тироидната жлезда.
-Според мене ова е чудо, тоа што успеа да тоа да го види на телевизија. Не можам да ја искажам својата благодарност, изјави таа.
Таа нагласила дека ниту нејзините лекари не го забележале она што Вот успеал да го забележи. | fineweb-2 |
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека на земјите во регионот им пречи тоа што Србија е посилна.
– Зошто тие (медиумите во регионот) се радуваат на пропаста на Александар Вучиќ, зошто сум им проблем? Што сум направил против нив ? Им пречи тоа што Србија е посилна, изјави Вучиќ за Пинк.
Тој рече дека ги следи и регионалните и светските медиуми и оти забележал дека откако почнале протестите во Белград, најсилна поддршка доаѓа од Загреб, хрватските медиуми, приштинските, босанскохерцеговските.
Коментирајќи го интервјуто на Вук Јеремиќ за ТВ БИХ, Вучиќ рече дека гледал еден дел и оти било "одвратно за земјата".
– Важно е дека од лажен патриот слушнавме дека Србија е виновна за сите судири. Откако сум тука, ние не сме имале никакви судири. Тоа е лична омраза и жал поради тоа што не може да биде на мое место, истакна тој.
На изјавата на Јеремиќ во тоа интервју дека Вучиќ е полош од Милошевиќ само не располага со иста воена сила, инаку "сега би било уште полошо", тој потсети дека во воена смисла армијата е двојно поголема од тогаш.
– Но, јас само сакам да го зачувам мирот и стабилноста, заклучи Вучиќ. | fineweb-2 |
СРЕДБИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ДЕЛЕГАЦИИТЕ НА МЕКСИКО И НА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА ВО ИПУ
Вторник, 15 октомври 2019 година
Во рамките на 141. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува од 13 до 17 октомври 2019 година во Белград, Република Србија, делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во ИПУ, предводена од претседателот Талат Џафери, денеска оствари средби со делегациите на Мексико и на Босна и Херцеговина во ИПУ.
повеќе... | fineweb-2 |
- Измерете го булгурот, ставете во сад и попарете со 250 мл. вода, покријте и оставете да одстои додека ја впие водата. Потоа готовиот булгур размешајте го со вилушка да се растресе. Доколку сеуште во него има вода прецедете го.
Додека стои булгурот ви пригответе ги тиквичките така што ќе ги изрендате на ренде. Потоа ставете во тава да се загрее путерот и маслото, додадете ги да се пржат тиквичките се до испарувањето на течноста. Тргнете, префрлете во тањир и оставете да оладат.
- Во друго садче измешајте ги ренданиот или ситно сецкан лук, јогуртот, копарот, магдоносот, солта, убаво измешајте.
- Во тиквичките додадете ги оревите, потоа сосот и добро измешајте.
- Преместете ја во садот во кој ќе одредите да стои, потоа залијте со загреано масло во кое сте додале малку црвен пипер, а доколку сакате пикантно може да ставите во маслото и буковец.
Салатата ставете ја во фрижидер да се добро олади.
Превкусна е....
Читајки што пишува мојата пријателка Мучика сфатив дека таа ја перферира турската кујна и претпоставувам дека и овој рецепт е од нивната ризница.
Јас лично ја сакам со повќе јогурт. Почесто јогуртот го заменувам со кисела павлака и не е никаков проблем.
Лиценца: Сите права се задржани | fineweb-2 |
Пандишпан
Чашата е од 200 мл.
- Прво обарете го спанаќот, добро истискајте од водата, изблендирајте го заедно со маслото.
- Со мискер пенесто изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата, додадете пирето од спанаќот, измешајте и на крај доддете го брашното измешано со пецивото. Измешајте добро со шпатула или со најниската брзина на мискерот. Истурете ја вака добиената смеса во модла на откопчување бр.24 послана со хартија за печење.
Ставете да се пече во веќе загреана рерна на 170 степени околу 30-40 мин, односно до потполно испекување. Ќе проверите со познатата постапка - чепкалката ако излезе сува пандишпанот е печен. Малку нека олади и потрудете се да извадите и ставите на решетка вадејки ја хартијата одоздола, нека се добро излади заради полесно делење на три дела. Јас го спремам пандишпанот одвечер за наредниот ден навистина со леснотија ја поделам кората на три дела.
Фил 1
- Ставете во газа да се добро исцеди киселата павлака, потоа засладете ја со шеќерот по ваш сопствен вкус, а заради аромата додадете малку сок од лимон и рендана кора од лимонот. Поделете го на три дела.
Фил 2
- Во сад ставете ги малините заедно со шеќерот и малините. Кога ќе го пуштат сокот одделете од нив малку во чаша во која ќе го растворите густинот. Додадете го кај малините и сварете крем како пудинг. Тргнете од огнот, додадете го путерот, размешајте да се соедини и нека олади малку - поделете на два дела.
Оформување
- Ставете ја на тацната првата кора на која ќе премачкате од фил од малини и чекајте да олади и стегне. Поставете го сега обрачот од модлата околу кората. Врз филот од малините кој веќе е оладен ставете едниот дел од филот со киселата павлака, потоа ја ставате втората кора, премачкајте со млакиот фил од малини, нека олади, па фил од од павлаката, завршувате со третата кора и ја дооформувате со третиот дел од филот со павлака.
Тортата е завршена, декорирајте по ваша жебла и вкус. Оставете ја да одлежи во фрижидер за да може подобро да се сечат парчињата - макар што нестрпливите може да ја сечете и веднаш.
Изборот за мојот јубилеј е токму овој рецепт. Истовремено и несекојдневна торта која ја приготвив за роденденот на моите близнаци со која јас одовде, а тие далеку од мене, им ја пракам честитката по повод нивното раѓање, им посакувам многу среќа и секое нивно утре да биде уште подобро од вчерашното утре.
Драги мои пријателки, драго мое друштво... дека е убава дружбата со вас тоа е факт, многу нешта научивме овде, дружејки се на средбите со многумина од вас лично се запознавме, со многумина виртуелно ни остана виртуелно, но сепак е пријателство... Посакувам да го постигнете овој број сите - па и новите членови, ова наше катче би сакала да стане катче на сите ентузијасти бидејки има големи причини зошто да се овде. За тоа нешто треба да сме благодарни на уредништвото кое ни го овозможи целото тоа. Пишувајки овде, дружејки се со сите нас и сите заедно, го оставаме и личниот печат кој многу значи и огромно е задоволството - верувам дека е обострано. Успеавме да го надградиме ова наше катче кое не случајно го носи името МОИ РЕЦЕПТИ и ми остана една омилена дестинација. Истовремено сум и горда на неа кога ќе забележам дека многу пријатели од целиот свет ни се придружуваат затоа што навистина има што да видат, да прочитат и научат од нас.
Напомена
- Јас исеков од горниот дел од пандишпанот откако беше оладен, односно едноставно ја излупив кората која се формира на површината и во ја изблендирав за да добијам трошки кои ми послужија за декорацијата.
- Наместо фил со кисела павлака, можете да си ставите и фил од матена слатка павлака во количина од 500 мл. додавајки во неа и 200 гр. крем сирење. И овој фил одлично се однесува со пандишпанот од спанаќ. Останатото исто.
- Можете да спремите заменски фил од малините, односно желе од малини измешано со вишни кое исто така супер вкус.
4 лажици џем од вишни, 200 гр. смрзнати или свежи малини, 2 лажици шеќер ќе ги споите со 500 мл. вода, нека се загреат. Разматете во дел од течноста 6 лажици густин, нека се свари. За да биде млако заради нанесувањето - чувајте го врз сад со топла вода. Овој рецепт има многу можности за фил - изненадете се себе си со необичните состојки.
Лиценца: Сите права се задржани | fineweb-2 |
Барселона целосно заздрави од лошите гостувања во Билбао и Памплона и како и против Бетис со голеада задоволи полн "Камп Ноу". Во последниот саботен натпревар од четвртото коло на Примера, шампионот му се реваншираше на победникот на Купот на Кралот, Валенсија, победувајќи го со 5-2 (2-1). И на овој натпревар Валверде не можеше да смета на Меси и Дембеле, а Суарез остана на клупата за резерви.
- Извештај од натпреварот:
Стартот беше молскавичен и во знакот на 16-годишниот Ансу Фати. Момчето кое првпат почна од првата минута, во седум минути постигна прекрасен гол (трет за него сезонава) и подели асистенција за голот на Де Јонг за 2-0. "Лилјаците", на чија клупа дебитираше Алберт Селадес, делуваа шокирано и им требаше половина час да се разбудат. Родриго и Гуедеш го загреаја Тер Штеген, а по прекрасната комбинација со Родриго, Французинот Гамеиро пред одморот намали на 2-1.
Немирот во таборот на Барса траеше само неколку минути на крајот од првиот дел. Продолжението започна со доминација и серија на инвидуални потези, кои завршија со ефектни голови во мрежата на Силесен. Токму холандскиот голман беше невнимателен во 54. минута, кога по ударот на Гризман, топката од дирекот се одби до Пике, а овој ја втурна во мрежата (3-1). Финишот мина во знакот на Суарез, кој само што влезе од клупата постигна спектакуларен гол за 4-1 во 61. минута, а потоа и во 82. минута по вторпат ја затресе мрежата на Валенсија за 5-1.
Најскапото засилување на Валенсија ова лето Макси Лопез со прекрасен гол на додавање на Черишев во судиското надополнување ги постави финалните 5-2. Барса стигна до седум бода и заостанува само два бода зад лидерот Атлетико Мадрид. | fineweb-2 |
✔ Огнот на оперирањето на уметноста е еден од најважните времиња и е многу важно да се чувствувате чувствителни.✔ Секое уметничко дело е дете на нејзината возраст и, во многу случаи, мајката на нашите емоции.✔ Бојата е сила која директно влијае на душата.✔ Бојата предизвикува психички вибрации. Боја крие моќ сеуште непозната, но реално, која дејствува на секој дел од човечкото тело.✔ Заради тоа, не е важно да се направи споредба, туку да се прикаже како дел од футуро.✔ Il colore è un mezzo di esceritare sull'anima un'influenza diretta. Il colore е овошјето, овошјето е мартието кое е лоцирано во црно, ајде да го напишеме долу.✔ Празно платно е живо чудо ... далеку поубаво од одредени слики.✔ Мислам дека ќе живееме во богата атмосфера на музика, која ќе биде необезбедена во рок од една година.
✔ Ил боја Овде мечо да се прошетаат на непотребни правци. Ја обојувам со вкус, очајно се оженив со моите деца, а јас сум со тебе.✔ Il punto geometrico Не е инфилтрирано. Есдо дефинитивно не е присутно и нематеријално.
Далеку од материјал кој е подеднакво нула. Во оваа нула, можете да најдете најмногу различни сопственици "." il punto geometrico - Се поврзува со масовната консистенција, а масивно се издигнува, се врши на парла. Колосно геометриско разделување на суспендираните сили.✔ La linea geometrica Еве еден ензим невидлив. Есја е тракија за да се пресели во движење, да се продаде и да се продаде. Ес ти е модел кој е прецизен, а тоа не е доволно за да се направи нешто што не е во ред.
Доколку имаш прашања или ти се потребни повеќе информации, пополни го формуларов. Ве молиме, контактирајте го нив! За да почнете со читање на некоја дискусија, изберете го јазикот за да дознаете како да се регистрирате во детали.✔ Секој период од цивилизацијата создава уметност која е специфична во неа и која никогаш нема да го видиме прероди. Да се обиде да ги оживее принципите на уметноста од минатите векови може да доведе само до производство на мртвородени дела.✔ Нема потреба во уметноста, бидејќи уметноста е бесплатна.✔ Кошмарот на материјализмот, кој го претвори животот на универзумот во лоша, бескорисна игра, сè уште не е минато; таа држи будење душа уште во својата зафат.✔ Објектите ги оштетуваат сликите.✔ Пострашниот свет станува ... толку повеќе уметноста станува апстрактна.✔ Сликањето е громогласен судир на различни светови, со намера да се создаде нов свет во и од борбата еден со друг, нов свет кој е дело на уметноста.✔ Секоја боја живее од нејзиниот мистериозен живот.
✔ Елемент темпо Ако во генералниот модел повеќе не постои ништо, тоа не е доволно, тоа значи дека се работи за време на завршување. Двата дела, се оддалечуваат одвреме-навреме и се оддалечуваат од крива, а сето тоа се случува само со лошо влијание; е многу повеќе од мојата крива, така што повеќе не е присутно ни на темпото. Доколку не можеме да ја искористиме можноста за користење на овие молекули. Употребата на темпото не е линеарна, во вертикална претпоставка, а и на една паралела во длабочина, разновидна внатрешна корадијација. Заради тоа, во ефикасноста, во различни ситуации, во потрага по огнено озборување, времетраењето не е доволно да се игнорира содржината на содржината на линеарот и да се утврди дали е потребно.✔ Поставете ги вашите уши на музика, отворете ги очите за сликање и ... престанете да размислувате! Само запрашајте се дали работата ви овозможила да "шетате" во досега непознат свет. Ако одговорот е да, што повеќе сакате?✔ Нашата епоха е време на трагичен судир помеѓу материјата и духот и падот на чисто материјалниот поглед на светот.✔ Духот, како телото, може да се зајакне и да се развива со чести вежби. Исто како што телото, ако се занемари, станува послаб и конечно импотентен, па духот исчезнува ако не се очекува.✔ Тоа е прекрасно, кое произлегува од внатрешната потреба, која извира од душата.✔ Е убаво што произлегува од внатрешната неопходност на душата. Е убава што е внатрешно убава.✔ Имагинацијата е она што ви овозможува вашиот ум да открие.✔ Сите методи се свети ако се внатрешно неопходни. Сите методи се гревови ако тие не се оправдани со внатрешна неопходност.✔ Уна рента, и, во најмала рака, ќе се повлече, ќе се исполнат, ќе се појави наскоро, и ќе се појави како четворка: што може да се случи дома? Во моментов, кога ќе се случи тоа, ќе дојде време да се појави наскоро? не е можно да се открие поголема прецизност.Компати се потребни одговори на сите прашања: "Како да добиете парична казна и да добиете понуда? Јас не знам како да ги препознаам имигрантите.Како и да е, тоа не е доволно, не дојде време да се појави - Порталот и релативноста не се присутни и не се совршени. Нето се движи во однос на ограничувањето и еспресото во мода повеќе отколку што е формулацијата на теоријата на движење. Им се движи наспроти ограничената големина, која е голема можност за еспрезија, меѓусебно, во дефинитивен елемент, per i fini compositivi.✔ Бидејќи овие елементи се главните компоненти на составот на ригорозната соба, тие можат да се претворат во една ваква вибрација од различни елементи, да се враќаат и да се ослободат од раката, да се исчистат во внатрешноста, да се враќаат на рафинатезот репелтри. Во мода што може да се добие пократко време за да се разбере можноста за реализирање на чувствителноста. Ако не е можно да се разоткрие посебна општа призма од линијата и суперфобијата - за да се утврди дека сите состојби почесто се развиваат во домот, сите тие се изложени на супстанција квази ембрионално , наместо тоа, не може да се утврди дали се работи за природата на задачата. | fineweb-2 |
Доколку веќе навлегувате или сте во 40-тата година од животот, тоа значи дека во вашиот стил треба да внесете доза на серизозност и во исто време да си дозволите квалитетни парчиња облека.
Неквалитетните парчиња заменете ги со квалитетни. Така, не само што инвестирате во својот стил, туку и во облека која ќе трае подолго отколку евтините парчиња што досега сте ги купувале.
Четириесеттите години се време кога вистински треба да вложувате во себе, а со тоа и во квалитетен капут, кожена чанта и слично. Но, освен тоа треба да внимавате и на;
1. Крема - Инвестирајте во квалитетна ноќна крема. Така ќе имате добра хидрантност и ќе ја намалите подуеноста околу очите.
2.Фризура - Жената мора да има совршена фризура. Редовно негувајте ја и фенирајте косата на фризер или пак во домашни услови. Важно е да бидете доследни.
3.Кожени ракавици - со нив ќе изгледате поотмено, отколку со плетени. Згора на тоа, нема да морате да ги менувате толку бргу.
4. Фустан со постава - Фустан или здолниште без постава во никој случај не треба да биде ваш избор. Во спротивно ќе изгледате невкусно, вулгарно и несоодветно за годините, колку и да изгледате добро.
5. Удобни балетанки - Чевлите со високи потпетици не секогаш се удобни за да чекорите во нив долго време, особено ако сте активни. Балетанските од друга страна, се идеални за разни активности, затоа почестете се со квалитетни балетанки кои ќе можете да ги носите и неколку сезони. | fineweb-2 |
Американската компанија "Сепјс екс" денеска ја лансираше својата најголема ракета "Фалкон Хеви", која во вселената однесе 24 истражувачки сателити, но и капсула со пепелта на 150 починати луѓе.
Агенцијата АП пренесе дека ова е третиот лет на најмоќната ракета на денешницата, но прв во рамки на мисија на американското Министерството за одбрана.
Се тврди дека еден од сателитите кои "Фалкон Хеви" ги носи во вселената е опремен со атомскиот часовник на НАСА наречен "Дип спејс" кој би требало да го промени начинот на навигација низ вселената.
Американската агенција објави дека на ракетата е сместена и метална капсула со пепелта на 150 починати лица чии семејства сакаат нивните посмртни останки да почиваат во вселената.
Според основачот и извршен директор на "Спејс екс", Илон Маск, ова било нивното најтешко лансирање на ракета досега.
Тој објасни дека сателитите морало да бидат поставени во три различни орбити и дека биле потребни неколку часа за сите да бидат ослободени.
Ракетата "Фалкон Хеви" за првпат беше лансирана во февруари 2018 година.
извор: Makfax | fineweb-2 |
Густата магла која го покри главниот град предизвика проблеми во авио сообраќајот. Утринава се откажани неколку летови од Меѓународниот аеродром Скопје. Откажани се полетувањата за Виена, Загреб и Истанбул. Од скопскиот аеродром полетале само авионите до Гетеборг, Малме и Лондон. Откажани биле и слетувањата на два авиони од Виена и еден од Истанбул утрово. И вчера попладне и ноќеска поради магла и намалена видливост повеќе летови беа откажани или пренасочени кон други аеродроми. Поради магла намалена видливост од 50 – 100 метри има кај Тетово и Штип.
Синоќа во Скопје видливоста беше помала од 10 метри, густата магла која го покри градот ја зголеми концентрацијата на загадувањето на воздухот. Скопје и денеска е меѓу првите 10 најзагадени светски градови. Нивото на ПМ10 честичките во возухот е неколкупати над дозволената граница.
Позагадени од нашиот главен град се единствено градовите Лахор во Пакистан, Калкута и Делхи во Индија и Дака во Бангладеш. Мерните станици синоќа покажуваа дека ПМ-10 честичките во Скопје се многу повисоки над дозволената граница – кај Ректоратот беа измерени 228 милиграми на метар кубен ПМ-10, во Центар 176, а во Бутел 128 ПМ-10.
Реагираат и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, велат дека владата и ресорниот заменик министер за животна средина, Јани Макрадули се кријат, иако пред изборите ветуваа и го лажеа народот.
-Токму Макрадули и денес се уште го лаже народот со програми против загадувањето, но во реалноста не се случува ништо. Нема проекти, се кратат средства и ништо не се прави со аерозагадувањето кое од ден на ден е се поголемо. Парите се трошат ненаменски и без никаков ефект. Во последните три години, според Државниот завод за статистика, во Буџетот на Република Македонија се слеале околу половина милијарда евра од даноци поврзани со животната средина. Од тие средства Владата на СДСМ издвојува само 1,6 милиони евра за загадувањето на воздухот, а згора на тоа бара уште пари од донации.-изјави Маја Славева-ВМРО-ДПМНЕ.
Состојбата ни денеска не е подобра, бројките од мерните станици и денеска се загрижувачко високи, барем на оние мерни станици кои работат. Мерните станици во Лисиче и Гази Баба се надвор од функција веќе подолг период.
Освен главниот град високи ПМ честички има во Струмица, Битола, Тетово и Гостивар, а за нијанса помало загадување има во Куманово, Кичево, Кавадарци, Кочани.
Властите освен препораки годинава не преземаат никакви конкретни мерки мерки.. На проблемот со енормното загадување на воздухот се реагира само сезонски, но очигледно ваквиот пристап не дава резултати. | fineweb-2 |
Молк од Јавното обвинителство за аферата "Рекет 2". Нема одговор на прашањата на Алфа дали кривичната пријава против Директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев и првиот човек на здравството Венко Филипче заглавила низ шалтерите на обвинителство, стои во фиока, или му е доставена на рака на обвинител.
Продолжениот празничен викенд не ја ослободува службата која треба треба да стои на располагање за одговори на новинарски прашања, ама сепак оттаму остануваат недостапни.
Последниот пат кога од обвинителството се одважија и споделија информации со јавноста посочија оти кривичната се уште не го нашла патот до јавниот обвинител и не е процесуирана.
-Пријавата поднесена од Вера Иванова е пристигната во Јавното обвинителство, но не е распределена до одреден јавен обвинител. Истата ќе биде распрепределена кај обвинител кој ќе постапува во насока на проверка на наводите наведени во кривичната пријава, изјавија од Обвинителството на 22 септември.
По споделените информации оти опозициската ВМРО-ДПМНЕ има докази за криминал во однос на овој случај, претседателот на партијата, Христијан Мицкоски со предупредување.
-Ако Јавното обвинителство не е транспарентно во постапките, јавно ќе ги објавиме документите, изјави Мицкоски.
За аферата што "пукна" пред еден месец и го доби називот "Рекет 2" се изјаснија и Дончев и Филипче. За Директорот обвинувањата биле небулозни, а за министерот смешни. Но и двајцата признаа оти имале средби со шведскиот инвеститор и дека праќале предупредувачки писма до фирмата заинтересирана да инвестира во земјава, ама и до шведскиот амбасадор. Во истите македонските претставници им пишале на Швеѓаните дека против фирмата што сакаат да ја купат се води истрага. Премиерот Зоран Заев, што на некој начин застана во одбрана на Дончев и на Филипче, рече дека дојавата за истрага ја добил дирекно од Јавното обвинителство, кое инаку треба да биде независно и да не споделува информации за истраги со никого, бидејќи се тајна. Пред десетина дена пак Филипче во обид да релативизира и "да го извади премиерот" на прашање на Алфа одговори дека знаел декаобвинителството истражувало бидејќи побарало документи од Министерството за здравство.
Вера Иванова, претходна сопственичка на "Дијамед" поднесе кривична за злоупотреба на службената положба на Дончев и Филипче, според пријавата, ја оштетиле и неа ама и државата преку обид да спречат влез на странски инвеститор, а со цел да извлечат пари и за себе.
Сања Трајковска Ставров | fineweb-2 |
- Член од
- 26 октомври 2012
- Мислења
- 2.494
- Поени од реакции
- 3.323
Напрајте програма 1 ден џез друг ден блуз , па поп , рап итн ,иначе нема да го слушам ич
Друже, НЕ ГИ СТРИМАМЕ СО НИКАКВИ ПОДЕСУВАЊА.Абе не зезај,на шо да намалам ја treble.И ја Raw ги слушам директно на сараунд.
Види таму ако имате еквилајзер нешто такви подесувања мора да има treble.
Тебе те чекав на темава! И твоите трансоиниКонечно!
Сега уште некој од модераторите на музика да се нафати да направи шема/распоред со програма, да се средат пријавите, термините и се тоа. | fineweb-2 |
Два астероиди со големина на облакодер денеска попладне ќе пролетаат покрај нашата планета, пренесува британскиот весник "The sun", повикувајќи се на информираат од американската Агенција за вселенски истражувања, НАСА.
Инаку, како што објаснуваат од Агенцијата за вселенски истаржувања, евентуален удар на астероид со вакви димензии нема да има посериозно влијание врз состојбите и животот на Земјата. Сериозно би можело да биде само ако се случи судир со небесно тело со пречник од 1.000 метри, велат од НАСА, додавајќи дека според нивните телескопи, таква опасност нема ниту во следните стотина годни. | fineweb-2 |
Џанлуиџи Буфон и покрај тоа што има 41 година нема намера да ја заврши кариерата и за неговите услуги во овој преоден рок владее голем интерес.
