text
stringlengths
205
626k
source
stringclasses
1 value
Две неповрзани дела со ист наслов, обете препорачливи. Ги поврзува и тоа што доаѓаат преку и од руски извори. Првото, кое ме потсети на второто, е видео клипче насловено "Трудно Быть Богом" кое веројатно не е направено таму. Второто е книгата "Тешко је бити бог" од браќата Аркадиј и Борис Стругацки, едни од најпознатите автори на научна фантастика од Русија, а богами и од целиот бивш Советски Сојуз, која како што може да видите, во Македонија влезе во времето на СФРЈ преку српски превод. Романот е дел од циклус во кој се раскажува за ситуација обратна од онаа во "Ѕвездени патеки" - земјата праќа "прогресори", луѓе кои се мешаат во внатрешните работи на други планети со цел да предизвикаат напредок. Се очекува да излезе и филм според книгата.
fineweb-2
За време на зимскиот период помалку се движиме и повеќе јадеме, па така нашиот имунитет станува слаб и помалку отпорен на надворешните фактори. Токму овој природен антибиотик може да ви помогне да си го заштитите организмот во ладниот период кој следува. Петте состојки кои ви се потребни со сигурност ги имате дома, а доколку ги немате нема да ве чинат повеќе од 30 денари. Потребни состојки: - 1 чешне лук - 2 лажици мед - 2 лажици свежо рендан ѓумбир - ½ лажиче мелени чили пиперки - ½ лажиче цимет - 100 мл свежо цеден сок од лимон Начин на подготовка: 1. Исцедете го лимонот и во него ставете го лукот, кој претходно ќе го згмечите, ѓумбирот, чилито и циметот. 2. Сите состојки убаво измешајте ги и на крај додадете го медот за да добиете погуста смеса. 3. Смесата префрлете ја во стаклен сад со капаче и добро затворете ја. Оставете ја на собна температура три часа и потоа чувајте ја во ладилник. Совет: Земајте едно лажиче дневно, најдобро наутро на празен стомак, за да го зајакнете имунитетот. Доколку сте настинати или болни, тогаш земајте по три лажички дневно.
fineweb-2
Да ја покажеме хуманата страна на моторџиите! Мото клубот "Guardian Angels MC" по втор пат ќе организира крводарителна акција која годинава ќе биде дополнете со донирање на стара облека за потребите на Црвениот Крст. Крводарителна акција и донирање на стара облека за потребите на Црвен Крст на РМ во организација на "Guardian Angels MC", а во соработка со Црвениот Крст. Акцијата ќе се одржи во двата града во кои клубот има свои членови. Во Скопје и Струмица на 23-ти Септември со почеток во 9 часот. Акцијата во Скопје ќе се одржи во просториите на Црвен Крст на град Скопје "Даре Џамбаз", а и во Струмица во истото време ќе започне акцијата во просториите на Црвениот Крст. НЕДЕЛА 23.09.2012 ЦЕЛОДНЕВНО ДРУЖЕЊЕ НА МОТОРЏИИТЕ ВО СТРУМИЦА - 10.00 до 13.00 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА Значи кој има желба и сака да даде крв нека повели се собираме на плоштадот Гоце Делчев па се упатуваме во завод за трансфузиологија каде ке се дарува крв. - 14.00 до 15.00 ЗАЕДНИЧКИ РУЧЕК Сите учесници кои ке ја поддржат оваа акција без разлика дали дарувале крв или не се добродојдени на заеднички ручек и убаво дружење. - 15.00 до 17.00 ЗАЕДНИЧКО ВОЗЕЊЕ ДО МАНАСТИРОТ ВО БАНСКО После ручекот се собираме на плоштадот и од таму се упатуваме кон манастирот во Банско каде ке бидеме почестени со кафе. - 20.00 до 01.00 МОТО ЗАБАВА У ПАБО Мото забава на која сите учесници кој биле на целодневното дружење ке добијат гратис пиво, добра музика и добра забава . ПОЗДРАВ И ВЕ ОЧЕКУВАМЕ GUARDIAN ANGELS MC MACEDONIA Надоврзано на крводарителната акција, сите хумани моторџии можат да донираат стара облека која треба да биде уредно исчистена. Во градовите по крајот од акцијата ќе следува и забава за дарителите, а за локациите дополнително ќе бидете известени. Во Скопје во тенискиот клуб Евросет (кој се наоѓа зад станицата за технички преглед на ПСС во Зајчев Рид) сите крводарители ќе бидат почестени со по една пијачка од клубот. Секој крводарител ќе добие и прешивка со димензии 6х3цм за на јакна со неговата крвна група. Би можело да ве интересира Новинарите од "MCN" пред неколку години предвидуваа дека Honda ќе направи V4 Супербајк кој ќе има големи сличности со MotoGP мотоциклот. Мислам дека оригиналната гласина започна со "V5 power plant" ако тоа ви дава некаква претстава за тоа колку долго се врти приказнава. Подгответе се за ова неверојатно видео кое сигурно ќе ве направи многу популарен меѓу колегите на работа. Подгответе се да изгубите неколку минути од вашиот живот кои никогаш повеќе нема да ги вратите назад. Новата мото сезона во САД започна во Флорида откако Harley Davidson ги повика возачите да присуствуваат на седумдесет и шестото издание на "Daytona Bike Week" кое ќе се оддржи во Флорида. Шефот на Movistar Yamaha, Масимо Мерегали смета дека тркачката симулација која ја имаше Вињалес ја потврдува неговата брзина; Валентино Роси е фокусиран на тестирање на голем број на сетапи Освојувачот на 13 титули во ТТ, Мајкл Данлоп, на трките во 2017 година ќе настапи на Suzuki. Тој ќе остане во Hawk Racing тимот и ќе вози под знамето на Bennetts Suzuki. Марко Меландри го подобри своето темпо на новите пневматици за време на тестот на Филип Ајленд. На крајот тој заврши со време кое беше послабо за само 0.030 секунди од времето кое го постигна Џонатан Реа.
fineweb-2
Најмалку 3 лица го загубија синоќа животот во самоубиствениот бомбашки напад во Тел Авив пред еден ноќен клуб. Одговорноста за нападот во кој повеќе од 40 луѓе се повредени ја презедоа двете палестински милитантни групи Хамас и Ал Акса бригадата, а доаѓа неколку часа откако палестинскиот парламент ја изгласа новата влада на премиерот Махмуд Абаз со што е отворен патот за мировниот процес на Блискиот Исток.
fineweb-2
Ирачкиот премиер Нури Ал Малики нареди да се изврши проверка на направите за детонирање на бомби, кои земјата ги купи од британска компанија. Британските власти вчера го забранија извозот на направите, по извештајот во медиумите дека тие не се ефективни. Во јуни една американска студија покажа дека направите се неефективни, но ирачките официјални лица сметат дека тие се покажале како корисни во спречувањето на нападите.
fineweb-2
Кошаркарската репрезентација на Македонија ја победи Германија со резултат 86:75, во второто коло од групата Е, на европското првенство што се одржува во Полска. Со овој резултат, ако во вторник македонската репрезентација ја победи Русија, шансите за пласман во четвртфиналето стануваат реалност. Избраниците на селекторот Јовица Арсиќ водеa во текот на целиот натпревар.
fineweb-2
Додека беше на власт милиони советски граѓани загинаа во затворските кампови и во кампањите за депортирање на етничките заедници. Сепак, Сталин останува една од најпопуларните руски историски личности, кој, како што се наведува, го поведе Советкиот Сојуз во големата победа против нацизмот во Втората светска војна. Овој триумф Сталин вака го објави на советското радио на 10 мај 1945 година: ,,Другари. Големата татковинска војна заврши со наша целосна победа. Периодот на војната во Европа заврши. Веќе почна период на мирен развој.,, Мислам дека не треба да се прави ништо на овој ден, бидејќи тоа не е посебен ден. Фактот што тој воопшто стана посебен ден во Русија е огромен проблем и прави хаос во главите на нашите луѓе и во општеството... Јосиф Џугашвили Сталин е роден на 21 декември пред 130 години во грузискиот град Гори. Комунистичката партија на Русија секоја година го одбележува со поставување венец на неговиот гроб во Кремљ и со многу маршеви во негова чест. Меѓу нив има и познати спортисти, како поранешниот светски шаховски шампион Aнатолиј Карпов. Комунистите веќе упатија апел за мораториум на критиките на контроверзниот лидер, за да им овозможи на луѓето да размислуваат за неговите достигнувања. Една неодамнешна анкета покажува дека повеќето Руси сметаат дека режимот на Сталин бил добар. Во минатата година тој го зазеде третото место во анкетата во која се избираше кој е најголемиот русин. Пред него беа војсководачот од 13 век Александар Невски и реформистот од почетокот на 20 век Петар Столипин. Политичкото воскресение на Сталин коинцидира со подемот на Владимир Путин во текот на изминатата деценија. Многумина критичари сметаат дека Кремљ намерно го фали Сталин за да го задоволи ентузијазмот на јавноста за нова генерација на силни руски лидери. Таквите трендови се длабоко вознемирувачки за активистите како Ирина Шербакова од организацијата за човекови права Меморијал која е формирана во чест на жртвите на сталинистичките репресии ,,Мислам дека не треба да се прави ништо на овој ден, бидејќи тоа не е посебен ден. Фактот што тој воопшто стана посебен ден во Русија е огромен проблем и прави хаос во главите на нашите луѓе и во општеството.,, Повеќе од 30 отсто од луѓето би сакале и денес да го видат Сталин како водач. Затоа пред извесно време многу изненади рускиот претседател Дмитриј Медведев кога отворено го критикуваше режимот на Сталин. Говорејќи на видео блог на Денот за сеќавањето на жртвите на политичките репресии, Медведев ги оцени чистките на Сталин за една од најголемите трагедии во историјата на Русија. Тој притоа изрази убедување дека не постои развој на една земја што може да се постигне на сметка на човечката мака и човечките страдања и жртви.
fineweb-2
Регулаторната комисија вчера одлучи бензините да поскапат за пет, а дизел горивото за три денари по литар. Како ваквата одлука може да влијае на останатите цени на производи? Објаснува Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори на Македонија: Енергијата е трошок за претпријатијата, таа е импут на влезната страна и ако се зголеми импутот се разбира дека ќе се зголеми и излезот. "Енергијата е трошок за претпријатијата, таа е импут на влезната страна и ако се зголеми импутот се разбира дека ќе се зголеми и излезот." Како причина за зголемувањето на цените од Регулаторната комисија го посочуваат враќањето во сила на надоместокот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати што се плаќаат при увоз или производство, како и акцизата кај одделни нафтени деривати кои претходно Владата пред избори ги укина, формално во функција на намалување на цената. Владата мора да биде внимателна со ваквите потези бидејки инфлацијата е многу чувствително прашање, вели Чекреџи: Ќе удри ли поскапувањето на нафтата врз цената на лебот. "Значи ова прашање е доста чувствително во моментов инфлацијата има надолна тенденција меѓутоа вие знаете дека енергенсите и храната доста значително влијаат, светските тенденции се за поскапување на овие две компоненти така што владата треба да биде внимателна, добро да пресмета, но значи може да интервенира со времена мерка и понатаму." Акцизите и другите надоместоци беа укинати пред избори, што создава сомнеж околу економската оправданост на мерката. Со вакви потези политичарите може да собираат поени пред денот на гласањето, смета политикологот Алберт Муслиу: "Се зависи од која перспектива гледате на работата. Значи од перспектива на политичарите е исплатлива интервенција затоа што кај нас има слаба политичка меморија кај граѓаните, политичката култура како транзициска земја не е многу развиена, така што било кој ефект кој би помогнал во процесот на изборите за политичарите е позитивен, можно е и овој чекор да даде потег за време на изборите." Треба да видиме во наредните денови како ова ќе влијае врз другите цени, дали ќе предизвика поголем ценовен шок. Зголемувањњето на цените секако е шок за граѓаните, вели Муслиу: "Треба да видиме во наредните денови како ова ќе влијае врз другите цени, дали ќе предизвика поголем ценовен шок." Во Македонија се случи спротивното од тоа што се очекува во светот. Аналитичарите очекуваат дека падот на цената на суровата нафта ќе ги поефтини горивата на бензиските станици, покрај тоа што пртедизвика потреси на берзите. По една година лоша среќа, потрошувачите ќе гледаат како драматично паѓаат цените на бензиските пумпи во следниве недели, изјави за "МаркетВоч" аналитичарот на "ПФГ Бест Рисрч" Фил Флин. Останува да се види дали воопшто ќе поефтинат бензините во Светот и земјава, и дали тој евентуален пад на цената на рафинираните производи ќе го ублажи шокот од враќањето на акцизата за бензините во Македонија.
fineweb-2
Премиерот Никола Груевски денеска изјави дека сторителот за убиството на Мартин Нешковски е најден и осуден и МВР направило се случајот што побрзо да се расчисти. Според него, сите обиди на лидерот на СДСМ, Зоран Заев со монтирани материјали да прикаже погрешна слика завршиле со неуспех. Груевски потенцира дека се гледало оти протестите што се одржаа вчера по прес-конференцијата на СДСМ, биле планирани, а не спонтани, истакнувајќи притоа дека дошле луѓе со однапред подготвени транспаренти. Според него, јасно е оти станувало збор за партиски членови и активисти на СДСМ кои се најчести сторители на кривични дела на други настани кои во секоја слична прилика се вклучуваат и прават насилство. За тоа што се случувало на протестите, како што наведува тој говори и фактот што биле повредени 38 полицајци.
fineweb-2
Опис Добредојдовте на Chatroulette ДОМ Pedrito Roulettechatting е најдобар Chatroulette ДОМ Pedrito алтернатива. Забавувајте се во разговор со луѓе од целиот свет. Слободен Chatroulette ДОМ Pedrito во кој можете да го направите следново работи - Разговарате бесплатно со сите видови на луѓе. За да го наведете, одете на "Settings". - Забава со луѓе од целиот свет. - Да разговарате со камера во "видео" на владата. - Запознајте вистинска љубов или најдобар пријател за сите живот на секој клик. - Анонимно разговарајте без микро и нема видео во "текст" на владата. - Најпознатиот светски разговор ќе ве натера да се забавуваш. - Шпион други видео разговор анонимно, ако се е дозволено. - Запознајте фантастични луѓе од целиот свет. - Ако не сакате да биде шпиониран промени тоа во "Settings". За да почнете притиснете го копчето "F2" или кликнете на "Start".
fineweb-2
Македонија и соседите да продолжат да трагаат по такво решение за тековните спорови, што е можно побргу, коментираше портпаролката на Стејт департментот. "Конкретно во однос на македонската ситуација, веруваме дека Македонија и нејзините соседи треба да продолжат да трагаат по достоинствено, практично и взаемно прифатливо решение за тековните спорови, што е можно побргу, за да се отворат тие врати", изјави портпаролката на Стејт департментот Викторија Нуланд на новинарско прашање за вчерашната одлука на Советот на министрите на ЕУ во која не беше прецизиран датум за почеток на преговорите за членство, како и за ставовите на Грција и Бугарија за прашањето. "САД посекако остануваат посветени да им помогнат на сите оние земји кои имаат европски аспирации, оние кои сакаат да се приклучат на НАТО, оние кои сакаат да се приклучат на ЕУ. Очигледно, ние не сме членки на ЕУ, така што останува на ЕУ да донесува одлуки за членството", рече Нуланд на редовниот прес-брифинг.
fineweb-2
Крвните групи се делат во четири групи: А, Б, АБ и О, како и два РХ фактори, позитивен и негативен. Крвна група А Носителите на оваа крвна група имаат поголем ризик за настанување на рак на желудникот. Жените од оваа крвна група можат да забременат и во подоцнежниот период од животот. Меѓутоа жените со крвна група А имаат поолем ризик од рак на желудник, а особено ако пушат и ако често пијат алкохол. Постои и поврзаност меѓу крвната група А и склоноста кон алкохол, но и опсесивно компулзивни пореметувања. Крвна група Б Носителите на оваа крвна група имаат поголем ризик за добивање рак на панкреас. Исто така луѓето од оваа крвна група имаат поголем ризик за проблеми со помнењето, па и настанување на сенилност и Алцхајмер во повозрасни години. Исто така се склони на настанување на чирови и разни воспаленија предизивкани од бактерии. Сепак, за нив не е се така црно, бидејќи генерално имаат брз метаболизам, лесно градат мускули и подобро реагираат на вежби. Крвна група О Луѓето со оваа крвна група имаат помал ризик да добијат срцев удар и рак на желудникот, меѓутоа имаат поголем ризик да добијат чир на желудникот предизвикан од Хелиобактери, а мажите од оваа крвна група се склони кон дебелеење. Жените од оваа крвна група за разлика од другите имаат пократка плодност. Добрата работа е што оние со О крвна група поприлично се отпорни на стрес по трауматични настани. Крвна група АБ Жените со оваа крвна група имаат поголем ризик за добивање рак на јајници, а трудниците имаат поголем ризик за зголемен крвен притисок за време на бременоста. Припадниците на оваа крвна група имаат поголем ризик за срцеви заболувања и инфаркт, но и проблеми со варењето. Студиите покажуваат дека се помалку отпорни на стрес. Меѓутоа тие се најмалку склони на проблеми со видот.
fineweb-2
Со парада на која ќе учествуваат ешалони од сите единици на Армијата на Република Македонија утре во касарната "Илинден" ќе биде одбележан 20 годишниот јубилеј на АРМ. На централната свеченост ќе бидат презентирани борбените средства, техниката и воздухопловите во формацискиот состав на АРМ, а ќе учествува и ешалон од Вооружените сили на САД.
