text
stringlengths 205
626k
| source
stringclasses 1
value |
---|---|
Плановите изготвени од европските влади за намалување на нивните буџетски дефицити, според Комисијата се премногу оптимистички. Според евро комесарот за економски и финансиски прашања Оли Рен, како што пренесува Вол Стрит Журнал, стратегиите на 14 земји на Еврозоната ,вклучувајќи ги Германија, Франција, Италија, Велика Британија и Шпанија, се базирани врз поволни макроекономски претпоставки по 2010 година кои можеби нема да се остварат.
Комисијата, исто така, изрази загриженост дека плановите за намалување на дефицитот од следната година на многу влади не се доволно специфични поради што во прашање е нивната примена во практика. Цел на ЕК е да се обезбеди владите да се придржуваат кон лимитот од 3 насто буџетскиот дефицит и да преземат активности за да се намали државниот долг на 60% од Бруто Домашниот Производ.Што може ЕК да направи?
Комисијата е беспомошна во присилувањето на владите поради институционална слабост поврзана со грчката должничка криза. Парични казни се можни за владите доколку не се продржуваат до договореното, но никој не добил казна веќе 10 тина години откако еврото се воспостави како заедничка валута. Грчката криза пак многумина во Европа налути, така што во јавноста се споменува и барањето за исклучување на земјите кои не ги почитуваат правилата.
Во иднина треба да се овозможи, како последна мерка, исклучување на земја од евро - зоната доколку не ги исполнува условите повторно и долгорочно...
"Во иднина доколку треба да влеземе во Лисабонскиот Договор и да се овозможи, како последна мерка, исклучување на земја од евро зоната доколку не ги исплнува условите повторно и долгорочно. Инаку соработката е невозможна".
Германскиот канцелар Ангела Меркел - обраќање во Бундестагот
изјави неодамна во Бундестагот германскиот канцелар Ангела Меркел. Фактите од друга страна укажуваат дека само Бугарија и Естонија планираат да ги задржи своите буџетски дефицити во рамките на ЕУ проекциите од 3 насто дефицит што е поставена цел за следните четири години, соопшти Европската Комисија. Дури и Германија, сметана како буџетски дисциплинирана земја ги базирала своите проекции врз малку поволни економски проекции, се вели во соопштението. Нејзиниот буџетскиот дефицит би можел да биде поголем отколку што се очекуваше, бидејќи нејзината консолидација не беше доволно специфична и бидејќи најавеното намалување на даноците не било подмирено со намалување на буџетот. Германскиот дефицит се предвидува да порасне до 5.5 насто од бруто домашниот производ од 3,2% колку што беше во 2009 година.
Шпанија, Италија и Франција, исто така, направија поволни претпоставки за економското заздравување кои, пак, може и да не се остварат.
Отсуството на детално определени граници за трошење е извор на несигурност, соопшти Европската Комисија. | fineweb-2 |
Либискиот претседател Моамер ел Гадафи, кој од вчера престојува во дводневна посета на Италија, поради одбележувањето на втората годишнина од потпишувањето на договорот за италијанско-либиско пријателство, денеска по залезот на сонцето ќе се сретне со италијанскиот премиер Силвио Берлускони. Поради муслиманскиот свет месец Рамазан, Гадафи пости цел ден.
Шаторот на либискиот претседател е сместен во дворот на резиденцијата на либискиот амбасадор во Рим. | fineweb-2 |
Членови на долниот дом на казахстанскиот парламент, побараа од претседателот Нурсултан Назарбаев да го распушти собранието.
Вако потег ќе доведе до предвремени избори, на кои и некоја друга партија ќе влезе во Парламетнот во кој сите пратеници се од владејачката партија Нур Отан. Со промените во изборниот законик, второпласираната партија има загарантирани места во Парламентот, дури и ако освои помалку од прагот од 7 отсто од гласовите. Петицијата до претседателот ја потпишале 53 од 107 пратеници. Тие бараат да се одржат избори, пред "новиот бран" од светската економска криза да ја погоди замјата. Наредните избори се предвидени за август 2012 година. Според меѓународните набљудувачи, во Казахстан досега не се одржани фер и демократски избори. | fineweb-2 |
Фер, слободни и демократски - вака ги окарактерираа претседателските избори во САД претставниците на набљудувачката мисија на ОБСЕ. Минале во мирна атмосфера и без нарушување на редот, иако биле регистирани големи редици на некои гласачки места, што придонело за мешаници, велат од ОБСЕ. Организацијата распореди 100 набљудувачи од 20 држави на изборните места ширум САД.
Жоао Соарез, пратеник во португалскиот парламент и шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ за претседателските избори во САД,
за Гласот на Америка
коментира: "Два збора – изборите беа слободни и фер. Нивниот изборен систем е тежок за разбирање во споредба со европските, но функционира".
"Два збора – изборите беа слободни и фер.
Португалскиот претставник не забележал поголеми потешкотии во изборниот процес.
"Немаме извештаи од теренот за големи прекршувања на изборниот процес за време на гласањето во САД. Регистиравме незначителни прекршувања, што се присутни кај сите земји во светот", рече Соарез.
Американскиот сенатор Бен Кардин акцентираше дека Мериленд, за прв пат во историјата на оваа сојузна држава, спровел процес на рано гласање, што наишло на голем одзив меѓу гласачите.
Тој и останатите членови од ОБСЕ ги отфрлија извештаите во руските медиуми дека имало голем број случаи на прекршувања на меѓународните стандарди за изборниот процес.
Но, ОБСЕ оцени дека финансирањето на политичките кампањи од приватни извори има потенцијал негативно да влијае врз праведноста на изборниот процес.
За претседателските избори во САД, преку директни донации од приватни лица или од корпорации биле собрани четири милијарди долари. Севкупно, двата политички табора во кампањата, републиканскиот и демократскиот, за изборите потрошиле шест милијарди долари, со што овој изборен процес стана најскапиот во историјата на САД. | fineweb-2 |
Изградено е на 134 квадратни метри и има три училници и санитарни јазли. Инвестицијата е вредна 4.700.000 денари.
Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски истакна дека пред девет месеци на тоа место беше поставен камен-темелникот за изградба на новата училишна зграда, а веќе денеска, како што рече, се отвора современ објект во кој учениците ги имаат сите услови за нормално одвивање на редовната настава.
– Ако пред некој ден отворавме училиште за 500 или 600 ученици во населбата Кисела Вода во Скопје, денеска отвораме училиште за 21 ученик во село Покрајчево, што за нас е основна интенција и начин да ги поддржиме општините и да ги поддржиме помалите населени места преку изградба на што поголем број училишта. Ова е само потврда дека како Влада продолжуваме да инвестираме секаде и во соработка со општините, каде што навистина имаме потреба да ги задржиме нашите граѓани во своите родни места, рече Ристовски.
Тој истакна дека како министерство се задоволни од соработката со Општина Радовиш, бидејќи ова е четврто училиште, односно капитален објект, што се пушта во употреба.
– Истовремено, како Влада имаме инвестирано во комплетна изградба на нова спортска сала во рамки на проектот за изградба на 145 спортски сали. Како Влада и како Министерство ќе продолжиме со поддршка на општина Радовиш, додаде Ристовски.
Градоначалникот на Радовиш Сашко Николов истакна дека е задоволен од поддршката која ја добиваат од Владата и од Министерството за образование и наука бидејќи, како што рече, од темел се изградени четири училишта, како и нова спортска сала во ООУ "Крсте Петков Мисирков".
– Имаме и изградба на мултифункционални терени во рамки на ООУ "Никола Карев" и гимназијата во Општина Радовиш и навистина немаме сегмент од образовниот систем каде што можеме да кажеме дека ни е слаба алка или недостаток. Нам ни останува само ова понатаму да го надградуваме и да го сочуваме, рече Николов. | fineweb-2 |
Престижната манифестација "Златен глобус" официјално ја отвори сезоната на филмските награди.
74-тото по ред доделување беше одржано во хотелот "Беверли Хилтон" каде присуствуваа големите холивудски ѕвезди како звучни имиња од светот на шоу бизнисот. Целата гламурозна свеченост беше во знакот на светкавите тоалети кои беа во центарот на вниманието, додека исто така тоалетите во жолта, беж и розова боја беа најзастапени. Модните критичари и публиката го прогласија фустанот на младата актерка Хејли Стејнфилд со потпис на легендарната Vera Wang , за еден од најубавите фустани кои "прошетале" по црвениот тепих. Помеѓу најдобрите беа прогласени и божествено златните тоалетати на Пријанка Чопра со потпис на Ralph Lauren и Софија Вергара,Лили Колинс и Оливиа Кулпо во Zuhair Murad.. | fineweb-2 |
Стотици демонстранти почнаа да кампуваат во Лондон, Франкфурт и во Амстердам, најавувајќи дека дека ќе останат подолго време, како дел од кампањата против корпорациската алчност и буџетските кратења. Трите кампови во финансиските квартови на секој од градовите се појавија еден ден по протестите што се одржаа во 80 земји, а кои беа инспирирани од движењето "Окупирај го Вол Стрит" што почна во САД. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, ги повика политичарите да ја примат пораката од демонстрантите. | fineweb-2 |
Американскиот државен секретар Џон Кери отпатува за Јужна Кореја со цел да и пружи поддршка на земјата и на другите регионални сојузници поради зголемените тензии за нов ракетен тест на Северна Кореја. Кери ќе се сретне со претседателката Парк Гун Хе и со министерот за надворешни работи Јун Биунг Се. | fineweb-2 |
Исклучиво интересната и шармантна Мартина Димоска (Марта Девилиш) е личност што плени со секој сегмент од себе си.
Ова е девојка која ќе ве остави без здив од моментот кога ќе ја погледнете.
Нејзината различност и специфичност се достојни за почит и восхит, и фасцинира со секоја нејзина насмевка.
Но покрај нејзината убавина, таа има спиритуална и емотивна свест, и е жив доказ дека убавината и паметот сепак можат да одат заедно. Таа е токму онаа девојка кај која убавината привлекува а карактерот задржува!
Девојка која се восхитува на пинап девојките и нивните облини, на гламурот на холивудските диви од минатиот век и целиот раскош кој го носи со себе vintage-от. Исто така ги обожува викторијанската ера и пост-апокалиптичните времиња, така да нејзините дневни креации и стил варираат од тоа "Во кој век се разбудила" и најчесто се облекува онака како што се чувствува.
Како и да е секогаш е креативна, инспиративна и просто неодолива...
Големината на нејзината харизма, елан и живост, ја градат во трудољубив искрен човек кој во своето професионално резиме има оставено доста успеси и живописна историја.
Студентка е на Технолошко-Металуршкиот Факултет во Скопје и студира Инженерство на материјали и нанотехнологија, каде е стипендист со врвен просек.
Покрај љубовта кон науката таа има огромна пасија кон уметноста, каде припаѓа и модата и актерството. Досега најголемо признание во светот на филмот е успешниот кастинг на Game of Thrones која е и една од нејзините омилени серии. На полето на модата и фотографијата таа е редовно активна и соработува со многу креативни фотографи и уметници во Македонија.
Има многу хобија и интереси и е доста разноврсна, но ги практикува периодично или кога/како може. Најмногу и стагнира гејмингот годинава и нема воопшто време за нејзините омилени fps и rpgигрици , и сите нејзини омилени филмови од полето на хоророт, научната фантастика и фантазијата, како и читањето романи и дела.
Но како што таа самата веи – Мора да се има скала на приоритети, а со голема моќ доаѓа и голема одговорност. Па затоа факултетот и е на првото место, како и семејството и блиските, а фотомоделството едно од посериозните хобија. Како и да е, ова е доста квалитетна и необична девојка, девојка со многу добар, специфичен вкус на музика, девојка на која Македонија може само да се гордее.
|lookbook »| | fineweb-2 |
Прованса
||Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија.
Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски.
Прованса (француски: Provence; провансалски: Provença) е регион во југоисточна Франција на Медитеранот, кој се граничи со Италија. На регионот Прованса се простираат департаментите Вар, Воклиз , Устие на Рона, Горнопровансалски Алпи, Приморски Алпи и Горни Алпи. Римјаните овој регион го нарекле Нарбонска Галија или Галија Трансалпина, прва римска провинција која не се простирала на Алпите. Оттука го добила и името.
Содржина
Историја[уреди | уреди извор]
Праисторија[уреди | уреди извор]
Најраните живеалишта во Европа се наоѓаат на брегот на Прованса. Примитивните камени алатки пронајдени во Грот ду Валоне, во близина на Рокебрун-Кап-Мартин помеѓу Монако и Ментон, датираат од 1-1,5 милион години п.н.е. Пософистицирани камени алатки обработени од двете страни се пронајдени во пештерата Ескале на Св. Естев-Џансон, а датираат од 600.000 години п.н.е. Првите огништа пронајдени на Тера Амата во Ница датираат од 400.000 години п.н.е. Во пештера во Жарден Егзотик во Монако се пронајдени алатки од средниот палеолит ( 300.000 години п.н.е.) и од горниот палеолит ( 30.000 – 10.000 години п.н.е.).
Во Прованса, за време на палеолитскиот период се забележува климатска промена, со доаѓањето и заминувањето на две ледени доби и драматични промени на морското ниво. Во почетокот на палеолитскиот период, во западен Прованса, морското ниво било 150 метри повисоко од денешното. Кон крајот на палеолитот тоа опаднало 100 до 150 метри во споредба со ова денес. Пештерните живеалишта на првите жители на Прованса ги преплавило зголемувањето на морското ниво или ерозијата ги уништила. Со промените на морското ниво се забележале најзначајните откритија за постоење на луѓе во Прованса. Во 1985 година, нуркачот Хенри Коскер ја пронашол подморската пештера која се наоѓала 37 метри под површината на Каланк де Моржиу во близина на Марсеј. Влезот водел до пештерата над морското ниво. Внатре на ѕидовите на пештерата има цртежи од бизони, фоки, пингвини, коњи и отпечатоци од човечка рака кои датираат од 27.000-19.000 години п.н.е.
Кон крајот на палеолитот и почетокот на неолитот, морското ниво изнесувало како ова денес, а се забележало и затоплување на климата, но и исчезнување на шумите. Со исчезнувањето на шумите и елените, жителите на Прованса морале да преживуваат хранејќи се со зајаци, полжави и диви овци. Во околу 6000 година п.н.е. Кастелновијанците биле првите луѓе кои ги припитомиле дивите овци и ги спречиле постојаните преселби. Оттогаш тие се населите на едно место. Тие биле во можност да развиваат нови индустрии. Во околу 6000 година п.н.е инспирирани од увозната грнчарија од источниот Медитеран, тие ги создале првите глинени садови во Франција.