Буфон неодамна потврди дека има повеќе понуди.
"Станува збор за големи клубови и добри понуди. Наскоро ќе донесам одлука каде ќе ја продолжам кариерата и ќе објавам", изјави Буфон.
Неговиот агент Силвано Мартина беше по конкретен:
"Порто не контактираше и морам да признаам дека тоа е дестинација која е многу интересна за нас. Ако премине во Порто таму ќе го замени Икер Касиљас, неговиот голем пријател и уште една голманска легенда", изјави агентот на голманот.
"Скај Италија" наведува дека понуда за Буфон испратила и Аталанта која е примамлива дестинација поради играњето во Лигата на шампионите.
"Газета дело Спорт" пак открива и изгледа опција Буфон да се врати во Парма клубот во кој дебитираше во 1995 година и од кој си замина пред 18 години.
Името на Буфон се поврзуваше и со тимот на нашиот Алиоски, англиски Лидс.
На крајот во игра, но со најмали шанси е и бразилскиот Палмеирас кој е рекордер по освоените титули во бразилското првенство. Наводно, Буфон е голема желба на новиот претседател на тој клуб Марио Битенкурт. | fineweb-2 |
"Се заложивме за потесна соработка. Балканскиот регион имаше позитивни движења. Посветеност на сите за мир и безбедност во регионот. На следниот самит домаќин ќе биде Словенија и верувам со присуство на Гутереш, кого решивме да го поканиме. Би сакал да го изразам своето задоволство, не само за учеството и конструктивните пораки, туку и да изразам убедување дека присуството на претседателот на Полска и претседателите на двете земји-основачи е многу важно за заклучоците од овој самит да се слушне уште повеќе во деновите и неделите кои доаѓаат во земјите-членки на ЕУ", изјави Мета.
Тој додаде дека ги поттикнуваат Косово и Србија да постигнат спроведлив договор.
"Сите ние би сакале тој дијалог меѓу Србија и Косово да завршеше вчера, а не денеска или утре. Ние ги охрабривме двете страни да се фокусираат на спроведлив и правно обврзувачки договор што е можно поскоро со посредство на Европската комисија", рече Мета.
Во врска со присуството на претседателот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, Мета кажа дека тој уредно бил поканет и е добредојден.
Шефот на полската држава, Анджеј Дуда, кој присуствуваше како специјален гостин, истакна дека "ЕУ треба да ја остави вратата отворена за нови членки".
Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ му се заблагодари на Мета за добро организираната средба и гостопримството, нагласувајќи ја поддршката за Албанија и за Македонија за членство во ЕУ.
"Хрватска ќе го поддржи отворањето на преговорите за Северна Македонија и Албанија. Ние сакаме визна либерализација за Косово. Ние поддржуваме процес врз основа на заслуги и секоја земја треба да ги прави потребните чекори. Се плашам од сегашната ситуација, бидејќи создаваме вакуум за Балканот и сметам дека тој треба да се пополни. Хрватска ќе го преземе претседавањето во средината на 2020 година и за време на нашето претседателство ќе настојуваме Југоисточна Европа да ја внесеме во агендата. За танго се потребни двајца. Ќе ве поддржиме, но вие мора да преземете неопходни чекори", рече Китаровиќ.
Најавено е дека ќе бидат објавени заклучоците донесени на денешната средба.
МИА | fineweb-2 |
- 420k
- 1k
- 870
Најдоброто нешто што можете да направите за да се задржи здрава коса е останете хидрирани! Иако косата не е направен од живи клетки, расте од нашите многу живеат фоликулите! ги хранат од внатре. Некои извори велат дека треба да пиете осум чаши вода на ден, додека други сметаат дека за пиење половина тежина во унци! Без разлика на обемот, пијат! Ќе забележите вашата коса е moisturized, скалпот не е како сува или воспалена и дури и ќе имаат појасна, посветла кожа! Не го прекинувајте кога оваа недела е повеќе - тоа навика за целокупното здравје коса направи.
Повеќе: 11 храна за здрава коса
Кадрици во потрага досадна или droopy? Вашата коса можеби ќе треба само добра разјаснување миење да се отстрани тешки производ израстоци. Ако редовно користат многу гел, мус, серум или Globs регенератор за да стил косата, вашиот кадрици веројатно се претрупани. За прифатлива природни решение, обидете јаболков оцет за плакнење на. Тоа може да се најде на повеќето супермаркети за околу 3 €!
Повеќе: Појаснување Шампони
Висока киселост јаболков оцет е, исто така, ќе се утврдат на живец и да ви даде неверојатен сјај! На продавница купи опции, користете разјаснување шампон како Откачен Кадрава се чисти или Elucence Том разјаснување шампон. Појаснување може да биде суров за коса - па го користам само за итни случаи!
А здрав скалп расте здрава коса, па се третираат на стимулирање на масажа на скалпот.
Маслата и масажа ќе добиете крв тече на вашиот фоликулите и да се промовира раст.
Повеќе: 3 природни масла кои ќе се трансформира во вашата коса
Вашата коса е исчистен, скалпот е стимулирана, а сега треба да се донесе на влага назад во вашиот жеден кадрици! Препорачуваме длабоко уред за најмалку 15 минути со топлина. Slather вашите омилени длабоко уред (или да направите свој) на влажна коса.
Повеќе: Длабоко климатизери
Нашите планови може да се добие бурните, и detangling нашата коса последното нешто што на нашите умови и to-do листи. Одложување на седницата detangling прави повеќе штета отколку добро на долг рок - недели во вредност од лабава коса барака е заробена во вашиот кадрици. Фрли на косата може да се заврши околу вашиот насоки и да предизвика сите видови на tangles.
Задржуваме подолго време во вашиот вечер за вредни detangling сесија. Ти го заслужи тоа! Slather на лизгав уред и да ја стартувате со широк-заби чешел низ косата од краевите се движат нагоре на должината на вашата коса во коренот.
Повеќе: Detanglers коса
Бонус: Користете мазнење четка потоа на удар вашиот кадрици и серпентини. Ова ќе се изедначи надолу живец, зголемување сјај и дефинирање на вашиот природен навивам шема. Не frizz и сите отскокнување!
Понекогаш најдоброто нешто што може да направи за нашата витка е да им даде на опременост или сече! Не износот на чистење, detangling и уред може да го вратите Сплит завршува.
Повеќе: Совети за потсекување кадрава коса
Кога ќе се вратите на пресврти, на крајот навивам наместо протриване надвор. Опуштањето на Сплит завршува ќе се зголеми на здравјето на вашата коса, бидејќи да се избегне поделба патуваат понатаму до влакно на косата. Запомнете: косата расте назад!
Чувствувате авантуристички? Обидете сечење слоеви во вашата коса. Ако мислите дека вашиот кадрици се премногу долги или droopy, слоеви може да додадете димензија и форма.
Сте хидрирани телото за еден ден, но сега е време да се хидрат на површината на косата. Вода е најдобар крем! Мислам на се друго како додадена коса третираат. Неколку работи всушност потоне во косата вратило, па spritz кадрици со вода и печат со лесна нафта или Ни помадата. Ова го заклучи во влага за долгорочно мекост и управливост.
Повеќе: 3 Совети за Хидратантна природна коса | fineweb-2 |
Желбата на некои организации да го носат ореолот на една единствена, која ги претставува сите во дијаспората, едноставно е невозможна и не може да биде тоа, во ситуација кога во дијаспората низ целиот свет има над 80 организации, кои ги претставуваат интересите на граѓаните по потекло од Република Македонија, се вели во соопштението од Кабинетот на министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми.
Оттаму информираат дека живееме во 21 век, во демократско време, време на плурализам и различности и никој, како што се наведува во соопштението, не може да ја монополизира вистината, и никој не може да ја монополизира дијаспората.
– Дијаспората како категорија на граѓани кои живеат и работат надвор од Република Македонија е комплексна и динамична! Не е така едноставна, како што некои организации сакаат да ја претставуваат. | fineweb-2 |
Fengshun група е голем намалени претпријатие група интегрирање на индустријата на градежни и декорација инженеринг, нови материјали, песна сообраќај, електроника, медицински помагала, итн Како јадро на претпријатието на групата, Jiangsu Fengshun нов материјал технологија копродукции, Ltd е лоцирана во Changzhou, централната зона на Yangtze делтата - најдинамичните област во Кина, и Wuxi Националната туристичка и одморалиште е на исток. Со соседните железнички, аеродромот. порт и автопат, има значајна географска предност. Фирмата специјализира во такви производи, како саќе панел, corrugation панел, алуминиумски панел, алуминиум пластика панел, алуминиумски легури таванот панел, итн Поради тоа, компанијата е интегрирано претпријатие извршуваат бизнис во проектирање, производство, како и инсталација. Нашите производи се одржи на повисоко учество во домашниот пазар и тие се продаваат во странство. Компанијата има положено ISO9001, ISO14001 и OHSAS18001 сертификација систем. Во 2008 година, тој бил награден како договор-почитување и вера-чување на претпријатието од страна на Jiangsu Провинцискиот народна влада.
Ако ви треба индустриски решение ... Ние сме достапни за вас
Ние обезбеди иновативни решенија за одржлив напредок. Нашиот професионален тим работи на тоа да се зголеми ефикасноста на продуктивноста и трошоците на пазарот | fineweb-2 |
Имунитетот е способност на организмот да дава отпор на болести со идентификација и уништување на туѓи супстанци или организми.
Еве еден рецепт за да го зголемите имунитетот на организмот.
РЕЦЕПТ
Се земаат два корена ѓумбир ( околу 300 грама ) и 1 кило мед. Ѓумбирот се лупи и се сече на скроз мали парчиња и заедно со медот се ставаат во блендер за да се добие кашеста маса.
Секое сабајле се јаде по една лажичка од кашата, а може да се додаде и во чај. | fineweb-2 |
Директорката на Упрвата за јавни приходи, Сања Лукаревска денеска на прес-конференција оцени дека мерката "Мој ДДВ" ги дава резултатите за целите за кои е воведена – влијае на намалување на сивата економија и враќа пари на граѓаните.
Лукаревска рече дека заклучно со 19 септември скенирани се 19,905,878 фискални сметки, остварен е промет од 10,073,372,640 денари, вкупниот ДДВ изнесува 1,093,180,972 денари, додека повратот на 15 проценти од платениот ДДВ изнесува 163,977,146 денари или 2.666.000 евра.
-Само во првите месеци од воведувањето на МојДДВ, јули и август, наплатата на ДДВ е зголемена за 10 проценти во однос на минатата година. Податоците говорат и дека вкупната наплата на даноци од година во година расте. За илустрација, наплатата на вкупниот даночен приход во 2019 година заклучно со август изнесува 53,4 милијарди денари што е за 9,2 милијарди денари повеќе , односно за 20.08 отсто повисока во однос на истиот период во 2015 -та година, рече Лукаревска.
Таа истакна дека повратот на ДДВ кон фирмите се врши редовно и неселективно кон секој даночен обврзник, така што во 2019 заклучно со август извршен е поврат за 49.7 отсто повисок во однос на 2016 година.
Годинава во стопанството се инјектирани 17 милијарди ,43 милиони денари (17,042,453,348), додека во 2016 година во истиот период, повратот изнесувал 11 милијарди 906 милиони денари (11,905,621,064). Во изминатиот период УЈП разви и Модул за автоматски поврат на ДДВ кон фирмите и пребивање на претплата на даноци кон сите даночни обврзници преку којшто целосно се намалува можноста од субјективност во постапката", рече Лукаревска.
За граѓаните, додаде Лукаревска, овозможени се едноставни и лесни процедури при пријавувањето на Годишни даночни пријави преку воведувањето на електронскиот систем е-ПДД.
-Оваа година Управата за јавни приходи за прв пат ги изготви Годишните даночни пријави на граѓаните кои се регистрирани на системот е-Персонален данок. Со оваа реформа граѓаните се ослободени од административните процедури и долгото чекање на шалтери, а исто така имаат увид во своите приливи, платени или неплатени придонеси како и можност за коригирање на податоците од дома. Преку овој електронски систем веќе од 1 Јануари 2018 -та исплатувачите на приходите до Управата за јавни приходи доставуваат пресметки на аконтации на данокот на доход, коишто треба да ги платат при исплата на приходите на граѓаните. Со овој процес се олесни и се скрати постапката за пресметка и се елиминира можноста за настанување на грешки при уплата на данокот и можноста за појава на непрокнижени или погрешно прокнижени уплати на данокот, додаде Лукаревска.
Таа го спомена и укинувањето на радиодифузната такса којашто, како што рече, претставувала несоодветен административен товар на Управата за јавни приходи и трошок на граѓаните. Лукаревска зборуваше и за прогресивниот данок што ги опфаќа најдоходовните еден процент од населението во земјава. | fineweb-2 |
Бизнисменот Зоран Азманов оцени дека аферата "Рекет" преставува "несреќен случај", во кој шоуменот и директор на телевиијата 1ТВ, Бојан Јовановски, попознат како Боки 13-ка, се обидел да ја искористи моќта на медиумот, да уценува и изнудува пари.
Претприемачот во секторт на недвижнини Азманов во петоко во Обвинителството за гонење организиран криминал во го дополни својот исказ и потврди дека Јовановски му се заканувал со објавување документи од Специјалното јавно обвинителство и Финансовата полиција. Азманов го обвинуваше Боки дека му барал "рекет" од 50.000 евра за стопирање на емисијата "Инсајдер".
Според него Бојан Јовановски познат како Боки 13 се обидел да ја искористи моќта на медиумот, да уценува и изнудува пари.
– Најавата на таа емисија беше безобрана, без да ти дадат право да кажеш ни еден збор во одбрана. Во телефонски разговор (со Боки 13) го прашав од каде имаш ти право да правиш таква емисија и од каде имаш сознанија дека јас сум градежната мафија, а немам ниту еден бизнис со државата, тој ми рече да не се секирам затоа што имал информации од Финансовата полиција и од СЈО, ги имал сите документи и немал потреба ништо да истражува – изјави Азманов.
Претходно по два и пол часа заврши распотот на Агапи Дика, претседателката на собранието на невладината организација Меѓународен сојуз основан од Јовановски, преку чијашто сметка според досега достапните информации од околу десетина македонски бизнисмени биле изнудувани повеќемилионски суми во евра, со ветувања дека ќе имаат разни олеснувања во истраги против нив. Таа кусо изјави дека не знае каде заврушувале енормните износи, иако била потписник на договорот со битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски за наводна изградба на старечки домови. | fineweb-2 |
Осмата генерација на Golf ќе дебитира на 24-ти откомври, а Volkswagen ги откри официјалните скици.
Врз нивна основа очекуваме подинамичен Golf од претходникот со традиционалните линии.
Новиот "Golf" од претходникот пред сѐ се разликува во внатрешноста, каде минималниот број на физички копчиња во главно е заменет со контроли на екранот чувствителен на допир.
Под мултимедијалниот систем кој се спојува со контролната табла на која продолжува уште еден панел на допир, се наоѓаат низа контроли чувствителни на допир за клима уредот.
"Golf" благо пораснал, а благодарение на унапредената MQB платформа добил и поголем патнички и багажен простор. | fineweb-2 |
Директорот на "Гранд продукција" откри дека сите кандидати на почетокот се плашат од него, а кога ќе станат популарни мислат дека можат со него да се однесуваат како ќе посакат.
Поповиќ ја најави 14тата сезона на музичкото шоу која започнува оваа сабота на "Канал 5 телевизија" во Македонија.
Освен за новата сезона на регионалното музичко шоу, Поповиќ проговори и за тоа дека некои пејачи ги понела славата и парите, но многу бргу се спуштаат на земја кога кариерата нема да им тргне.
"На аудицијата и во првата емисија се тресат, па велат: "Леле, чичко Саша, леле директоре", а по две години кога ќе станат ѕвезди ми велат: "Еј директоре, ти можеш ли ова, она..". Има деца кои останат како да се појавиле првпат. Се гледа нивното воспитување, но многу од нив и се менуваат, не се децата кои беа.Се освестуваат кога ќе видат дека нивната кариера оди низ брдо, тогаш им се враќа воспитувањето и односот кон продукцијата, да тогаш дајте тезга, реклама. Па јас ги прашувам: "Зошто беше таков", а тие одговараат: "Се случува", изјави Поповиќ во "Утринска" на Прва српска телевиизја.
За потсетување, во новата сезона останува истото жири, а во секоја емисија ќе има член на жири кој ќе биде гост, но може и да одбере некој кандидат и да му биде ментор. | fineweb-2 |
Да напишеш нешто за битолчанките на ден пред 8-ми март, ми дојде како особено тешка задача, кога ми напиша порака основачот на сајтот Битола бабам Битола, кој е мој драг пријател. Тој ме замоли да напишам нешто за жените на овој град, со малку претење: "…Е овој пат, нема каде да бегаш ".
Зошто лани, вешто го избегнав. Такви сме ние битолчанките. Умееме итро да се извлечеме.
Фото А.Јонациќ
Прво, затоа што 8 март најчесто сурово критички го коментирам и не сакам тука со овој текст да влегувам во било каква дубиоза, дали со денот на жената, жените добија или изгубија повеќе. Па ете, таа тема ќе оставам за друг пат.
А за битолчанките пак, веројатно ќе бидам субјективна, од причини што не само што сум родена во Битола, што би рекол татко ми – родена наспроти ОУ Гоце Делчев во срцето на градот, туку генерации мои наназад и по линија на мајка ми и татко ми се родиле и живееле во овој град, па имам право да кажам дека паметни и убави жени имало и ќе има во Битола. По мене, постојат битолчанки кои го запирале времето и некогаш, па и денес. Ретки се, но ги има.
Од моите игри со сестра ми пред салонското огромно огледало порабено со седеф кај нашата баба, носејќи го фустанот од свадбата на другата ни баба, а двете баби биле другарки од детство, направен од чиста свила за која татко и, мојот прадедо нарачал од странство свилени буби кои ги одгледувал, до натегањето кој ќе го стави на себе турбанот од прабабата со брош со некои темно црвени камења, симнувајќи ги тешките завеси без никој да не види и вртејќи ги околу себе како наметка од брокат која треба да се влечка. Сакале или не, да ти тече битолска крв во вените, да го живееш животот на старата градска традиција и во новото време, веројатно е чувство на припадност, па и гордост. Затоа, не се лутете на мојата субјективност.
Фото А.Јонациќ
За битолчанки се пишувало многу. Опеани во песни, низ љубовни писма и мемоари… Од оние наши предци кои ги носеле фустаните и шапките набавени од Париз и Виена или пак од Стамбол град, под чии прозори пееле серенади или тајно по соседски линии се праќале љубовни пораки, преку нашите мајки кои ги слушале Пол Анка и Битлси и пиеле пунч облечени во весели дезени, стегнати во струкот со жипони, а на нозете со балетанки, со коса подигната во предизвикувачки коњски реп, сурово "прекинувајќи" ги удварачите со отсечен поглед, а заљубено гледајќи ги во првите автомобили низ битолските улици во тоа време или на веспи на кои битолските шизици се фотографирале со своите часовници, по некогашната Маршал Тито.
Битолчанките важат за убави жени и навистина се убави и со надворешна, но и внатрешна убавина, жени кои го запирале времето и суверено владееле по градските штрафти. Надворешно можеби надмени и ладни, но во себе вистинска мистерија. Нивната појава и колку да звучи претенциозно ги засенувала другите жени. Битолчанка… Тоа ми звучи како Елени од сторијата со Ататурк или како некоја јунакиња од романите на Владимир Костов. А тоа не е мој фазон. Не затоа што не верувам во легендата за Елени и Кемал или затоа што не го сакам Костов, кој патем беше професор по македонски јазик на мојот татко и низ чија домашна библиотека како дете имав право да разгледувам книги, зошто релацијата омилен ученик и професор им останала за век. Напротив, ги сакам и легендите и фактите за Битола и за битолчанките. И во тие раскажувања просто сум доживувала мигови во кои како да ми се обраќале мене. Но, овде не станува збор за книгите и за битолчанките во книгите, туку во тоа некакво доживување на мојот град. И да, тука веднаш се бунам, колкумина го нарекувале градот свој, му пееле, го славеле, а од него направиле токсична фабрика на лицемерие, омраза, бахатост, некултура, па и злоба. Но, нема да одам со мрачни теми на мрачната минатосегашност.
Фото А.Јонациќ
Ќе се согласите дека градот го прават луѓето. За жал многу битолчани го напуштиле, па дојдоа нови жители на кои само им препорачувам да го сакаат градот кој го избрале за свој. А Битола ќе ги научи да станат битолчани, освен ако тие тоа не го сакаат. За себеси ќе кажам дека сум мохикански настроена битолчанка, доволно самосвесна да дишам со полни гради во градот кој го губи својот сјај низ годините, а и доволно луцидна да верувам во некое ново градско руво кое можеби во еден миг во иднина повторно ќе мора да засјае, некако.
Имам пријателки кои не се родени во Битола, а живеат тука и со нив често зборуваме на тема, која е потрагата по себеси и по другите, давајќи осврт на тој битолски грув. Перспективите ни се различни, но пулсот е сличен. Јас како битолчанка сакам да ги славам тие споеви на луѓе со добриот дух на овој град во чија суштина, ако добро ја познавате Битола лежи спонтаност и искреност без осудувања. Мака ми е од исклучивости, од табори, од партиски другарчиња и од квази локалпатриотизам. Верувам во оние кои Битола ја сакаат пошироко и подлабоко. Во невидливите нитки кои ги врзуваат луѓето на еден ваков микротопоним. За оние кои имаат комплекс што не се од Битола. Но, и за оние кои се згрозуваат како другите им го фатиле местото.
За мене денес битолчанката е жена со ментална состојба на личност која сака да живее во освестен град. Жена која не се оптеретува со минатото, самозаљубено во тоа што е битолчанка, туку и е важно кон што тежнее, што сака, кого го сака и како го сака? Жена која е исто толку отворена за ново, колку што сака да го чува споменот на старото од традициите, но тоа да не биде стереотип кој ја гуши. Битолчанката има вистинска љубов кон фасадите, па макар и трошни, кон кучињата скитници, таа знае да почести со пијалок непознати туристи, таа сака да биде назависна и си го брани своето Јас. Таа е жена во чиј дом има детал кој го има и некоја нејзина двојничка од Стокхолм или Лондон, иако Битола е концептуално оддалечена од тие градови. Но, во тоа е финтата. Мојот град е така градски и концептуално оддалечен. Зошто мојот град во моите очи е Голем Град. Зошто има повремено засјајување на некои ѕвезди како што се уметниците кои останале да живеат во Битола, какви што се учесниците во критичната маса Битола на точак, скејтерите кои навечер се возат пред театарот, цртачите на графити, како што е Јагода, некогаш слаткарница на крајот од Широк Сокак, а денес нашата локација на која одиш сам и наоѓаш не неколку, туку многу свои луѓе. Многу битолчанки, Битола ја побарале во Штутгарт, Чикаго, Мелбурн и Копенхаген. Две мои најдобри другарки се во Њујорк и Љубљана. Ќерка ми е во Лондон, сестра ми е во Лос Анџелес. Некои отидоа да најдат работа, некои да се школуваат, а некои да побараат и љубов. Битола по тоа прашање им се затвори. На многумина им се затвори, на некои одамна, на некои неодамна. Па затоа ги спакуваа пасошите на кои им пишува дека се битолчанки и заминаа подалеку, многу далеку за Битола ретко да ја гледаат. А Битола е навистина убава кога и се враќаш, со сите нејзини доблести и маани.
Драги мои битолчанки, можеме ли да бидеме една на друга поддршка?
Да бидеме она што сме?
И да бидеме подобри од она што сме?
Да даваме и да добиваме.
Да сочувствуваме.
Да погледнеме во очите на другите. Со благ и неосудувачки поглед.
Да се смееме.
Со насмевките да разоружуваме. Многу намуртени сте ле во последно време.
Да се цениме.
Да се восхитуваме една на друга.
Да го гаснеме вулканот на љубомората и озборувањето кое за жал Ви стана секојдневие.
Нема Први и Втори. Сите сме битолчанки. Тоа не смееме да го заборавиме.
Да победуваме на личен план.
Постојано да учиме.
Да критикуваме со стил. Духовито и проникнувачки.
Да се даваме себеси во она во што веруваме. Да веруваме.