fineweb-2
Меѓународно друштво за свесност за Кришна Меѓународното друштво за свесност за Кришна[1] (англ. International Society for Krishna Consciousness—ISKCON), исто така познато како движењето "Харе Кришна", е една од многуте гаудија-вајшнавски групи.[2] Друштвото е основано во 1965 година во градот Њујорк од страна на А. Ч. Бхактиведанта Свами Прабхупада.[3] Нивната основна философија се заснова врз традиционалните хиндуистички списи како Шримад Бхагаватам и Бхагавад-гита[4] кои, според традиционалното хиндуистичко гледиште, датираат од пред 5.000 години. Карактеристичниот изглед на движењето и неговата култура потекнува од гаудија-вајшнавската традиција на хиндуизмот. Движењето има следбеници во Индија уште од крајот на 15 век, а западњаци од почетокот на 1930-тите. Друштвото е основано со цел да се прошири праксата бхакти-јога (почитување на Бога), со којашто приврзаниците ги посветуваат своите мисли и активности кон задоволувањето на 'Севишниот Господ' (свајам-бхагаван), Кришна. Денес, друштвото брои повеќе од 500 храмови, заедници и училишта ширум светот. Шрила Прабхупада превел повеќе од 50 книги за свесноста за Кришна, кои денес се достапни на повеќе од 65 светски јазици. Содржина Философија и историја[уреди | уреди извор] Иако Кришна е опишуван како осмиот аватар на Вишну, некои хиндуси веруваат дека тој е аватарито, или изворот на сите други аватари.[5] На тој начин, приврзаниците на друштвото го почитуваат Кришна како врховна манифестација на Господ — свајам-бхагаван. Приврзаниците ја сметаат Радха за божествениот женски двојник на Кришна, овоплотување на љубовта. Членовите на "Меѓународното друштво за свесност на Кришна" ја следат древната ведска книжевност, особено "Бхагавад-гита" и "Шримад-Бхагаватам". Овие учења се стари повеќе од 5000 години и денес ги практикуваат околу 900 милиони луѓе ширум светот. Mантрата Харе Кришна е духовна звучна вибрација. Се смета дека ја прочистува свесноста и ја буди љубовта кон Бог. Пеењето на Харе Кришна мантрата - Харе Кришна Харе Кришна Кришна Кришна Харе Харе, Харе Рама Харе Рама Рама Рама Харе Харе - е препорачано во ведската книжевност како најлесниот метод за достигнување духовно спознание во денешно време. Кришна е санскритско име за Бог со значење "сепривлечен", a Рама е друго име на Бог кое значи "извор на сето задоволство". Харе се однесува на божествената енергија на Господ. Според тоа, Харе Кришна мантрата значи, "О сепривлечен Господе, о извору на сето задоволство, о Божја енергијо, ве молам вклучете ме во Вашата служба". Постојат два начини на пеење на оваа мантра: заедничко пеење (киртана) и засебно пеење на бројаница (џапа). He постојат никакви правила за пеење на оваа мантра и може да се пее во било кое време. Ведските списи го воспоставуваат ненасилството, наречено ахимса, како етичка основа на вегетаријанството и како предуслов за спокојно општество. Според ведите, бог е севишниот татко на сите суштества, a нe само на луѓето. Затоа, колењето на невините животни се смета за исто што и убивање на сопствените браќа или сестри. Посветениците на Кришна се лакто-вегетаријанци, т.е. не јадат месо, риба и јајца. Подготвуваат вегетаријанска храна и со посветеност му ја нудат на Господ (Кришна). Таа храна се нарекува прасадам (духовна храна) и се вели дека во неа може потполно да се ужива без страв од некаква кармичка последица. "Бхагавад-гита" за реинкарнацијата, вели: "Како што втеловената душа во ова тело минува од детство во младост и од младост во старост, на сличен начин пo смртта душата преминува во друго тело. Самоосознаената душа не е збунета од ваквата промена." Понатаму, ведите објаснуваат дека душата во материјалниот свет се сели во кругот на постојаното раѓање и умирање во еден од 8.400.000 видови на живот. Mеѓутоа, само човечкиот облик ја дава можноста за духовно осознавање. Ведите велат дека целта на животот е да се научи како правилно да се служи Бог, да се оживее љубовта за него и на крајот од животот душата да се врати во духовниот свет каде вечно ќе живее со бога. Во древната ведска култура човекот се облекувал во склад со неговата друштвена и духовна положба. Следејќи ја оваа традиција, жените кои живеат во храмовите носат сари, a мажите доти. Оженетите мажи носат бело, a неоженетите портокалово. Мажите кои живеат како монаси ги бричат своите глави, a одзади оставаат прамен коса наречен сикха. Ова се прави како знак на одвоеност и посветеност на Кришна, како и поради одржување чистота и едноставност. Сикхата е и знак на прифаќање на Бог како личност, a не како некоја безлична сила. Знакот од глина на челото означува дека телото е божји храм. Глината потекнува од светите реки во Индија. Харе Кришна во Р. Македонија[уреди | уреди извор] Друштвото е законски регистрирано и признато како религиозно малцинство во Република Македонија. Главниот центар се наоѓа на ул. 31 бр. 33, Нас. Волково, спроти спортско-рекреативен центар "Бранители",Скопје, со друг центар во Битола и симпатизери во сите делови на земјата. Белешки[уреди | уреди извор] Наводи[уреди | уреди извор] - Lynne Gibson (2002). Modern World Religions: Hinduism - Pupil Book Core (Modern World Religions). Oxford (England): Heinemann Educational Publishers. ISBN 0-435-33619-3. - Klostermaier, Klaus K. (2000), Hinduism: A Short History, Oxford: Oneworld Publications, ISBN 1-85168-213-9
fineweb-2
"Тегличките- раскажувачки" стимулираат литературно творештво Дидактичката стимулација е моќна метода која секогаш со успех го освојува интересот, вниманитето и концентрацијата на дечињата, со што дирекно го помага реализирањето на целите, независно од тоа за кој предмет или цел станува збор. Примената на оваа метода не е ограничена за мала возраст на ученици иако често се мисли дека намената е соодветна само за почетното одделение и предучилишната возраст. Напротив, сите деца без разлика на возраста подеднакво ја доживуваат како инспирација која им овозможува унапредување на идеите и вештините за ставање на креативноста во функција на учењето. Успехот на дидактичката поставка е уште поголем доколку во нејзината изработка ги вкучиме и самите дечиња за кои ќе биде наменета. Токму таков пример опишува активноста во прилог. Содржини и цели на активноста: Изработка на дидактички средства за креативна стимулација -"Теглички- раскажувачки" , украсени со ликови и предмети кои би сакале да ги искористиме како ликови и предмети при пишување приказни. Вежби, пишување авторски приказни со ракописна латиница. Време за реализација: Два часа слеан тек.(Едукаторот може да избере дали за таа цел ќе искористи два часа по македонски јазик или ќе направи спој 1+1 со часот по ликовно образование, согласно можностите кои произлегуваат од неговата програма за работа) Истата активност одговара за работа во рамки на дополнителна или додатна настава. Средства: -Неколку празни теглички за работа во групи(2 до 7 ученици) Во нашиот случај за работа во две групи потребни ни беа две празни теглички. Пластелин. Сечени лентички за пишување зборови. Слики за почетна демонстрација ЧЕКОРИ ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА 1. Започнуваме со ИГРАТА "Гледам цела приказна"- Учениците се делат во групи кои од сега ќе ни бидат спремни и за понатамошниот тек на активностите. Секојa група најпрвин добива по една слика("телевизор") Учениците имаат 3 минути да ја разгледаат сликата и да замислат брза приказна според она што можат да го видат. Едукаторот поттикнува со насоки: Што забележувате на слика, какво место, кој е таму, како се чувства ликот според изразот на лицето, каде би можел да оди, што би можеле да разговараат ликовите на сликата, каде биле претходно, каде следно би заминале, што следно би правеле... 2.Потоа следува брза презентација. Секоја група го покажува својот "телевизор" на останатите групи и се обидува да раскаже куса приказна при што сите членови на групата имаат право да помагаат па дури и да ни раскажат своја куса верзија, после излагањето на презентерот на групата. 3. Сега е време да ги замениме нашите "телевизори" со нешто ново и интересно, наменето за иста цел. Групите се ставени пред нов предизвик- ИЗРАБОТКА НА ТЕГЛИЧКИ СО НОВИ СЦЕНИ ЗА НОВИ ПРИКАЗНИ. Секоја група добива по една тегличка и пластелин за работа. Дечињата во секоја група имаат задача да се договорат околу темата на тегличката, ликовите и предметите со кои би сакале да ја украсат а воедно и да си ја поделат работата помеѓу себе. Тегличката може да содржи и додатни елементи кои би стоеле околу неа. Во нашиот случај, понесени од подготовките за Новата година и зимата, и двете групи подготвија зимски сцени. 4. Штом помине времето за украсување на тегличките, сите теглички(во нашиот случај двете теглички од двете групи) ги изложуваме на било каков поширок простор до кој понатаму децата би имале лесен пристап.(На неколку споени масички, на под, или на различни масички..соодветно за работа на децата во одделението, според нивниот број) Нашите зимски теглички ги поставивме на бели подлоги(снег од хартија) и дополнително ги збогативме со снег од брашно околу нив. 5.Сега дечињата ги делиме во нови мешани групи и секоја група започнува да работи со тегличката поставена во групата. Децата од секоја група имаат задача да запишуваат зборови или куси решеници(наслови) на посебни ливчиња кои се достапни на масата. Секој збор или реченица треба да произлезе од она што може да се види на тегличката но на дечињата им е дозволено да бидат креативни и да ја искористат и својата фантазија при запишувањето на зборовите или речениците. Пример-На тегличката стои црвено чорапче, децата можат да запишат- магичното црвено чорапче...Снешко-Снешкото со многу желби. Облак-Облачето кое криело интересна тајна...Едукаторот со еден пример ја објаснува оваа задача која понатаму секој ученик ја работи самостојно но секој сепак мора да соработува со останатите членови од групата за да нема повторување на записите и полесно да се оди кон стварање на целина од која понатаму може да се творат приказни. 6. После 5 минути следува ротација на групите. Овој пат децата прошетката во новата група ја прават со цел да ја разгледаат новата тегличка и да ги прочитаат запишаните реченици и зборови затоа што подоцна секој ученик ќе треба да си одлучи за која тегличка сака да напише приказна. Тие ротации за запознавање со идеите траат додека секој не се врати на почетното место 7. Сега е време за творење, пишување авторски приказни. Секој ученик треба да застане на масата со тегличка, зборови и реченици за кои се одлучил да пишува. Речениците и зборовите служат како почетни идеи кои треба да се вклопат во една приказна. Интересно е тоа што на ваков начин, за иста тегличка, исти зборови и реченици добиваме сосема различни продукти, нови авторски приказни од секое детенце. 8. На крајот активноста ја завршуваме со читање на приказните, поправка на правописни грешки, совети за подобрување на структурата на речениците(секаде каде има потреба) 8. Тегличките од утре ќе бидат "дом-збирка" за новите приказни. Денес секој автор има домашна задача- да направи корекција на своето дело, втора крајна верзија во која ќе ги примени советите за евентуалните пропусти или можеби и ќе ја збогати содржината со нови идеи. Обидете се и Вие, навистина е интересно. Дечињата со нетрпение ќе го очекуваат следниот миг кога на ваков или друг креативен начин ќе имаат прилика да творат користејки ја својата фантазија и стекнатите вештини за пишување. Вакви и слични активности можат да бидат забавна тема за организирање на работилници со родителите, другарчиња од повеќе одделенија или на ниво на целото училиште за време на обележување на пригодни настани, како на пример Денот на жената, Денот на пролетта...Или за почеток, најпрвин Вие украсете своја тегличка со која ќе ги поттикнете дечињата да пишуваат мотивирани од сцената претставена на неа..
fineweb-2
"24hoursofHappy" е музички и видео проект кој буквално има можност да ви покаже што е среќа во текот на 24 часа. Ова е првото 24-часовно музичко видео, а режирано е од страна на "We Are From L.A". Спотот содржи 360 секвенци снимени во Лос Анџелес и во него се појавуваат многу познати и непознати личности чие танцување има моќ да ве направи посреќни. Дополнително, можете да "шетате" низ 24-те часа среќа преку часовникот-мапа за да видите што повеќе различни луѓе кои го имаат изиграно својот среќен танц. Песната "Happy" е дел од саундтракот на филмот Despicable me 2. Гледајте го видеоспотот во 4-минутна верзија, а ако почувствувате дека станувате посреќни, задолжително продолжете да се полните со позитивна енергија на официјалниот сајт на проектот и слушајте ја песната, барем додека не ви се здосади.
fineweb-2
Обраќајќи им се на делегатите на последниот четврти денна републиканската конвенција во Кливленд, Охајо бизнисменот, милијардер и поранешна ѕвезда на телевиски риалити шоуа Доналд Трамп изјави дека Соединетите држави се соочуваат со момент на криза и вети дека неговиот план ќе ја стави Америка на прво место. "Се додека сме водени од политичари кои не ја ставаат на прво место Америка, се дотогаш можеме да бидеме сигурни дека другите земји нема да ја третираат Америка со почит", рече Трамп, политички аутсајдер кој никогаш немал некаква јавна функција и чиј подем го потресе американскиот политички систем. "Нашата конвенција се случува во момент на криза за нашиот народ. Нападите врз нашата полиција и тероризмот во нашите градови му се закануваат на нашиот начин на живот. Секој политичар кој не ја сфаќа оваа опасност не е способен да ја води нашата земја". Тој повика на итна суспензија на имиграцијата од секоја земја која, како што рече,е компромитирана со тероризам. "Секој кој поддржува насилство, омраза или угнетување не е добредојден во нашата земја и никогаш нема да биде ", изјави Трамп кој по една од најмаркантните претседателски кампањи во американската модерна историјауспеа да ја добие номинацијата од една од двете најголеми партии во таа земја и тоа постојано напаѓајќи дека американскиот политички систем бил наместен. За цело време тој е обвинуван и од политичките противници и од републиканците, за ксенофобија и расизам и за неговите контроверзни коментари за имигрантите и муслиманите. Сето тоа предизвика длабоки поделби во Републиканската партија кои еруптираа за време на конвенцијата. Единствениот елемент кој се чини дека целосно ги обедини сите различни фракции во партијата е нивната определба да се порази Хилари Клинтон, најверојатниот ривал на Трамп на изборите на 8 ноември. Токму таа беше главна цел на обвинувањата за време на неговиот говор во Кливленд. Според Трамп, политиката на Клинтон како државен секретар довела до подем на милитантите на ИД и до хаос во Либија, Египет и Сирија. Тој исто така го обвини претседателот Барак Обама за пораст на расните немири со реторика која според Трамп, била неодговорна. Говорот на Трамп на конвенцијата дојде еден ден откако изјави дека како претседател, тој автоматски нема да им помогне на балтичките земји во НАТО ако бидат нападнати од Русија. На тоа реагираше американскиот државен секретар Џон Кери кој им гарантира на сојузниците во НАТО дека Соединетите држави остануваат целосно посветени на нивната одбрана.
fineweb-2
Историја на Австрија |Дел од серијалот за Австрија Историја на Австрија |Античка историја| |Хабсбуршка империја| |Прва светска војна |Втора светска војна| |Модерна историја| |Портал:Австрија Содржина Праисторија[уреди | уреди извор] Подрачјето на денешна Австрија било населено уште од најстарите времиња во камената доба. Најпознатиот локалитет од тоа време е Вилендорфска Венера која била пронајдена во Вилендорф, Долна Австрија. Се проценува дека е стара околу 25.000 години. Покасно, преку народите од Балканот престигнале сточарството и металната обработка. Популацијата нараснувала сè повеќе и била создадена првата трајна населба. Најпознатиот праисториски град во денешна Австрија е Халштат, кој својот врв го достигнал во периодот од 750 п.н.е. до 400 п.н.е. Неговата култура, позната како Халштатска култура се развила преку Алпите и Динарските Планини од Швајцарија до јужните делови на Јадранскиот Полуостров. Од околу 4 век п.н.е. на овие простори се населиле Келтите. Римско време[уреди | уреди извор] Во периодот кога келтите под контрола на Рим се романизирале, на север се населиле германите, мешејќи се со староседелското население. Покрај реката Дунав изградиле тврдини, а една од нив на местото на старата келтска или илирска населба била изградена населбата Виндобона, која денеска е главната престолнина на Австрија, Виена. Среден век[уреди | уреди извор] Со постепеното слабеење на Римската имерија, Австрија била изложена на сè поголемите напади од страна на германските и други народи. Низ Австрија поминувале многу германски народи, оодејќи кон Италија. Во Австрија во западниот дел на земјата во денешен Ворарлберг се населиле Алеманите. Во околу 6 век се појавиле Баварците на запад и Словените и Аварите на исток. Корушка по ова станала една од првите држави на словените, но бргу била ставена по баварска власт, и голем дел од населението ја примила баварската култура. Во времето на Карл Велики, Корушка станала воена база за борбата против словените и аварите. Во 9 век подрачјето било населено со унгарци, французите се повлекле кон реката Енса. Во 10 век биле победени унгарците, и Австрија повторно била вклучена во составот на Баварија. Во 996 година за прв пат се споменува името Остарици, од кој доаѓа и германскиот назив за Österreich. Тоа бил почетокот на германската колонизација на источна Австрија. Хабсбуршка династија[уреди | уреди извор] Во 1278 година, кнежество Австрија било освоено од страна на Хабсбуршката династија. Во следните години, оваа династија станала една од најмоќните во Европа. Во 15 век, тие ја добиле Бургундија, Шпанија и Холандија. Во 1526 година ја наследиле Унгарија, Чешка, Моравија и Хрватска. Османлиската империја бргу напредувала, и веќе во 1529 година пристигнале пред портите на Виена. Во следните 150 години, овие две големи империи биле во постојан конфликт. Голем проблем на оваа империја претставувала религиозната основа на христијанството. Поголемиот дел од австрискиот народ биле протестанти. Царот насилно своето население го принудил да го прифати католизмот. Од 1618 до 1648 година се водела Триесетгодишната војна. Религиозниот воен конфликт набргу се проширил по цела Света Римска империја, а кога на страната на протестантите се приклучиле Франција и Шведска, се дошло до голем пораз на царската војска. Во 1683 година стигнала и втората опсада на Виена од османлиите. Османлиите биле поразени и принудени да се повлекуваат. По ова, Австрија ги освоила Унгарија и Славонија, како и голем дел од Србија. По победата над протестантите, голем број на верници биле прогонети од империјата. Тие се населиле во Прусија. Во 1867 година, крал Франц Џозеф го одобрил создавањето на двојната монархија Австро-Унгарија. Двата дела на таа монархија располагале со единствен парламент. Оваа монархија постоела до крајот на Првата светска војна. Прва Светска војна[уреди | уреди извор] Австро-Унгарија во време на Првата светска војна била на страната на Централните сили. Во текот на Првата Светска војна Австро-Унгарија ја имала една од најсилната пешадиска армија. Биле мобилизирани околу 9 000 000 војници. Австро-Унгарија во текот на војната била ставена во најлоша положба бидејќи истовремено требала да војна на 4 фронта - Јужен Балкански (Солунски), Романски, Источен (руски) и Италијански фронт. Во почетокот забележала големи успеси. Истовремено, со поразот во војната, Австро-Унгарија како еден од условите била со сила распарчена од страна на Антантата (ноември 1918 г.). Како главната причина се гледа во стравот на Антантата овие две земји многу брзо да закрепнат од војната, со кое повторно би се создала можеби и уште посилна земја од тогашната Австро-Унгарија. Втора светска војна[уреди | уреди извор] По војната, во 1955 година, Австрија прогласила независност. Најнова историја[уреди | уреди извор]
fineweb-2
Странџанската комуна[1] или Странџанската република е востаничка власт формирана во Одринско во текот на Илинденското востание од страна на Македонската револуционерна организација со учество на тамошното бугарско население. Востаничката комуна била објавена во летото1903 година, ја опфаќала територијата меѓу Мало Трново и Василико, востаничката власт егзистирала малку повеќе од 20 дена. Функционирањето и организацијата на Комуната биле под влијание на анархистичките идеи кои ги застапувале голем дел од раководителите на Одринскиот револуционерен округ, а особено Михаил Герџиков.
fineweb-2
Градоначалникот на Општина Куманово ја прими наградата што културно уметничкото друштво "Панче Пешев" ја доби за учество на фестивалот во Турција. Оваа награда културно уметничкото друштво ја доби неодамна и одлучи во знак на благодарност и како симбол за успех на градот на полето на културата и уметноста да ја врачи на градоначалникот. "Куманово по развојот на својата култура станува познат во Европа и пошироко. Оваа награда е само уште еден доказ за нашите културни достигнувања и поттик за уште поголем културен развој" – изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.
fineweb-2
Поканете ја празничната магија во домот! Ослободете ја креативната енергија која се крие во вас, дозволете да ве обземе новогодишната еуфорија и разубавете го вашиот дом со интересни украси кои можете да ги изработите сами. Венец од бастунчиња Снегулки од дрвени штипки Донесете снежен изглед во домот, претворајќи ги дрвените штипки за облека во декоративни блескави снегулки. Санката на Дедо Мраз со бастунчиња Празничните црвено-бели бастунчиња можат да послужат како основа за санка. Едноставно врз нив залепете големо чоколадо, а врз него наредете неколку помали слатки задоволства завиткани во хартија по избор. Во предниот дел поставете чоколадо во форма на Дедо Мраз. Празничен венец од салфетки Едноставно и евтино, а ефектно. Исечете подлога за венецот од картон. Салфетките исечете ги на мали квадратчиња. Премачкајте мал дел од венецот со лепило. Користете молив со гума за да ги оформите салфетките и да ги поставите на венецот како што е прикажано на фотографиите. Продолжете на друг дел од венецот. Украсете го со црвени топчиња и обесете го со декоративна лента. Ароматични украси од портокал За да направите гирланда, со калапи отсечете мали ѕвездички од кората на портокал. Направете мали дупки пред да ја оставите кората да се суши. Сушењето на ѕвездичките можете да го забрзате ако ги ставите во рерна на ниска температура. Оставете ги во рерната доволно време за да се стврднат, но не дозволувајте да се испечат и значително да си ја променат бојата. Нанижете ги ѕвездичките на конец или волница. Кората од портокал или мандарина многу лесно можете да ја претворите и во привлечни рози. Изрезбајте во портокал различни шари и збогатете го изгледот со каранфилчиња. Ѕвездени сламки Елка од конец Врз картонски конус ставете најлонска фолија и премачкајте ја со лепило. (Во зависност од лепилото, можно е да треба да го растворите со малку вода.) Намотајте го конецот (волницата) и повторно нанесете малку лепило. Оставете да се исуши преку ноќ. Извадете ја елката прво со најлонската фолија, а потоа внимателно отстранете ја фолијата. Многу е важно лепилото да биде целосно исушено. Декорирајте ја елката со мали снегулки. Елки со бел силикон Врз картонски конус дарежливо нанесете бел силикон. Со помош на пластичен нож размачкајте го рамномерно. Едната шарка можете да ја направите со пластична виљушка, додека другата, со пластична лажица. Геометриски снешко Направете си снешко од хартија кој можете да го поставите како лампион на вашата елка. - На бела хартија испечатете ги шаблоните за тело, глава, нос и шапка кои се приложени и исечете ги внимателно по надворешните линии (слика 1). - Со помош на игла или друг остар предмет поминете по испрекинатите линии и превиткајте (слики 2 и 3). - Искористете течно лепило за да ги споите (слики 4 и 5). Елка од салфета Развеселете ја празничната трпеза со салфети во форма на елка. Чаши како свеќник Шишарки како мини елки Испрскајте ги шишарките со спреј во зелена боја и оставете ги да се исушат. Врвовите обојте ги со бела боја. По желба можете да додадете светки кои ќе потсетуваат на снег. Искористете плутена тапа како држач. Замрзнати шишарки Премачкајте ги сувите шишарки со лепило и поросете крупна морска сол за "замрзнат" изглед.