Околу 6000 година п.н.е., бран на нови доселеници од истокот, Часејците, пристигнале во Прованса. Тие биле фармери и воини кои постепено ги исселиле првите луѓе од нивните живеалишта. Друг бран на луѓе се заблежал во 2500 година п.н.е. исто така фармери, познати како Куронејци, кои дошле преку море и се населиле на островот, кој денес е познат департамент Устието на Рона. Траги од оваа рана цивилизација може да се забележат во многу делови на Прованса. Во 6000 година п.н.е во Марсеј, близу железничката станица Св. Чарлс е пронајдено неолитско место.
Лигурци и Келти[уреди | уреди извор]
Во периодот од 10 до 4 век п.н.е. Лигурците живееле во Прованса, од Марсеј па се до денешна Лигурија. За нивното потекло нема конкретни податоци. Тие можеби се потомци на домородните неолитски луѓе. Страбон изјавил дека тие немале келтско потекло, но не биле различна раса од Галите. Тие немале своја азбука. Местата во Прованса именувани на нивниот јазик завршуваат на суфиксите аск, оск, инк, атес и ауни. Географот Посидониос напиша за нив: " Нивната земја е варварска и дива. Земјата не е ровка, затоа и не можеш да засадуваш ништо. Човекот недостатокот на жито го надокнадува со ловот... Тие се искачуваат на планините како кози. Тие биле воинствени. Тие во 4 век п.н.е. ја освоиле Италија се до Рим. Денес, траги од Лигурците има во источен Прованса во долмените и праисториските камен споменици, во примитивните камени засолништа наречени " борис " кои се наоѓаат во Луберон и Комтат и на камените резби во долината на чудата, која се наоѓа во близина на Мон Бего во Приморските Алпи на надморска височина од 2000 метри. Од 8 до 5 век п.н.е. келтски племиња од Централна Европа започнале да се доселуваат во Прованса. Тие имале жележни оружја со кои многу лесно се бранеле од локалните племиња , кои пак користеле бронзени оружја. Племето наречено Сегобрига биле населени близу денешен Марсеј. Племињата Катуриже, Трикастин, Каваре се населиле западно од реката Дуранс.
Келтите и Лигурците најверојатно ја делеле територијата на Прованса. Секое племе имало своја долина долж реката, свој крал и династија. Тие изградиле тврдини и населби, а подоцна им го дале латинското име опида. Денес во Вар има околу 165 вакви населби и тврдини, а 285 во Приморските Алпи. Во 5 и 4 век п.н.е. , некои племиња формирале конфедерации. Воконците формирале конфедерации од Изер до Воклиз, Каварите во Комтат и Салвен, од реката Рона се до Вар. Племињата започнале трговија долж Рона со железо, сребро, алабастер, мермер, злато, смола, восок, мед и сирење. Подоцна Етрурците започнале со трговија на островот. Етрурски амфори од 7 и 6 век п.н.е. се пронајдени во Марсеј, Касис и тврдината во регионот.
Грци[уреди | уреди извор]
Во 7 век п.н.е. на брегот во Прованса дошле трговци од Родос. Грнчаријата донесена од Родос може да се најде во Марсеј, во близина на Мартиг и Истре, но и на планините Гару и Евено во близината на Тулон. Трговците на градот му го дале античкото име Роданузија, а пак на денешна Рона античкото име Роданос.
Во 600-та година п.н.е, грчки колонисти од Фокеја го освоиле Марсеј. Вториот бран на освојување бил во 540 година п.н.е. кога Персијците ја уништиле Фокеја.
Тогаш Марсеј бил еден од најголемите трговски пристаништа. Во 4 век п.н.е. имал популација од 6000 жители, кои живееле на површина од 50 хектари опколена со ѕид. Со Марсеј, како аристократска република, управувало собрание од 600 најбогати граѓани. На едниот крај од градот имало изградено храм во чест на Аполо од Делфи, а на другиот крај во чест на Артемис од Ефесус. Галите ги користеле монетите драчма, ковани во Марсеј. Трговците од Марсеј тргувале во Галија, Швајцарија, Бургунди па се до север на Балтичкото море. Тие извезувале сопствено производство: вино, свинско месо и риба, ароматични и лековити растенија, корали и корк.
Марсејците на брегот основале мали колонии и трговски места кои подоцна постанале градови. Тие ги основале градовите: Цитариста, Торис, Олбиа, Пергантион, Какабариа, Атенополис, Антиполис, Никаја, Монокос, Гланом и Мастрабаија.
Најпознатиот граѓанин на Марсеј бил математичарот, астрономот и навигаторот Питеј. Тој ја воспоставил речиси точната географска ширина на Марсеј и прв го објаснил потеклото на плимата и осеката. Во периодот од 330 до 320 година п.н.е. организирал експедиција со брод во Атлантикот се до северна Англија каде ги посетил Исланд , Шетланд и Норвешка. Иако се надевал дека ќе започне трговија со калај од Корнвол, не успеал. Марсејците повеќе заработувале од трговијата со Севверна Европа.
Римски период[уреди | уреди извор]
Во 2 век п.н.е. Марсејците побарале помош од Рим против Лигурците. Римските легии три пати го нападнале Прованса. Во 181 година п.н.е. , Римјанити ги задушиле лигурските востанија во близина на Џенова. Во 154 година п.н.е. , Римскиот конзул Оптимус ги поразил Оксибил и Децијат , кои го напаѓале Антиб. Во 125 година п.н.е. , го задушиле востанието на здружените келтски племиња. По оваа битка Римјаните одлучиле трајно да се населат во Прованса. Во 122 година п.н.е. до градот Ентремонт, Римјаните изградиле нов град Aquae Sextiae, подоцна наречен Екс-ан-Прованса. Во 118 година п.н.е. ја основале Нарбона.
Во 102 година п.н.е. последниот сериозен отпор го направил римскиот генерал Гај Марије со поразот над Цимбрите и Теутонците. Потоа тој започнал да гради патишта со цел да ги олесни движењето и трговијата со Рим, Шпанија и Северна Европа. Едниот пат водел од брегот кон Апта и Тараскона, а другиот водел долж брегот на Италија до Шпанија, кој минувал низ Фрејус и Екс-ан-Прованса. Во 49 година п.н.е. Марсеј го избрал Помпеј за свој водач. Нажалост Помпеј бил поразен и Марсеј ги изгубил своите територии и своето политичко влијание. Во меѓувреме, римските ветерани населиле два нови града, Арл и Фрејус каде Грците порано живееле.
Во 8 век п.н.е. цар Август изградил триумфален споменик во Ла Турбиу со цел да оддаде почит за мирот во регионот. Тогаш започнало и покатоличувањето на Прованса на политички и културен план. Римски инжењери и архитекти изградиле споменици, театри, бањи, вили, арени, аквадукти, некои од овие се уште постојат. Римските градови биле изградени на Кавајон, Оранж, Арл, Фрежус, Гланум, Карпентра, Везо ла Романи, Нимес, Вернегу, Сен Шама и Симиеажз.. Римската провинција Нарбонезис, со главен град Нарбо ( денешна Нарбона ) се простирала од Италија се до Шпанија од Алпите до Пиринеите.
Мирот во Прованса траел се до средината на 3 век. Во 257 и 275 година, германските племиња го нападнале Прованса. На почетокот на 4 век, римскиот император Константин бил присилен да ја премести својата престолнина и да се засолни во Арл. Кон крајот на 5 век, римските сили во Прованса ослабнале, а започнале инвазиите, војните и хаосот.
Навлегувањето на христијанството во Прованса ( 3-6 век )
Постојат повеќе легенди за раното христијанство во Прованса кои се уште не може да се потврдат. Се смета дека во 3 и 4 век во Прованса имало добро организирани цркви и бискупи. И тоа во римските градови Арл ( 254 година ), Марсеј, Оранж, Везон и Апт ( 314 година ), Кавејон, Дињ, Ембрун, Гап и Фрежус ( крај на 4 век ), Екс-ан-Прованса ( 408 година ), Карпентра, Авињон, Риез, Симиез и Венс ( 439 година ), Антиб ( 442 година ), Тулон ( 451 година ), Сенез ( 406 година ), Сент Пол- Троа-Шато ( 517 година ) и Гландеве ( 541 година ). Најстарата христијанска градба во Прованса, која датира уште од 5 век и која се уште постои, е крстилницата на катедралата во Фрежус. Во 5 век биле изградени и првите два манастири, Леринс на остров близу Кан и Сент Виктор во Марсеј.
Германски инвазии, Меровинзи и Каролинзи ( 5 – 9 век )
На почетокот од втората половина на 5 век, со самото ослабување на римските сили, германските племиња навлегле во Прованса и тоа Визиготите во 480 година, потоа Остроготите и Бургундите, а во 6 век Франките. На почетокот на 7 век, од Северна Африка на брегот на Прованса се населиле арапски освојувачи и берберски пирати.
За време на овој хаотичен период, со Прованса управувале наследниците на Чарлс Мартел, кралеви од Меровиншката династија, потоа кралеви од Каролиншката династија, кои потоа станале дел од империјата на Шарлемањ ( 742-814 година ). Во 879 година, по смртта на владетелот на каролинзите Чарлс Келавиот, Босо се одделил од кралството на Каролинзите и станал првиот владетел на независен Прованса.
Грофовите на Прованса ( 9-13 век )
Во периодот на средниот век, со Прованса владееле три различни династии. Тогаш Прованса станал силен противник на каталонските владетели од Барселона, кралевите на Бургунди, германските владетели и анжевинските владетели на Франција.
Наследници на кралот на Прованса биле Босонидите. Синот на Босон, Луис Слепиот, го изгубил видот во обидот да го освои тронот на Италија. Потоа, неговиот братучед, Хју од Италија станал војводата на Прованса и грофот на Виена. Тој престолнината ја преместил во Арл, а Прованса станала феод на Рудолф II од Бургунди.
Во 9 век, арапските пирати го окупирале Прованса. Норманите го ограбиле регионот и заминале, а Сарацените изградиле замоци и започнале да извршуваат напади и да ги држат локалните жители како заложници. Во 973 година, Сарацените го заробиле Меул, авата на манастирот во Клини и го држеле како заложник. Луѓето од Прованса платиле за слободата на авата. Тие биле предводени од грофот Вилијам I кој ги поразил Сарацените во битката во Туртур, во близина на нивната тврдина Фраксинет. Сарацените кои ја преживеале битката биле крстени, а потоа станале робови. Други пак избегале од регионот на Прованса. Во меѓувреме, расправиите продолжиле. Во 1032 година, со војната која што се водела помеѓу Рудолф III од Бургунди и германскиот император Конрад, Прованса станал феудален имот на светата Римска Империја и тоа се до 1246 година.
Во 1112 година, последниот наследник на Босон, грофицата од Прованса Дус I се омажила за грофот од Барселона, Рамон Беренгер III кој потоа станал Рејмонд Беренгер I, гроф од Прованса. Тој владеел со Прованса од 1112 година до 1131 година. Неговите наследници пак, владееле со Прованса до 1246 година. Во 1125 година Прованса бил поделен. Грофот од Тулуз го добил северниот и западниот дел од реката Дуранс, а грофот од Прованса го добил земјата меѓу реката Дуранс и Медитеранот и од реката Рона до Алпите. Главниот град на Прованса бил преместен од Арл во Екс-ан-Прованса, а подоцна во Брињол.
Во Прованса, за време на владеењето на каталонската династија, 12-от век е одбележан со изградба на значајни катедрали и манастири. Овој романски стил ги обединил Гало-римските стилови од по долината на реката Рона со стилот на Ломбард од Алпите. Катедралата Екс била изградена на стариот римски плоштад, потоа обновена во готски стил од 13-от и 14-от век. Црквата Св.Трофим во Арл изградена помеѓу 12-от и 15-от век, е вистински симбол на романската архитектура. Манастирот Монтмажур бил изграден на еден остров северно од Арл, а бил главна дестинација на аџиите од средниот век.
Во 12-от век биле изградени три цистерцитски манастири во предградија на Прованса, далеку од политичките интриги на градовите. Манастирот Сенанк бил првиот манастир изграден во Луберон во 1148 година и 1178 година. Во 1160 година, бил изграден манасирот Торонет во една долина близу Драгињан. Во 1175 година, по долината на реката Дуранс бил изграден манастирот Силвакан.
Во 13-от век, француските кралеви од династијата Валоа започнале да склопуваат бракови со цел да го зајакнат своето влијание во Јужна Франција. Алфонс, гроф од Поату, се оженил со наследничката на Жоан кој бил гроф од Тулуз. Луис IV се оженил со Маргарит од Прованса. Во 1246 година, Чарлс грофот од Анжу и најмалдиот син на Луис VIII, се оженил со Беатрис, наследничката од Прованса. Прованса се сродил со династијата Анжевин и кралството од Неапол.
Папите во Авињон ( 14 век )
Во 1309 година папата Клемент V, кој потекнувал од Бордо, се преселил во римокатоличкото папство во Авињон. Од 1309 година до 1377 година, седум папи владееле со Авињон. После нив се до 1423 година со Авињон владееле тројца антипапи и истата година Папството било вратено во Рим. Од 1334 година до 1363 година папата Бенедик XII ја обновувал старата папска палата во Авињон, а пак Клемент VI изградил нова палата. Палатата на Папите била најголемата готска палата во Европа.
14-от век бил тежок период за Прованса. Во Прованса живееле околу 400.000 жители. Црната Смрт ( [PHONE] ) убила половина од населението во Арл, а со тоа се намалила и популацијата во целиот регион. Поразот на француската армија, за време на Стогодишната војна, довел до изградба на тврдини и кули во градовите во Прованса и тоа со цел да се заштитат од армиите на поранешните војници кои ги опустошиле селата.
Анжевинските владетели од Прованса исто така прежвеале тежок период. Група од благородници, свештени лица и владетели од Прованса се здружиле во борба против кралицата од Неапол Јована I ( [PHONE] ). Во 1382 година нејзиниот братучед и наследник, Карло III , ја убил и започнал нова војна. Во 1388 година, оваа војна довела до поделба на Ница, Пугет-Тениер и Барселонет од Прованса. Од 1388 година до 1526 година името на новата област гласело Новата земја на Прованса. А по 1526 година официјално го добила името Провинција на Ница.
Последниот владетел на Прованса, добриот крал Рене
15-от век забележа низа на војни помеѓу кралевите од Араго и грофовите од Прованса. Во 1423 година армијата на Алфонс од Арагон го освоиле Марсеј, а во 1443 година Неапол, а кралот Рене I од Неапол бил принуден на бегство. Тој најверојатно пребегнал во Прованса.
Според легенди и кажувања Рене бил наречен " Добриот крал од Прованса ". Последните десет години од неговиот живот ги минал во Прованса ( [PHONE] ), а неговите политички погледи за територијално проширување биле скапи и неуспешни. Се зголемил наталитетот и економското проширување во Прованса, а Рене бил покровител на уметниците Николас Фромент и Луис Бреа. Рене го доизградил замокот во Тараскон на реката Рона.
