text
stringlengths 205
626k
| source
stringclasses 1
value |
---|---|
Американскиот заменик-претседател Џо Бајден соопшти дека неговиот син Бо починал од рак на мозокот. Во соопштението на Белата куќа се наведува дека "целото семејство Бајден е тажно, но дека духот на Бо ќе живее со нив".
Бо Бајден бил Јавен обвинител, а потоа работел во адвокатска канцеларија, тој служел и во Ирак како капетан на Националната гарда. Синот на Бајден се здобил со мозочен удар во 2010, а минатата година бил подложен на третман против рак во медицински центар во Тексас. | fineweb-2 |
Обвинителството на Хашкиот трибунал денеска најави дека ќе поднесе жалба на пресудата со која лидерот на српските радикали Воислав Шешељ е ослободен од сите обвиненија за воени злосторства извршени во Хрватска и БиХ за време на воените судири и за протерување на Хрватите од Војводина.
Во најавата на жалбата, Обвинителството побарало пред се одобрување на жалбата, менување на пресудата и Шешељ да биде прогласен за виновен или пресудата да се укине целосно и да се побара повторување на судскиот процес.
Обвинителството смета дека првостепениот совет не донел правилна одлука, бидејќи немал добри причини за своите заклучоци, не ги прифатил аргументите и доказите на обвинителството, но и затоа што погрешно ја оценил фактичката состојба утврдена за време на судењето.
Хашкиот трибунал на 31 март изрече ослободителна пресуда за Шешељ во однос на сите девет точки од обвинението, кое го товари дека преку говор на омраза ги поттикнувал и поддржувал воените злосторства во Хрватска и БиХ.
Обвинителството бараше лидерот на српските радикали да биде осуден на казна од 28 години затвор. | fineweb-2 |
Создадено на 31.01.2017 13:11
Од вчера, цената на влезниците е 450 денари и истата ќе остане до денот на журката...Chris Bekker пред, Галоски по...Пол Ван Дајк!
Само 3 дена не делат од настапот на германскиот Суперстар диџеј, Пол Ван Дајк во македонската метропола. На 3 февруари, петок, Метрополис арената во Скопје ќе бдие место каде што Пол Ван Дајк ќе ги донесе новите звуци на The politics of dancing 3.
Журката е предвидена да започне во 21.00 и да трае до раните утрински часови. Освен новиот албум на кој што работеше изминатиов перидо, Пол Ван Дајк ќе ги донесе и своите најголеми хитови по кои што го препознава светот.
По несреќата која што се случи минатата година а во која Пол Ван Дајк многу незгодно падна од сцена и беше на долго и макотрпно опоравување, ова е негов прв настап во овој дел од Европа. Во деновите по несреќата Пол Ван Дајк во едно интервју рече дека едноставно имал среќа затоа што и денес е жив. И денес, месеци по повредата овој Суперстар диџеј, на себе сеуште чувствува последици од падот, но вели дека тоа нема да го спречи, на македонската публика да и приреди уште еден настап за паметење.
Влезниците за неколкучасовниот сет на Пол Ван Дајк можете да ги обезбедите преку продажната мрежа на купикарти за се, Розе Веро 2, Пола Југотон и Југотон Рекордс.
По настапот на Пол Ван Дајк, журката ќе продолжи со македонскиот диџеј кој што чекори кон светот. Галоски е 25 годишниот диџеј и продуцент кој има потпишано изданија за издавачката куќа на Nicky Romero - Protocol Recordings, Flamingo Recordings на Fedde Le Grand, Armada на Armin van Buuren и има поддршка од светски познатите диџеи како David Guetta, Avicii, Hardwell, Nicky Romero, Afrojack и др. Овој петок ќе ја има честа да ја затвори ноќта во Метрополис арена каде што настапува заедно со музичката икона пол Ван Дајк.
Пред Пол Ван Дајк пак, честа да ја отвори журката ќе му припадне на Chris Bekker, диџејот кој што функционира и работи во центарот на електронската берлинска сцена а е под капата на продукција на Пол Ван Дајк.
450 денари за тројца врвни диџеи од кои што едниот неколкупати досега го понел епитетот најдобриот диџеј во светот. | fineweb-2 |
Пивото во Македонија поскапе за 10 проценти а до крајот на месецов се очекуваат и повисоки цени за цигарите. Поскапувањето е резултат од промените на акцизите за алкохолните пијалоци. За литар пиво акцизата е зголемена од три на четири денари а за другите алкохолни пијалоци од 300 на 340 денари за литар, јавуваат медиумите. Според власта, повисоките акцизи се производ на услогласувањето на домашните со директивите на Европската унија. Поскапите цигари, главно од домашни производители, ќе почнат да се продаваат од крајот на јули. | fineweb-2 |
Соборениот египетски претседател Мухамед Морси денеска повторно треба да се појави на суд под обвинение за шпионажа и заговор со цел извршување на терористички напади. Обвинителството соопшти дека Морси заедно со уште 35 осомничени соработувал со палестинската милитантна група Хамас и либанската Хезболах. Потив Морси се води уште еден судски процес за негова наводна вмешаност во убиството на опозициски демонстранти во декември 2012 година. | fineweb-2 |
Европската и американската нацрт резолуција што ќе му биде предложена на Советот за безбедност на Обединетите нации повикува на санкции против сирискиот претседател Башар ал Асад, 22 ца сиријци и Генералниот разузнавачки директор на Сирија. Агенцијата Ројтерс јавува дека делегациите на Соедиентите држави и на неколку европски земји во Њујорк се надевале оти нацрт резолуцијата наскоро ќе се најде на гласање во Советот за безбедност. Тоа е уште еден одговор на употребата на сила на сирискиот режим против неколкумесечните антивладини протести во земјата. | fineweb-2 |
Грчкиот службен премиер Панајотис Пикраменос денеска ги почна разговорите со партиските лидери пред самитот на Европската унија, што неделава треба да се одржи на тема изнаоѓање начини за економски раст во Европа. Адонис Самарас, лидерот на конзервативната Нова демократија изрази надеж дека еврозоната наскоро ќе ја поддржи идејата за обврзници и покрај отпорот на Германија."За да добиеме, треба да останеме во еврозоната и да ги примениме мерките кои ќе ни овозможат брз раст на економијата и ќе помогнат на грчкото општество" рече Самарас. Лидерот на ПАСОК Евангелос Венизелос изјави дека Пикераменос треба да ги убеди европските партнери да и дадат средства на Грција. Лидерот на Независни Грци Панос Каменос повтори дека треба да биде анулиран меморандумот за економии, потпишан од меѓународните кредитори. | fineweb-2 |
И покрај тоа што е своевидна мамка, самиот Западен свет ја губи вербата во сопствената иднина.
При крајот на минатата година Барак Обама одржа еден од најцрните говори за време на неговото претседателствување.
Тој направи хроника на растечката нееднаквост и на падот на социјалната мобилност што, според него, "претставува фундаментална закана за американскиот сон, нашиот начин на живот и за она што се залагаме во светот".
Центарот за истражување Пју лани изврши анкета во 39 земји со единствено прашање: Дали во вашата земја, на вашите деца ќе им биде подобро отколку на вашите татковци?
Само 33 отсто од Американците веруваат дека нивните деца ќе живеат подобро, додека 62 насто изјавија дека тие ќе живеат полошо.
Чувството на несигурност во Европа почна да се зголемува, особено ако се има предвид дека социјалните погодности нема да бидат големи во иднина.
Европјаните се помрачни. Само 28 отсто од Германците, 17 отсто од Британците, 14 отсто од Италијанците и 9 отсто од Французите мислат дека нивните деца ќе живеат подобро од претходните генерации.
Ваквиот западен песимизам е во контраст со оптимизмот во земјите во развој: 82 отсто од Кинезите, 60 отсто од Индијците и 65 отсто од Нигеријците веруваат во подобра иднина.
Би било убаво да се верува дека падот на западниот животен стандард е само претпоставка. Според последните истражувања, платата на просечен Американец, пресметана со инфлацијата, падна за 19 отсто од онаа пред 40 години.
Чувството на несигурност во Европа почна да се зголемува, особено ако се има предвид дека социјалните погодности нема да бидат големи во иднина. Тоа особено се однесува на Грција и Португалија земјите кои најмногу беа погодени од должничката криза.
Меѓутоа, животниот стандард е под притисок и во европските земји на кои им оди добро.
Истражувањето на Фајненшал тајмс покажува дека британците родени во 1985 година се првата група која не очекува подобра иднина.
Дури во Германија, која често се посочува како најуспешна голема економија во западниот свет, бенефитите на чудото на Меркел се чувствуваат во големината на платите.
Економските реформи што стојат зад германскиот извозен бум вклучуваат ограничени плати, намалени социјални погодности и вработување главно на времена работа.
И бранителите на глобализацијата сега признаваат дека појавата на глобална работна сила помогнала за одржување на платите на ниско ниво.
Дури и ако западните земји ги затворат нивните пазари, западните работодавачи ќе откријат дека многу работници можат да бидат заменети со поевтини компјутери или роботи. | fineweb-2 |
Убаво бараше Мирка Велиновска од поранешниот Министер за Информатика Иво Ивановски ние новинарите да си добиеме лиценци. Бидејки за новинари се кажуваат и платеници, лобисти, пачаври, предавници.
Тогаш, кога беше законот подготвуван и донесен, ова барање не беше воопшто земено во превид. Но, сите барања на соросоидите и на СДСМ, како и на Синдикатот, беа прифатени!!!
И еве сега, ја имаме ТЕМНА ТВ на Андреја Јосифовски која во своите редови има:
– Главен и одговорен уредник чив дедо бил кодош во редовите на Беломорските партизани за време на Втората светска војна.
– "Бренд" водителка која одработи мрсна и гнасна работа за конфликтот во 2001-ва, со своето "истражување" во Танушевци.
– Трансфер на водителка од 24Вести во ТЕМНА ТВ, која е пополноќна пачавра и олајавачка на бизнисмени, пропаднати политичари и слични ликови.
https://www.facebook.com/100014492657243/videos/pcb.1230978815[PHONE]517773/?type=3&theater | fineweb-2 |
Оваа победа има посебно значење, бидејќи е извојувана кон крајот на август, односно во фазата на востанието кога турската противофанзива била во полн замав. Блескавите војнички резултати, за жал, не биле крунисани со соодветни политички ефекти, поради необично брзото групирање и концентрирано дејствување на петнаесетилјаден турски аскер. Тоа, всушност, била последната поголема офанзива и победа на востаничката војска. Во времето на востанието Невеска била гратче со 550 семејства и 5-6.000 жители, етнички чисто влашко население. Во административен поглед Невеска била нахиски центар на југозападниот дел на Леринската околија. Во неа бил сместен турски мудир. Во гратчето имало телефонско-телеграфска станица и редовен гарнизон од околу 70 војници. Со започнувањето на востанието бројот на војниците постепено се зголемувал, бидејќи сите протерани војници од околните села и помали гарнизони се прибирале во Невеска, така што до крајот на август тука се собрале околу 250 турски војници. Со оглед на тоа дека сите не можеле да се сместат во касарната, поголемиот дел од нив бил сместен под шатори, надвор од градот.
Ослободувањето на Невеска, како и Клисурскиот бој, е дело на здружените востанички сили на Костурскиот и на Леринскиот востанички реон. Идејата и планот за овој бој биле разработени уште во текот на борбите кај селото Псодери, во близината на Невеска. Врз основа на изработениот план вонредно прецизно и ефикасно била изведена операцијата за ослободување на Невеска под командата на прославениот и искусен војвода Васил Чакаларов, кому му содејствувале и војводите Лазар Поп Трајков, Иван Попов, Никола Андреев, Никола Мокренски - Алај-бег и др. Според планот околу 600 востаници (според Иван Попов - 700 востаници) биле групирани на четирите правци кои воделе кон Невеска: на север од правецот на с. Бел Камен, на исток и на југоисток од с. Зеленич, на запад од с. Елово, на југоисток од правецот на с. Прекопана. Војводата Чакаларов раководел со дејствата од соседната височинка од каде имал добар преглед и услови успешно да интервенира за заштита на силите на напад на Невеска од евентуална интервенција на турската војска. Концентрацијата на силите и групирањето биле извршени на 24 август, преку денот и во текот на ноќта. До три часот наутро востаниците, односно четата на Иван Попов, успеала незабележано да се доближи на само 600 метри до шаторите на аскерот.
Нападот почнал со силен оган кој бил отворен точно во три часот. Оганот го започнал леринскиот одред, кој напаѓал од северната страна на Невеска, односно од правецот на с. Бел Камен. Четири одделенија, со кои командувал војводата Иван Попов и кои биле најблиску до Турците, со прецизна и интензивна стрелба им оневозможувале да се доберат до оружјето, а други три одделенија им се приближиле на војниците. Забележувајќи дека од спротивната страна нема стрелба, оставајќи го оружјето и опремата, турските војници во панично бегство го напуштиле логорот, упатувајќи се во источна насока кон селото Зеленич. Тогаш востаниците влегле по шаторите и го заплениле оставеното оружје и опремата. Веднаш потоа војводата Попов, од северната, а Андреев од јужната страна, влегле во градот.
Организиран отпор давале уште турските војници од касарната. Откако согледале дека натамошната одбрана е бесцелна и тие се повлекле од касарната и избегале. Востаниците влегле во касарната, во која заплениле 37 модерни пушки маузер, 6.000 куршуми, воена опрема, војнички шинели и друго, а потоа ја запалиле. Од поважните објекти во градот последен бил нападнат мудирлукот. Иако мудирот успеал навреме да избега, во борбата за конакот биле убиени тројца, а заробени седуммина заптии меѓу кои и баш-чаушот Сулејман. Со ова акција борбата за Невеска била завршена наполно успешно, а на мудирската кула било истакнато востаничкото знаме. Вечерта, по завршувањето на борбите, костурските востаници се повлекле од градот, додека леринските, предводени од Ѓорѓи Поп Христов, останале уште два дена, со цел да помогнат во воспоставувањето на Привремената народна управа во градот.
На 27 август два големи одреди на турската војска, со сила од околу 15.000 луѓе, во две колони се упатиле кон Невеска. Главната колона, со сила од околу 10.000 војници, настапувала со забрзан марш од југ, од правецот на Клисура и с. Загоричани, а помошната колона со сила од околу 5.000 војници, настапувала од север, од правецот на Лерин и с. Бел Камен. Реално оценувајќи ја новонастанатата ситуација, востаниците согледале дека давањето отпор е бесмислено и во согласност со стратегијата за водење на вооружената борба решиле без борба да се повлечат од Невеска. Извлекувањето било мошне добро испланирано и, како и самиот напад, вешто изведено. Но и покрај необично брзата и силна интервенција на османлиската војска, судирот со аскерот бил избегнат со што биле избегнати и непотребните жртви. Главнината на востаниците се повлекла на југ, кон Емборската Планина во Кајларско, упатувајќи се покрај Врапчишкото и Островското Езеро низ пределот Рудник, а помалиот дел од силите се упатил кон Корештата, во Костурско. Повлекувањето се одвивало со забрзан марш, пред се, со цел да се избегне судирот со големите единици, во што наполно се успеало, иако раздвижениот аскер, согласно со упатствата за задушување на востанието, ги запоседнал сите позначајни врвови и планински преслапи за да воспостави контрола врз целата територија. За таа цел организирал и спроведувал систематско сечење и палење на шумите за да се стесни просторот за маневар и засолнување на востаничките сили. Но, ни тие мерки не ги дале очекуваните резултати. Главнината на востаниците, без поголеми загуби, се извлекла од обрачот.
---------------------------------------------------
Извор: Илинденско востание со слика, текст и звук
Д-р Ванче Стојчев | fineweb-2 |
Ќе биде ексхумирано телото на поранешниот палестински лидер Јасер Арафат за странските експерти да земат примероци, како дел од истрагата за неговата смрт. Палестинскиот претставник Тафик Тирави изјави дека гробот на Арафат ќе биде отворен во вторник на 27 ноември и швајцарски, француски и руски експерти за ќе земат примероци. Арафат ќе биде повторно погребан неколку часа подоцна.
Јасер Арафат почина во ноември 2004 година, еден месец откако ненадејно се разболе. Палестинските власти тврдат дека тој бил отруен од Израел, но Тел Авив ги отфрла таквите тврдења. Откривањето траги од смртоносни радиоактивни супстанци на облеката на Арафат предизвика нова истрага за неговата смрт. | fineweb-2 |
Американскиот претседател Барак Обама на разговорите во Белата куќа со украинскиот премиер Арсениј Јацењук побарал да продолжат реформите и обврските на таа земја спрема Меѓународниот монетарен фонд. Фондот ја задржа последната исплата на заемот од 40 милиони долари поради запирањето на реформите. Јацењук во интервју за новинската агенција Асошиетед прес најави дека ниту еден од неколкуте предложени закони во парламентот кои би донесле крај на економските реформи нема да бидат одобрени. "Ако тоа се случи, тогаш претседателот Петро Порошенко ќе стави вето врз нив. Во секој парламент има популисти. Некои изгледаат како лудаци", изјави Јацењук. | fineweb-2 |
Хорор: Автобус полн со патници удри во куќата на Цеца на Дедиње
Снежните врнежи и лизгавите улици направија хаос во улицата "Љутица Богдан", поточно пред куќата на Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Автобус од приватен превозник удри во нејзината куќа.
Вистинска драма се одиграла кога возачот изгубил контрола врз возилата и удрил во вилата на фолк пејачката.
Еден столб од куќата е срушен, а причинета е голема штета како врз возилото така и врз куќата на познатата пејачка.
Автобус полн со патници запрел на блискиот паркинг, а на самото место стигнала брзата помош и полицијата.
Двајца патници се полесно повредени, а во семејната куќа на Ражнатовиќ сите се вознемирени, но веднаш истрчале за да им помогнат на луѓето на кои им била потребна помош. | fineweb-2 |
Барселона, Алавес, Реал Сосиедад и Алкоркон му се приклучија на Атлетико Мадрид во четвртфиналето на Купот на Кралот.
Барселона по поразот во Билбао, во реваншот славеше над Атлетик 3:1, а спасител повоторно беше Меси кој во 78-та минута погоди од слободен удар. Аргентинецот од почетокот на годината има постигнато три гола од слободни удари.
Претходно Луис Суарез го постигна првиот гол во 35-та минута, а во 48-та Нејмар од пенал зголеми на 2:0. Атлетик одговори во 51-та минута кога Соборито намали на 2:1.
Решавачкиот момент се случи во 78-та кога Меси од слободен удар на "погрешна нога" го фати голманот Ираизоз. | fineweb-2 |
Претседателот на САД, Барак Обама изјави дека не постои јасен доказ оти напаѓачот, којшто го изврши најсмртоносниот напад во историјата на САД во кој загинаа 49 лица во геј клуб во Орландо, бил поттикнат од странство.
Обама денеска рече дека напаѓачот Оман Матин – роден во САД со авганистанско потекло, најверојатно бил под влијание на екстремисти, но оти нема директни докази кои укажуват дека тој делувал под инструкции или дека е дел од поголем заговор.
Обама изјаве дека се чини оти 29-годишниот Матин, кој од клубот во телефонскиот повик изразил верност кон екстремистичката група на Исламската држава, бил инспириран од екстремистички информации достапни на интернет.
Матин беше убиен од полицијата која упадна во ноќниот клуб три часа по почетокот на убивањето, со што вклупниот број на загинати е 50.
ИД ја презеде одговорноста за нападот. | fineweb-2 |
Аркадни игри да се заштитат куќата на еден играч против нападот на луди животни. Играта има многу методи за да се заштитат куќата против ѕверови со различни карактеристики и вештини.
Практично барањето на Клапан компанијата да ги пратите сloseouts играта. Софтверот ви овозможува да ги пратите она што игри вашите пријатели се игра и да разговараат со нив во виртуелни простории за разговор.
На аркадна игра со една интересна игра за онлајн конкуренција со други играчи. Во играта постојат различни тактички трикови и специјални бонуси за разновидноста на игра.
Онлајн игра на табла, која е базирана на пресврт базирана борби на еден на еден помеѓу два противници. Играта нуди голем број на стратешки потези и планира да се постигне најдобри резултати.
Игра стратегија да се развие свој селото и да ги прошират на територијата користење на методот на снимање. Играта користи убаво 3D графика и различни начини на развој.
На фудбалски симулатор со многу легендарни фудбалери, тимови и фудбалски лиги. Играта користи висок квалитет на графика и реални движење на играчи.
Официјалната апликација на дигитална продавница од популарниот сервис Ubisoft. Во софтвер има голем број на игри кои се достапни за преземање.
Играта да се грижи за здравјето, благосостојбата, енергија и други карактеристики на еден милениче. Играта отвора широк асортиман на разни елементи за виртуелен миленичиња.
Популарна игра за фарма за управување и развој на земјоделството. На софтвер ви овозможува да се засади различни култури, градат куќи и да имаат домашни миленици.
На забавата игра е создадена по истоимената анимирана серија. Играчот може да очекуваат возбудливи авантури со омилени ликови.
Играта во жанрот на трки да се натпреваруваат за приматот на различни автомобили и различни возачи. Играта има неколку начини на управување со способноста да се поврзете со контролорите на играта.
Симулатор игра за лов на различни диви животни во егзотични места. Исто така во игра има голем арсенал на оружје кое е наменета за различни стилови на лов.
Аркадна игра со возбудливи приказни и смешни аудио ефекти. Во играта има многу нивоа со зголемување на комплексноста и различни карактери со посебни способности.
Играта за брзина на возење и надминување на различните пречки во 3D пат. Играта користи шарени ефекти и одлична 3D графика.
Игра загатка за развој на логика и се мисли на еден играч. Играта има спектакуларна игра во текот на кој играч е постепено стекнување поени рекорд на високо ниво.
Удобно софтвер со голем асортиман на игри производи од различни жанрови и цена се движат од меѓународни дигитални трговски простор.
На улога игра каде што можете да пребарувате и да се фати Одг на улиците на градот со помош на камерата на паметни телефони. Играта има способноста да се комуницира и да се натпреваруваат со другите играчи.
Популарниот стратегија за изградба и развој на градот. На широк можности во градежништвото, економијата и извршната власт се отворени за играчот.
Стратегија аркада во стилот на кула за одбрана. Во играта постојат голем број на кули и чудовишта со детален опис да се изгради на повеќето ефикасна заштита.
Симулатор за прикажување на различни оружје и информации во врска со тоа. На софтвер ви овозможува да се пука на различни цели и да го потврдат карактеристиките на оружје.
Софтвер за да ја преземете игри купени преку популарниот сервис. Софтверот обезбедува способноста да ја видите листата на купените содржини и да ги ажурира ако е потребно.
А стратегија игра со елементи на животот симулатор. игра главна цел е да се отвори свој начин за посакуваната цел со сите расположливи средства.
Види повеќе софтвер
Оперативен систем:
- Android
- Windows
Категории:
- Torrent
- YouTube
- Антивируси
- Веб камери
- Веб прелистувачи
- Говорна комуникација
- Далечински пристап
- Десктоп
- Додадени фајлови
- Додадени фајлови: компресија
- Е-книга читателите
- Е-пошта
- Екстензии
- Емулатор
- Енкрипција
- Игри
- Интернет
- Канцеларија
- Мапи
- Медија плеери
- Образование
- Преземаат
- Систем за оптимизација
- Слика
- Социјална мрежа
- Стриминг видео
- Текст едитори
- Телефон
- Тестирање
- Чет
- организаторите
- Други
Топ софтвер:
Види повеќе софтвер | fineweb-2 |
Во последното интервју за време на едно случување во Лондон, Џастин Бибер ја нарече Индонезија "една случајна земја" и не е чудно што оваа изјава стана хит на Твитер во последната недела од Април.
Кога го објаснуваше процесот на создавање на една од неговите нови песни, Бибер кажа дека била снимена во "една случајна земја". Неговиот менаџер, Скот Браун, дофрли дека песната е снимана во Индонезија. "Ја снимив во едно студио. Некое мало место. Не ни знаеа што прават," продолжи Бибер.
Бибер има голем број на обожаватели во Индонезија. Минатата година, тој одржа еднодневен концерт во Џакарта, посетен од десет илјади луѓе. Неговото слабо познавање на географијата им ги скрши срцата на многу обожаватели и го направи лесна мета за задевање на интернет.
И други корисници на интернет ја искритикуваа супер ѕвездата:
@BarryLikumahuwa Случајна земја? Фала Бибер, за информација ние го имаме најголемиот џез фестивал, поголем и од Монтреал Џез Фест во Канада… уаа!