fineweb-2
Раководството на Чешката државна телевизија (ЧТ) официјално ги повика шефот на државата Милош Земан и регионалниот гувернер Мирослав Новак да им се извинат за обвинувањата дека сакале да ја провоцираат чешката прва дама во јавноста, јави дописникот на МИА од Прага. Се работи за наводно подготвувана провокација од тимот на ЧТ кон Ивана Земанова, која требаше да присуствува на театарска престава во Острава, каде на зградата било обесено тибетско знаме со цел да се покаже незадоволство од политиката на Земан. Земан се труди да ги истакнува предностите на односот на државата со Кина и неколку недели во јавноста се зборуваше за неговиот притисок кон министерот за култура во врска со средба со тибетскиот водач Далај Лама при посетата на Чешка. Земан и Новак ги обвинија репортерите на ЧТ дека биле подготвени со микрофони да ја следат реакцијата на Земанова, која на крајот го откажа присуството. – Се работи за невидена дрскост од ЧТ. Однесувањето на телевизијата веќе ги надмина сите можни граници, коментираше за барањето за извинување портпаролот на претседателот, Јиржи Овчачек. Моравско-шлезискиот гувернер рече дека ќе почека на полицискиот извештај во врска со случајот.
fineweb-2
Реформите во пензискиот систем наместо од почетокот на годинава ќе стартуваат од 1 јануари 2005 година, односно периодот кога ќе се започне со издавање на првата континуирана емисија на државни долгорочни обврзници. Лицата кој за првпат ќе стапат во работен однос задолжително ќе се вклучат во новиот систем , додека пак веќе вработените тоа право ќе можат да го остварат по сопствен избор . советотот на правните експерти е лицата со работен стаж над 20 години да не вршат промена на пензискиот фонд односно своите срдтва и понатаму да ги уплаќаат во државниот пензиски фонд. "Средствата коишто од пензиските фондови ќе ги инвестираат друштвата нема да се наоѓаат кај нив, тоа е основната заштита и тоа овозможува граѓаните да се чувствуваат посигурно, дека тие пари што ќе бидат инвестирани од некого нема да ги чува физички, туку ќе бидат чувани кај чуварот на имот, ние така ја нарекуваме оваа институција," вели Зорица Апостоловска директор на агенцијата за супервизија на пензиски фондови. Причина за Пролонгирањето на првичниот рок предвиден со законот од април минатата година е дозаокружувањето на институционалните претпоставки за ефикасно и сигурно фукционирање на првите два столба, задолжителниот државен и задолжителниот приватен пензиски фонд: "Во делот на инвестирањето точно се определува во кои инструменти смее, значи целта е да биде се во посигурни инструменти, во државни обврзници во земјата, но и за инвестирањето во странство, точно се прецизирало што треба да се инвестира." Според новиот пензиски систем по пат на меѓународен тендер ќе се избират две акционерски друштва кои во првите десет години од функционирањето е планирано да ги инвестираат средствата: "Не лимитираме на домашни или странски компании, туку кој ќе ги исполни тие услови, затоа што се работи за задолжително пензиско осигурување. Значи, многу важен услов е дека мора да се има најмалку 20 милиони евра капирал, мора да се има искуство во оваа област, а доколку се работи за понудувач од странство, тој ќе мора да обезбеди и рејтинг од високо реномирани агенции." Од постојните 20% кои се издвојуваат од бруто платата за фондот за пиом , предвидено е 13 да се уплаќаат во првиот задолжителен државен столб, додека останатите 7% во вториот задолжителен приватен фонд. Третиот доброволен приватен пензиски фонд, во кои граѓаните во зависност од оценката можат слободно и неограничено да ги лоцираат своите средства дава можност за остварување повисока пензија , односно пензиско инвалидско осигурување. Заживувањето на овие фондови е тесно врзано за зголемувањето на палетата државни обврзници , бројот на бонитетните компании како и ликвидноста на долгорочните хартии од вредност.
fineweb-2
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Александар Костоски со тимот на Питешти новата година ја отвори со пораз, што беше воедно и прв загубен натпревар за нашиот интернационалец во новиот клуб. Вечерва пред своја публика Питешти немаше сили за изненадување против актуелниот лидер на табелата Клуж, кој славеше со резултат од 82-88. Костоски повторно одигра одличен натпревар и со ефект од 21 поен (5/7 за тројка, 3/5 за два поени) и 4 асистенции беше најефикасен и најпозитивен во тимот на Питешти.
fineweb-2
Судот во Бангкок го одложи за еден месец изрекувањето на пресудата за администраторка на една интернет страница, која е обвинета за навреда на монархијата. Обвинетата Чирануч Премчаипорн се соочува со затворска казна од 20 години затоа што не реагирала веднаш да ги отстрани коментарите на читатели кои ја навредувале монархијата на интернет страницата на тајландскиот весник Прачатаи. Хјуман рајтс воч минатата недела оцени дека случајот "испраќа застрашувачка порака до администраторите и интернет компаниите".
fineweb-2
Како да изберете менаџмент тим? Костарика's Call Center само ќе сметаат за еден тим менаџер од силни препораки или промовирани во рамките на нашиот повик од центри по вонредна изведба како агент. Возраста или полот нема да ги одврати промоција. Ние сме заинтересирани за оние кои се прикажани на компанијата лојалност, целосно разбирање на параметрите на доделените работата, важноста на сигурна и посетеност се точни. Лидерите кои имаат до отчетност ќе го надгледува вашето аутсорсинг кампања, период. Нашите менаџери имаат за цел да се зголеми самодовербата и придонесе за агенти за професионален развој. Тие се очекува да се намалат причините за Burnout и елиминирање attrition за време на кампањата од страна на сите искрено се слуша агенти со отворен ум. Стрес работи во некој чуден начин да ги мотивира, како обратен психологија. Ние сме свесни дека катастрофа е предизвик и треба да се ракува со благодат и стил. Секој Костарика's Call Центар агент признава дека нашиот центар за повици навистина се грижи за нив, кој ја зајакнува нивната лојалност и посветеност кон својата кампања.
fineweb-2
Ниту денеска нема да бидат објавени имињата на кандидатите кои треба да го започнат курсот за административци, иако на 1 ноември веќе требаше да стартува тренинг програмата за 500 административци Албанци и 100 кандидати од другите заедници кои што живеат во земјава. Вице премиерот Муса Џафери вели ние досега не сме поставуале рокови. "Ние не сме поставувале рокови и не ги одложуваме. Јавноста и медиумите сами ги поставуваат роковите и потоа нив ги сметат како наши рокови," изјави Муса Џафери кој сепак повторно сам си постави рок Не набргу туку во текот на неделата сите имиња на кандидатите ќе бидат јавно обавени. Како проблеми за доцнењето вицепремиерот Џафери ги посочува: "Тоа се објектите каде ќе се овива курсот, педагозите како и учебниците, проблемот не само во селкционирањето на листата на кандидатите," изјави Муса џафери. Додека од Европската агенција за реконструкција која го финансираа проектот за обука на новите административци без коментар зошто доцни почетокот на курсот за новите 600 административици. Оттаму со најава дека тоа наскоро ќе се случи. Опозиционата ДПА пак, обвинува дека селекионирањето на кандидатите се врши по партиска линија: "Факт е дека сите тие документи се разгледуваат многу прецизно, не случајно да помине некој симпатизер или член од другите политички партии. Поради ова има голем револт кај самите тие што конкурирале на конкурсот и мислам дека ова е чиста манипулација со младите луѓе кои имаат надеж да се вработат. изјави Иљаз Халими. Потпретседателот на Владата Муса Џафери на ова со одговор: "Сите листи се под надзор на европската агенција за реконструција и нема простор за нивна злоупотреба. Агенцијата за реконструкција писмено ќе ги информира кандидатите кои се примени но и тие кои се одбиени така што целата поцедура ќе биде транспарента," најави вице премиерот Муса Џафери.
fineweb-2
Во изминативе шест месеци во Босна и Херцеговина нема политички напредок, предупреди високиот претставник Валентин Инцко на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации. Според него, запалливата реторика што ја користат претставници на Република Српска и на Федерацијата Босна и Херцеговина и избегнувањето на политичкиот дијалог ја блокираат земјата на нејзиниот пат кон евроатлантските интеграции. ,,Јасно е во актуелната политичка ситуација дека се уште не ја постигнавме нашата цел. Уверен сум дека можеме да успееме само доколку се случат промени и политиката почне да се води низ дијалог и компромис.,, Оцени Инцко. Неговиот оптимизам се потпира врз најавата дека оваа недела е можно по повеќе од една година да дојде до договор за формирање на нов Совет на министри, односно нова државна влада. Не е ново што нашите политичари не работат, бидејќи не се согласуваат нивните концепти. Поспорно од тоа е што меѓународната заедница која дојде тука и без која ништо не може да се направи, не работи доволно. Дека ваков договор е потребен им е јасно на сите, вели аналитичарот Есад Бајтал, додавајќи дека не е јасно зошто меѓународната заедница, па и самиот висок претставник го толерираат ваквото однесување на политичарите. ,,Не е ново што нашите политичари не работат, бидејќи не се согласуваат нивните концепти. Поспорно од тоа е што меѓународната заедница која дојде тука и без која ништо не може да се направи, не работи доволно.,, Во извештајот на Инцко се наведува дека некои политичари во Република Српска настојуваат да ги доведат под прашалник државните институции, како и авторитетот на вискиот претставник, што е во спротивност со Дејтонскиот договор. Од друга страна, Инцко оценува дека и претставниците на Хрватската демократска заедница не се откажуваат од намерите за трет ентитет со што го оспоруваат легитимитетот на федералната влада. ,,Босна и Херцеговина страда од неколку паралелни кризи. Корупција и централизирана власт во Република Српска и радикална реторика која доаѓа од таму и која ги радикализира бошњаците. Втор проблем е Федерацијата која ни административно ни финансиски не е одржлива. Тука е и проблемот со дистриктот Брчко. Неопоходно е политичките лидери што поскоро да седнат и да се договорат за клучните прашања.,, Вели аналитичарот во Меѓународната кризна група Среќко Латал, додавајќи дека еден од главните проблеми во Босна и Херцеговина е тоа што политичарите се обидуваат вината да ја префрлаат едни врз други со што се губи суштината на она што навистина го попречува напредокот во таа земја.
fineweb-2
Македонија загуби од Англија на Градски во Скопје. Поразот боли бидејќи не е заслужен и боли фактот што е прекината нашата серија од 3 победи по ред. Ме немаше на блог подолго време - годишен одмор и обврски на работа, па сега ќе се обидам да го надополнам она кое го пропуштив. Најпрвин, она најактуелното - Македонија против Англија. Загубивме од една од најголемите фудбалски сили на планетава и тоа не е срамота. Никогаш не ми е жал за порази на нашиот национален тим од репрезентации кои ќе не надиграат и ќе си ја заслужат победата. Англија не ја заслужи победата на Градски. Многумина ќе речат "Тоа е голем тим, победува и кога не игра добро", но не се согласувам со таквата теза. Англија победи бидејќи ние и дозволивме, бидејќи ние направивме грешка. Позитивно Она што можеме да го извлечеме како позитивно од овој натпревар е играта на нашата репрезентација. Очигледен е печатот на селекторот врз нашата поставеност, организираност и подготвеност за надигрување на теренот. Англија не успеа да направи ниту една шанса од игра на Градски. Еден удар со глава на Крауч и ударот со "ножички" на Дефо беа единствените две шанси кои беа создадени по долгите нафрлања од аут на Невил. Двете шанси од игра дојдоа по наши грешки. Погрешно расчистување во првото полувреме и Лампард се најде сам на 15-тина метри од нашиот гол. Николовски одбрани. Второто лошо расчистување на нашата одбрана (Петров) значеше нафрлена топка во пеналтикот и гол за водство и победа на Англија. Англија победи за милиметар, без да ја затресе нашата мрежа. Негативно Ноншалантноста, неангажираноста и недоволната храброст на некои наши фудбалери во одредени периоди од натпреварот. Мазнов беше тотално затворен и ниту еднаш не се "спои" со топката. Шумоликовски и Јанчевски беа одлични во дефанзивниот дел од задачите но потфрлија кога мораа да повлечат напред и похрабро да тргнат кон голот на Робинсон. Селекторот Катанец тотално ја затвори играта на Англија. Одличната тактичка поставеност ги неутрализираше Џерард и Лампард, Даунинг со својата игра ги оправда критиките на новинарите кон Мекларен (доби критики бидеќи го форсира Даунинг кој не би требало да игра). Нашата одбрана бранеше простор што се покажа како квалитетно решение. Немаше "фластер" за Крауч или Дефо а Седло, Новевски и Митревски наизменично добро ги чуваа. Противниците Англија со својата игра воопшто не го оправда епитетот "светска велесила". Гледајќи ги како се бранат во својот шеснаесетник во голем дел од натпреварот, исфрлајќи ги топките далеку во трибините и задржувајќи го времето при секое изведување на аут, корнер или слободен удар доволно говори за нивната немоќ да ја одиграат својата игра против Македонија. Стив Мекларен на прес-конференцијата по натпреварот се обиде да ги оправда своите репрезентативци фалејќи ја играта на нашите и обвинувајќи го судијата за некои одлуки. Во тој момент се изнервирав и морав да му го спомнам пеналот. Мекларен како одговор на моето прашање само промрморе дека не ја видел таа ситуација во нивниот шеснаесетник. На ова, еден новинар од Англија му дофрли: "You only see what you want to see Steve. Where was Lampard, Gerard?". На Мекларен му беше јасно дека играта на неговите беше еднаква на пораз. Надвор од MKD-ENG Имаме секаква причина да бидеме задоволни од нашата репрезентација. Како никогаш досега наредивме победи во низа, стартувавме во квалификациите со задолжителната победа над Естонија на гости а загубивме од Англија што и не е трагедија. Како што кажа Катанец - сите натпревари вредат по 3 бода, ние до крајот имаме уште 10 натпревари од кои ќе се обидеме да извлечеме што повеќе бодови. Англија и не е противникот од кој можеме да се надеваме на бодови. Репрезентацијата е организирана. Костурот на тимот е ист во последните неколку натпревари. Фудбалерите чувствуваат самодоверба и се свесни дека имаат квалитет за нешто повеќе од резултатите кои ги остварувавме во минатото. Самиот пристап на нашите кон овој натпревар ме воодушеви. Никој не се возбудуваше премногу туку сите гледаа на него како еден обичен квалификациски дуел. Уште еднаш ќе ги измериме силите со Англија во Манчестер а потоа следува она клучното: натпреварите со Андора (гости) и Русија (дома). Ако успееме да ги освоиме максималните 6 бода од овие два натпревари, ќе го имаме идеалниот старт на квалификациите. Ваш коментар?
fineweb-2
- четврток, 12 јануари 2017 07:46 Брисел, 12 јануари 2017 (МИА) - Белгиската полиција синоќа во бриселското предградие Лакен уапси две лица под сомнеж дека се поврзани со терориситчките напади во Париз во ноември 2015 година. Според електронското издание на весникот "Дерниер Јор", полицијата привела маж и жена, кои покрај за врски со нападите во Париз, се осомничени и дека им пружиле логистичка поддршка на браќата Бакрави, кои се разнесоа на аеродромот и на една метро станица во Брисел во март минатата година. - Жената со иницијали М.Б. и нејзиниот пријател Фарад К. одржувале врски со некои терористи во времето кога по нив се трагаше од двете страни на (белгиско-француската) граница, во периодот меѓу нападите во Париз и Брисел, наведува весникот. За време на акцијата за проведување на двајцата осомничени, белгиските полицајци биле придружувани од припадници на француската полиција и судијка од Париз. При нападите во Париз на 13 ноември 2015 година беа убиени 130 лица, а во Брисел - 32. Истрагата покажа дека двата напади биле извршени од членови на една иста исламистичка група, која десјствува на териториите на Франција и Белгија. сп/07:45 ### Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција. Мозаик Тикер - 20:03 | Груевски: Ќе го поддржиме СДСМ доколку се откаже од Законот за јазиците Ќе поддржиме малцинска влада, доколку СДСМ се откаже од Законот за јазици, платформата и редефинирањ... - 19:51 | САД ја повикаа Русија да го почитува договорот од Минск Вашингтон, 26 февруари 2017 (МИА) - САД го осудија вчерашниот напад врз припадниците на Организација... - 19:51 | Груевски: Кога државата е нападната, само народот може да ја одбрани Кога државата е нападната, само народот може да ја одбрани. Не можат само политичарите, особено кога... - 18:43 | Автобуси со приврзаници на францускиот Национален фронт беа нападнати од противници на Марин Ле Пен Париз, 26 февруари 2017 (МИА) - Противници на францускиот крајнодесничарски Национален фронт (ФН) на... - 18:41 | Почина странски скијач на Церипашина на Попова Шапка Германскиот државјанин Ц.К.Х.(61) починал во засега неутврдени околности додека со група скијачи де...
fineweb-2
Жупанискиот суд во Загреб донесе одлука на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер да му дозволи да се брани од слобода, доколку плати кауција од 12,4 милиони куни(околу 1,6 милиони евра). Портпаролот на Судот соопшти дека Санадер ќе може да го напушти затворот "Реметинец", каде што се наоѓа во притвор, најрано во текот на утрешниот ден. Против Санадер, кој беше хрватски премиер од 2004 до 2009 година, се води судски процес по две обвиненија за корупција - за земање провизија од 483.000 евра од австриската "Хипо Банка" за подигање кредит од страна на државата и за примање 10 милиони евра мито од унгарската петрохемиска групација МОЛ за преземање на контролниот пакет акции во хрватската нафтена компанија ИНА.
fineweb-2
Тврдината во Барби била првпат спомената во 961 во декрет на гермаскиот крал Отон I. Од 12 век, областа на грофството Барби била наследена од соседниот Арнштајн, кој доби царска непосредност во 1497. По исчезнувањето на династијата во 1659, грофството Барби припаднало на војводството Саксо-Вајсенфелс, управуван од млада гранка од електорската саксонска династија Ветин. Кога војводата Георг Албрехт фон Саксо-Вајсенфелс умрел во 1739, Барби припаднал на Електорат Саксонија.