По смртта на Рене во 1480 година, на негово место доаѓа неговиот внук Карло IV. Една година подоцна починал и Карло а негов наследник бил Луис XI од Франција. Во 1486 година, Прованса официјално се приклучува на францускиот кралски имот.
Од 1486 година до 1789 година
Нешто подоцна откако Прованса стана дел од Франција стана учесник во Војната на Религиите. Меѓу 1493 година и 1501 година, многу Евреи биле избркани од нивните домови, а побарале засолниште во Авињон, кој се уште бил под директна власт на Папата. Во 1545 година, парламентот на Екс донел одлука за уништување на селата во Луберон: Лурмарин, Мериндол, Кабриер, бидејќи жителите биле Валдензи со Пиемонтско потекло од Италија. Овие жители не се сметале како православни католици. Поголем дел од населението на Прованса биле католици, имало една енклава на протестанти кои потекнувале од Оранж и Воклиз која била предводена од принцот Вилем. Во 1544 година била создадена Оранската династија на која и припаѓал принцот Вилем, а оваа династија станала дел од Франција во 1673 година. Од 1573 година до 157 8 година, католичкиот сојуз извршувал опсада на протестанскиот град Менербе во Воклиз. Војните траеле се до 16 век, со консолидација на власта во Прованса од страна на династијата Бурбони.
Полунезависниот парламент на Прованса во Екс и особено Марсеј продолжиле со бунтувања против Бурбонските кралеви. По востанијата во [PHONE] година и [PHONE] година, младиот крал Луис XIV изградил две тврдини . тврдината Св. Жан и тврдината Св. Никола, изградени на влезот за да имаат контрола на нескротливото население.
На почетокот на 16 век, кардиналот Ришелје во Тулон започнал со изградба на фабрика за оружје и бродоградилиште, кое служело како база на новата француско-медитеранска флота. Министерот на Луис XIV, Жан-Батист Колбер ја проширил оваа база, а од неговиот воен инжињер Вобан побарал полномошно за да ја зајакне тврдината околу градот.
На почетокот на 17 век, Прованса имал популација од 450.000 жители. Населението претежно живеело во руралните предели каде одгледувало жито, вино и маслинки и каде имало мали индустрии за производство на кожа, грнчарија, парфеми, бродови и чамци. Килтовите произведени во 17 век, успешно се продавале во Англија, Шпанија, Германија, Италија и Холандија. На брегот и долж реката Рона успех бележела трговијата. Во Марсеј, Тулон, Авињон и Екс-ан-Прованса биле изградени булевари и извонредно декорирани приватни куќи. На почетокот на 18 век во Прованса се забележала економска криза која траела се до владеењето на Луис XIV. Од 1720 година до 1722 година, започнувајќи со Марсеј чумата убила околу 40.000 луѓе. Кон крајот на 18-от век се развиле многу индустрии за оружје, во Грас се произведувале парфеми, во Екс и Алпиље се произведувало маслиново масло, во Оранж, Авињон и Тараскон се изработувал текстилот, а во Марсеј, Апт, Обањ и Мустиер-Сант-Мари се произведувала грнчаријата. Најмногу имиганти имало од Лигурија и Пиемонт во Италија. На крајот на 18 век, Марсеј бил трет по големина град во Франција со популација од 120.000 жители.
За време на француската револуција
Освен Марсеј, Екс и Авињон, во поголемиот дел од Прованса населението живеело во рурална и конзервативна средина и повеќето биле монархисти. Од времето на француската револуција потекнуваат истакнатите личности : од Екс – Оноре Габриел Рикети, гроф од Мирабо, кој се обидел да ја смири револуцијата и да ја претвори Франција во уставна монархија како Англија, од Лакост во Луберон потекнува Маркиз де Сад, кој бил заменик во Народното собрание, од Марсеј потекнува Карло Жан Мари Барбару, кој испратил батаљон од волонтери во Француската револуционерна армија и Емануел-Жозеф Сијес ( [PHONE] ) игумен, есеист, политички лидер, еден од водечките теористи на Француската револуција, францускиот конзулат и првата француска империја, кој во 1799 година бил иницијатор на државниот удар во Брумер, со што во 1795 година на власт го донел Наполеон.
Под власта на Наполеон I
Наполеон им ги вратил личните работи и правата на семејствата кои ги изгубиле за време на стариот режим во Прованса. Британската флота на адмиралот Хорејшио Нелсон го блокирал Тулон и речиси сета крајбрежна трговија била прекината, со што се предизвикале тешкотии и сиромаштија. Во Прованса се славел поразот на Наполеон. На 1-ви март 1815 година, Наполеон избегал од Елба во Голф-Хуан. За време на неговото бегство тој ги заобиколил градовите на Прованса, бидејќи биле непријателски настроени кон него.
Прованса во 19-от век
Во 19-от век Прованса доживеал просперитет. Со проширувањето на француксата империја во Северна Африка и Истокот, нешто подинамично во 1869 година по отварањето на Суецкиот канал, пристаништата во Марсеј и Тулон се поврзале со пристаништето во Прованса.
Во 1859 година, Наполеон III склучил таен договор со Кавур, Премиерот на Пиемонт, со цел Франција да учествува во прогонството на Австрија од Италијанскиот полуостров и да придонесе за обединување на Италија. А за замена на Пиемонт да и се отстапат на Франција Савој и Ница. Во 1859 година, Наполеон војувал со Австрија и се здобил со победа кај Солферино. Затоа Австрија морала да и го отстапи Ломбарди на Пиемонт. Во 1860 година Наполеон си го вратил Савој, а во 1861 година Рокебрун-Кап-Мартин и Ментон.
Железницата ги поврзувала Парис и Марсеј ( 1848 ), а нешто подоцна со Тулон и Ница ( 1864 ). Ница, Антиб и Ијер станале популарни зимски центри кај европските кралски семејства дури и за кралицата Викторија. Во времето на Наполеон III во Марсеј живееле 250.000 жители, вклучувајќи голем број на италијански заедници. Во Тулон живееле 80.000 жители. Во овие два града се граделе цекви, опери, булевари и паркови.
По поразот на Луис Наполеон во Француско-пруската војна, на улиците во Марсеј биле поставени барикади ( 23 март 1871 година ). Комунарите предводени од Гастон Кремју и по примерот на Париската комуна, ја презеле контролата врз градот. Армијата ја уништила Комуната, а Гастон го погубиле на 30 ноември 1871 година. Покрај конзервативноста на Прованса, најчесто на власт биле реформистички лидери. Во 1885 година, премиерот Леон Гамбета, син на бакал од Марсеј, и Жорж Клемансо биле избрани за пратеници.
Во втората половина на 19 век, во Прованса заживеале јазикот и културата, особено традиционалните рурални вредности. Мистрал постигнал литературен успех со новелата Mireio, а во 1904 година добил Нобелова награда за литература.
Прованса во 20 век
Помоѓу Првата и Втората светска војна, Прованса бил поделен на конзервативна рурална средина и големи радикални градови. Во 1919 година во Марсеј имало напади, а во 1935 година во Тулон имало бунтови.
Во јуни 1940 година, по победата на Германија, Франција била поделена на две зони, окупирана и неокупирана зона. Во неокупираната зона припаднал Прованса. Италијански војници окупирале дел од источен Прованса. Соработката и пасивниот отпор опаднале, а се зголемил активниот отпор, особено откако во јуни 1941 година Нацистичка Германија го нападнала Советскиот сојуз. На активниот отпор се придружила Комунистичката партија. Жан Мулен бил заменик на Шарл де Гол и лидер на слободното движење на отпорот во Франција. На 2 јануари 1942 година, Жан го посетил Егалијер со цел да ги обедини различните движења на отпор од цела Франција против Германија.
Во ноември 1942 година, по сојузничките слетувања во Северна Африка ( Операција Торч ), го окупирале Прованса, а потоа Тулон. Француската флота од Тулон ги саботирала сопствените бродови со цел да ги спаси од Германците.
Мета на германците биле француските Евреи и бегалците од Ница и Марсеј. Илјадници луѓе биле однесени во концентрациони кампови од кои малкумина преживеале. Една четвртина од пристаништето во Марсеј било бомбардирано. Отпорот се повеќе се зајакнувал. Во април 1943 година лидерот на про-германската полиција, Милис, бил убиен.
На 15 август 1944 година, два месеци по сојузничките слетувања во Нормандија, Седмата армија на САД под водство на генералот Александер Пач заедно со Слободните француски тела под водство на генералот Жан де Латр де Тасињи слетале на брегот на Вар , помеѓу Св. Рафаел и Кавалер. Американските силе продолжиле северно кон Маноск, Систерон и Гап. Додека пак Првата француска вооружена дивизија под водство на генералот Вижиер ги ослободила градовите: Брињол, Салон, Арл и Авињон. До 27 август, Германците вршеле отпор во Тулон, а на 25 август Марсеј бил ослободен.
По војната, Прованса се соочил со огромна задача да ги поправи и реконструира пристаништата и железничките патишта уништени за време на војната. Во [PHONE] година, во Марсеј била изградена првата модерна зграда, Unité d'Habitation на Корбизје. Во 1962 година, по независноста на Алжир, голем број на Францусзи се вратиле во Прованса. Во тој период, голем број на заедници од Северна Африка се населиле во и околу големите градови, најмногу во Марсеј и Тулон.
Во 40-тите години, Прованса доживеа културно оживување, со основањето на Фестивалот за театар во Авињон ( 1947 ), повторно отварање на Канскиот филмски фестивал ( 1939 ) и многу други поважни настани. Со изградбата на нови патишта , особено автопатот Парис – Марсеј отворен во 1970 година, Прованса стана дестинација за многу луѓе од цела Европа. Британците најмногу купувале викендички во Прованса. Со доаѓањето на ТЖВ, патувањето од Парис до Марсеј трае помалку од четири часа.
Крајот на 20-от век и почетокот на 21-от век, жителите на Прованса се бореле за усогласување на економскиот развој и наталитетот со нивната желба да ги зачуваат нивната област и култура, која го прават единствен.
Распространување и географија
Римската провинција прво била наречена Gallia Transalpina, потоа Gallia Narbonensis или " Наша Провинција " – Provincia. Се протега од Алпите до Пиринеите и северно од Воклиз. Главен град е Нарбона.
Во 15 век, на исток од Прованса течела реката Вар, на запад реката Рона, на југ Медитеранот, а на северната граница течела реката Дуранс.
Реки
Реката Рона, се наоѓа на западната граница на Прованса, е една од големите реки на Франција. Со векови преку неа се остварувале трговијата и комуникацијата меѓу внатрешноста на Франциоја и Медитеранот. Таа извира од Ронскиот глечер во близина на масивот Готард во Швајцарија. Во Лион Саона се влива во неа. По долината на Рона , од десниот речен брег се наоѓаат планината Севен и се вливаат реките Ејриу, Ардеш, Сез и Гардон, на левиот речен брег се Алпита со реките Изер, Дром, Увез и Дуранс.
Кај Арл, Рона се дели на две притоки, со што се формира делтата Камарг, со сите речни ракави кои се вливаат во Медитеранското море. Едната притока е наречена " Голема Рона ", а другата " Мала Рона ".
Реката Дуранс, притока на Рона, извира од Алпите во близина на Бријансон. Тече југозападно низ Ембрун, Систерон, Маноск, Кавајон и Авињон каде се влива во Рона.
Реката Вердон е притока на Дуранс, извира од надморска височина од 2.400 метри, југозападно од Алпите во близина на Барселонет и со должина од 175 км тече низ Горнопровансалски Алпи и Вар. Вердон е позната по својот кањон, клисурата Вердон. Овој кањон , исто така се нарекува и " Големиот кањон на Вердон " е 20 километри долг и 300 метри длабок. Познат е по искачивањето и прекрасната глетка.
Реката Вар извира во близина на планинскиот превој Кол де ла Кајол во Приморските Алпи и со должина од 120 километри се влева во Медитеранското море меѓу Ница и Сен Лорен ду Вар. Во 1860 година пред Ница да биде вратена на Франција, Вар ја обележа источната граница на Франција по Медитеранот. Единствен е случајот во Франција каде име на река е добиено по име на департамент иако таа реката не минува низ него.
Камарг
Со површина од 930 км2, Камарг претставува најголема делта на Западна Европа ( технички е остров , бидејќи е опколен од сите страни со вода ). Тоа е огромна површина од големи морски лагуни, одделен од морето со песочници и опкружен со мочуришта покриени со трска .
На Камарг живеат повеќе од 400 видови на птици, а во морските езерца живее фламингото. Во мочуриштата живеат многу видови на инсекти и еден од најопасните комарци. Камарг е познат и по биковите и коњите.
Планини
Ако Приморските Алпи се сметаат за дел од Прованса тогаш тие претставуваат најголем врв во регионот. Тие ја формираат границата меѓу францускиот департемент Приморски Алпи и италијанската провинција Кунео. На овие алпи се наоѓа националниот парк Меркантур.
Надвор од Приморските Алпи, на височина од 1909 метри се наоѓа Мон Венту и претставува највисок врв во Прованса. Се наоѓа 20 км југоисточно од Карпантраса, Воклиз. Од јужната страна планината се граничи со департементот Дром. Го викаат уште и " Џинот од Прованса " или " Келавата планина ". Геолошки претставува дел од Алпите, но ја сметаат дека е посебен дел од нив бидејќи во таа област Мон Венту е единствената планина со таа височина. Се наоѓа западно од Луберон и источно од Дентел де Монтмиреј, неговото подножје. Врвот од планината претставува чист варовник и нема вегатација ни дрва. Белиот варовник на пустиот врв на планината наликува како да е покриен со снег.
Алпиље претставуваат мал ланец од планини кој се наоѓа 20 км јужно од Авињон. Тие не се многу виссоки планини, нивната највисока точка изнесува само 387 метри. Алпиљите се издигаат од долината на реката Рона. Опсегот е околу 25 км долг, а широк од 8-10 км. Се протега од исток кон запад меѓу реките Рона и Дуранс. Пределот на Алпиљите е со сув варовник одделен со суви долини.
Најпознатата планина во Прованса е планината Сан Виктоар. Сликарот Пол Сезан ја нацртал оваа планина од својот дом бидејќи имал поглед кон неа.оваа планина се протега на 18 км меѓу департементите Устието на Рона и Вар. Пик де муш е највисоката точка со 1011 метри.
Масивот Мавар претставува мал ланец од планини сместени долж Медитеранскиот брег во Вар, меѓу Јер и Фрежус. Највисока точка е Совет со 780 метри. Името потекнува уште од 9 и 10 век кога Арапите и Берберите од Јужна Африка го населиле Прованса.
Масивот се протега на околу 6 км долж брегот, а внатрешноста изнесува 30 км. На север се граничи со националните патишта 97 и 7 и железничката линија меѓу Тулон и Ница. На југ неповрзано се граничи со Медитеранот , со што формира врлежен брег.