@anonbeliebers Обожавател на Бибер признава: Џастин Бибер кажа дека Индонезија е само некоја случајна земја… тажен сум! 🙁
@kartika_mariana немој да и даваш на мојата прекрасна земја епитет "случајна". Ти си ништо без твоите обожаватели од земјава. Разбери дете! @justinbieber
@kartika_mariana овде, во случајнава земја ти имаш обожаватели! Твојата изјава може многу да ги растажи. @justinbieber
@mariastephani само да знаеш @justinbieber .. ја нарекуваш мојата земја СЛУЧАЈНА… Знам дека се извини. Но, ПРЕДОЦНА Е
@thaliaviotama #ГОМРАЗАМЏАСТИНБИБЕР затоа што рече "случајна земја' за Индонезија. Искрено, едноставно не ми се допаѓаат неговите зборови.
@AcilEnor Велиш Индонезија е случајна земја!!! Тогаш и ти си случаен пеач!! Ти си момче без карактер!! Лалалалалаалаа
@INDOADOREBIEBER ТОЈ мислеше дека Бали е име на држава и заборави да каже Бали, па рече "една случајна земја"
И последно, но не помалку важно, имаше и такви кои ја бранеа младата ѕвезда:
@pwgdochi Random country kan artinya bukan negara ga jelas, tapi dia (menurut berita) rekaman di negara acak yg ga direncanakan, y u so stupid. | fineweb-2 |
Американскиот Стејт Департмент изразува загриженост за состојбата со човековите права, владеењето на правото, корупцијата како и дискриминацијата во неколку балкански земји во 2011 година.
МАКЕДОНИЈА: ВЛАСТА СЕ МЕША ВО СУДСТВОТО И МЕДИУМИТЕ
Стејт департментот смета дека во 2011 година основен проблем во поглед на човековите права во Македонијна бил владиниот неуспех за целосно почитување на владеењето на правото. Во документот, кој беше објавен денеска, се наведува дека владата е виновна за "мешање во судството и медиумите, селективно кривично гонење на политички противници на лидерите во земјата и значајни нивоа на владина корупција и неказнетост на полицијата". Во извештајот се забележуваат и тензиите меѓу Македонците и Албанците, како и дискриминација на Ромите, и други етнички и религиозни заедници. Како области за кои и понатаму постои загриженост се споменуваат семејното насилство и дискриминација на жените. Документот ја опишува Македонија како "извор, дестинација и транзит земја за трговија со мажи жени и деца за секс и принудна работа".
ЗАГРИЖЕНОСТ ЗА КОСОВО
Преку извештајот се изразува сериозна загриженост за минатогодишната состојба со човековите права во Косово. Во документот се наведува дека етничките Срби користеле насилство и заплашување против другите жители и меѓународните безбедносни сили, што резултирало во инциденти со трагични последици. Во документот се забележува и на дискриминацијата на етничките и другитѕе малцинства во Косово, како лицата со посебни потреби и припадниците на хомосексуалната заедница. Забелешки има и за домашното насилство меѓу жителите во земјата. Се споменуваат и случаи на малтретирање на затвореници, неефикасност на судството, заплашување на медиумите од страна на власта како и корупција во владата.
СРБИЈА: ПРОБЛЕМ Е КОРУПЦИЈАТА НА ВЛАСТА
Забелешките за Србија за 2011 година се однесуваат на корупцијата во владините структури и дискриминација на малцинствата. Стејт департментот ги поздравува напорите на српската влада за кривично гонење на обвинети државни службеници. Во извештајот сепак се забележува дека биле превземани постапки само откако случаите биле јавно експонирани и се дополнува дека според многумина набљудувачи имало "бројни случаи на корупција лошо полициско однесување и други инциденти кои не биле пријавувани и не се казнувале".
ВКОРЕНЕТИ ЕТНИЧКИ ПОДЕЛБИ ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
Стејт департментот смета дека земјата се соочувала со "длабоко вкоренети етнички поделби" во 2011 година што, според извештајот, и понатаму претставува причинител за распространета дискриминација во секојдневието. Во документот се наведува дека малтретирањето на новинари и претставници на граѓанското општество и понатаму е главен проблем во Босна и Херцеговина а се забележува и на лошите услови во преполните затвори во земјата. Се споменуваат и корумпираност на власта како и дискриминација и насилство врз жени и припадници на сексуални и религиозни малцинства.
ЦРНА ГОРА: ЗАБЕЛЕШКИ ЗА ТРЕТМАНОТ НА БЕГАЛЦИТЕ
Еден од најголемите проблеми во Црна Гора во поглед на човековите права минатата година, според американската институција, бил лошиот третман на бегалците и раселените лица од конфликтот во деведесетите години. Другите проблеми кои се споменати во извештајот се однесуваат на дискриминација врз основа на сексуална ориентација, религиозна определба како и етничка припадност и возраст. Корупцијата се споменува како сериозен проблем и покрај некои подобрувања кои резултирале од владините напори за борба со овој феномен. Забелешки се наведуваат и за независноста на судството, полицијата како и нападите на новинари. | fineweb-2 |
11.01.2017, 18:02
Формирањето влада во 1992 и во 2017 – тешка равенка
Шефот на државата отвори простор за различни толкувања на Уставот со тоа што определи мандатар без да бара од него гаранција дека има мнозинство во парламентот
Александра М. Митевска
Претседателот Ѓорге Иванов создаде терен за различни и не многу издржани толкувања во јавноста околу тоа кој се' може да се обиде да формира влада, со тоа што пред да му го додели мандатот на поранешниот премиер Никола Груевски не побара гаранција од него дека може да обезбеди апсолутно мнозинство во парламентот. Поради тоа, се зголеми и неизвесноста до кога ќе се одолжуваат процедурите за формирање на новата влада, додека државата функционира со кабинет во оставка и додека се чека да се собере потребното мнозинство за избор на претседател на парламентот.
Во оваа насока се толкувањата на експерти и на поранешни политичари, откако во јавноста почна да се вртат одредени сценарија според кои ако Груевски не успее да договори влада до 29 јануари, мандатот би можел да премине кај друг претставник на ВМРО-ДПМНЕ, а не кај втората партија по бројност во парламентот – СДСМ. За поткрепа на таквите тези се посочува на пример од почетоците на независноста и плурализмот во Македонија, кога тогашниот кандидат на СДСМ за премиер Петар Гошев се откажал од составување влада, по што мандатот премина кај Бранко Црвенковски. Станува збор за настани од пред речиси две и пол децении - две години по првите непосредни парламентарни избори во земјава, односно веднаш по паѓањето на првата (експертска) влада, кога во Македонија не беше воспоставена ниту практика за свикување вонредни избори, што, пак, ни стана "рутина" во последната декада.
"Вакви толкувања на Уставот се нешто невидено и нечуено досега во светски рамки. Такви идеи може да им паднат на ум само на очајни домаќинки по уставно право. Ако е тоа изводливо, тогаш може сите 51 пратеник на ВМРО-ДПМНЕ еден по друг во недоглед да пробуваат да состават влада", оценува универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски, еден од творците на македонскиот Устав и министер во првите влади во независна Македонија.
На прашање зошто во Уставот не е предвидено попрецизно дека, во случај на враќање на мандатот, следниот мандатар треба да биде од другата партија која би можела да собере мнозинство во Собранието, Фрчкоски вели дека "Уставот не е вреќа за да може да ги третира сите фикс-идеи што некому ќе му паднат на ум во одреден период".
"Уставот е многу јасен и, во делот на формирање влада, е единствено заинтересиран за тоа кој има мнозинство, а не кој смета дека победил на избори. Затоа е даден тој период од десет дена пред доделување на мандатот за партиите да се обидат да соберат мнозинство. Тогаш, мандатот го добива партијата која има обезбедено најмалку 61 пратенички глас. Другите дваесет дена се за договарање на составот на кабинетот и за дефинирање на програмата на владата", вели Фрчкоски.
Тој го посочува примерот по неодамнешните парламентарни избори во Хрватска. Претседателката на Хрватска не и' го даде мандатот на својата партија - ХДЗ се' додека партијата, која оствари водство со дури 15 мандати, не приложи пратенички потписи како доказ дека има мнозинство.
"Утрински весник" контактираше и други актери на политичката сцена во првите години од независноста, кои посочуваат дека не може да се повлекуваат паралели меѓу случувањата околу составувањето влада во 1992 година и сега. Една од причините е и тоа што тогашната влада на СДСМ со ПДП не беше формирана непосредно по избори, туку по паѓањето на експертската влада на Никола Кљусев. Тогаш, првата шанса за формирање влада ја доби Љупчо Георгиевски, тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, кој се откажа од коалицирање со најстарата партија на Албанците во Македонија – ПДП. Во едно интервју за нашиот весник Георгиевски зборува за тој чин, посочувајќи дека тој бил, како што вели, формално мандатар. Георгиевски спомнува период од 10 дена, така што нема прецизна информација дали тој се откажал од собирање на потребното мнозинство уште пред тогашниот претседател Киро Глигоров и официјално да го прогласи за мандатар.
"Ние го добивме мандатот и јас бев формално мандатар. Тоа траеше десет дена, правевме обиди, ама беше јасно дека ПДП има договор со СКМ-ПДП. Рокот од десет дена истече, не успеав да формирам влада, го вратив мандатот, па го доби Гошев и беше многу чудно што и тој се откажа", вели Георгиевски.
Како што се потсетуваат нашите соговорници, Гошев, кој во тоа време не е веќе на чело на СДСМ, го враќа мандатот на 18. или 19. ден пред истекот на рокот од 20 дена за составување влада. Во едно интервју за нашиот весник, Гошев посочува дека отежнувачка околност му претставувало тоа што се обидел да состави влада иако веќе не бил претседател на партијата. Мандатот потоа преминува кај неговиот сопартиец Црвенковски затоа што, како што велат нашите соговорници, тогаш била извесна коалицијата меѓу СДСМ и ПДП и тие веќе имале парламентарно мнозинство, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер претходно потврдил дека не може да обезбеди 61 мандат во Собранието.
Како што оценуваат соговорниците на "Утрински весник", ако Груевски евентуално го врати мандатот за составување на новата влада, тоа би било сигнал дека ВМРО-ДПМНЕ не може да обезбеди мнозинство во парламентот. Тогаш, Иванов ќе треба да го прогласи за втор мандатар лидерот на СДСМ, Зоран Заев, без да бара гаранција од него дека може да собере мнозинство, кога веќе тоа не го барал ниту од Груевски. | fineweb-2 |
Пакистан ќе започне со следење на 7 големи интернет страници, вклучувајки ги и Гугл, Јаху, Хотмаил, Јутјуб, со цел да утврди дали има анти-исламски содржини, а ако утврди дека има ќе ги блокира тие содржини. Пакистан веќе целосно блокира 17 веб страни, за кои смета дека ги навредуваат муслиманите. | fineweb-2 |
Претходно
Кола-пијалаците имаат доста добар вкус, но тука завршуваат сите нивни добри страни. Оние лошите се побројни.
- Содржат фосфорна киселина. Таа ги ослабува коските и ги нагризува забите.
- Прекумерната употреба на вештачките засладувачи се причина за да сакате уште повеќе.
- Содржат вештачка боја на карамела. Таа нема вкус и е канцерогена.
- Во диеталните Кола-пијалаци се среќава канцерогениот формалдехид. Не се додава при производството, но кога се вари аспартамот, состојка која ја има во неа, тој ослободува метанол, кој понатаму се претвора во формалдехид.
- Засладени се со високофруктозен сируп од пченка којшто прво ќе ви го покачи холестеролот, триглицеридите и процентот на масти во телото, па уште и ќе ве направи гладни.
- Кога натриум бензоатот влегува во телото може да биде разложен на бензен. Тој, пак, кога е изложен на сонце станува канцероген.
- На крај, прехранбените бои можат да ја намалат работата на мозокот, да предизвикаат проблеми со концентрацијата и хиперактивност. | fineweb-2 |
Американската администрација објави нов фонд од милиони долари за подршка на технолошкиот развој во муслиманските земји. Претседателот Барак Обама вети дека ќе креира ваков фонд за време на говорот во Каиро на 4-ти јуни. Белата Куќа вчера соопшти дека очекува во фондот да се соберат меѓу 25 и 150 милиони долари со кои ќе се финансира отворање работни места во образованието, телекомуникациите, медиумите и бизнисот во муслиманскиот свет. | fineweb-2 |
Во 1998 та Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски беа ,, лути непријатели,, сите ги паметат нивните остри дуели и зборовите кој си ги кажаа. Во тоа време се споменуваа шишиња виски, кокаин, шизофренија, предавници, бугарофили и што ли уште не.
Сега се на иста линија – ги обединила желбата за подобра Македонија и да го срушат како што велат недемократскиот режим на Груевски. Еве дел од едно од тие познати ТВ дуели.
Црвенковски – дали вие потпишавте дека треба ревизија на македонската азбука, дури и си го сменивте името од љупчо во љубчо со ,,б,, | fineweb-2 |
Францускиот сос бешамел се користи во подготовката на многу вкусни јадења. Затоа, пред да почнете да приготвувате вистински специјалитети, потребно е да го владеете мајсторството на сосот бешамел.
Може да го сретнете под името бел сос, млечен сос, но како и да е има фантастичен вкус! За да направите идеален бешамел сос без гутчиња или со соодветна густина го пронајдовме следното видео на кое може да ја погледнете постапката и тајната за негова подготовка. По желба во сосот кон крајот може да додадете босилек, сирење или кари, со што ќе добиете сос со интересна арома и богат вкус.
Состојки:
- 60 грама путер
- 60 грама брашно
- 600 мл млеко
- сол и мелен црн пипер по вкус
- 1 лаворов лист по желба.
Подготовка:
- Во тенџере на оган на средно ниска температура ставете го путерот да се растопи.
- Во растопениот путер ставете го брашното и мешајте. Постепено додавајте го млекото и мешајте континуирано додека добиете кремаст сос.
- Готовиот сос тргнете го од огнот, посолете го и зачинете го со мелен црн пипер. По желба додајте лаворов лист. Бешамел сосот послужете го со тестенини, пилешко месо или топено сирење во фурна.
Ви предлагаме да прочитате: Како да направите дома вкусен тартар сос? | fineweb-2 |
Едниот ајкула, а другиот делфин :).
Благодарност до Милош Велевски.
Aj ne drapaj madinja, sekoj se zabavuva na svoj nacin,konecno posle tolku godini padna dobar sneg vo Makedonija,taka da ne si ti toj sto treba da kazuva prikaski
I jas mislam taka, segde go hejta…
a ti ne mu gi citas komentarite deka sekade mu se negativni na vladeta dosaden e
vikas skeptik a?
Каросеријата на автомобилот е прилично оштетена, но според сопственикот, машината е коска и ќе тера уште многу километри.
Овие моменти се паметат, се раскажуваат и го продолжуваат животот.
И педофилите поминуваат слично, а ова е само дел од она што им се случува во затворите.
Смешни ситуации со еротски елементи.
Да не беа Русите, интернетот ќе беше многу поздодевно место.
Едно незгодно што ѝ падна… Знае дека ја снимаат, а фотелјата вибрира ли вибрира.
Лекцијата е научена!
Морето изгледа не сака многу "надарени" фото модели :).
Во универзитетот Браун е спроведено едно од најголемите истражувања на финансиското однесување на човекот во иторијата. Само за собирањето и обработката на податоците биле потребни пет години, а севкупно учествувале 50 илјади семејства (повеќе од 150 000 луѓе). Научниците во текот на долги години набљудувале како луѓето се однесуваат со парите и откриле јасни паралели […]
Многу мажи се љубители на фигурите и облините на Бразилките, а на сите љубители на овие форми им нудиме една возбудлива прошетка по плажите на Бразил. | fineweb-2 |
Возачот ја научи лекцијата, научете ја и вие од неговата грешка!
se slucuva 🙂
ili nemal zimski gumi ili si ja precenil opremata/kolata 🙂 vo vakvi uslovi vishe od 60 70 e rizik 🙂
koja stoka ja gazi zemjava. se brzashe taka. eve neka se brza pak, ke zashtedi nekoja minuta, a za malku ke gi poshtedeshe resursive za nekoj drug, so nadez deka toj nekoj drug ke ima gram mozok povekje
site budali sto vozat posporo samo ovoj pameten se najde da vozi brzo na sneg i mraz
до возачот на Реното ако може да прочита шо му пишам: на мајка ти в пичката тебе и се шо по дома ти моче клечејки!! Дека на мајка ти пичката со таа брзина по тој неичистен пат? торко и на торкото!!!
Каросеријата на автомобилот е прилично оштетена, но според сопственикот, машината е коска и ќе тера уште многу километри.
Овие моменти се паметат, се раскажуваат и го продолжуваат животот.
И педофилите поминуваат слично, а ова е само дел од она што им се случува во затворите.
Смешни ситуации со еротски елементи.
Да не беа Русите, интернетот ќе беше многу поздодевно место.
Едно незгодно што ѝ падна… Знае дека ја снимаат, а фотелјата вибрира ли вибрира.
Лекцијата е научена!
Морето изгледа не сака многу "надарени" фото модели :).
Во универзитетот Браун е спроведено едно од најголемите истражувања на финансиското однесување на човекот во иторијата. Само за собирањето и обработката на податоците биле потребни пет години, а севкупно учествувале 50 илјади семејства (повеќе од 150 000 луѓе). Научниците во текот на долги години набљудувале како луѓето се однесуваат со парите и откриле јасни паралели […]
Многу мажи се љубители на фигурите и облините на Бразилките, а на сите љубители на овие форми им нудиме една возбудлива прошетка по плажите на Бразил. | fineweb-2 |
Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави денеска дека мора да направат се што е можно и невозможно за да се стави крај на крвопролевањето во Украина. Порошенко и претставници на ОБСЕ за Ројтерс потврдиле дека бил постигнат договор за прекин на огнот во источна Украина.
Интерфакс, повикувајќи се на извори блиски на разговорите во Минск претходно јави дека претставниците на украинските власти и на проруските сепаратисти потпишале договорот за прекин на огнот во источна Украина. Во договорот се наведени 16 точки кои ги вклучуваат сите аспекти на набљудување, како размената на затвореници и други прашања. На средбата во Минск присуствуваат и претставници од Русија и од ОБСЕ. | fineweb-2 |
Луксузното одморалиште "Conrad Sanya Haitang Bay" на островот Хајнан во Кина, со сигурност ќе ви делува како да е од вашите соништа, бидејќи претставува перфектно место за незаборавен одмор. Ентериерот на собите, односно на вилите е уметност сам по себе. Близината на морето ви овозможува седејќи на вашиот балкон, да се опуштате со звукот на брановите.
Доколку сте авантуристички дух и сте спремни голем дел од одморот да го поминете во посета на блиски гратчиња и запознавајќи различни култури, тогаш на располагање ви стојат голем број тури со професионални водичи.
Ресторанот во хотелот преферира азиска и европска кујна, а храната е секогаш свежа и вкусна. Исто така можете да се освежите и со некој одлично приготвен коктел. Цената на едно ноќевање во ова место изнесува најмалку 400 американски долари по лице, зависно од периодот во годината. | fineweb-2 |
Германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле по состанокот со лидерот на бунтовниците во Бенгази, изјави дека Германија го признаа Националниот преоден Совет како легитимен преставник на либиските граѓани. Германија е 13-та земја што го признава Советот. Германија се воздржа од гласањето во Советот за безбедност на ОН, за резолуцијата за Либија и избра да не учествува во мисијата на НАТО против Гадафи. Во меѓувреме борбите меѓу бунтовниците и силите на Гадафи, продолжуваат низ целата земја. | fineweb-2 |
Папата Бенедикт 16-ти при заминувањето од Куба во средата изјави дека на островот може да се изгради "општество обновено и помирено со широка визија" но како што вели " рестриктивните мерки,наметнати надвор од земјата, претставуваат неправеден товар врз народот". Папата ја искористи дводневна посета на Куба, за да апелира до властите да ги намалат ограничувањата на Католичката црква во земјата. На мисата што ја оддржа на плоштадот во Хавана присуствуваа околу 300 илјади луѓе, меѓу кои и претседателот Раул Кастро. Папата се сретнал и со Фидел Кастро во ватиканската амбасада во земјата, која во соопштението што го објави, ја опиша средбата како "срдечна". | fineweb-2 |
Line Ал AshahWhatsChat | WhatsChat vs WhatsApp | WhatsChat vs Telegram | WhatsChat vs Line
Line Ал Ashah vs WhatsChat Ал Ashah
Големата разлика betwen Line Ал Ashah и WhatsChat Ал Ashah, е дека WhatsChat Ал Ashah ви овозможува да разговарате со илјадници странци во близина на Вашата моментна локација, додека Line Ал Ashah ви овозможува да разговарате со вашиот телефон контакти.
Со нашиот стан, тоа е лесно да се дојде во контакт со странци и излегуваат заедно, излегувам за кафе или за она што сакате.
WhatsChat Ал Ashah има систем на Прецизни што ќе ги поврзува брзо со странец кој совршено би можело да биде многу блиску до вас.
WhatsChat Ал Ashah ви овозможува да изберете помеѓу текстуален режим или режим на камера (преку веб-страница). На овој начин ќе се доживее сите на посебните карактеристики на нашата апликација.
Можете да пристапите нашите разговор апликација преку нашата веб страница или ако сакате од нашата мобилна апликација.
Следниве покажува врската преку која можете да пристапите нашата апликација:
|На веб-сајтот||Преку мобилен||Мулти-јазик||Разговор со контактите во телефонот||Разговор со странци||Прикажи луѓе блиски до вашата локација|
|Line|
|WhatsChat|
List of cities in Ал Ashah:Сите градови | fineweb-2 |
Литванскиот министер за надворешни работи Аудрониус Азубалис чија земја претседава со ОБСЕ изрази загриженост за напорите на украинската влада во обезбедување на правото на слобода на говор. Азубалис кој е во посета на Киев не соопшти за кои прашања разговарал со неговиот украински колега, но изрази надеж дека тие ќе бидат сериозно земени во предвид. | fineweb-2 |
Милитанти на забранетата Курдска работничка партија соопштија дека убиле 15 турски војници при напад врз еден конвој во југоисточниот дел на Турција. Се уште нема официјална потврда за ова од турската армија, но таа соопшти дека извршила воздушни напади врз 12 позиции на курдските милитанти. Турскиот премиер Ахмед Давутоглу веднаш свика вонредна седница на владата, прекинувајќи го престојот во централна Анадолија. | fineweb-2 |
Секира е орудие кое потекнува од древни култури низ целиот свет. Секирата претставува едноставен механизам со кого што може да се споредува и проследува модернизацијата на човештвото низ вековите, најпрво каменото доба па бронзеното доба и потоа железното доба.
Главните употреби на секирата биле обработување на дрво, користење како оружје или симболична употреба во обреди. Првите секири со рачки поврзани со камени глави потекнуваат од мезолитскиот период на каменото време 6000 години п.н.е. Со продлабочување на технологијата биле користени материјали како бронза, железо и челик. | fineweb-2 |
пред 9 минути - Спорт
Екипата на Манчестер Јунајтед е освојувач на англискиот фудбалски Лига Куп. Во финалето одиграно попладнево на "Вембли" во Лондон Манчестер Јунајтед го совлада Саутемптон со 3-2.
пред 14 минути - Македонија
Пратеникот Крсто Јовановски преку социјалната мрежа Фејсбук упати понуда до потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска.
Пратеничката Лилјана Затуроска упати повик до Радмила Шекеринска да ја прифатат понудата на ВМРО-ДПМНЕ и да ја отфрлат платформата на албанските партии.
Германскиот државјанин Ц.К.Х.(61) починал во засега неутврдени околности додека со група скијачи денеска биле на скијање на задната страна од врвот Церипашина во месноста Казани на Попова Шапка.
пред еден час - Македонија
-Главната причина за целата оваа операција што ни се случува од некои надворешни центри е промена на името на Република Македонија и на идентитетот на Македонија и тоа е целата цел што се слушуваше во изминатите 2-3 години.
Соросовите медиуми се мајстори за fake news/ лажни вести! Последен пат во Приштина сум бил во 2014 година. Соросовите медиуми се мајстори за fake news/ лажни вести! Последен пат во Приштина сум бил во 2014 година.
-Ние секако имаме стратегија, секојдневно дебатираме и ја разглобуваме таа стратегија. Имаме различни планови направено,...
Во своето денешно гостување во Дневникот на Сител, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски нагласи дека надворешните фактори, односно центри на моќ играат клучна улога во кризата во Македонија.
Апсолутно дека е загрозена унитарноста на државата. Се соочуваме во ситуација во која таа унитарност е нападната, а со тоа и државата.
Во Македонија освен партии има и народ. Чесниот народ, Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Власите, Србите, Бошњаците не се согласуваат со ваквото сценарио.
Принципот на коалицирање "победник со победник" со овој потег на ДУИ е засекогаш уништен. Никој, па ни ВМРО-ДПНЕ во иднина нема да има таква обврска, напиша на својот ФБ профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Основната причина за целата операција за рушење на власта и носење на Зоран Заев е слабеење на државата со цел промена на името и идентитетот на Македонците.