Да се храбриме. Да пружаме рака. Да бидеме топли.
Да стоиме исправени и горди.
Да не се плашиме.
Гласно да кажеме.
Да не трпиме.
Да гледаме во небото и во облаците секојдневно.
Да му пркосиме на гравитацијата.
Да левитираме.
Да сакаме секогаш и силно.
Да бидеме жени. А не кукли.
Да бидеме битолчанки.
Љубица Ангелкова, новинар | fineweb-2 |
Управниот одбор на ЗНМ не гледа ништо спорно во тоа што сопругата на еден од членовите, Мишко Иванов доби партиска функција во СДСМ. Иако ова прашање, како што неофицијално дознаваме, отворило широка дебата помеѓу членовите, создало и незадоволство кај оние кои не се дел од Управниот одбор. Но од ЗНМ децидно одговараат дека формално нема конфликт на интереси.
"ЗНМ во континуитет е организација која критички ги опсервира процесите во општеството кон оваа и претходната влада и ќе продолжи да работи во таа насока. Сметаме дека изборот на брачниот партнер на новинарот Иванов, Татјана Стојановска во дел од телата на СДСМ на ниеден начин нема да влијае во работењето на ЗНМ" – велат за 1ТВ.
Сепак, оттаму не беа во можност пред нашата камера да одговорат на дополнителни прашања за спрегата која се јавува помеѓу новинарското здружение и владеачката партија, особено ако се земе предвид фактот дека токму ЗНМ како глас на новинарите учествува во креирањето на законите кои ја регулираат новинарската професија. Критиките кон ова во јавноста беа многубројни, а дел се однесуваа токму на пасивната реакција.
Критики имаше и во таборот на СДСМ по изборот на новите лица во Извршниот одбор. Една од партиските членови, незадоволна од составот прашува:
"Немаме квалитетен кадар во СДСМ, па затоа позајмуваме од ДПМНЕ и ГРОМ!?" – алудирајќи на тоа дека Татјана Иванова добива раководна партиска функција, иако во 2013 беше во Извршниот одбор на ГРОМ – партијата на Стевчо Јакимовски, која коалицираше со ВМРО- ДПМНЕ.
Христијан Баневски
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми. | fineweb-2 |
|ЅугариЉа Ља прифаЭа одговорноста за погромот на ≈вреите од ћакедониЉа во 1943 година, кога во нацистичките концентрациони логори во смрт беа испратени повеЭе од 11.000 луГе. ќвоЉ став го соопштил бугарскиот претседател √еорги ѕрванов при неодамнешната посета на »зраел, а го пренесе влиЉателниот израелски весник Д'арецУ. ѕрванов е прв бугарски државен функционер коЉ Љавно Ља признава вината на неговата земЉа за учество во систематското уништуваЬе на ≈вреите во ¬тората светска воЉна, организирано од нацистичкиот режим во √ерманиЉа и од неЉзините соЉузници. ога оправдано се гордееме со тоа што сме го сториле за да ги спасиме ≈вреите, не забораваме дека во исто време во ЅугариЉа постоел и антисемитски режим и не Ља намалуваме нашата одговорност за судбината на повеЭе од 11.000 ≈вреи што беа депортирани од "ракиЉа и од ћакедониЉа во логорите на смртта - изЉавил ѕрванов на средбата со израелскиот претседател Ўимон ѕерес, при посетата на »зраел од 24 до 27 март годинава.¬есникот Д'арецУ наведува дека тие 11.000 ≈вреи биле жители на "ракиЉа во √рциЉа и на ћакедониЉа во £угославиЉа, области припоени кон ЅугариЉа во април 1941 година. ¬о текстот под наслов ДЅугариЉа Ља прифати вината за 11.000 жртви на холокаустотУ пишува дека нацистичка √ерманиЉа му ги подарила овие територии на балканското царство како знак на благодарност за неговата соработка. ДЅугарската полициЉа, коЉа деЉствувала под нацистички наредби, ги уапсила ≈вреите во анектираните територии и ги депортирала во "реблинка во 1943 година. ¬о исто време, Ѕугарската црква и политичките лидери спасиле 48.000 ≈вреи што живееле во ЅугариЉа, иако нацистите побарале и тие да бидат депортирани. ÷арот Ѕорис "рети се согласил со бараЬата на нацистите, но бил изложен на притисок од Љавните личности и не ги спровел. ѕо падот на комунистичкиот режим во 90-тите години на минатиот век, бугарските лидери што го посетиле »зраел одбивале да Ља преземат одговорноста на злосторствата. ѕрванов, член на —оциЉалистичката партиЉа, е првиот што го стори тоаУ, пишува Д'арецУ.¬иктор ћизрахи, поранешен претседател на ≈вреЉската заедница во ћакедониЉа, вчера го поздрави прифаЭаЬето на одговорноста од страна на бугарскиот претседател.- «а првпат бугарски државен функционер го признава тоа што го направиле бугарските фашистички сили. "оЉ докажува дека е модерен државник коЉ не се плаши да Ља искаже историската вистина. ƒали ова Эе значи дека ЅугариЉа Эе оддаде почит пред скопскиот ћонопол, каде што бил собирниот центар од коЉ биле транспортирани ≈вреите, или дека Эе биде повлечена одлуката на бугарскиот ¬рховен суд од 1996 година за рехабилитациЉа на директните виновници за холокаустот - тогашниот бугарски премиер Ѕогдан 'илов, министерот за внатрешни работи √абровски и уште 40 други злосторници осудени во 1945 година - вели ћизрахи."оЉ верува дека сево ова Эе помогне во постапката во коЉа ≈вреЉската заедница од ћакедониЉа побарува од ЅугариЉа околу 16,5 милиони долари отштета за имотот што бугарските фашисти го заплениле од ≈вреите. | fineweb-2 |
Сашо Василевски, околу кој деновиве се развива случајот со станот што го купил од фирма која е под истрага на СЈО, минатата недела беше разрешен од директорската позиција во МЕПСО, по препорака на Владата до надзорниот одбор на компанијата. МЕПСО беше можеби единственото акционерско друштво во државна сопственост во кое, во текот на "чистката" на третиот ешалон на власта, е разрешен и целиот управен одбор.
На завчерашната седница на Владата, пак, кога повторно се најдоа на дневен ред кадровски прашања, поточно пополнување на испразнетите функционерски места во третиот ешалон, изостана препорака за именување нови членови на УО на МЕПСО од чии редови треба да биде и новиот прв човек на компанијата. Затоа, пак, медиумите објавија дека новинарот и директор на неделникот "Капитал", Љупчо Зиков, две години подоцна, е предложен повторно за директор за финансии во ова АД. Овој пат се очекува тој да ја прифати понудата, што ја одби во август 2017 година (набрзо по смената на власта), кога заедно со Василевски беа "номинирани" за генерален директор и за директор за финансии. Тогаш, оваа вест предизвика многу реакции во јавноста, а особено во кругови на СДСМ затоа што Василевски своевремено беше кадар на НСДП, во периодот на коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ, по што се "одметна" и важеше за човек од доверба на претходната владејачка гарнитура. За Зиков, пак, како спорно се спомнуваше тоа што едно време беше на чело на сега веќе неактивната Алијанса за подобра Македонија – партијата што ја формираше со бизнисменот Минчо Јорданов и со поранешниот премиер Владо Бучковски, по неговото исклучување од СДСМ.
Сега Василевски заминува од челната позиција во МЕПСО, додека Зиков, кој тогаш се откажа од директорската позиција, влегува во раководството на компанијата. Неговото име е едно од попознатите меѓу идните директори, иако не се најде на подолгиот список на нови именувања на последната владина седница, со оглед на тоа што процедурата за избор на раководни места во МЕПСО оди преку управните органи на компанијата.
Владата во средата донела одлуки за именување на четириесетина нови директори и членови на управни и на надзорни одбори и за неколку разрешувања, за разлика од минатата седмица кога од функциите беа разрешени близу 70 раководители. Меѓу новите функционери нема многу познати имиња, а првиот впечаток е дека овој пат им е дадена предност на кадри од помалите партии што се во коалиција со СДСМ. Своевидно изненадување е именувањето на Ване Цветанов, некогашен директор на Агенцијата за спречување перење пари (сега Управа за финансиско разузнавање), кој своевремено дојде во судир со претходната владејачка гарнитура, а потоа беше опфатен со случајот "Шпион". Цветанов е именуван за в.д. претседател на Совет за унапредување и надзор на ревизијата. Од таа функција минатата седмица беше разрешен Премтим Исени.
В.д. директор доби и Државниот архив. По разрешувањето на Кирил Петров, за директор е именуван Емил Крстевски од редовите на ДОМ, поранешен новинар и советник во Собранието. Арбен Вила е поставен за в.д. директор на Агенција за странски инвестиции, а Пајазит Лика за в.д. заменик-директор на Дирекција за технолошки индустриски развојни зони, додека Армир Садики доаѓа за в.д. директор на Бирото за јавни набавки. На овие функции претходно беа Вулнет Адеми, Асип Усеини и Бардул Насифи. Исто така, на последната владина седница, Милутин Станиќ е разрешен од директор на Управа за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, а на негово место е именувана Славица Тодорова.
Во соопштението од владината седница нема образложенија за новите именувања ниту податоци за квалификациите на именуваните функционери: Минатата недела, пак, премиерот Зоран Заев на прес-конференција објави дека се менуваат неколку десетици функционери во рамки на кадровските промени што тој ги најави кон крајот на април годинава, односно меѓу двата круга од претседателските избори. Разрешувањата во третиот ешалон, всушност, беа втора етапа од т.н. "метла" – по "проветрувањето" на Владата. Образложението на премиерот за разрешувањата на директорите, на двегодишнината од формирањето на оваа влада, беше дека некои од причините за смената на функционерите се: нереализација на капитални инвестиции, блокирање на процеси, замерки од меѓународните институции за одредени процеси, недоволната транспарентност или недоволното почитување на заклучоците и упатства на Владата, некогаш послабиот менаџмент за финансиско стабилизирање и зајакнување на институциите. | fineweb-2 |
Капитенот шеф Бобан Билбиловски и шеф Игор Атанасов освоија четири бронзени медали на 5-от меѓународен гастрономски фестивал "Босански дукат – Вкусовите на Херцеговина" 2016 кој од 23-26 ноември се одржа во градот Широки Бријег. Готвачите на Гастро Мак учествуваа во категориите подготовка на национално јадење на модерен начин и во категоријата подготовка на риба и десерт.
Под менторство на тимот на Гастро Мак, професорката Сузана Лековска и директорот Александар Бачевски на овој меѓународен натпревар учествуваше и тимот на ученици од Средното стручно училиште "Моша Пијаде" од Тетово. Учениците кои во најдобро светло го презентираа своето училиште се Николина Крстевска, Бране Јовановски и Стефан Столески. Тие се натпреваруваа во јуниорска категорија.
Во силната конкуренција на млади колеги од целиот регион, ученикот Бране Јовановски го освои сребрениот медал во категоријата подготвување на јадење од риба, а, учениците Николина и Стефан ги добија дипломите за покажаното знаење и вештини. Ова е извонреден личен успех и успех со кој се гордеат менторите, професорите, директорот, сите ученици на Средното стручно училиште "Моша Пијаде" од Тетово и ние повозрасните колеги од Здружението на готвачи ГАСТРО МАК.
Учеството на тимот на ГАСТРО МАК и поканата до учениците од Тетово да ни се придружат во представувањето на Република Македонија на меѓународниот гастрономски фестивал "Босански дукат – Вкусовите на Херцеговина" е уште една успешна приказна во остварувањето на програмските цели на Здружението да даваме сопствен придонес во промоцијата на нашата земја како туристичка дестинација со богата гастрономска понуда по која сме препознатливи во светот. Личните контакти и можноста да се разменат искуства со колегите готвачи од целиот регион се уште една исползувана прилика на овие млади луѓе за збогатување на нивните знаења со цел унапредување на професионалните стандарди во готварската професија во Република Македонија. | fineweb-2 |
Утре, на Фестивалот пристига специјалната гостинка на Охридски филмски фестивал, Астрид Ветнал, со филмот "Пат за Истанбул" на Рашид Бушаред
Од денеска, (понеделник, 13 јуни) Фестивалот покрај редовната програма ќе продолжи со прикажување на кратката програма чиј избор го направи филмскиот критичар Влатко Галевски. На Фестивалот ќе бидат прикажани 44 кратки филма меѓу кои се пет македонски. Кратките филмови ќе се прикажуваат на Охридската филмска школа – ФИОФА со почеток од 13 часот денеска, во вторник и во среда, во три блока што ќе траат по два часа.
Програмата започнува со прикажување на документарно-експерименталниот-игран филм од Шпанија на Мигел Ангел Баросо. Филмот зборува за детството и младоста на Пјер Паоло Пазолини, низ главните локови во неговиот живот: татко му Карло Алберто, со кого имал тешка врска на љубов и омраза, мајка му, со која ќе биде многу близок до неговиот последен ден, помладиот брат Гвидо, кој оди во партизани во Втората Светска војна и е убиен под чудни околности….
Денеска на Фестивалот ќе се одржи и работилница на тема "Патос" – главна инспирација во македонската кинематографија. Целта на работилницата е елаборирано докажување на неизбежното постоење на аспектот на "Патос" во македонската кинематографија, кој служи како ултимативна и основна карактеристика во филмскиот јазик .
Од 17 часот во Центарот за култура "Григор Прличев" продолжува прикажувањето на филмовите од Главната програма и од програмата "Видици". Публиката првин ќе може да го види 10-минутниот анимиран филм "Кружното патување на Марето" во режија на Жарко Иванов, а потоа следува полско-германскиот филм "Зуд" на Марта Минорович. Приказната во филмот е посветена на тешкиот номадски живот во монголските степи, кој најчесто зависи од непредвидливите случувања на природата. Единаесетгодишниот Сукбат ќе мора да го напушти училиштето и да се врати дома за да се грижи за семејството, но соочувањето со степата никого не може да го остави неповреден.
Филмот "Како што сонувавме" е последен на четвртата фестивалска вечер на "Охрид Филм Фест". Филмот на еден од најактуелните германски режисери, Андреас Дрезен, зборува за Источна Германија во 1990-те за три момчиња кои се фанови на техно-музика и решаваат да отворат свој клуб.
А утре во Охрид од Белгија пристигнува француската актерка Астрид Ветнал, која ја игра главната улога во филмот на Рашид Бушареб "Пат за Истанбул". Францускиот режисер со алжирско потекло, кој последниве години ги освојува сите награди на светските фестивали, беше поканет во Охрид со овој филм кој премиерата ја имаше на Берлинскиот фестивал, но тој моментно снима друг филм. Но, затоа публиката ќе може да ја сретне Астрид Ветнал која во филмот ја игра мајката која ќе тргне на многу тежок пат за да ја врати својата ќерка на "правиот пат". | fineweb-2 |
Мексиканските власти соопштија дека пронашле 29 тела спакувани во повеќе од стотина пластични ќеси во масовна гробница во државата Халиско каде царува насилство.
Ројтерс наведува дека стапката на убиства во Мексико скокна на највисоко ниво во првата половина од годината, а дека само последната година регистрирани се 29.111 убиства.
Според државниот обвинител истражителите избројале 13 целосни и 16 нецелосни тела чии остатоци се пронајдени во првата недела од септември.
Две од жртвите се жени, а најмалку четири лица имале криминални досиеја. Бројот на жртвите може и да порасне.
Нарко-картелите во Мексико често киднапираат и ги убиваат своите ривали, а многу од нив ги закопуваат во масовни гробници. | fineweb-2 |
Во текот на вчерашниот ден (23.02), во периодот од 14,00 до 19,00 часот, како и денес во периодот од 06,00 до 09,00 часот, Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди (СВКПС) при МВР, во рамките на своите континуирани активности, изврши контрола на наплатните станици "Глумово" и "Романовце", а согласно наредбата од 04.01.2009 година за забрана на употреба на службените легитимации од страна на овластените службени лица и полициските службеници на МВР при минување на патарините, спротивно пропишаните закони и подзаконски акти - потпишана од министерката за внатрешни работи.
Притоа, во текот на вчерашната контрола евидентирани се 31 возило, односно возачи кои неплатиле патарини, од кои еден бил вработен во јавна установа (ЈЗУ Здравствен дом Куманово) додека останатите се граѓани кои искористиле згодна прилика за поминување на отворена рампа на наплатните станици или користеле разни видови картички за поминување без да платат патарина. Во денешната контрола, пак, регистрирани се само 16 возила, односно возачи коишто ги минале на наплатните станици без да ја платат задолжителната патарина.
Од почетокот на ваквите контроли по наплатните станици од 28. 12. 2008 досега се извршени вкупно дванаесет, и притоа евидентирани се 520 лица кои со покажување на службени легитимации или на некој друг начин одбегнале плаќање на патарините. Од оваа бројка 37 се вработени во МВР, 43 во сите останати министерства, 20 во АРМ, 12 во Царинската управа, 9 во правосудните институции, 33 во други државни институции а останатите 359 возачи се цивилни лица. На сите кои ги сториле прекршоците од страна на МВР им е издаден платен налог за наплата на глоба во висина од 200 евра, а МВР очекува за оние кои не се вработени во полиција, нивните претпоставени да преземат дополнителни мерки. | fineweb-2 |
Активности по повод одбележувањето на "6-ти Ноември" празникот на општина Валандово
По повод одбележувањето на "6-ти Ноември", празникот на општина Валандово, утре и во среда ќе се одржат неколку настани кои ќе завршат со доделувањето на Шестоноемвриската награда.
Со почеток од 9 часот, утре, 3-ти ноември, ќе се реализира Меѓународниот планинарски марш "По падините на Плавуш", а половина час подоцна ќе започне и велосипедската трка "Valandovo MTB Tour".
На 6-ти, во среда, планирани се повеќе активности кои започнуваат со крводарителска акција, која ќе се одржи во Домот на културата, а ќе започне во 9 часот наутро и ќе трае до 15 часот.
Во 9.30 часот е планирано да започне и Спортсиот ден за учениците од Средното општинско училиште "Гоце Делчев" од Валандово.
Како и секоја година и оваа на празникот на општината ќе биде положено и свежо цвеќе пред Споменикот на паднатите борци во НОБ во паркот "Пеонија".
Дел од активностите за одбележување на празникот ќе биде и изложбата на слики од 24-тата Меѓународна ликовна колонија "Валандово 2019" кој ќе биде поставена во просториите на Домот на културата во Валандово.
Традиционално на 6-ти ноември се одржува и свечената церемонија за доделување на највисокото општинско признание, наградата "6-ти Ноември", која годинава му припадна на еден од основоположниците на македонскиот графички дизајн, валандовчанецот Костадин Танчев – Динката, настан кој ќе се одржи во холот на СОУ "Гоце Делчев". Покрај доделувањето на наградите, кое ќе започне од 19 часот, настанот ќе биде збогатен и со културна програма со настап на Благица Калева, поетски читања, настапот на Кате, Ангела и Ристе и друго.
Како дел од празничните манифестации беше и вчерашниот настап на ансамблот за македонски народни песни "Распеани валандовчани" под насловот "Пееме за Леонид Манчев".
Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk. | fineweb-2 |
Ден по одлуката за проширување на владината коалиција, аналитичарите се со поделени мислења дали премиерот Зоран Заев направи прагматичен или политички неморален потег. Критиките ги предизвика влегувањето во владата на партии кои многу години беа во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.
ДПА е нов коалициски партнер во Владата. На партијата и е понуден министер без ресор задолжен за економија и странски инвестиции, како и заменик министер за транспорт и врски. Исто така во коалицијата ќе влезат БЕСА на Африм Гаши и Сојузот на Ромите на Амди Бајрам.
Додека за ВМРО-ДПМНЕ последното задолжување на државата со 16 милиони евра е уште еден доказ за "расипништвото и непсопобноста на Владата", власта на последните десетина вакви објавувања одговара дека "долгот паметно се менаџира и дека дури се враќаат и заемите од претходната влада". | fineweb-2 |
Популарната македонска пејачка е фан на американски серии. Како што и самата кажува последниве две ипол години станала зависна од прајмтајм сериите. "Последниве година-две најдобро се забавувам со гледање американски серии. Ако фатам ритам, една сезона ја изгледувам за 4-5 дена." – рече ѕвездата во едно интервју.
Она што знаеме е дека во своите тинејџерски години, ја гледала познатата тинејџерска серија "Беверли Хилс" и со друштвото се собирале во една сендвичара во Битола која ја нарекувале "Пич Пит", името на локалот во кој се собираат Брендон, Бренда, Кели, Дона, Дилан, Стив, Андреа во самата серија.
Пред повеќе од една година, Каролина беше опседната од уште една тинејџерска серија, овојпат Беверли Хилс за новата генерација, односно познатата "Gossip girl". Омилен лик и бил Чак, а омразен Ден. Она што можеме да утврдиме е дека Каролина во Македонија може слободно да им парира на главните ликови во серијата, Серена и Блер кои важеа за модни икони за младите девојки.
По неколку месеци од завршувањето на "Gossip girl", на својот Инстаграм профил, Каролина објави слика од "Mad men", серија прогласувана за најдобра на престижните награди Emmy и тоа повеќе години. Серијата за шеесетите години во Америка, освен за тогашните политички и бизнис услови, ни го претставува и стилот во облекување и однесување на тогашните образовани и богати луѓе.
Најново што дознавме е дека периодов, поп пејачката ја гледа авантурата "Game of thrones", а истовремено и ги чита книгите по кои се снима серијата. Тоа го изјави пред неколку дена кога стана дел од кампањата за популаризација на читањето, организирана од Министерството за култура и Матица.
Па со оглед на сериите кои ги гледала и гледа, може да заклучиме – Каролина освен за песни и облекување, има одличен вкус и за серии.
Даниела Петковска | ТВ Пакет | fineweb-2 |
Откако ќе и ги признае злоделата, Октавио се обидува да ја направи Анхелес своја но девојката упорно го одбива и не му дозволува да ја допира, нарекувајки го монструм кој ја искористил довербата на нејзиниот татко за да ги задоволи своите цели.
Во домот на Габино, Густаво и признава на својата тетка Мирјам дека Лусија чека дете од Андрес и дека сфатил дека никогаш нема да може да биде со таа жена. Мирјам го прашува зошто е толку сигурен дека детето не е негово?
Октавио има договорена средба со Хулија, првата сопруга на Алваро која е заинтересирана да ги откупи неговите акции во клиниката Нуева Вида.
Сесилија одлучува да ја помине ноќта со Хаиме и а тој и приредува убаво изненадување во својот дом. Романтична вечера полна со рози и вино. Нивните тела се спојуваат за прв пат.
За време на вечерата со Октавио, Хулија покажува заинтересираност за клиниката и неговите акции. Октавио се обидува да ја заведе, но Хулија го известува дека и покрај неговиот шарм, додјена е за работа а не за романса.
Бидејки Сеси и Хаиме заминуваат за Бостон, Лусија и Диего си ветуваат дека нема ништо да и кажат на девојката за можното исчезнување на Анхелес. Ја испраќаат до аеродром, а потоа одлучуваат по секоја цена да ја најдат Анхелес.
Двајцата доаѓаат во канцеларијата на Октавио кој е првиот осомничен за исчезнувањето на девојката откако Андрес ќе ги ивести дека ги споделил своите сомнежи со Анхелес поврзани со убиството на Чоле и Игнасио.
Јоли, секретарката на Октавио ги известува дека директорот се нема два дена појавено на работа. Лусија прашува каде може да го најде освен в неговиот стан, а Јоли го известува дека може да го најдат и во старата куќа на Марта, старицата која му го остави својот имот во наследтво.
Лусија и се јавува на доња Инес да праша на која адреса се наоѓа куќата на нејзината покојна пријателка Марта. Сигурни дека Анхелес е киднапирана, Лусијаи Диего повикуваат полиција.
Состојбата на Нати се подобрува но докторот и забранува да се појави на работа бидејки може да и се поврати ударот од стрес. Алберто ветува дека нема да и дозволи на својата сопруга да излезе од дома.
Лусија успева да ја пронајде својата ќерка во стариот дом на Марта, но Октавио им се заканува со огнено оружје. Лусија со своето тело го штити телото на својата ќерка;
– Прво ќе мораш да ме убиеш мене!