fineweb-2
Чез Дејвис ја оствари својата трета, двојна победа оваа сезона и успеа да ја искористи борбата меѓу возачите на Kawasaki. Џонатан Реа успеа да се одбрани од нападите на Том Сајкс и се доближи до освојување на титулата за сезоната 2016. Возачот на Aruba.it Racing Ducati успеа да ја оствари својата седма победа оваа сезона и покрај одличниот старт што го имаше возачот на Kawasaki, Том Сајкс. Возачот од Јоркшир успеа да постигне и нов рекорд на патеката во Франција (1м 37.864с), но сепак не можеше да се одвои од тимскиот колега Реа и од Дејвис во почетните кругови. На петиот свиок, Реа се обиде да го претекне од внатре, но бидејќи премногу доцна ги притисна сопирачките, тој го истурка Сајкс надвор од линијата. Ова му остави можност на Дејвис да ги претекне обајцата и да избие на првото место. Велшкиот возач успеа да ги одбие нападите на Реа и на крајот заврши со предност од две секунди. Со освоеното второ место, Реа ја зголеми предноста во шампионатот на 48 поени. Том Сајкс заврши како трето пласиран. Леон Камиер уште еднаш имаше добра трка на својот MV Agusta и го освои четвртото место, а возачот на Honda, Михаел ван дер Марк, заврши како петти. Лоренцо Савадори продолжува да импресионира на IodaRacing Aprilia. На крајот на трката тој го освои шестото место . На седмото место се најде Жорди Торес кој во интересна битка успеа да го победи Силвиан Џинтоли. Ники Хејдн, кој мораше да се повлече во првата трка, на крајот на викендот се најде на деветото место а возачот на Barni Ducati, Чави Форес, беше десетти. Возачот на Milwaukee BMW, Џош Брукс, беше единаесетти а Маркус Рајтенбергер, Роман Рамос, Алекс де Анџелис и Метју Лагриве ги освоија останатите места кои носат поени. Би можело да ве интересира Минатиот пат кога пишувавме за "Rain Pal" тоа беше само еден проект на кој му требаа финансии. Ако мислевте дека нема да успее и несакавте залудно да си ги потрошите парите сега ќе можете да си купите една ваква кацига бидејќи компанијата започна со сериско производство. Марк Маркез вели дека повредата која ја претрпе на приватниот тест во Херез не е сериозна. Тој уште еднаш го повреди рамото, нешто што досега неколкупати му се има случено во текот на кариерата. Џонатан Реа на најдобар можен начин ја започна одбраната на титулата откако забележа победа на првата трка во сезоната на патеката Филип Ајленд. Новинарите од "MCN" пред неколку години предвидуваа дека Honda ќе направи V4 Супербајк кој ќе има големи сличности со MotoGP мотоциклот. Мислам дека оригиналната гласина започна со "V5 power plant" ако тоа ви дава некаква претстава за тоа колку долго се врти приказнава.
fineweb-2
Основата на овој вкусен џем од круши е овошна, а зачините кои се додаваат во неговиот состав му даваат посебна арома. Не е како сите што сме ги јаделе, баш затоа вреди да се проба! Според некои записи култивацијата на крушата датира од периодот пред 3000 години, а постојат претпоставки дека ова овошје луѓето го уживале уште во камено време. Историјата на крушата е долга и многу почитувана. Сочните, слатки и вкусни плодови на крушите, Хомер во Одисеја ги нарекувал "дар од боговите", а Луј XIV ги сметал за симбол на луксуз. Постојат околу илјада сорти на круши кои се разликуваат по бојата, формата, големината, вкусот и должината на чување. Своето место помеѓу намирниците го добила поради повеќе заслуги. Крушата се смета за супер храна со изразени лековити својства за организмот, а повеќе за тоа може да прочитате тука. Често знаеме да употребиме круши во корист на убавината, а една таква природна маска за лице која ќе ја освежи и нахрани вашата кожа, може да прочитате ако кликнете тука. Состојки: Подготовка: - Лимонот измијте го и сцедете го. - Крушите измијте ги , излупете ги и исчистете ги од семките, а потоа ситно исечкајте ги и веднаш измешајте ги со сокот од лимон. Потоа сомелете ги или измиксајте ги да се претворат во хомогена смеса. - Ѓ умбирот измијте го и исчистете го . Изрендајте го на ситни парченца, па додајте го кон пирето од круши. - Додајте го шеќерот, како и стапчињата цимет и смесата турете ја во повисоко тенџере за да се вари. - Варете со постојано мешање, додека се појави пена на површина. - Отстранете ја пената и извадете го циметот. - Готовиот џем од круши турете го во чисти и стеризилирани тегли, кои сеуште се топли. Затворете ги херметички и оставете ги да стојат наопаку (капакот да лежи на основата) околу 15 минути. Џемот чувајте го на ладно и темно место. Ви препорачуваме да прочитате: Домашен компот од круши.
fineweb-2
Затегнатото лице до пукање и здрвената насмевка ги запрепастиле присутните на еден хуманитарен настан во Лос Анџелес. Славната актерка Памела Андерсон му подлегнала на трендот на пластични операции и очигледно претерала во тоа. Славната русокоса минатиот викенд се појавила на еден хуманитарен настан во Лос Анџелес и ги запрепастила присутните со својот изглед. Иако отсекогаш важеше за една од најубавите жени во светот, нејзиното лице денес изгледа целосно изобличено. Затегнатото лице и замрзнатата насмевка ги шокирале присутните на настанот. Актерката никогаш не ја криеше својата наклонетост кон пластичната хирургија, но пред неколку години изјави дека сите корекции кои ги сакала веќе ги направила и дека повеќе нема да оди под нож. Она што веќе го направив на себе ќе остане тука засекогаш, но не сакам ништо дополнително да правам. Понекогаш ќе направам чистење на лицето или сличен третман, но сигурно нема повторно да одам под нож", изјави своевремено зајачицата на Плејбој. Меѓутоа, судејќи по најновите фотографии, Памела го погазила своето ветување.
fineweb-2
Рускиот претседател Владимир Путин веќе со години е на врвот на листата на најмоќните светски лидери. Колку и да го следи репутација на ладнокрвен лидер, неколкуте видеa подолу покажуваат дека и тој е само обичен човек кој може да биде изненаден и емотивно да изреагира во одредени ситуации. Поради очекуваниот огромен интерес за доаѓањето на Масимо Савиќ во Скопје, чии два концерти се распродадени, Авалон Продукција се одлучи за трет и последен концерт, кој Масимо ќе го одржи во недела на 19 февруари во МОБ. Хрватската музичка ѕвезда Тони Цетински и црногорскиот шармер Владо Георгиев за првпат во кариерата ќе ги здружат силите и талентот на заеднички концерт што ќе се одржи во сабота во Скопје под генерално покровителство на компанијата "Пелистерка". Странското секогаш е подобро, послатко, поубаво, а кај нас нема работа, кине "беспарица", и сите фаци само "странско" пуштаат... Сценарио од филм или македонска реалност? По завршувањето на првата сезона на Кастинг Талент Шоу Рускиот модел Викторија Одинтсова (22) направи несекојдневна фото сесија висејќи од облакодер во Дубаи, а при тоа не користеше никаква заштита. Најжешката глобална ѕвезда во моментов, Martin Garrix, за прв пат како no.1 world dj доаѓа во регионов и тоа како хедлајнер на фестивалот "Skopje calling 2017". - После феноменалниот почеток на Skopje Calling, лани, со настапите на хитмејкерите David Guetta, Robin Schulz и Kungs Докторот Емил Угриновски познат бизнисмен и урбан лик го прослави својот роденден на високо ниво како и секоја година. Сопственикот на Неуромедика во саботата, во еден елитен хотел во центарот на Скопје го прослави роденденот со 350 гости Една година по одлуката да ги повлече женските акти од своите страници, најпознатото машко списание во светот "Плејбој" повторно се враќа на својот препознатлив стил. Ова го навести синот на Хју Хефнер - Купер Хефнер (25), кој е сегашен уметнички директор на списанието. Легендарниот босански актер Бранко Ѓуриќ – Ѓуро, ќе гостува со "Ѓурологија" која во моментов е најгледана претстава на подрачјето на поранешна Југославија.
fineweb-2
Ако сте во потрага по добар коректор за вашиот несесер, тогаш овој текст би можел да ви послужи како добар водич за шопинг. Radiant, High Coverage Creamy Concealer >> Не знаеме за вас, но ние веќе некое време не си купуваме козметички производ без да прочитаме рецензија за исиот од потрошувачите. И тоа секако дека ни дава доволно информации за самите производи, односно ни ја откриваат насоката во која треба да се движиме кога одиме во шопинг и кога бараме одреден производ. Секако, понекогаш се случува критиките да се дискутабилни, односно една половина да се задоволни од некој производ, додека друга не, но во таквите ситуации им се припуштаме на интуицијата или едноставно малку подобро го проучуваме составот на производот пред да одлучиме да го купиме. Коректор - Μatt Concealer Extra Coverage >> Но од друга страна постојат и такви производи кои добиваат само позитивни критики од потрошувачите. Па така ако деновиве барате коректор кој не е прескап, и кој покрај добрата цена има и висок квалитет, тогаш сигурно ќе ви помогне оваа листа со неколку коректори за кои досега сме прочитале само позитивни мислења. Меѓу нив секако се и нашите омилени – течниот коректор од Seventeen, Μatt Concealer Extra Coverage, како и кремастиот коректор за висока покриеност High Coverage Creamy Concealer од Radiant Professional Makeup. Maybelline Age Rewind Revlon, PhotoReady L'Oréal Paris True Match
fineweb-2
Бадник или Коледе е денот пред роденденот на Исус Христос, односно денот пред Божиќ, според христијанската традиција. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бандик се прославува на 6 јануари секоја година, а Божиќ на 7 јануари. Во оновата на празникот е радоста на Христијаните пред големиот ден – Христовото раѓање, денот кога завршуваат и Божиќните пости. Според традицијата, Бадник се прославува кај сите христијани, само што црквите кои се раководат според Грегоријанскиот календар, бадник го прославуваат на 24 декември. Според традицијата, во Македонија за Бадник целото семјството се собира за вечера. Се подготвува богата, но посна трпеза: питулици, арма, грав компири,зелник, овошје и друго, со што треба да се обезбеди богат род на земјоделските култури за наредната година. Според обичајот, по вечерата софрата не треба да е крева, туку заедно со храната треба да остане цела ноќ, што е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани, додека во некои места се верува дека тогаш доаѓаат и духовите на мртвите. На Бадник поред традицијата во секое семејство се меси погача во која се става железна паричка. Вечерта, кога сите ќе седнат на вечера, домаќинот, откако ќе се прекрсти и ќе ја благослави трпезата, ја крши погачата на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи по еден дел за Бог и за куќата. Кај оној што ќе се падне паричката се верува дека ќе биде најсреќниот во годината што претстои. Рано изутрина на Бадник, децата пеат и одат по куќите каде што добиваат подароци како што се пари, ореви, костени, јаболка, портокали и др. Една од најпеаните песни што и сега се пее во овие случаи "Коледе леде" ја среќаваме и во запис на Г. Бојаџиев, обjaвена во 1893: " Коледе, леде! паднало греде, утепало деде. Дедо се мачи, баба го квачи, со четири јајца гускини, паткини, шаткини! О. О. коледе! " Од друга страна, МПЦ гозбите и пиењето околу коледарските огнови ги смета за пагански обичаи кои се во целосна несогласност со црковното предание и со божикниот пост. Кликни тука и види ги и другите коледарски песни. Етимологија Бадников оган by MLazarevski, on Flickr Зборот Бадник веројадно доаѓа од старословенски - да бидеш буден. Таа ноќ, како што запишал Шапкарев, "сите домашни луѓе не заспиваат туку преноќеваат будни, та од тоа се гледа дека таа ноќ е наречена: бадник - будник". И многумина други истражувачи на овие обичаи сметаат дека името на овој ден доаѓа од бдеењето, будноста покрај обредниот оган. Историски аспект и раѓањето на Сонцето Според истражувачите, во праисторијата овој ден бил поврзан со враќањето на Сонцето од јужните напоредници, по зимската краткоденица. Раѓањето на новото Сонце значело и раѓање или обнова на животот. Подоцна христијанската црка го презела овој празник и симболично го поврзала со Христовото раѓање. Но, прекорот дела христијаните започнале да го празнуваат денот на Сонцето исто како и паганите, Свети Августин возвратил: "Ние го празнуваме не како неверниците поради Сонцето, туку поради оној што го создал Сонцето" Црковно предание Според евангелиските текстови, римкиот император Август издал заповед да се изврши попис на целото население во Империјата. Секој требало да биде запишан во градот на своите дедовци. Палестина тогаш била во рамките на Римската империја поради што и праведните Јосиф и Света Дева Марија од Назарет тргнале за Витлеем за да се запишат во овој град, зашто и двајцата биле од родот Давидов. Кога пристигнале во Витлеем за нив немало место во гостилниците и куќите поради тоа што во градот имало многу народ дојден заради пописот. Некои добри луѓе сакајќи да им помогнат ги упатиле во една пештера во близината на градот каде што пастирите во невреме ги засолнувале своите стада. Ноќта силна светлина ја исполнила пештерата, но и околните ридови, потоа Света Дева Марија го родила својот Син превенец, го повила и го ставила во јаслите. Силната светлина ги исплашила и пастирите што со своите стада ноќевале на отворено на околните ридови, но веднаш потоа ангелот Господов ги утешил јавувајќи им ја радосната вест: "Не бојте се! Еве, ви соопштувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе; зашто денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, Кој е Христос Господ. Пастирите веднаш отрчале во пештерата каде што ги нашле Марија и Јосифа со Богомладенецот, му се поклониле, а потоа низ градот разгласиле за раѓањето на Спасителот. Веднаш потоа кај првородениот син на Света Дева Марија пристигнале и тројцата мудреци од исток на коишто за раѓањето на Спасителот им соопштила необичната ѕвезда на небото која ги довела до пештерата движејќи се пред нив кога тие оделе и стоела кога тие одморале. "И штом влегоа во куќата, го видоа Младенецот со мајка му Марија и паднаа, па му се поклонија; а кога ги отворија своите ковчежиња, Му принесоа дарови: злато, ливан и измирна" (Матеј 2/11). Овие дарови требало да претскажат дека новороденото дете е во исто време човек (измирната), Бог (ливанот - темјанот) и Цар (златото). Денот на раѓањето на Исус Христос не е познат и во првите три века овој празник не се празнувал. Причина за тоа е христијанскиот поглед на животот, во тие времиња на робовладетелски општества. Во барањето на датумот кога тој да се празнува, Светата Христијанска црква решила тоа да биде денот кога во претхристијанскиот период се празнувал денот на новото сонце или на младото сонце, а тоа бил 25 декември по Грегоријанскиот, односно 7 јануари по Јулијанскиот календар. Иако има претпоставки дека празникот се празнувал и порано, според некои истражувачи за најрано споменување на овој празник, или за негово востановување се смета календарот на папата Либериј (Либеријански календар) од 354 година кога се празнувал во Рим. За прв пат Божиќ е празнуван во Цариград, каде што го востановил св. Григориј Богослов. МПЦ и обичаите што ги прави народот за овој празник Пагански ритуал за време на празникот Иван Купула Според владиците на МПЦ бадникарските огнови, а и собирањето на бадниковите гранчиња се пагански обичај и тие се спротивни на црковните обичаи. Бадникарксите огнови, печењето колбаси и пиењето ракија се во апсолутна спротивност со начинот на кој верниците треб да ги одбележуваат деновите пред Божиќ, денот кога се празнува раѓањето на Господ . Според дотоинствениците на МПЦ, бадниковите теревенки што ги правиме покрај коледарските маалски огнови се пагански обичај, и тие се дел од култот кон греаната ракија, и немаат никаква врска со црковното предание и божиќниот пост. На тој начин само се уништува убавината и преданието на нашата празнична култура – потенцираат од МПЦ. Од МПЦ укажуваат дека и бадниковото гранче нема никаква врска со македонската традиција, и дека станува збор за обичај кој е наилно внесен во нашите цркви по српската окупација на Вардарскиот дел од Македонија и по завршувањето на Првата светска војна. "Ова е прашање на идентитет и со медиумското форсирање на ваквите обичаи се дефокусира јавноста од она што е битно, а тоа е исполнувањето на Божјите заповеди, исповедта на своите гревови и причестувањето со телото и крвта Христови. Очигледно, многу е полесно да се собираат гранки по шума отколку да се чекори по тесниот евангелски пат., велат во МПЦ. Бадников оган - Маџирмаалски Средби Од друга страна пак во редовите на МПЦ постојат и свештени лциа кои сметаат дека не треба да е гледа толку ригорозно кон овие обичаи, бидејќи тие сепак се дел од нашата традиција и дека некои од овие обичаи се славеле дури од 3 век во првите црковни општини на овие територии. Но тоа не знали дека треба а се пие ракија во големи количини, туку чашка до две, односно во умерени количини, за здравица кои верниците можат да си ги дозволат. Но, сепак, поголемиот дел од свештенството не го дозволува ова и настојуваат овие традиции да се прекинат што поскоро: "Бадник треба да се помине со молитвено бдеење во храмот. Не случајно во оваа пригода се читаат најмногу молитви. Постот нема никаква врска со пиењето ракија и грешка е ако некој мисли дека на тој начин ќе ги привлече луѓето кон Црквата, вели професорот од Теолошкиот факултет 'Св. Климнт Охруидски' Јован Таковски за весникот Дневник. Стара византиска коледарска песна Дали се согласувате наместо со ракија и пред оган, овие празници да ги поминеме во некој црковен храм, да присуствувате на некоја литургија, а потоа дома, за време на посната Бадникова вечера заедно со семејството да го прославиме и да се радуваме на раѓањето Исусово? Или пак, најдобро решение е да ги направиме и двете работи, и да ја задржиме традицијата по која се разликуваме од другите, но и која покажува со кои народи сме слични? Што мислите за ова? Извор: wikipedia, МН (македонска нација), Премин портал, Дневник ...
fineweb-2
Архитектите од студиото Cadaval & Solá -Morales добиле идеја да направат нацрт за одреден тип на куќа наречена "Sunflower House" ("Куќа-сончоглед"), која ќе биде лоцирана во Коста Брава, Каталонија. Во оваа куќа прозорците се во форма на квадрат и се свртени во различни насоки, со што се добива оригинален геометриски изглед. Со тоа, куќата има неколку различни погледи, односно од секоја соба има различен поглед.
fineweb-2
ЕУ воената мисија во Македонија ќе преставува тест за идните покомплицирани операции кои Унијата сака да ги преземе, а најголема закана за евро силите е можното обновување на етничките тензии и уште повеќе проблемите поврзани со организираниот криминал и корупцијата, пишуваат денеска весниците Гардијан и Фајненшл Тајмс. Лансирањето на операцијата Конкордија е важен тест за иднината на ембрионалните европски сили за брза реакција, како и за суштинските односи со Соединетите држави, пишува денешен Гардијан. Унијата имено сака идната година од НАТО да ја преземе и мисијата во Босна и Херцеговина каде што веќе командува со полициските сили. Аранжманот за Македонија е постигнат со Нато кој всушност обезбедува пристап до своите капацитети. Гардијан наведува дека главна закана за , повеќе мониторинг мисијата, отколку вооружената сила на Европската унија би било обновување на етничките тензии и пред се организираниот криминал и корупцијата. Фајненшенел тајмс пишува дека европската мисија во Македонија е тест за европската одбрана и безбедносните амбиции односно таканаречената И ЕС ДИ ПИ одбранбена и безбедносна политика на Европската Унија. И додека членките на Унијата беа едногласни за одбранбената политика, нивната надворешна политика се најде парализирана во однос на ирачката криза каде што до израз дојде поделеноста на клучните играчи во Европа не само за подршката на воената опција туку и за идните насоки на самата Унија, пишува Фајненшенел Тајмс. Според весникот, амбасадор на Нато во Брисел изјавил дека додека американскиот Стејт Депертмент стоеше зад оваа операција на Унијата во Македонија со Пентагон постоеа потешкотии, а исто може да се очекува и кога ке дојде на ред и преземањето на мисијата во Босна. Британија и Франција беа предводници во напорите за воспоставување на мисијата во Македонија кога на самитот во Копенхаген се постигна согласност на Европската унија да и биде обезбеден пристап до капацитетите и асистенција од Нато силите во случај на загрозеност на мисијата на Унијата.
fineweb-2
Премиерот на Пакистан Јусуф раза Гилани изјави дека поплавите во земјата предизвикале колосални штети и повика меѓународната заедница да помогне. Повикот на Премиерот следува по објавата на Канцеларијата за управување со кризи, дека над 12 милиони луѓе се погодени од поплавите. Гилани изјави дека ова се најлошите поплави во последните 63 години. Премиерот повика меѓународната заедница да помогне за да се ублажат последиците од катастрофата. Тој се забалгодарил за веќе доставената помош . Во поплавите загина најмалку 1600 луѓе, стотици илјади се раселени, многу домови се уништени, а уништено е и обработливо земјиште .Официјални лица предупредија дека обилните дождови кои и понатаму врнат може да ја интензивираат кризата и да ги закомплицираат напорите да се достави храна, лекови и засолништа за жртвите.