пред 2 часа - Ракомет
Вардар останува лидер во А групата, но ја прекина победничката серија што ја имаше сезонава. Гостинките од Црна Гора, ракометарките на Будуќност во СЦ "Јане Сандански" се радуваа на победата 31-28 (17-16).
пред 2 часа - Свет
САД го осудија вчерашниот напад врз припадниците на Организација за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) во источниот дел на Украина и ги обвинијата проруските сили дека стојат зад нападот.
пред 3 часа - Свет
Противници на францускиот крајнодесничарски Национален фронт (ФН) нападнаа денеска автобуси со партиски активисти кои патувале кон голем предизборен митинг на лидерката Марин Ле Пен во Нант, јави ТАСС.
vesti.mk пренесува информации од наведените извории нема одговорност за содржината на информациите
Copyright © 2013 vesti.mk | fineweb-2 |
Најмалку десет луѓе загинале, а пеесетина други биле ранети, од кои 37 посериозно, откако денеска во Италија еден товарен воз излетал од шините по што експлодирале два вагона полни со течен гас. Несреќата се случила на станицата во пристаништниот град Виареџио во Тоскана. По експлозијата оганот се проширили врз блиските куќи. Властите се уште ги испитуваат причините за несреќата. | fineweb-2 |
Банка на Италија
Содржина
- 1 ЦЕЛИ
- 2 ИСТОРИЈА
- 3 ОРГАНИЗАЦИЈА
- 4 ЧЛЕНОВИ НА ДИРЕКЦИЈАТА (управниот одбор)
- 5 ФУНКЦИИ И УПРАВУВАЊЕ
- 6 МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА
- 7 ДЕВИЗНИОТ ПАЗАР И ЗАДОЛЖИТЕЛНИТЕ РЕЗЕРВИ
- 8 СИСТЕМ НА ПЛАЌАЊЕ
- 9 БАНКНОТИ И МОНЕТИ
- 10 СТРАТЕГИСКИ ПЛАН 2011-2013
- 11 УСЛУГИ ЗА НАСЕЛЕНИЕТО
- 12 КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ ЗА СЛУЖБА ВО БАНКА НА ИТАЛИЈА
- 13 Наводи
- 14 Официјално мрежно место
ЦЕЛИ[уреди | уреди извор]
Банката на Италија е јавно-правна институција и се стреми кон исполнување на целите од општ интерес во монетарното и финансиското подрачје. Во овој контекст, може да се наведат следниве цели: ценовната стабилност, која е примарната цел на Евросистемот под Договорот за основање на Европската заедница (ДЕЗ) и стабилноста и ефикасноста на финансискиот систем, на тој начин исполнувајќи го принципот на заштита на заштеди отелотворени во Уставот (член 47 (1): "Републиката го охрабрува и заштитува штедењето во сите негови форми, се уредува, координира и контролира обезбедувањето на кредит"); и други работи кои му се доверени тоа од страна на италијанскиот закон[1].
ИСТОРИЈА[уреди | уреди извор]
Потеклото на банкарството се губи низ времето. Но не и од оние централни банки, чија историја е исцрпена целосно во распон од едвај три века.
За секој од нив, датумот на раѓање е познат со прецизност: 1668 за централната банка на Шведска, 1694 за тоа на Англија, 1800 за Франција, 1814 за Холандија, 1817 за Австрија, 1850 за Белгија, 1875 за Германија, 1882 за Јапонија, 1893 за Италија, 1913 за Банката на федерални резерви на САД. Постои можност оваа листа на датуми да не биде точна. Всушност, централната банка не се јавила како целосна и развиена институција која ја знаеме денес. Централната банка е тело кое се развивало со текот на времето, постепено стекнувало нови и повеќе комплексни функции, должности и функции, за создавање повеќе и повеќе сложени и деликатни односи со остатокот од банкарскиот и финансискиот систем и со политичкиот систем и економијата воопшто[2].
Банката на Италија беше конституирана во 1893 година како дел од целокупната реорганизација на банките во Италија. Во 1926 година на Банката и беше дадено значајно признание, бидејќи таа стана единствена надлежна институција за издавање книжни пари. И беше доделена моќ на банкарска супервизија која ќе се проширува и зајакнува со Законот за банките 1936, со која официјално и се призна статусот на Банката како јавно правна институција. Ова остана како основно законодавство на италијанското банкарство до 1993 година, кога Консолидираниот Законот за банки, кој и ден денес е во сила, беше донесен. Клучениот момент во историјата на Банката беше стабилизирање на лирата во 1947 година. Повоениот бран на инфлација беше скршен и монетарните услови за "економско чудо" на 1950-тите беа утврдени. Уставот од 1948 година го чуваше принципот на "заштита на заштеди." По шоковите од 1970та година, па се до меѓународниот монетарен систем и лирата, италијанската дезинфлација беше помогната од посилната правна заштита на независната Централна Банка. Повторното воспоставување на стабилноста на валутата и почетоците за прилагодување на јавните финансии и овозможија на Италија да се усогласи со стандардите поставени од страна на Договорот од Мастрихт (1992) и да се квалификува во водечките групи на земји во усвојување на еврото како своја валута во 1999 година. Евро банкнотите и монетите почнаа да циркулираат во промет во 2002 година.
ОРГАНИЗАЦИЈА[уреди | уреди извор]
Раководните тела на Банката се Собранието, Управниот одбор, гувернерот, генералниот директор и три Заменик директори; Последните пет ја сочинуваат Дирекцијата. Организационата структура на Банката ги одразува трите нивоа во кои работи: меѓународни, национални и локални. Дирекцијата ги изготвува и спроведува стратешките, управувните и оперативните политики. Собранието се одржува еднаш годишно и со цел одобрување на сметки и назначување на ревизори. Одборот на директори има административна власт и со него претседава гувернерот (или од страна на генералниот директор во негово отсуство). По реформата во 2005 година, гувернерот изгуби одговорност во поглед на одлуките на надворешните релевантни (односно банкарскиот и финансискиот надзор), кои се пренесени до Дирекцијата (со мнозинство гласови). Генералниот директор е одговорен за ден-за-ден администрација на банката, и делува како гувернер кога тој е отсутен.
Одборот на ревизори ја оценува администрацијата на банката во согласност со законот, прописите и статутот.На национално ниво Банката е организирана во филијали лоцирани во регионалните престолнини и во некои провинциски престолнини. Нивните активности се однесуваат на банкарскиот и финансискиот надзор, циркулирањето на домашната банкнота, платниот систем на услуги, економските анализи и статистичките истражувања на локално ниво.
Банката има претставништва во Лондон, Њујорк и Токио, голем број на офицери се назначени како финансиски приврзаници на некои италијански амбасади и конзулати.Банката на Италија во моментов е во процес на општата реорганизација наменета за подобрување на квалитетот, економијата и на ефикасноста на услугите што ги дава државата, во согласност со менувањето на економската и финансиската состојба и од можностите што ги нудат технолошките иновации. Оваа реорганизација,во која учествуваат Дирекцијата, филијалите и претставништва во странство, почна во 2007 година и сега е при крај.
ЧЛЕНОВИ НА ДИРЕКЦИЈАТА (управниот одбор)[уреди | уреди извор]
Дирекцијата (Владејачкиот одбор) е колегијален орган, предмет на членовите 21, 22 и 23 од Статутот, кој е составен од гувернерот, генералниот директор и тројца заменици директори.
Тие се овластени да усвојат мерки од екстерно значење во однос на остварувањето на јавни функции кои им се доверени со закон на Банката во извршување на своите цели, освен одлуките кои потпаѓаат под надлежност на ЕСЦБ. Резолуциите се донесуваат со апсолутно мнозинство на присутните, каде бројот на поделба е еднаков,а гувернерот има решавачки глас[3].
- Игнацио Виско – гувернер
- Фабрицио Сакомани - генералниот директор
- Салвадор Роси - Заменик-генералниот директор
- Фабио Панета - Заменик-генералниот директор
- Луиџи Федерико Сињорини - Заменик-генералниот директор
ФУНКЦИИ И УПРАВУВАЊЕ[уреди | уреди извор]
Функционалните и управувачки аранжмани на Италија се базираат на различни правни извори: правото на Заедницата, кој ја регулира активноста на Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ), одредбите од банкарскиот и финансискиот закон во врска со неговите надзорни овластувања, другите одредби кои ги регулираат своите односи со Министерството за економија и финансии и други органи, и Статутот.
Главните функции на Банката на Италија се дизајнирани за да се обезбеди монетарна и финансиска стабилност, што е нужен услов за траен раст на економијата. Банката придонесува во одлуките за единствена монетарна политика на еврозоната и ги врши задачите кои и се доверени, како централна банка која есоставен дел на Евросистемот. Тој е одговорен за спроведувањето на овие одлуки во Италија преку работењето со кредитни институции, политика на отворен пазар, и менаџментот на задолжителните резерви. Банката промовира непречено функционирање на платниот систем преку обезбедување на насоки, регулирање и контрола. Таа врши услуги за државата со спроведување на трезорско работење (јавен сектор приходи и расходи), дејствувајќи како агент за јавен долг, и борбата против каматата.
Еден дел од активностите на банката се насочени на високо ниво на меѓународна соработка, особено во делот за финансиската стабилност. Таа учествува во соработка со разни групи и комитети на европско ниво и во мултилатерални форуми. Исто така, обезбедува техничка помош на регулаторните тела на новите и земјите во транзиција.
МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА[уреди | уреди извор]
Согласно со членот 105 од Договорот за ЕЗ, стабилноста на цените е примарна цел на Евросистемот, кој се состои од Европската централна банка и централните банки на земјите-членки, кои го прифатија еврото. Целта е следена преку единствена монетарна политика. Банката на Италија придонесува за монетарната политика во Евросистемот преку учество на гувернерот на Управниот совет на ЕЦБ. Економските анализи кои се вршат од страна на вработените во банката на Италија се важен придонес кон дискусијата и процесот на донесување одлуки во Советот и техничките комитети на Евросистемот и работните групи.
Целта на монетарната политика е одржување на ценовната стабилност, дефиниранирана од страна на Управниот совет како водење на хармонизиран индекс на потрошувачките цени на еврозоната подолу, но блиску до 2 отсто во текот на среден рок.Советот користи различни инструменти, вклучувајќи ги и промените во официјалните курсеви и регулирање на количината на резерви на меѓубанкарскиот пазар по пат на отворен пазар операции[4]. При донесувањето на одлуките на Управниот совет во врска со официјалните каматни стапки се утврдуваат условите на кредитните институции за собирање финансиски средства. Преку сложен процес на овие одлуки се гледа на различни начини: на различни степени, во приносите на други пазари, во домаќинствата и заштедите, расходите и инвестиционите одлуки на фирмите и, во крајна линија, во економијата во целина и особено на ниво на цените. Спроведувањето на монетарната политика се базира на принципот на супсидијарност, според кој операциите на Евросистемот вообичаено се вршат од страна на централните банки на поединечни земји-учеснички.
ДЕВИЗНИОТ ПАЗАР И ЗАДОЛЖИТЕЛНИТЕ РЕЗЕРВИ[уреди | уреди извор]
Задачите и функциите доверени на Банката на Италија во рамките на Европската институционалната рамка ги вклучуваат интервенциите на девизниот пазар и управувањето со девизните резерви[5].
Девизен пазар[уреди | уреди извор]
Постојано, со правилата со кои се регулира Евросистемот, Банката на Италија придонесува за интервенции на девизниот пазар. Таа може да бидат повикана да интервенира на пазарот, заедно со другите национални централни банки и Европската централна банка. Таа учествува секојдневно во телеконференција со другите главни централни банки, со цел да се утврди индикативноста на девизниот курс на еврото во однос на 35 валути. Покрај тоа, Банката на Италија учествува на состаноците во кои централните банки учеснички во новиот механизам на девизниот курс даваат извештај за активностите на девизниот пазар.
Задолжителни резерви[уреди | уреди извор]
Задолжителните резерви се од суштинско значење и за Банката и за Евросистемот. На прво место ЕЦБ може да побара Централните Банки да обезбедат резерви за да се исполнат некои посебни потреби. Второ, националните резерви можат да се искористат за сервисирање на странски долг во странска валута, со што можат да се избегнат многу дисторзивни ефекти на пазарот. И на крај, бидејќи официјалните резерви на поединечните национални централни банки се составен дел од оние на Евросистемот, нивното целокупно ниво и правилно управување придонесе за зачувување на кредибилитетот на ЕСЦБ. Банката управува со резервите преку нивно инвестирање директно на меѓународните пазари. Таа управува, паралелно со другите централни банки врз основа на критериумите и целите утврдени од страна на Управниот совет на ЕЦБ и дел од девизните резерви ги доделува на Европската централна банка во почетокот на монетарна унија.
СИСТЕМ НА ПЛАЌАЊЕ[уреди | уреди извор]
Системот на плаќање може да се дефинира како збир на инструменти, постапки и лица (како посредници и други), инфраструктура и правила кои придонесуваат за трансфер на пари од еден оператор на друг.
Интервенцијата на централните банки има за цел да ја зачува довербата на јавноста во валутата како средство за плаќање, преку промоција на условите за ефикасност, стабилност и безбедност. Со полесен трансфер на пари помеѓу операторите и поттикнувањето на раст на трансакциите, непреченото функционирање на платниот систем е неопходен услов за стабилност и ефикасност на финансиските пазари и растот на реалната економија. Обезбедувањето на директно плаќање за услугите е една од клучните елементи на располагање на Централната банка, заедно со регулирањето на системот (надзорната функција) и соработката со пазарот, со која треба да се промовира непречено функционирање на платниот систем. Во Италија, централната банка работи преку национални платежни системи, особено "BI-Rel", за решавање во брзо време големи индивидуални трансакции, и "BI-Comp", за клиринг и порамнување на исплати на мало. Во нејзината улога како оператор на системите за плаќање, Банката дефинира политики за подигнување на ефикасноста, сигурноста и безбедноста на директно давање на домашните платежни услуги. Акцијата на национално ниво е поставена во европски контекст и повеќе се карактеризира со силен притисок да се создадат заеднички процедури заедно со еврозоната и усогласување на регулаторната рамка.
Евросистемот и довери задача на Банката на Италија, заедно со централните банки на Франција и Германија, да придонесат во развивање и функционирање на платформата на новиот европски систем за плаќање TARGET2. Банката објави дека е подготвена, заедно со централните банки на Франција, Германија и Шпанија, да изгради единствен европски систем за порамнување на хартии од вредност (TARGET2 хартии од вредност). Акциите на банката во платниот систем, каде што системските ризици и цената на пазарната неефикасност се високи, придонесоа, заедно со технолошките и финансиските иновации за зголемување на меѓународната интеграција на земјата и за доведување на платниот систем на Италија во согласност со стандардите на други водечки индустриски економии.
БАНКНОТИ И МОНЕТИ[уреди | уреди извор]
Банката на Италија издава евро банкноти во согласност со принципите и правилата утврдени во рамките на Евроситемот и ги контролира сите готови пари во оптек во Италија. Како дел од Евросистемот, Банката произведува количина на евро банкноти кои биле доделени, ги става во промет, учествува во потрагата и експериментирањето на нови безбедносни карактеристики и придонесува кон дефинирање на заеднички стандарди за квалитет на парите во оптек и борбата против фалсификувањето.
Банката на Италија, исто така, има овластување да ги контролира оние институции кои што работат со парите. Во случај на прекршок,банката може да наметне парични и административни санкции. Евро монетите се коваат во Италија од страна на државната печатница и во име на Министерството за економија и финансии, кое во својот капацитет како издавачко тело, гарантира дека тие се распоредени на национално ниво преку филијали на Банката на Италија.
СТРАТЕГИСКИ ПЛАН 2011-2013[уреди | уреди извор]
ВИЗИЈА[уреди | уреди извор]
Банката на Италија планира да ја зајакне својата повеќеаспектна акција за подобрување на монетарна и финансиска стабилност и тоа преку: формулирање и имплементација на монетарната политика на евро-областа; регулација и супервизија на финансиските посредници, пазарите и на платниот систем; анализата на италијански и светски економии за да ги информира другите италијански институции и јавното мислење и да придонесе во економските дебати. Банката има намера да ги извршува работите совршено, настојувајќи да ги намали трошоците, брзо да одговара на ризиците и да ги награди добрите заслуги и вештини. Тоа ќе се постигне на основа на нејзината независност[6].
СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ[уреди | уреди извор]
- Подобрување на совесноста и ефективноста на надворешната и внатрешната комуникација за резултатите од активностите на Банката и менаџментот на управување на ресурси.
- Преземање на иновации во работењето на Банката со цел да ја зголемат својата ефикасност
- Да се зајакне посветеноста на банката кон општествената одговорност
АКЦИОНИ ПЛАНОВИ[уреди | уреди извор]
Акционите планови идентификуваат начини на кои стратешките цели се преземаат и се инструмент за спроведување на активности и следење на напредокот.
КОМУНИКАЦИЈА[уреди | уреди извор]
Да се подобри темелноста и ефективноста на надворешната и внатрешната комуникација за резултатите од активностите на Банката и за управувањето на своите ресурси со разгледување методи и канали на комуникација, со посебен осврт на:
- Ширење на идејата во рамките на Банката дека комуникацијата е еден од основните и трансверзални стратешки фактори кој треба да биде управуван со потполна свест за влијанието кое тоа го има;
- Вршење на широк преглед на развојот на односите на Банката со медиумите и конципирањето нивниот понатамошен развој;
- Проценување на потребата и можните форми на надоместок за комуникациски цели, до најчестите интернет платформи;
- Разгледување и проширување на веб страницата на Банката, прв од сите технолошки гледни точка, со цел подобрување на неговата употребливост,достапност и интерактивност со повеќе кориснички ориентиран пристап;
- Радикално реорганизирање на интранет страницата на Банката, со целосно осмислување на содржината, стилот и интерактивноста на каналите на комуникација.
Одговорно лице: Генералниот секретар Реализација: Втората половина на 2013 година
ИНОВАЦИИ[уреди | уреди извор]
Да се изврши реформа на системите за управување на банката (патека на кариера, оценување, мотивација, пол). Одговорно лице: Генералниот секретар Реализација: Втората половина на 2013 година
Подобрување на менаџмент системот за контрола за да се надополни стратешкото планирање, меѓу другото, преку проучување на можноста за воведување на децентрализираните буџети и, поконкретно:
- Да се воспостави методологија за анализа на трошоци и поврзаните правила за нејзина употреба во врска со проекти, акциони планови и други важни иницијативи;
- Да се воспостави методологија за евидентирање на расходи за спроведување на стратегијата;
- Изучување на организациски и технички барања за усвојување на децентрализирани буџети.
Одговорно лице: Главниот сметководител како член на Управниот Координативен комитет
Да се заврши процесот на интеграција на ИТ, управувањето со персоналот,организациските и работни процеси, и планирањето и контролата, со цел да се зголеми продуктивноста преку дизајнирање и спроведување на интегриран информативен систем. Овој систем треба да му овозможи на постојаниот секторски систем на банката добра комуникација, правејќи ги интероперабилни. Единица надлежна: Управниот комитет за координација Реализација: Првата половина на 2013 година
Да се создаде нов модел на управување со имотот што Банката го изнајмува и да се добијат многу глобални купувачот, по што Банката да ги насочи своите сили за купување на стоки и услуги кои во моментов се распределени на различни единици. Одговорно лице: Управниот директор за сопственост и купување Реализација: Првата половина на 2014 година
ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ[уреди | уреди извор]
Да се намали влијанието врз животната средина што се создава од активностите на Банката преку:
- Намалување на потрошувачката на енергија и поттикнување на употреба на обновливите извори на енергија;
- Намалување на влијанието врз животната средина преку мобилноста на вработените;
УСЛУГИ ЗА НАСЕЛЕНИЕТО[уреди | уреди извор]
- Државен трезор за плаќања и складирање
Банката на Италија дејствува како благајник на италијанската држава. Таа прави исплати за сметка на општите владини тела и ги собира обврските кон нив. Граѓаните може да добијат плати и други исплати од владините тела, да го платат она што им го должат на оние органи или на трети лица, и да добијат извештаи за реализираните трансакции.
- Размена на книжни пари и монети
Оваа услуга врши замена на оштетените евро банкноти и монети преку носење на банкнотите и монетите на една од банките на Италија кои ја обезбедуваат оваа услуга.
- Проверка на осомничени фалсификувани банкноти
Оваа услуга овозможува да се испитаат осомничените банкноти за кои се смета дека се фалсификувани и доколку резултатите го докажат тоа,да се преземат соодветни мерки. Секој кој се сомнева во исправноста на својата банкнота има право да ја однесе во која било банка или пошта да се провери. Потоа банката или поштата ја носи банкнотата до Централната банка на Италија каде што се проверува банкнотата од Националниот Центар за анализа на фалсификати.
- Проблеми и исплата на BI чековите од благајната
- Централниот кредитен регистар
Централниот Кредитен регистар е информатички систем управуван од страна на Банката на Италија која ги собира податоците доставени од страна на банките и финансиските компании за кредитите што тие ги доделуваат на своите клиенти. Службата ги дава овие податоци на располагање бесплатно.
- Мегубанкарски регистар на неправилни чекови и кредитни картички
Регистарот овозможува да си ги проверите податоците за вас во својата база на податоци, може да се следи редовната циркулација на чекови и платежни картички на банката и поштата, и обезбедува појаснувања во врска со функционирањето на регистарот. Исто така служи да се спречи неправилното користење на чековите и платежните картички издадени од банките и поштата,ја зголемува сигурноста на овие инструменти и од тука и довербата на граѓаните. И оваа услуга е бесплатна.
- Поплаки во врска со банкарските и финансиските услуги
Со оваа услуга од банката моеже да се пријават неправилни или несоодветно постапување од страна на банките и финансиските посредници на Банката на Италија. Банката ги разгледува поплаките и потврдува дали се прекршени транспарентноста и исправноста на барањата и потоа интервенира. Банката одговара на поднесителот на жалбата, ја повикува банката или финансискиот посредник да одговори во целост, прецизно и брзо што се случило, и, конечно, дава одговор.
- Поднесување на жалби до финансискиот народен првобранител
Народниот првобранител е еден од алтернативните начини на решавање на жалби од страна на клиентите за банките или другите финансиски посредници. Постојат три регионални одбори, кои се наоѓаат во Рим, Милано и Неапол.
- Пристап до истриската архива
Оваа улуга овозможува пристап до историската архива на банката која се состои од 20 комплети на книги. Од нив, најстариот датира од 1840 година.
- Пристап до библиотека
Колекциите на Банката на Италија се управувани од страна на две библиотеки: Паоло Baffi библиотека, која е специјализирана за банкарството, финансиите и економијата, а другата библиотека, се специјализира за дела од банкарски и финансиски права и закони. Вкупната количина изнесува 150.000 тома, 8500 периодични публикации на хартија, и 1300 електронските ресурси.
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ ЗА СЛУЖБА ВО БАНКА НА ИТАЛИЈА[уреди | уреди извор]
На 26 октомври на Одборот на директори го одобри Кодексот на етика за персоналот на Банката. Кодексот ги утврдува општите принципи со кои вработените треба да се усогласат во извршувањето на нивните должности, потоа со јавната природа на Банката и важноста на интересите кои им се доверени на нив. Поточно, кодот ги вклучува принципите за независност и непристрасност, забрана за прифаќање на подароци, судири на интереси, доверливост, и продолжување на работите по престанокот на работниот однос.Кодот служи како пат за насочување на однесувањето на вработените, без повреда на обврските и забрани утврдени во формалните прописи. | fineweb-2 |
Погледнете како гличовите на ФИФА изгледаат во реалниот фудбал (ВИДЕО)
Погледнете го едно од најзабавните фудбалски видеа креирано на "Youtube" каналот на "F2Freestylers" кое ги содржи сите гличеви на ФИФА 2017 во реалниот фудбал, а специфично е тоа што прецизноста со која ги изведуваат е навистина неверојатна.
Сигурно сте имале проблеми со гличови додека сте ја играле играта, па ова видео може ќе ви помогне за во иднина. | fineweb-2 |
Либискиот врховен судски совет денеска ке дискутира за смртна казна изречена за шесте странски доктори кои се осудени поради инфецирање на повеке од 400 либиски деца со вирусот ХИВ која предизвикува сида. Советот има надлежност да ја поништи смртната кзана на која се осудени пет бугарски медицински сестри и еден палестински доктор.Преставниците на позната либиска фондација вчера изјавија дека фамилиите се подготвени да прифатат компензација од 1 милион долари за жртва. | fineweb-2 |
17.02.2017, 15:26
НЕКОЛКУЧАСОВНА ОДБРАНА НА ПРВООБВИНЕТИОТ САМИ УКШИНИ ОБВИНЕТ ВО "ДИВО НАСЕЉЕ"
Командант Соколи: Да бев јас командант, ќе имаше 200 мртви, а не само 18
Сами Укшини алијас командант Соколи не се чувствува виновен за терористичките напади во кумановската Дива Населба кога на 9 и 10 мај загинаа 18 лица, од кои 8 беа припадници на МВР, а 42- ца беа повредени.