Драмата продолжува. Октавио и признава на Анхелес дека Лусија не и е вистинска мајка, туку дека нејзина мајка е тетка и Тринидад. Во тој миг, во куќата доаѓа полиција, која ја има повика Диего, за кој Октавио не е ни свесен дека е присутен зад вратата во ходникот. Во куќата заедно со полицијата доаѓаат Андрес и Густаво, но Октавио успева да побегне, колнејки се дека тоа не е псолденото што го гледаат од него.
Кога Анхелес ќе се врати дома, Трини ја посетува својата ќерка а Анхелес горко и префрла дека знае се, но дека никогаш нема да ја прифати како мајка, бидејки нејзина единствена мајка е Лусија.
Во меѓувреме, Диего му ги признава своите чувстава на Раул.
Анхелес бара прошка од Лусија за се што сторила и силно ја прегрнува неможејки да ги воздржи созлите, нарекувајки ја "мајка".
Откако Анхелес ја одби како мајка, Трини не може да се помири и потресена доаѓа кај Алваро. Го лаже својот сопруг дека никогаш не можела да и пријде на својата ќерка бидејки Лусија не и дозволувала да и пријде.
Нати која не може а да не работи, на својот компјутер од дома дознава дека Октавио ги префрлил сите пари од клиниката на своја приватна сметка на Канрите и со тоа ја оставил клиниката во банкрот.
продолжува | fineweb-2 |
Попова Шапка – Неуспешниот и задоцнетиот старт на скијачката сезона на Попова Шапка и оваа година ги разочара скијачите и спортските работници. Додека другите ски-центри во Македонија започнаа со работа уште минатиот месец, Попова Шапка ја отвори сезоната на 6 јануари со многу пропусти и недостатоци. Ски-лифтовите постојано беа во дефект, а скијачите мораа да се качуваат пеш на патеките. За жал, ваквата состојба продолжи. Скијачите кои деновиве ги затекнавме во центарот велат дека при мал ветер Попова Шапка целосно се парализира.
"Купуваме ски-билети, ама не знаеме дали ќе ги искористиме. Еве, денеска имаше ветер и работеше само ски-лифтот на патеката 'Поток', другите престанаа да работат. На 'Поток' се создадоа големи метежи и одлучив да се откажам, ќе одам дома. Бадијала го купив билетот. Мора да се вложи во центарот, да се донесат нови ски-лифтови, кои ќе бидат поотпорни на временските услови, сепак, ова е планина, не можеме да зависиме само од доброто време. Не можеме само да чекаме да наврне снег и да има сонце, па потоа да скијаме, затоа мора да има инсталација за вештачки снег и добри ски-лифтови, во спротивно Попова Шапка и натаму ќе пропаѓа", рече еден скијач од Скопје.
Од иницијативата "Да ја спасиме Попова Шапка" сметаат дека центарот треба да се одземе од рацете на "ЕЛЕМ турс", јавно претпријатие кое според досегашното искуство покажа дека не знае или не сака да ја развива Попова Шапка. Велат дека со скијачкиот центар треба да управува приватен концесионер. Поради лошата состојба, тие месецов го блокираа патот Тетово-Попова Шапка од каде што упатија неколку барања до раководството на центарот.
"Освен одземање на Попова Шапка од 'ЕЛЕМ турс', бараме што поскоро да се изработи урбанистички план за центарот и тој да се развива според планот, а не како досега на диво. Мора да се започне со инвестиции, а тоа може да биде успешно само ако центарот се даде на приватен концесионер. Но, најпрвин за Попова Шапка да се обезбедат основни инфраструктурни услови, а најприоритетно е обезбедување на паркинг, за да не мора туристите кога доаѓаат во центарот да ги паркираат своите автомобили на патот Тетово-Попова Шапка и потоа пеш да одат до центарот и по неколку километри", рече Хамди Сулејмани од иницијативата да ја спасиме Попова Шапка.
Од раководството на скијачкиот центар Попова Шапка уверуваат дека годинава ќе имаат успешна скијачка сезона. Велат дека на отворањето на сезоната имало премногу скијачи, па поради оптовареност ски-лифтовите на моменти не работеле. Сега откако е пуштен во употреба двоседот "Свети Илија" состојбата се стабилизира. Како новитет за годинава од раководството го наведуваат електронскиот систем на наплата, со кој според нив ќе се запрела злоупотребата со ски-билетите.
Шестоседот на Попова Шапка, кој се гради веќе неколку години, и годинава не е пуштен во употреба. Оваа жичница требаше да го растовари центарот од големите метежи. Шестоседот и од претходната и од оваа власт беше најавувано дека целосно ќе се изгради, но ветувањата останаа празни. Претходната власт во два наврата ја погреши локацијата за градење и без да го провери теренот започна да ја гради жичницата на главните извори од тетовскиот водовод, па мораше да ја менува локацијата. На оваа власт, пак, некако бавно ѝ оди изградбата. Вети дека пред да започне сезоната шестоседот ќе биде готов, но и ова ветување не се оствари.
Минатата влада уште во 2012 година усвои мастер-план за инвестирање во центарот, кој според најавите требаше да се реализира во три фази. Во првата фаза требаше да се инвестира 30 милиони евра, во шестосед, нови жичници, паркиралишта, хотели, нова патна инфраструктура, вештачки снег. За втората фаза на инвестирање од ова јавно претпријатие ветија уште 30 милиони евра.
Но од ветеното на терен нема ништо, освен шестоседот кој сè уште не е готов.
Оваа влада, пак, најави дека е најдобро Попова Шапка да се издаде под концесија, како што тоа го прават повеќе ски-центри. Властите уште минатата година истакнаа дека ќе објават тендер за избор на консултант за проценка на центарот, односно постапка која води до нејзина продажба. Но од сето тоа засега нема ништо.
И додека од иницијативата "Да ја спасиме Попова Шапка" сметаат дека најдобро е центарот да се продаде, односно издаде под концесија на приватен инвеститор на подолг период, некои спортски работници сметаат дека со скијачкиот центар треба да стопанисува државата.
"Најдобар центар на Балканот е Копаоник. Со него стопанисува Јавното претпријатие 'Скијалишта Србија', и тоа е многу успешно и сите центри во Србија се успешни. Така е и во западноевропските земји, со многу ски-центри стопанисува државата. И не мора да гледаме надвор од нашата држава, видете што се случи со Кожуф, и во Маврово не е розово, а се со приватни инвеститори. Секој инвеститор што ќе дојде тука ќе се соочува со безброј пречки од областа на урбанизам, животна средина, и сите тие ингеренции се на државата, а ваквите пречки брзо би се совладувале", вели претседателот на скијачкиот клуб "Љуботен", Жарко Трпковски.
На Попова Шапка во функција се две жичници – "Свети Илија" и "Церипашина". Но, поради дотраеноста, тие се пуштаат во употреба кога на центарот има добри временски услови. Работат и четири ски-лифта, кои исто така се стари и дотраени, па ако имаат среќа со времето скијачите ги користат, во спротивно или заминуваат дома или одат пеш до патеките.
Моменталниот капацитет на Попова Шапка изнесува 3.000 скијачи на час. Оваа бројка е разочарувачка, ако се земе предвид природниот скијачки потенцијал на оваа шарска убавица, од која очигледно државата одамна кренала раце.
Сообраќајната инфраструктура е во очајна состојба. Во викенд населбата на Попова Шапка нема доволно улично осветлување, не е решен проблемот со фекалната и атмосферската канализација, депонија има на самиот влез од центарот, а проблемот со кучиња скитници кои ги напаѓаат туристите од година во година се зголемува. Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, секоја година ветува дека проблемите во центарот ќе се решаваат етапно, но на терен состојбата е влошена.
Зоран Димовски | fineweb-2 |
Лепа Брена не е посакувана на културната манифестација Денови на Врање, која се одржува од 22 до 25 август, бидејќи поединци сметаат дека е прескапа.
Затоа и била покрената петиција да се спречи нејзиниот настап и парите за него да се вложат во болници и училишта, па дури и тоалети.
Пред неколку дена на официјалниот сајт за потпишување петиции имало ново барање да се стопира настапот на пејачката во Врање, закажан за 23 август. Незадоволните граѓани сметале дека организаторот на манифестацијата – Туристичката организација на Врање и покровителот Град Врање ги фрлаат парите на непотребни работи.
На петицијата имало околу педесетина потписи.
– Додека тоалетите во училиште и болница се хаос, условите во болница на минимално ниво, Лепа Брена може да ја слушаме и на радио – пишувало во барањето од анонимниот автор.
Секој што се потпишува може да напише и свое мислење на темата. Па, многумина тоа и го сториле.
– Се сложувам. Лепа Брена е нешто што послено му треба на градот. Потребни се подобри услови за живот, подобри услови во секоја смисла. Дали народот кој јаде паштета секој ден и работи за помалку од 20.000 динари месечна плата треба да оде и да се весели на нејзиниот концерт? – напишал еден од нив.
Покрај Брена, треба да настапат и Мерима Његомир и Гоца Лазаревиќ. Но, тие не биле спомнати во петицијата.
Како што пишувале медиумите во Врање, оваа манифестација била дури и поместена само поради газдарицата на "Гранд".
"Курир.рс" контактирале со тимот на Брена, но оттаму одговорт бил оти пејачката никогаш не коментирала такви работи.
Претходно и во Чачак за дочек на Новата 2017 година, штом било објавено дека ќе настапи Брена, граѓани излегле со петиција да се откаже тоа и парите да се употребат за болни и сиромашни деца.
Групата Рибја чорба доживеала слична ситуација, кога поединци од Крушевац поднеле петиција да се спречи концертот за дочек на 2017 година. Се барало парите наместо кај групата, да одат за децата од одделението на Општата болница во градот. Сепак, според зборовите на градоначалникот, донаторите одлучиле финансиите да одат кај музичката група.
Инаку, настапот на групата чинела нешто повеќе од два милиони динари.
ФОТО: Инстаграм | fineweb-2 |
Кога планирате садење цвекло во градината, потребно е да се земе во предвид меѓусебното влијание на растенијата. Компатибилните култури се корисни едни на други, помагаат во борбата против штетниците, меѓусебно ја збогатуваат почвата.
Некомпатибилни растенија угнетуваат едни со други, не дозволуваат да се развијат целосно и да го намалат приносот. Влијанието не е само соседите во областа, туку и претходниците на култури во градината. Вистинскиот избор на придружници и претходници на репка го зголемува приносот на овој корисен зеленчук и придонесува за развојот и здравјето на растечките култури.
Содржина:
- Кои култури подолу се поставени?
- Ефект врз друг зеленчук
- Дали може да им наштети на другите растенија?
- Погодни соседи
- Општи принципи
- Табела со претходници
- Што да се засади следната година?
- Што е дозволено да се засади во градината и зошто?
- Помеѓу зеленчукот
- Во близина
- Кое време треба да помине по чистењето?
- Може ли да задржам на едно место неколку години?
Зошто прашање за компатибилност?
Цвечките лесно се грижат и се одгледуваат насекаде во различни живеалишта. Во исто време, коренот култура има свои особености кои треба да се земат предвид при изборот на местото на садење и соседните култури:
- Ниво на светлина. Шеќерна репка за добар раст и развој бара соодветно количество на сонце во текот на денот. Сончевата светлина влијае на големината и бојата на коренот.
- Киселост на почвата. Зеленчук се развива лошо во кисела почва, киселина води кон оцрнување на пулпата. Вишокот на вар го ослабува растението и предизвикува болести на патогени. Оптималната киселост на почвата за цвекло е неутрална, pH од 6.2 до 7.0.
- Влажност и наводнување. Кога садењето, за ртење и искоренување на семки од репка бара доволно влага во почвата. Во средината на раст треба умерено наводнување. До времето на созревање, вишокот на влага може да предизвика гниење на зеленчукот.
- Квалитет на почвата. Корен култура се развива лошо како во премногу густа, глинеста почва, и во премногу светлина и песочна. Идеален за зеленчук супа земја со хумус.
- Доволно храна област. За правилен развој на коренот, потребна е минимална површина од една единица - 9 * 9 см.
Кои култури подолу се поставени?
Што понатаму на истиот кревет можете да садите цвекло? При изборот на соседи за цвекло, разгледајте ги следните точки:
- Компатибилност со Root. Компатибилноста е подобра ако корените се наоѓаат на различни длабочини и не се натпреваруваат за вода и храна. За коренов репка, најдобри придружници ќе бидат "врвни" растенија.
- Habitus. Односот на висината и ширината на подлогата и потребата за светлина. На различни височини, високи соседи не треба да го блокираат сонцето од цвекло. Цветите не треба да засенчат повеќе зашеметени растенија.
- Компатибилност на почвата. Почвата треба да биде соодветен придружник за киселост, состав, плодност и структура. Цревата тешко се среќаваат со растенија кои претпочитаат кисела или алкална почва.
- Нутритивни потреби. Постојат растенија со висок, среден и низок внес на хранливи материи од почвата. Цвеклото припаѓа на средната класа, може да се здружи со различни растенија со доволно плодна почва.
- Барања за наводнување и исхрана. На придружници на репка, се препорачува затворање на наводнување и ѓубрење.
Ефект врз друг зеленчук
Цветот може да има на други растенија:
- Исцелување ефект. Со растот на корен култура, ослободува супстанции со антибактериски својства во почвата, кои имаат корисен ефект врз многу други култури.
- Стимулирачки ефект. Репка го промовира растот на некои растенија, кои добро влијаат:
- краставици;
- грмушки;
- спанаќ;
- домати;
- зелка од сите видови;
- салата;
- ротквица и ротквица.
- Заштитна акција. Цвеклото се користи како кревачки компактор, заштитувајќи го теренот помеѓу редовите и долж страните на креветите од сушење и плевелите. Се користи за:
- јагоди;
- компири;
- краставици.
- Неутрално влијание. Цветото може да комуницира со соседите неутрално, заедничкото садење е прифатливо за:
- домати;
- лук;
- спанаќ;
- целер.
Дали може да им наштети на другите растенија?
Репка може да му наштети:
- Компири и други растенија со зголемени барања за содржината на хранливи материи во почвата. Ако исхраната не е доволно, компирот и цвекло ќе се натпреваруваат и ќе се обесхрабруваат.
- Моркови, друг корен зеленчук. Ако садењето е премногу блиску, корените нема да дозволат едни со други да растат и жетвата ќе биде мала.
- Зелка од различни видови и корен. Овие растенија се подложни на штетници од репка, репка од нематода.
- Бибер. Бука од репка може да оди на пиперка, и многу е тешко да се бори со пиперка.
Погодни соседи
Добри репка соседи:
- Цвекло ја зголемува културата во близина:
- зелка (брокула, карфиол, колбраби);
- даикон;
- аспарагус
- Млековите (грашок, грав, грав) ја збогатуваат почвата со азот, ја подобруваат исхраната на цвекло.
- Спанаќот го екстрахира сапонинот со своите корени, ја храни земјата и го стимулира растот на коренот. Сапонин во почвата од своите корени може да издвои и:
- босилек;
- борба трева;
- домат
- Поволно соседство:
- кромид;
- спанаќ;
- на зелена салата.
- Коренот го толерира засадувањето на зглобовите со:
- краставици;
- јагоди (јагоди);
- корен на целер.
- Лукот спасува цвекло од штетници.
Несакани соседи од цвекло:
- Караница, ткаење грав, сенф - инхибираат цвекло.
- Пченка премногу нијанси, не дозволува да се развива.
- Пилешко расте во голема мера, го спречува растот на цвекло, зема влага и хранливи материи.
Општи принципи
Општи принципи за наизменични слетувања:
- Не засадувајте по едни други култури од ист вид.
- Алтернативни растенија со различни штетници и болести.
- За да не ја осиромашуваат почвата, кога се менува за да ги собере растенијата со различни барања за хранливи материи.
- Набљудувајте ја промената на растенијата со различни коренови системи, во поедноставена форма - наизменични врвови и корени.
Табела со претходници
Врз основа на овие принципи, претходниците на цвекло може да бидат:
|Добри претходници:||Дозволени претходници:||Несакани претходници:|
Што да се засади следната година?
По репка е непожелно да се засади растенија кои можат да бидат погодени од репка нематода. Добро е да се заменат коренските култури со "врвни" растенија.
|Поволна фабрика по цвекло||Допуштено да се засади по цвекло||Не е пожелно да се засади по цвекло|
Што е дозволено да се засади во градината и зошто?
Помеѓу зеленчукот
- Лист од марула, глава или аспарагус. Марулата расте побрзо, заштитувајќи ги младите цвеќиња. Кога салатата ќе созрее, цвеклоте се доволно заковани и зајакнати.
- Поклони на пердув. Најпрво кромидот се развива, покривајќи ја младата репка пука. Кога кромидот остава, рерната стапува на сила, а целокупниот принос се зголемува.
- Пир, мариорама, ротквица, коријандер, копар, магдонос. Зелените ги спојуваат креветите од цвекло, заштитуваат земјата од плевелите и се исушат.
Во близина
- Краставици, домати, мешунки (грашок, грав), аспарагус, лук. Цветите се садат на работ од креветите, на сончевата страна, така што високите соседи не ја зацврстуваат долната цвеќа.
- Јагоди, зелка, различни видови (зелка, боја, броколи, колбраби). Во оваа населба, сончевата страна треба да се даде на јагоди и зелка, тие се повеќе зависни од сонцето.
- Ротквица. Ротквица никнува брзо и служи како маркер на редови на полека ртење цвекло.
- Морков. Компатибилноста со моркови е контроверзно прашање. Се верува дека корените влијаат врз вкусот на едни со други и при блиското садење го попречуваат развојот на едни со други. Со доволно растојанија помеѓу насади, цвекло и моркови коегзистираат мирно.
- Препорачливо е да се изберат корените со различно созревање. Цветот треба да се сади на сончева страна, бидејќи врвовите на моркови се поголеми и можат да се удават од цвекло.
- Орегано, нане, кошара, невен. Ги исплаши штетниците од цвекло.
- Компири. Добро е поврзано со цвекло, под услов почвата да е со добра плодност.
- Целер обични и корен, ротквица, спанаќ, копар, магдонос. Нормално растат во близина на цвекло и ќе бидат соодветни придружници.
Цвеклото расте добро долж работ на креветите. Значи таа добива доволно сончева светлина и ги штити страните на соседите од сушење и плевелите.
- Прирачник и други видови сејдери.
- Слетување во пролетта во отворен терен.
- Кога е подобро да се засади?
Кое време треба да помине по чистењето?
По бербата на цвекло од градината, друг зеленчук може да се сади на своето место следната година, имајќи го предвид следново:
- Кореновите од цветот лачат микротоксини во почвата, кои се акумулираат во почвата и можат да ги отрујат чувствителните растенија или самите цветови кога повторно се садат на едно место.
- Почвата ги акумулира штетниците од репка - нематода од репка, што може да влијае на други видови цвекло, корен и расип.
Може ли да задржам на едно место неколку години?
Со постојано сеење на една култура на едно место, фабриката ги зема истите хранливи материи од земјата, почвата е исцрпена и родот драстично се намалува.
Со оглед на тоа, и акумулација на микротоксини и штетници во земјата, садење цвекло на едно место повторно не се препорачува. Цветот може да се врати на истото место за 3-4 години.
Взаемното влијание на цвекло и други растенија може да биде корисно и може да има негативно влијание. При изборот на придружна цвекло треба да се земе во предвид нивната компатибилност.
Разумната комбинација на плантажите со репка со други растенија ви овозможува да го искористите местото што е можно поефикасно, спречува осиромашување на почвата, штити од болести и штетници и го зголемува приносот. | fineweb-2 |
Појавувањето на овие симптоми не мора да значи дека сте заразени со ХИВ, но зошто да го ризикувате својот драгоцен живот…
Постојано сте уморни
Заморот и температурата се најчести знаци дека можеби сте изложени на овој вирус. Доколку заморот и температурата се пропратени со постојан замор, воспаление на грлото, отечени лимфни органи тогаш треба да бидете загрижени.
Инфекции предизвикани од Кандида
Многу честа габична инфекција. Се појавува во устата и го отежнува џвакањето и голтањето на храната и водата. Доколку сте страдале од оваа инфекција повеќе пати итно тестирајте се на ХИВ.
Осипи на кожата
ХИВ-от го прави нашиот имунолошки состав слаб, а со тоа осипот е многу чест. Доколку осипот резултира во интензивно чешање тоа може да биде јасен знак за ХИВ.
Повраќање и дијареа
Околу 40 % од луѓето кои се заразени од овој вирус ќе доживеат краткотрајна мачнина, дијареа или повраќање. Губење на телесна тежина и замор обично се гледаат на заразените од ХИВ.
Сува кашлица
Сувата кашлицае најопасен симптом на ХИВ. Многу пати тоа може да биде алергија, но доколку сувата кашлица е проследена со замор, грозница и често загуба на килограми, веднаш посетете доктор. | fineweb-2 |
Матичните лекари бараат или надградување на системот "Мој термин" или негово укинување
Или да се укине или да се унапреди "Мој термин", бараат матичните лекари. Револтот кулминирал деновиве бидејќи системот многу бавно функционирал и за издавање упати и за рецепти. И докторите и пациентите без потреба чекале долго време.
-Последните денови беше навистина неиздржливо, зошто времето е најскапо и на пациентите и на докторите. Долго време се чекаше да се добие број за рецепти, за упат. Паѓа системот, едноставно се губи ефикасноста. Затоа сите лекари од примарното здравство бараме или да се унапреди или да се укине "Мој термин", изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.
Лекарите од примарното здравство реагираат дека многу често се случувало да не можат да закажат термини на интерно или нервно зошто биле блокирани, а требало да пратат итни пациенти. Проблеми со системот Мој термин деновиве имаше и на Клинички, а на болните рачно на хартија им биле закажувани интервенции.
Од министерството за здравство велат дека изминатите неколку недели биле пријавени проблеми од различни извори за функционирањето на системот и многу тешко било да се детектираат зошто се случуваат.
-Не беше проблем кој се појавува кај сите туку само кај одредени корисници.
Направивме неколку активности во меѓувреме, Денес во 10ч. е пуштена нова конфигурација, очекуваме тоа да ги реши проблемите, тврдат од министерството за здравство и додаваат дека се се работи за систем кој го користат над 20 000 корисници и кој е 24/7 активен. | fineweb-2 |
Туристичката индустрија е еден од носечките инструменти кој помага во зајакнување на регионалната соработка, стимулирање на економската активност и засилување на инвестициите во туризмот. Зајакнување на соработката помеѓу земјите од Балканот значи одржлив економски развој на регионот, кој во глобални рамки е и најважната цел на иницијативата "Патот на свилата".
Под оваа иницијатива се организира тридневна конференција во Дубровник (24-26 април) која има за цел зајакнување на регионалната соработка и одржлив економски развој, а на која присуствува делегација од Република Македонија предводена од државниот советник за туризам од Министерство за Економија, г-дин Шовкет Хазари, г-дин Зоран Николовски од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и г-дин Аркан Керим од Сојузот на стопански комори.
На конференција на која учестуваат преку 100 учесници од Кина и од Балканот, делегацијата од Македонија оствари средба г-дин Ли Жонгаханг, заменик претседател на Комората за Патот на свилата (комора која брои 119 членки од Кина и од 42 други држави), кој повика на здружување на Македонија и сите нејзини чинители во туризмот со нивната комора и поврзување на што поголем број на туристички агенции и инвеститори.
За време на конференцијата остварени се средби со државниот секретар на Mинистерството за животна средина и туризам на Црна Гора, г-дин Дамир Давидович и г-дин Зденко Лучич, Директор на Хрватската агенција за инвестиции, со кои се разговараше за поголема соработка на Македонија со двете држави на полето на туризмот, при што беа разменети искуства и идеи за поттикнување на регионалната соработна на овие земји и нивно насочување кој државите од далечниот исток, со акцент на НР Кина. | fineweb-2 |
Повик: Работилница за Цели за одржлив развој и млади
Y-PEER Македонија објавува повик за пријава на 17 млади кои ќе учествуваат на еднодневен настан – интерактивна работилница за Цели за одржлив развој (ЦОР) и младите луѓе. Работилницата ќе се оддржи во петок (7ми декември) , во периодот од 11:00-14:00 часот во Скопје.