fineweb-2
Израел соопшти дека денеска, заедно со Соединетите Држави тестирале проектили во Медитеранот, откако претходно Русија објави дека детектирала балистички проектили над морето. Според израелското министерство за одбрана, биле тестирани проектили како цели на нивната против-воздушна одбрана. Сирија соопшти дека ниедедн проектил не паднал на нејзина тереиторија, а Русија објави дека проектилите што ги детектирале, паднале во морето.
fineweb-2
Триесет и петгодишен Сириец починал синоќа откако во него удрил патнички воз кој сообраќал на релација Скопје-Гевгелија. Несреќата се случила околу 19 часот пред влезот на железничката станица во Демир Капија, информира МВР. Ова е шеста железничка несреќа овој месец во која жртви се мигранти, кои од Грција преку Македонија се обидуваат да заминат кон западна Европа.
fineweb-2
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од 17 до 22 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 19 степени. До четврток ќе се задржи сончево и топло време со умерена облачност. Локални врнежи од дожд и постепено опаѓање на дневната температура се очекуваат од петок.
fineweb-2
Континентален гребен е поширокото подрачје на еден континент и неговата крајрбрежна рамнина. Околу континентите постојат области со многу плитка вода, наречени континентални гребени. Тука морското дно е мошне рамно и се наоѓа на само 130 м под површината. Во тие области постои изобилство морски растенија и животни. Зад гребенот морското дно се спушта и како што се одалечува од гребенот морето е многу подлабоко. Во средишниот дел на океаните, сепак, морското дно се издига во гребен, каде што се среќаваат плочите на Земјината кора.
fineweb-2
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ на социјалните мрежи откри фотографија од неговата статуа, која самиот ја спореди со "Статуата на Слободата". Швеѓанецот на фотографијата позира покрај статуата која е два пати повисока од фудбалерот на Јунајтед, а на својот Инстаграм профил, популарниот "Ибра" напиша: – Кога ќе дојдете во Њу Јорк ја имате "Статуата на Слободата", а кога ќе дојдете во Шведска ја имате "Статуата на Златан"
fineweb-2
АЕГЕЕ Скопје Замислете ја Европа на дланка,пријатели од секое место на континентот што ќе ви текне во моментов,инволвираност во креирањето на европската иднина и незаборавни студентски денови... Сето ова е можно ако сте дел од големото АЕГЕЕ семејство. АЕГЕЕ е студентска,волонтерска, непрофитна, невладина и неполитичка организација. Основана е во 1985 година и денес брои околу 15.000 членови низ 42 европски земји. Основната идеја на АЕГЕЕ е надминување на сите ментални разлики и сплотување на младите европјани преку демократија и заемно почитување. АЕГЕЕ – Скопје е дел од европската мрежа на АЕГЕЕ – Европа. Основана е во 1993 година при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" и од тогаш па наваму се залага за мир и стабилност, повисоко формално и неформално образование, активна младина, културна размена, поголема мобилност меѓу младите во Европа. АЕГЕЕ-Скопје за 18 години постоење стана една од најактивните антени и беше прогласена во 2000 и 2005 година за една од петте најуспешни антени коишто ја движат организацијата во Европа. Таа е братска антена со АЕГЕЕ антените од Белград, Загреб, Атина, Утрехт, Марибор и Валенсија. Во своето богато делување АЕГЕЕ-Скопје има организирано бројни меѓународни и локални настани,а оваа есен ја има честа да го организира генерално собрание на АЕГЕЕ мрежата,АГОРА-та. Секоја АГОРА трае 4 дена каде што земаат учество околу 800 млади луѓе, лидери од своите локали.За време на овој настан делегатите од преку 200 локали низ Европа дискутираат за развојот и иднината на Европа, улогата на младите во неа, како и за понатамошното функцинирање на АЕГЕЕ. АЕГЕЕ – Скопје ќе биде домаќин на есенската АГОРА насловена Raise up your hand, која ќе се одржи од 27 до 31 октомври притоа АЕГЕЕ-Скопје е единстениот локал во АЕГЕЕ мрежата кој што ќе организира АГОРА по втор пат во својата историја. Агора-та е најдобриот начин да се разработат прашањата од доменот на активирање на АЕГЕЕ и начин да се слушне гласот на секоја антена (локал) поединечно. Исто така, тоа е и совршена можност,демократски да се избираат идните предводници на организацијата, членови на кои ќе им се доверат водечките функции во АЕГЕЕ за одлучување и претставување на 25-години реномираната асоцијација. Во склоп на АГОРА-та се одржува и саемот на студии/факултети каде локални и европски универзитети ја презентираат својата програма и ги нудат своите бенифиции пред студентите од цела Европа.Без разлика дали сте заинтересирани за додипломски студии или мастер студии тука ќе најдете се што ви треба и интересира. Отворениот повик за млади луѓе,волонтери кои сакаат да бидат дел од незаборавното искуство се веќе во тек. ''Some call it Europe, we call it home''
fineweb-2
Бразилецот, Нејмар смета дека е само прашање на време кога Лионел Меси ќе потпише нов договор со шпанскиот шампион Барселона. На првата ѕвезда на Барселона, Меси се очекува да му биде понуден нов договор веќе во наредните неколку недели, најдоцна до крајот на следниот месец, имајќи предвид дека неговиот актуелен договор истекува во јуни 2018 година. Неговиот соиграч Нејмар се надева дека Аргентинецот ќе остане на "Камп Ноу", и очекува договорот да биде финализиран наскоро, иако претседателот на клубот Жосеп Марија Бартомеу неодамна изјави дека преговорите се уште не се започнати. – Се надеваме дека Меси ќе остане во Барселона со нас. Очекувам дека ќе потпише нов договор наскоро, изјави Нејмар за медиумите во Сао Паоло, каде ќе ги мине претстојните празници, пред продолжувањето на сезоната во Примера на 8 јануари, за кога е закажано гостувањето на Барселона кај Виљареал.
fineweb-2
Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа напредуваше една позиција на најновото рангирање на светската ВТА листа. Ѓорческа сега има 264 бодови, што е доволно за 206 место во светот во поединечна конкуренција. На врвот на оваа листа во поединечна конкуренција, нема промена на врвот. Анџелика Кербер е прва со 9080 бодови пред Серена Вилијамс со 7050 бодови и Анџелика Радванска со 5600 бодови. Ѓорческа имаше успешна недела во дубл конкуренција. Заедно со нејзината партнерка Галина Воскобоева стигнаа до трофејот на ИТФ фјучерс турнирот во Валенсија, Шпанија. Со тој триумф, Лина го задржа 136 место на рангирањето, во конкуренција на двојки.
fineweb-2
Кратот анимиран филм за децата од Фукушима, кои немаат можност да играат надвор поради радиоактивноста во воздухот – за нивните соништа наспроти реалноста, Shoko Hara како автор на "Abita" првично го замислува овој проект како своја теза за дипломски труд. Коментарите на оние кои го погледнале видеото најчесто се движат околу следните епитети: интелигентно, поетско, уметничко, длабоко и поучно. Одлично функционира без зборови, затоа што за најсрцепарателните мотиви во животот, никој не се осмелува да зборува. Користењето на јапонската симболика дополнително го краси филмот, илустрирајќи надеж, перспектива и енергија која е потреба за обединување на сите природни елементи кои биле уништени заедно со волјата за подобро утре.
fineweb-2
Copy and paste the embed code below. The code changes based on your selection. The code has been copied to your clipboard. Video size Аферите за Македонска банка и за Актор се обична играчка во споредба со фактите со кои располага Заев, вели претседателот на НСДП Тито Петковски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
fineweb-2
Кејси Стонер ја остави отворена можноста еден ден да се врати во MotoGP и покрај тоа што го потврди неговиот премин во V8 supercars шампионатот во сезоната 2013. Кејси Стонер призна дека постои можност еден ден да се врати во MоtoGP, иако потврди дека ќе се префрли во трки на четири тркала во 2013 година. Двократниот MotoGP шампион, кој се пензионираше од натпреварувањето на крајот на сезоната 2012, го обелодени неговиот премин во V8 Supercars трките во следната сезона. 27 годишниот натпреварувач ќе вози Holden Commodore вo V8 развојната серија. Стонер го најави напуштањето на MotoGP шампионатот во мај минатата година. На прес конференцијата која се одржа пред трката во Франција минатата година, Стонер изјави дека веќе не чувствува пасија кон спортот и дека ќе се повлече. Потврдувајќи го својот премин во V8 серијата во интервју за Sunday Telegraph, Стонер ја повтори причината зашто го напушта светот на моторциклите, иако потврди дека еден ден би можел да се врати. Повредите не беа причина зошто се повлеков, ниту пак дека сакам да пробам нешто ново. Ни фамилијата не беше дел од тоа. Едноставно, немам повеќе љубов за спортот. Немаше доволно почитување од луѓето поврзани со спортот и не ми се допаѓаше насоката по која се движеше. Навивачите не плукаа, пробуваа да не турнат од скутерите додека одевме кон гаражите и други слични такви работи. Не им се допаѓаше мојата искреност. Тоа беше еден дел од причината зашто се повлеков но поголем дел беше насоката по која се движи спортот. Загубивме еден возач пред две години (Марко Симончели), и за еден месец како ништо да не се случило. Тие сакаат да видат опасно возење, а не сфаќаат дека нашите животи се во опасност. Станавме марионети во тој свет. Немам никаква намера да се вратам наскоро во тој спорт. Но доколку тој драматично се смени и стане интересен, тогаш постои можност да се вратам.изјави Стонер Би можело да ве интересира Возачот на Кавасаки тимот и актуелен шампион во Мотул Супербајк шампионатот на најдобар можен начин ја започна новата сезона откако забележа двојна победа во првата рунда. Џонатан Реа на најдобар можен начин ја започна одбраната на титулата откако забележа победа на првата трка во сезоната на патеката Филип Ајленд. Новинарите од "MCN" пред неколку години предвидуваа дека Honda ќе направи V4 Супербајк кој ќе има големи сличности со MotoGP мотоциклот. Мислам дека оригиналната гласина започна со "V5 power plant" ако тоа ви дава некаква претстава за тоа колку долго се врти приказнава. Подгответе се за ова неверојатно видео кое сигурно ќе ве направи многу популарен меѓу колегите на работа. Подгответе се да изгубите неколку минути од вашиот живот кои никогаш повеќе нема да ги вратите назад. Новата мото сезона во САД започна во Флорида откако Harley Davidson ги повика возачите да присуствуваат на седумдесет и шестото издание на "Daytona Bike Week" кое ќе се оддржи во Флорида.
fineweb-2
Екс-директорот на Управата за финансиско разузнавање, кој одлежа повеќе од една година затвор во интервју за НОВА говори за својата пресуда во Аферата Шпион, за документите на Зоран Божиновски, за аферата Телеком и улогата на Слободан Богоевски, како и за тоа како ќе постапува обвинителката Катица Јанева со бомбите на Заев.
fineweb-2
Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 79,00 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 80,50 денари, а Еуродизел (Д-Е V) 66,50 денaри за литар. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде 55,50 денари. Се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 и ќе изнесува 40,675 денaри за килограм
fineweb-2
Сириските безбедносни сили денеска убиле најмалку 20 демонстранти во градот Хомс тврдат опозициски активисти. Жителите велат дека воени хелокоптери прелетувале над градот во раните утрински часови. Новите извештаи за акциите против демонстрантите доаѓаат и покрај ветувањето на сирискиот претседател Башар Ал Асад дека воените и полициските операции против демонстрантите ќе бидат прекинати. САД и ЕУ повикаа Асад да се повлече од власта, а воедно воведоа и нов пакет санкции кон режимот. Над 2 илјади луѓе загинаа во последниве 5 месеци, откако започнаа анти-владините протести.
fineweb-2
Државниот секретар на САД Џон Кери ја предупреди Русија дека ќе сноси дополнителни последици ако не дејствува за да ја смири ситуацијата во источниот дел на Украина и ако руската војска не се повлече од границите. Ова Кери го кажал во вчерашниот телефонски разговор со рускиот минситер за надворешни работи Сергеј Лавров. Лавров пак рекол дека било каква вооружена акција на украинските власти во источниот дел на Украина ќе ги доведе во прашање разговорите за Украина планирани во Женева на 17 април. На разговорите во Женева треба да присуствуваат преставници на Русија , Украина, САД и Европската унија.
fineweb-2
Песочни плажи од ситен бел песок се протегаат веднаш под падините и бујната вегетација, а водата е светло сина и толку проѕирна што можете од далеку да го видите песочното дно што се простира под површината. Инспириран од органската форма на коралите, Винсент Келебу креирал утописко еко село кое би било наменето за околу 1.000 семејства на Хаитите, кои настрадаа во земјотресот од 7 степени според Рихтеровата скала во 2010.
fineweb-2
Дел од делата на Вангел Наумовски, што ќе бидат изложени во рамките на ретроспективната изложба во Националната галерија на Македонија, се сопственост и на НУЦК "Антон Панов" - Струмица, Град Скопје и други приватни лица, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија "Св. Еразмо" - Охрид, НУ Завод и Музеј - Охрид, Хрватски музеј наивне умјетности - Загреб (Хрватска), Музеј наивне и маргиналне уметности - Јагодина (Србија), Собрание на РМ, Народна банка на РМ, Стопанска комора на Македонија и голем број институции и приватни лица, кои отстапија работен материјал за изложбата, фотографии за монографското издание и овозможија увид во творештвото на Наумовски. Во текстот со наслов "Сликар од бајките – за целовитоста на светот на Вангел Наумовски" во предговорот во монографското издание кураторката Маја Чанкуловска-Михајловска пишува: "Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски се поврзани повеќе епитети - тој кај нас и во светот е секогаш претставуван како уникатен пример на сликар на чудесниот свет на длабочините на езерото и комплексноста на космосот, на задоволството, жената и љубовта... Неговите поетски слики со виртуозен потег го доловуваат светот на границата помеѓу сонот и јавето, меѓу земјата и космосот, царствата на растенијата и цвеќето, убавините на охридските нимфи. Волшебните светови на соништата на Наумовски се раѓаат од неговиот однос кон природата, опкружувањето, традицијата, митовите и стилски и тематски заземаат издвоено и препознатливо место со специфичното хуманистичко и пантеистичко чувствување на светот и на човекот во него. Многупати досега за него е истакнато дека претставува одраз на невообичаеното, а како оригинален творец извршил среќен спој помеѓу наивноста и апстракцијата. Се чини премалку да се каже дека сликарството на Вангел Наумовски се одликува со исклучителна препознатливост. Иако самоук сликар, тој се вбројува помеѓу малиот број уметници од Македонија кои достигнуваат најголема афирмација и надвор од нашата земја уште за време на своите најактивни творечки години. Со автентичен и препознатлив ликовен израз надвор од уметничките трендови, секогаш актуелен, сензибилен и повеќестрано креативен, на почеток е забележан во историјата на македонската (и пошироко, на југословенската) ликовна уметност како најистакнат претставник на т.н. 'наивна уметност', определби што се менуваат подоцна заради констатациите за неговото тежнеење кон фантастичниот надреализам. Сите овие дефиниции на творештвото на Вангел Наумовски се речиси митски поврзани и со неговата личност. Поимот 'наива' и 'надреално' најчесто се користат како класификации за неговото творештво и ги пренесуваме со искажаните ставови на неговите современици, вклучени во ова издание со дел текстови што ги потенцираат најзначајните определби за овој автор. Сеопфатното презентирање на создавањето на Вангел Наумовски претставува должност кон историјата на македонската ликовна уметност, не во насока на дефинирање на неговото многупати потврдено место, туку како потсетник на значајните легати на нашите големи уметници. Истражувачкиот проект, ретроспективната изложба и монографското издание се дел од програмските активности на Националната галерија на Македонија за 2016 година, согласно со мисијата за репрезентативното одбележување на уметниците што се застапени во постојаната поставка и во колекцијата на македонската ликовна уметност на оваа национална установа. Реализацијата на потребните активности беше овозможена со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, а голем број државни и јавни институции во Република Македонија, приватни галерии и особено неговото семејство и голем број приватни сопственици овозможија увид во делото на Вангел Наумовски. Проектот во оваа фаза ги опфаќа делата што се наоѓаат на територијата на Република Македонија и значителен број дела што се наоѓаат на просторите на поранешна Југославија" – напиша Маја Чанкуловска-Михајловска. Изложбата ќе трае до 28 февруари 2017 година, известија од Националната галерија на Македонија.
fineweb-2
Израел најави дека ќе спроведе сопствена истрага за нападот врз флотилата која се обидуваше да достави помош до Појасот Газа, при што загинаа деветмина пропалестински активисти. Комисијата што ќе го испитува нападот ќе биде предводена од пензиониран претседавач на Врховниот суд, а ќе му помагаат двајца странци, од Северна Ирска и од Канада.
fineweb-2
Новиот генерален секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека договорот за прекин на огнот во источна Украина нуди можност, но додаде каде Русија се уште е способна да ја дестабилизира Украина. Столтенберг зборувајќи во Брисел на неговата прва конференција како челник на НАТО, изјави дека НАТО "нема компромис за принципите" врз кои се потпира Алијансата. Секретарот на НАТО, вели дека Русија мора да се согласи со меѓународното право и да покаже дека ги почитува своите меѓународни обврски. Тој изјави дека се гледа прекршување на прекинот на огнот во Украина. Столтенберг кој е поранешен норвешки премиер, е 13-ти генерален секретар на НАТО. Тој доаѓа на местот на Андерс Фог Расмусен.
fineweb-2
Стопанствениците од Стајковци, Сингелиќ и Арачиново, подрачја кои неодамна беа поплавени, бараат институционална поддршка преку ослободување од давачките и субвенции за да не ги затворат бизнисите. Револтирани се, велат, од владината одлука која предвиде проценка на штетите од поплавите само кај домаќинствата, а не и кај нив. Од Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) велат дека најмалку седум милиони евра изнесува материјалната штета што ја претрпеле мал дел од фирмите во погодените подрачја, плус авансно платените 1,5 милион евра по основ на ДДВ, како и 1,3 милиони евра за царини и акцизи на стоката која е уништена. Дополнително треба да се утврди колкави се вистинските загуби. "Штетите од поплавите во Стајковци, Сингелиќ и Арачиново за најголем дел од бизнисите ќе значат банкрот. Институционалната поддршка изостана, а тие не се моќни сами да застанат на нозе", вели претседателот на Комората Неби Хоџа. Според него, посебно на удар се малите фирми, трговците-поединци и ДООЕЛ-ите. Не шест месеци, туку најмалку две години ќе им требаат за финансико стабилизирање и враќање во првобитната состојба.
fineweb-2
Таа прецизира дека ниту една земја членка не предложила казнени мерки против Москва, поради нејзината поддршка на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и бомбардирањето на северниот сириски град Алепо. – ЕУ сепак може да вклучи уште Сиријци, обвинети за кршеање на човековите права и за воени злосторства на листата за санкционирање, додаде Могерини. Таа ова го изјави во Луксембург пред почетокот на средбата на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ. Претходно западни медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори, јавија дека Велика Британија, Франција и Германија ќе се обидат да ја убедат денеска ЕУ да ја осуди руската воздушна кампања во Сирија и да воведе уште санкции против режимот на Асад.
fineweb-2
Најмалку дваесет и четири курдски бунтовници и петмина турски војници загинале во неколку дневната воена операција на вооружените сили на Турција против Курдската работничка партија во Северен Ирак, соопшти Генералштабот на турската Армија. Турските власти вчера соопштија дека воената операција во северан Ирак е со ограничен обем и дека војниците ќе се вратат во Турција по извршувањето на своите задачи.
fineweb-2
Американски институт за истражување соопшти дека нивните сателитски снимки укажуваат дека Северна Кореја повторно го вклучила плутониумскиот реактор во нуклеарниот капацитет Јонгбјон. Реакторот беше исклучен во 2007 година, согласно договорот за разоружување. Пјонгјанг во април годинава најави дека повторно ќе го вклучи во погон, наспроти притисоците од САД и од Јужна Кореја да не го прави тоа. Американско-корејскиот институт "Џон Хопкинс", тврди дека на снимки од комерцијален сателит по 31 август јасно се гледа бел чад што излегува од објект веднаш до реакторот. Се уште нема коментар од Меѓународната агенција за атомска енерегија.