Во својата неколкучасовна одбрана пред судот , првообвинетиот Укшини неколку пати повтори дека не бил водач на групата и да бил ќе било многу полошо:
"Водачи на групата беа Бег Ризај и Мирсад Ндрецај кои се мртви. Јас бев дел од организирањето на војната од 2001. Да бев во Дива Населба јас командант, немаше да бидат убиени 18, ќе имаше 200 мртви, ќе беше многу полошо и сега немаше да бидеме овде во судница. Не сум јас толку наивен. Обвинетиот Шефкет Калачи телефонски контактираше со мисијата на ОБСЕ за да се предадеме. Но, полицијата уште повеќе нe нападна", сведочеше обвинетиот Укшини. Командант Соколи пред судот појасни дека на 1 и 2 мај 2015 илегално ја минал границата на Македонија, му била дадена униформа во зелена боја со ознаки на УЧК и оружје од водачите, два дена спиел во планина, а во Куманово стигнал на 5 мај за, како што кажа, да се одморат и да одржат прес-конференција: "Јас сум патриот, не терорист. Овде дојдовме за да се бориме за правата на Албанците и да го спроведеме Рамковниот договор и планиравме тоа да им го кажеме на новинарите. Да пренесат дека ако не се реализира Охридскиот договор, ќе се вратиме на местото каде ја оставивме војската во 2001. Планот беше до 19 мај да останеме во Куманово. Треба полицијата да ја прашате каков напад извршила, а не нас", се бранеше обвинетиот Укшини. Тој додаде дека на 7 и 8 мај ги предупредил организаторите дека треба да си одат оти забележал дрон, но тие му кажале да не се плаши и му дале пакет со цигари. Кога се случил терористичкиот напад, Укшини рече дека од сон го разбудиле пукотниците од автоматско оружје и од хеликоптер. Командант Соколи рече дека телефонските разговори обезбедени со ПИ Мерки на кои се слушал неговиот глас, а кои се доказ во постапката не биле целосни.
Судењето за случајот продолжува на 23 февруари со одбрана на останатите обвинети. Во случајот за тероризам и терористичка организација им се суди на 37 лица. (К.Д.) | fineweb-2 |
Феудалната, технократско-централистичка држава, Османлиската империја, по балканските освојувања, почна да се дели на големи административни единици - беглербегства. Беглербезите биле директно именувани од султанот и како управници на тие големи територии биле и највисоки воени команданти во беглербеглакот или пашалакот. Румелискиот беглербеглак ги опфаќал териториите на турските провинции во Европа. Овој пашалак, како и другите, впрочем, се делел на помали управно-територијални единици наречени санџаци. Во Ќустендилскиот санџак влегле и нахиите Кратово, Штип, Кочани, Нагоричани, сите од кратовската каза, потоа Струмица, Тиквеш, Мелник и Дојранското Езеро од струмичката каза и Славиште и Горна Кресна од казата Ќустендил. Во Охридскиот санџак, покрај другите територии, влегол и поголем дел од Западна Македонија. Кон средината на 16 век бил создаден Скопскиот санџак, формиран исклучително од македонска територија, а нешто пред него формираниот Солунски санџак ги опфатил териториите на Јужна Македонија. Во ова време Лерин се споменува како посебен санџак. Во таканаречениот Паша-санџак влегувале нахиите Тетово, Кичево, Велес, Прилеп, Битола, Ениџе-Вардар, Воден, Бер, Серфиџе, Хрупиште, Костур, Биглиште, Драма, Серез, Зихна, Неврокоп, Демир Хисар и Сидерокапса.
Не треба посебно да се нагласува дека освојувањето на Македонија од страна на Турција на овој простор предизвикало, пред се, етнички промени. Тоа ја разбило компактноста на масите на македонското население. Еден негов дел бил одведен во ропство, друг избегал пред освојувањата. Многу населени места во Македонија опустеле. За да ја засили поддршката на новиот поредок, како и да го обнови и засили разореното производство во покорена Македонија, новата власт, не само што го стимулирала доброволното населување со турски елементи, туку поначесто тоа го правела систематски и со точно определен план. Така во Македонија почнувале да никнуваат првите турски населби, а потоа се повеќе и повеќе. Според записите, веќе во 1460 година во Велешката нахија имало пет турски села, а по 100 години - 15! Бројот на муслиманското население особено растел во градските центри. Во Скопје во 1455 година живееле 511 муслимански семејства и 339 христијански, а во 1519 година бројот на македонските семејства се намалил на 302, а на муслиманските пораснал на 717. Во Кичево во 1476 година имало 31 муслиманско семејство, а педесетина години подоцна таа бројка нараснала на 111, додека пак христијанските семејства од 186 се намалиле за 40. Слична е и состојбата во Битола: од 1460 до 1519 година бројот на муслиманските семејства нараснал од 295 на 756, а на христијанските од 185 само на 330.
Се покажа дека Македонија особено е погодна за населување на номадите од Мала Азија. Таканаречените "јуруци" се населија во солунско, неврокопско, струмичко, радовишко, кочанско и овчеполско. Кога се зборува за доселувањето во Македонија не треба да се пренебегне фактот дека по засновањето на инквизицијата во Шпанија и Португалија, во Македонија е забележано богато доселување на Евреите, особено кон крајот на 15 век. Во рамките на Турската империја тие нашле сигурно засолниште, што се одразило и на економскиот подем на оние градови каде што Евреите се населиле, пред се, на Солун, Битола, Скопје, Бер, Костур, Серез, Штип, Кратово и Струмица. Кон средината на 16. век во Солун, на пример, имало околу 3.000 еврејски куќи, заради што градот го добил името "град-мајка на Израел". Во Скопје, според некои други податоци, во 17 век еврејскиот кварт бил ограден со ѕидини, а во градот имало две синагоги и повеќе училишта.
Во таква ситуација, што ќе рече, во ситуација кога неговата етничка целост била сериозно загрозена од доселениците, различни од него и по вера и по јазик, македонскиот народ морал жестоко да се брани, за да опстане пред сериозната закана да биде асимилиран.
Во принцип, Турците биле толерантни, кога станувало збор за народносното и верското определување на потчинетите народи. Но тоа не значи дека одвреме-навреме не се случувале ексцеси, како резултат на верскиот фанатизам, при што поголеми групи од покорените балкански народи биле потурчувани и принудувани да преминат во исламот. А и економските и општествено-политичките моменти влијаеле на менувањето на верата. Еден добар дел од благородниците ја примиле новата вера - на тој начин сакале да ги запазат привилегиите што ги имале пред тоа. Верата ја менувале и сиромасите, кои така се ослободувале од големиот намет и од даноците што инаку ги плаќале христијаните. Патеписецот Рико, кон средината на 17 век, забележал повеќе начини со кои турските екстремисти се служеле за да ги принудат христијаните да ја сменат верата. Тој, меѓу другото, пишува: "Среброљупците ги задоволувале со пари, суетните и властољубивите со почести и со изгледи на високи достоинства, а плашливите и слабите со закани и сила". Германскиот патеписец Елсиер посочува примери на принудно исламизирање и вели дека Турците земале насила убави жени за своите сараи и дека христијанинот можел да се спаси од смртната казна само ако премине во исламот. Во еден ферман упатен до битолскиот кадија во јануари 1731 година, пишува: "Некои муслимани шетаат по улицата со тапани, ги напаѓаат христијаните, ги грабаат нивните деца и вршат притисок врз рајата за да ја прими исламската вера и таа не може слободно да оди в црква". Италијанскиот патописец Бенедето Рамберти наведува еден пример од 1534 година кога најстариот од седумте браќа го примил исламот само за да го спаси од давачки семејството. Имено, доколку еден член од семејството ја смени верата, тогаш целото семејство се ослободува од давачките. И од данокот во крв, исто така. Во јануари 1640 година со специјална наредба на спахијата од село Љубаниште, Охридско, му се забранило да бара од Хаџи Хасан од Битола чифт бозаи, затоа што тој преминал во исламот уште пред 30 години!
Различни биле отпорите против исламизацијата на македонското население. Од еден ферман од 18 јуни 1785 година, Хаџи Јанаки, на пример, поднел жалба до султанот, затоа што Бајазит ага му ја грабнал ќерка му, ја потурчил и ја зел за жена. На 23 септември 1763 година група поранешни осуденици во Солун дошле во неколку конзулати во градот и барале храна од дипломатските претставници за да не умрат од глад и за да не се потурчат, како некои нивни другари, кои, заради гладот, ја смениле христијанската вера со муслиманска.
Како резултат на отпорот против промените на верата, во Македонија израснаа ликови на повеќе маченици, како Јован Нови од Солунско, кој заради верата бил убиен летото 1514 година во Истамбул. На 1 октомври 1520 година бил погубен Јаков од Костур со своите двајца ученици, Јаков и Дионисиј. Причина: не сакале да ја сменат верата. Поради тоа што одбил да го прими исламот во Битола во 1750 година, јавно му била пресечена главата на младиот Ангел од Лерин. На 29 август 1794 година во Солун бил погубен Спас или Анастас од Радовиш, исто така заради одбивањето да го замени христијанското убедување со мухамеданско. Двајца маченици од Македонија, заради тоа што одбиле да се потурчат, се прогласени за светци: Ѓорѓи Кратовецот и Злата Мегленска. Горѓи бил роден во Кратово 1497 година. Учел во родното место, а потоа школувањето го продолжил во Софија, каде што покажал голема љубов кон книгата и верата. Турците тоа го забележале и по секоја цена се обидувале да го потурчат. Откако ги одбил еднаш и повеќепати потоа, бил ставен в затвор, а за време на будењето, обвинет дека не го признава Мухамеда за пророк, бил линчуван од група фанатизирани Турци, а потоа фрлен во распален оган. Имал само 18 години кога тоа се случило - на 10 февруари 1550 година. Поради саможртвата Ѓорѓи Кратовец бил прогласен за светец од Руската, Бугарската и Српската православна црква.
Злата Мегленска е родена во селото Слатина, Мегленско. Таа била погубена на 13 октомври (стар стил) во 1795 година, откако одбила, по грабнувањето, да се потурчи и да се омажи за еден од грабнувачите. Три месеци лежела в затвор и категорично одбивала да ја смени верата. Кога виделе дека таа решително го одбива потурчувањето, Турците ја обесиле со нозете нагоре и потоа ја исекле на парчиња. Некои луѓе парчињата од нејзиното тело ги зеле со себе како реликвија. Не се знае дали некоја црква ја прогласила за светица, меѓутоа, нејзиниот портрет го среќаваме во повеќе македонски цркви и манастири, насликана како маченица и светица.
Една од најраширените форми на отпорот против поробителот и ропството во Македонија е ајдутството. Тоа не е карактеристично само за македонскиот простор, туку за секаде и засекогаш каде што односите и политички и општествени се феудални. Александар Матковски, авторот на првата и исцрпна монографија за оваа општествена појава во Македонија, не смета дека ајдутството треба да се сведе само на криминал, како и да се предимензионира неговото значење до ниво на ослободително движење, туку го застапува мислењето оти ајдутството е рожба на феудалниот поредок и тоа е само продолжение на антифеудалното движење што се јавило и што постоело и пред доаѓањето на Турците, а продолжило и во нивно време.
Во Македонија првиот сочуван пишан документ во кој се зборува за ајдутството е записот од јануари 1502 година. Во него е забележано дека ајдутите нападнале еден трговски карван, составен, главно, од дубровчани. По овој напад, кога некои од напаѓачите биле фатени, штипскиот кадија наредил сите десетмина фатени ајдути да бидат набиени на кол
Ајдутството особено се засилува кога почнува да опаѓа моќта на Османлиите (средина на 16 век), кога почнал да се распаѓа турскиот тимарско-спахиски систем, кога почнува да слабее дисциплината кон централната власт. Кога се знае дека еден добар број ајдути се одметнувале заради насилството и беззаконието, кои се ширеле се повеќе и повеќе и дека лично од нив биле погодени со тоа што им бил убиен некој близок, или силувана или грабната жена или сестра, или, пак, ограбен имот, тогаш може да се извлече заклучок: ајдутството е и општествен протест против зулумот. "Лошата постапка на турската власт кон христијаните била основна причина што тие се собираат и грабаат по друмовите", соопштува еден дипломат. Во битолските сиџили од октомври 1658 година е запишано како битолскиот кадија им наредил на спахиите да не ја малтретираат рајата и под изговор дека има ајдути во селото да им земаат пари и друго, бидејќи тоа може да ги натера да се одметнат. Причина за да се одметне во ајдутин, на пример, славниот чичко Иљо Малешевски, е убиството на брат му. Многу години пред него, во мај 1574 година, жителите на некои села во Кичевско, кои одбиле да дадат луѓе за веслачи во морнарицата на Империјата, избегале во планина. Во 1669 година, на судењето ајдутинот Марко од село Боиште, Битолско, бил обвинет затоа што "не ги плаќал царските даноци и џизието и грубо го навредувал неговото величество падишахот". Некои села од Дебарско во февруари 1585 година кои одбиле да го платат арачот се одметнале в шума. Жителите од село Моловиште (во 1621/23 година), Битолско, се заканиле дека "ќе избегаат во планина" доколку не се намали претераната ангарија. Иста закана до валијата во Битола испратиле и селаните од село Канатларци, кои одбиле да го платат десетокот.
Користејќи ги пишаните документи, пред се, мухиме дифтерите и сиџилите, А.Матковски дошол до вонредни податоци за ајдутството во Македонија. Така, на пример, тој наведува дека ајдутинот Секула од Битола ајдутувал само пет месеци и тоа во пролетта 1730 година, додека тројца браќа од Тетовско, осудени на смрт на 8 август 1717 година, не ајдутувале повеќе од седум месеци. Ајдутинот Степанод с. Крушоради, Леринско, ајдутувал две години со чета од 48 ајдути. Ајдутинот Митре Киријас од с. Инсел, Берско, бил одметнат три години, а Кочо Сарајлија и Цеко Горленчанин, низ Мегленско и Костурско ајдутувале цели 10 години. Погоре споменатиот Марко од с. Боиште, според сиџилот во кој се зборува за неговото судење, бил ајдутин повеќе од 15 години, додека пак некој си Дуде од с.Загореич, Битолско, кого турските власти го суделе во 1644 година, зад себе веќе имал 20 години ајдутинување. Во некои документи за фатени ајдути стои дека "бунтот им бил секојдневна дејност".
Во шума се одметнувале и жени. Турските власти се подбивале со овој факт, несфаќајќи го длабокиот социјален, па и психолошки корен на оваа појава. Најстар податок за жени - ајдути во Македонија е оној од 1636 година за Кира од село Цапари, Битолско. Била во дружината на Петре Дундар. Била ајдутка заедно со брата си Јоле. Постои документ од ноември 1782 година во кој се вели дека меѓу ајдутите од село Ветрен, Демирхисарско, имало и две жени: Анѓа и Николина. Според некои податоци меѓу 1840 и 1850 во Осоговските Планини дејствувала ајдутската дружина на арамбашата Стојмен од село Панчарево, Кривопаланечко. Во оваа дружина била и неговата жена Стојна, која заради својата убавина била наречена "Кајмак Стојна". Таа често во раководењето со дружината го заменувала мажот с. Била ајдутин околу осум години. Била убиена во една борба со Турците кај селото Црвеник, Малешевско, а главата с била отсечена и покажувана на народот.
За легендарната "Сирма_војвода" нема податоци во историските извори. Самата Сирма (во 1856 година) како 80 годишна старица му раскажувала за себе на Димитар Миладинов, како и за тоа дека била ајдутски војвода. Била од село Тресонче и дејствувала по планините Стогово и Крчин.
Во повеќе документи стојат забележани имињата на попови и калуѓери, кои, или директно или индиректно, биле вклучени во ајдутското движење. Најстариот документ е од 1566 година и во него се вели дека е издадена наредба да се фати и да се спроведе во Истанбул калуѓерот Димитрие, зашто ги помагал ајдутите. Во 1605 година се споменува некој калуѓер-војвода, кој се одметнал со цела дружина в планина. Според еден документ во 1618 година калуѓерите од Лесново, Крива Река и Трново, Осоговско, се здружиле со ајдутите од тој крај и заедно напаѓале по патиштата. Во еден ферман од 1637 година, упатен до владиките од Делвино и Скопје, се нагласува оти во една ајдутска дружина се наоѓа и еден "поп-шејтан" и синот на еден свештеник, итн.
Присуството на свештени лица во ајдутските чети или блиското поврзување со нив, влече корени од социјалната состојба, во која се наоѓале духовните христијански лица, меѓутоа, нивната поддршка на ајдутските дружини била, поначесто, и поддршка на отпорот што се изразувал преку ајдутството кон османлиската власт и кон поробувачите, кои се обидувале на рајата да му ги наметнат не само својот јазик и своите обичаи, туку и својата вера.
Ајдутството во Македонија исфрлило повеќе познати арамбаши. Меѓу најстарите, според турските документи, бил Нико од Ново Село, Берско, убиен во мај 1627 година. Познат водач на ајдутска дружина бил и Михо Трпко, од село Лесково, Леринско, кој во 1634, година по осудувањето, бил испратен за веслач на галија. Во Битолско повеќе години бил активен арамбашата Петре Дундар од село Беранци. Тој и неговата дружина биле ликвидирани во јануари 1635 година. Во првата половина на 17 век мошне познат ајдутин бил Влавот Лошан од Магарево, Битолско, убиен во солунскиот затвор во 1644 година. Мошне активен водач на ајдутска дружина бил и Константин од село Сопотница, Битолско, популарно наречен Чавдар војвода.
Ајдутството не е типична појава само за Македонија и не е појава карактеристична само за Османлиската империја. Поединечни и групни вооружени отпори имало и пред Турците да го освојат Балканот. Византиските закони предвидувале строги казни против одметништвото и одметниците, а ништо поблаг не е ни Душановиот законик. Да се сведе појавата на ајдутите само на отпорот на христијаните кон туѓата вера на освојувачот и неговите обичаи, значи упростено да се толкуваат низа политички, општествени и социјални односи во една многунационална и повеќеконфесионална феудална заедница, во која експлоатацијата на сите слоеви на населението била усовршена до максимум. Оттука, во некои ајдутски дружини во Македонија покрај Македонци имало и Власи, и Албанци, и Турци, и припадници на други народи и етнички групи. На тој начин овој вид отпор на Македонците против турската власт станал продолжена форма на протест и против поробувањето и против се она што тоа го носи. И не само протест против турската власт и нејзините институции, туку и против оној слој домашни феудалци, кои во грабежот на домашното население се изедначиле со Турците. "Се што припаѓало на феудалниот господар, сето тоа потпаѓало под удар на нив и тие го грабеле, рушеле, кршеле, палеле и го растурале", ќе рече А. Матковски.
Повеќе од сигурно е дека ајдутството имало антифеудален карактер. Според еден документ во 1614 година, Мехмед Курд и Прифт, потурчени Македонци, се одметнале со својата дружина и по селата убивале само спахии. Во еден друг документ од 1630 година се вели: "Ајдутите упаѓаат кај богатите и добродетелните, кои живеат во тие краишта. Нив ги отепуваат, а имотот и храната им ги грабаат". Загрижените чувари на редот во еден документ од 16 јули 1709 година ќе запишат: "Дење и ноќе со оружје напаѓаат на становите на богатите луѓе". Седум-осум години потоа, пак, некои нивни колеги ќе се жалат: "Најчесто ги фаќаат богатите луѓе, ги мачат и ги убиваат". Ристо Поплазаров ќе забележи дека "самиот факт оти ајдутството постоело и не можело да биде ликвидирано од една комплетна државна власт, речиси, до крајот на османлиското владеење во Македонија, покажува дека тоа било животоспособно оружено војување, кое давало значајни резултати". Од одмаздник против поединечни припадници на владејачката структура, ајдутинот со тек на времето својата дејност ја насочувал и против целата турска управа, давајќи с јасни знаци на ослободителен отпор. Преку буните во Мариово, преку Карпошовото востание, па се до Иљо Малешевски, ајдутството созрева до степен на воена народна сила, чија основна цел е кршење и ликвидирање на целиот општествено-политички систем. Оттука, во Македонија, кога отпорот против поробувачот се претворил во осознаено национално-ослободително движење, не беше изненадување што ајдутството се претопи во него, а ајдутите станаа сериозен кадар токму во тоа движење. Некогашниот ајдутин, Христо Македонски, во своите "Записки", издадени во Софија во 1896 година, ќе забележи дека "до вчера ние сметавме дека нашата крајна цел е да станеме ајдути и да се светиме за приватни или локални навреди, злоупотреби и убиства. Сега разбравме и сфативме дека имало и друга "поширока дејност"." Па ќе додаде: "Сакав да станам бунтовник, да му помагам на народот да се ослободи од јаремот што го притискаше и мачеше". Учеството на ајдутите од Македонија во национал-ослободителното движење во Србија, Романија, Бугарија и Грција, зборува за надраснување на тесната поединечна пресметка со поединци, претставници на власта и нејзино претворање во широко движење со далеку пошироки и позначајни цели. Затоа и не е случајно што рускиот генерал И. Т. Липранди ги сметаше ајдутите за воена сила, околу која може да се собере народот, притоа, сериозно сметајќи, да речеме, на ајдутската активност на Иљо Малешевски, за кревање востание во Македонија и за нејзино ослободување.
И на крајот: Неизбежен е фактот оти отпорот на ајдутите против поробувачот најдиректно влијаеше на проширување и збогатување на свеста кај населението дека само со борба може да се дојде до толку саканата слобода. Ајдутството никогаш не се претвори во национално и ослободително движење, меѓутоа, тоа беше појава, што учествуваше во создавањето на претпоставките за појавата на токму такво движење, како во Македонија, така и во другите земји, каде што тоа се појави и каде што траеше. | fineweb-2 |
Три часа пред почетокот на мечот со Фиорентина и не е некое време за некој потемелен и пост со повеќе анализи. Но искрено речено и нема мотив за анализи. Во ситуација кога институција како Милан е на 10то место и со само два бода повеќе од екипата пласирана на 14то место немаш мотив и немаш желба да анализираш. Знаеш дека полека но сигурно сезоната оди во бестрага, како одминуваат колата станува реалност дека нема да играме ЛШ и кога ќе го помислам ова ми иде чувство на тага и бес во исто време! За нештата да бидат потрагични Алегри се обидува сега суптилно со неговите изјави дека горе-доле се помируваме со лошиот пласман, единствено ќе се обидеме да се искачиме некое место погоре и најтрагичното од се е што најавува дека во Купот на Италија сака добар пласман(клише изјава од порано, но овој пат има друга тежина). Со ова сака милионите навивачи на Милан да ги убеди дека ако го освоиме купот па и нема да биде така лоша сезона?!
Од очај во очај, претходниот натпревар со Лацио беше оној од кој мораше да почнеме да победуваме, таков е и овој. Ништо не е сменето, само што е друг противник и едно коло помалку. Ни гостува одлична екипа, екипа во која менаџментот знае што работи па наместо да го купи Матри за 11 милиони евра, го купи Џузепе Роси за 10. Го купи сеуште недоволно опоравен од повредата и тука постоеше ризик да 10 милиони отидат во неповрат, но прво и основно кој ризикува тој и добива(во случајов 9 првенствени гола на Роси) и второ, има една плејада доктори кои ги плаќаме за да оценат во каква состојба е играчот кој се купува. Ни гостува екипа која во дуел со актуелниот шампион се "налути" на полувремето и во вториот дел им даде ни помалку ни повеќе туку 4 голови за 45 мин. Е против таа екипа ние треба да ја стартуваме победничката серија која ни е повеќе од потребна. Не дека немаме доволно квалитет, не дека немаме можеби и подобри индивидуалци од нив, но очајната форма досега и бродот кој плови без капетан не ни дава за право да бидеме сигурни дека еве од вечерва, од денеска па натаму со сите(скоро) вратени фудбалери од повреди отвораме ново поглавје сезонава. Но тоа е што е, надежта ја имаме, нели, таа последна умира.
Повикани фудбалери:
- Abbiati, Amelia, Gabriel, Abate, Constant, Vergara, Zaccardo, Zapata,
- Birsa, Cristante, Emanuelson, De Jong, Kakà, Montolivo, Muntari, Poli, Saponara,
- Balotelli, Matri, Niang, Robinho.
Се на се, во каква ситуација и да сме, во каква и форма да сме #weareacmilan и мораме да одиме на победа! Секој еден кој го носи црвено-црниот дрес мора да го знае тоа! (само да имаше кој да им го каже тоа). Алегри пријателе, ова ти се последните сламки за спас, од тука може конечно да ти почне одбројувањето на деновите поминати на клупата на Милан, па ако не за нас навивачите, ако не за клубот како таков, барем за тебе направи нешто и донеси победа!