Полуостровот Сен Тропе е дел од Масивот Мавар заедно со полуостровот Жиен и островите од десната страна на Јер, Поркерол, Порт-Крос и островот Левант. На Масивот Мавар геолошки му припаѓаат 'ртот Сицие , западно од Тулон и Масивот Танерон.
Каланк
Каланк или Масивот Каланк се простира на 20 км, со тесни приливи во крајбрежните карпи, меѓу Марсеј на запад и Касис на исток. Мон Пугет е највисоката точка со 565 метри.
Масивот Каланк ги опфаќа заливчињата Сормиу, Моржиу, Во, Порт-Пан и Сужитон.
Заливчињата се остатоци од древни утоки кои се формирале за време на терцијарот. За време на квартерните замрзнувања, заливчињата дополнително ги продаблочувале долините кои најверојтно би биле поплавени од морето и би постанале заливи.
Пештерата Коске е подземна пештера во заливот Моржиу. Се наоѓа на длабочина од 37 метри. Била населена за време на палеолитот, кога морското ниво било многу пониско во споредба со денешното. На ѕидовите има слики и резби кои датираат меѓу 27.000 и 19.000 години п.н.е. На ѕидовите се прикажани бизони, козорог, коњи, фоки и норче.
Области
Гаригара е типичен за Прованса. Гаригата е врста на ниска, жбунеста средоземна вегетација, која се развива на варовник, близу морскиот брег каде климата е умерена, но каде што има годишни летни сушни услови. На овој простор може да се најдат крека, храст, лаванда, жалфија, рузмарин, мајчина душица. Гаригата е опколена со густа дабова шума.
Клима
Во поголемиот дел од Прованса преовладува медитеранска клима. Оваа клима се карактеризира со жешки и суви лета, блага зима со малку снег и многу сонце. Постојат микро клими и локални варијации, од алпската клими од Ница до континентална клима во северен Воклиз. Ветровите се важна карактеристика на климата, особено мистралот, студен, сув ветер кој дува по долината на реката Рона до департементите Устието на Рона и Вар и најчесто достигнува брзина од 100км/час.
Устие на Рона
Во Марсеј, во департементот Устие на Рона, просечно во годината има 59 врнежливи денови. Најчесто тоа е пороен дожд. просечно годишните врнежи изнесуваат 544.4 мм. Има многу малку снежни денови. Во Марсеј во просек има 2835 часа сонце. Во јануари температурата изнесува 2.3 ° C , а во јули преовладува температура од 29.3 ° С. Во просек мистралот дува сто дена годишно.
Вар
Во Тулон и Вар ( вклучувајќи ги Сен Тропе и Јер ) преовладува пожешко, посуво и посончево време од Ница и Приморските Алпи, но сепак ветровито. Годишно во Тулон има 2899.3 часа сонце, со што е најсончевиот град во Франција. Во август, дневната температура изнесува 29.1 ° С, а во јануари дневната температура изнесува 5.8 ° С. Просечните годишни врнежи изнесуваат 665 мм, најмногу од октомври до ноември. Во Тулон, 118 дена годишно дуваат силни ветрови, а во Фрежус пак 76 дена. Во Тулон , мистралот достигнал до 130 км/час.
Приморски Алпи
Ница и Приморските Алпи се најзаштитениот дел од Медитеранскиот брег. Ветровите се умерени, дуваат од морето кон земјата, иако понекогаш мистралот дува силно од северозапад или пак од исток. Во 1956 година, на еден аеродром во Ница, мистралот дувал северозападно со брзина од 180 км/час. Понекогаш, во лето југото донесува високи температури и го зацрвенува пустинскиот песок од Африка.
63 дена од годината се врнежливи. Тоа може да бидат поројни дождови особено во септември, кога разликата меѓу постудениот воздух и топлата медитеранска вода предизвикуваат бури и дожд. во Ница во просек врне 767 мм, повеќе од Парис.
Снежни денови има многу малку, најчесто тоа се случува еднаш на секои десет години.. во 1956 година, брегот бил покриен со 20см снег. Во јануари 1985 година, во Кан и Ментон имало паднато снег 30 – 40см. На планините снег има од ноември до мај.
Годишно во Ница има 2694 часа сонце. Во август, максималната дневна температура изнесува 28 ° С, а во јануари максималната дневна температура изнесува 6 ° С.
Воклиз
Воклиз е центар на три од четирите различни климатски зони во Франција. На југ преовладува медитеранска клима, на североисток, околу планините во Воклиз и масивот Барони преовладува алпска клима, а на северозапад преовладува континентална клима. Просечноста од овие три клими е умерена, но со преовладување на медитеранската клима.
Годишно во Оранж има 2595 часа сонце. Во просек врне 80 дена со 693.4 мм годишно. Во јули максималната дневна температура изнесува 29.6 ° С, во јануари максималната дневна температура изнесува 1.6 ° С. 110 дена во годината дуваат силни ветришта.
Горнопровансалски Алпи
Медитеранската клима во Горнопровансалски Алпи преовладува во ниските котлини под сто метри надморска височина, а алпската клима преовладува во високите котлини како што се Бланш, От Вердон и Ибај, каде надморската височина изнесува 2500 метри. Алпската клима во повисоките планини е умерена со благ ветар од Медитеранот.
Поради надморската височина и географската ширина во лето преовладуваат високи температури. На надморска височина од 400 метри, температурите се движат од 22 до 23 ° С, а на надморска височина од 1000 метри, температурите се движат од 18 до 19 ° С. Во зима, на надморска височина од 400 метри температурата изнесува од 4 до 5 ° С, а на надморска височина од 1000 метри температурата е на 0°С. Во ниските котлини годишно има 50 ладни денови, во високите котлини има помалку ладни денови. Понекогаш температурата во високите котлини достигнува до 30 ° С. Во франција поради високите планини и медитеранскиот воздух нема многу студени зими и многу жешки лета.
60 – 80 дена во годината се врнежливи. Понекогаш во предгорјето, висорамнините на југозапад и котлината на Ибај врнат поројни дождови од 650 до 900 мм, а во планините изнесува [PHONE] мм. Повеќето врнежи се во есен, со кратки и силни бури. Од средината на јуни до средината на август врнежите се пропратени со кратко но лошо невреме. 30-40 дена годишно има бури.
Од ноември до мај паѓа снег на планините. Среде зима на планините снег може да забележиме на надморска височина од [PHONE] метри на сенка и на надморска височина од [PHONE] метри на сонце. Снегот е сув и брзо се топи.
Во западниот дел од департементот дува мистрал од север и северозапд. Носејќи чисто и суво време. Источниот дел од департементот е повеќе заштитен од мистралот. Маринот дува од југ, носејќи топол воздух, облаци и дожд.
Најсончевиот регион во Франција се Горнопрованскалските Алпи со 2550-2650 часа годишно во северниот дел од департементот и 2700-2800 часа годишно во југозападниот дел. Ведрите ноќи и сончевите денови предизвикуваат остра разлика меѓу ноќните и дневните температури. Поради ведрите ноќи има многу обсерватории.
Јазик и литература
Во Прованса се зборувал провансалскиот дијалект на окситанскиот јазик и е многу сроден со каталонскиот јазик. Постоеле неколку регионални вариации: вивароалпски се зборувал на Алпите, провансалските вариации од југ, вклучувајќи и приморскиот дел – роадински и нички во Ница. Нисоа е архаична форма на провансалскиот јазик кој е сроден со јазикот на поетите-трубадури, што понекогаш се вели дека тоа се нивни лични литературни јазици.
Провансалскиот јазик се зборувал се до почетокот на 20 век, кога француската влада вложила силен и успешен напор за да го замени регионалниот јазик со францускиот. Денес, провансалскиот јазик се зборува во училиштата и универзитетите во регионот. Но овој јазик го зборуваат помалку од 500.000 луѓе повеќето се постари луѓе. Француската држава не го признава окситанскиот јазик и неговите говори со цел да се искорени идентитетот на населението.
Писатели и поети кои пишувале на Окситански јазик
11 и 12 век се златната доба на Провансалската литература или Окситанската литература, кога поетите престанале да пишуваат на класичната латинска литература и започнале да пишуваат романси и љубовни песни на нивен сопствен вернакуларен јазик. Еден од познатите поети бил Фолкет де Маршела, чии љубовни песни станале познати низ цела Европа, а него го возвишувал Данте во својата " Божествена комедија". Во подоцнежните години, Фолкет се откажал од пишувањето и станал опат во манастирот Торонет, а потоа Бискуп на Тулуз, каде ги прогонил Катарците.
Во средината на 19 век се случил литературен подвиг за оживување на јазикот, наречено Фелибриж , предводен од поетот Фредерик Мистрал ( [PHONE] ), кој во 1904 година добил Нобелова награда за литература.
Провансалските писатели и поети кои пишувале на Окситански јазик се: Раимбаут Вакејрас ( [PHONE] ), Луис Белод ( [PHONE] ), Теодор Обанел ( [PHONE] ), Џосеф Д'арбод ( 1874 -1950 ), Роберт Лафонт ( [PHONE] ).
Француски автори
Алфонс Додет ( [PHONE]), е најпознат француски писател од Прованса од 19 век, иако тој повеќе живеел во Парис и Дравеј. Негови најпознати дела се Писма од мојата воденица ( 1869 ), трилогијата Тартарин од Тараскон ( 1872,1885,1890 ). Л'арлесиен ( 1872 ) била направена во трочинка, а музиката ја напишал бизет.
Марсел Пањол ( [PHONE] ), роден во Обањ, бил познат режисер и познат по неговите приказни од детството, Замокот на мајката, Гордоста на мојот татко, Храмот на тајните. Тој бил првиот режисер кој станал член на Француската академија во 1946 година.
Колет ( Сидони-Габриел Колет) ( [PHONE] ), иако не потекнувала од Прованса таа била многу поврзана со Сен Тропе. По Втората Светска Војна , таа била претседател на комитет и ја вратила убавината и карактерот на селото кое било уништено за време на војната.
Жан Жионо ( [PHONE] ), роден во Маноск, пишувал за селскиот живот во Прованса, инспириран од сопствената имагинација и визијата на Античка грција.
Пол Арен ( [PHONE]). Роден во Систерон, пишувал за животот и крајот од неговиот град.
Емигранти, прогонети и протерани
Во 19 и 20 век, климата и животниот стил од Прованса привлекле многу писатели и сликати. Во 1920те и 1930те години, тоа била најпопуларно кај Американците, Британците и Русите.
Едит Вартон ( [PHONE] ), во 1927 година го купила замокот Сен- Клер, на местото на поранешниот манастир во планините под Јер, каде живеела за време н а зимите и пролетта се до нејзината смрт во 1937 година.
Ф.Скот Фицџералд ( [PHONE] ) и неговата сопруга Желда во 1924 година за прв пат ја посетиле ривиерата, ги посетиле Јер, Кан и Монте Карло. Најверојатно престојувале на Св. Рафаел, каде го напишал Големиот Гетсби , а ја започнал Нежноста е ноќта.
Иван Бунин ( [PHONE] ), првиот руски писател кој добил Нобелова награда за литература. Заминал за Франција по Руската револуција, напишал неколку кратки приказни на азурниот брег, а имал куќа во Грас.
Сомерсет Могам ( [PHONE] ) во 1928 година купил куќа, вилата Мореск во Сен-Жан-Кап-Ферат каде минал доста време, освен за време на Втората Светска Војна, таму и починал.
Други англиски писатели кои живееле или пишувале за Прованса се: Питер Мајл, Карол Дринквотер, Џон Ланчестер и Вила Катер.
Кујна
Кујната од Прованса е резултат на топлата и сува медитеранска клима. Необработените предели се добри за пасење на овци и кози, а надвор од долината на Рона ровката почва е погодна за земјоделство и на брегот има изобилство од морски плодови. Основните продукти се маслинки, маслиново масло, лук, сардини, морски ежови и октоподи, јагнешко и козјо месо, слануток, локални овошја-грозје, праски, кајсија, јагоди, цреши и најпознатите дињи од Кавајон.
Во Прованса, на менијата најчесто можете да нарачате барбун, мала црвена риба која се јаде печена на скара и лубин, печена на скара со анасон и гранки од грозје.
Аиоли е густ сос направен од маслиново масло и малку лук. Најчесто се служи со бурид, рибја супа или со компири и бакалар. Има онолку рецепти колку што има жители во Прованса.
Бујлабес е класично морско јадење на Марсеј. Традиционално се готви со три вида на риба: морска риба со отровни перки, црвеношијка и угор, а се додаваат и друг вид на риби и школки за вкус како што се ковач, жабница, морски еж, морски рак и морски пајаци. Мирудиите се исто толку важни. Од нив се користат сол, пипер, кромид, домат, шафран, анасон, жалфија, мајчина душица, ловоров лист, понекогаш се става лушпа од портокал и чаша вино или коњак. Во Марсеј рибата и супата се служат посебно. Супата се служи со тенко сечени парчиња леб со сосот руј.
Брандад де Мору густ крем кој се подготвува од бакалар со маслиново масло, млеко, лук, а понекогаш се додава и тартуф.
Провансалски доб е манџа која се подготвува од варено говедско месо во вино, исечкано на коцки, зеленчук, лук и тревки. Може да се стават и маслинки, суви сливи, за мирис се става и маст од патка, оцет, коњак, лаванда, морско оревче, цимет, каранфилче, боровинка или кора од портокал. За подобар вкус се готви во неколку етапи и се остава да се лади еден ден помеѓу секоја етапа за добро да се измешаат состојките меѓу себе. Во Камараг, биковите кои се убиваат за време на борба со бикови , месото се користи за подготвување на доб.
Ескабеш е уште едно познато морско јадење. Рибите ( најчесто сардини ) се варат или се пржат откако ќе бидат маринирани со оцет или лимонов сок.
Фугас е традиционално лепче на Прованса, тркалезно и сплескано со дупчиња. Денес се подготвува со маслинки или јаткасти плодови.
Урсинад е сос кој се подготвува од морски еж пропратен со риба.
Ла Писаладиер е уште еден специјалитет од Ница. Иако наликува на пица, се подготвува од тесто и никогаш не се ставаат домати одозгора. Се продава во пекарите, одозгора има кругови подпечен кромид и каша наречена писалат, која се подготвува од сардини и сардела и маслинките кајет од Ница.
Рататуј е традиционално јадење од преварен зеленчук, кој потекнува од Ница.
Руј е мајонез со црвен пименто кој се мачка на леб и се додава во рибја супа.
Сока е специјалитет од Ница. Тоа е тркалезна торта , се подготвува со брашно и маслиново масло и наликува на италијанската фарината. Се пече во рерна во долгнавесто тавче , потоа се зачинува со пипер, се јаде со раце и се служи топло. Во Тулон соката ја нарекуваат Ла Кад.