Работилницата е наменета за млади кои сакаат да го зголемат своето познавање за Агендата 2030 на Обединетите нации, Целите за одржлив развој (SDGs – Sustainable Development Goals) и младинските програми поврзани со истите, да дознаат што се работи на оваа тематика на глобално ниво и да понудат сопствени размислувања во однос на младинската вклученост во процесите поврзани со SDGs и Youth2030 Агендата на национално и глобално ниво.
Кој може да се пријави?
Секој млад активист кој е заинтересиран за промоција на глобални вредности, подобрено знаење за развојни политики, одржлив развој, ООН, младинско учество во младинската агенда Youth2030.
Каде и до кога е пријавувањето?
Пријавувањето е на следната форма, најдоцна до 5ти декември (среда) до полноќ.
Избраните учесници ќе бидат известени во четврток (6ти декември 2018).
Архива
|M||T||W||T||F||S||S|
|« Sep|
|1||2||3|
|4||5||6||7||8||9||10|
|11||12||13||14||15||16||17|
|18||19||20||21||22||23||24|
|25||26||27||28||29||30|
Post-2015
There are no upcoming events at this time.
Вести | fineweb-2 |
Општина Дојран го одбележа празникот 5 ти ноември со низа свечености а на повеќе институции фирми и здруженија им беа доделени плакети и признанија кои во изминатиов период работеле на развојот и афирмацијата на ова општина. Градоначалникот Анго Ангов кажа дека тоа се личности и институции кои вложуваат во Дојран и зборуваат со жар како што тој зборува за својот Дојран.
,,Искрено го сакам Дојран, ги сакам луѓето кои што живеат во општина Дојран, посебно драги ми се оние што инвестираат во Дојран, кои го промовираат и зборуваат за него со иста жар како што зборувам и јас. Затоа не ги забораваме и ќе им доделиме плакети и признанија во знак на благодарност,, кажа градоначалникот Ангов
Ангов додели плакета и признанија на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, на ФК Џокер од Фурка, ФК Дојранско езеро, Здружението на пензионери, Стоматолошката ординација Полидент, заботехничката лабараторија Митановски, хотелот Ла Тераса, здружението на пензионери од Дојран и градоначалникот на Медулин од Хрватска Бујиќ | fineweb-2 |
Денес во библиотеката "Браќа Миладиновци" Радовиш се одржа седмата по ред хуманитарна акција "Божиќна трпеза" под покровителство на градоначалникот
на општина Радовиш г-нот Герасим Конзулов, а во организација на "Женска акција"
Радовиш и Студиото за модерен балет "Газели"
и нашата соработничка Теодора Костовска
од Уметност на живеење.
Основната цел на оваа акција е да се мобилизира духот на заедништво, толеранција, грижа не само за себе и сопствената егзистенција, туку и да се разбуди желбата за грижа кон другите, потребата за делење и подарување во духот на престојните Божиќни празници.
Градоначалникот на општина Радовиш истакна дека општина Радовиш се залага и ќе се залага и во иднина да им помага на социјално загрозените граѓани и ја поздрави оваа акција која и лично ја помогна. Со свое кратко излагање за значењето на хуманоста и хуманитарниот карактер на оваа акција, пред присутните се обрати и Претседателот на Советот на општина Радовиш г-н Коле Чаракчиев.
Во рамките на акцијата која започна со прибирање на прехрамбени производи и финансии се вклучија голем број фирми кои донираа дел од своите производи или финансиски средства за нашата помош да биде достоинствена
како и голем број на хумани граѓани.
Во акцијата се вклучија и голем број на верници,кои со своите скромни прилози придонесоа оваа акција да се реализира, а социјално ранливите категории достојно да го пречекаат големиот христијански празник – Божиќ. | fineweb-2 |
На основа на судска пресуда, холандското министерство за одбрана ќе му исплати отштета на едно свое воено лице кое било дел од холандскиот батаљон ангажиран во Сребреница за време на војната.
Војникот Даве Маат ќе добие необјавена сума пари заради траумите кои ги доживувал за време на службувањето во рамките на мисијата на ОН во Босна.
Во пресудата се наведува дека на војникот не му било пружено адекватно опоравување по враќањето од Босна заради што преживеаните трауми му нанеле психички проблеми и стрес.
Да потсетиме, по неколкумесечна опсада на муслиманската енклава која беше прогласена за "безбедна зона", холандскиот контингент задолжен за чување на зоната, во 1995-та ненадејно "си ги собра парталите" и го остави на немилост населението на Сребреница по што беа убиени меѓу 7 и 8 илјади луѓе. | fineweb-2 |
Според препораките на Греко владата во рок од 30 дена треба да одреди личност кој ќе има улога на советник за интегритет етика морал и судир на интереси, при настапот на премиерот и министрите во владата.
Меѓу првите што треба да ја поминат обуката која ќе организира Антикорупциската комисија треба да се најде името на Генералниот секретар Рашковски.
Ова беше речено на брифингот со новинарите на кој беа разгледани повеќе актуелни прашања и теми но и посебен акцент беше ставен на судирот на интереси како основа за појава на корупција во општеството.
Антикорупционерите му порачаа на Заев што побргу да избере министер за финансии зошто неговото раководење не може да биде на подолг рок, дотолку повеќе што законот е јасен и вели дека во отстуство на министер за финанции функцијата ја извршува заменик. | fineweb-2 |
Мрачната внатрешност на чернобилската контролна соба Реактор 4, во која дојде до разорна експлозија во 1986 година, сега е официјално отворена за туристи, сѐ додека се подготвени да облечат костим хазмат и да се подложат на радиоактивни испитувања при излегувањето.
Како што пишува Национална географија, на туристите кои го посетувале местото на трагедијата од 1986 година со децении им било дозволувано да посетуваат само уништени училишни дворови, забавни паркови и училници во близина на нуклеарната електрана, ама пристапот до злогласниот Реактор 4 досега им бил дозволуван само на научниците, чистачите и на неколкумина новинари.
Меѓутоа, отсега и бестрашните туристи ќе можат да влезат во контролната соба во која започна најголемата нуклеарна несреќа во светот.
Со оглед на тоа дека нивото на радијација во собата денес е 40.000 пати поголемо од вообичаеното, посетителите ќе мораат обврзно да носат костим хазмат, маска и индустриски чизми. Самите посети се ограничени на пет минути, а по завршувањето туристите обврзно ќе бидат подложени на радијациско тестирање.
Овој потег е дел од владиниот напор за поттикнување на туризмот во тоа подрачје, откако претседателот Владимир Зеленски го потпиша јулскиот декрет со кој Чернобил е прогласен за службена туристичка атракција. | fineweb-2 |
Општина Штип го санираше патот кон село Балталија кој претпре штети од поплавите. Како резултат на врнежите од дожд, се појави свлечиште на 20.тина метри од локалниот пат при што беше уништен асфалтот а сообраќајот беше во прекин, пренесува ТВ "Стар". Привремено се направи заобиколна рута на истата делница а локалната самоуправа презеде активности за санирање на штетата:
- Инвеститор е Општината а механизацијата на "Коле Инжинеринг" изминатите десетина дена работеше на поставување на нанос од земја и утврдување на брегот од Балталиска река. Поставен е тампон на овие 20.тина метри, така што сообраќајот сега се одвива без проблем и нема опасност од нов одрон. Со подобрување на временските услови, ќе следи и поставување на асфалт со што комплетно ќе се санира штетата на овој пат – изјави Драган Ристов, портпарол на Општина Штип.
Претходно, општината го пренасочи текот на водата низ коритото на Балталиска река, така што избегната е можноста водата повторно да поминува покрај брегот каде е патот и да предизвика ново лизгање на земјиштето. Исто така, се оспособуваат и премините кон селата Суво Грло и Степанци кои исто така беа уништени за време на поплавите на почетокот на февруари. | fineweb-2 |
Во претходните два дела (Дел 1, дел 2) од серијалот зборувавме за контроверзиите околу дел од практиките за монетизација во гејминг индустријата, особено за т.н. Loot boxes, и дека одредени земји и критичари ги сметаат како коцкарски елементи во игриците кои треба да се регулираат/забранат.
Во моментов, не постојат убедливи истражувања кои докажуваат дека Loot boxes/"кутиите со награди" создаваат зависност кај играчите. Сепак, постои широко незадоволство помеѓу гејмерите од овие практики кое го турка пазарот кон саморегулација и експериментирање со разни решенија.
2-3 збора за саморегулација
Она што е битно пред да се осврнеме на саморегулацијата во гејминг индустријата е да разбереме дека НЕ ПОСТОИ НЕРЕГУЛИРАН ПАЗАР – станува збор за семантика.
Сите пазари, на еден или друг начин, се регулирани – имаат правила на однесувања кои креираат одреден regularity и предвидливост во квалитет и цена. Прашањето е КОЈ ги креира правилата – политичарите и бирократијата која вообичаено немаат skin in the game или потрошувачите и самите фирми односно пазарот преку конкуренција, транспарентност и други активности.
ИТ секторот традиционално е релативно слободен и оставен на саморегулација
ИТ секторот традиционално е релативно слободен, со минимална регулација – што е една од причините за неговиот огромен бум, секаде. Еден од првите предизвици со кој се соочи ИТ индустријата беа контроверзиите за наводното насилство кое го предизвикуваат игриците во 90тите. Во оваа битка ИТ индустријата покажа зрелост и ја "претрка" Државата со тоа што почна самата да си го регулира и решава проблемот, со се' уште актуелниот систем на рејтинг на содржина на американската гејминг асоцијација Entertainment Software Rating Board – ESRB (ЕУ има слична асоцијација: The Pan-European Game Information).
Што прави ERSB?
За почеток, ERSB има детален сеопфатен систем за рејтинг на содржините во игриците кој им помага на родителите да знаат какви игрици играат нивните деца. На пример, игрици кои се сметаат дека содржат елементи на "вистинско коцкање" имаат ознака Adults only.
Во случајот на Loot boxes, ERSB има засега заземено став дека не станува збор за коцкање бидејќи во било кој случај играчите добиваат некаква награда. Без разлика, ERSB е свесна за улогата на саморегулацијата ("we strongly believe that the industry's robust, self-regulatory efforts remain the most effective way to address these important issues, and that system has a proven and long record of doing so") и веќе превзема големи чекори. На пример, од фебруари 2018 секоја игрица која содржи микротрансакции со реален кеш содржи посебен label (in-game purchases), а родителите имаат пристап до посебен сајт кој им помага да ги мониторираат трошењата на децата во гејмање.
Пазете, контроверзиите околу микротрансакциите излегоа во ноември 2017 година, а веќе на почетокот на 2018 ERSB имаше превземено саморегулативни активности. Споредете го ова со пристапот преку Државата која иако теоретски (!) има моќ да забрани/регулира било што, кога сака, реалноста е многу поинаква – бавност, тромост, лоби интереси илјада кој го комплицираат целосно процесот и ја истиснуваат саморегулацијата.
Наравоучение
Ако не се замараш со политика, политиката се замара со тебе. Нема бегање.
Или ИТ индустријата ќе се саморегулира и ќе наоѓа начини како да ги корегира сопствените спорни практики – без разлика колку истите се навистина штетни – или пак ќе настапи Државата на сцена. И ќе искомплицира се.
Изборот е на гејмерите и ИТ индустријата како едно од последните релативно слободни економски "зони". | fineweb-2 |
Зошто нема особен напредок во реформите во медиумите? Кои ги кочи процесите? Македонија е пофалена од Европската комисија за своевидно подобрување, но има уште многу за да се сработи. Дали власта воопшто има намера да се впушти во реформа на јавниот сервис МРТВ во моменти додека се бори лажните вести и дезинформациите? Се плаши ли власта од губење на гласови за следните избори доколку чепне кај тие кои земаат плата од буџетот, а не одат на работа?
Во првото издание на Коментар со Огнен Јанески, гостува министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски. | fineweb-2 |
Во паничен обид да се деморализираат граѓаните кои даваат поддршка на "За заедничка Македонија" и се против пучистите кои имаа обид за државен удар на 27 април, лиферуваа лажни информации за наводна потерница и приведување на организаторите на иницијативата "За заедничка Македонија", но и за неколку други лица
Од Основното Јавно обвинителство излегоа со соопштение во кое ги демантираа шпекулациите на дел од медиумите, кои ги поддржуваат пучистичките структури во државата.
Соопштението го пренесуваме во целост.
Основното јавно обвинителство Скопје е во постојана комуникација со Министерството за внатрешни работи во врска со идентификација на учесниците во нередите кои се случија во Собранието на Република Македонија. Дежурните јавни обвинители редовно се известувани за текот на настаните и даваат насоки за натамошното постапување на полицијата.
При прием на информации, согласно на поединечните настани, се преземаат конкретни мерки и дејствија. Поради обемноста во постапувањето на обвинителството до овој момент се вклучени шест јавни обвинители, но согласно потребите бројката на вклучени јавни обвинители се очекува да се зголеми, а се во насока на брзо и ефикасно расветлување на овие кривично правни настани.
До овој момент не е поставена правна квалификација на извршените кривични дела. Поставувањето на конкретната правна квалификација за секое лице за кое ќе се утврди дека сторило кривично дело ќе биде сторено откако ќе се собере потребниот доказен материјал одделно за секое лице инволвирано во кривично правните настани и по утврдување на фактите. Оттука ја известуваме јавноста дека Основното јавно обвинителство Скопје нема направено никаква преквалификација на било кое кривично дело и дека досега објавените информации во дел од медиумите се шпекулација.
Бројот на лицата лишени од слобода, конкретните дејствија на истражните органи, како и натамошните дејствија кои ќе бидат преземени, јавното обвионителство ќе и ги соопшти на јавноста кога ќе се создадат услови за тоа и откако надлежните јавни обвинители ќе завршат со првично утврдување на фактите. | fineweb-2 |
Работнички со 88:84 го победи МЗТ Скопје Аеродром во 148. издание на вечното дерби во последното коло на Суперлигата, но "металците" остануваат први носители во плејофот кој следува.
МЗТ ќе игра со Гостивар, додека Работнички со Блокотехна во борбата за титулата во Македонија во дуели подобар од пет (во три добиени), по што следува големото финале. Плејофот започнува в недела.
МЗТ со 8 победи и 2 порази е на првото место со 55 поени, шампионот Работнички има 54, Блокотехна е трета со 52 поени, пред Гостивар со 51, додека Кожув и Куманово не успеаја да изборат плејоф.
Во плејаут лигата, Фени Индустри, Пелистер и Вардар остануваат во елитата и следната сезона, додека Шкупи испаѓа во втората лига (без ниту една победа), а АВ Охрид ќе игра со поразениот во финалето од плејофот во Втората лига во бараж за опстанок.
Фото: КК МЗТ Скопје Аеродром | fineweb-2 |
Јас сакам да ги слушнам сите. Имам свои очекувања. Важно е опозицијата што ќе каже затоа што и тие бараа предвремени избори. Секако треба да го слушнеме ставот на коалоционите партии. Немам конкретно датум. Опциите се отворени, одговори премиерот на прашањето кога точно би се одржале предвремените парламентарни избори.
Заев најави и средба со коалиционите партнери по лидерската средба кај претседателот Пендаровски закажана за утре во 17 часот. | fineweb-2 |
Иако летната сезона само што започна, на друштвените мрежи се појавија фотографии на кои е прикажана згрозувачка глетка од купишта отпад, кои предизвикаа гнев кај туристите, а поединци токму од таа причина го откажуваат летувањето во оваа држава.
Надлежните служби ниту минатите години не реагираа на оваа ситуација, со оглед на тоа дека не е прва година во делови од земјата да има купишта отпад, а се чини дека и оваа година нема ништо да се промени. | fineweb-2 |
Силно препорачувам Роуз Хостинг; особено за луѓе специјално во потрага по квалитетен домаќин кој строго не го надгледува. Јас лично го тестирав заедничкиот 1000 план за хостинг на Роуз хостинг од ноември 2013, и најдов многу добри и не многу лоши.
Постојат многу провајдери за хостирање таму да изберат, но тешко е да се најде еден со подолга историја од оној на Роуз хостинг.
Основана во 2001, овој хостинг провајдер се наоѓа во Сент Луис Мисури во Соединетите Американски Држави, каде што исто така управува со свој центар за податоци. Компанијата тврди дека RoseHosting.com е првата и единствена веб хостинг компанија во светот која нуди комерцијални Линукс виртуелни сервери назад во 2001 (под Rose Web Services LLC) и ги охрабрува своите клиенти потврди го фактот на Archive.org.
Имено, Роуз Хостинг е организација за хостинг од Линукс која е специјализирана за VPS хостинг (иако компанијата исто така нуди и заеднички и посветени планови за хостинг сега).
Роуз Хостинг нуди бројни хостинг планови и конфигурации за да им служи на различни потреби на клиентите. Овие планови вклучуваат:
Муабет со хостинг
Постојат четири заеднички хостинг планови достапни, почнувајќи од 200 GB до 2,000 GB максимален месечен пренос на податоци и 2 GB до 30 GB SSD диск за складирање. Цените се движат од $ 4.95 месечно до $ 19.95 месечно со различни карактеристики и подмножества помеѓу плановите - видете ги снимените слики подолу за споредби.
Сите планови вклучуваат бесплатна поставка, блокатор на спам, неограничени паркирани домени, работни задачи на Cron, гаранција за враќање на парите од 30-ден, и така натаму.
VPS хостинг
Хостинг на VPS на Роуз доаѓа со четири расположливи планови кои се движат од $ 19.95 до $ 79.95 месечно.
На нискиот крај, корисниците добиваат две процесорски јадра со 1 GB загарантирана меморија и ограничена месечна пренос на датотеки на 2,000 GB. На горниот крај на скалата, корисниците добиваат осум процесорски јадра, 8 GB загарантирана меморија и 150 GB простор на дискот. Меѓу обичните карактеристики се целосен пристап до рути, 24 / 7 поддршка, 100% uptime гаранција, бесплатен DNS хостинг, SSD напојува и бесплатна посветена IP адреса.
посветен хостинг
RoseHosting нуди четири посветени хостинг планови, кои се движат од планот $ 269.10 месечно, кој вклучува хардвер за поддршка на 24 GB меморија, 500 GB диск и пренос на податоци 3,000 GB на планот $ 1079.10 месечно, кој вклучува 96 GB RAM, 2,000 GB диск, и непреметни преноси на податоци.
Како што рековме, јас лично го тестирав заедничкиот 1000 план за хостинг на Роуз хостинг од ноември на 2013, и во тоа време, најдов многу добри и не многу лоши - реткост за мене и за хостинг светот воопшто.
На добрите: Што ми се допаѓа за RoseHosting?
1-Брз и сигурен хостинг
Како целина, Роуз Хостинг е многу добар веб-домаќин одржување извонреден uptime и сајт брзини; нејзиниот вкупен запис за uptime е 99.99%, додека максималното време на одговор на сајтот е 300 ms - за што не се потсмева. Во споредба со другите веб-домаќини што ги следев, време на одговор на страницата е прилично забележливо. Просечното време на одговор на моите други основни блогови на WordPress се движат од 1,500 до 2,000 ms - Спротивно на тоа, Роуз хостинг не е ништо срамежлив пет пати толку брзо!
Дополнително, иако лично не го тестирав системот за поддршка, не слушнав ништо друго освен добри работи во врска со поддршката на купувачите и по продажбата во целина. Повторно, импресивно - особено со оглед на тоа што луѓето, воопшто, имаат многу поголема веројатност да ги споделат лошите од доброто.
RoseHosting Uptime
Ние ги следиме активностите на RoseHosting од ноември 2013. Еве неколку неодамнешни резултати, кои ги собравме, користејќи алатки за следење на времето на трети лица.
Тест на брзина на дожд
2 - Мала разликата во цената по првиот мандат
За разлика од некои други хостинг компании, RoseHosting не ги зголемува нивните хостинг цени по првиот мандат.
Земете SSD бизнис на пример: стапка на регистрација = $ 9.95 / mo, стапка на обновување = $ 10.75 / mo на годишно платено плаќање. Разликата е минимална и разумна.
3 - Слободни миграции на страници за клиенти од прв пат
Зошто го истакнувате кога можете да ги споделите со добрите да ги направите сите работи за кревање тешки работи? Сите нови корисници добиваат бесплатна услуга за миграција на веб-страниците кога ќе се префрлат на хостинг на Роуз.
4-RV Site Builder Pro
Сите RoseHosting дели хостинг планови се во комплет со RV Site Builder Pro. Ова е огромна заштеда на време за лаик и нетехничко лице. Вие едноставно можете да изградите едноставно место без потреба од искуство за развој на веб или вештини за програмирање.
Конс: Она што не ми се допаѓа за RoseHosting
1-Очекувајте подобро заеднички хостинг функции
По цена од $ 10.35 / mo (четиригодишна просечна цена), би очекувал да добијам повеќе од мојот веб-домаќин.
RoseHosting SSD бизнис план дозволува само пет домени и бази на податоци 20. Посветен IP адреси, Cloud Flare CDN ($ 10 се наплаќа за надоместоци за поставување), дневните функции за резервни копии, итн. Се достапни само за корисници кои се подготвени да платат дополнително.
2 - локација на серверот само во САД
RoseHosting работи на свој центар за податоци во Сент Луис, Мисури, САД и не нуди други опции во терминот на локација на серверот. Може да има проблем при латентност ако повеќето од корисниците на вашето место се наоѓаат надвор од САД.
Разговаравме за латентност и објавивме неколку листи на веб-страници врз основа на латентната анализа. За да дознаете повеќе,
RoseHosting е околу повеќе од една деценија. Но, на мое изненадување - има толку малку кориснички осврти достапни онлајн.
Веб-домаќинот не е ни прикажан на повеќето од најпопуларните страници за преглед на хостинг. Во случај да барате повеќе значајни повратни информации за RoseHosting, еве еден од кого започнав со истражувањето. Оригиналниот преглед е објавен овде на веб хостинг разговор.
Време на започнување:декември 2010 Крајот на времето:јануари 2010 Причина за напуштање: Кривата на учење на Линукс беше превисока за алотирана временска рамка и нов клиент што го купив бара. NET хостинг; тоа немаше никаква врска со нивната поддршка или услуги. Информации за серверот:Копирана од почетната е-пошта.
Цена: $ 34.99 http://www.rosehosting.com/virtserv-spec.html Оперативен систем: CentOS 5 простор на дискот: 45 GB (ова го вклучува и просторот преземен од оперативниот систем) Меморија: 1500 MB трансфер по месец: 1500 GB IP Адреса: 18.104.22.168 Физичко име на домаќин: vs1139.rosehosting.com (за да се користи пред да се пропагираат промените на DNS) DNS сервери (освен ако не сте нарачале свои DNS-сервери): ns1.rosehosting.com (22.214.171.124) ns2.rosehosting.com (126.96.36.199)
Краток преглед на:Го открив RoseHosting преку комбинација на пребарувања на Google и откако направив неколку часови истражување, мислев дека ќе им дадам снимка иако немам искуство со CentOS или Linux. Ја користев нивната услуга околу четири недели и за тоа време доживеав нула проблеми. Бидејќи Linux беше нов за мене, јас исто така поднесов половина дузина билети за биро за помош и неколкупати разговарав со нивната поддршка за разговор во живо. Секојпат кога зборував со некој, тие беа и познавања и корисни, билетите за биро за помош обично одговараа во рок од 2 часа.
Што се однесува до системот, јас поставив и имав три сервери 32 човек Team Fortress 2 кои работат на серверот заедно со три веб-страници. Имав неколку пријатели на Steam hop на серверите неколку пати и сите трчаа добро, вклучувајќи оптоварувања на додатоци, под 100ms пинг-времиња. Еве ја врската GameTracker до еден од серверите како дополнителен доказ. Не сум сигурен како би направиле под целосен стрес, но со околу истовремени корисници на 20 не видов промена. Тие исто така добро истрчаа повеќе контра-штрајк сервери.
Првичното поставување траеше околу 18 часови, но исто така и нарачав во врска со 3AM на Бадник. Јас испративме е-пошта за враќање во текот на викендот и го примив денес. Јас всушност се чувствувам лошо за да се вратам и да побарам враќање бидејќи ми помогнаа доста. Генерално, бев многу задоволен од нивната услуга и би им препорачал на сите таму да бараат евтин Линукс VPS од сигурна компанија.