fineweb-2
Прегледов го почнуваме со две информации во Утрински за кои другите весници сметале дека нема потреба да информираат: Брисел тргна во решавање на 'македонското прашање' - европската тројка на жешка линија со македонската двојка. "Граѓански организации бараат истрага за прислушувањето", е насловена првата во која се кажува дека граѓанските организации од Платформата за борба против корупцијата, формирана кон крајот на минатата година, бараат истрага за објавените снимени разговори поради сомнеж за незаконско прислушување и утврдување кој ги снимал разговороите и ја нарушил приватноста на граѓаните. "Формиран Новинарски пленум", гласи насловот на втората информација во Утрински во која пишува дека 40-ина новинари од различни медиуми формирале Новинарски пленум со цел непристрасно информирање и враќање на достоинството на професијата. Мерките кои за една недела ги најави премиерот на собирот во Битола, се реализираат - Груевски сè што вети исполни! Слободен печат и Утрински информираат дека следната недела претставници на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе седнат на заедничка маса со бриселската тројка европратеници кои се нафатија да се обидат да ги приближат засега дијаметрално противставените ставови меѓу владејачката и најголемата опозициска партија за решавање на политичката криза во земјава. "ВМРО и СДСМ на рапорт во Брисел", пишува Утрински; "Брисел тргна во решавање на 'македонското прашање' - европската тројка на жешка линија со македонската двојка", насловува Слободен печат. "Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ дебатираат во Брисел" - информира Дневник за семинарот 'Развој на политичката култура...' во организација на Европскиот парламент во Брисел, каде што пратениците на двете македонски партии првпат ги соочуваат своите аргументи за кризата во Македонија. И Вечер и Дневник информираат дека европратеници од разни партии, "Десничари, левичари, либерали и конзервативци", како што насловува Вечер, "сите го осудија однесувањето на Заев". Дневник оди со наслов: "Заев и СДСМ добија осуда и од социјалисти". Вечер на насловната објавува: "Мерките кои за една недела ги најави премиерот на собирот во Битола, се реализираат - Груевски сè што вети исполни!" И како за крај, ако не сте знаеле: Според анкетата на Галуп, "Македонија е најсреќната држава во регионот", информира Вечер. Весникот додава дека зад нас биле Албанија, Црна Гора, Хрватска, БиХ и Србија.
fineweb-2
Многу луѓе сонуваат за започнување на сопствен бизнис, но како да се најде вистинската идеја? Клучот е во осмислувањето на бизнис концепт кој е релевантен на денешното време, односно директно e фокусиран на потребата на корисниците. Повеќето успешни бизнис потфати се врз основа на веќе постоечки идеи. Сите развиваме посебен сет на вештини во деловниот и приватниот живот и од таму би требало да ги црпиме идеите за започнување на бизнис. Ви претставуваме три совети кои ќе ви помогнат во тоа: Со кои вештини располагате? Детално поминете низ сите досегашни бизнис искуства. Веројатно за време на кариерата сте развиле специфични вештини и компетенции кои можат да бидат вашата стартна позиција во размислувањето за започнување на сопствен бизнис. Немојте, сепак, да се ограничувате на деловните вештини, туку размислете и за оние кои сте ги стекнале надвор од деловниот свет. Во превод, запрашајте се што би сакале да работите ако не работите. Создавањето на бизнис кој е фокусиран на хобито се чини како деловна опција која исполнува. Што поминува денес? Кога ќе утврдите што би сакале да работите, размислете како тоа би прошло во контекст на денешницата. Обрнете внимание на просперитетната индустрија и размислете има ли тука место за вас. Иако економската ситуација не е идеална за започнување на бизнис, светот за напредокот на технологијата станува се "помал" и се отвораат многу шанси за лично напредување. Размислувајте долгорочно Постојат глобални и локални трендови кои би требало да ги земете во педвид при размислувањето. Фокусот треба да ви биде на работите кои имаат шанси за напредок во иднина. Мотивација секогаш може да ви биде чувството на целосна деловна незвисност. Denar.mk
fineweb-2
Поранешниот член на популарниот бенд "Џонас Брадерс", а сегашен фонтмен на групата ДЕНС, Џо Џонас снимеи секси фото сесија за списанието "Нотишн". Дваесет и седумгодишниот пејач со серијата црно-бели фотографии направени под туш, ги покажа секси мускули и тетоважи и потврди дека повеќе не е дете од фабриката на сониптата на "Дизни". Џо е познат како редовен член на салите за вежбање, што се гледа и на неговото тело, по кое збудалеа и повеќе славни дами, како Тејлор Свифт, Деми Ловато и Џиџи Хадид, која на крајот го остави по шест месеци врска поради Зајн Малик, со кого се уште е во среќна врска. Последните гласини за Џо се дека е вљубен во убавата манекенка Џулијан Херц, но пејачот главно мудро молчи кога е во прашање неговиот љубовен живот. Инаку, Џо е познат и како "фраерот" кој ја "откачи" Тејлор Свифт со телефонски повик во траење од само неколку секунди.
fineweb-2
Утре во Скопје доаѓа Бан Ки-мун придружуван од Метју Нимиц Шефот на дипломатијата Никола Поповски и вицепремиерката за европски интеграции денеска во Брисел се сретнаа со комесарот за проширување Штефан Филе. Се разговарало за текот на претпристапниот дијалог кој започна на 15 март годинава. Со овој процес владата презема обврски до октомври да спроведе реформи со кои ќе се надминат порблемите забележани во Извештајот за напредок на ЕК, објавен лани во октомври. Комесарот Филе неодамна оцени дека Македонија направила значаен напредок во овој процес. "Мислам дека реално Македонија има направено исклучително значаен напредок на оваа агенда. Тие оценки беа веќе презентирани и ја одразуваат реалноста и посветеноста која ја имаме во овој процес", изјави Никола Поповски за Канал 5 ТВ. "Процесот во кој е вклучена Македонија, е шанса за Македонија", оцени во изјавата за канал 5 Теута Арифи. "Ги зголемуваме нашите шанси за се`, ако се покажеме како сериозни во исполнувањето на дијалогот на високо ниво. Во моментот тоа е најсилната карта што РМ ја има во свои раце и навистина треба да ја искористи", кажа Арифи. Штефан Филе треба да ја посети Македонија на 17 семптември кога ќе се одржи третата рунда разговори во процесот на дијалгот на високо ниво. Македонија согласно Патоказот усвоен од Владата во овој процес се обврза да преземе низа мерки со кои ќе се подобрат состојбите во судството, слободата на медиумите, бизнис климата, борбата против корупцијата и имплементацијата на Рамковиот договор. Арифи и Поповски во Брисел учествуваат во работата на Советот за стабилизација и асоцијација. Во рамките на овој Совет тие утре ќе се сретнат и со новиот претседавач на ЕУ, шефот на кипарската дипломатија, кој од први јули го презеде претседавањето со Советот на министри. Комесарот Штефан Филе изрази надеж дека до декември ќе се постигне напредок во преговрите со Грција со што ќе се овозможи зелено светло за старт на преговри за членство. Со цел да го потикне процесот за изнаоѓање на решение на проблемот со името, утре во Скопје во рамките на балканската турнеја доаѓа генералниот скеретар на ООН, Бан Ки-мун придружуван од медијаторот во грчко-македонскиот спор, Метју Нимиц.
fineweb-2
Тешко е да се каже дали предлогот ќе мине во Конгресот, зашто Републиканците се цврсто против. Американскиот претседател Барак Обама го обнови повикот за продолжување на даночните олеснувања за Американците од средната класа, но не и за богатите. Со претседателските избори на помалку од четири месеци, Обама во понеделникот во Белата куќа покани група даночни обврзници кои се верува дека ќе имаат корист од обнова на даночните олеснувања и по истекот на рокот до крајот на годината. Претседателот, кој се бори за реизбор на функцијата, повика за едногодишно продолжување на даночните давачки за оние кои заработуваат под 250.000 годишно. Овој чекор би опфатил околу 98 отсто од американските даночни обврзници. Претходно, со усвојување на пошироките планови за трошоци Обама се согласи да ги задржи скратувањата за сите даночни обврзници. Тој истакна дека скратувањата не се повеќе потребни за двата процента од Американците со највисоки примања и дека со тој потег во текот на наредние десет години би се додале еден трилион долари како помош за владината задолженост. Републиканскиот ривал Мит Ромни и конгресните републиканци и натаму се противат на даночните планови на претседателот, велејќи дека намалените даночни стапки пред 11 години поставени од претседателот Џорџ Буш треба да бидат важечки за сите даночни обврзници. Ромни предлогот на Обама го нарече "огромно покачување на даноците" и, како што кажа, тоа е само доказ дека претседателот "нема идеја како да придонесе Америка повторно да функционира и како да и` помогне на средната класа."
fineweb-2
Пјер Корнеј ||Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |Пјер Корнеј| Пјер Корнеј |Занимање||писател| |Националност||Французин| |Жанр||трагичар| |Значајни дела||Сид| |Сопружник||Мари де Лампериер| |Роднини||Томас Корнеј| Пјер Корнеј (6 јуни 1606 година – 1 октомври 1684 година) е француски трагичар, еден од тројцата големи француски драматурзи на седумнаесетиот век, заедно со Молеиер и Расин. Со драмско творештво од речиси четириесет години, Корнеј се смета за "татко на француската трагедија". Содржина Биографија[уреди | уреди извор] Рани години и драми[уреди | уреди извор] Корнеј е роден во Руен, Франција, како син на Март ле Пезан де Буасуијбер (Marthe le Pesant de Boisguilbert) и Пјер Корнеј (Pierre Corneille), почитуван адвокат. Поминал низ ригорозното језуитско образование на прочуениот Collège de Bourboн, од 1873 година познат како Lycée Pierre Corneille (Гимназија Пјер Корнеј). На осумнаесетгодишна возраст започнува да студира право, но во пракса неговите напори во голема мера се неуспешни. Неговиот татко му обезбедува две места во Министерството за шуми и реки на Руен. Додека работи во министерството ја пишува неговата прва драма. Не се знае точно кога ја напишал, но комедијата Мелита (Mélite), излегува во јавноста кога Корнеј им ја претставува на една патувачка трупа актери во 1629 година. На актерите им се допаднало делото и го направиле дел од својот репертоар. Претставата доживува голем успех во Париз, а Корнеј започнува редовно да пишува драми. Истата година се преселува во Париз, и наскоро станува еден од водечките драмски писатели на француската сцена. Неговите први комедии, почнувајќи од Мелита, се оддалечуваат од француската традиција на фарса, одразувајќи го високиот јазичен стил и манирите на модерното париско општество. Корнеј ја опишува неговата разнообразност на комедијата како "une peinture de la conversation des honnêtes gens" ("слика на разговор на ситното благородништво"). Неговата прва вистинска трагедија е Медеја (Médée), напишана во 1635 година. Les Cinq Auteurs[уреди | уреди извор] 1634 година му носи и поголемо внимание од јавноста. Одбран е да напише неколку стихови по повод посетата на Руен од страна на Кардиналот Ришелју (Cardinal Richelieu). Кардиналот го забележува Корнеј и го избира да биде меѓу Les Cinq Auteurs ("Петте поети", се преведува и со "Друштвото на петте автори"). Останатите автори се: Гијом Колет (Guillaume Colletet), Буасробер (Boisrobert), Жан Ротру (Jean Rotrou), и Клод де Лестуал (Claude de Lestoile). Овие петмина биле одбрани за да ја реализираат визијата на Ришелју за нов вид на драма која ќе ја нагласува доблеста. Ришелју им ги презентирал своите идеи, кои писателите ги изразувале во драмска форма. Меѓутоа, барањата на Кардиналот биле премногу ограничувачки за Корнеј, кој се обидувал да твори надвор од границите дефинирани од Ришелју. Ова ќе доведе до караница помеѓу драмскиот писател и неговиот вработувач. Откако му завршил првичниот договор, Корнеј ги напушта Les Cinq Auteurs и се враќа во Руен. Querelle du Cid[уреди | уреди извор] Во годините што следуваат по неговиот раскин со Ришелју, Корнеј го пишува делото кое се смета за негова најдобра драма. Сид (Le Cid), (al sayyid на арапски), е базирана на драмата Mocedades del Cid (1621) од Гијем де Кастро (Guillem de Castro). И двете драми се базирани на легендата за Родриго Дијаз де Вивар (Rodrigo Díaz de Vivar) (со прекар El Cid Campeador), воена фигура во Средновековна Шпанија. Оригиналното издание на драмата од 1637 година е со поднаслов трагикомедија, со што јасно дава до знаење дека намерно не ја почитува класичната поделба на трагедија и комедија. Иако Сид постигнува огромен успех, станува предмет на жестока дискусија во врска со нормите на драмската практика, позната како Querelle du Cid или Расправа за Сид. Француската академија на Кардиналот Ришелју го признала успехот на драмата, но била одлучна дека драмата е неправилна, делумно затоа што не ги почитувала класичните единства на време, место и дејство (единството на време пропишува дека сите дејства во една драма мора да се одвиваат во времена рамка од дваесет и четири часа, единството на место дека мора дејството да се одвива само на едно место, а динството на дејство, дека содржината мора да биде сконцентрирана околу еден единствен конфликт или проблем). Новоформираната Академија претсавувала тело кое ја осигурувало државната контрола над културната активност. Иако обично се преокупирала со правењето напори за стандардизација на Францускиот јазик, лично Ришелју наредил да се направи анализа на Сид. Биле подигнати обвинувања за неморал на драмата, во форма на една позната кампања со памфлети. Овие напади се базирале врз класичната теорија дека театарот е место на обликување на моралот. Сугестиите на Академијата во врска со драмата се изразени во делото на Жан Шапелен (Jean Chapelain), Sentiments de l'Académie française sur la tragi-comédie du Cid (1638). Дури и истакнатиот писател Жорж де Скудери остро ја критикува драмата во неговото дело Observations sur le Cid (1637). Расправијата станала преголема за Корнеј, кој одлучил да се врати во Руен. Кога една од неговите драми добива лоша критика, Корнеј се повлекува од јавниот живот. Одговор на Querelle du Cid[уреди | уреди извор] По паузата од театарот, Корнеј се враќа во 1640 година. The Querelle du Cid прави Корнеј да обрнува поголемо внимание на класичните драмски правила. Ова убаво се гледа во неговите наредни драми, кои се класични трагедии: Хорациј (Horace) (1640 година, посветена на Ришелју), Сина (Cinna) (1643), и Полеукт (Polyeucte) (1643). Овие три драми, заедно со Сид се познати како "Класичната тетралогија" на Корнеј. Корнеј исто така одговара на критиките на Академијата со тоа што прави поголем број на преработки на Сид, за да ја направи драмата поблиска до конвенциите на класичната трагедија. Изданијата од 1648, 1660 и 1682 година веќе не се поднасловени како "трагикомедија", туку како "трагедија". Популарноста на Корнеј сé повеќе расте и до средината на 1640те, објавена е првата збирка негови драми. Се жени со Мари де Лампериер (Marie de Lampérière) во 1641 година. Тие заедно имаат седум деца. Кон крајот на 1640те години, Корнеј најмногу пишува трагедии:: Смртта на Помпеја (La Mort de Pompée), изведена во 1644 година), Родогун (Rodogune) (изведена во 1645 година), Теодор (Théodore) (изведена во 1646 година), и Ираклиј (Héraclius) (изведена во1647 година). Во овој период пишува и една комдија Лажго (Le Menteur, 1644). Во 1652 година, драмата Пертарит (Pertharite) наидува на многу слаба критика, и разочараниот Корнеј решава да се откаже од театарот. Почнува да се фокусира на еден влијателен препев на делото Имитација на Христос (Imitation of Christ) од Тома Кемписки (Thomas à Kempis), кој го завршува во 1656 година. По отсуство од речиси осум години, успеваат да го убедат да се врати на сцената во 1659 година. Ја пишува драмата Едип, фаворизирана од Луј XIV. Наредната година, го објавува делото Три расправи за драмската поезија (Trois discours sur le poème dramatique) кои делумно претставуваат одбрана не неговиот стил. Ова дело може да се смета како одговор на Корнеј за Querelle du Cid. Тој истовремено ја задржува важноста на класичните драмски правила и ги правда своите трансгресии на тие правила во Сид. Корнеј расправа околу тоа дека аристотеловите правила за драмата, не треба да се земаат буквално како такви. Наместо тоа, тој вели дека правилата треба да се отворени за интерпретација. Иако важноста на класичните правила е задржана, Корнеј вели дека правилата не треба да бидат толку тирански за да ја задушат иновацијата. Подоцнежни драми[уреди | уреди извор] Иако Корнеј станува плоден автор по неговото враќање на сцената, пишувајќи по една драма годишно, за време на четиринаесетте години по 1659 година, неговите драми немаат толку голем успех како оние од почетокот на неговата кариера. Други автори почнуваат да стануваат популарни. Во 1670 година Корнеј и Жан Расин, еден од неговите драмски ривали, биле предизвикани да напишат драми за еден ист настан. Никој од драмските писатели не бил свесен дека и на другиот му е даден истиот предизвик. Кога и двете драми се завршени, општо прифатено мислење било дека драмата на Корнеј Тит и Береника (Tite et Bérénie, 1671година) е инфериорна на Расиновата Береника (Bérénice). Молиер е истотака истакнат автор во тоа време и Корнеј дури ја составува комедијата Психа (Psyché, 1671) во соработка со него (и Филип Кинол). Најголемиот дел од драмите што Корнеј ги пишува по неговото враќање на сцена се трагедии: Златното руно (La Toison d'or , 1660), Серториј (Sertorius, 1 662), Отон (Othon, 1664), Агесил (Agésilas, 1666), и Атила (Attila ,1667). Последната драма на Корнеј е трагедијата Сурена (Suréna) (1674). По ова, тој се повлекува од сцената за последен пат, и умира во неговиот дом во Париз во 1648 година. Неговиот гроб во црквата Église Saint-Roch добива споменик дури во 1821та година.
fineweb-2
Соединетите држави ќе се обидат да го спречат усвојувањето на резолуцијата која Србија ја поднесе во Обединетите нации, а ќе го употребат и своето влијание во Европската унија и во меѓународните институции на штета на Србија, изјави денеска потпретседателот на институтот "Като" од Вашингтон, Тед Карпентер. Тој наведе дека е можно заладување на односите меѓу САД и Србија бидејќи во Вашингтон се лути поради изостанување на очекуваниот исход на американската политика. Тој рече дека САД не можат значително да ја загрозат Србија, но оти можат да го искористат своето големо влијание во меѓународните институции.
fineweb-2
10 години помлади – тибетски рецепт од 3 состојки кој прави чуда Објавено на 05 декември 2016, 17:20 Многу тибетски лекари и специјалисти за источна медицина пишуваат за овој еликсир на младоста. Вклучен е во 10те најдобри еликсири за зачувување на здравјето и младоста, а рецептот за овој стар тибетски лек е пронајден во стар тибетски манастир, испишан на глинена плоча. Доколку го употребувате редовно секој ден, за месец дена не само што ќе почнете да го привлекувате вниманието со вашиот подмладен изглед, туку и ќе почувствувате неворојатен прилив на енергија и сила. За подготовка на овој еликсир ви се потребни само 3 состојки: 100мл сок од лимон, 200гр мед и 50мл ладно цедено маслиново масло. Припремањето е едноставно: добро треба да ги промешате сите состојки и да земате од припремената смеса секое утро по едно лажиче на гладно.
fineweb-2
Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун, во рамките на неговата балканска турнеја, денеска во Приштина ќе разговара со претседателската на Косово Атифете Јахјага и со премиерот Хашим Тачи. Се очекува тој да го посети и манастирот Високи Дечани кај Призрен. Тој вчера престојуваше во Белград, а по Приштина денеска заминува за Македонија.