Супа со писту, се служи топла или ладна, се подготвува со свеж босилок и се меша со маслиново масло, со зеленчук- бел грав, боранија, домати, сквош и компири.
Тапенад е зачин кој содржи чисти и фино сецкани маслинки, каперси и маслиново масло, се мачка врз леб и се служи како предјадење.
Калисон се традиционални колачиња од Екс-ан-Прованса, кој се подготвуваат од пире од бадеми пропратено со диња и портокал. Овие колачиња се прават уште од 17 век.
Гато де Роа или Колач на кралеви е вид на торта која може да ја најдете во цела Франција. Провансалската верзија е различна бидејќи се подготвува од бриош и е тркалезна, се става цвет од портокал и се прелива со шеќер и овошје.
Тропезијанската торта е торта со крем од тесто. Во 1950 година, Александре Мика го донел овој рецепт од Полска во Сен Тропе. Во 1955 година, глумел шеф на кујна во филмот Господ ја создал жената каде актерката Брижит Бардо му предложила да ја нарече оваа торта – Тропезијанска Торта. Денес овој рецепт најмногу се прави во Вар.
Тринаесетте десерти се божиќна традиција во Прованса. Тринаесет различни слатки, кои ги претставуваат Исус и 12 Апостоли, секое со посебно значење, кои се служат по вечерата.
Тревките од Прованса претставуваат мешавина од сушени тревки кои потекнуваат од Прованса и се користат за готвење.
Вина
Фокејците ,основачите на Марсеј и Ница, околу 600 година п.н.е. го донеле виното во Прованса. Во 120 година п.н.е., по римската окупација, Римскиот Сенат забранил да се одгледуваат грозје и маслинки, со цел да го заштити успешниот извоз на италијански вина. Но, пензионираните војници на Римската империја кои се населиле во Прованса можеле да одгледуваат грозје.
Римјаните се пожалиле за конкуренцијата и лошиот квалитет на вината од Прованса. Во 1 век , римскиот поет Марцијал вината од Марсеј ги ословувал со " ужасен отров, кои нокогаш не се продаваат за добра цена."
Во 1970 години, вината од Прованса биле специфични. Во 1971 година, критичарот за вина , Хју Џонсон напишал : " белите вина се суви и им недостига киселост за да бидат освежувачки. Црвените вина се лесни, со силен вкус. Најчесто се конзумира розето, со боја на портокал.". тој додава: "Вината од Касис и од Бандол се разликуваат по нивните бели и црвени вина. Касис се издвојува со белото вино, а пак Бандол се издвојува со црвеното вино.
Оттогаш се намалило одгледувањето на посиромашни сорти, а новите технологии и методи значително го подобриле квалитетот.
Вината во Прованса се одгледуваат во посебни услови. Жешки и сончеви услови, многу малку дожд и мистрал ( Тулон, во близина на Бандол, е најсончев град во цела Франција) што овозможува грозјето побрзо да зрее.
Во Прованса најмногу се произведуваат розе вина. Најкарактеристична сорта на гројзе е мурведр , која се користи најмногу за правење на црвено вино од Бандол. Касис е единствената облст во Прованса позната по белото вино.
Постојат три регионални класификации во Прованс:
Брегот на Прованса. Оваа класификација на контролиран назив на потекло датира од 1997 година, иако овие вина во 17 и 18 век ги признала Мадам де Севиње , која ги пренела навиките и ги претпочитала вината од дворецот на Луј XIV. Овој назив – Брегот на Прованса се користел од 1848 година, но производството било уништено од филоксера и било потребно декади за да се обнови. Овој назив денес го користат 84 општини во Вар и Устието на Рона и еден во приморските Алпи. Сортите гренаш, мурведр, синсолт, тибурен и сира се користеле за правење на црвено вино. А пак сортите клерет, верментино, семијон и уњи бланк се користеле за правење на бело вино. Овој назив опфаќа 20,300 хектари од кои 80 % се користат за производство на розе, 50 % за црвено вино и 5 % за бело вино.
Во 1985 година во Екс-ен-Прованса започнала со контролирање на називот на потекло. Вината во Екс ги саделе ветерани од Римските легии во 1 век п.н.е, а се развиле во времето на Рене I од Неапол, последниот владател на Прованса. Во 19 век, најголем дел од лозјето го уништило филоксерата, а многу споро се обновувало. За добивање на црвено вино и розе се користеле врстите гренаш, мурведр, синсолт сира, куноаз, карињан и кабаре совињон. Белите вина се правеле од врстите бурбуленк, клерет, гренаш бланк и верментино. 4000 хектари се користат за производство. 70 % од виното е розе, 25 % е црвено, а 5 % е бело.
Контролираниот назив на потекло, Кото вароа ен Прованса е нов. Името Кото Вароа се користело во 1945 година, а контролираниот назив на потекло го добил во 1993 година. Во 2005 година го добило името Кото вароа ен Прованса. За правење на црвено вино се користат врстите гренаш, синсот, мурведр и сира. За белото вино се користат врстите кларет, гранаш бланк, рол бланк, семијон бланк и уњи бланк. 2200 хектари зафаќаат лозјата од кои 80 % се произведува розе, 17 % се произведува црвено, а 3 % се произведува бело вино.
Еве уште пет локални класификации:
Контролиран назив на потекло Бандол, во Вар, на брегот западно од Тулон, околу селата Ла Кадиер Дазур и Кастејет. Вината со овој назив се прават со најмалку 50 % од врстата мурведр. Други врсти кои се садат се: гренаш, синсалт сира и карињан.
Контролиран назив на потекло Касис, во близина на крајбрежниот град Касис, меѓу Тулон и Марсеј. Во 1936 година за прв пат во Прованса било класифицирано виното со контролиран назив на потекло, а е најдобро познат по белото вино. Вината од Касис во француската литература се споменати уште во 12 век. Врстите грозје кои најмногу се користат се марсан, кларет, уњи бланк, совињон бланк и бурбуленк. За правење на розе се користат врстите гранаш, карињан и мурведр.
Контролиран назив на потекло Белет. За време на Француската револуција , малото гратче Сен Роман де Белет ( денес дел од Ница ) бил центар на важен регион со вина. Производството го уништило филоксерата, периодот меѓу војните, а во 1946 година повторно се започнало со производство. Во 1941 година го добил контролираниот назив на потекло. Денес, овој регион е најмал во франција со само 47 хектари. За правење на црвено вино и розе се користат врстите бракет, фол и синсолт. Понекогаш се мешаат со гренаш. За правење на бело вино се користат врстите рол бланк, русан, спањол и мајоркин. Врсти на грозје од втора класа се кларет, бубуленк, шардоне, пињерол и мускат.
Контролиран назив на потекло Палет. Малото село Палет, се наоѓа четири километри источно од Екс-ен-Прованса, е познато по производството на зајакнато вино, кое се користи во традиционалниот божиќен десерт во Прованса, тринаесетте десерти и во божиќната торта наречена помпо а лоил . ова производство еден период запрело, но повторно започнало. За правење на црвено вино се употребуваат врстите гренаш, мурведр, синсолт, а за белото вино се користи врстата кларет.
Контролиран назив на потекло Ле Бо де Прованса. Во 1995 година бил воспоставен овој назив за црвеното вино и розето. Јужно од Авињон, ги зафаќа северните и јужните нагиби на Алпиј, на надморска височина од 400 метри, а се простира на околу 30 километри од исток кон запад. За правење на црвено вино се користат врстите гренаш, мурведр и сира. За розе се користат врстите сира и синсолт.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|"| | fineweb-2 |
ОХРИД —
Главната охридска чаршија во зимскиот период е речиси полупразна. Дуќанџиите своите објекти ги затвораат многу порано од колку на лето. Ваква е сликата од Охрид по завршувањето на туристичката сезона веќе неколку години.
Една од причините се алармантните податоци според кои, приближно 8.000 лица последниве години си заминале од Охрид, најголемиот дел од нив во странство. Ова се официјални информации на Државниот завод за статистика, со што Охрид стана водечки град во земјава по иселување. Од охридско-струшкиот регион во целина, бројката на иселени пак, достигнала преку 13.000 лица.
Она што уште повеќе загрижува се и неофицијалните податоци, според кои, Охрид од град со речиси 60.000 жители, сега има околу 35.000.
Се` поголемото иселување од Охрид, според експертите, може да ја промени и демографската слика на градот.
"Остана само од туризмот да се преживува, но за добар дел од младите кои заработуваат по 200 евра, како келнери, тоа е многу малку. Охрид ја дели таа судбина на град кој живее неколку месеци, а потоа преживува. Македонија нема да остане празна, но ќе дојдат други кои се желни за подобар живот, тоа се од Африка или Блискиот Исток", вели Илија Ацевски, универзитетски професор.
Воедно, и невработеноста во Охрид е голема и достигнува до 40 проценти. Во отсуство на големи стопански капацитети како во 80-те години на минатиот век, јавните претпријатија се најголеми работодавачи во градот.
"Се` повеќе од пријателите си заминуваат, бидејки мислам дека не гледаат перспектива овде", вели жителка на Охрид.
"Од земјава се исели ќерка ми. На Флорида замина. Познавам друга девојка, којашто замина во Канада", вели една охриѓанка.
Дејан Паноски е локален функционер којшто предлага одржување Самит за Охрид, на кој би се одредила иднината на градот.
"Под лидерство на локалата власт, треба да се свика таканаречен Самит за Охрид, на кој ќе земат учество највисоките државни институции како што се Владата, МАНУ, Стопанската комора, а ќе повикаме охриѓани кои работат надвор од градот и во странство, а кои се успешни во кариерата. Ќе ги разговараат моделите за подобрување на состојбата, и од економски, и од социјален аспект. Сето тоа да се вклопи во една стратегија за Охрид која ќе го спречи неговото празнење", рече Паноски.
Заменик-градоначалникот на Охрид Ангел Јанев, вели дека една од причините за ваквата појава, е немањето на доволен број големи стопански капацитети.
"Во Охрид мора да се отвораат индустриски капацитети. Јас не гледам друг начин младите да останат. Во таа насока е отворањето на фабриките "Костел" и "ОДВ електроник", кои најавија отворање на околу 2.000 работни места, што можеби не е многу, но е премногу од оваа позиција во која сега се наоѓаме. Охрид треба да има и свој Охридски универзитет. Тоа ќе доведе повторно да се зголеми бројот на студенти, жители, родители и потенцијални инвеститори. Сите тие би го спасиле Охрид наредниве десетици години ", вели Јанев.
Каква иднина го очекува Охрид, останува да се види. Но, и податоците на ниво на држава се загрижувачки. Според Светската банка, само до крајот на 2013-та година, од Македонија се иселиле приближно 630.000 лица. | fineweb-2 |
Видео: Рускиот Ди Каприо прави пари од реклами за вотка
Русинот Роман Бурцев кој премногу наликува на славниот актер Лео Ди Каприо започна да го "наплатува" својот изглед појавувајќи се во реклама за водка. Бурцев често го има во медиумите како двојник на Ди Каприо, но ни од далеку го нема талентот ниту пак шармот. Сепак руската верзија на Лео е доволна за привлекување внимание што се резултира и во оваа реклама. | fineweb-2 |
Мулхоланд веројатно е најпознатиот пат во Калифорнија. Незгодните свиоци го прават број еден дестинација за стотиците мотоциклисти кои секој викенд возат по него.
Но, постои еден проблем. Познатата рута понекогаш привлекува и неискусни возачи. Лошото влегување во свиок додека возите автомобил подоцна може да се поправи дури и од возачи почетници. Но ако го направите тоа со мотоцикл, тогаш може да завршите на погрешната страна од патот или пак да се судрите со друг мотоцикл или автомобил.
Исто што му се случи и на возачот на видеото што можете да го видите. Сударот беше толку брз и не може веднаш да се види што точно се случи.
Лицето што го сними видеото и кое учествуваше во сударот, ја забави снимката за подобро да се види. Прво, почетникот многу брзо влезе во свиокот. Пред него имаше уште еден мотоцикл и веројатно тој се обидувал да го стигне.
Многу доцна забележа дека пребрзо влегува во свиокот. Се обиде да запре но сепак беше неуспешен и се удри директно во возачот пред него. За среќа преживеа и помина само со повреди на левата рака.
Ова ни ја носи поуката од оваа приказна. Ако сакаш да возиш брзо со својот мотоцикл, направи го тоа на тркачка патека. Како надополнување на ова, ако сакаш вака да возиш со мотоциклот, првин треба да стекнеш доволно искуство.
Би можело да ве интересира
MotoGP екипата на Дукати го претстави својот тим за сезоната 2017.
ФИМ и Дорна денеска го потврдија календарот на МотоГП трки за 2017 година.
Еден од најпознатите тркачи на јавните патишта, Гај Мартин, реши да се врати на натпреварувањето откако потпиша договор со Honda Racing. Мартин ќе му се придружи на Џон Мекгинис и заедно ќе се натпреваруваат на North West 200 и Isle of Man TT. И двајцата возачи ќе настапат со Honda CBR1000RR SP2.
Италијанската компанија оствари соработка со Diesel, за да создадат лимитирана верзија на Diavel кој сигурно ќе им се допадне на сите љубители на Mad Max или на Bioshock.
Ја имавме првата можност да ги видиме Валентино Роси и Маверик Вињалес во новите униформи и за прв пат можевме да ја видиме Yamaha YZR-M1.
Во канцеларијата на Американското регулаторно тело во моментов се разгледува опцијата за воведување на 100% данок на увоз за Европските мотоцикли кои се со зафатнина од 50 до 500cc. | fineweb-2 |
Мислам дека 18. јуни е избран затоа што некаде таму од 20-25 јуни почнуваат одмори и очекувам овие најгласни активисти за кои излегоа докази во јавноста дека тоа не го прават волонтерски, туку тоа го прават за соодветна надокнада, односно надомест и сакаат да ги потрошат дел од парите на некои егзотични плажи. Така што претпоставувам дека тој им е период за пакување на куфери и затоа е овој рок и мислам дека е смешна работа.
Ова го истакна пратеникот и Меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој беше гостин во вчерашната емисија "Пулт" на Радио Слободна Македонија, одговарајќи на прашање за ултиматумитр на опозицијата, искажани преку "Шарената револуција".
За демонстрантите и хулиганите мотивирани од СДСМ и нивниот однос кон јавните добра и институциите на државата Николоски нотира:
"Секој има право на протест и јас тоа го подржувам без разлика дали се 500, 1000 или 2000 и 5 луѓе да се имаат право да искажат свое мислење. Но да се уништува јавно добро, за кое што пари дали сите граѓани преку даноците кои ги плаќаат е нешто кое е спротивно на сето она што декларативно го искажуваат. Во таа насока не мислам дека било кој од оние што протестираат е во позиција да искажува ултиматуми".