Роуз Хостел алтернативи
Други слични хостинг услуги можеби ќе сакате да проверите:
На крајот од денот, најголема важност е одржувањето стабилност и брзина. И RoseHosting одлично се одржа во тој регион. Оттука, јас препорачувам Роуз Хостинг на организации или поединци кои бараат солидна хостинг решение со строги правила без надзор.
Основач на WebHostingSecretRevealed.net (WHSR) - преглед на хостинг доверлив и користен од корисниците на 100,000. Повеќе од 15 години искуство во веб хостинг, Филијалата маркетинг и SEO. Соработник на ProBlogger.net, Business.com, SocialMediaToday.com и многу повеќе.
WHSR добива надоместоци за упатување од хостинг компании наведени на оваа веб-страница. Нашите мислења се базираат на вистинско искуство и вистински податоци за серверот. Прочитајте ја страницата за политика за разгледување за да разбереме како функционира нашиот систем за рангирање на домаќините.
услуги
Муабет со хостинг
Да
VPS хостинг
Да
посветен хостинг
Да
облак хостинг
Да
Успеа хостинг на облак
Да
Регистрација на домен
Да
Основни карактеристики
Пренос на податоци
1000 GB
Капацитет на складирање
8 GB
контролен панел
CPanel
Екстра домен реги.
$ 14.95 / година за .com; цената варира за различни TLDs
Приватен домен Рег.
$ 5 / yeaer
Инсталирај автоматски скрипта
Softaculous
Прилагодено Cron Работа
Да
Мапа на резервни копии
Неделен
Посветен ИП
Слободен за SSD Ultimate или погоре.
Слободен SSL
Ајде да шифрираме
Вграден Мапа на градител
RVSiteBuilder
Серверски локации
Северна Америка
Да
Јужна Америка
Не
Азија
Не
Европа
Не
Океанија
Не
Африка
Не
среден Исток
Не
Брзи карактеристики
nginx
Не
HTTP / 2
Не
WP оптимизиран
Не
Јоомла оптимизиран
Не
Друпал оптимизиран
Не
Е-пошта карактеристики
Пошта Хостинг
Да
Број на сметки за е-пошта
неограничен
Поддршка за Webmail
Да
Email Forwarder
Да
Карактеристики на е-трговија
Коцка кошничка
Да
Зен кошница
Да
PrestaShop
Да
Magento
Да
Политика за грижа за корисници
Ограничување на користењето на серверот
Не е дадено јасно упатство. Сепак, RoseHosting гарантира минимални алокации на процесорот за плановите за VPS.
Оваа страница користи колачиња, кои се неопходни за негово функционирање и се потребни за да се постигнат целите илустрирани во политиката за колачиња. Со затворање на овој банер, вие се согласувате со употребата на колачиња (Прочитај повеќе). | fineweb-2 |
А1, 23.02.2010
Штрајкуваат најголемите европски авиопревозници
Ќе има ли хаос во воздушниот сообраќај поради најавените штрајкови на повеќе клучни авиокомпании? По само еден ден неработење, пилотите од Луфтханза на полноќ привремено го прекинаа четиридневниот штрајк, откако компанијата се согласи да преговара со синдикатот.Штрајкувачите бараат компанијата да престане да им префрла летови на нејзини поевтини компании во странство и странските пилоти да добиваат германски плати.
Најголемата авио-компанија во Европа денеска ќе има редуцирани летови, а од утре се очекува сообраќајот да се нормализира."Луфтханза ни вети преговори без условувања, а тоа значи дека нашите барања се исполнети", изјави Винфрид Стричер, од синдикатот на пилотите.И покрај прекинот на штрајкот на пилотите, на Луфтханза и се заканува нов предупредувачки штрајк, овојпат од синдикатот на стјуардесите, кои бараат подобри работни услови и ограничување на работното време на 40 часови неделно.Најави за штрајк има и кај конкурентот "Бритиш Ервејз".
Стјуардесите гласаа за одбрана на нивните работнички права. Датумот за прекин на работата не е најавен, но синдикатот мора седум дена однапред да ја извести компанијата за таа да може на време да обучи други вработени за да ги заменат штрајкувачите."81 проценти од персоналот беа за да се штрајкува. Ова е исклучителен резултат со оглед на притисокот и заканите со кои се соочија нашите членови изминатите недели", рече Лен Мекласки, од штрајкувачкиот одбор на "Бритиш Ервејз".Отежнат авио-сообраќај се очекува и во Франција, откако синдикатот ги повикаа контролорите на летање на штрајк.
Причина за тоа се плановите на владата да изврши групирање на контролорите на летови од Франција, со оние од Белгија, Холандија, Луксембург и Швајцарија. Штрајкот би требало да трае до сабота. | fineweb-2 |
И дефинитивно оваа есен на Македонија ЃП не и оди на својот стадион во Ѓорче. Имено како може поинаку да се протолкува катастрофалната серија од шест меча по ред во кои "лавовите" немаат победа дома? На тие пет првенствени и еден куп дуел со Брегалница, имаат четири ремија и два порази. Загубија од Ренова и Силекс со по 0:1, а одиграа реми со Шкендија (0:0), Вардар (1:1), Шкупи (0:0), и на куп мечот со Брегалница кога беше 0:0.
Значи само еден постигнат гол на свој терен на шест одиграни мечеви. Сето ова придонесе екипата на Ѓорче и тоа како падне на табелата, сега се наоѓа на 6. место со само 17 бода, или само три повеќе од деветиот Борец. А во првите кола "лавовите" просто "газеа" и беа при самиот врв заедно со А. Пандев и Вардар. Па така се чини дека, ако работите драстично не се промеменат, екипата од Ѓорче ја чека тешка битка за опстанок. | fineweb-2 |
Портпаролот на етиопскиот авионски превозник "Ethiopia Airlines" чијшто авион се урна во неделата со 149 патници и осум членови на екипажот по полетувањето од етиопската престолнина Адис Абеба, им соопшти на новинарите дека патниците биле државјани на повеќе од 30 земји.
Меѓу патниците биле 32 државјани на Кенија, 18 на Канада, девет од Етиопија, по осум од Италија, Кина и САД, седум од Велика Британија и Франција, шест од Египет, пет државјани на Холандија, по четири од Индија и Словачка, по тројца од Австрија, Шведска и Русија, и по два државјана на Мароко, Шпанија, Полска и Израел. На летот биле и по еден државјанин на Белгија, Индонезија, Саудсика Арабија, Сомалија , Србија, Норвешка, Того, Тунис, Мозамбик, Руанда, Судан, Уганда и Јемен.
Четворица од патниците имале патни исправи на Обединетите нации и нивните државјанства сѐ уште не може да бидат јасно потврдени. Осумте членови на екипажот се државјани на Етиопија.
Според интернет страницата којашто ги следи сите летови Flightradar24, авионот на "Ethiopia Airlines" на летот ЕТ302 имал нестабилна брзина при искачувањето.
Авионот се урна во неделата утрото набрзо по полетувањето од Адис Абеба во областа на гратчето Бишолте, 62 километри југоисточно од етиопската претолнина, според компанијата. Авионот полетал во 8,30 часот од аеродромот "Боле Интернешнел" и контактот со него е загубен неколку минути подоцна.
Авионот на летот ЕУ302 меѓу Адис Абеба и Најроби, главниот град на Кенија, се урнал во 8,44 часот по локално време. Причината за несреќата на авионот " Boeing 737" на "Ethiopian Airlines" сѐ уште не е позната.
Како што изјавил челникот на компанијата "Ethiopian Airlines Group", авионот од типот "Boeing 737 Max 8" бил користен од ноември 2018 година.
"Денеска во шест часот наутро авионот пристигна од Јоханесбург, немаше никакви технички проблеми. Наскоро по полетувањето капетанот на летот испратил сигнал за оштетување, го пријавил проблемот и побарал дозвола да се врати на аеродромот", рекол директорот.
Потоа, додал челникот на авиопревозникот, се прекинала врската со авионот, и истакнал дека тоа се случило шест минути по полетувањето. Покрај тоа, според некои извештаи, бил забележан и чад, додал.
Капетанот на летот, кој е од кениско-етиопско потекло бил искусен пилот, со 8.000 часови летање, соопштија од водухопловната компанија.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. | fineweb-2 |
Нашите цени се предмет на промена во зависност од понудата и други пазарни фактори. Ние ќе ви испратиме ажурирана ценовникот по вашата компанија да не контактирате за повеќе информации.
Да, ние бараме сите меѓународни налози да имате тековен минимум цел количество. Ако сте во потрага да се препродава, но во многу помали количини, ви препорачуваме да проверете го нашиот веб-сајт
Да, имаме силен развој тим. Производите може да се направи во согласност со вашето барање.
Да, ние може да обезбеди најмногу документ и сертификати за анализа / усогласеност; осигурување; Потекло, како и други документи за извоз, каде што е потребно.
различни потребата производ се произведува во различни производни период. Општо земено, за масовно производство, олово време е 20-45 дена по добивањето на Одра. На времето за да стане ефективна кога: (1) дека сме добиле вашиот депозит, и (2) имаме вашата конечна одобрување за вашите производи. Ако нашите доведе пати не работат со крајниот рок, ве молиме одете врз вашите барања со вашиот продажба. Во сите случаи, ние ќе се обидеме да се приспособат на вашите потреби. Во повеќето случаи, ние сме во состојба да го стори тоа.
Да, ние секогаш ги користиме високо квалитетни извоз пакување. Палети секогаш се користи за повеќето од нашите производи. Специјалист за пакување и не-стандардни барања за пакување можат да го направат дополнителни трошоци.
Превозот цена зависи од начинот на кој ќе изберат да добие стока. Express е нормално најмногу најбрзиот, но, исто така, најскапиот начин. Од страна на бродскиот транспорт е најдобро решение за големи количини. Токму товарни стапки ние само може да ви даде, ако ние ги знаат сите детали на количина, тежина и начин. Ве молиме контактирајте не за повеќе информации. | fineweb-2 |
Шуклев и Николов и нивното патување како по(т)сетување на минатото
Среда, 03/07/2019
Повеќе од јасно е дека истоимените Шуклев и Николов стануваат синоним за патување низ светот со олдтајмери.
Ако минатогодишната самоoрганизирана авантура " Стојаково-Ница" започна како фантазерски потфат во кој малкумина веруваа, а заврши како реален триумф, сè може да се очекува од овогодишната "Стојаково-Пекинг". Сè нè наведува да помислиме дека ова е само почеток на една долга одисеја што секоја година ќе носи нови изненадувања. Се надеваме на тоа зашто имаме потреба од нови пионери кои создаваат волја и поттик за нешто поголемо од нашето секојдневие.
Всушност, така и се чувствуваме додека преку нивната фан-страница на фејсбук индиректно учествуваме, велејќи си: " Еве сме со вас, не ве оставаме!", односно сакаме да сме дел од овој генетски синџир кој се протега низ просторот и времето, што нè поврзува меѓусебно и кој го наследуваме од почетокот со сите можни прашања за нашето постоење. Уште на колку начини може да се открие овој свет, оваа планета, овој живот? Тандемот од Стојаково ни покажува дека и во техно-информатичкиот 21 век сеуште постојат неоткриени начини кои претставуваат неповторливо доживување.
Честопати од навика, брзина и редица на обврски и грижи забораваме што претставува едно патување, или поточно одење кон зададената цел. Шуклев и Николов сакајќи да го предизвикаат ова чувство изнаоѓаат уникатен начин кој за двајцата претставува поврзување со своите предци. За нив, чувството да се патува на начин како сопствените родители некогаш значи будење на спомени и враќање на една реалност каде сè е совршено-безгрижното детство. И самата реалност е прекрасен спој на соништа, желби и посакувања се додека не биде изобличена од заборавот за детството. Ете, Шуклев и Николов успеваат овој спомен да го продолжат, да го приближат и направат подостапен за нас. Во самиот избор на дестинацијата, возилото и начинот на кој да се реализира патувањето открива една посебна љубов и посветеност кон сопствената професија и тоа дека случајноста е доведена до минимум.
Желбата да се учествува на изложбата на олдтајмери во Ница ја раѓа идејата тоа да се направи на посебен начин пристгнувајќи таму со возило кое е повеќе од национала гордост, Рено 4. Арно ама потрагата по возилото што ќе одговара за пригодата станува невозможна мисија. Конечно по долго трагање во село Брајковци, на патот за Валандово, во гаражата на мајстор Ангел, го наоѓаат скриениот бисер. Разните преговарања имаат среќен завршеток каде самиот мајстор Ангел го предава возилото наменето за многу повисока цел во рацете на двајцата љубители. Следеле 2 месеци работа и 4000 евра потрошени за реставрирање на возилото од страна на мајстор Владо и неговиот сервисен тим. И ете Рено 4-ката е подготвено за првото пробно возење кое се прави на релација Гевгелија-Тетово и назад. По ова се отфрла секој сомнеж и довербата и надежта во возилото и замислата се комплетни.
https://www.gevgelija.biz/mk/shuklev-nikolov/shuklev-i-nikolov-i-nivnoto-patuvawe-kako-potsetuvanje-na-minatoto#sigProIda60ae9b1f8
Изборот да се присуствува на ваков настан со возило произведено од самата земја рековме не е случаен. Производството на Рено 4 кое започнува во 1961 година и трае до 1994 година, опфаќа повеќе земји меѓу кои и една од поранешната југословенска федерација-Словенија. Се раѓа како економично возило кое треба да ги задоволи потребите на што поголем број на луѓе и кое треба да функционира на разни патишта и во разни услови. Односно претставувал спој на фармерска и градска кола која би ја возеле и мажи и жени. Ова било прво возило на автомобилската куќа со погон на предните тркала и посебно внимание се посветува на амортизацијата. Иако со сиромашниот дизајн и грубата каросерија не предизвикало внимание, изненадило веднаш со својата комфорност и доверливост во управувањето. Набргу се јавува голема побарувачка и почнува да се произведува масовно, за денес да биде едно од најпопуларните и најпродаваните возила во светот. Во 1978 година по разни еволуции Рено се збогатува со моделот R4 GTL, моделот на Шуклев и Николов e TL 850 кој е продолжение на серијата, со мотор на Clèon-Fonte C1E од 1108 цм3 со 34CV. Доаѓаат и неколку естетски и практични измени како на пример подвижните задни прозорци кои дотогаш биле фиксни. Малкумина знаат дека пред да започне производството моделот доживува тригодишно тестирање од екипата на Louis Buty и со 2 милиони поминати километри во разни климатски услови ги допираат сите точки на светот. Овде се гледа длабокото познавање на автомобилската историја до страна на Шуклев и Николов кои одлучуваат возејќи, да го донесат возилото на место кое е само 200 км. оддалечено од местото каде за прв пат, пред 56 години, е претставено на јавноста. Со тоа докажуваат дека квалитетот и љубовта ги надминуваат сите временски граници. Нормално, воодушевувањето на тамошната публика било огромно, колку за гордоста на нивниот производ толку и за храброста на двајцата за ваков подвиг во денешно време. Да напоменеме дека покрај разните предвидливи проблеми постојат и непредвидли околности како срушувањето на дел од мостот Моранди во Џенова, кое ги затекнува на самото патување па мора да прават измени на планот.
По триумфалното враќање и пречекот од согрѓани, амбасадори и министри и заслужениот одмор, во 2019 година се спремаат за нов подвиг. Овој пат одлучуваат да тргнат по стапките на мајка Тереза "Од Стојаково до Индија". Еве, пак необична комбинација на нешта кои не изгледаат случајност. Ова патување би претставувало еден своевиден аџилак запознавајќи нè со личност од ова поднебје кое ги надминало секојдневните ограничувања. Дел од нашето детство се и француските комедии со инспектор Кришо каде честопати се гледаат сцени на калуѓерки во Рено 4. Можеби Шуклев и Николов сакаат повторно да ни спомнат за безгрижното минато. Заради немирите избувнати во меѓувреме помеѓу Пакистан и Индија овој проект е откажан засега. Ова не ја обесхрабрува страсната двојка, туку за брзо време наоѓаат нова дестинација-Пекинг, односно Кинескиот Ѕид.
Оваа огромна конструкција која по новите премерувања е долга 8.853 км. со висини кои варираат, е една долга серија на ѕидини во денешна Кина. Нејзиното градење започнува во 215 година пред Христа како одбранбен систем од непријателски напади и трае се до 17 век. Денес е едно од седумте модерни светски чуда. Наречена со разни имиња и изградена од разни династии сведочи за тоа што може еден народ да направи кога работи како заедница. Гледајќи ја исцртаната траекторија на патувањето и споредувајќи ја со линијата на Кинескиот Ѕид не може да се избегнат афинитетите. Во една од изјавите на Шуклев и Николов се вели дека минуваат низ места кај што има "наши". Дали ова нивно патување е и утврдување на нашите вредности и кога сме надвор од роденото место? Дали овој подвиг сака да нè разбуди нас, заспани гасеници, да создаваме материјал за одржување на ткаенината наречена знаме? Или е потсетување дека и гевгелискиот регион даде свој дел во историјата на свилата?
Како и да е умешноста на Шуклев и Николов да комбинираат минати и сегашни елементи во единствено патување постојано го скокоткаат нашето размислување. Во нив ја согледуваме романтичната идеја за откривање на нови светови, нови нешта чија кулминација ја достигнува во делата на уште еден Французин-Жил Верн, но без да се заборави дека сме и одредени личности родени под одредено поднебје, без разлика каде и да одиме. Со своето патување тие не само што откриваат туку и нè откриваат нас како народ кој навистина треба да се гордее со својот придонес во целокупната човечка историја.
Подвигот на Шуклев и Николов докажува како самостоен проект може да доживее глобален успех кога е започнат со љубов и посветеност. Ако минатата година ги фрлија основите на својата замисла, со овогодишното патување создаваат историја. Очекуваме да нè водат во многубројни авантури.
Gevgelija.Biz под слоганот "Кога локалното е малку" со гордост се приклучува на нивната замисла давајќи им целосна поддршка.
Автор В. Ѓоргиев
https://www.gevgelija.biz/mk/shuklev-nikolov/shuklev-i-nikolov-i-nivnoto-patuvawe-kako-potsetuvanje-na-minatoto#sigProId4ca53bed91
©Gevgelija.biz Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини од оваа страница НЕ е дозволено без согласност од тимот на Gevgelija.biz | fineweb-2 |
Во сабота (21 септември) Катедрата по англиски јазик на ФЈКК беше домаќин на околу 40 професори од средните училишта од Северна Македонија и Косово кои учествуваа на работилницата/семинарот по наставна методологија за англиски јазик.
Посебна гордост за катедрата беше дека двете сесии од семинарот беа водени од поранешните студенти на докторски студии на УЈИЕ д-р Алма Лама и д-р Емин Идризи. Семинарот беше продуктивен во споделувањето на добри практики и практично искуство и беше дел од напорите на Катедрата по англиски јазик да придонесе за поврзување со заедницата. | fineweb-2 |
Околу двесте навивачи на Полска се привдени денеска во градскиот парк по меѓусебната масовна тепачка, информираат од МВР за "Република". Навивачите се распоредени низ повеќе полициски станици во главниот град. МВР интервенираше се со цел да се избегне поголем несакан инцидент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. | fineweb-2 |
Би-Би-Си: Искусни ЕУ дипломати гневни поради блокадата на Северна Македонија и Албанија
Многу искусни дипломати од ЕУ се гневни по блокадата на Северна Македонија и Албанија за почеток на преговорите за членство од страна на Франција и две-три други земји членки, јави Би-Би-Си.
Според британскиот јавен радиодифузен сервис, "поразот" дојде по препораките за старт на преговорите со двете земји од Европската комисија и Европскиот парламент.
Претседателот на Еврокомисијата, Жан-Клод Јункер изјави дека "ова е голема историска грешка" и порача оти "се надева дека тоа е само привремено", додека првиот човек на Европската совет, Доналд Туск изјави дека "тоа не е пораз, туку грешка" и дека "се чувствува посрамен", наведува Би-Би-Си.
Според телевизијата, Франција била единствена земја што го блокирала почетокот на преговорите со Северна Македонија, додека Холандија и Данска му се придружиле на францускиот претседател Емануел Макрон во спротивставувањето на стартот на преговарачкиот процес со Албанија. Макрон порача дека Северна Македонија и Албанија треба да одат во пакет и дека е потребно реформирање на процесот на проширување.
– Ова е полемика за визијата. Потребна е реформа во правилата за проширување. Не треба да отвораме преговори за членство со Северна Македонија, пред Албанија, треба да има мнозинство за преговори со двете (земји) заедно. Треба да направиме повеќе да им помогнеме на тие земји да се развијат, а не само да даваме ветувања, ја пренесува Би-Би-Си изјавата на францускиот претседател на вчерашната прес-конференција.
Британскиот сервис наведува дека германската канцеларка Ангела Меркел изјавила дека постои "разочараност" од одлуката, но дека "прашањето ќе биде разгледано на самит за Западниот Балкан на почетокот на идната година". Според неа, Французите сакале процесот за проширување да биде потранспарентен.
– Има различни оценки што овие земји треба уште да направат. Некои велат тие не направиле доволно. Северна Македонија заврши прилично многу работа, изјави Меркел.
Би-Би-Си потсетува и дека еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ги обвини лидерите на ЕУ за неисполнетите ветувања кон двете земји. – Земјите членки сега треба да објаснат колку сериозно се посветени на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, изјави тој.
Италијанскиот премиер Џузепе Конте, пак, предложи преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија да се "рестартираат" во ноември, опишувајќи ја одлуката како "историска грешка", додека неговиот белгиски колега Шарл Мишел вети дека прашањето нема да биде одминато, најавувајќи дека ЕУ "ќе гледа подоцна да се наврати на оваа дебата, додава Би-Би-Си. | fineweb-2 |
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари средба со специјалниот претставник на државниот секретар на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Метју Палмер. Како што соопштија од кабинетот на претседателот, на средбата биле разменети мислења за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и САД, како и за состојбите во регионот.
"Претседателот Пендаровски истакна дека одбележувањето на 25-годишнината од воспоставувањето на билатералните односи следната година, како и очекуваното скорешно зачленување на Северна Македонија во НАТО алијансата, ќе даде дополнителен импулс за натамошно зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете пријателски држави", се вели во соопштението од претседателскиот кабинет.
Претседателот Пендаровски се заблагодарил за ратификацијата на Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО од страна на американскиот Сенат и изразил уверување дека ќе продолжи безрезервната поддршка на САД за остварување на стратешките цели на Северна Македонија. Во таа насока, Пендаровски истакнал дека за земјите од Западен Балкан не постојат други алтернативи, освен членство во Европската Унија. | fineweb-2 |
Канцеларијата за собирање и документирање на воените злосторства во Ѓаковица, на косовската полиција ѝ поднесе нови кривични пријави за наводни злосторства извршени од страна на српските сили.
Ова е 13-та серија на кривични пријави за воени злосторства, поднесени од оваа канцеларија, со што вкупниот број на досега поднесени пријави е околу 1.600.
"Случаите се различни. Од физичко малтретирање, убиства, до уништување на имот", им изјави по поднесувањето на пријавите на медиумите во Приштина, шефот на канцеларијата Шкендије Хода.
"Целта на овие пријави е да пружат помош и докази за (воените) злосторства. Гледаме дека полицијата има волја да ги користи нашите докази ", додаде таа.
Во војната во Косово, повеќе од 10.000 албански цивили беа убиени, а стотици илјади протерани. Некои од жртвите по војната беа пронајдени во скриени масовни гробници во Србија.
Како исчезнати, во Косово и денес се водат 1.600 лица, претежно Албанци, но има и Срби. | fineweb-2 |
Аргентинскиот фудбалски стратег, Жорге Сампаоли важи за еден од најхаризматичните тренери во светот.
Сампаоли е познат по своите гестикулации поред теренот, а својата најголема афирмација ја доживеа кога со репрезентацијата на Чиле ја освои Копа Америка во 2014 година.
После неуспехот со Аргентина на Мундијалот во Русија, седна на тренерското столче на славниот бразилски клуб Сантос.
На еден од последните тренинзи Сампаоли ја шокира бразилската јавност откако камерите го фатија како јаде хартија. Имено, јасно се гледа како тренерот кине лист картија, а потоа го става во уста.