fineweb-2
Главна цел на софтверот е следење на суровините во фабриката, нивно поминување од еден во друг оддел се до изработка на завршниот производ. Прием на завршниот производ во магацин, товарење, печатење товарни листи, фактури, испратници. Во секој момент детален преглед која суровина/продукт во кој оддел се наоѓа. Останати карактеристики: - Следење на суровините за изработка во секој оддел засебно - Централизирана датабаза. - Администраторски преглед со приказ во реално време на промена на било која суровина во било кој оддел. - Преглед на лагер листа и магацин. - Креирање и менаџирање на товарни листи. - Можност за работа со повеќе добавувачи. - Можност за дирекно(далечинско) внесување на налози и преглед од страна на добавувачите на суровини. - Автоматски бекап на податоците - Можност за прожирување и модифицирање по ваша желба.
fineweb-2
- Детали за производот - Уживајте во свежината во топлите ноќи со јоганот Бамбус Почувствувајте ја свежината од бамбусовите влакна. Конечно, ќе можете спиете мирно и без потење во текот на топлите летни ноќи. Јорганот Бамбус исполнет е со Бамбусови влакна и полнење со микровлакна Wellsleep® Advanced, кои ќе ви овозможат мекост и удобност. Секогаш пријатна и свежа средина за спиење - дури и во најжешките летни ноќи! Димензии на Јорганот Бамбус: 140x200см. и 200x200см. Благопријатен јорган за вашата кожа Бамбусовите влакна овозможуваат прозрачност и даваат пријатно чувство и свежина. Поради тоа: - овозможува пријатно и нежно чубство, - природно ја регилира температурата, - дејствува како природен дезодоранс, - содржи пектин кој ја смирува кожата, - делува антистатички и - отпорен е на бактерии и прашина. Природно контролирање на телесната температура Јорганот Бамбус погоден е за употреба во текот на целата година бидејќи бамбусовите влакна одлично се прилагодуваат на температурата: - кога е топло, се развлекуваат и овозможуваат дишење – со што јорганот ќе ве олади и ќе ви даде пријатно чувство, - кога е ладно, влакната се собираат и ја задржуваат топлината. Уживајте во топлите летни денови во пријатна атмосфера со Јорганот Бамбус. Јорганот Дормео Бамбус e соодветeн за: - сите кои сакаат пријатен и мек јорган - сите кои прекумерно се потат додека спијат - сите кои сакаат да спијат на природни материјали - оние кои страдаат од алергии - Технички карактеристики - Димензија 140 x 200 см Дормео линија Vitality Дормео програма спиење Навлака 100% памук Полнење 80% viscose (bamboo cellulose), 20% polyester (wellsleep® advanced micro fibres); cca. 300 gsm Се пере во машина 60°C Сезона лето
fineweb-2
Собранието вечерва со 63 гласа "за" и 29 "против" во рамки на продолжението на 4. седница го усвои автентичното толкување на член 1 од Законот за амнестија. Според усвоеното толкување, членот 1 од Законот за амнестија треба да се толкува така што амнестијата се применува на сите сторители на кривични дела поврзани со конфликтот од 2001 година заклучно со 26 септември 2001 година, освен за лицата кои извршиле кривични дела поврзани и во врска со конфликтот, а против кои Меѓународниот трибунал повел постапка. Случаите "Водство на ОНА", "Непроштено", "Мавровски работници" и "Липковска брана" беа процесуирани во Меѓународниот суд на правдата во Хаг, но во 2008 година тие беа вратени во надлежност на македонските судови. Во текот на попладневната расправа пратениците од опозициските СДСМ и НСДП се изјаснија дека ќе гласаат против затоа што со Предлогот се уривала правната држава, а хашките предмети кои од Меѓународниот суд во Хаг беа вратени во Македонија, не смееле да бидат предмет на Законот за амнестија. Наспроти нив, пратениците од ДУИ оценија дека автентичното толкување ќе затвори долгогодишен проблем. Нивните опоненти од албанскиот политички блок ги обвинија за задоцнето реагирање за целосна примена на Законот за амнестија. Барањето за автентично толкување беше поднесено од пратеници од ДУИ .
fineweb-2
Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу предупреди денеска дека земјата ќе преземе мерки доколку има нарушување на нејзината граница, која е исто така граница на НАТО. Според него, заштитата на границата на Турција може да биде прашање кое ќе ги засега сите сојузници на Алијансата. Давутоглу нагласи дека Турција внимателно ги следи случувањата во Сирија по објавувањето примирје.
fineweb-2
Делегација на Европската Унија повика за стававање крај на борбите мегу Израел и Хамас. Повикот дојде од Каиро од чешкиот минситер за надаворешни работи Карел Схварзенберг. Францускиот претседел Николас Саркози планира да отпатува на Блискиот исток денеска во надеж да помогне околу француската иницијатива за прекин на огнот во Газа. Во мегувреме Хамас го објави својот план да испрати делегација во Египет денеска на први дипломатски разговори од започнувањето на израелската офанзива во Газа пред 10 дена.
fineweb-2
119 шефови на држави и влади се очекува да пристигнат во наредните два дена во Копенхаген, со цел да го потпомогнат финализирањето на глобалниот пакт за справување со глобалното затоплување. Меѓу лидерите што треба да пристигнат во Данска се и претседателот на САД Барак Обама, рускиот претседател Дмитри Медведев, иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, францускиот претседател Никола Саркози. Засега извештаите оттаму говорат дека ќе постојат проблеми околу дефинирањето на завршните заклучоци со оглед на тоа што на виделина излезе големото разијдување меѓу сиромашните и богатите земји околу поделбата на трошоците во борбата против климатските промени.
fineweb-2
Пакистанските пратеници го избраа Мамнун Хусаин за нов претседател, покажуваат прелиминарните резултати од гласањето. Хусаин беше номиниран од партијата на чело со премиерот Наваз Шариф. Победата беше очекувана бидејки Пакистанската муслиманска лига има мнозинство пратеници во законодавниот дом. Претседателот на Пакистан се бира согласно национални и религиозни закони. Хусаин на 73 годишна возраст ќе го замени досегашниот шеф на државата Асиф Али Зардари чиј петгодишен мандат истекува во септември. Според првичните резултати Хусаин освоил 277 гласови додека неговиот единствен противник добил 73 гласови.
fineweb-2
Во главниот град на Таџикистан, Душанбе, започна самитот на Шангајската организација за соработка. Учествуваат претседателите на Кина, Русија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан, како и лидерите на земјите посматрачи, Иран и Монголија. Главни теми на самитот се регионалната безбедност во контекст на повлекувањето на странските сили од Авганистан кон крајот на годинава, како и утврдување на механизмите за прием на нови членки. Рускиот претседател Владимир Путин, на маргините на самитот, ќе има повеќе билатерални средби, посветени, пред се на економската соработка.
fineweb-2
Повторен судски процес започна денеска во Турција против 236 офицери од армијата, обвинети за заговор за преврат против Владата на тогашниот премиер Реџеп Таип Ердоган. Во 2012 година вкупно 326 офицери беа осудени за заговор од 2003 година, наречен операција "Чук", која имала за цел да ја собори од власт владата со исламистички корени. Тие добија пресуди од 20 години затвор. Во јуни турскиот Уставен суд нареди многу од офицерите да бидат ослободени пред започнување на повторен процес против нив.
fineweb-2
Ќе се вратиме на работа и набрзо ќе допатувам во регионот за да видам дали можеме да го решиме прашањето околу спорот со името, истакна вечера медијаторот на ОН Метју Нимиц по средбата во Њујорк со македонскиот и грчкиот преговорач Никола Димитров и Адамантиос Василакис. Нимиц уште додаде дека изборите во Македонија не се никаква пречка за процесот поради што ги одбил барањата на Атина преговорите да бидат прекинати додека небиде формирана новата македонска влада. Според Нимиц, деветти јули како датум кој што го даде НАТО како услов за привршување на разговорите ако Македонија сака да и се приклучи на Албанија и Хрватска во Алијансата, не влијае на процесот кој нема краен рок за решавање.
fineweb-2
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Барак Обама стави на располагање гаранција вредна над 8 милијарди долари за изградба на нукелеарна централа. Обама истакна дека со изградба на централата во земјата ќе се намали зависноста од странската нафта. Проектот ќе се реализира во државата Џорџија од каде според планот ќе се вработат околу 3 илјади луѓе за време на градењето а предвидено е централата да создава електрична енергија за потребите на над 1 милион американци.
fineweb-2
Создадено на 21.08.2013 23:13 Започнува новата сезона од најгледаното телевизиско гејм шоу во Македонија, "Се или нешто". Сител телевизија ве повикува да се пријавите за учествто. Испратете меил на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со лични податоци, адреса и телефон за контакт, редовно проверувајте и очекувајте да бидете повикани за разговор по меил, смс порака или пак телефонски повик. Среќно! | ТВ Пакет
fineweb-2
За време на обуката, советниците беа вклучени во активности кои им овозможија: - да дефинираат критериуми за добра пракса и да се стекнат со знаења за проценување на примери за добра пракса и добро видео; - да ги запознаат и практикуваат начините на снимање и монтирање видео од наставната практика; - да разменат идеи за користење на видеото, како алатка за подобрување на наставната практика; - да се запознаат со можностите и начините за споделување на видеата. Конкретен продукт од оваа обука беа изготвените критериуми за видео кое презентира добра наставна практика, индикаторите за проценка на квалитет и предлог инструмент за секој критериум. Изготвени се следниве критериуми за добра пракса: јасност на целта на активноста/часот; карактеристики на активноста од аспект на провоцирање учење (да претставува интелектуален предизвик); ефективност на презентирањето на содржините; поврзување на новото со претходните искуства и знаења на учениците; користење примери со кои наставникот ја насочува работата на учениците; соодветно користење техниките/наставните форми и методи карактеристични за наставниот предмет и за содржината која се реализира; активност на учениците се активни и прифаќање на нивните прашања и одговори користење различни видови материјали за учење; формативно следење и се оценување на учениците; соодветност на средината во која се одвива активноста за развој на знаењата и вештините по соодветниот предмет; и дигиталната содржина (видеото) од технички аспект е соодветна за електронско објавување и споделување. Бирото ќе работи на допрецизирање на критериумите и индикаторите, како и финализирање на инструментите за проценка, кои потоа ќе бидат достапни до сите наставници. Слична обука за снимање на часови кои прикажуваат добра пракса беше реализирана во ноември 2012 година за 50 избрани одделенски наставници обучени во програмите на УНИЦЕФ "Математика со размислување" и "Јазична писменост во почетните одделенија". Снимање видеа за добра практика Сознанијата од терен кажуваат дека наставниците најмногу сакаат да учат од конкретни примери, т.е. преку набљудување на часови од колеги кои покажуваат како нешто се спроведува, а сознанијата од литературата кажуваат дека успешните училишта функционираат како професионални заедници за учење, во кои видеото е корисна алатка за анализа и унапредување на практиката. Имајќи во предвид дека учењето според модел е многу ефективно кога е во прашање стекнување на вештини за поквалитетна работа, УНИЦЕФ поддржа активности насочени кон оспособување на наставниците за снимање на видеа кои презентираат добра наставна пракса. Видеото од наставната практика е погодно за наставникот да ја анализира сопствената работа со цел да ја коригира и подобрува, за споделување и промоција на сопствената работа со други колеги и официјални лица од воспитно – образовната дејност (советници, инспектори), за анализирање на потенцијалите на некоја наставна техника или метод од работата со учениците и слично. Освен за анализирање и прикажување на сопствената работа, видеото може да се користи во понапредни обуки, при работата на тимовите за учење и на училишни активности за професионален развој – како активи на наставници. Потенцијалот на видеото при професионалниот развој е неговата ефективност и го задржува вниманието, има можност да даде претстава за различни приоди во наставата насочени кон постигнување на определена цел, и има можност да се прегледува и анализира повеќе пати.Leave a reply →
fineweb-2
Минималната плата во Албанија од јули 2011 година изнесува 20 илјади лека или околу 150 евра, јави МИА од Тирана. Споредено со земјите од Европа таа е една од најниските. Во Македонија пак најниската плата изнесува 39,6 насто од просечната плата или во моментот околу 8050 денари што во е околу 132 евра. Но минималната плата за текстилната, кожарската и земјоделската индустрија, ќе има одложена примена до 2015.
fineweb-2
Започна гласањето во десет сојузни американски држави на кои се бира претседателски кандидат на Републиканската партија, кој ќе му се спротистави на Барак Обама на изборите во ноември. Анкетите покажуваат дека тројца од четирите кандидати - Мит Ромни, Рик Санторум и Њут Гингрич ќе ги земат гласовите од по најмалку една држава. Најинтересно се очекува да биде гласањето во Охајо, каде ниту еден републикански кандидат не бил избран за претседател без да извојува победа во државата.
fineweb-2
Лидерот на СДСМ Зоран Заев одржува прес конференција на која, како што рече, објавува снимени телефонски разговори кои ќе покажат во чии раце е правосудниот систем во Република Македонија. Тројца луѓе, како што рече Заев, ги влечеле сите конци во оваа област, а тоа се премиерот Никола Груевски, директорот на УБК Сашо Мијалков и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
fineweb-2
- Детали за производот - Hammer Punching Bag Canvas е специјално дизајнирана за вашата домашна фитнес сала и ви нуди оптимална поддршка и долготрајност за да направите повеќе удари. Атрактивната црвена боја ќе ви даде мотивација и ќе ве стимулира за да не се откажувате, а цврстиот челик ќе ви обезбеди стабилност дури и кога ротира. Одличен начин за да ги стимулира вашето физичко и ментално здравје, боксот е одличен начин кој ќе ви помогне да се ослободите од стресот а истовремено да ги совладате техниките за одлична кардиоваскуларна издржливост и да ги тонирате мускулите. - Кога и да сакате да удрите во нешто по напорниот ден на работа или пак ако сакате да создадете домашна фитнес сала за да вежбате бокс пред да се соочите со противникот, Hammer Punching Bag Canvas вреќата за бокс е создадена за да ви ја даде целата поддршка која ви треба за ефективно насочување на вашите удари. - Одличен начин за да започнете да ги намалувате килограмите, да ги тонриате мускулите и да го подобрувате вашето целосно здравје. Редовното тренирање бокс или пак удирањето во вреќата треба за многу кратко време да даде одлични резултати - тонирани раце, поцврсти нозе, задник и стомачни мускули. - Hammer Punching Bag Canvas е практична и погодна за вежбање. Таа е отпорна на кинење и е направена за да може да ја користите долго време. Од новата линија на вреќи за бокс Hammer Punching Bag Canvas е направена од најквалитетни материјали и совршено производство кое е синоним на премиум класата. Различни од сите, Hammer Boxing Line производите се специјално дизајнирани и нудат квалитет, иновативност и долготрајно решение за ефективно вежбање во удобноста на вашиот дом. - Hammer Punching Bag Canvas има 4 синџири од хромиран челик со кои ќе бидете сигурни дека вреќата ќе остане стабилна дури и кога ротира. - Материјал кој е отпорен на кинење за долготрајна употреба. - Достапна во атрактивна црвена боја - Екстремно цврста и отпорна на кинење. - 4 синџири од хромиран челик за максимална сигурност. - Технички карактеристики - Материјал друго, памук Тежина 20,55 кг
fineweb-2
- Детали за производот - Додавањето на мала тежина на вашите раце или нозе додека вежбате може да ги промени вашите резултати и да добиете тонирани мускули. Schildkröt Фитнес теговите за раце и нозе се практично дизајнирани за да одговараат на сите корисници, тие ќе ви помогнат да согорите повеќе калории или дури можете да ги носите додека ги извршувате секојдневните обврски. Без разлика дали ви требаат тегови за да ги користите дома, во теретана или за вежбање надвор, Schildkröt Фитнес теговите се дизанирани да се вклопат во вашата рутина без да ви пречат. - Сет од тегови на вашите раце или нозе ќе ви помогнат да ги дефинирате мускулите на долниот и горниот дел од телото и го зголемите интензитетот на вашите вежби. - Зголемениот отпор ќе ја подобри вашата издржливост и кондиција, што ќе ви овозможи да ги зајакнете мускулите и побрзо да согорувате калории. - Тренинзите за зајакнување се важен дел од балансираниот тренинг. Овие тегови се многу лесни за употреба, едноставно ставете ги и тренирајте ги нозете, рацете и/или мускулите на грбот. - Носењето на Schildkröt Фитнес теговите нема да ви пречи при движењето, па затоа, можете да ги користите додека ги извршувате секојдневните обврски. - Идеални се за аеробик тренинзи, гимнастика, пешачење и др. тренинзи. - Достапни се во различни тежини (0.5 кг, 1 кг и 2 кг ) со цел да одговараат на повеќето корисници кои сакаат да постигнат понапредни нивоа. Schildkröt Фитнес теговите за раце/нозе се идеални да ги носите додека ги извршувате секојдневните обврски, додека вежбате на отворено или додека патувате. Дизајнирани се за да пружат удобност, безбедност и практичност, сетот тегови одговараат на повеќето корисници и дизајнирани се со врвни материјали. - Направени се од мек, материјал од неопрен и удобно лежи на вашата кожа. - Теговите се наполнети со гранули од метал и песок. - Велкро лепенка која ја прилагодува ширината на појасот. - Спакувани се во практична торбичка. - Сетот доаѓа во 3 различни бои : 2 x 0.5 кг (зелени); 2 x 1 кг (сиви) and 2 x 2 кг (црни). - Идеални за аеробик тренинзи, гимнастика, пешачење и др. тренинзи. - Редовната употреба ќе ви ги тонира мускулите на нозете, рацете, грбот и/или градите. - Мек материјал од неопрен со Велктро лепенка за прилагодување на ширината. - Спакувани во практична торбичка. - Достапни во 3 тежини: 2 x 0.5 кг (зелени), 2 x 1 кг (сиви) and 2 x 2 кг (црни). - Технички карактеристики - Достапни бои зелена, сива, црна Материјал најлон, неопрен, песок Тежина 1,1 кг
fineweb-2
овој пост е дел од досието на Глобал Војсис за бунтот во Сирија 2011/12. Видео активистот Али Махмуд Отман, шеф на канцеларијата на печатот во Баба Амр, беше заробен од страна на сириските власти. Неговите пријатели и колеги веруваат дека тој е предмет на безмилосна тортура. Неговиот притвор ги загрозува сите активисти од канцеларијата и претставува многу тежок удар за граѓанското новинарство во Сирија. Отман, првично продавач на зеленчук, ги документираше немирите во Хомс од почетоците на сириската револуција. Тој беше од суштинско значење во помагањето на оние кои известуваа за конфликтот во Баба Амр, изнесувајќи ги странските новинари од квартот. Тој одлучи да остане во Баба Амр дури и по повторното освојување на подрачјето од страна на сириската армија по тримесечното бомбардирање на градот. Според Моника Г. Прието, дописничка за шпанскиот сајт за вести Periodismo Humano, "сè дури има еден жив човек квартот тој не сакаше да замине, тој ги одбиваше сите предлози за заминување". Видеото подолу го прикажува Отман, често нарекуван "очите на Баба Амр", како му кажува на светот за страдањата на населението на Баба Амр. Тој се обраќа на камера без страв од идентификување, убеден дека неговата порака ќе биде поверодостојна и ќе стигне до поширока јавност ако се покаже немаскиран: Активистите создадоа и страница на Фејсбук за да ја споделуваат неговата локација и да упатат повик за негово ослободување. Комитетот за заштита на новинарите, од своја страна, ги повика сириските власти веднаш да го ослободат Отман и сите новинари притворени заради нивната работа: Сириските граѓански новинари го документираат бунтот загрозувајќи ги нивните животи. Режимот мора да стави крај на својата кампања за заплашување и замолчување на приказната за бруталната репресија. Неговиот притвор го задржа вниманието на главните медиуми и политичарите од различни земји. Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хаг побара негово ослободување: Ги повикувам сириските власти веднаш да го ослободат г. Отман и другите политички затвореници. Сирискиот режим ќе биде одговорен за безбедноста на г. Отман и неговиот третман и ќе отворам дискусија на оваа тема во Истанбул на состанокот на Земјите пријатели на Сирија. Американскиот сенатор Џон Мекејн напиша на Твитер: Добив извештаи дека сирискиот новинар Али Махмуд Отман е притворен и измачуван од страна на силите на Асад – светот мора да упати повик за негово ослободување. Притворувањето на Отман беше широко споделувано на Твитер, главно под клучниот збор #freeothman (ослободете го отман). Корисниците на интернет исто така започнаа петиција со која се бара негово ослободување. Факторите на сирискиот отпот Али Махмуд Отман & активистката Нура Ал Џизави, уапсени, нивните животи се во опасност: Новинари без граници (RSF) Шест дена по апсењето на Отман, пријателите ја објавија оваа порака на Фејсбук: Ова е шеста вечер без гласот на Али и неговите мирољубиви зборови. Шеста вечер како Али спие со врзани раце, исцрпен од измачувањата. Веќе шеста вечер а името на Али стигна и во Австралија, луѓето бараат негово ослободување. Шест вечери револуцијата е без Али. Еден од хероите на Баба Амр, сега херој на револуцијата. Оние кои тој ги спасил од повреди: новинари, пријатели и семејството секојдневно потсетуваат на неговите добри дела. Слобода за Али Отман, еден од најхрабрите луѓе воопшто. Овој пост е дел од досието за бунтот во Сирија 2011/12
fineweb-2
Обединетите нации соопштија дека ќе започнат со доставување на храна во главниoт град на Сoмaлијa Могадишу, по повлеќувањето на милитантите од Ал Шабаб од поголемиот дел на пунктовите во градот. Од Програмата за храна на ОН велат дека сега ќе ги зголемат количините на храна која ќе биде доставувана во Могадишу. Припадниците на Ал Шабаб водат војна со властите во Сомалија и до сега забрануваа да се доставува храна на териториите кои се под нивна власт. Сомалија е погодена од суша, што допринесе до појава на глад, а се заканува и епидемија од колера поради нечистата вода и лошите санитарни улови во кои живее населението кое бега од погодените региони. Се проценува дека околу 11 милиони луѓе се погодени од недостиг на храна.