-Уште повеќе двата така наречени ултиматуми се насочени кон судската власт, која што е независна, а во нивните заложби треба да е уште по независна, а самите тие во еден комунистички менталитет се обидуваат да наметнат решенија на Кривичниот суд и на Уставниот суд на Република Македонија како највисок суд во државата. Тоа зборува се за однос, за менталитет и покажува доколку било кога имаат можност да практицираат власт како ќе се однесуваат, ако од позиција на 1000 демонстранти кои што вандалски уништуваат јавни добра во Македонија. Даваат ултиматуми кон судови, може да замислите што би се случило во некоја претпоставена ситуација кога би имале повеќе моќ и контрола на институции во државата, заклучи Николоски. | fineweb-2 |
Променливо облачно време не очекува во текот на денешниот ден. Во западните и североисточните делови ќе има повремени врнежи од дожд.
Ќе дува засилен, а во западните планински делови силен ветер од западен и југозападен правец, на моменти со брзина околу 90 километри на час. Утринската температура ќе се движи од четири до девет, а дневната од девет до 16 степени.
Во Скопје слично време со температура до 12 степени.
Од петок се очекува позначително заладување со врнежи од снег. | fineweb-2 |
Атрактивните жени најчесто имаат помал број сексуални партнери. Ова го открило едно доста интересно истражување, според кое се заклучило дека атрактивните жени се склони кон подолги врски, за разлика од атрактивните мажи, кои се склони кон сексуални авантури и ретко кога се посветени на подолготрајни љубовни односи.
Ако се прашувате зошто, следи и одговорот. Атрактивните жени се поуспешни во поставувањето на правилата, односно тие се подоминантни од мажите, па и тоа е една од причините зошто остануваат во долги врски. Истото не важи и за мажите, бидејќи колку поатрактивни се за женскиот пол, толку е поверојатно дека ќе имаат голем број партнерки. Истото истражување покажало и дека атрактивните жени избираат партнери кои се подеднакво атрактивни, но и оние кои имаат сличен материјален или социјален статус.
Со други зборови, спротивно од вреженото мислење и од она што секојдневно го гледаме на малите и големите екрани, каде што атрактивната жена е во врска со помалку привлечен, но богат маж, истражувачите сметаат дека таквите љубовни врски не се вообичаени помеѓу општата популација, за кое и тоа како се дискутирало. Што велите за овие резултати? | fineweb-2 |
Не забележавме напредок во ниту една област во земјата, велат повеќето граѓани неколку дена по објавувањето на годишниот извештај на Европската Унија.
Во нискиот стандард ја гледаат главната причина поради која Македонија не се доближува во Европа.
"Не напредуваме.
Не гледаме приближување. Далеку сме.
Побрзо се приближуваме од долната страна, со криминалот.
Нема ред, како во Европа."
Ние сме виновни, оти проблемите не сакаме да ги решиме сами, велат граѓаните.
Сепак, некои од нив посочија области во кои мислат дека покажавме мал напредок.
"Овие што се образовните институции, приватните школи почнаа да се приближуваат со наставата.
Има нешто во економијата, приватниот цапитал, помали фабрики."
Експертите велат дека има реформи со кои можеме да се пофалиме.
За Жидас Даскаловски од Правниот факултет во Скопје, реформите во две области заслужуваат да се истакнат како успешни.
"Реформата во децентрализацијата, значи Македонија од централизирана земја, трна во процесс на децентрализација, којшто ги препушта ингеренциите на локалните општини. Втората работа е дека Македонија гради мулти етничко општество."
Граѓаните велат дека не постои институција во државата која би можела да се нарече европска. Тие додаваат оти се забележува развој во приватниот сектор, но дека сопствениците на приватните фирми не работат по европски стандарди. | fineweb-2 |
Денеска во Дубровник почнува четвртиот Регионален економски форум за Југоисточна Европа, на кој ќе учествуваат претседатели на држави од регионот, како и претставници на водечките компании, банки и деловни асоцијации. Ќе бидат одржани четири тркалезни маси, посветени на регионално значајни теми. На претседателската сесија од форумот, на која меѓу другите ќе учествува и македонскиот претседател Бранко Црвенковски, ќе стане збор и за Договорот за слободна трговија во Централна Европа- ЦЕФТА. Претходно Црвенковски во Белград ќе се сретне со својот српски колега Борис Тадиќ. | fineweb-2 |
Најмалку 86 лица загинаа, а 126 се повредени во денешните експлозии во Анкара, соопшти турското Министерство за внатрешни работи.
Утринските вести од Анкара се шокирачки и вознемирувачки. Тоа што се случи е суров и варварски напад на мирните демонстранти.
Цел на нападот бил мировниот марш на опозицијата која повика на запирање на насилството со курдските сепаратисти, припадници на Работничка партија на Курдистан(ПКК).
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган силно ги осуди двојните бомбашки напади во Анкара, нарекувајќи ги гнасни и истакнувајќи дека мета на нападот биле единството на државата и мирот. Ердоган повика на одлучност и солидарност како најважен одговор на теророт. Тој порача дека тие што стојат зад нападите имаат за цел да предизвикаат поделби во општеството.
Неколку часа по двете експлозии во Анкара, Курдската работничка партија (ПКК) прогласи прекин на герилските активности во Турција. Групата објави дека нејзините борци ќе избегнуваат акции освен во случај кога ќе бидат нападнати.
Политичкото крило на ПКК, Сојуз на курдски општини, наведе дека припадниците на ПКК треба да се воздржат од секакви акции кои би можеле да ги нарушат претстојните парламентарни избори во Турција, што се закажани за 1 ноември.
Турската влада нападот го оцени како терористички акт.
Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, го осуди нападот кој се случи утрово во Анкара, пред планираниот мировен марш, во знак на протест против судирите меѓу државата и курдските милитанти.
"Утринските вести од Анкара се шокирачки и вознемирувачки. Тоа што се случи е суров и варварски напад на мирните демонстранти. Сакам да изразам сочувство за сите кои изгубиле пријатели и сакани во нападот. Слободата на собирање и слободата на изразување се основните столбови на демократијата", истакна Јагланд. | fineweb-2 |
Во составот на Секторот се наоѓаат Службата за План и анализа, Служба за сметководство, Финансова служба, Служба за наплата од стопанство, Служба за наплата домаќинство, Служба за комерција и јавни набавки.
Служба за план и анализа
Службата за план и анализа ги извршува следните тековните работи од својот делокруг:
- Изработка на Финансов план;
- Изготвување на Програмата за работа и развој на Претпријатието врз основа на плановите и програмите од секторите;
- Изготвување на Инвестициона програма на Претпријатието врз основа на развојните програми на секторите и Градот Скопје
- Изготвување на тромесечен, полугодишен и деветтомесечен извештај за работењето на Претпријатието;
- Годишен Извештај за работењето на Претпријатието;
- Изработка на цени за вршење на услуги за трети лица;
- Евиденција на физичкиот обем на работењето за корисниците
од домаќинствата и стопанството;
- Месечни статистички извештаи (интерни) за динамика на вработените, искористеност на работното време, прекувремено работење по видови по Сектори и на ниво на Претпријатие, изостанување по видови, месечен преглед на нето плата и просечна плата по квалификации по сектори и на ниво на Претпријатието;
- По барање на Заводот за статистика на град Скопје изготвување на извештаите:ТРУД 1; ВОД 1; ВОД 2; ИНВ 1; ГРАД 1; ГРАД 2; ТУ 11; СОМ-11; ИКТ.1; ДВ.КВ.ИН. и други извештаи;
- Извештаи и анализи поврзани со работењето на претпријатието по барање на раководниот кадар на претпријатието.
Служба за сметководство
Службата за сметководство ги извршува сите тековни активности кои можат да се поделат на :
- Редовните активности : примање, ликвидирање, книжење и издавање на прегледи и биланси за вкупните состојби во тековниот период.
- Периодичните активности: составување и предавање на тримесечна, шестмесечна и деветмесечна пресметка каде се изготвуваат биланс на состојба, биланс на успех, даночен биланс и белешки кон финансиските извештаи. Во рамките на периодичните активности, значајно место заземаат месечните усогласувања на состојбите во сметководството со сегментот домаќинства, како и останатите месечни усогласувања по соодветни конта.
- Припремни работи за составување на Годишната пресметка, во кои спаѓаат: пописите на основните средства, опремата, градежните објекти, годишните отписи (приходување / расходување), утврдување на кусоци и вишоци по попис, како и самото изготвување на Годишната сметка каде покрај билансот на состојба, билансот на успех, даночниот биланс и белешките кон финансиските извештаи се изготвуваат и прегледи за посебни податоци, структура на приходи по дејности, извештај за парични текови и извештај за промени на капиталот.
- Изготвување и комплетирање на соодветна документација за тужење на дадени фирми, врз основа на список за утужување на правни лица.
- Континуирано финансиско усогласување на меѓусебните побарувања и обврски со коминтентите, врз основа на обезбедени конфирмации.
- Согласно новиот Правилник за попис – Правилник за начинот на вршење на попис на средствата и обврските и усогласување на сметководствената со фактичката состојба утврдена со пописот ("Службен весник на РМ", бр.107/11)
Финансова служба
Службата за финансии ги извршува следните тековни работни задачи:
- Фактурирање на сите видови извршени услуги на ниво на Претпријатие (водоводни, фекални и атмосферски приклучоци, поправка на водомер, хлорирање, отпушување на канализација, дефекти и др.) за фирми и физички лица.
- Изготвување на предлози за меѓусебни компензации и цесии,проверка на добиените предлози за меѓусебни и повеќекратни компензации, реализирање на сите потпишани и заверени примероци и раскнижување на истите во евиденција.
- Отварање и затварање на жиро сметки-редовни и наменски во зависност од потребите.
- Евиденција на сите плаќања од редовните и наменските жиро сметки и нивно раскнижување.
- Евиденција на сите плаќања од жиро-сметките вон книговодствено за уплатите од стопанство и домаќинство за потрошена вода и ќе врши дневна пресметка за префрлање на средствата за ЈП Паркови и зеленило и изготвувување на месечните извештаи и прегледи за фактурирана и наплатена вода од стопанство и домаќинство, месечни протоколи со ЈП Паркови и зеленило и месечни извештаи за Фонд за води.
- Ќе врши следење на сите уплати од услуги по банковите изводи,кои потоа ги внесува во спецификација на која службата за сметководството задолжително потврдува за затварањето на извршените уплати откако ќе извршат раскнижување на изводите од банката.
- Преку референтите за плата ќе се врши пресметка на платата на сите редовни и времени вработени. По извршената проверка на истата од страна на УЈП, референтите ги изготвуваат сите налози за исплата и ги доставуваат до Банката за реализација. Исто така вршат пресметка на сите примања по други основи за вработените на ЈП Водовод и канализација(за исплата на регрес на годишен одмор,награди на вработени и сл.),изработуваат даночни пријави за сите вработени поединечно,за пресметаниот и исплатен персонален данок на доход,за сите членови на Управниот одбор на ЈП Водовод и канализација и Надзорниот одбор за материјално-финансиско работење, заверки на сите поединечни барања на вработените по основ на кредити, кредитни картички, потврди за нивните лични примања по разни основи и сл.
- Изготвување и комплетирање на потребна документација за сите видови на осигурување за кои ЈП Водовод и канализација-Скопје, има склучено договори за осигурување, реализација на правата и обврските што произлегуваат од осигурувањето на имот, одговорност од дејност, авто и каско одговорност како и правата што вработените ги имаат по основ на колективно осигурување.
Служба за јавни набавки и комерција
Службата за јавни набавки и комерција ќе ги извршува своите работни задачи согласно донесениот План за јавни набавки и усвоената Инвестиционата програма од страна на основачот Град Скопје.
Службата според Планот за јавни набавки ќе врши:
- истражување на пазарот преку кое ќе се добијат информации од понудувачите за снабденоста, понудата и цените на пазарот за потребите на Претпријатието со што ќе може да се определи, ориентационо, вкупниот износ на парични средства кои треба да се предвидат за набавка на стоки, услуги, работи идр. Истражувањето на пазарот го врши оделението за комерција-референти за набавка, по претходно изготвени спецификации од секторите/центрите во Претпријатието, со утврдени количини на материјали, прецизни и точни податоци за материјали кои се предмет на набавка.
- Одделението за комерција ги изработува новите шифри за сите видови новонабавени стоки во Претпријатието и истите се имплементираат во постојниот шифрарник, од страна на материјалните книговодители.
- Одделението за јавни набавки ја изготвува целокупната документација за реализирање на јавните набавки во согласност со Законот за јавни набавки во договор со директорот на Претпријатието, комисиите за јавни набавки, раководителот на службата и одговорното лице за јавни набавки.
- Доставување на барања за согласности до Советот за јавни набавки, согласно Законот за јавни набавки.
- Доколку поедини економски оператори/понудувачи, поднесат жалби по објавени јавни повици, односно по одлука за избор на најповолен понудувач, во одделението за јавни набавки заедно со соодветна комисија ќе се изготвува одговор на жалбите.
- По завршување на целокупната постапка за јавни набавки и потпишувањето на договори со понудувачите, преку налозите за набавка потпишани од директорите на сектори/центри, а одобрени од Директорот на Претпријатието, одделението за комерција ќе ги реализираат набавките.
- Референтите за набавка се должни да достават порачка до понудувачот со кого е склучен договор за набавка
- Референтите за набавка се одговорни за количината и квалитетот, заедно со магационерот и одговорното лице за квалитет на стоката, при приемот на стоката во магацинот.
- Сместувањето на стоките (материјалите), издавањето на истите од магацинот, водење на целокупната документација во врска со магацинското работење, ќе го вршат магационерите кои се задолжени во главниот магацин, и секторските магацини согласно ISO процедурата ВИК-755-101.
- По извршените набавки, документацијата од видот на: фактури, испратници, приемници и др., референтот по документација во службата ќе ги обработи, евидентира и проследи до останатите служби во секторот за сметководство, финансови работи, јавни набавки и комерција, каде има потреба на понатамошна обработка.
- Ќе се направи измена, дополна и усогласување на процедурата за јавни набавки согласно измените во Законот за јавни набавки.
Службата за наплата од стопанство
Службата за наплата од стопанство ги извршува следниве тековни работни задачи:
- Редовно месечно читање на водомери од стопанство и фактурирање на потрошената вода за стопанств
- Склучување на договори за водоснабдување, договори за отплата на долтот на рати
- Редовно месечно читање на водомерите на сите правни лица.
- Изготвување на вонредни сметки,книжни одобренија и месечни извештаи за извршените налози.
- Евидентирање на нови корисници на услуги и по потреба ќе врши промена на корисници во матичната евиденција.
- Превземање на сите потребни мерки за наплата на сметките за вода од стопанство.
- Доставување на опомени за ненавремено плаќање до корисниците и како крајна мерка ќе врши исклучување од водоводната мрежа.