— SporTV (@SporTV) October 9, 2019 | fineweb-2 |
Со тукушто-претставениот XCeed, KIA ја комплетира гамата на модели од семејството Ceed – и компактниот кросовер е одличен начин да се направи тоа.
XCeed е поставен на платформата на новиот Ceed, но единствен панел кој го делат двата автомобили се само предните врати – па тоа го прави новиот XCeed да биде скоро целосно засебен модел. XCeed е и подолг и поширок од регуларниот Ceed, а истовремено е и цели 42 милиметри поодалечен од подлогата. Тоа го прави кросовер во вистинска смисла на зборот.
Ни се допаѓа и дизајнот – пластичните заштитни панели му даваат на XCeed поробустен лик, а истовремено ќе кажеме дека XCeed изгледа подинамично од Ceed благодарение на скоро купеовската форма. На фотографиите препознаваме и редизајнирани предни и задни светла, како и целосно нови браници. Сè на сè, очекуваме XCeed да биде одлично прифатен кај купувачите.
Пред да зборуваме за кабината, ајде прво за моторите. Основен мотор ќе биде 1-литарскиот T-GDI со 120 коњски сили (кој неодамна го возевме во Ceed Black Pack). Едно скалило над него е 1.4-литарскиот T-GDI со 140 коњски сили, а на самиот врв е 1.6-литарскиот T-GDI со 204 коњски сили. Ќе се нуди и 1.6-литарскиот турбодизел – и тоа во две изведби – со 115 или 136 коњски сили.
Основниот бензинец ќе може да се добие само со мануелен менувач, додека сите други мотори ќе може да се комбинираат со мануелниот менувач или пак 7-брзински автоматски менувач со двојна спојка. Вреди да напоменеме дека следната година во понудата ќе биде додадена и лајт-хибрид верзија, како и целосен плаг-ин хибрид. XCeed ќе се нуди само со погон на предните тркала. Добива и ревидирана (и помека) суспензија која би требало дополнително да го зголеми комфорот.
Кабината е многу слична на онаа кај регуларниот Ceed, но XCeed добива можност за жолти детали на некои места, како и новиот дигитален панел со инструменти пред возачот. Ќе можете да изберете меѓу неколку различни материјали за обвивање ка ентериерот – понудата започнува со текстил, а доколку сакате можете да добиете синтетичка – или пак вистинска – кожа. Конечно, зголемен е и багажниот простор, па сега имате на располагање 426 литри во багажникот.
Важно е да напоменеме дека XCeed ќе се нуди само на Европскиот пазар. XCeed ќе се произведува во фабриката на KIA во Словачка, каде веќе се прават и другите модели од Ceed-семејството. Производството ќе започне во Август, а продажбата ќе започне во третата четвртина од оваа година. | fineweb-2 |
Асола-Фатехпур Бери е селото во кое што буквално секое дете, млад дечко, па и возрасен маж билда и води сериозно здрав живот со по минимум два тренинга на ден. Билдинг треската е настаната пред се` поради новиот тренд за станување на обезбедување во некоја од дискотеките на Њу Делхи како замена за тоа да останеш земјоделец во истото село.
Скоро никој од машката популација не пуши, пие или пак употребува било какви наркотици, туку сите се навлечени на сериозни тренинг рутини, со по два тренинга на ден составени од најразлични дигања на тегови, трактори итн, како и јога.
Најинтересен детал од целата приказна е нивната нутриција затоа што голем дел од нив водат вегетаријанска исхрана па за да накачат на маса тие внесуваат по најмалку три до четири килограми на млеко на ден, 10 до 12 банани и пола кило од други овошја, за ручек имаат по 1,5 до 2 кила урда со неколку парчиња леб и уште нешто.
Обезбедувањето како извор на парични средства сега обезбедува 90 проценти од фамилиите во селото. | fineweb-2 |
Во некој момент од животот многумина ќе ја изневерат саканата личност или ќе бидат изневерени од неа
Додека некои полесно го поднесуваат тоа, други се чувствуваат виновно. Особено ако се родени во овие 3 хороскопски знаци.
Рак
Мажите во овој хороскопски знак се створени од емоции и љубов, па ако тие (и тоа многу тешко) се случи да ве измамат, ќе се мразат себеси за тоа. Во неверството нема да уживаат и ќе жалат цел живот за тоа.
Девица
Девицата е толку практична што таа брзо ќе се запраша зошто воопшто го сторила тоа. Девиците се луѓе кои прават само исправни работи, па ако се заљубат во некој друг, тие ќе бидат фер и најпрво ќе побараат развод.
Стрелец
Само жените чувствуваат вина. Од друга страна, мажите родени во знакот на Стрелец уживаат да "шарааат". Жената Стрелец, ако го изневери партнерот, ќе се кае за тоа до крајот на животот и толку многу ќе чувствува вина што самата себеси ќе си предизвика анкциозност. | fineweb-2 |
Сподели:
Работна средба на министерот Дамјан Манчевски
Скопје, 8 ноември 2017 година
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска оствари средба со претставници на бизнис секторот, академската заедница и граѓанското општество што работат во областа на информатичкото општество.
На средбата министерот Манчевски, ги информираше присутните дека Македонија во 2018та година ќе биде домаќин на првиот Дигитален Самит за земјите од Западен Балкан.
"Заложбите на оваа Влада не се да работи сама, туку заедно со сите засегнати страни. Токму заради ова, при подготовка на концептот за лобирање Македонија да биде домаќин на првиот Дигиталниот самит, ги вклучивме и претставниците на бизнис секторот, универзитетите и граѓанските организации кои работат во областа на информатичкото општество. Нивната поддршка ни е од големо значење", истакна министерот Манчевски.
На средбата се разговараше присутните да бидат активно вклучени и во останатите фази од организација на Дигиталниот Самит. Министерот упати покана до сите останати организации и претставници кои можат да придонесат и да се вклучат во процесот на организација на Самиот. Само на тој начин Дигиталниот Самит ќе претставува позитивен пример и модел што ќе го следат и останатите земји во регионот.
"Дигиталниот самит предвидува и експо дел, каде дигиталните компаниите ќе имаат можност да ги претстават своите остварувања. Ова ќе претставува единствена можност за македонските сопственици на ИТ компании, образовни ИТ институции, иноватори и претприемачи, да ја презентираат својата работа и да остварат соработка со лидерите од оваа област во регионот, како и да го прошират својот бизнис во регионот и во ЕУ", информираше министерот Манчевски.
Министерство за информатичко општество и администрација | fineweb-2 |
Користиме колачиња за да бидеме сигурни дека ќе го добиете најдоброто искуство на нашиот веб-сајт
More info...
Овие колачиња се потребни за да овозможат функционалност на основните страници, како што е колаче за облак одблесоци што е домаќин на слики од чевли Скечер. Задолжителните колачиња автоматски се овозможуваат кога ја посетувате веб-страницата на Skechers и можеби нема да бидат исклучени преку алатката за колачиња.
The future of light up footwear arrives with the SKECHERS S Lights: Energy Lights - Lil Dazzle shoe. Shiny metallic leather upper in a lace up classic high top clean sneaker with two color light up sole effect. On/off switch on tongue. | fineweb-2 |
Циклонот Роберт ќе донесе врнежи и грмежи - следува промена на времето
По студениот фронт изминатава недела кој донесе невообичаено ниски минимални температури на воздухот кој во Беровскиот регион како и на повисоките и планинските места се спуштија под нулата ни следува нов циклон – Роберт, информира метеорологот Славчо Попоски.
Истиот уште во текот на утрешното попладне ќе услови повремени локални врнежи од дожд и тоа особено во западните и во северните предели од државава, има услови и за локална појава на грмежи. Повремени врнежи од дожд ќе има и во вторник но со тоа што атмосферата ќе биде поисполнета со енергија па така локално ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а не се исклучува можноста и за локална појава на град.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 утре и од 17 до 24 степени во вторник додека пак минималните исто така ќе бележат тенденција на пораст. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен и од јужен правец и истиот особено на југозапад ќе засилува по интензитет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа | fineweb-2 |
Министер од Данска
Реконструкцијата на Владата наиде на стотици коментари, од фалење на партиски послушници, преку ботови до хејтери и експерти. Најконтравезна одлука е смената на министерот за финансии и назначување на Зоран Заев, која се соочи со лавина негодувања и оспорувања.
Заев, сите мои очекувања, од промената на власта, ги сврте во спротивен правец. Но за прв пат, од Шарената револуција, влече потег со кој може нешто да направи. Зошто премиер за министер? Многу едноставно, бидејќи кадрите кои ги има соберено околу себе апсолутно се не компетентни за својата работа, и уште поважно немаат храброст за радикални потези. Ние сме упропастена држава веќе 30 години и ако продолжиме да функционираме по исти матрици, резултатот нема да биде променет.
За разлика од другите, јас сакам да го пофалам премиерот за смената на министерот Данска, Тевдовски. Но, останува нешто многу поопасно, сега екс министерот се враќа на местото професор на Економскиот факултет. Ќе ги учи нашите деца за работа која воопшто не ја разбира, и ќе креира научни работници, во иднина, кои нема да можат да го разберат светот на финансии.
Во својата книга "2014-та" пишувана во 2001 година, го детектирам проблемот на денешнината во финансиски и религиозен фанатизам. Првиот проблем е одлуката на американскиот претседател Никсон од 15 август 1971 година за конвертабилноста на доларот, или откажување на правилото "златен стандард" воспоставен со Бретонвудскиот договор, на крајот на Втората светска војна. Со што сме доведени до финансиски свет на шпекулации. Тој потпис го нареков креирање на монструм со ген на самоуништување. Но, да го избегнам мојот став, поради коментарите на ботовите, ќе цитирам зборови на најпознатиот словенечки филозоф, Славој Жижек, кој се осврнува кратко на оваа тема во неговата книга "Ислам, атеизмот и модерноста" во која пишува: "Главен извор на сите проблеми на денешнината е променетата улога на САД во глобалната економија. Економскиот циклус започнат во раните 70-ти години доаѓа до својот крај. Тогаш е родена монструозната машина која ја движи светската економија. Тој систем, поранешен министер на финансии на Грција, Јанис Варуфакис, го нарекува Глобален Минотаур."
Што се случило?
Одлуката на Ричард Никсон е најрадикален потег во функционирањето на капиталистичкиот систем. До крајот на 60-тите години, американското стопанство повеќе не можело да продолжи со рециклирање на вишковите во Европа и Азија, нејзините вишкови се претвориле во дефицит. Администрација на САД во 1971 година одговорила на тој пад со смел стратешки потег. Тие не го решавале дефицитот на нацијата, туку решиле да направат спротивно, да го зголемат дефицитот.
Тука се наметнало прашањето кој ќе го плати дефицитот? И како секогаш одговорот е едноставен. Ќе го плати остатокот од светот со константен пренос на капиталот кој тече помеѓу двата океана.
Или преведено со наједноставен речник, денеска светот на финансии е минско поле, и ништо повеќе.
Затоа и сметам дека Тевдовски е најлошиот избор за министер за финасии од осамостојување на Македонија. Не може да имате министер, во систем на неолиберална економија со долар како психолошка категорија, кој се обидува упропастената држава да ја развие со штедење и враќање на долговите. Кредитите ни се даваат, од едноставна причина, никогаш да не ги вратиме. Дали нашата држава е должна 100 долари или 100 милијарди долари, не постои експерт кој ќе пронајде начин, во прифатени правила на ММФ и Светската банка, да ги отплати долговите. Тоа е возможно единствено во филмовите "Невозможна мисија" со агентот Итан Хант.
Што е карактеристично за новата Влада на Македонија? Тоа се два факта. Ќе имаме премиер и министер на финансии на кој никој не може да му ја оспори храброста за влечење невообичаени потези ( без разлика дали се добри или лоши) и остатокот составен од куп медиокритети кои ниту имаат способности, а уште помалку знаење.
Во неговиот случај единствено може да направи сам да игра на се или ништо. И во таа игра најумен потег е самиот да донесува одлуки за државната каса.
И тука има две опции. Дали сака единствено да победи на следните избори и со задолжување да ги покачи платите и пензиите, без никаков економски проект и визија, или пак ќе преземе државнички стратешки план спротивен од досегашните. Останува да видиме.
Во првиот случај нема да направи ништо. Во првата варијанта ќе биде како грда девојка која направила нашминкана профилна слика на социјални мрежи.
Во второт случај има можност да се отргне од стегите на тесно партиските интереси, кои всушност и ќе го тргнат од власта на следните избори, бидејќи може да биде сигурен дека кадрите на СДСМ ќе го победат СДСМ на следните избори, никој друг, и да направи тим од странци кои ке работат на финансирање на развојните проекти, без мешање на политика.
Колумна е мал простор за изнесување на идеии од таков калибар, но може да се распраша кај советниците како се развила Германија на крајот на 19 ти век, и процесот на адаптирање на Источна Германија во една држава. Се работи за два екстремно спротивни концепти.
Но, да почекаме, на првото задолжување на државата ќе ни стане јасно дали новата стратегија на развојат, проектирана од Зоран Заев, е ефтина приказна или сериозна економска политика?
Милош Стаменковиќ
*Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.* | fineweb-2 |
Шангај Меѓународна дигитална signage технологија и апликација изложба
Совршено интерактивно искуство
Дигиталниот знак служи како интерфејс за претставување на различни содржини; Може да се стави на јавни и приватни места, како ресторан, продавница, хотел, канцеларија и др. Преку екрански терминал, Digital Signage има функции за прикажување на опрема, ослободување на информации за бизнис, економски и забавни, како и интеракција со публика.
Дигитални signage може да биде широко се користи на различни места, вклучувајќи банка, медицинска индустрија, сервис сала, синџири, хотел, лифт, изложбен центар, стадион, заедница, аеродром, железничка станица, автобуска станица, метро станица, трговски центар, мало продавница, , училиште, театар, ресторан, парк, музеј, лабораторија и сл.
Преглед на Експо
Како една од најважните компоненти на АППЕКСПО, Шангај Меѓународниот Сигнализација систем и апликација Изложба се одржа за неколку години. Без сомнение, тоа е секогаш комплетен успех во смисла на изложбената скала и бројот на изложувачи. Многу големи претпријатија присуствуваа на изложбата последователни години, вклучувајќи ги и Шангај Fengning Corporation, Шангај Joooc корпорација, Шангај Haoyee корпорација, Шенжен KTC технологија Група корпорација, Шенжен Shiyun технологија корпорација, Пекинг Tianchuang Kelin технологија корпорација и др Ние би сакале да оваа можност да Ви се заблагодариме и посакуваме сите да создадеме поголема слава!
Предности на присуство на Експо
Вреди да се спомене дека Шангај APPPEXPO заедно со Шангај Инт. Изложбата за изложба на дигитални прикази и опрема ќе се одржи во исто време во Националниот изложбен и конвенционен центар (Шангај). Како најголем светски настан за рекламни индустрии, Шангај АППЕКСПО веќе привлече професионална публика на 176,118 од повеќе земји од 100 за посета и купување. И Шангај Инт. Експозицијата за изложба на дигитални прикази ќе биде прикажана со холографска проекција, Интерактивна мултимедија, 3D дисплеј и други дигитални техники за прикажување, опрема за дигитален дисплеј и дигитален креативен екран.Тоа е да се каже, кога ќе присуствувате на Шангајскиот меѓународен дигитален систем за пријавување и изложба на апликации 2018 веќе имаат апсолутни предности на 4:
1. Одлична платформа за жив шоу;
2. Обилни ресурси на рекламодателите;
3. Богатство на рекламни компании 4A;
4. Огромна социјална и индустриска влијанија;
Една иницијатива за појас на еден појас нè води да отвориме нов свет
Промоторот Една појава на една патека иницијатива служи за рекламирање надградба и иновации. Тоа соодветно носи поволен систематски пазар на целиот индустриски синџир. За тие национални брендови, би било мудро да се оди во странство ако се бараат решенија под тековната конкуренција. APPPEXPO ќе продолжи да ја следи иницијативата One Belt One Road, да ги доведе светските производи во Кина и во меѓувреме да донесе повеќе кинески производи во светот.
Изложува профил:
Знаци | Производи за знаци | Три-визија и мулти-визуелни билборди | Нови медиуми Дигитални знаци | LCD рекламни машини | Производи од 3D | Светлосни кутии | Светлечки производи Екрани со LED дисплеј | LED / LCD телевизори итн. | fineweb-2 |
Редок е скопјанецот што не бил на Стража и што не ги јадел тамошните мекици. Ова искуство редовно се повтрорувало секоја година и беше/сеуште е еден од најсветлите (светите?) мигови во нашето искуство поврзано со годишните одмори. Штом ова искуство за скопјанецот се повторувало циклично секоја година, тогаш имаме дозвола за да го употребиме терминот традиција. Ајде да разгледаме одблизу во што се состои оваа традиција?
Панично се спремате за годишен одмор и тргнувате на пат. Ви паѓа мисла колку време ќе треба да патувате до Охрид/Струга и колку треба да се мрцварите баш на тој одреден датум во Јули. Го поминувате Гостивар и почнува патешествието. Ги искачувате младите верижни планини на Македонија! Од време на време фрлате поглед надвор гледајќи удолу во потенцијално смртоносните Мавровски провалии. Ви се затнуваат ушите и се концентрирате на бескрајната нота од брмчењето на моторот подесен во брзина за искачување на угорнини. Во оној миг кога помислувате дека ова искачување нема крај, пред вас се отвора една мала чистинка и сфаќате дека возилата од спротивната лента исто така доаѓаат од некаква угорнина. Вие сте на Стража, а на Стража (ако не патите од кинетозис) обавезно ве чека мекица (нема друго) обвиткана во бакалска хартија на која со масло е оцртана дланката на продавачот. Си помислувате дека заситени липиди во комбинација со пладневно јулско сонце на планински превој и не е така добра идеја. Сепак, загризувате. Топлината и мекоста на тестото ги освестува заспаните сетила во вашата збумбарена глава и пред очите почнува да ви се појавува различна текстура. Напливот на нутриенти комбинирани со недостатокот на вообичаената доза на кислород на која сте навикнати ве тераат да си кажете: "Животот е блажен". Влегувате назад во автомобилот и како што тој лизга по удолнината така и вам ви навираат чувства на леснотија. Од тој миг започнува вашиот годишен одмор.
Имајќи го ова предвид, сметам дека традицијата поврзана со Стража не се наоѓа во рецептот на мекиците туку во самото искуство на јадење мекици. Ова е значајна и клучна разлика врз која ќе го градам текстот понатаму.
Дури лани имав можност да го посетам Охрид после прилично долго време и бев затекнат со новиот имиџ на ресторанот на Стража. Сега местото имаше свој концепт и тој концепт беше прилично брендиран тргнувајќи од буквалното (но супер-успешно) име, до брендираните чаши за кафе, униформите на вработените се до новиот мебел и новото уредување на просторот. Наспроти претходната слика, Стража делуваше многу урбано.
Желбата за урбаност се преточи и во идејата на двајцата браќа Игор и Војо Николовски да отворат ресторан и во Скопје. Првичните гласини беа дека ќе се отвори во Дебар Маало, но видовме дека добивме ресторан ни помалку ни повеќе на една од најурбаните локации во Скопје – Рекорд. Овде почнува првата тешкотија за овој бизнис затоа што една неизбежно рурална приказна преку ноќ се реинтерпретира како ултра-урбана.
Самиот ресторан гостите ги пречекува со една огромна и застрашувачка настрешница. Целиот ресторан кон надворешноста е отворен со стакло и внатре може да се забележат префинтетиот мебел и фината завршница на материјалите со кои се работело (читај кеш). Доминантните нијанси варираат од сиво кон црно и крем. Сето ова ме наведува да мислам дека преку двата ресторани се раскажува нечија приказна за масивност и мегаломанство. Дали таа е на некој од сопствениците или пак на некој со главен збор во архитектонскиот тим, од оваа дистанца тешко е да се каже. Во секој случај, имам впечаток дека и двата ресторани се проектирани и дизајнирани за мажи. Внатре може без проблем да закачиме глава од некој елен и не би сметало значително на ентериерот.
Ресторанот е поделен на два дела. Во едниот се сместени влезот и касите а во другиот се лоцирани масите и седиштата распоредени на две нивоа кои искрено делуваат клаустрофобично. Местото е сеуште прилично посетувано и требаше да чекам околу 5 минути за да дојдам на ред (во вторник, во 22 часот). Додека чекав неизбежно беше да се забележи буквата N. Оваа буква N важи за како што сакаат да се нарекуваат "најексклузивното кафе во светот" – Nespresso. Нарачав една пирошка со шунка и кашкавал (која претходно требаше да се загрее) и едно еспресо капучино (?) од 90 денари. Ме услужуваше еден не-многу-брз средовечен господин така што имав уште време да разгледам околу шанкот и касите. Забележав дека асортиманот на производи е читко обележан на полиците на кои што освен мекиците и пирошките имаше проја, панцероти, пици (?) и некакви пити. Во фрижидерот пред мене се наоѓаше чизкејк (?) од 130 ден а под него некаков вид на пехарчиња со логото на ресторанот. Господинот ми рече со несигурност дека еспресо капучиното е мало и јас кимнав со главата. Извади убаво дрвено послужавниче и ми го послужи кафето заедно со стоплената пирошка.
Се упатив кон моето место и седнав на една од столиците во ретро стил (мекиците сами по себе се ретро па не знам зошто е потребен овој ретро потег во овој ултра модерен простор #retroception). Штом го поставив послужавникот на масата со иста боја си реков на себеси: "Чизкејк?! Што се случи со питата од тиква, парената торта или баклавата?". Почнав да јадам од пирошката и бев пријатно изненаден дека е истата како што ја памтам од детството – со истиот вкус на кашкавал и истиот вкус на масло. Морав да ги избришам прстите од една од белите салфети за да го разгледам буклетот (?) на Неспресо што беше поставен на масата. Го отворив и ми се појавија некои дијаграми… Некаков координатен систем кој го протолкував на следниот начин:
Стигнав до страната каде се опишани кафињата:
Капричо – Богато и впечатливо
Мешавина од јужноамериканска арабика со тинта на робуста, Капричо е еспресо со богата арома врз која доминира карактеристична нота на цереалии.
Паралелно ми се мота поинаква лента во главата:
Мекица – од времето.
Тесто од сол брашно шеќер што, кога беше мал, баба ти ја праеше. Најубаво иде со сирење и јогурт.
Разликата во речникот а со тоа и световите е огромна. Се наоѓам во локал каде истовремено се продава јогурт и јужноамериканска арабика со тинта на робуста!
Почнува да ми станува јасно дека женидбата меѓу овие два бренда е многу несреќна. На едната страна имаме фамилијарен бизнис со корени во македонската култура и традиција, поврзан кон домашното и од другата страна имаме глобална корпорација која пласира линија од своите производи наменета за префинетиот потрошувач. Се вртам околу себе и сфаќам дека просторот е целосно декориран со фотографии од кафе и се прашувам дали сопствениците ја изгубиле битката во преговорите со големите ајкули од Нескафе и дали се воопшто свесни за тоа? Постои и друга варијанта каде сопствениците се директно поврзани со овој бренд па го користат ресторанот за промоција и на двете приказни…
Седејќи во неудобниот, но сепак стилски стол се прашував како ќе изгледа овој ресторан на пролет кога пред него ќе бидат начичкани маси како во слагалица. Дали навистина секојдневна гледка кон масите ќе биде фамилијата што доаѓа надвор од градот во посета на некоја роднина во Клинички, со сиренце и мекици во рацете или пак две јаки фуфи кои пијат кафиња од 150 денари со тинта на јасмин и смело буке на темјан што се произведува во Јордан? Или пак фуфите ќе бидат оние со измрсени цвикери и размачкана пудра од мекиците, а фамилијата ќе биде онаа што ќе се прави дека се е кул и ќе глуми дека не се освестува од што ја снашло на каса дур нарачувала две голтки кафе?