FORZA MILAN! | fineweb-2 |
Уставниот суд во Киев денеска отфрли дел од промените во изборната регулатива како неуставни со што, според опозицијата и други посматрачи, може да биде доведена во прашање легитимноста на утрешните претседателски избори во Украина. Станува збор за промените за мобилноста при гласањето на лицата со ограничени здравје. Имено во Украина утре треба да биде повторен вториот круг претседателски избори. Актуелниот претседател Леонид Кучма ги повика двајцата кандидати премиерот Виктор Јануковиќ и опозиниониот Викотор Јушченко да независно од резултатите си подата рака на помирување поради единството на украинскиот народ. | fineweb-2 |
Или да увезуваме скапа струја или да правиме редукција на електрична енергија. Овие се двете алтернативи кои експертите ги гледаат како излез од енергетската криза во земјава. Според Ристо Ацковски долгогодишното неинвестирање во постојните капцитети за производство и погрешните проценки на надлежните институции, се главните причини за владината одлука за увоз на дополнителни
330 гигавати струја.
"Сегашната ситуација можеше да биде ублажена ако правилно се оценеа можностите за производство. Тоа не се направи од раководството на ЕЛЕМ, имаше погрешни проценки за нивните можности за производство и како резултат на тоа, тендерот кој се распиша беше нереално направен со помали количества од потребните."
Во неможноста на водостојот во хидроцентралите да се произведе електрична енергија според предвидениот енергетски биланс, владата пак ја лоцира причината за недостигот од струја. На прашањето зошто надлежните не го процениле можниот недостиг од електрична енергија, од владата со одговор:
"Кога станува збор за водостојот на реките, тоа е во божји раце, ние не можеме да го контролираме времето и климатските промени, во моментов ситуацијата е таква каква што е и токму од овие причини се разбира се излезе со овој предлог."
изјави владиниот портпарол Ивица Боцевски
Од владата велат дека средствата за дополнителните количества увоз на струја ќе ги обезбеди електроенергетскиот преносен оператор, односно МЕПСО и токму тој ќе биде одговорен за постапката при изборот на најдобриот понудувач.
Експертите предупредуваат дека состојбата е алармантна. Во иднина не смееме да размислуваме за струјата како за социјална категорија, вели Ацковски.
"На долги патеки треба да се размислува економски. Значи струјата треба да има третман на стока, со своја цена."
Во меѓувреме од владата потвдија дека веќе од сабота ќе почне да работи термоелектраната Неготино. Мазут има доволно, велат оттаму и покрај информациите во медиумите дека ОКТА се заканила да ја сопре испораката на мазут, поради тоа што ТЕЦ Неготино веќе и должи на ОКТА за мазутот што го користеше изминатите два месеца. | fineweb-2 |
Copy and paste the embed code below. The code changes based on your selection.
The code has been copied to your clipboard.
Video size
Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска не даде исказ во СЈО за случајот Тврдина. Таа рече дека не дала исказ оти не и биле почитувани основните процесни права и не и бил овозможен увид во доказите. | fineweb-2 |
Дакар 2017 ќе биде најтешката трка досега бидејќи возачите ќе мора да искачат висина од 4000 метри.
Во пресрет на деветото издание на релито Дакар кое се оддржува во Јужна Америка, организаторите на настанот најавија низа маратонски етапи и планински предизвици кои ќе бидат најголемиот тест за издржливост.
Во 2017 година на релито ќе се приклучи уште една земја, Парагвај.
Ќе учествуваат 146 мотоцикли кој ќе го започнат настапот од Асунсион на 2-ри јануари, а 14 дена подоцна и после поминати 8850 km, релито ќе заврши во Буенос Аирес.
За време на претставувањето на етапите, спортскиот директор на Дакар, Марк Кома, изјави: "Ова е ДНК-та на Дакар во својата најчиста форма. Навигацијата се врати на релито по барање на учесниците. Сакавме да ја вратиме назад есенцијата на авантурата. Ќе има шест етапи подолги од 400 километри и ќе има многу песок. На седум од дванаесете етапи ќе бидат тестирани вештините на возачите на песочните дини. Ќе има и шест етапи кои ќе се возат на висина поголема од 3500 метри. Во Парагвај ќе биде топло и влажно, во Боливија ладно и голема надморска височина, а во Аргентина температурата ќе биде повисока од 40 степени."
Сем Сандерленд, кој ќе биде лидер на Британските возачи, се надева дека оваа година ќе има поголема среќа. Тој победи на првата етапа во 2015 година, но на четвртиот ден мораше да го заврши релито. 28 годишниот натпреварувач на КТМ е одличен возач но мора да го заврши релито за да го достигне статусот на рели ѕвезда.
Би можело да ве интересира
Возачот на Кавасаки тимот и актуелен шампион во Мотул Супербајк шампионатот на најдобар можен начин ја започна новата сезона откако забележа двојна победа во првата рунда.
Џонатан Реа на најдобар можен начин ја започна одбраната на титулата откако забележа победа на првата трка во сезоната на патеката Филип Ајленд.
Новинарите од "MCN" пред неколку години предвидуваа дека Honda ќе направи V4 Супербајк кој ќе има големи сличности со MotoGP мотоциклот. Мислам дека оригиналната гласина започна со "V5 power plant" ако тоа ви дава некаква претстава за тоа колку долго се врти приказнава.
Подгответе се за ова неверојатно видео кое сигурно ќе ве направи многу популарен меѓу колегите на работа. Подгответе се да изгубите неколку минути од вашиот живот кои никогаш повеќе нема да ги вратите назад.
Новата мото сезона во САД започна во Флорида откако Harley Davidson ги повика возачите да присуствуваат на седумдесет и шестото издание на "Daytona Bike Week" кое ќе се оддржи во Флорида. | fineweb-2 |
Земјите членки на НАТО се согласија да ги зголемат воените капацитети и способноста на силите за брза реакција. Говорејќи по првиот ден на состанокот на министрите за одбрана во Брисел, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека била постигната согласност овие сили кои сега бројат 13 илјади да се зголемат на 40 илјади. Столтенберг рече дека главна причина за ова била руската анексија на Крим и поддршката на Москва на проруските сепаратисти во источна Украина. "Ние сме обединети во врска со предизвиците со кои се соочуваме", изјави тој. | fineweb-2 |
Колку можеме да веруваме дека некој нè сака искрено? Колку можеме да си веруваме дека сакаме некого искрено? Бајките нè учеа на "хепи енд", потоа Холивуд го презеде кормилото и ги спои сите "Ромео и Јулија" на новото време додека истовремено постави практично неостварливи стандарди за една нормална, не совршена, туку нормална врска. Но, некогаш мораме да пораснеме и да откриеме дека љубовта има незамисливо многу димензии. "Јужно од границата, западно од сонцето" е книга за возрасни луѓе, не поради експлицитност ниту вулгарност, туку поради зрелоста на делото и нијансите на човечките чувства кои се откриваат суптилно и со секоја прочитана страница.
Хајиме и Шимамото се најдобри пријатели уште од малечки и тоа благодарение на една "чудна" работа којашто двајцата ги поврзува – тие се единци. Во општеството во коешто растат е невообичаено да се има само едно дете, па оние кои се растени без браќа и сестри ги сметаат за малку себични и незрели – предрасуди кои ќе го прогонуваат Хајиме цел живот и кои ќе го обојат делумно и неговиот карактер. Шимамото од друга страна, е повлечено и мирно девојче, но не поради глупавите осудувања туку поради фактот дека не може правилно да оди и поради тоа не може да ужива со своите пријатели во сите нормални детски активности. И двајцата си наоѓаат еден во друг сродна душа, стануваат најдобри пријатели, верно и срамежливо негувајќи ја искрата на прва детска љубов којашто почнуваат да ја чувствуваат – сè додека животните околности не ги разделат, и едниот се пресели во друг град.
Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ
Хајиме раскажува за годините по разделбата со најважната личност во неговиот живот и почнува да верува дека никогаш нема да биде вистински добра личност доколку Шимамото не е покрај него. Минувајќи низ типични тинејџерски фази Хајиме прави неколку погрешни одлуки, повредувајќи се себеси и луѓето околу себе. Во надеж дека токму факултетот и промената на средината и луѓето околу него ќе му помогне да се пронајде самиот себеси, Хајиме завршува уште поизгубен од претходно без никаква цел во животот. Постојано се прашува како би завршил кога не би ги напуштил и повредил бившите девојки, особено каков би бил кога покрај него би била Шимамото.
Но среќата му се насмевнува, Хајиме запознава нова, симпатична девојка, се заљубува и решава да го помине животот со неа, по малку поттикнат од фактот дека нејзиниот татко е исклучително успешен претприемач кој поседува неколку градежни фирми. Нормално, Хајиме се излекува од лошата работа, добива свој ноќен џез клуб, жена и две деца и изгледа дека конечно неговиот живот се движи во вистинска насока, сè додека една дождлива ноќ во неговиот џез клуб не се појави токму таа…
Тука започнуваат моментите на каење и страст, морални дилеми и погрешни одлуки, кога Хајиме конечно се соочува со фактот дека ја изгубил љубовта на својот живот многу одамна, а сега живее во чевлите на некој друг човек. Работите не се олеснети ни од целата мистерија која ја обвива Шимамото, која не открива ништо конкретно за својот живот, постојано исчезнува и повторно се враќа без никакви објаснувања.
Харуки Мураками е мајстор за истражување на човечката психа и колку и да е приказната банална, типична љубовна, не можеме да ги игнорираме емоциите кои ги истражува токму поради тоа што е толку лесно да ги пронајдеме сопствените емоции меѓу нив. Не верувам дека постои човек кој кога ја изразувал својата љубов не се замислил дали тоа "засекогаш" или "вечно" коешто го ветуваме е навистина безусловно. За мене Хајиме беше лик кој истовремено го обожавав и го мразев, кој ме воодушевуваше и изневеруваше со секоја наредна мисла, но во крајна линија и покрај погрешните одлуки, секогаш го разбирав. Од друга страна, книгата има и своја мистериозна нота, постојано сте во исчекување да се случи нешто крајно необично или необјасниво што пак ве тера да читате непрестајно и со огромно внимание.
Делото се чита лесно, но со вистинско уживање и што е најважно честопати ќе ве натера да се преиспитате себеси. Топло ја препорачувам за сите оние кои никогаш не се плашат да ги истражат повторно и повторно длабочините на своите вистински чувства.
За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до вторник, 10 декември 2013.
Добитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест.
Наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ. | fineweb-2 |
Неделникот "Фокус" во најновиот број донесува анализа за случувањата во редовите на власта. Според весникот, наесен ќе следат избори без оглед на исходот на спорот со Грција. "Форум", пак, под наслов "Избледена харизма" прави анализа за случувањата во опозиционата левица.
За нашето политичко милје – анализираат во своите најнови изданија неделниците кои ние ги одбравме да ви ги презентираме. За разединетата десница пишува Фокус во својот уводник, тврдејќи дека на есен сигурно ќе имало избори, без оглед на исходот на спорот со Грција и на нив Груевски можел да очкува само чесен пораз. А, на десницата врие, пишува неделникот. Мијалков и Керим кројат планови за "техничко рушење на Груевски". Груевски не запира со рафалната стрелба по Бошковски. Филип Петровски неовластено посака обединување со Љубчо, за што доби итен укор од Љубе. Таман тоа се заборави, ете ти нова вест: Филип се сретнал со Мијалков, Ауу, вест во низа: и Љубчо повторно разговарал со Груевски…Баш ме интересира, прашува авторот во уводникот на Фокус, кој ли ќе остане труден по овој групен секс меѓу вмровците од сите бои и табиети?
За разбиената левица, пак, пишува Форум во анализата со наслов "Избледена харизма". Вели, лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски помпезно го најави враќањето на лидерската позиција ветувајќи дека ќе ја порази политиката на Груевски . Една година подоцна, забележува Форум, се виде дека Црвенковски не ја загрози власта, туку само ја ослабна опозицијата. На внатрешно-партиски план, продолжува неделникот, Црвенковски донесе нови ликови, многумина непознати и за самото членство, а дел од долгогодишните најистурени играчи ги стави под мраз. Му успеа дури и дел од членството, и некои од основачите на партијата, да ги сврти против себе. На вториот фронт – обединувањето на опозицијата резултатите се речиси катастрофални. Тој формира опозициски фронт, но со партите што ги собра околу себе се чини повеќе како фронт на симболизам, отколку како реална сила. Највидлив резултат на окрупнувачкиот поход на Црвенковски е што им ја растури пратеничката група на ЛДП и од довчерашните сојузници создаде нова опозиција против себе. Се' на се', на опозицијата, чиј предводник требаше да биде Црвенковски, тешко и оди враќањето на политичката сцена, заклучува Форум.
И на крајот, но не и како најмалку важно, анализата на Глобус за нашата позиција во преговорите со Грција. Таа е без суштински промени, пишува неделникот и додава дека Македонија никогаш не била во олку тешка преговарачка позиција и никогаш не била исправена пред ваква рамнодушност на меѓународната заедница околу спорот за името. Место во дефанзива, поради крајно тешката економска ситуација, Грција успева да ги координира и потезите на официјална Софија која мудро гради свој случај околу Македонија во Брисел и таа треба да ги поткрепи грчките тези дека Македонија е проблемот во регионот, а не нејзините соседи. Случајот со Спаска Митрова, за кој во ЕУ знаат дека Македонија е чиста, но молчи на писмата и поплаките од Бугарија, и дава сила на Софија да ни поставува услови и да добие поддршка од Унијата во остварувањето на своите цели кон Македонија, односно бугарско-македонските односи да станат услов како што е спорот со Грција, заклучува во својата анализа Глобус. | fineweb-2 |
Република Македонија има за цел да биде ставена на меѓународната мапа на енергетски транспортни коридори, со што ќе се отвори можност за добивање евтини енергенси за македонските компании и домаќинства и намалување на цената на домашното производство, изјави македонскиот претседател Ѓорге Иванов во обраќањето на официјалното отварање на 23. годишна сесија на Форумот Кран Монтата, кој почна денеска во Баку.
Тој посочи дека тоа ќе претставува конкретен влог во енергетската и во генералната економска стабилност и сигурност на Македонија и на регионот, јави МИА.
- Трите столбови врз кои ја градиме иднината на Република Македонија се трите "Е" – Европа, економија и енергија и овие три меѓузависни и тесно поврзани "Е" се клучни за развојот на државата, изјави Иванов.
Тој потенцира дека Македонија останува посветена на стратегиската цел – членство во Европската унија и НАТО и чекорејќи по тој пат земјата е целосно фокусирана на подобрувањето на целокупната економска состојба. | fineweb-2 |
Иран им додели медали на преговарачите кои помогнаа да се постигне договор за нуклеарната програма со шесте светски сили минатата година. Претседателот Хасан Рохани на денешната церемонија во Техеран му додели медал за заслуги на министерот за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф. Шефот на Иранската организација за атомска енергија Али Акбар Салехи и министерот за одбрана Хосеин Деган добија медали за храброст. Повеќе од 20 други претставници добија различни медали и плакети во чест на нивниот придонес во нуклеарните преговори. Договорот предвидува ограничување на иранската нуклеарна програма во замена за укинување на меѓународните санкции. | fineweb-2 |
Тажна вест: Почина најпознатиот југословенски пејач
Објавено на 13 јануари 2017, 17:29
Еден од најпознатите југословенски пејачи Мики Јевремовиќ почина денеска од мозочен удар. Тој на 27. декември добил мозочен удар и неколку денас бил во кома.
Во моментот кога го добил мозочниот удар покрај него бил неговиот брат Зоран. Пејачот бил однесен во болница каде му била укажана лекарска помош, па после неколку дена паднал во кома, но денеска ја изгуби битката за живот. | fineweb-2 |
|Продолжува соработката помеѓу општините Неготино и Алмопија|
Општина Неготино и градоначалникот Ванчо Апостолов изминативе денови беа домаќини на делегација составена од претставници на општина Алмопија со која заеднички се спроведува проект преку ИПА програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција. Имено, во нашиот град се одржа третиот по ред проектен состанок помеѓу општините Неготино и Алмопија во рамките на спроведувањето на проектот "Поддршка и развој на економијата на пчелни производи во прекугранична област" на кој претставниците на двете партнер-општини презентираа информации за досега реализираните проектни активности. Работната средба се искористи и за меѓусебно информирање за напредокот на проектот и подготовките за идните активности, а беше посетена и со мебел и ИТ опрема новоотворената училница за пчелари сместена во просториите на Туристичко-информативниот центар Желкова куќа. | fineweb-2 |
Дали знаете да ја препознаете љубовта? Често се дефинира како чин на задоволување на емоционалните потреби и како интензивно чувство на блискост помеѓу две личности, но љубовта тешко дека може да биде сместена во било каква дефиниција.
Затоа, често знаеме да ја помешаме љубовта со заљубеност, флерт или пријателство, или да останеме збунети поради сите овие чувства. Ова се трите знаци кои покажуваат дека (сеуште) не се работи за вистинска љубов:
1. Забава
Ако со некого ви е постојано забавно, не значи дека сте заљубени, а личноста која ја разбира вашата смисла за хумор понекогаш може да биде само добар пријател.
2. Пеперутки во стомакот
Наспроти општото мислење, таканаречените пеперутки во стомакот не се секогаш знак за љубов. Можете да ги добиете и кога ќе си купите нов пар чевли или кога ќе победи вашиот омилен фудбалски тим. Погледнете подлабоко во вашите емоции.
3. Страст
Феноменалниот секс не гарантира љубов. Сексуалната хемија и компатибилност се едно, а кроток, добар и искрен човек вреден за вашата љубов е нешто сосем друго.
Извор: ЗаЗабава#Коментари | fineweb-2 |
Лејди Гага го откажа концертот во Индонезија од безбедносни причини. Полицијата одби да издаде дозвола за одржување на концертот на американската поп ѕвезда, откако исламистичките групи се закануваа со насилство за време на перформансот на, како што ја нарекуваа, курирот на ѓаволот. Повеќе од 50,000 билети беа продадени за најавениот перформанс кој во Џакарта требаше да се одржи на 3 јуни. Промоторите најавија рефундирање. | fineweb-2 |
Во годишниот извештај на Светска книга на фактите што ја објавува ЦИА, Македонија со Бруто Домашен Производ од 10.800 долари е на 113 место во светот.
На Балканот и во Европа меѓу најсиромашните земји се Албанија која е на 131 место меѓу 228 држави со БДП од 8.200 долари и БиХ на 130 место до 8.300 долари БДП.
Хрватска е на 78 место 17.800 долари , Црна Гора е на 107 место со 11.900 долари, Србија на 111 место со БДП од 11.000 долари.
Во извештајот се анализираат редица економски, социјални и политички показатели на држави во светот. | fineweb-2 |
Лекар од Клиниката за абдоменална хирургија утринава е ранет во ногата од пациент.
Неофицијално, пациенстот бил незадоволен од лекарот, бидејќи неговата мајка која била хоспитализирана на Клиниката починала.
Напѓачот пукал и во медицинската сестра, но таа не била погодена.
Во моментот на Клиниката има полиција, а напаѓачот, заедно со уште двајца кои исто така дивееле на Клиниката, се уапсени.
Повеќе детали за настанот, од МВР најавија за подоцна. | fineweb-2 |
Добредојдовте во Thumbr!
Играјте ги најдобрите игри на сите времиња и најновите игри достапни на допир на прстите. Никогаш нема да се досадувате повторно!
Ние имаме илјадници задоволни корисниците од целиот свет!
Нашата цел е да ви овозможиме радост и да ви понудиме уникатно искуство на платформа што е лесна за користење преку сите уреди. | fineweb-2 |
Во охридската Полициска станица, вчера, телефонски се јавил свештеник во манастирот "Св.Врачи" во село Опеница-охридско и пријавил дека во периодот од 17.30 на 14.02.2017 година до 10.00 часот на 15.02.2017 година непознат сторител извршил тешка кражба во конаците на манастирот.
Сторителот насилно ги отворил влезните врати од три соби од конаците на манастирот и извршил пребарување. Од една од собите одзел црна кожна чанта во која имало пиштол марка "Црвена Застава", околу 50 куршуми за истиот и дозвола за оружје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
OhridNews | fineweb-2 |
NESCAFÉ им подари кафе на граѓаните кои патуваат со автобусите на ЈСП во главниот град.
Замислете ситуација, сонливи, нерасонети, се возите во градски автобус до училиште, до факултет, до работа, на состанок или на закажана средба со пријателите или со партнерот. И она што ви недостасува е кафе што може да ве расони и внесе подготвени во секојдневната рутина. Познавајќи ги желбите на своите потрошувачи, NESCAFÉ токму затоа, излезе во пресрет на граѓаните на Скопје и во текот на месец април подели 15.000 примероци кафе во автобусите на ЈСП кои сообраќаат на повеќе линии во главниот град.
Но не само во автобусите. NESCAFÉ е секаде низ главниот град и поголемите градови во Македонија, со цел да понуди будење и дополнителна концентрација. Со редовните акции на NESCAFÉ само во Македонија во 2014 се поделени 285.764 NESCAFÉ примероци кафе, или околу 14 проценти од вкупната популација во земјата минатата година беа почестени со NESCAFÉ.
Оваа година се планирани нови креативни и уште поголеми акции, за да се надмине фантастичната бројка од близу 300.000 граѓани да бидат послужени со NESCAFÉ.
Кафето секако е еден од најпопуларните напивки во Македонија. Љубителите на кафе не го почнуваат денот без оваа "магична" напивка и слободно може да се каже дека кафето е повеќе култура отолку пијалак. | fineweb-2 |
Сиобан Прескот (25) тврди дека една собарка од хотел со 5 ѕвездички на Кипар сакала да им ја грабне едногодишната ќерка Харпер.
Вели дека кога се разбудила ја затекнала жената, облечена како чистачка во хотелот како стои над колевкаа. Сиобан почнала да вреска, поради што се разбудил нејзиниот парнер Симон (250 кој втрчал од балконот во собата и се соочил со жената која побегнала од собата.
Обидот за киднапирање е пријавен во полицијата на Кипар на 28. февруари, а чистачката добила отказ.
"Спиев кога таа жена се пикнала во собата и се обиде да ми го грабне детето. Се разбудив зошто Харпер врисна, во спротивно ќе се повтореше случајот на малечката Меди Мекејн. Кога ги отворив очите, мислев дека сонувам, бев во шок.
Почнав да врескам и ја преплашив жената која се обидуваше да ја подигне Харпер.
"Симон влета во собата и праша што се случило, но не можеше да ни одговори зошто не знаеше англиски. Повика некој на мобилен и истрача од собата".
Исплашените родители веднаш отишле на рецепција да разговараат со упаравникот на хотелот. Меѓутоа следувал нов шок. Родителите ги уверувале деак чистачката спремајќи ја собата сакала да го подигне детето за да го смири и да провери дали е во ред. Сиобан веднаш рекла дека тоа не е точно зошто жената кај себе немала средства за чистење. "Бев гола во креветот, како такво лице влегува во соба додека гостинот лежи во кревет. Влезе да ни го земе детето", категорично тврди Сиобен.
Семејството било на одмор на Кипар. Велат дека подоцна од хотелот им рекле дека истата чистачка била отпуштена пред две години поради "инцидет" и дека ова и бил прв работен ден во нивниот хотел. | fineweb-2 |
Во Москва ноќеска е убиен менаџер на Веесторог банка втора по големина во Русија. Александар Плохин е убиен со куршум во глава и е пронајден во лифотот во зградата во која живеел. Обвинителството верува дека станува збор за нарачано убиство. Пред еден месец во Москва беше убиен вице гувернерот на централната Банка на Русија Андреј Козлов. | fineweb-2 |
Претседателот на Србија Томислав Николиќ во разговори со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун рекол дека Србија ќе побара разговорите со привремените власти во Приштина од сега да се водат во присуство на претставници на ОН.
Бан Ки Мун кој е во посета на Србија по средбата со Николиќ, ќе се сретене со министерот за надворешни работи во заминување Вук Јеремиќ кој од септември ќе ја преземе улогата на преседавач со Генералното Собрание на ОН. Бан Ки Мун ќе се сретне и со мандатарот за состав на новата српска влада Ивица Дачиќ. | fineweb-2 |
Потресни сведоштва за деца- жртви на насилство
Децата како најранлива категорија не ретко стануваат жртва на оној во кого имаат доверба.
Физички и психички се малтретирани од оние кои треба да ги заштитат- родителите, учителите, пријателите....
Детската амбасада "Меѓаши" денес посочи на дел од потресните сведоштва на насилство врз децата.
-"Мајката на другарка ми ја претепува дома, откако надвор вербално ја нападна". Овој повик бил упатен од девојче кое било храбро детално да објасни низ каков пекол минува нејзината другарка. По повикот, се јавила повторно да каже дека заедно со нејзината мајка се во куќата на нападнатото девојче. Ова насилство се повторувало, не еднаш мајката со закани и тупаници удрила по своето дете. Физичкото насилство го правела и со употреба на чекан.