- Изготвување на месечни прегледи за побарувањата за вода од претпријатија и установи и секојдневно ќе го прати приливот на пари од сите уплати за стопанство.
- Преку одделението за интервенции се врши:промена на водомери и исклучување на правни лица,интервенирање по писмено барање од коминтентите,промена на вентили и отклонување на дефекти,исклучување и приклучување на сите должници од кои на друг начин не можат да се наплатат побарувањата.За сите интервенции ќе се изготвуваат месечни извештаи
Службата за наплата од домаќинство
Службата за наплата од домаќинство ги извршува следниве тековни работи:
- Читачите-наплатувачи ќе вршат читање на водомери и достава и наплата на сметки за потрошена вода и подигнат смет, за изминатиот месец од 01-12. во тековниот месец
- Благајниците ќе вршат наплата на сметки за сите месеци,наплата по тужби,наплата за поправка на водомери,наплата за исклучување на водомери и наплата по други основи.Предавањето на наплатените средства ќе се врши секојдневно.
- Контролата на корисници ќе работи согласно предходно изготвен план (изготвен според предходно определен критриум). Ќе вршат вонредни контроли (согласно доспеани жалби од корисниците ) и ќе учествуваат во исклучување на нередовните плаќачи и дивите корисници од нашиот систем за водоснабдување поединечно или во предходно организирани акции од 01 – 31 во месецот.
- Реонскиот ликвидатор ќе се грижи за целосно извршување на работните обврски на читачите и контролорите , а воедно ќе изготвува извештај за извршените работни задачи на читачите и контролотите до 25-ти во месецот и истите ќе ги доставува на разгледување до непосредниот раководител.
- Раководителите на реоните и на благајната ќе се грижат за целосната ангажираност на вработените во текот на работното време,а по прегледот на извештаите истите со конкретни забелешки ќе ги достави до Раководителот на службата, секој 28-ми во месецот.
- Отчитување на водомери - од 13-30 секој месец.
- Измени – секој работен ден
- Извештај за наплата (од сите банки, пошти и благајна ) секој 15-ти во месецот.
- Извештај за извршена работа во предходниот месец,секој 15-ти во месецот.
- Работни налози секој 28-ми во месецот.
- Прием на странки секој работен ден. | fineweb-2 |
Валентино Роси е решен да ја врати својата MotoGP сезона на вистинскиот правец на трката во Каталуња овој викенд по катастофалната домашна трка во Муџело на која се судри со Алваро Баутиста.
Роси го нема на подиумот од трката во Катар и има освоено само 4 поени на последните две трки.
Добра вест е што избегна повреда по судирот на трката во Муџело.
"Неколку дена по судирот во Муџело имав болки насекаде," изјави Роси. "За среќа можев веднаш да почнам со тренинг и не губев време. Трката во Барселона ќе биде многу важна особено по неодамнешните резултати."
Трката во Каталуња ќе биде одлично место за новиот почеток на Роси. Деветкратниот Светски шампион има остварено најмногу победи на оваа патека. Во класата од 125cc победи во 1997, во класата од 250cc победи во 1998 и 1999, а во премиерната класа победуваше во 2001, 2002, 2004, 2005, 2006 и во 2009 кога го помина тимскиот колега Хорхе Лоренцо во последниот свиок.
"Сакам да се качам на подиумот во Шпанија и ќе дадам се од себе како и обично," изјави Роси, кој сеуште нема старт од првиот ред оваа сезона. "Ќе биде многу важно да се започне овој викенд на најдобар начин и да се постигне добро време на квалификациите. Ќе биде многу важно да се започне од првиот ред."
Поради неодамнешните проблеми Роси се најде на шестото место во шампионатот, позади М1 возачите Лоренцо (второ место) и Кратчлоу (четврто место) како и позади неговата замена во Дукати Андреа Довициозо (петто место).
"На Валентино му е потребен добар резултат тука бидејќи немаше среќа на последните две трки," изјави тимскиот директор Масимо Мерегали.
Роси заврши на седмото место на трката во Каталуња минатата сезона возејќи за Дукати.
Би можело да ве интересира
Tимовите почнаа да ги презентираат нивните нови обележја, нови спонзори и нови тимови за 2017 година.
Suzuki ни ја престави новата линија на супербајк мотоцикли на саемот "EICMA" во Милано, а денеска пристигна информацијата за цената на новите модели во САД.
Болоња му посака добредојде на новиот Ducati Scrambler ресторан, место кое има за цел да ги собере сите љубители на мотоциклите.
Британскиот победник на релито Дакар 2017, Сем Сандерленд, вели дека се уште е во шок од резултатот кој го постигна на овогодинешната трка. | fineweb-2 |
Шефот на НАТО, Андрес Фог Расмусен соопшти денеска дека тој очекува во Авганистан да бидат испратени уште неколку илјади војници, кои ќе им бидат подршка на 30 000 американски војници. Денеска во седиштето на НАТО во Брисел се состануваат земјите членки на алијанстата, кои треба да соопштат дали ќе испратат нови 7000 војници за мисијата во Авганистан, како што ветија минатата недела. | fineweb-2 |
"Барам вечерва од вас поддршка за секоја моја подадена рака за годините наназад. За секој тротоар и квадратен метар поплочен, за секој квадратен метар асвалт, за сите нови водоводи, за сите нови канализации, за сите убавини во Струмица, тоа е мојата сила и мојот кредибилитет и мое право да ја барам вашата поддршка.
Струмица стои позади мене и благодарение на Струмица барам мандат од Стурмица и од цела Македонија!
Дозволете од моја Струмица и ваша Струмица да испратиме пораки до сите оние кои сеуште се плашат, молчат нешто да не изгубат, можеби се дел и од владеачките гарнитури.
Денеска веќе знаеме се. Се се знае, знаат и врапчињата дека уште 4 години режим нема. Но сега е моментот и отчукува саатот, уште 3 дена останаа.
Почитувани вработени во јавната администарција, вие задно со примателите на социјална помош, примателите на субвенции, треба да знаете вашите примања се загарантирани со закон, нив не ги дава ни Заев, ни Груевски, тоа се од вашиот пот и од вашиот труд и од даноците на оваа земја Р.Македонија кои ги плаќаат сите граѓани.
Немојте да молчите, немојте да спиете дома без да дадете придонес! Оваа Македонија не е само наша, ова е и ваша Македонија! Имате обврска затоа што сте родители на нечии деца, затоа што сте деца на некои родители, затоа што сте браќа и сестри на некои луѓе, оти сте чичковци, тетки, вујковци и вујни на некои граѓани на Македонија. Имате обврска оти оваа Македонија исто и ваша. Излезете и изборете се за живот, и за ваша слобода, и за ваша правда!
Испраќам вечерва порака и до сите возрасни луѓе, до бабите и дедовци.
Почитувани баби и децовци, се сеќавате ли кога се роди вашето прво внуче? Кога ја видовте првата насмевка? кога ви го стисна прстот? Зарем заборавивте оти плановите беа да ги гледате како се женат и мажат? Како деца основаат овде во Македонија? Да ги гледате околу вас? Ќе ве прашам отворено каде се сега вашите внуци? Може ли тоа да го промените, да бидат до вас? Може!
Пенкалото во раце на 11 декември да гласаме за живот за да ни се вратат децата и внуците овде во нашата Македонија.
Почитувани млади луѓе ќе ве прашам отворено со кренато чело и сакам одговор. Иднината и Македонија ви припаѓа вам. Имате две опции, едната е да ги фатите белото знаме и да се предадете и да продолжите по бродови и странски земји, и втората опција е да го зграпчите црвеното знаме и да се борите гордо, овде во вашата земја, во Република Македонија.
Ве повикувам рамо до рамо со мене да се борите за живот во нашата Македонија.
Во вашата Македонија. Во нашата заедничка Р. Македонија", изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ и носител на каднидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 4, на синоќешниот митинг одржан во Струмица. | fineweb-2 |
Кои пет хороскопски знаци најлесно се заљубуваат?
Кога станува збор за љубовта и емоциите, најпрво ви текнува на емотивните Ракови, а на крај на оваа листа, по некое непишано правило, секогаш се наоѓаат егоцентричните Лавови. Но, реалноста е малку поразлична. Листата на петте најлесно заљубливи хороскопски знаци е следнава.
Стрелец
Можеби се спонтани и индивидуалци, но ги сакаат долгите врски кои ги подигнуваат до небо. За момент, сакаат да побегнат од реалноста и да отпатуваат на некоја романтична дестинација. Вечно сонуваат по личност која ќе ги заведе и ќе ги заинтересира до крајот на животот.
Бик
Обожава долги врски, но сака да влегува во кавги за работите во кои е цврсто уверен. Романтичен е и грижлив. Сè ќе даде само за да го задржи вниманието на саканата личност. Сака забава и авантури, но подготвен е да се "жртвува" за љубовта на својот живот.
Водолија
Можеби се ексцентрични, но се почувствителни отколку што сите мислат. Под креативниот оклоп се кријат личности кои сакаат да бидат сакани, чувани и разгалени. Колку и да звучи контрадикторно, Водолиите сакаат мирна врска.
Рак
Зачудувачки, но Ракот не е првиот на оваа листа. Сепак, одлично се бакнува, добро изгледа и е една од најгрижливите личности во хороскопскиот знак. Сексот е нивно емотивно поврзување, а доколку стигнете до тој чекор со некој Рак – нема назад.
Лав
Уште еден знак кој се очекуваше да биде на 12-то место, под сите, но и Лавовите знаат безусловно да сакаат. Страстен знак кој ужива во освојувањето, шармирањето и заљубувањето, само ретко кога признава. Ако не сте подготвени за врска, во никој случај не си поигрувајте со срцето на Лавот, затоа што тоа е покревко од што мислите. | fineweb-2 |
Одлуката на владата за отпочнување постапка за доделување под концесија на скопскиот и на аеродромот во Охрид, не е поткрепена со коцепт и идеја каков аеродром и треба на Македонија, коментираат поранешните директори на аеродромите во земјава, по предлогот на владата, двата аеродроми да одат на концесија:
"Не постои стратешки план како ќе се развиваат аеродромите, за да се бараат од концесионерите, 50 милиони евра за скопскиот аеродром,"
коментира Зоран Крстевски, поранешен директор на аеродромот во Скопје.
"Владата донесе одлука да ангажира консултант да се изработат сите критериуми за тендерската документација,"
вели актуелниот директор на аеродромот во Скопје Орхан Рамадани.
Според Рамадани, предмет на концесинирањето на аеродромот во Скопје, би била целокупната инфраструктура во траење од минимум 20 години, за да може, како што вели, сите инвестиции да се реализираат.
"Не е проблемот дека треба да се модернизира. Треба да се менува и начинот на менаџирање. Бидејќи, скопскиот аеродром во опкружувањето ги има сите аеродроми кои одат на концесија и тоа како ќе бидат конкурентни. Односно, со зголемување на терминалната зграда, би се овозможило подигање на нивото на нашите услуги од една страна, сигурно и да има инвестиции кои ќе овозможат зголемување на комерцијалните дејности односно приход."
Зоран Крстевски, поранешен директор на аеродромот Скопје смета дека не постојат показатели зошто е потребно главниот национален аеродром да се дава под концесија:
"Треба да се инвестира не во терминалната зграда, туку во подигањето на категоријата на аеродромот, односно во полетно слетната патека. Тоа е сосема и многу повеќе од 50 милиони евра, и без учество на државата тоа тешко може да се направи."
Според Крстевски, подобро е решение прво државата да го реши сопственичкиот статус на аеродромот.
"Односно, да биде интересен за инвестирање по пат на акционерство. Тука би бил и градот заинтересиран, а и банки и авио компании и сите оние кои во профитабилноста ќе најдат интерес. Вака, работата ќе оди по линија на помал отпор и не знам на што ќе се сведе изнајмувањето на аеродромот." | fineweb-2 |
Кога публиката ќе седне пред телевизорот, се соочува со две реалности што се спротивставуваат една на друга, за истиот собир. Таа (публиката) се наоѓа пред една забуна за тоа кој ја зборува вистината. Одговорот е дека и двете страни ги кажуваат своите вистини. Или, дел од вистината. А постои и една "трета" вистина…
Пишува Агрон Врангала
Медиумите и политиката се две области што некогаш се согласуваат, а некогаш се судираат една со друга. Но, едно е сигурно, тие не можат една без друга и во модерните општества секогаш се сопатници во општествените процеси. Не случајно се спомнува терминот "општествени процеси" за да се даде до знаење дека сè што се произведува во политиката или медиумите, на крајот на денот е дел од едно одредено општество. И, токму тоа општество ги држи на плеќи овие професии во нивните општествени димензии, колку противречни, толку и потребни.
Не е некоја новост доколку се рече дека сите медиуми имаат политичко влијание. Ниеден медиум во светот нема целосна надполитичка независност. Ова не подразбира секогаш дека медиумите задолжително мора да држат некоја страна за да се сметаат за политички. Може и да не поддржуваат политички субјекти, но не можат да бидат соголени од секоја идеологија што ја смислила човештвото.
Има многу дебата за тоа како е можно медиумите, кои се повикуваат во име на слободата на изразот и јавниот интерес, да станат заложници на една одредена идеологија. Во овој момент треба да се направи поделба. Едно е да веруваш во нешто и да работиш во тој правец, друго е да бидеш платен за нешто и да се преправаш дека веруваш во тоа. И, сосема трето е кога твојата насока ја претвораш во една догма што треба да биде проследена од сите, со идејата дека тоа е единствениот пат што му е потребен на општеството. Тука завршуваме со ова прикажување на опциите, оставајќи ја отворена дискусијата, со една општа констатација дека политиката ги произведува медиумите.
Постои уште едно важно прашање. Дали е можно да е случи спротивното, односно медиумите да ја произведуваат политиката? Медиумските истражувачи велат – да, можно е.
Еден од социолозите за комуникација, Пиер Бордју, дошол до една многу интересна констатација во која вели дека телевизијата не одразува еден одреден политички настан, туку го произведува од почеток. Секој може да ја постави дилемата како е можно да се случи такво нешто. Фактите се многу едноставни и може да се толкуваат.
Македонија само што заврши со една интензивна изборна кампања. Речиси сите собири што беа одржани од политичките партии, се следеа од голем дел од медиумите. И, што се случи? На пример, секоја телевизија имаше свое прикажување на овие собири. Истите собири изгледаа различно – на различни телевизиски канали. И зошто? Бидејќи новинарите на овие телевизии не отишле таму за истата цел. Еден новинар од една провладина телевизија ги одвојуваше најубавите делови од излагањето на еден владетел, спротивно на новинар од опозициска телевизија, кој се обидуваше да фати некој контрадикторен израз на истиот политичар.