Без разлика на што ќе се случува со клиентите на ресторанот, сметам дека овие мекици нема да бидат исти како оние на Стража. Како што реков на почетокот, магијата на брендот се состои во искуството на јадење на мекици на едно некарактеристично место, во едни некарактеристични услови. Она што сопствениците го прават преку овој ресторан не е само конформирањето на искуството (како и во било кој фаст фуд ресторан) туку и дополнително ја замаглуваат сликата со тоа што решиле да стапат во партнерство со еден бренд кој има дијаметрално спротивни вредности. Во потрага по максимално урбана приказна, сопствениците ги пропуштаат останатите можности што им ги нуди Скопје во однос на локациската поставеност на ресторанот како Милениумскиот Крст, идниот комплекс кај Св.Пантелејмон или пак во Градскиот парк. Во урбани услови овој ресторан сметам дека повеќе би функционирал како локација со мала квадратура, без места за седење или како drive-trough со работно време од 24 часа. Овие алтернативни концепти не само што би го збогатиле искуството од Стража, туку исто така би го одглавиле бизнисот од самопоставената стапица – лоцирање на традицијата во самиот рецепт кој искрено и не се разликува значително од она што може да го направиме самите дома.
Она што е најжално во целата приказна е што ресторанот во кујна навистина има вработено дел од локалниот персонал (делиме исти влез каде што одам да учам јазик) но, овој персонал најверојатно не може ни да го прочита слоганот на логото кое што самиот го носи – since 1942 recipe. | fineweb-2 |
По распламтувањето на кризата на релацијата Турција – Сирија, германски "Фолксваген" ја стави на мраз својата одлука за изградба на нова фабрика кај Измир, Турција, вредна повеќе од една милијарда евра.
Иако е веројатно јасно дека кризата не би требало да трае долго и оти работите би требало да се вратат на своето место, сепак, сите оние што најмногу беа заинтересирани за фабриката на "Фолксваген", веднаш почнаа да лицитираат и да нудат зголемување на поволностите што му се нудат на германскиот производител на автомобили.
Првин почна Бугарија, па Србија, Романија, а сега такви најави стигнуваат и од Хрватска. Според онаа балканската – додека на еден не му се стемни, на друг не му се разденува. | fineweb-2 |
Герила акција во центарот на главниот град на државава по најавата на Град Скопје за проширување на улицата Даме Груев за уште 2 ленти за автомобили.
Ова доаѓа под закана од сечење се 20-тина возрасни дрвја од еден од најубавите дрвореди во центарот на градот!
"Овие дрвја ќе бидат исечени за проширување на улицата со уште две ленти за автомобили", стои на листовите залепени на дрворедот по улицата "Даме Груев" во центарот на Скопје. | fineweb-2 |
Да се пишува за музиката е како да се танцува за архитектурата. Вака одеше еден џингл на музичкото радио Канал 103 во деведесеттите. Да се пишува за музиката на Dead Can Dance е како да се соочиш со тежината на сите убавини на вселената и нив да ги преточиш во збор. А нашиот мозок и дух се толку мали и сиромашни. Оттука и стравот за пишувањето на оваа рецензија за концертот на Dead Can Dance кој се одржа на 28 јуни во Белград.
Веќе 30 години посетувам концерти ширум светот, а последните 15 години често пати пишувам и репортажи за нив. Безмалку сум ги видел и слушал сите најзначајни бендови и автори во оваа уметност. Но, првпат ми се случува да имам таква стравопочит за да напишам како помина еден концерт.
Dead Can Dance во Белград беше моето прво среќавање во живо со нив. Не знаев што да очекувам. Знаев само дека на оваа турнеја изведуваат теми од сите нивни музички фази, а гледајќи ја сет листата на претходните концерти задоволно се насмевнував заради изборот на неколку од моите лични фаворити.
Удобно сместен во еден од последните редови на Сава Центар, опкружен со фанови од целиот регион (мислам дека ние од Македонија заедно со хрватите бевме најбројни "страни посетиоци") ја слушам една позната белградска радио водителка која седеше до мене, како им вели на повеќето пријатели кои застануваа да ја поздрават – "Шта има ново? Па ето, јуче се развела од мужа да могу на миру да одгледам Dead Can Dance".
И тоа беше последното земско што го чув, последното што доаѓаше од овој нам познат свет. После тоа излегоа Lisa Gerard и Brendon Perry, ги пуштија нивните гласови и магичното патување низ светот, вселената и низ нашите чувства, од кои некои за прв пат ги откривавме, започна. А отварањето не можеше да биде повеќе симболично отколку со Anywhere out of the world.
Кога Brendon пее, вие знаете дека вам ви се обраќа некој кој ги знае сите чувства, тајни и помалку тајни. Кога тој ќе каже плаво, вие почнувате да гледате плава боја, кога ќе каже сенки, пред вас се материјализираат сенки. Кога ќе викне Love, вие се возбудувате и почнувате слатко да треперите, а оние посентименталните може и да заплачат. Xavier ја испеа како да ни раскажува бајка, а Amnesia, која е точна вивисекција на човековата колективна заборавеност и повторување на грешките, ја испеа на еден таков смирувачки начин, како за тоа да нема лек и треба да се помириме.
Неговиот длабок, сугестивен и моќен вокал, како да е пратен од некого за да не потсети дека оваа планета е убава, но и дека не сме сами, дека сите можеме да се споиме на некое нематеријално ниво. Таму, каде што националностите не постојат. А онаа блага меланхолија во некои од неговите песни како да е светилник кон самите себе.
Кога Lisa Gerard пее, околу нас летаат самовили и ангели. Патувавме до Африка, па не врати на Балканот. При изведбата на Bylar се случи колективно ежење, а веќе во следниот миг на Yulunga и пред се на Dance of the Bacchates, посакавме да танцуваме.
При секоја нова изведба пред нас се отвораше нов универзум. Знаевме дека се случува нешто несекојдневно, па оттука и повременото чувство на понизност или маленкост кога се наоѓате пред очите на оваа дружина која себе се нарекува Смртта може да танцува.
И, ако Аполон, грчкиот и римскиот бог на музиката, танцот, драмата и поезијата навистина постоел, тогаш дефинитивно Dead Can Dance се неговите директни потомци и денешни месии.
фото Hristina Panić
Но, Dead Can Dance не се само музичка големина. Се повеќе сум сигурен дека тие ја избрале музиката само како јазик преку кој ни ги соопштуваат најголемите тајни, како да знаат некои нешта кои ние не ги знаеме, но и отворено ни кажуваат за сето она за кое ние само шепотиме. Во исто време нивната музика е најдобрата психотерапија, и затоа втората половина од концертот го поминав лежејки на столот. Душевно целосно разголен, препуштен на нејзината езотерична моќ која на мистичен начин ми ги одзема сите грижи, немири и болки.
Истото чувство го имам и ова белградско сончево утро, зелепен пред компјутерот додека го пишувам овој текст. Исцелен, мирен и среќен.
Ја мислам и онаа белградска радио водителка. Дали утрово се вратила кај нејзиниот сопруг или и таа после синоќешната психотерапија си го продолжила животот во безгрижност, мир и со чисто срце. Скришум насмевнувајќи се на сознанието дека и смртта може да танцува. | fineweb-2 |
Голермо изненадување се случи во саботата во западниот дел од Австралија, поточно во Перт, а уште поточно, во RAC арената на концертот на групата Florence And The Machine. На средината на концертот, сосема неочекувана Florence Welch за прв пат ја претстави "Moderation", сосема нова песна со изразит "guitar jam". Во моментов, Florence And The Machine е на турнеја низ Австралија каде што го промовираат најновиот албум "High As Hope", кој што слушателите на Радио Браво имаа можност да го слушнат во емисијата Album Of The Week на 18-ти јули, минатава година. | fineweb-2 |
Малку фалеше за Елмас, да биде херој на вечерашниот натпревар на Наполи. Играше половина час и тие минути му беа доволни за да докаже што знае "малиот".
Дефинитивно ја имаше најдобрата шанса на мечот кога испрати удар со глава кон голот на гостите, но голманот го запре неговиот шут.
Elif Elmas atıyordu kaleci uzadı radu uzadı pezevenk pic.twitter.com/nZuolmhEzQ
— Alvaro (@Alvarotuncay) November 9, 2019 | fineweb-2 |
Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп која е и негова советничка во Белата куќа, е под истрага на ФБИ поради сомнителен договор направен за хотел во Канада за кој се смета дека има елементи на злоупотреба на службената положба.
Станува збор за хотел отворен во Ванкувер со брендот на организацијата Трамп кој е изграден во 2017 година непосредно откако Доналд Трамп ја презеде претседателската функција. Хотелот е инвестиција на малезискиот тајкун Џо Ким Тиа кој исто така лиценцирал спа центар наречен "Иванка Спа" како дел од договорот за лиценцирање и маркетинг.
Контра-разузнавачкото одделение на ФБИ ја истражува Иванка за можна поврзаност со влијание на странски сили преку бизнис договорот за добивање на политичко влијание во Белата куќа.
Во јуни 2017 година од Трамп организацијата соопштија дека од овој договор заработиле 5 милиони долари за лиценци и 20 илјади долари за менаџерски услуги. Тие не го поседуваат директно посочениот хотел туку групацијата Holborn која ја води бизнисменот Тиа, а вложени се вкупно 360 милиони долари | fineweb-2 |
Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите посебно при движење во планинските предели повеќе да се внимава поради дождовите и промената на условите за сообраќај. Со оглед дека коловозите се влажни и лизгави, што се должи и на правта наталожена на истите од долготрајниот сушен период, неопходна е максимална внимателност, особено во доцните вечерни и раните утрински часови, кога на одредени места има и магла и кога се присутни пониски температури од дневните, велат од СВР Тетово.
Секторот за внатрешни работи Тетово апелира да возачите да ја прилагодат брзината на возилата според условите на патот и посебно оние кои се движат кон Стража, Маврово, Попова Шапка или по долината на Радика, каде се можни и одрони од камења. На возачите им се советува, исто така, редовно да ја провeруваат техничката исправност на возилата и пред се на сопирачките и уредите за управување, да не престигнуваат на непрегледни места и да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол, без положен возачки испит или без придружник, доколку станува збор за возачи-почетници.
Полицијата потсетува и дека продолжуваат секојдневните контролни активности на подрачјето како и дека законски ќе ги санкционира сите прекршоци со мандатни или други поднесоци, зависно од видот на констатираниот прекршок. | fineweb-2 |
Земјоделските задруги предлагаат поголема поддршка за својот развој и опстанок по најавата за укинување на законот за земјоделски задруги и префрлање на одредбите во други закони.
Струмичката задруга "Вегефреш" предлага унапредување наместо укинување.
Македонската асоцијација на земјоделски задруги смета дека законите и обидите за задругарство во државата не го дале очекуваниот ефект.
Во Струмица денеска се разгледуваа нацртите на новите законски одредби кои би требало да влезат во рамки на законот за земјоделство и рурален развој и законот за кооперативи. | fineweb-2 |
Анализата на новинските сајтови покажува дека Интернет е полн со лошо дизајнирани весници и медиуми. Најголема причина за ова се рекламите кои се појавуваат на секоја страна, па конечна жртва на монетаризацијата не е само дизајнот, туку и брзината, вели Monday Note. Сајтовите кои треба да пренесуваат информации, и за да се појават повисоко во листата на Google за корисниците да имаат подобар пристап до содржината, ги принудуваат девелоперите постојано да додаваат нови гаџети.
"Често овие направи се користат за да се скријат професионаланите недостатоци кои се од неспособност да се смисли добар начин на рекламирање кој нема да биде одбиен од корисниците, систем на кој нема да има потреба да кликаат, па се до добри стаии кои самите природно ќе пронајдат начин да стигнат до корисниците без дополнителна стимулација".
Најголемиот дел од сајтовите денес се преполни со дополнителни информации, ленти со други вести одстрана, реклами, линкови. Се ова дополнително го зголемува габаритот и содржината која треба да се преземе, а сепак во центарот на ова е статија од 1.500 до 2000 збора и високо-квалитетни слики за чие отварање се потребни само неколку секунди. Како пример за отворање на New York Times се потребни 4 секунди, а за отворање на статија на Wikipedia само 983 милисекунди, вели авторот на постот, Фредери Филу.
Креирањето на робусни и неприлагодени веб сајтови прави ситацијата со мобилните платформи да биде уште полоша отколку на десктоп. Квалитетот на прелистувачите за овие уреди вообичаено е полош од оние на десктоп, а рекламите на мобилна платформа прават ужас. Можеби ова е причинта поради која Facebook се одлучи да креира сопствена платформа на која корисниците ќе можат набрзина да ги отвораат страните. По овој пример тргна и Apple и преку Apple News креаторите на содржини можат да ги објавуваат на оваа платформа, но покрај дел од подобрувањата проблемите со гломазните реклами остануваат.
Но дали навистина е важно какво е корисничкото искуство на мобилна платформа? Да. Kористењето на мобилниот интернет расте далеку побзо отколку десктоп, и се е поголем бројот на корисници кои пристапуваат од мобилна платформа. Затоа не е изненадување определбата на се поголем број девелопери и технички компании за кои важи правилото – мобилното прво. | fineweb-2 |
Тирено-Адријатико 2015 — 50. издание на велосипедската етапна трка Тирено-Адријатико. Се одржала од 11 до 17 март и била трета трка во сезоната на Светската турнеја.[1][2] Трката била една од најважните трки во првиот дел на велосипедската сезона и била користена од возачите за подготовка на големите трки и на класиците.
Рутата на изданието во 2015 година започнувала и завршувала со индивидуален хронометар, еден од нив пренаменет, откако првично бил замислен како екипен хронометар, но изменето пред започнување на трката. Помеѓу нив, трката се состоела од две етапи погодни за спринтерите, една за експлозивните возачи и две за искачувачите. Клучната етапа на трката била петтата етапа, која завршувала на врвот МОнте Терминило. Бранителот на титулата од 2014 година бил Алберто Контадор (Тинкоф-Саксо), кој се очекувало да биде предизвикан од најсилните етапни возачи, Наиро Кинтана (Мовистар Тим), Винченцо Нибали (Астана) и Крис Фрум (Тим Скај). Меѓутоа, Фрум се повлекол кратко пред трката.
Првиот индивидуален хронометар бил освоен од Адријано Малори (Мовистар Тим), кој го одржувал водството на првите две етапи. Грег ван Авермет (БМЦ Рејсинг Тим) и Ваут Пулс (Тим Скај) ги освоиле следните две етапи, секој преземајќи го водството на трката на еден ден. Кралската етапа до Монте Терминило била освоена од Кинтана, кој го преземал водството и успеал да го зачува до крајот на трката. Бауке Молема (Трек Фактори Рејсинг) завршил втор, 18 секунди зад Кинтана, а Ригоберто Уран (Етикс-Квик Степ) на третото место.
Петер Саган (Тинкоф-Саксо) го освоил бодовниот пласман, откако победил на една етапа и завршил помеѓу првите десет на три други. Планинскиот пласман бил освоен од Карлос Кинтеро (Колумбија), додека Наиро Кинтана го освоил и пласманот и млад возач, покрај генералниот пласман.
Имало четири главни пласмани на Тирено-Адтијатико 2015. Првиот и најважниот од сите бил генералниот пласман. Бил пресметуван со додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа. Временските бонуси биле доделувани на првите тројца на целта на друмските етапи (етапите од 2 до 6): етапниот победник добивал десет секунди, вториот шест и третиот четири секунди. Овие секунди биле доделувани и на првите тројца возачи на средните спринтови (три секунди за победникот на спринтот, две секунди за вториот возач и една секунда за третиот). Предводникот на генералниот пласман ја добивал сината маичка, а победникот на пласманот бил сметан за победник на целата трка.
Вториот пласман бил бодовниот. На секоја етапа на трката, бодовите биле доделувани на првите десет возачи. Победникот добивал 12 бода, вториот возач добивал 10 бода, третиот 8 бода и по еден бод помалку до еден бод за десеттиот возач. Бодовите биле доделувани и за првите четворица возачи на средните спринтови, пет бода за победникот на спринтот и три, два и еден бод за возачите на второто, третото и четвртото место, соодветно. Првично било планирано дека нема да има бодови на првата етапа, бидејќи ќе била екипен хронометар. Меѓутоа, откако била променета во индивидуален хронометар биле доделени бодови на етапата во ист сооднос како за средниот спринт. Победникот на бодовниот пласман ја добивал црвената маичка.[6]
Третиот пласман бил планинскиот пласман. На секоја од друмските етапи имало категоризирани искачувања. Првите возачи на врвот на искачувањето добивале бодови во планинскиот пласман. На повеќето искачувања, првите четворица возачи освојувале бодови, по пет, три, два и еден бод соодветно. Повеќе бодови се добивале на двете најтешки искачувања на трката. Ова биле на врвот Монте Терминило на петтата етапа и Поџо Сан Ромуалдо на четвртата етапа. На овие искачувања, победникот добил 15 бода во пласманот, а дополнително уште шест возачи добиле бодови. Возачот со најмногу бодови ја добивал зелената маичка.
Последен пласман бил пласманот за млад возач. Овој бил заснован на пресметката на генералниот пласман: највисокиот пласиран возач роден на и по 1 јануари 1990 година бил предводник на пласманот и ја добивал белата маичка. | fineweb-2 |
Снег проследен со молњи и грмежи ги изненади вечерта во саботата жителите на рускиот главен град. Снимките покажуваат надреална комбинација од светлина, темнина и молњи.
Снимките кои Московјаните ги објавија на социјалните мрежи покажуваат силна снежна бура здружена со повремено блескотење на молњи и грмежи.
Бура со грмежи е вистинска реткост во текот на зимските месеци во Москва. Ова е дури деветто вакво невреме во последните 50 години, а последен пат е забележано во февруари 2015 година.
"Ова е вистински пекол", напиша еден од корисниците на "Инстаграм", коментирајќи ги го она што се случува пред неговиот прозорец.
View this post on Instagram
Разряд молнии попал на видео. Уникальное явление произошло сегодня в Москве, в Крещенскую ночь. Внезапно пошёл сильный снегопад, трижды сверкала молния и раздавался гром. Настоящее Богоявление. Вот только к добру ли? С Праздником, дорогие мои! Храни вас Бог. #Богоявление #Крещение #КрещенскаяНочь #молния #ГрозаЗимой #гроза #storm #Крещение2019 #необычноеявление
В ночь на 19 января в Москве во время снегопада и метели произошла гроза с молниями и раскатами грома. pic.twitter.com/peKV9oL3O5— Телемастер Игорь (@Telemaster68) 19 January 2019
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот. | fineweb-2 |
Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули денеска на прес-конференција рече дека со Планот за чист воздух, како еден од врвните приоритети, Владата на неколку од последните седници донела низа мерки и дополнувања за поефикасни резултати во справувањето со ова прашање.
Односно, донесена е одлука за пренамена на средствата од Планот со цел да се замени системот на затоплување во болницата во Струмица од нафта на гас.
"Со тоа, се дозаокружи имплементацијата на првиот План за чист воздух во вредност од 2 милиони евра", рече Макрадули.
Исто така, тој рече дека за замена на опрема на нееколошки системи за греење во домаќинства, градинки, основни и средни училишта, здравствени објекти и административни објекти, се прифатиле апликациите на сите 19 општини кои аплицираа, без разлика дали има мерна станица или не.
"Во рамки на општините, ќе се распределат средства и објекти. Во 16 општини ќе бидат поддржани проекти за енергетската ефикасност. Во 8 општини, вклучително и о Градот Скопје се определени средства за нови површини со урбано зеленило. Обезбедени се средства за пречистувачи 34 училишта. Исто така, филтри за компаниите", рече Макрадули.
Тврди дека ова се само дел од активностите што Влада ги реализираат, а покрај тоа, секоја институција влегува во постапки за замена на неефикасните извори на затоплување.
"Како пример, дозволете да го нагласам почетокот на процедурата во МВР кое покрена постапка во две полициски станици, во Струмица и во Кочани, греењето на нафта да се замени со гас, односно со помош на термални пумпи. МЕПСО во рамки на своите ингеренции донесе Одлука за поддршка на Планот за чист воздух 2019 и издвои средства со кои ќе биде заменето затоплувањето во една градника во општина Центар од нафта на електрична енергија. Покрај јавните институции (градинки, училишта и здравствени установи), како Влада имаме уште една битна компонента во имплементацијата на Планот, а тоа се домаќинствата кои користат огревно дрво за затоплување", рече Макрадули.
Заменик-министерот најави дека во општините на Градот Скопје, Тетово, Битола и Кичево ќе започнат со доделување средства за целосна замена на печките на дрва со високо ефикасни инвертер клими. Граѓаните во зоните каде загадувањето е најголемо (зони со ниски емисии), согласно закон, вели тој, ќе можат да набават инвертер клими.
"Сакам да напоменам дека споредбено трошоците за инвертер клими се помали од оние кои е се потребни за греење со дрва. Вкупни годишни трошоци за греење на површина од 60 м2, за инвертер клима е 11.734, за дрва – 18.586, а за нафта за домаќинство – 43.038 денари. Греењето со инвертер клими е еден од најеколошките начини на греење и, согласно сегашните цени, и најекономично. Освен тоа, покрај загревањето во зимскиот период, инвертер климите во летните месеци ќе ги ладат домовите на граѓаните", нагласи тој на прес-конференцијата. | fineweb-2 |
Како што победата на републиканецот Доналд Трамп станува реалност, соросоидните испостави во Македонија кои вечерва гордо очекуваа победа на Хилари Клинтон во друштво на амбасадорот на САД во еден скопски хотел, почнаа и паничните крици
На порталчето на Геро осамна текст со вознемирувачки повик за помош на Хилари Клинтон кој гласеше "Хилари е во неволја, Њујорк Тајм предвидува победа".
Ваквата реакција на соросоидите е очекувана, ако имаме во предвид дека токму левичарската гарнитура, која досега владееше со САД помогната од "филантропот" Сорос, заминува во историјата на светската политика.
Од денес, натаму значително потешко ќе се одвива финансирањето на проекти за организирање на преврати и обоени револуции, традиционално спонзорирани од Сорос и владината УСАИД. | fineweb-2 |
Фото: Pexels
Основна причина поради која што потенцијалните купувачи не се одлучуваат за купување е што не можат во потполност да разберат како тоа што вие го продавате би можело да им користи. Токму затоа најважно е како ќе го презентирате производот. Најдобар начин за да ја постигнете целта е да го користите добро познатиот метод на презентација "покажи, кажи и прашај ".
Покажи
На почетокот на презентацијата, покажете го производот на потенцијалниот купувач, објаснувајќи му и демонстрирајќи му како функционира. Важно е во оваа почетна фаза да го вклучите потрошувачот во самиот процес. На пример, замолете го да направи нешто, лично да проба од производот или да ви помогне при пресметување колку пари би заштетил доколку се одлучи да го купи она што вие го нудите.
Кажи
Следно што треба да направите е да се фокусирате на едукативниот дел – објаснете ги придобивките од користење на производот/услугата. Не заборавајте да користите приказни од задоволни клиенти, статистички податоци и резултати од истражувања што одат во полза на она што сакате да го продадете. Користењето на визуелни помагала е клучно во оваа фаза.
Прашај
Во последната фаза за максимален ефект на презентацијата, важно е редовно да правите паузи за да добиете повратна информација за она што сте го зборувале до тој момент. Не само на крајот, туку и во текот на целиот процес, стремете се постојано да ги вклучувате потрошувачите, повикувајќи ги да дадат свои коментари и мислења.
За крај, не обидувајте се да влијаете или да убедувате на било кој начин. Поставувајте прашања и внимателно слушајте ги нивните одговори. Поставете се како консултант и лице кое помага, а не како трговец. Продажбата ќе биде неизбежна. | fineweb-2 |
Заев молчи и крие од јавноста каде завршила Луј Витон чантата со милионската сума од рекет
Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Костадин Костадинов
Зоран Заев молчи и крие од јавноста каде завршила Луј Витон чантата со милионската сума од рекет.
Јавноста чека одговор, дали милионот од рекет завршил на "Илинденска" и со тоа е финансирана кампањата на Стево Пендаровски!?
ЈО, под контрола на Заев молчи и за случајот "Рекет 2", исто како што молчи и за "Рекет".Молчат затоа што знаат дека ако истрагата се реализира до крај таа ќе стигне до Зоран Заев – главата на октоподот.
Граѓаните мора да знаат зошто правосудните институции го штитат премиерот и зошто тој уште не е повикан на распит.Граѓаните очекуваат Заев да биде енднаков пред законите, како и секој еден друг граѓанин на Република Македонија.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ | fineweb-2 |
Subsets and Splits