fineweb-2
Руските сили упаднаа во украинската воена база во Крим, откако про-руски демонстранти претходно влегоа во друга база на полуостровот. Оклопно возило ја проби портата на базата во Белбек во близина на Севастопол, а било забележано возило на брза помош кое со голема брзина возеше низ базата. Очевидци велат дека од базата биле слушнати истрели од огнено оружје. Оклопно возило ја проби портата на базата во Белбек во близина на Севастопол, а било забележано возило на брза помош кое со голема брзина возеше низ базата. Илустрација. Околу 200 про-руски демонстранти претходно упаднаа во украинската воздухопловна база во градот Новофедоривка во западен Крим. Дописниците од местото на настанот јавуваат дека демонстрантите кои извикувале "Русија! Русија!", упаднале во базата и почнале да кршат прозорци. Украинскиот воен персонал се барикадирал во зградите и фрла димни бомби врз демонстрантите од покривите на објектите. Руското Министерство за одбрана соопшти дека заклучно со 21 март руското државно знаме е подигнато на 147 украински воени објекти во Крим. Руските морнарички знамиња се поставени на 54 украински воени бродови, вклучувајќи ја и единствената украинска подморница "Запорижиа". Околу 5 илјади луѓе во меѓувреме се собраа на про-руски протест во градот Доњецк во источна Украина. Многумина од демонстрантите извикуваат слогани во поддршка на референдум за отцепување од Украина. Во Крим денеска, пак, се одржа заеднички погреб на украинскиот војник и припадникот на про-руската милиција кои беа убиени оваа недела, како единствени жртви откако руските сили ја презедоа контролата врз регионот. Сергеј Аксионов, премиер на регионот, изјави дека во главниот град на Крим, Сифмеропол, се погребуваат дваца "кримски херои". Лидерот на про-московската полиција на Крим, Михаил Шеремет, изјави дека двајцата загинати се жртви на "провокација" за време на престрелките во Симферопол во вторникот. Шеремет изјави дека убиствата сè уште се истражуваат од локалните власти.
fineweb-2
Оваа девојка го има можеби најпрекрасниот задник на Инстаграм! Можеби терминот "Кралица на Инстаграм" се употребува пречесто во последно време, но Сомер Реј навистина ја заслужува оваа титула. Оваа убавица има 20 години и неверојатни 11 милиони следбеници на оваа социјална мрежа, па можеби е една од најпопуларните убавици за кои сме пишувале. За сѐ да биде уште подобро, Сомер направи уште два профили на кои следбениците можат да уживаат во нејзините секси фотографии. Љубителката на фитнес навистина знае како да ја наплати својата популарност, па покрај тоа што рекламира разни производи на својот профил, неодамна објави и календар кој е составен со некои од нејзините најпровокативни фотографии. За да уживате во нејзините секојдневни објави, кликнете тука!
fineweb-2
Машинско преведување Машинското преведување, (скрат. МП), е дел од сметачката лингвистика која го истражува користењето на компјутерскиот софтвер за преведување на текст или говор од еден природен јазик на друг. На основно ниво, МП извршува едноставна замена на зборови од еден природен јазик со зборови од друг јазик. Со користење на корпус техниките, може да се постигне посложено преведување, овие техники допуштаат подобра манипулација со разликите во лигвистичката типологија, препознавање на фрази, превод на идиоми, како и изолација на аномалии. Сегашниот софтвер за машинско преведување најчесто овозможува преведување во потесни домени или професии (како што се временски прогнози и извештаи) — на тој начин што е ограничен опсегот на можни замени на зборовите. Оваа техника посебно е ефективна во домени каде се користи формален јазик. Исто така машински преведени текстови на владини или други правни документи може да бидат од корист за разлика од помалку стандардизирани текстови. Подобрен превод може да се постигне доколку во процесот на преведување се интервенира од страна на човекот: пример некои системи се способни да преведуваат многу подобро ако од страна на човекот се определи кои зборови во текстот се именки. Со помош на овие техники, МП се покажало како корисна алатка при преведување од страна на човекот, во многу мал број на случаи, може да се добие превод кој може да се користи таков каков што е даден (пример временска прогноза). Содржина Историја[уреди | уреди извор] Идејата за машинско преведување потекнува уште од 17. век. Во 1629 г. Рене Декарт предложил т.н. универзален јазик, т.е. еквивалентни идеи во различни јазици да имаат заеднички симбол. Во 1950 г., во експериментот Џорџтаун се направил превод на преку шеесет реченици од руски на англиски јазик. Експериментот бил голем успех и претставувал сериозна основа за понатамошни истражувања во полето на машинското преведување. Тогаш, авторите на овој софтвер тврделе дека за 3-5 години, машинското преведување ќе биде решен проблем. Практичниот напредок во ова поле бил многу побавен, така по ALPAC извештајот во 1966 г., се востановило дека десетгодишните истражувања не вродиле со плод и не ги оствариле очекувањата. Со тоа финансирањето на ваквии проекти било значително намалено. На почетокот од 1980 г., како резултат на зголемената моќ на сметачите и нивната се помала цена, се зголемува и интересот за статистичките модели на машинско преведување. Идејата за користење на дигиталните сметачи за преведување на природните јазици била изложена на почетокот од 1946 г. од страна на Ендрју Доналд Бут (Andrew Donald Booth) и други. Џорџтаун експериментот секако дека е прва апликација од овој вид, а треба да се има предвид и демонстрацијата направена 1954 г. на APEXC машината на Биркбек колеџот за основно преведување од англиски на француски јазик. Објавени се неколку статии на оваа тема во некои популарни журнали (како например Wireless World, септември 1955, Cleave and Zacharov). Слична апликација, исто така направена за првпат на Биркбек колеџот во тоа време, била и апликацијата за читање и создавање на брајов текст со помош на сметач. Процес на преведување[уреди | уреди извор] Процесот на преведување може да се дефинира како: Во позадина на оваа едноставно опишана процедура лежи комплексна когнитивна операција. За да се декодира значењето на изворниот текст во целост, преведувачот мора да ги интерпретира и анализира сите својства на текстот, процес кој бара длабоки познавања на граматиката, семантиката, синтаксата, идиомите, и.т.н., на изворниот јазик, како и културата на неговите говорници. Преведувачот треба да има исти така длабоки познавања за да го ре-енкодира значењето на целниот јазик. Тука лежи предизвикот во машинското преведување: како да се програмира сметачот за да може да го "разбере" текстот како што тоа го разбира човекот, и ќе "создаде" нов текст во целниот јазик кој ќе "звучи" како да бил напишан од човек. Кон решевање на овој проблем може да се пристапи на различни начини. Пристапи[уреди | уреди извор] Машинското преведување може да се користи со методот кој се заснива на лингвистички правила, според кои зборовите би биле преведувани на лингвистички начин — најсоодветни (усно изговорени) зборови на целниот јазик кои ќе ги заменат оние во изворниот јазик. Честопати се расправало дека успехот на машинското преведување бара прво да се реши прболемот на разбирањето на природниот јазик. Општо, методите кои се засниваат на правила, го парсираат текстот, вообичаено создавајќи посредна, симболичка претстава, од каде во наредната фаза се создава текстот во целниот јазик. Со оглед на природата на посредната претсава, пристапот е опишан како меѓујазично машинско преведување или transfer-based машинско преведување. Овие методи бараат богати лексикони со морфолошки, синтаксни и сематички информации, како и голем број на правила. Ако има доволно податоци, програмите за машинско преведување честопати даваат задоволителни резултати за роден говорник на еден јазик да го свати приближното значење на тоа што било напишано од страна на другиот роден говорник. Проблемот е да се соберат доволен број на вистински податоци за да се подржи овој метод. Пример, голем мултијазичен корпус на податоци потребен за фунционирање на статистичките методи не е потребен за методите кои се потпираат на граматиката. Но тогаш, граматичките методи бараат вешт лингвист внимателно да ја дизајнира граматиката која се користи. За преведување помеѓу блиски јазици, може да се користи техниката наречена shallow-transfer машинско преведување. Видете исто така[уреди | уреди извор] - Споредба на апликации за машинско преведување - Вештачка интелегенција - Сметачка лингвистика - Универзален мрежен јазик - Сметачки потпомогнато преведување и Преведувачка меморија - Контролирани природни јазици - Историја на машинско преведување - Технологија на човечки јазици - Јазична пречка - Список на современи технологии - Список на истражувачки лаборатории за машинско преведување - Псевдопревод - Преведување - Преведувачка меморија - Универзален преведувач - Фразелатор - Мобилно преведување Забелешки[уреди | уреди извор] Наводи[уреди | уреди извор] - Cohen, J.M., "Translation", Encyclopedia Americana, 1986, vol. 27, стр. 12–15. (англиски) - Hutchins, W. John; and Harold L. Somers (1992). An Introduction to Machine Translation. London: Academic Press. ISBN 0-12-362830-X. http://www.hutchinsweb.me.uk/IntroMT-TOC.htm. (англиски) - Claude Piron, Le défi des langues — Du gâchis au bon sens (The Language Challenge: From Chaos to Common Sense), Paris, L'Harmattan, 1994. (англиски) Надворешни врски[уреди | уреди извор] |Викиуниверзитетот има учебни материјали за Topic:Computational linguistics| - Меѓународно Здружение за Машинско Преведување (International Association for Machine Translation (IAMT) (англиски) - Машинско преведување, вовед во МП од Д. Џ. Арнолд и останати. (1994) (англиски) - Machine Translation Archive од Џон Хатџинс. Електронско складиште (и библиографија) на статии, книги и документи во областа на машинското преведување и технологијата на сметачки потпомогнатото преведување (англиски) - Машинско преведување (сметачки потпомогнато преведување) — Изданија на Џон Хатчинс (вкучува и PDF на некои книги за машинско преведување) (англиски) - Машинско преведување и малцински јазици (англиски) - Џон Хатчинс 1999 (англиски) - Metrics for Evaluating Translation Memory Software (Докторска теза на Francie Gow од училиштето за Преведување и Интерпретација, Универзитет во Отава) (англиски)
fineweb-2
Врвот и падот во кариерата на Адриано Со Мајкл Џордан во ист ден е роден и еден, не знаеме дали да речеме легендарен бразилски фудбалер. Тоа е епитет кој требаше природно да му припадне, бидејќи од него се очекуваше да биде новиот Роналдо. На крајот излезе губитник, заврши во четврта лига, по што се појавија слики како се движи во сомнителни кругови. Бразилските фавели не се убаво место за живеење. Таму има многу сиромаштија, криминал и дрога. Тоа се места од каде потекнуваат дел од најдобрите фудбалери во светот како Роналдо, Ромарио и Зико. Но ако имаш голем талент за фудбал имаш два избори: Да останеш таму, да играш фудбал на улица и да продаваш дрога или да избегаш и да го искористиш потенцијалот на друго место. Адриано на почеток постапи правилно, но потоа се врати онаму каде што се роди, во дувлото на криминалот. ПРОФЕСИОНАЛНОТО ДЕБИ Адриано ја почна младинската кариера релативно доцна на 15 години, кога потпиша за Фламенго во 1997-ма (Нејмар почна на 11). Му требаа три години за да дебитира, а потоа брзо се наметна во првиот тим. Таму не остави некој силен впечаток, па по една сезона и пол потпиша за Интер кој го прати на позајмица во Фиорентина. По половина сезона следуваше трансфер во Парма каде конечно блесна. Се работеше за висок и многу снажен играч со силна левица и во таа прва сезона својот потенцијал го покажа со 17 првенствени голови. Морати не чекаше долго и на Млекарите им исплати околу 23 милиони евра, што за тоа време не беа малку пари. Врвот во неговата кариера може да се каже дека беа 2004-та и 2005-та кога освои Копа Америка како најдобар стрелец за Бразил, потоа Куп на Конфедерации исто така како прв стрелец, трофеи со Интер под водство на Манчини, како и 28 голови. По само две години, сè отиде во неповрат. Некои сметаат дека главната причина поради неговиот драстичен пад и однос кон фудбалот е смртта на неговиот татко по што пател од депресија. Без татко остана и Роналдо, но потоа стана посилен. ПАДОТ ВО ИГРАТА Дека повеќе не е истиот Адриано се виде во 2006-та кога постигна 10 голови помалку за Интер, а одигра и разочарувачко Светско првенство во Германија. Следната сезона почна да качува килажа и повеќе да оди по дискотеки отколку на тренинг. Интер на кратко ги испрати на позајмица во Сао Паоло, каде на моменти потсетуваше на старите денови, но кога се врати во Милано, стара песна. За три сезони постигна само 14 голови, што е доволен доказ дека не е повеќе доволно добар за Интер, особено не кај Жозе Мурињо кој ги прати во Фламенго. КАМ БЕКОТ НА АПЕНИНИТЕ Адриано во Фламенго се препороди и во првата сезона заби 19 погодоци со кои му помогна на клубот да ја освои титулата. На крајот на сезонава следуваше ново враќање во Италија, но овој пат во Рим каде го облече дресот на Рома. Тоа беше само мачење и за него и за клубот. Адриано повеќе не го биваше. Седум месеци – осум настапи, нула голови. Од тогаш собра вкупно 12 настапи за три клубови, Коринтијас, Атлетико Параненсе и Мајами Јунајтед. Во просек имаше по два настапи годишно, смешна и патетична статистика за некој кој професионално се занимава со фудбал. Мајами Јунајтед е неговиот последен клуб во кариерата кој е дел од четвртата лига во САД. За него нема ниту еден настап, а веројатно нема ниту да има. ЛОШ СОН Неговото повлекување од фудбалот немаше официјална потврда, а според последните извештаи кои излегоа од него минатата година, тој е вратен во бразилските фавели во доста сомнително друштво. Во секој случај, Адриано кој денеска полни 35 години имаше пад од епски размери. Од голема ѕвезда во Серија А, стана напаѓач во американската четврта лига од каде исчезна мистериозно. Последниот гол го постигна пред пет години за Коринтијас кога збесна од радост. Со оглед на проблемите со кои се соочувал, за што потврдува и Занети, можеби му беше потребна стручна помош од каде ќе добиеше совети како понатаму во животот и кариерата. Вака впечатокот за неговата кариера останува горчлив и му заврши како еден лош сон. Ова е негово вчерашно видео на Инстаграм
fineweb-2
Првоосомничениот Захир Бекири, чија сопруга е вработена во "Паркинзи на општина Центар", претпријатие кое функционира како место за згрижување на партиските војници на СДСМ, на полицијата ѝ е познат и пред откривањето на последната афера со личните карти. Зекири, нарекуван Чауш, по приведувањето е упатен да издржува казна затвор во времетраење од една година за кривично дело изнуда, последно дело што го извршил. Претходно, Бекири во девет наврати е пријавуван и кривично гонет. Осум дела за кои му се изрекувани и затворски казни, се поврзани со измами и фалсификување документи,пишува Телеграф. Неговиот брат Имер Бекири, кој е второосомничен за фалсификувањето лични карти, на полицијата оперативно ѝ бил познат за дела поврзани со нелегалната трговија со наркотици. Нему од страна на надлежниот судија на претходна постапка, како мерка за обезбедување, му е одземена патната исправа за да не може да ја напушти територијата на Република Македонија. Третоосомничениот Аднан Сума, кој има неколку фотографии во прегратки со технички назначениот министер Оливер Спасовски, во скопското подземје важи како прв и најдобар фалсификатор во државата. Против него во 19 наврати се поднесувани кривични пријави за најтешки дела. Меѓу делата што му се ставале на товар во минатото се пријава за убиство уште во 80-тите години, разбојништво, тешки кражби, кражби на возила, насилничко однесување, загрозување во тепачка со опасно орудие, обљуба или противправен блуд и други тешки кривични дела. Овие три лица се главните осомничени за организација на фабриката за продуцирање афери. Според сомнежите, тие го организирале скандалот со фалсификуваните лични карти кој неделникот "Фокус", близок до СДСМ, го објави неодамна. Ист таков скандал "Фокус" продуцираше и лани, со таа разлика што тогаш беа актуелни фалсификувани пасоши. Според информации објавени деновиве во медиумите, полицијата пресретнала и неколку фалсификати што требало да послужат за продуцирање нови афери. Така, порталот "Прес24" вчера објави сознанија дека вистинска фабрика за афери била "работилницата" на Захир Бекири. Како што објави порталот, тој заедно со повеќе лица бил задолжен да креира лажни афери, со цел намалување на рејтингот на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ. Бугарски пасоши Според информациите на "Прес24", групата подготвувала и други афери што требало да бидат објавени пред изборите, за да се урива рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ. Извори од истрагата рекле дека досега биле проверени само 10 отсто од обемниот доказен материјал. Според она што било најдено таму, групата подготвувала и фалсификувани бугарски пасоши со имиња на државни функционери. Целта била тие да се објават пред изборите и да се обвинат функционерите дека извадиле пасош од друга држава за да може да се влијае на гласачите и да се намали нивниот рејтинг. Швајцарски сметки Во компјутерите на осомничените биле пронајдени и урнеци за банкарски трансакции од швајцарски банки. Според "Прес24", целта била во овие урнеци да се вметнат имиња и податоци на високи државни функционери и милионски суми. Потоа, тие фалсификувани урнеци би се испратиле до медиумите што ги контролира опозицијата за да може да се обвинат државните функционери дека префрлале десетици милиони евра во швајцарски банки, објави "Прес24".
fineweb-2
Работната група за уставни измени, составена од претставници на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Нова демократија, во понеделник треба да го продолжи со разгледување на предлог измените на Уставот. Тие се договориле до утре да ги разменат предлозите подготвени во вид на амандмани заедно со првичен одговор за предлозите на другите политичките партии. На вчерашната прва средба на работната група биле изнесени експертски ставови во врска со партиските предлози за уставните измени.
fineweb-2
Собранието денеска по скратена постапка ги донесе измените на Законот за употреба на знамињата на заедниците во Македонија. Иницијативата за измените на Законот ja поднесоа пратеници на ДУИ. За измените гласаа 63 пратеници, 40 беа против, а воздржани немаше. Од присутните 22 припадници на помалите етнички заедници согласно бадентеровиот принцип на гласање, за гласаа 17, а 5 беа против. Измените на Законот за употреба на знамињата на заедниците предвидуваат локалните самоуправи, во кои над 50 отсто од населението се припадници на заедницата, да може го истакнуваат нивното знаме заедно со државното на објектите од јавен и локален карактер. Се предвидува, исто така, државното знаме да биде една третина поголемо од другите знамиња. Знаме на заедницата ќе се истакнува при официјална посета на висок претставник на меѓународната заедница и во денови на одржување манифестации од локален и меѓународен карактер.
fineweb-2