-Видно вознемирено дете на телефонски повик ја опишало секојдневната состојба во својот дом. "Вистински хаос, викотници и расправии", наместо детска игра и весело семејство. Момчето и двете негови сестри биле секојдневна жртва на својата мајка. Биле претепувани без посебна причина. А удари добивале насекаде. Растрепереното момче раскажало дека и кога е надвор од дома нема мир, затоа што во мислите постојано му се неговите помали сестри и сликата што се случува со нив додека се дома.
-"Гледам, а не сакам да видам. Слушам, а не сакам да чујам". Со овие зборови една загрижена баба побарала помош за својата внука. Бабата секојдневно била нем сведок на злоупотреба на нејзината најблиска внука. Дури сега кога нејзиниот живот се ближи кон крајот, не сакала гревот да го понесе со себе. Затоа, собирала храброст, се јавила на СОС телефонот со цел да стави крај на сето она што го прикривала во себе. Говорејќи дека нејзините внуци заслужуваат детство како и сите други.
Впрочем, сите деца без исклучок, заслужуваат безгрижно детство. Ударите не болат колку белегот кој како страв ќе остане во нив. И децата не смеат да бидат жртви. Овие сведоштва нека станат пример како не треба да се постапува со децата. | fineweb-2 |
Народот добро знае што се случува и ја гледа спрегата меѓу опозицискиот лидер Зоран Заев и спеијалната обвинителка Катица Јанева. Експертската јавност смета дека Заев поради ваквите местенки тродупло ќе изгуби бидејќи народот не смее да се потценува.
Неделникот "Република" во својата анализа објавена во најновиот број пишува дека правејќи морони од граѓаните и институциите, "специјалците" постојано си поигруваат со трпението. Можат, затоа што се противуставни, па со тоа и недопирливи.
-Прво, повеќе од два месеца се изначекавме Јанева да го направи тоа што беше прво во описот на нејзиното работно место – да ги побара, а потоа и да ги добие незаконски прислушуваните разговори за кои беше и назначена. Но, таа имаше време само да го побара "Пуч", ама само поради тоа што бил од "голем јавен интерес"?! Откровението, сепак, се случи по два месеца и таа ги побара незаконски прислушуваните разговори, а Заев ѝ ги даде, но со одличен термин. Верувале или не, но тоа се случи еден ден пред прославата на Нова година. Демек случајно на датумот кога, сосема природно, вниманието на граѓаните е целосно насочено кон подготовките за дочекот, Заев се "охрабри", го смени мислењето дека е побезбедно кај Јанева отколку во СДСМ и ги однесе кутиите?! Уште послучајно, Катица заборави да направи записник за предаденото од Заев. Исто како што заборави да му ги побара. И така две-три недели нови игри со јавноста околу фактот – што, всушност, ѝ предал спасителот од Муртино на специјалната од Гевгелија. Класика, пишува Република.
Уредникот на дневниот весник "Дневник", Дарко Јаневски, во својата најнова колумна прашува "оној милион евра за последните месеци од ланската година – на што беа потрошени?"
-Разбира се, да не помине неделава без Kатица Јанева. Kога Заев и' ги предал снимките, таа не направила записник, туку тоа го запишала во приемната книга. Што е исто како на лекар да му побараш историја на болеста на пациентот, а тој да ви ја даде книгата во која е запишано кога болниот бил примен на болничко лекување. Во првото стои од што е болен човекот, како е лекуван и до каде се стигнало со лекувањето, значи комплетен опис, а второто го има неговото име и презиме и датум кога му е отворена историјата на болеста. И сега сите треба да го премолчиме ова зашто специјалната била дел од Пржино, а зад Пржино стоеле странците кои не смееме да ги лутиме, уште помалку ги споменуваме. Не поради друго, туку затоа што тие сакале да ни помогнат. Што нам треба да ни биде ем мило ем драго. И затоа, нека лета магарето. Додуша ниско, ама сеедно. Ех, а смееме ли бараме да прашаме, кога деновиве веќе се споменаа парите за специјалното обвинителство? Оној милион евра за последните месеци од ланската година – на што беа потрошени?, пишува Јаневски.
Фабриката под стечај, надежта кај Јанева
Фактите се поразителни за двете страни, кои, освен пријателот Захир Ибраими – Чауш, имаат и многу други работ што ги поврзуваат. Логиката не е секогаш тоа што ги води, но е таа што ги заглавува. Не требаше многу за да се пресмета дека за дваесет минути, колку што Заев се задржа кај Јанева, не може да се направи записник за толку обемен материјал. Небаре Катица е Автомен. Иако, и за обемноста сведочи само лидерот на СДСМ, но не и Специјалното обвинителство, кое искрено и "наивно" пренесе дека примиле шест кутии танскрипти и еден тврд диск. 600.000 разговори од 26.000 лица на само еден тврд диск?! Квалитетот на "оригиналните" снимки на Заев мора да бил очаен, колку и да бил капацитетот на овој фамозен диск. А не звучеше така при "бомбите". Благодарение на Јанева не ни дознавме дали сите материјали се предадени, ниту, пак, дали е утврдено дека се оригинали, ни како мислат да го направат тоа. Што е важно, па таа отвори цели 36 случаи без воопшто да ги има оригиналите, поведена само од сечените снимки на СДСМ. Уште нешто – како СЈО ќе утврди дека Заев не направил копии, кога цели 70.000 разговори во фолдер со неговото презиме се најдоа кај криминалецот Чауш? Едноставно, времето ги гази, фабриката се затвори, а изборите се ближат. Некој мора и да "одработи" за партијата, па, разбирливо, нема време за некакви записници. И толку… Театарот на апсурдот, кој го поддржа меѓународната заедница, и натаму продолжува заканувајќи се да го засени квантитетот на "Малечката невеста". Таа вечно млада и невина, тие вечно невини и недоветни.
И по Веруш, Чауш?
Поведени од досегашното искуство, иако е негативно, во очекување сме на уште еден небулозен потег на СЈО. По законски неоправданото преземање на "Пуч", освен поради позитивно влијание на влошената психичка состојба на лидерот на СДСМ и пуштање на слобода на Верушевски (кого во СДСМ милуваат да го нарекуваат Веруш) треба ли сега да чекаме Јанева да го преземе и неделото на Чауш? Па зошто да не, и така Захир Бекири ѝ е пријател на "Фејсбук". Тие со сина крв ќе се вадат дека имала многу пријатели, но да не заборавиме – и пред да стане "специјална", Јанева беше "обична" обвинителка, а Чауш и сега и порано бил криминалец. Спојот е незамислив, неетички и небулозен.
Можеби, пак, имаат спојна нишка и се вика СДСМ? Многу веројатно, како и фактот дека Чауш ќе мора да причека за да излезе од затвор. Не само поради тоа што веќе е на издржување на претходна затворска казна, која сосема "случајно" му ја одолжи еден судија, кој сега е на дисциплинска, туку и поради тоа што треба да чека на ред. За негова жал, по услишувањето на желбата за преземање на "Пуч", Заев изрази желба Јанева да го преземе и "Поткуп". Да победеше Пендаровски, како што предвиде агенцијата на Ѓорги Спасов, можеби и ќе го аболицираше, но Иванов ги почитува законите. Иако фабрикантите се обидоа и тоа да го искриват и да излажат. Вака специјалната надеж на Заев останува кај Јанева, а таа се покажа дека нема проблем со исполнувањето. Настрана, во новата 2016 година, во која неговите струмичани кршеа лепче со две парички – една според традицијата и една за Вицето, Јанева не му исполнила ниту една желба, па редно е да му угоди. Прво нему, па на Верушевски, кој наспроти сите законски норми е на слобода. Сега повторно на ред е Заев, а Чауш е последен на списокот на неговата специјална пријателка на "Фејсбук", каква што секој криминалец би посакал. "Мутантите од Идризово", напиша тој во последната порака на "Фејсбук", пред да го исклучи профилот. Ќе мутира ли СЈО во спасител на криминалци од СДСМ, пред да згасне како институција. Патеката за дејствување е добро трасирана… | fineweb-2 |
На барање на министерот за внатрешни работи на Република Македонија утре во земјава ќе пристигнат 25 членови од полициската единица на Република Словачка кои ќе спроведуваат заеднички патроли со македонските колеги на македонско-грчката граница, информира Словачката амбасада во Скопје.
– Словачките полицајци ќе спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција, со цел заштита на границата, борба против криумчарењето и помош во управувањето на миграциските текови. Словачките полицајци ќе бидат опремени со осум теренски возила, термални камери и уреди за ноќно гледање. Мандатот на словачката полициска мисија ќе биде 30 дена со можност за продолжување, соопшти Словачката амбасада во Скопје.
Оттаму прецизираат дека со испраќањето на 25. полицајци Словачка ќе биде најголем придонесувач по глава на жител од шесте земји кои испратија свои полициски сили на македонско-грчката граница како израз на солидарност во решавањето на мигранстската криза. | fineweb-2 |
Повторно топло, со мала облачност
Денес температурите во Македонија повторно ќе достигнат до 34 целзиусов степен, но со мала заоблаченост. Утринските температури ќе достигнат до 20 степени, а дневните максимални од 30 до 35 степени. Во Скопје не очекува слично време со топли сончеви зраци и висока влажност на воздухот од 75%. | fineweb-2 |
Владиката Агатангел го знам повеќе години. Најмногу по тоа што е човек што му припаѓа на својот народ и на својата црква и кои најискрено и најдлабоко ги сака. Знам дека неговите јавни истапи секогаш се мотивирани со таа љубов и таа грижа.
Така беше и во 2002 година кога тој и тогашниот владика Кирил со својата категоричност успеале да ги одвратат останатите владици да не го прифатат нишкиот договор, со кој сега ќе бевме автономна црква во рамките на СПЦ.
Така беше и подоцна, во сите овие години во кои имаше многу случувања и во кои тој си ги кажуваше своите ставови. Знам и тоа дека неговите истапи секогаш повлекуваат реакции.
Така беше и сега кога се појави на протестниот митинг во Велес што го организира граѓанската коалиција "За заедничка Македонија". За она што го кажа беше обвинет дека навлегол во политиката, дека ги прекршил принципите на секуларизмот, кои ни се уставни. А таа дилема за навлегувањето на верските достоинственици во водите на политиката ни се јавува речиси како рефлекс секогаш кога некој верски лидер ќе прозборува за нешто што е света работа.
Навистина, каде е границата по која почнува нарушувањето на секуларизмот? За еден медиум веќе кажав дека не сметам оти тој ја преминал таа граница оти зборувал за прашањето за тоа на кој начин ќе ни се уреди државата, дали ќе се менува нејзиниот Устав, дали ќе стане федерација со можност некој дел потоа и да се отцепи, со што ќе се наруши нејзин интегритет. А ако се наруши тој интегритет, тогаш тешко дека ќе опстане и она што ќе остане од државата и самата црква.
Зборувал и за пописот, искажал претпоставка дека албанската етничка заедница процентуално е помала отколку што беше утврдено со пописот пред 15 години. Тоа некому може да му пречи, но може ли да пречи барање да се утврди колку не има во земјата за да знаеме кому какви права му припаѓаат бидејќи тие се влечат од проценти. Значи, зборувал за работи што се витални за државата во овој момент. Без повикување на омраза или нетрпеливост кон другите.
Смее ли еден владика за тоа да зборува? Мислам дека смее, како што достоинствениците имаат право, на пример, да се изјаснат за проблемот за името на нашата држава, зошто да не би имале право и на вакви ставови. Но, кога е во прашање нарушувањето на секуларизмот, нешто друго е проблем на нашите верски достоинственици. Мислам дека тоа е сконцентрирано во прашањето колку се тие еднострани во своите јавни настапи кога ги допираат светите теми. Веќе не е тајна и тоа лесно се гледа кон кои политички групации имаат симпатии македонските православни и исламски достоинственици како највлијателни во јавниот живот. Знаеме за поглаварите, знаеме за владиците, за муфтиите… И она по што веќе се препознаваат се настапите кои редовно одат по линија што се совпаѓа со една политичка идеологија и во македонскиот и во албанскиот политички табор. Kако тоа речиси никогаш да не се слушнат зборови на критика за политичката идеологија кон која имаат симпатии? Не прават ли тие нешто за што треба да се каже некој збор дека грешат… Кога се така некритични кон сите страни, верските лидери не треба да ги зачудува тоа што во јавноста се доживуваат како поддржувачи на само една партија и дека ги бранат нејзини интереси.
Она што верските лидери треба да подржуваат и што треба да бранат се основните принципи на христијанството – љубовта кон ближниот свој, кон непријателот, толеранција, морал, скромност, се она со што изобилуваат светите книги… Кога се зборува врз основа на светите книги, кога врз основа на тие принципи ќе се однесуваме сите и кога ќе ги вреднуваме нивните постапки, тогаш ќе биде и помал ризикот од нарушувањето на принципот на секуларизмот. Тогаш ќе нема тешки зборови, ќе нема врзувања за партии, ќе има врзување само за своја вера, за свој народ и своја држава и за сите други универзални нешта што ги проповедаат и не учат сите религии.
Верските достоинственици треба да станат свесни на тоа и во тој дух да се однесуваат. Тогаш, веројатно, и ќе престанат меѓусебно да си префрлаат. Можеби тогаш реисот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, кој му префрлува на владиката Агатангел дека со настапот во Велес влегол во водите на дневната политика, ќе сфати дека и тој греши кога јавно изјавува дека "божјата волја е сите Албанци да живеат во една држава", дека "Македонците муслимани се ин витро нација", кога упатува тешки квалификации за тогашниот премиер… Односно, ќе се сфати дека верските лидери се најодговорни за тоа дали во одредени ситуации ќе ја прејдат она тенка граница што постои меѓу светото и духовното во нашата земја, а која сега уште повеќе се истанчува со сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаат македонскиот, албанскиот и другите народи.
На духовниците во такви ситуации не можеме да им оспориме да реагираат за она што му се случува на истиот тој народ и на неговата држава, но можеме да бараме да бидат универзални, љубовта кон својата вера и својот народ да не ја замагли љубовта кон сите.
Пишува: Бранко Ѓорѓевски | fineweb-2 |
Во Германија има околу 43.000 граѓани поврзани со исламистичките групи, а од нив 11.000 се сметаат за лица со терористички тенденции, сметаат германските безбедносни служби.
Според анализите на германските експерти, како што јави дописникот на МИА од Берлин, бројот на лицата кои се сметаат за радикални следбеници на исламот е во постојан пораст а особено е загрижувачка информацијата дека најголемо зголемување има кај ултра конзервативната група Салафисти.
Од 11.000 исламисти, потенцијални терористи, 548 луѓе се сметаат за способни да спроведат терористички напади. Од нив половината се во Германија од кои 80 се вв притвор. Дополнително во земјата живеат уште 360 луѓе, кои би дале логистичка поддршка за политички или верски мотивиран криминал од поголеми размери.
Досега над 800 радикални исламисти од Германија престојувале во конфликтните зони во Сирија и Ирак, каде се бореле во редовите на исламски терористички групи. Од нив во земјата се вратиле една третина, а 70 имаат борбено искуство.
Претставници на германскиот синдикат на полициски работници во неколку наврати се пожали дека германските служби за безбедност немаат доволно ресурси за следење на сите потенцијално опасни граѓани за јавната безбедност. | fineweb-2 |
Комисијата за лустрација ги отфрли досијата " Вујко" и "Мама" поради недостаток на оригинални информации а информациите за досието " СТрелец" не се земени предвид затоа што лицето не е носител на јавна функција изјави претстедателот на Комисијата, Томе Аџиев. Тој вели декеа во тек е постапка за испитување на веродостојноста на досието " Ибар" кое засега не подговара на оригиналното.Досијата се однесуваат на високи функционери на ДУИ. | fineweb-2 |
Животот понекогаш наликува на лотарија, а една од првите добивки може да биде местото во кое ќе се родите, сугерира најновото истражување спроведено од страна на лондонското списание "The Economist".Според истражувањето кое опфатило 80 земји од светот, најдобро место за да се родите во 2013 е Швајцарија, а најлошо е Нигерија.
Тимот од "The Economist" при спроведувањето на оваа студија ги поврзал субјективните фактори на луѓето како што е чувствувањето задоволство од сопствениот живот, со објективните фактори за квалитетен живот, во кои спаѓаат не само степенот на богатство, туку и степенот на криминал, доверба во јавните институции и можноста за водење здрав семеен живот. Географската положба, климата, демографијата, политиката и состојбата во стопанството, се исто така важни фактори кои се земени предвид. Вклучена е и перспективата за иднината, за којашто се користени економските предвидувања до 2030 година, кога децата родени во 2013, ќе станат полнолетни.
Според магазинот, после Швајцарија, најдобро е да се родите во Австралија, потоа во скандинавските земји како Норвешка, Шведска и Данска, а потоа следуваат Сингапур, Нов Зеланд, Холандија и Канада. На 10-то место се наоѓа Хонг Конг.Најразвиени западни земји се САД и Германија кои се наоѓаат на 16-то место, Италија, Франција и Велика Британија кои ги заземаат местата помеѓу 21-во и 27-мо место, а Шпанија и Грција се тек на 28-мо и 34-то место, и покрај тоа што располагаат со убава клима.
На средината од листата се наоѓаат Куба и Аргентина, кои го заземаат 40-тото место.
Од бившите југословенски држави, најдобро е да се родите во Словенија (32-ро место), а потоа следува Хрватска, која се наоѓа на 46-то место. Потоа следува Србија на 54-то место, додека БиХ, Македонија и Црна Гора ги нема на листата.
Од членките на ЕУ, најлошо е да се родите во Бугарија, која се наоѓа на 61-во место, Романиjа на 56-то место и Литванија на 57-мо место, оценува тимот на "The Economist".
Интересен е податокот, дека ниедна од земјите членки на БРИК (Бразил, Русија, Индија, Кина) не котираат високо на листата, и покрај високиот економски раст. Кина е на 49-то место, а Русија тек на 72-ро место, на само едно место пред Сирија.
Најлошо место во кое бебе може да се роди во 2013-та година, е Нигерија, а на оваа земја ѝ претходат Кенија, Украина и Бангладеш.
Погледнете ја целата листа со 80 земји.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. | fineweb-2 |
Заменик претседателот на руската државна изборна комисија Леонид Ивлев соопшти дека одзивот на локалните избори бил поголем отколку на претходните и дека има помалку поплаки. Сепак, не беа соопштени конкретни бројки. Ова се последни избори пред изборите за долниот дом на Думата во декември и претседателските во 2012. На изборите се гледа како на тест за популарноста на премиерот Владимир Путин и неговата партија Обединета Русија. | fineweb-2 |
Тренов даде оставка од функцијата пратеник, ќе директорува со "Водни стопанства"
Пратеникот од редовите на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Ромео Тренов, поднесе оставка на функцијата пратеник, за да биде именуван на друга функција.
Тренов во оставката до Собранието, која треба да биде констатирана на првата наредна седница, пишува дека се повлекува поради именување на друга функција од Владата. Оставката е поднесена до Собранието на 21-ти октомври. Според пишувањето на 24 вести, од каде се повикуваат на партиски извори, Тренов најверојатно ќе биде назначен за директор на новооснованото Јавно претпријатие за сите водни стопанства на Македонија. | fineweb-2 |
Има ли Македонија територијални претензии, присвојува ли туѓа историја, гаи ли добрососедски односи, присвојува ли историски личности, дали е творба на коминтерната и ТИТО, ... На сите овие прашања мораме да дадеме јасни одговори, за да го одстраниме сомнежот на демократскиот свет во нашите "скриени" намери ... Мора јавно да ги поставиме сите наши црвени линии. Повеќе ».....
Овие три обвинувања се главните обвинувања во кои Грција скоро 20 години на самостојна Македонија (како и стотина години пред тоа), Македонците од Република Македонија ги држи изолирани надвор од НАТО и ЕУ интегративните процеси. Мора да се запрашаме дали Грците се во право, бидејки ние во минатото имавме провокации од наши регистрирани партии кои заради внатрепартијски потреби спроведувајки тврда национална до националистичка политика - велеа следниот конгрес ке го држиме во Солун или најновата беше кога Премерот се поклони пред картата на Голема Македонија. Мора да појасниме дека се откажуваме од територијалните претенции на некогашна географска Македонија, но дека не се откажуваме од културното обединување и соработка на македонците на сите простори ...
На сите овие три обвинувања на Грците им се приклучува и Бугарија со тоа што додава неколку нејзини тврдења. Имено тие не го признаваат Македонскиот јазик, Македонското писмо, оспоруваат историски личности кои ние ги славиме како темелници на нашата култура и историја - велејки дека се тоа Бугари, Охридската архиепископија и се што произлегува од неа велат дека е бугарско културно наследство, се спорат дури и народни песни кои се пеат во Македонија како Македонски ... Со Бугарија јасно треба да ги отвориме сите прашања кои не раздвајаат, за да не се зачудиме кога тие самите ке ги постават оној момент кога со Грција ке го решиме спорот, ако го решиме.
Со Србите се чини единствен проблем е канонското непризнавање на МПЦ, но има и други помали и поголеми спорни прашања кои се во областа на заштита и грижата за културно историските споменици од минатото и нашиот однос према Косово.
Албанците од Призренска лига навака си имаат своја агенда. Ако може да има две албански држави, тие би работеле и работат на трета ИЛИРИДА, да не заборавиме дека заради неа спроведоа и референдум а не гласаа за нашиот устав, не го почитуваат државното знаме и останатите симболи. Ја поткопаа државата од внатре спроведувајки политика и акции на тивко и нетивнко етничко чистење, покренаа војна за територии скриени во повезот на своите човекови права и правата на малцинствата. Не плаќаат ни даноци ако за тоа постои начин, долго време ни струја не плаќаа. Се изборија за лабава бинационална држава, но чекор по чекор одат на вистинска бинационална држава, веројатно со цел еден ден да се створи трета држава на Албанците во малиот балкан.
Да не ги заборавиме косоварите кои се тесно роднински поврзани со нашите албанци ... Нашата добра политика према независно Косово оди во пропоционално влошување на односите со Србија.
Едно од клучните прашања е и: се користи ли тврдата агресивна национална политика заради добивање на власт во Македонија.
Имаат ли Македонците во Македонија предност во остварувањето на граѓанските и човековите права, во однос на другите националности и национални малцинства. | fineweb-2 |
САД не се подготвуваат да распоредат елементи од својот систем за антиракетна одбрана во Црно Море, изјави заменик државниот секретар на САД за контрола на вооружувањето и меѓународната безбедност, Елин Тошар. Таа посочи дека администрацијата на САД "постојано ја информирала Русија за тоа како да го прикаже етапниот адаптиран приод" кон ширењето на американскиот систем за ПРО и "какви се плановите за реализација на неговите четири составни делови, кои беа објавени од претседателот Обама во средината на септември минатата година". | fineweb-2 |
Scelta Numero Uno Sulla Brutta Copia Relativa a Quest'anno.... + со допуна: Драфт Најт Рикеп
или дрн-дрн јариња. Еве мене шо ми остаи фпечаток:
- Лазањата Барњани е прв во Торонто.
- По(р)тланд направи милион дубари. Ламаркус во Блејзерси за Тајрус Томас и Крјапа. Себастиан Телфер и Тио Ретлиф ојдоа во Селтикси за Реф ЛаШпенц и Ден Цвикау и умешаа пикови, мада мене уште ми е нејасно.
- Бркот во Шарлот.
- Руди Геј во Хјустон.
- Редик во Орландо.
- Џош Бун во Њу Џерси.
- Џејмс Летечи Вајт исто во Џејл Блејзерс ко прв пик на втора рунда.
- Коста Перович во Голден Стејт. | fineweb-2 |
- среда, 04 јануари 2017 07:48
Скопје, 4 јануари 2017 (МИА) - Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе одржи јавна седница.
Членовите на Комисијата ќе ги разгледаат поднесените приговори во врска со член 8-а од Изборниот законик од Коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија-Скопје, преку овластено лице Стевица Јосифовски против Министерството за правда, АД Македонска пошта, подружница ГЦПС Скопје 2, НУ "Театар за деца и младинци" и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.
На седницата ќе бидат разгледани и приговорите во врска со член 8-а од Изборниот законик од Наталија Белчевска од Валандово против Агенција за вработување на Република Македонија. дма/са/07:48
###
Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Мозаик
Тикер
- 21:16 | Трамп потпиша указ за преразгледување на мерките за климата воведени од Обама
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ, со кој се бара да бидат преразгледани голем дел...
- 19:59 | Протести на иницијативата "За заедничка Македонија" во Скопје
Учесниците на протестите на граѓанската иницијатива "За заедничка Македонија" вечерва од пред седишт...
- 19:56 | Британската Влада не го прифаќа барањето на Шкотска за нов референдум
Шкотските пратеници гласаа денеска да му се овозможи на првиот министер Никола Старџен да поднесе оф...
- 19:56 | Комисијата за ЕУ во германскиот Бундестаг ќе расправа за Западен Балкан
Меѓу точките на дневниот ред треба да бидат состојбата во Македонија, Босна и Херцеговина, а се очек...
- 19:55 | Комисијата за ЕУ во Бундестагот ќе расправа за Западен Балкан
Комисијата за европски прашања при долниот дом на Германскиот парламент за утре закажала седница на ... | fineweb-2 |
Под мотото "Секое наше дете е Тамара", велешани денес организирале мирен протест во Младинскиот парк во нивниот град. Медиумите го пренесоа револтот на граѓанските активисти од Велес коишто на социјалните мрежи ги повикаа сограѓаните да дојдат на собирот затоа што "Тамара е секое дете! Дојдете и на мирен начин да покажеме дека знаеме кој е виновен за смртта на нашата Тамара! Да порачаме дека за детскиот живот нема преголема цена. Која Тамара е следна?"
Активистите и граѓаните на Велес на протестот ги обвиниле Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) за неажурност и неодговорност што довела до тоа 9-годишната Тамара Д. да почине без да ја дочека ветената помош на државата за покривање на трошоците за операцијата во странство. Медиумите пренесоа дека присутните на мирниот протест со едноминутно молчење ѝ одале почит на Тамара, порачувајќи дека ниеден детски живот нема цена. Граѓаните со симболични црвени картони во рацете побарале оставки од министерот за здравство Никола Тодоров и од директорите на ФЗОМ, Маја Парнаџиева Змејковска и Џемали Мехази, како и од д-р Аспазија Софијанова, заменик-претседателка на лекарската комисија којашто донела решение за одбивање на барањето за операцијата на Тамара во странство.
"Дајте оставки. Морално е да ве снема од системот што монструмски сте го креирале. Дајте оставки за да се сруши системот кој ви служи за реклама и пропаганда. Дајте оставки за да не ни умираат луѓето. Сите вие сте одговорни за смртта на Тамара, особено ти министре, од сите нас имате црвен картон", ја пренесоа медиумите пораката на присутните на протестот до оние коишто тие ги сметаат за директно одговорни за трагедијата.
Според медиумите, мајката на несреќното девојче соопштила дека додека се чекала одлуката на ФЗОМ, стигнале понуди од болници во САД и во Велика Британија бесплатно да ја оперираат Тамара, но смртта била побрза. "Да не дозволиме утре некое дете да биде друга Тамара!", апелирала мајката Жаклина. "Голем дел од медиумите кои сега објавуваат стории, кога молевме, никаде ги немаше, па затоа, сега ги замолувам барем да ни помогнат да ги казниме виновниците", потенцирала тажната мајка, чија ќерка, со тежок деформитет на рбетниот столб не го дочека одобрението за уште една операција, којашто овој пат, поради сложеноста на зафатот морала да се изврши во странство.
Да биде скандалот уште поголем, семејството на починатата Тамара, по нејзиниот погреб, од ФЗОМ го примило одобрувањето за лекување во странство, потпишано од директорите Парнарџиева-Змејкова и Мехази. Се уште нема официјален одговор од Фондот дали се работи за превид.
И додека на социјалните мрежи не стивнуваат реакциите, а се потпишува и петиција со барање на оставки на одговорните во МЗ и во ФЗОМ, во државните институции се уште нема реакции околу евентуални оставки, разрешувања или повикувања на одговорност.
Министерот Тодоров, изјави дека: "би ја менувал и функцијата, да можам да променам нешто, но за жал не можам. Неодговорно би било да кажам дека не се чувствувам одговорно, или не чувствувам никаква одговорност, или не ми е жал за она што се случило. Искрено сочуствувам и жалам за тоа што се случи. Се обидов да направам сè што е во моите ингеренции, дури и повеќе од тоа, но очигледно тоа не беше доволно да се спаси овој млад живот".
Докторка Софијанова, директорката на Клиниката за детски болести и заменик-претседателка на лекарската комисија којашто го одбила лекувањето на Тамара во странство, изјави за медиумите: "Одлуката дојде од повисоко ниво, се чекаше да се отвори новиот Спинален центар за таму да се лекува малата Тамара. Јас во тој период не бев во државата, а одлуката се донесе по телефон".
И покрај ветувањето на министерот за здравство дадено на 20 ноември минатата година - дека Тамара ќе се оперира во странство, девојчето, за жал, не ги дочека неопходните средства за операцијата. | fineweb-2 |
Русија изрази осуда за неодамнешното бомбардирање од стрна на воените авиони на Британија и наСоединетите држави врз радарот на Ирак во зоната за забранети летови. Руското минситерство за надворешни работи вчера соопшти дека каква и да е акција на насилство врз суверенитетот и територијалниот инегритет на Ирак не треба да биде дозволена.Оваа министерство додава дека приоритет за решавање на Ирачкото прашање треба да претставува вракањето на инспекторите за оружје на Обединетите нации во Ирак. | fineweb-2 |
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и повремен локален дожд со слаб до умерен интензитет. Врнежите ќе бидат повеќе застапени во северните и западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Температурата ќе се движи од 16 до 23 степени.
Во Скопје слично време, со температура до 22 степени. | fineweb-2 |
Параолимписките игри во Лондон беа најголемите до сега Параолимписки игри на кои учествуваа 4.200 спортисти од 165 држави. Исто така за првпат и Олимписките и Параолимписките игри целосно ги организираше еден организациски комитет предводен од Себастијан Коу.
Оливера Наковска Бикова го освои златниот медал во дисциплината воздушен пиштол притоа поставувајќи нов светски и параолимписки рекорд во квалификациите, како и параолимписки рекорд во финале на ова дисциплина. За импресиите и изодениот пат кон медалот и поставивме неколку прашања:
Дали медалот го очекувавте и колку го посакувавте?
Долги години се наоѓам во самиот врв на светското стрелаштво за лица со инвалидност. Освоив многу медали, станав европска шампионка 2001, светска вицешампионка 2006, победив на многу светски купови и други меѓународни првенства, учествував на Параолимписките игри во Атина 2004 и во Пекинг 2008, каде ги освоив шестото, односно петтото место, но длабоко во себе чувствував дека мојот спортски пат не е изоден до крај и дека силно ми недостасува токму тој, параолимписки медал. Секако дека го посакував медалот, знаев дека имам квалитет рамноправно да се носам со најуспешните светски стрелачки во мојата дисциплина, меѓутоа, поучена од претходните два настапа на параолимписки игри, немав никаква гаранција дека ќе го освојам медалот.
По што се разликуваше вашиот настап на овие игри во Лондон?
Бев цврсто убедена дека за разлика од претходно, овојпат ќе бидам максимално концентрирана на елементите на изведба на истрел, на нивната правилна координација и ритмика и дека целосно и без било каква резерва ќе ги спроведам тактичките планови и совети од мојот тренер Бранимир Јовановски. Ние во подготвителниот период повеќе месеци наназад, големо внимание му посветивме на менталниот тренинг и на градење на позитивна слика за моите спортски перформанси, во детали ги анализиравме тренинзите и контролните натпревари, трпеливо градевме стратегија за успешен настап на Параолимписките игри. За моја среќа, на денот на настапот собрав сили да ги надминам сите стравови и сомнежи и целосно да им се предадам на советите на тренерот и како одминуваше натпреварот, бев се повеќе сигурна дека ќе издржам до крј и дека ќе постигнам силен спортски перформанс.
Поставениот светски и параолимписки рекорд во квалификации сигурно ве возбуди. Како успеавте да се смирите пред започнување на финалните борби?
Да, беше прекрасно чувството да ви приоѓаат колеги стрелци, тренери, судии со насмеани лица да ви го честитаат успехот. Меѓутоа јас знаев дека медалот се уште не е освоен и дека ме чека уште еден исклучително тежок дел од натпреварот, уште 10 истрели за кои имате чувство дека траат цела вечност. Тренерот во ниту еден момент не ми дозволи да се опуштам. Влеговме во финалната дворана и за време на контрола на оружјето и опремата ја договоривме тактиката за настап во финале. Знаев дека конкурентките се блиску со резултатот и дека немам преголема предност за да се чувствувам сигурна на врвот. Знаев дека еден мал кикс може значително да ја намали мојата шанса за освојување на златниот медал, особено заради фактот дека и конкурентките беа исклучително искусни спотристки, освојувачки на медали од параолимписки игри, светски и европски првенства. Меѓутоа тоа само ми даваше дополнителна сила да го завршам натпреварот успешно и да го освојам толку посакуваниот златен медал. Некако чувствував дека го имам во рацете и не сакав во ниеден миг да го испуштам. Почетокот на финалето беше одличен, меѓутоа како се ближевме кон крајот почна да се јавува мала несигурност. Кога во седмиот истрел погодив осумка, се појави мала нервоза, меѓутоа токму во тој истрел и конкурентките за медал стрелаа осумки, така да состојбата на табелата воопшто не се промени и тогаш за првпат во мислите ми се појави сликата со златниот медал на градите. Успешно го довршив финалето и после десетиот истрел за прв пат погледнав во мониторот. Неколку секунди и не бев свесна за пласманот, како времето да застана, и одеднаш ги видов насмеаните лица на мојот тим, се затрчав и скокнав во прегратките на тренерот. Одеднаш во рацете ми се најде знамето на Република Македонија, се покрив со него и следуваа честитки, прегратки, моменти на вистинско воодушевување и чувство на добро завршена работа. Веста набргу се прошири и започнаа телефонски јавувања, од новинарите, роднините, но и од политичкиот врв на Република Македонија, од Претседателот Ѓорге Иванов, Премиерот Никола Груевски...Неможам да ви објаснам колку бев среќна во тие моменти.
Колкава беше улогата на вашиот тренер за освојување на медалот?
Голема, од непроценлива вредност, и јас искрено многу му благодарам за трудот кој го вложи при освојувањето на овој медал. Со тренерот Бранимир Јовановски соработувам од почетокот на мојата спортска кариера, од далечната 1997 година. Во моментите кога ќе се појавеше било каква неодлучност или нарушување на договорената тактика и ритмика, тој влегуваше на огнена линија и ми даваше благовремени и мошне корисни совети како да продолжам понатаму. Такви интервенции имаше четири-пет пати за време на квалификациите кои траеа 1 час и 15 минути. И сите беа благовремени, ми даваа поголема сила и одлучност да издржам до крај. Убаво е чувството зад себе да имате тренер кој е со докажана стручност и кој во секој момент има решение за вашата евентуална неодлучност, деконцентрација или неспроведување на договорената тактика. И не само за време на натпреварот. Неговите совети беа од голема корист и во деновите пред самиот настап, во деновите кога се јавуваше доза на несигурност, кога очекувајќи го самиот настап и дилемата ќе успеете да го постигнете својот резултат или не одеднаш губите апетит, добивате стомачни тегоби, чувство на вознемиреност и нелагодност, токму тогаш советите и искуството на тренерот е од пресуден карактер да се вртите во стварноста и да ја извадите од себе сета енергија да ја надминете состојбата и да бидете максимално подготвени за натпревар.
Какво беше чувството да се стои на највисокото место на пиедесталот под знамето и химната на Република Македонија?
Прекрасно чувство, силно задоволство, чувство на самоактуелизација и гордост што мојата држава ја искачив на највисоко место на пиедесталот и што ја впишав во листата на држави освојувачи на медали. Во тие мигови душата ви трепери, ви наидуваат солзи радосници, низ мислите ви поминуваат сите позитивни и негативни моменти кои на било каков начин придонеле и ви дале силина да истраете во тренажниот процес. Им посакувам на сите спортисти во Република Македонија да го доживеат тоа чувство бидејќи сите вредно тренираме, најчесто во тотална анонимност и во не така добри тренажни услови со години за да добиеме шанса да ги браниме боите на нашата држава.
Каков беше пречекот по вашето враќање во Државата?
Морам да истакнам дека нашата репрезентација во Македонија се врати порано од предвиденото заради учество на прославата на арената Филип II. Бев изненадена и почестена што на самот аеродром бев пречекана и срдечно поздравена од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Лазе Поповски, министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, градоначалникот на Битола, Владимир Талески. Им благодарам за вниманието кое ми го дадоа. Кога излеговме од аеродромот не пречека група од стотина роднини, пријатели, навијачи со развеани знамиња и со навивачки песни. Мноштво на камери, фотоапарати, прегратки и честитки, прегратките од сопругот Златко и ќеркичката Викторија кои многу ми недостасуваа, појавувањето на арената Филип втори и тоновите од песната "Излези момче..." од грлата на шеесетилјадната публика се импресии кои вечно ќе останат врежани во моето срце. | fineweb-2 |
Ова се петте најинтересни факти за денес. Научете нешто ново секој ден на нашата веб страница.
1.Во сообраќајната база на податоци во Калифорнија може да се најдат шест возачи кои се викаат Исус Христос.
2. Постои страв од брада а името е – Pogonophobia. Луѓето кои страдаат од оваа фобија чувствуваат зголемена нервоза и вознемиреност кога некој во нивна близина има брада.
3.Очите се развиваат до седмата година.
4. На Мадагаскар живее и најмалиот лемур во светот кој тежи само 30 грама.
5. 5 проценти од луѓето никогаш во животот не почувствувале главоболка, и сеуште не е тестирано како е тоа можно. | fineweb-2 |
Во Македонската опера и балет вечер ќе биде изведена балетската претстава "Дамата со камелии", на музика од Џузепе Верди, со драматуршката подлошка земена од неговата популарна "Травијата".
Диригент е Иван Еминовиќ, кореографијата е на на гостинот од Русија, Василиј Медведев, а костимографијата и сценографија се дело на Павол Јураш, гостин од Словачка.
Во главните улоги ќе настапат: Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили заедно со солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет. | fineweb-2 |
"Ден минат без смеа е загубен ден." – Чарли Чаплин
Тргнете од себе, колку сте продуктивни во ден кога сте намуртени и депресивни? Колку имате елан за работа кога се смеете и ја согледувате позитивата на животот? Еве 7 интересни причини зошто оние кои често се смеат се попродуктивни, а веруваме дека истите ќе ве натераат почесто да му се препуштате на доброто расположение.
1. Смеењето ви го олеснува патот
Стресот на работното место е онолку страшен колку што вие ќе направите да биде. Луѓето кои се смеат и кои умеат да најдат позитива во сè, полесно минуваат општо низ животот, а истото важи и за работното место. Секој работен ден има по нешто забавно, смешно и интересно. Оние кои често се смеат на работното место шират позитива и се попродуктивни.
2. Смеењето креира попродуктивна работна средина
Луѓето кои се смеат заедно стануваат поблиски. Тимот на соработници кои заедно се смеат на шеги, стануваат поблиски, послободни, а со тоа и поуспешни на работно поле.
3. Смеењето помага да се пребродат тешките денови
Со сигурност некаква криза на работното место нема да се надмине лесно со човек кој е постојано сериозен, загрижен и кој едноставно работите ги сфаќа како големи и страшни. Од друга страна, човек кој умее да се насмее и да шири позитива дури и во лошите денови ќе ја подобри целокупната работна атмосфера влевајќи им на другите надеж и поттик за работа.
4. Смеењето ви ги полни батериите
Смеата делува како сонцето и топлината – ве одмара и ви ги полни батериите. Кога сте уморни или се чувствувате лошо, само пуштете некое смешно клипче или прочитајте неколку добри шеги. Вашето расположение инстантно ќе се промени давајќи ви елан за работа.
5. Смеата ја убива тензијата
Кога сте под голем стрес или имате трема пред јавен настап, само кажете шега. Ќе се ослободите, ќе се насмеете вие како и оние кои ве слушаат и одеднаш целата атмосфера ќе се подобри создавајќи ви простор слободно да се изразите.
6. Смеењето ја поттикнува креативноста
Добро е да се знае дека на вашето рабното место можете одвреме-навреме да стиснете пауза и добро да се насмеете пред да продолжите со работа. Така ќе го оттргнете притисокот, ќе се чувствувате послободни, а со тоа ќе ја ослободите вашата креативност за слободно да доаѓате до нови идеи и решенија.
7. Со смеењето луѓето се среќни за она што го работат
Не можете да дочекате да пристигнете на работа за да им ја раскажете на вашите колеги урнебесната ситуација во која се најдовте? Знаете дека на работа вашиот колега ќе ве пречека со шега или добра анегдота? Секојдневието може да биде полно со стрес и знаејќи дека на работното место може да се ослободите од негативните емоции и да прснете од смеа ќе ве направи посреќни за она што го работите. | fineweb-2 |
Контактирајте нé
DHL е посветена на: водење на оддржливата конкурентна предност на нашите клиенти преку побрзо и поефикасно изнесување на нивните продукти на пазарот. Без разлика на нивната големина, нашите клиенти можат да се потпрат на нашето глобално и локално искуство со кое им помогаме да внесат вистинска вредност во секој аспект од нивните синџири на снабдување.
За да поднесете понуда за јавна набавка или ако Ви се потребни понатамошни информации за некоја од нашите услуги, едноставно пополнете го контакт формуларот подоле и веднаш ќе добиете одговор од експерт од DHL. | fineweb-2 |
Група од 292 Сиријци денеска се врати во родниот град Џараблус. Тоа е прво официјално враќање на сириски цивили од Турција во татковината од почетокот на турската операција во северна Сирија.
Џараблус е првиот град кој беше ослободен од турската армија и нејзините сојузници, меѓу кои и сириските бунтовници, во офанзивата што почна на 24 август. Градот беше под контрола на Исламска држава.
Турција досега има примено три милиони сириски бегалци. | fineweb-2 |
Архелај I
Архелај I — крал на Македонија (413 до 399 п.н.е.). Стапил на престолот по смртта на неговиот татко, Пердика II. Мајка му на Архелај била робинка, а Архелај успеал да дојде до власт со тоа што го убил неговиот чичко Алкет II, братучед и неговиот полубрат кој бил законски наследник.[1] Во текот на своето владеење се докажал како способен и полезен владетел кој од корен ја променил државната административна структура, војската и трговијата.
Кратко по неговото крунисување, Архелај бил соочен со ситуација која му дозволила тотално да ги промени односите на Македонија со Атина, кои претставувале голема закана во последните 50-тина години. Атињаните биле тешко поразени во Сиракуза при крајот на 413 год. и најголемиот дел од нивните бродови биле уништени. Поради ова на атињаните очајно им требало огромно количество на дрво за нови бродови и така Архелај бил во состојба да ја постави цената. Потем тој великодушно ги снабдувал со сето дрво кое им требало. Како признание за ова, атињаните го почестиле Архелај и неговите деца со титулата ,,Народен Проксенос и Евергет.
Потоа Архелај се зафатил за спроведување на многу внатрешни реформи. Издал големо количество на монети од одличен квалитет, изградил тврдини, направил прави патишта (од важност за мобилноста на војската) и ја подобрил организацијата на војската, особено коњаницата и хоплитите.
Архелај исто така бил познат како човек од култура и создал посебни културно-уметнички врски со Грција. Во неговото ново седиште Пела (кое го преместил од Ајга) тој почнал да ги прима големите поети, трагичари, вклучувајќи го и Еврипид (кој ги напишал неговите трагедии Архелај и Бахите за време на неговиот престој во Македонија), музичари, и сликари, вклучувајќи го и Зевкиј (најславниот сликар во тоа време). Архелај исто така и го вовел празникот Олимпија, кој бил верски празник со атлетски натпревари во чест на Зевс и музите во Дион. Најголемите атлетичари и уметници биле собрани на едно место за овој настан.
Архелај бил убиен во 399 п.н.е. во лов од страна на еден од неговите пажови, Кратер. Можно е ова дело да било дел од заговор, иако ништо никогаш не се докажало. Дотогаш тој успеал да ја претвори Македонија во регионална воена и економска сила. Тукидид дури и има речено дека Архелај направил повеќе за Македонија отколку сите негови претходници заедно.
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|Аргеади||Каран • Коин • Тирима • Пердика I • Аргеј I • Филип I • Аероп I • Алкет I • Аминта I • Александар I • Алкет II • Пердика II • Архелај I • Кратер • Орест • Аероп II • Архелај II • Аминта II • Павзаниј • Аминта III • Аргеј II • Аминта III • Александар II • Пердика III • Аминта IV • Филип II • Александар III Македонски • Филип III Аридеј • Александар IV|
|Намесници||Антипатар • Пердика • Полиперхон • Касандар|
|Антипатриди||Касандар • Филип IV • Александар V • Антипатар II • Состен|
|Антигониди||Деметриј I Опсадникот • Антипатар II • Антигон II Гонат • Деметриј II • Антигон III Досон • Филип V • Персеј|
|Птолемаиди||Птоломеј II Керавн • Мелегар|
|Други||Лизимах • Пир Епирски| | fineweb-2 |
Околу 500 лица беа евакуирани од нивните домови во јужен Лондон синоќа поради големо истекување на гас, соопшти британската полиција.
Екипи на Брзата помош и на Црвениот крст биле повикани во регионот на Пенџ Лејн и Куин Аделејд Роуд, по добиен сигнал за истекување на гас во 22:30 часот по Гринич, даден од граѓанин преку националниот итен телефон за инциденти со гас.
Компанијата "Садерн Гас Нетворк" соопшти дека е извршен ремонт во текот на ноќта. Жителите добиле одобрение да се вратат во своите домови во пет часот изутрината. | fineweb-2 |
Источна Азија
||Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија.
Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски.
Источна Азија е регион во Азија. Површината на источна Азија зафаќа 12,000,000 km². Во Источна Азија, главно, се вбројуваат териториите што спаѓаат во тихоокеанското сливно подрачје, односно просторот кој е органичен со високите планини Хималаи, Памир, Алтај, Јаблановските Планини и реката Амур. Во Источна Азија се наоѓаат териториите на НР Кина(Хонг Конг, Макао), Монголија, Народна Демократска Република Кореја (Северна), Република Кореја (Јужна), јапонија и Тајван
|Држава||Главен град||Површина(кm²)||Население(ООН, 2009)|
|Кина||Пекинг||9 806 400||1 331 115 200|
|Тајван||Тајпеј||35 870||23 027 672|
|Монголија||Улан Батор||1 564 200||2 671 000|
|Јужна Кореја||Сеул||100 032||48 379392|
|Северна Кореја||Пјонгјанг||120 540||24 051 218|
|Јапонија||Токио||377 800||127 580 000|
Содржина
Природни катастрофи[уреди | уреди извор]
Големите нарушувања на природните и антропогените објекти на Земјината површина под уривачкото дејство на вулканите, земјотресите, морските бранови, поплавите, пожарите, лавините и др. се нарекуваат природни катастрофи. Источна Азија е една од териториите на Земјата што се одликува со појави на различни природни несреќи. Главна причина се тектонските движења и судири што се случуваат меѓу евроазиското копно и тихоокеанската и филипинската литосферна плоча. Таа, Источно од Јапонските и Филипинските Острови навлегува под евроазиската копнена плоча, така што долг длабокометарски ров се протега од Камчатка до Малајскиот Архипелаг. Судирот на двете плочи по должината на овој ров предизвикува многубројни земјотреси и вулкани. Токму затоа, овој појас се нарекува "Огнен појас". Бројот на земјотреси во текот на годината е околу 1000, но голем дел од нив се слави и луѓето не ги чувствуваат. Меѓутоа, има и такви што предизвикуваат големи разурнувања и човечки жртви. Такви се, на пример, земјотресот од 1923год. во близина на Токио, кога загинаа повеќе од 150 000 луѓе и земјотресот од 1995год. во близина на градот Кобе и кога загинаа повеќе од 5 000 луѓе. Земјотресите ги проучува посебна научна дисциплина наречена сеизмологија, а се мерат со инструменти наречени сеизмографи. На линијата на "Огнениот појас" се наоѓаат поголем број живи вулкани. Дел од нив се наоѓаат на копното, како: Фуџи во Јапонија, Клучевскаја Сопка на Камчатка и др. а дел се случуваат подводно. Вулканстака активност во овој појас е главна во овликувањето и создавањето на голем број острови. Подводните земјотреси и вулкани се основните фактори за предизвикување на разорни морски бранови, познати под името цунами. Тие на морската површина се незабележливи, но како повеѓеслојни бранови до бреговите стигнуваат како големи бранови и до 30м височина, и предизвикуваат огромни материјални штети и човечки жртви. Поради земјотре, такво цунами се случило во 2004год, кога загинаа околу 200 000 луѓе. Поради различните воздушни притисоци - над азиското копно од една и над тихоокеанските пространства од ругата страна - кон вреговите на Источна азија, особено во летниот период од годината, дуваат мошне силни ветрови наречени тајфуни. Тие предизвикуваат бранови со разорна моќ. Со себе носат обилни количества врнежи, стигнувајќи над низините на Источна Азија, предизвикуваат излевање на поголемите реки и поплавуваат огромни територии. Така се предизвикуваат големи материјални штети во земјоделството и на имотот на населението. Поради височината на планинските масиви и присуството на снежни маси често доаѓа до одронување на лавини, меѓутоа, тие главо не се опасност за луѓето бидејќи се случуваат во ненаселени области. На индонезиските и на Филипинските Острови поради обилни врнежи често се случува лизгање на земјиштето и уништување на цели населби.
Население[уреди | уреди извор]
Територијата на Источна Азија е една од најнаселените во светот. Во источните делови на Кина, поточно во Кинеската Низина, во Манџурија, на Корејскиот Полуостров и во Јапонија жиеват повеќе од 1,6 милијарди луѓе.
Верска припадност
Според верската припадност, населението во источна Азија, главно, ги исповеда учењата на конфучијанизмот, будизмот и таоизмот. Така, на пример, на конфучијанизмот во Кина припаѓаат околу 90% од населението, на будистите во Кина припаѓаат само 5%, Во Јужна Кореја околу 50%, во Монголија повеќе од 90%. Во Јапонија околу 80% од населението истовремено се приврзаници на шинтоаизмот и будизмот. На островот Тајван преовладуваат приврзаниците и на Конфучијанизмот и на будизмот, а околу 20% припаѓаат на таоизмот. Карактеристично е тоа што во Јужна Кореја повеќе од 40% се христијани, претежно со протестанска и католичка вероисповед, додека пак во Северна Кореја луѓето официјално се нерелигиозни, а неофицијално исповедаат будизам, христијанство и шаманизам.
Јазици
Јазиците што се зборуваат во Источна Азија спаѓаат во јазицичните семејства: кинеско-тибетско, тунгуско-манџурско и монголско. Многубројното население на голем број народи зворува различни јазици со многу дијалекти. Во Кина и во Тајван е заспаен кинескиот јазик со повеќе дијалекти. Се користи кинеско хиероглифско писмо. Во Монголија официјален јазик е монголскиот со кирилица од 1945 година, а во најново време е вратено старомонголското писмо кое датира од 13век. На Корејскиот Полуостров, во двете држави се зборува корејаски и се користи посебно корејско писмо. Во Јапонија населението користи јапонски јазик и посебно јапонско писмо.
Култура и обичаи
Народите од Источна Азија, кои во сонова се групираат како Кинези, Јапонци, Корејци и Монголци, се одликуваат со посебна култура која во голема мера се потпира на долговековната традиција. Тоа се однесува и на верата, на образованието и во сферата на уметноста и архитектурата. Ваквте традиции се потпираат на секојдневниот живот и на работата на населението кое се уште во голем број живее во селска средина. Меѓутоа, со индустрискиот развој населението се повеќе се населува во големите градови каде што неминовно започнуваат општествени и културни промени. Се поголем е трансферот од номдско-арскиот систем на живеење и обичани кон стационарно земјоделско стопанисување кое многу брзо се преориентира кон секундарните стопански гранки, така што во процесот на т.н. брзо живеење во градовите настануваат променит во обичаите. Доследноста на луѓето е посебна вредност, како, на пример, точноста на движењето на возовите во Јапонија, која се мери во секунди.
Улогата на семејството, културата и традицијата[уреди | уреди извор]
Источна Азија зафаќа релативно голема територија. На неа се развиле неколку народи кои оформиле свои држави. Такви се Кина, Јапонија и Кореја. Сите држави се со голем број жители, особено Кина, на чија територија се сместени повеќе од 1,6 милијарди луѓе. Проблемот на обезбедување храна за опстанок на населението е основна причина за карактеристиките на семејството, културата, традицијата на населението од Југоисточна Азија. До неодамна, претежно екстензивниот развој и начин на живеење на населението, главно разместено во селските средини во потрага по работна сила, при мошне есктензивниот начин на земјоделско сопанисување се сметало дека излезот е во големиот број члениво во семејството. Од друга страна, релативно ниското ниво на образование придонесува за голем природен прираст на населението во Источна Азија. Големите проблеми, кои се присутни, можат да се конторлират единствено соц врсти односи во семејството и со почитување на општеството и куллтурата. Семејстово во Источна Азија се одликува со поголем број членови. Многу е важна улогата на жената во секојдневниот живот и во секојдневната работа. Токму затоа, таа е мошне почитувана. Сите недостатоци во живеењето се отстрануваат со голем степен на воздржаност, трудољубивост, трпеливост и упорност кај секој член на семејството. Овие вредности, како филозофија на живеење, се вреднос на семејствата во Источна Азија, а релекстираат и во негувањето на културата и традицијата во општеството. Типичен пример е доследноста на Јапонците во придржувањето до точноста на времето во транспортот. Како резултат на ваквото воспитување, населението има се поголем успех во сите сфери на живеење, така што тоа резултира со се позабрзан стопански развој. Се почесто екстензивниот начин на живеење и на работа во семејството се заменува со нови техники и технологии и со интензивен начин на производство. Така се остварува се поголем степен на развој и подобрување на животот и семејството и во општеството во целост.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Природните одлики на територијата на Источна Азија, регионално гледано, се мошне различни. Во северозападните делови на Кина и Монголија, заобиколени со високи планини, владее сува клима, така што се присутни територии под пустини (Такла Макан, Гоби и др.), полупустински и степи, каде што населението се занимава со номадско и полуномадско сточарство. Во пониските приморски делови на Источна Азија, кои климатски се погодни, побогати и густо населени, е развиено земјоделстото, а од сточарските гранки особено се развиени свињарството и живинарстово. Како работен добиток во Источна Азија се важни две карактеристични животни, и тоа: јак - долговлакнесто говедо и бивол - кој се одгледува и користи во низините при земјоделската работа. Од полјоделството најразвиено е одгледувањето ориз. Се одгледува и во низините и терасесто во ридестите простори. Главно е разместен по долините на големите реки, особено Хуанг хе и Чанг Џијанг. Од другите култури, Кина се јавува и како најголем производител на: пченица, пченка, компир, градинарски култури, соја, чај, тутун итн. За Кина е карактеристично и производството на свила. Излезот на море на државите од Источна Азија им овозможува развој на риболовот, така што овие земји се сметаат за рибарски велесили. Земјите од Источна Азија во минатото главно биле затворени за стопанскиот развој. Но, по Втората светска војна од скоро целосно уништеното стопанство започна брз и силен индустриски развој. Во услови на многубројно население, каде што проблемот со исхраната беше мошне изразен, нешто подоцна, поточно по 1970 година, Кина започна запрзан индустриски развој. Слична е состојбата и во двете корејски држави. Според тоа, денес Источна Азија е најразвиен индустриски регон во Азија. По 1990 година, бидејќи е намалено ограничувањето за мигрирање, преселувањето на населението во градовите е зголемено. Така се формирани голем број милионски градови покрај реките Хуанг Хе и Чанг Џијанг и во приморјето. Кина се одликува како индустриско-аграрна земја со големи природни богатства и можности за брз развој. Развиени се црната металургија, машинската индустрија, производтство на автомобили, авиони, бродови, вагони и локомотиви, електроиндустријата, хемиската, текстилната, прехрамбената индустрија итн. Се поголема е изградбата на патишта и железници.
Наводи[уреди | уреди извор]
- Местото е базирано од комбинација од Кина (вклучувајки ги Хонг Конг, Макау, Аскаи Чин, и Транс-Каракоамиот Тракт), Јапонија, Монголија, Северна Кореја, Јужна Кореја и Тајван as listed at List of countries and outlying territories by total area.
- Популацијата е комбинација од популациите на Кина (Вклучувајки ги и Хонг Конг , Макау ), Јапонија, Монголија, Северна Кореја, Јужна Кореја, и Тајван како што се листирани на List of countries by population (Последен Апдејт на 8 март, 2008). | fineweb-2 |
Крсто Мукоски на денешната седница на чиј дневен ред се наоѓа ребалансот на Буџетот за 2016 година, опомени дека кривично мора да се одговара за однесување какво што демонстрираше СДСМ во последниот период, со лажните паники за девалвација на денарот и со писмата со закани со кои ја зголеми каматата и ѝ наштети на Македонија со 25 милиони евра.
Во секоја сериозна држава постојат законски прописи и норми со кои што луѓето кои што прават вакви негативни ефекти треба да одговараат кривично. И Ви кажувам дека во Република Македонија мора да се воведат тие закони, бидејќи на крајот трпи државата. Не трпи ниту ВМРО, не трпи ниту СДСМ, трпат граѓаните на Република Македонија и трпи државата. Трпи угледот на Република Македонија. Во конкретниот случај, банкарскиот систем. Во овој случај сега со еврообврзницата и манипулациите и писмата што се пуштаа до странство, трпи рејтингот на оваа држава, рече Мукоски.
"Може да спориме и за еврообврзницата, може да спориме и за вредноста, меѓутоа не да правиме штети на сопствената држава, што за жал се случува во изминатиов период конкретно од функционери од СДСМ"- додаде тој. | fineweb-2 |
Во рецензијата за "Црни дупки во нас", седмата авторска објава на Марта Маркоска, професор Иван Џепароски забележува:
"…на астрономите и на физичарите треба да им се остави научното толкување на "црните дупки", но кога поетите и поетесите "црните дупки" ќе ги префрлат "во нас", тогаш тие црни дупки почнуваат внатре во нас "поетски да домуваат" наоѓајќи си свое поетско "прибежиште во методот". Па дури и тогаш кога ова прибежиште не е ништо друго освен пост фестум согледба за "Ентропијата на љубовта" ..."
Ни на гради пишувам, ни за награди. Товарот од плеќи го истресувам на хартија за да си се успокојам. Пишувањето не е спортска дисциплина, па човек да пишува за награди.
Од друга страна, пак, проф. Билjана Перчинкова во своите импресии за делото пишува:
"…Песните на Марта Маркоска се зен коани стегнати како тупаница; тие се врел костен во устата што ниту може да се проголта, ниту да се исплука сè додека живата пулсирачка реалност не блесне пред нас неотповикливо. Како и сèпостоењето, таа е во копнеж да се спознае самата себе. Таа е "ѕвезда што колабирала во сопствената гравитација" (како во "Квантната теорема на љубовта") и сега бестелесна се враќа наназад во простор-времето. Марта ги множи своите поетски (не)равенки со минус еден, исто како и генијалниот квантен физичар Ричард Фајнмен пред неа, добивајќи така електрон што ни се враќа од иднината наместо позитрон којшто патува од минатото."
Книгата ги содржи циклусите: "Животот е циклус (циркус)", "Катахрезис на духот", "Применети знаења", "Плоштини на љубовта", "Холограм на среќата" и "Црни дупки во нас", а минатата 2014 година за неа поетесата ја доби наградата "Бели мугри". Ова на Маркоска и е второ значајно книжевно признание по она од 2012 кога за збирката песни "Стрмоглаво кон височините" беше овенчана со наградата "Ацо Караманов".
Говорејќи за ваквите творечки дострели, за поривот за пишување таа вели:
"Ни на гради пишувам, ни за награди. Товарот од плеќи го истресувам на хартија за да си се успокојам. Пишувањето не е спортска дисциплина, па човек да пишува за награди. Оти наградите не му се загарантирани па макар и сто книги да напише. Во пишувањето не се натпреваруваш со никого освен со себеси. Сам си. Ти и твојата публика. Читателската публика е најдобар репер за делото, не наградите. Мојата клаузула е: пишувам, значи – постојам. Значи Сум. Значи добивам идентитет. Значи (се) спознавам. Значи домувам некаде....
Зошто пишувам е исто како да прашате некој земјоделец зошто си ја копа нивата или некој програмер зошто е цел ден пред компјутер или, пак, некој билдер зошто неколкупати неделно оди во теретана. Тоа е нешто што си. Некој кој си. Но, најважно е, без оглед на тоа што го работиш да си искрен со себе и своите емоции, оти делото некогаш може да те награди, а некогаш – да те нагрди. "
За творештвото и влијанието на времето во кое живееме Маркоска е децидна:
"Па книгава се вика "Црни дупки во нас", поочигледно, здравје... Претходната поетска книга е насловена "Стрмоглаво кон височините", а книгата раскази - "Вител во Витлеем". Бидејќи по насловот не се суди за делото, еве малку посликовито и поверодостојно, со стих, ќе ви доловам колку времево во кое живеам се очитува во она што со пишувам..."
Не, јас не сум духовен учител, ти велам
Не ги знам Ведите и Упанишадите
Не ги знам Шастрите и Сутрите
Не ги знам Кабалата и Светото Писмо
Не ги знам Тората и Куранот
Само знам дека на овој свет
Само ние сме Кутрите
Само ние сме Курбанот
(од Песната Студии на животот, од книгата "Црни дупки во нас")
Да имавме доблест колку дрскост
не ќе се стесневме во сопствените чаури
Да беа далгите – тундри
Ѕверови пак ќе бевме – ама не притаени
(Од песна петта, од книгата "Стрмоглаво кон височините")
Елизи нови шепотат љубов
во овој испоснички храм
Едикојси измислуваат богови
во оваа мала штавена почва
Eli, Eli lama sabachtani? (Од песна седма, "Стрмоглаво кон височините")
И, конечно за мултимедијалноста на нејзините промоции на книжевните објави уметницата со појаснување.
"Долги години пловев во музичките води, а сакав да ги искористам и моите искуства како музички илустратор... На овој начин ја имам можноста да се претставам не само како писател/поет, туку како комплетен автор: интепретатор, музички и видео илустратор.... Голем предизвик е да се постават поетски стихови на сцена бидејќи тие добиваат подобра комуникација со публиката. Одеднаш тој интимен чин на читање на поезијата станува јавен со што се нуди поголема асоцијативна дофатливост на нејзините значења и се буди имагинацијата кај гледачите. И, иако, најпосле ќе го споменам, можеби е и најважно - публиката е презаситена од класични промоции, а ги има премногу на годишно ниво... Мултимедијалноста бара ангажирање на сите сетила на гледачите со што ги држи во постојана когнитивна и емотивна напнатост."
А, кон ова писание и уште неколку информации повеќе за поблиско запознавање со Марта Маркоска.
Родена 1981 година, таа дипломирала на Катедрата за Општа и компаративна книжевност, на Филолошкиот факултет "Блаже Конески" во Скопје, а магистрирала на Интердисциплинарните културолошки студии во книжевноста, при Институтот за македонска литература.
Член е на Друштвото на писателите на Македонија и зад себе има седум авторски книги:
"Црни дупки во нас" (2014), "Култура и меморија" - културолошки студии (2014), "Расправа за Зен будизмот -религиско-филозофски трансцеденции помеѓу источната и западната мисла" (Матица 2013), "Стрмоглаво кон височините" (2012), збирката есеи "Хипер Хипотези" (Институт за македонска литература – 2011), збирката раскази "Вител во Витлеем" (Темплум 2010) и поетската збирка "Сите притоки се слеваат во моето корито" (Темплум 2009).
Застапена е и во четири антологии : Антологија на младата македонска поезија:"Лирски Додекамерон" (Струшки вечери на поезијата, 2012), Антологија на поезија и проза "Ветерот носи убаво време" (Матица 2012), Антологија на македонскиот современ расказ (Феникс, 2012) и во Антологија на текстови посветени на градот Скопје - "Планета Скопје" (Феникс, 2012).
Нејзините творби застапени се и во збирките Зборници на поезија и кратка проза на младите од просторите на поранешна Југославија, текстови објавувала и во повеќе научни списанија ( Спектар, Културен живот...), автор е и на бројни театарски и филмски рецензии во дневниот печат, музички илустратор на неколку документарни филмови, а зад себе има и два театарски мултимедијални перформанси. | fineweb-2 |
Прв и најважен предуслов за вежбање во бременоста е здрава бременост. Ако бременоста е здрава, тогаш нема причина да се откажете од вежбањето.
Познато е дека во текот на бременоста може да добиеме и над 13 килограми, па потоа е тешко да ги симнеме со помош на диети. Задрвите трудници слободно можат да продолжат со физичката активност, секако со внимание. Оние трудници пак кои претходно не вежбале треба да бидат уште повнимателни и да не се изложуваат на преголеми напори. За нив најдобри физички активности би биле јогата, пешачењето и пливањето.
Трудниците пак кои претходно редовно вежбале можат да продолжат со одредени спортови. Пилатесот е идеален, брзото одење до еден час дневно, секако пливањето, умерениот танц.
Во овој период не треба да се носат за вежбање тесни парчиња облека, задолжително носите квалитетен спортски градник и патики кои добро ги фиксираат зглобовите. Многу вода во текот на вежбањето е задолжителна, дури и кога не чувствувате жед.
Следете ги реакциите на своето тело на вежбање. Знаци кои покажуваат дека треба веднаш да прекинете со вежбањето се болка, вртоглавица, слабост, губење на здив, контракции на матката, брзо чукање на срцето. Всушност пулсот не смее да биде над 140 отчукувања во минута. Најлесно ќе проверите дали претеравте со вежбањето преку тн говорен тест. Ако при вежбањето губите здив додека зборувате, значи дека сте претерале.
Избегнувајте ги боречките спортови и спортовите со голем ризик од паѓање. Фетусот е обично добро заштитен од паѓање и удари, но необичните активности сепак можат да бидат опасни. Нуркање не се препорачува, исто како и јавање и скијањето. Се што создава силен притисок на зглобовите и лигаментите, како некои вежби во аеробикот, тешки позиции во јогата или трчање – треба да се изведуваат во полесна форма.
Ако сте трчале пред бременоста, можете да продолжите и за време на бременоста. На самиот почеток на бременоста возењето велосипед е добра активност, но не и после петтиот месец зашто со зголемување на тежината се пореметува и центарот за рамнотежа па може да дојде до паѓање. Собниот велосипед е супер вежба земајќи предвид дека нема опасност од паѓање. Степерот е исто така идеален.
Да танцувате можете и дома и во клуб. Само избегнувајте ги наглите движења и вртења. Вежбањето во вода е најсигурна вежба за трудници и претставува задоволство, а освен тоа е совршено за решавање на болките во грбот во доцните месеци на бременоста. Сепак, скокањата во вода и забавните игри во вода избегнувајте ги. | fineweb-2 |
Шефот на агенцијата обелодени два случаи, а другите ќе ги изнесе на затворена седница во среда.
Директорот на Националната агенција за безбедност (НСА) Кит Александер вели дека шпионските програми на агенцијата помогнале да се спречат над 50 терористички напади од 11 септември 2001-ва наваму.
Тој кажа дека неодамна откриените програми за собирање податоци на телефонски разговори на американски граѓани и следење на користењето на Интернет сервери во САД на странци со можни терористички врски "се критични за заштита на нашата држава."
Генералот Александер на конгресна конгресна комисија изнесе два случаи за кои вели дека програмите помогнале. Еден заговор од Јемен за бомбашки напад на Берзата во Њујорк и друг што инволвира финансирање за терористичка трупа со седиште во Сомалија.
Тој кажа дека на комисијата ќе и` ги даде документите за останатиот дел на случаите во среда, на затворена седница.
Заменик-генералниот правобранител Џејмс Кол исто така сведочел дека имало неколку проверки за злоупотреба во програмите за следење, и дека тие имаат надзор од сите три гранки на владата. | fineweb-2 |
Mакедонскиoт фудбалер, Горан Пандев испратил допис до Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во кој ги информира за неговата одлука да се повлече од националниот состав.
Како причини за ваквата одлука ги наведува заморот од континуираните натпревари и желбата да направи место за нови играчи, соопштуваат од федерацијата на нивната официјалната веб страна.
Од ФФМ се обиделе да стапат во директен телефонски контакт со Горан Пандев со цел уште еднаш да се обидат да го премислат.
"ФФМ сака да верува дека неговата одлука не е конечна и дека тој и понатаму ќе го носи националниот дрес, особено доколку новиот селектор, кој треба да биде избран наскоро, процени дека учеството на Пандев е неопходно за градење на нов, победнички дух", изјавуваат од ФФМ.
Пандев е член на Наполи, а првично одлуката да се "пензионира" од репрезентацијата ја соопшти по завршувањето на квалификацискиот циклус за СП на кој Македонија го освои последното место во групата | fineweb-2 |
Денес започнува 25-то Светско првенство во ракомет за мажи
Од денес, па сѐ до 29 јануари, во Франција ќе се одржи 25-то, Светско првенство во ракомет за мажи.
На најголемиот собир на светските ракометари и овој пат учество ќе земе и нашата ракометна репрезентација, предводена од најдоброто светско десно крило Кирил Лазаров. Натпреварите започнуваат денес во Париз, со првиот натпревар помеѓу домаќинот и досегашниот светски првак Франција со најдобрата екипа од Американскиот континент Бразил.
На ова светско првенство учество ќе земат најдобрите 24 светски репрезентации, на почетокот распоредени во четири квалификациони групи од по 6 репрезентации. Во втората фаза продолжуваат 16 репрезентации, односно првите четири екипи од секоја од четирите групи.
Нашите македонски лавови се во групата "Б" заедно со репрезентациите на Тунис, Ангола, Словенија, Шпанија и Исланд, a натпреварите во групата ќе се играат во францускиот град Мец.
Македонската репрезентација, натпреварите ги започнува на утре (12.01.2017), со најдобрата екипа на афричкиот континент, незгодната репрезентација на Тунис, нашиот должник од последните кавалификации за Олиписките игри, репрезентација од која неочекувано изгубивме и го прекина нашиот сон - пласман на Олимпијадата.
Да се надеваме дека веќе научената лекција нема да ни се повтори и дека за разлика од тој, за нас трагичен натпревар, овој пат без потценување, со сериозен и професионален пристап кон играта ќе ја оствариме нашата прва победа, што ќе значи еден чекор кон пласман во натамошните натпревари. | fineweb-2 |
Искрен трејлер за "The Princess Bride"
По избор на гледачите Screen Junkies направи урнебесно смешен искрен трејлер за филмот "The Princess Bride" од 1987 година, во режија на Роб Рејнер.
Дали се сеќавате на овој филм? Ако не, тогаш вреди повторно да го погледнете и да се потсетите на комичните ситуации во него. Додека едно момче е болно и лежи дома, неговиот дедо му чита приказна наречена "The Princess Bride". Овој искрен трејлер дефинитивно ќе ве инспирира да го погледнете овој филм од осумдесеттите. | fineweb-2 |
Институтот "Конфуциј" при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје во соработка со Кинеското катче при НУБ "Св. Климент Охридски" - Скопје ќе организира одбележување на Празникот на средината на есента кое ќе се одржи на 15 септември о.г. (четврток) во 18,00 ч. во НУБ "Св. Климент Охридски". Придружете ни се во славењето на овој традиционален празник кој со пригодна програма, кинески чај и месечеви колачиња ќе го одбележиме под полната месечина.
Во прилог е информацијата за значењето и потеклото на овој значаен традиционален кинески празник. | fineweb-2 |
Во текот на денешниот ден до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, а во врска со истрагата во предметот "Трезор" поднесен е предлог за определување мерки за претпазливост за три осомничени лица, со кои е побарано од Судот да ги одземе патните исправи на овие лица, соопшти Специјалното јавно обвинителство.
Воедно, се додава, за едно осомничено лице побарано е определување мерка притвор поради опасност од бегство, постоење на основан страв дека лицето ќе ја попречува кривичната постапка и постоење особени околности кои го оправдуваат стравот дека лицето ќе го повтори делото.
До Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесено е и барање за донесување на привремена мерка- забрана за користење и располагање со трансакциската сметка на правното лице "Финзи" ДООЕЛ Скопје, се наведува во соопштението на СЈО. | fineweb-2 |
Англиската фудбалска федерација (ФА) утрово им изрече казна на четворица менаџери кои пробале да стапат во контакт со малолетни фудбалери.
Меѓу нив најпознат е поранешниот голгетер на Манчестер Јунајтед, Дани Вебер, кој е суспендиран на 84 дена поради тоа што сакаше да "капари" 16-годишен фудбалер. Освен него казнети се и некогашниот фудбалер на Арсенал, а сегашен агент, Паоло Верназа како и Глен Твинебох и Дарен Луис.
ФА соопшти дека подолг период го следела работењето на четворицата фудбалски работници и се одлучила за суспензија поради низата нерегуларности кои ги забележала. | fineweb-2 |
Албанските власти ја поздравија заедничката платформа на албанските партии во Македонија, јавува дописничката на "Мета" од Тирана.
Шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати, оцени дека тоа е договор за посилна и подемократска Македонија, додека претседателот на албанскиот парламент, Илир Мета, смета дека договорот позитивно ќе влијае на меѓуетничките односи во земјата.
Албанскиот премиер Еди Рама во саботата, по објавувањето на платформата, изјави дека тоа е историски чекор.
"Историски чекор за изразување на волјата на Албанците во Македонија. За правата на Албанците, а не преговори за владини фотелји", напиша Рама на својата страница на "Фејсбук".
Лидерите на албанските политички партии од Македонија, по предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември минатата година, двапати беа на разговори со Рама во Тирана, а потоа и со косовскиот претседател Хашим Тачи. По средбите со Рама и со Тачи произлезе заедничката платформа на албанските партии во Македонија, која ќе биде основа за преговори за формирање нова влада. | fineweb-2 |
Subsets and Splits