Кога публиката ќе седне пред телевизорот, се соочува со две реалности што се спротивставуваат една на друга, за истиот собир. Таа (публиката) се наоѓа пред една забуна за тоа кој ја зборува вистината. Одговорот е дека и двете страни ги кажуваат своите вистини. Или, дел од вистината. А постои и една "трета" вистина. Но, оваа вистина не стигнува до гледачот пред екранот. Таа вистина ѝ припаѓа на публиката што била присутна на собирот. Условно кажано, овие три вистини се за три различни публики. Прва е публиката што била присутна на собирот и што го следела политичкиот настан, додека другите две (или една единствена), се тие што го вклучиле телевизорот и виделе два различни медиумски производи.
ЕФЕКТОТ НА КАМЕРАТА
Да земеме еден малку покомплексен пример. Доколку следите една седница на Собранието од почеток до крај, може да се констатира дека постои голема разлика меѓу дискурсот на политичарите кога се присутни телевизиските камери и тогаш кога тие се отсутни. Обично, во моментот кога нема камери во Собрание, дебатата меѓу власта и опозицијата е многу помирна. Во моментот кога пратениците забележуваат дека некој ги снима, одеднаш почнуваат да го острат политичкиот говор, кревајќи го гласот и силно истакнувајќи ги тие зборови што имаат да му ги кажат на својот противник. Ова е тоа што се нарекува ефект на камерите и создавање сцени од страна на политичарите. Сè што се случува, се случува поради присуството на камерите.
Но, ова не е сè. Новинарите што ја следат седницата, кога се враќаат во нивните редакции, треба да прават ивештај кој трае максимум две минути. На овој начин, тие ги одбираат најпикантните моменти од дебатата, обидувајќи се со малку зборови и со неколку слики да го опишат тоа што се случувало денеска во Собранието. Колку и да способни и професионални новинарите, невозможно е да ја прикажат целата реалност што се случила преку целиот ден во Собранието и на седниците. Вака, новинарите создаваат една нова реалност за дискусијата во салата. Ова не значи дека има контрадикторности меѓу овие две реалности, туку има голема разлика меѓу дискусијата во салата која трае со часови и хрониката на новинарот која трае само две минути.
Во меѓувреме, ако ги земеме предвид каналите што директно ги пренесуваат собраниските седници, имаме работа со еден сосема нов елемент. Во овој случај, телевизиската камера игра улога на една сигурносна камера која снима сè што фаќа нејзиниот кадар. Но, недостига новинарот на средина, што би направил избор, комбинирање и монтажа на најинтересните моменти. Во оваа смисла, овде имаме само еден директен пренос, без ниеден новинарски елемент. Во случаите на емитувањето во живо на овие седници, кај јавноста се создава еден впечаток дека следат сè што се случува таму. Не е вистина. Јавноста го следи само делот што камерата го снима во тој момент. На пример, во времето кога камерата е насочена кон говорницата и го снима моменталниот говорник, истовремено некаде на крајот од салата, може да има десетици пратеници што следат "Фејсбук" и немаат воопшто идеја за тоа што зборува нивниот колега, но телевизиската публика не успева да го види тој дел. И во овој случај, имаме една нова измислена медиумска реалност, во споредба со тоа што навистина се случува во салата. Вака се случува во сите случаи каде што има камери.
Освен ефектот на камерата, еден од главните фактори на создавање на нова медиумска реалност се и телевизиските студија или, поточно, односот на новинарот со гостите. Познатиот албански филозоф и комуниколог Артан Фуга, истакнува дека имајќи еден формален статус на непристрасност и чувајќи ја оваа површинска непристрасност со фанатизам, новинарот станува одредувачки фактор во сферата на политичката комуникација. Тој е тој што му ги поставува прашањата на политичарот, тој е тој што ја одредува агендата на јавната дискусија, што ги открива или ги крие недостатоците на политичарите за време на телевизискиот политички настап, што го дава времето на располагање на секој политичар што се наоѓа пред камерите и што, на крајот на краиштата, ги одбира посакуваните нијанси за фигурата и телевизиското орално и физичко претставување на секој политичар.
ДВЕ ИНТЕРВЈУА НА ИСТА ТЕЛЕВИЗИЈА
Во февруари 2016 година, во студиото на вестите на "Сител" беше поканет на интервју претседателот на СДСМ, Зоран Заев, да се соочи со новинарот Драган Павловиќ-Латас. Ова беше првото интервју што го памти публиката на Заев во ова студио. Во август истата година, пак, беше поканет претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој редовно се појавува како гостин на вестите и другите емисии во оваа телевизија.
Доколку ги споредите овие два интервјуа, ќе видите дека станува збор за две сосема различни работи, почнувајќи од прашањата што им се поставуваат на гостите, односот на новинарот со гостинот, притисокот или удобноста што им се нуди во смисла на кадарот на камерата, како и многу други работи што зборуваат за тоа што се вика нов медиумски производ на политиката. Тој пристап кон гостите нема воопшто врска со нивните политики. Тоа е еден оригинален, нов конструкт на реалноста, произведен од оваа телевизија. Вака се случува во секој случај. Истиот лик би зборувал за истата тема, но во различни телевизиски студија, би излегол со различни проекции во очите на публиката, во зависност од политичките ориентации што таа телевизија ги прокламира.
Овие три примери што се изнесоа овде, може да служат како просветлување или отварање на нова перспектива за тие што се заинтересирани да одат чекор понапред преку конструктите на реалноста што им се нудат секој ден од медиумите, правејќи една сосема индивидуална проценка за просторот и времето што ќе им го посветат на овие производи, кои се колку привлечни, толку и нестабилни.
Во западните земји, на пример, во образованите семејства, во смисла на медиумското образование, има тренд да се отстрани од употреба или да се употреби на многу ограничен начин телевизијата како апарат за забава. Во Македонија, пак, може да има семејства што уште не успеале да имаат телевизор во нивните домови. Една златна средина секогаш би била добредојдена.
Оваа новинарска лекција е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Новинарската лекција e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на новинарската лекција е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia). | fineweb-2 |
Поврзете се за да го зачувате резултатот од пребарувањето.
Зачувајте го огласот
Поврзете се за да го зачувате огласот.
Функцијата Преглед е преместена во сметките
Сега, зачуваните пребарувања и зачуваните огласи се преместени во "сметки". За да можете да креирате известувања, потребно е да се поврзете кон Вашата сметка. Доколку немате сметка, можете да креирате нова. | fineweb-2 |
Официјалните резултатите од општите избори во Италија покажуваат дека коалицијата на левицата и центарот предводена од Романо Проди однесе тесна победа над коалицијата на десниот центар на премиерот Силвио Берлускони. Но, Берлускони не го признава поразот и бара пребројување на гласовите за Долниот дом на парламентот каде што неговата коалиција загуби за една десетина од процентен поен. Некои аналитичари предвидуваат враќање на политичката нестабилност која владееше во Италија до пред пет години, односно до пред доаѓањето на Берлускони на власт.
Последните резултати покажуваат дека коалицијата на Романо Проди за пратеничкиот дом добил четириесет и девет запирка осум проценти, додека кампот на Берлускони четириесет и девет запирка седум насто. Според италијанскиот закон, пеесет и пет проценти од местата во овој дом му припаѓаат на победникот на изборите, без оглед колкава е таа победа. Со тоа Проди ќе добие триста и четириесет места од шесто и триесете колку што брои долниот дом на парламнетот. Според податоците, Проди за овој дом победил со само дваесет и пет илјади гласови предност. Енрико ла Логиа, министер за регионални прашања во заминување вели:
"Мислам дека е во сечиј интерес да се спроведе некаква ревизија на гласовите. Конечно тоа им го должиме на италијанците кои излегоа на изборите."
Пребројувањето би можело да предизвика политички хаос, сличен на оној од американските претседателски избори во две илјадитата година кој заврши со жестока битка за повторно броење на гласовите на Флорида. Засега сите очи се свртени на распоредот на силите за Сенатот, горниот дом на италијанскиот парламент каде што Берлускони добил само едно место повеќе од Проди. Имено, за да се формира влада е потребно да се има мнозинство и во двата парламентарни дома. Аналитичарите се согласуваат дека ќе биде тешко да се одржува таквото потребно мнозинство.
"Постои извесен проблем тука бидејќи на крајот ќе биде тешко да се обезбеди мнозинство во Сенатот."
Вели Жан Пјер Дарнис од Институтот за меѓународни работи со седиште во Рим. Берлускони, шеесет и девет годишниот медиумски магнат, беше, како што се нарекува, најдолготрајниот италијански премиер од Втората Светска Војна. Тој се кандидараше за уште еден мандат на чело на коалицијата составена од неговата Форца Италија, поранешните неофашисти во Националната Алијанса, Проватиканските сили и анти имигрантската Северна Лига. Иако за време на неговото владеење италијанската економија стагнираше, Берлускони, како што велат аналитичарите, го поддржуваа малите бизнисмени и луѓето од северниот дел на Италија кои се обидуваат да добијат поширока автономија од централната влада во Рим:
"И покрај фактот што Берлускони не ги постигна целите од првиот мандат, многумина повторно гласаа за него поради уверувањето дека помалите држави се поефикасни, особено во развојот на бизнисот."
Смета Дарнис. Развој на бизнисот вети и Проди кој најави намалување на даноците и економски реформи. Но, аналитичарите велат дека ваквите мерки ќе бидат невозможни ако се има предвид тоа што комунистите ќе бидат дел од владејачката коалиција. | fineweb-2 |
Иран постигна договор со авиогигантот Боинг за набавка на 100 авиони за обновување на ирнската цивилна воздухопловна флота. Од вкупно 250 авиони, 230 треба да бидат заменети, изјави шефот на иранското цивилно воздухопловство, Али Абеџадех. Компанијата ќе треба да побара одобрение од владата на САД за да го финализира договорот. Од таму потврдуваат дека пред помалку од една недела имале состанок со иранските авиокомпании кои се заинтересирани за купување на патнички авиони. Најавата за обновата на цивилното воздухопловство доаѓа откако беа укинати санкциите поради постигнатиот договор за нуклеарната програма на Техеран. Од јануари до сега биле водени разговори со три западни производители на авиони. | fineweb-2 |
Дадена е една кратка презентација за алуминиумски радијатори Kaldo во која можете да ги видите карактеристиките на истиот.
Греење, Соларни системи, Климатизација
Вашата кошничка е празна
Посетете ја нашата онлајн продавница
Придружете се на над 1000 регистрирани на newsletter-от на Термо Систем кои добиваат корисни информации за греење, соларни системи, водовод и климатизација и преземете го бесплатно нашиот Прирачник за соларни системи. | fineweb-2 |
Иако Државниот завод за ревизија два пати во изминативе години односно во 2008 и во 2010 година препорачал да се намали надоместокот што го земаат пратениците во македонското Собрание за патни трошоци, повеќе различни парламентарни состави во овој период без разлика кој бил на власт, а кој во опозиција ги игнорираат ваквите препораки.
Државните ревизори во најновиот извештај за Собранието укажуваат дека поради тоа што расходите за патни трошоци зафаќаат голем дел од вкупните расходи на Собранието препорачале да се преиспитависината на надоместоците во насока на нивно намалување.
Согласно Законот за пратеници утврдено е дека по основ на лични примања и надоместоци на трошоци пратениците имаат право на надоместок за користење приватен автомобил за службени цели во висина од 30% од продажната цена на литар гориво, според изминат километар за возилото кое се користи.
За наведениот надоместок односно за присуство на седници и работни тела на пратениците во 2015 година им биле исплатени 74,6 милиони денари или околу 1,2 милиони евра.
"Ревизијата смета дека е потребно да се напарави анализа на ваквиот начин на пресметка на трошоците на пратениците за користење автомобили во лична сопственост за службени цели во однос на реалниот трошок и тоа за амортизација на возилото, патарини и други патни трошоци и доколку се констатираат значајни отстапувања да се преиспита вака утврденото законско решение", пропорачуваат ревизорите во најновиот извештај за работата на Собранието.
Фото: МИА
Коментари
Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови! | fineweb-2 |
Постојат одредени настани кои повеќето луѓе се надеваат дека ќе ја немаат таа несреќа да ги доживеат, а да ти е кажано дека имаш рак на дојка на возраст од 25 е веројатно една од нив. Со една судбоносна средба во темна, сива соба, сè што некогаш што сум се надевала и сонувала чувствував како да е одземено од мене.
Контролата врз мојот живот одеднаш беше надвор од моите раце и моите денови се исполнија со сите нешта поврзани со ракот: лекари, болници, чекалници, тешки одлуки, статистики за тоа колку ќе живеам и страшни третмани.
Собрав информации за операциите, радиотерапијата, хемотерапијата, долгорочни лекови, како да изберете перика, како да ги задржите вашите нокти од паѓање и симптомите на коишто требаше да внимавам.
Тоа беше застрашувачки – како да паднав во паралелен универзум каде што ништо не е реално и сè е една долга ноќна мора од која не можете да излезете.
Во тој момент ќе помислете дека најдобро нешто е да се борете за опстанок и да се смирете за момент, нели?
Но не и јас. Можеби бев заглавена во вид на една борба, но наместо тоа направив чекор за кој размислував со години, но се предомислував. Сакав да запишам магистратура за маркетинг комуникации.
Јас се убедував дека немав доволно време или пари и дека на возраст од 24 години сум премногу стара за универзитет.
Смешно е како заканата од смрт прави да ги сфатите овие бесмислени самонаметнати пречки.
Јас присуствував на отворањето на универзитетот во Лондон, истиот ден кога ја примив првата терапија од еден нов третман. Потоа, започнав да ги комбинирам моите предавања, со неделните прегледи.
Тоа не беше воопшто лесно. Морам да признаам дека на почетокот чувствував болки во коските кога после терапијата одев на предавања.
Сепак, иако ми одземаше многу време комбинирањето на моите студии со работата и справувањето со моите здравствени проблеми во текот на мојата прва година, не можам да го опишам задоволството и мотивација што универзитет ми ги даде.
Со преземање на контрола на еден аспект од мојот живот, не само што го чувствував како да сум постигнала нешто, она што го научив од предавачите и студентите што ги сретнав на курсот беше бесценето. Поддршка добив од канцеларијата за хендикеп на универзитетот што во моите најтешки денови ми помогна да опстанам.
Студирањето ми даде волја да поминам преку најзастрашувачките денови во мојот живот. Нема време да размислувате за тоа колку ве болат коските кога сте зафатени со учење за испити и подготвување проекти за групните задачи.
Секој има свои предизвици, но обидете се да избегате овие стапици и стремите се кон она што сте го одвлекувале – тоа никогаш не е толку страшно како што си замислувате. И по завршувањето на мојата дисертација, борбата се исплати. | fineweb-2 |
Гевгеличани пијат вода која е загадена со арсен кој е опасен по животот,пренесува Мкд.мк.
Овој проблем во Гевгелија е детектиран уште од 2006 година.Според последните наоди со решение на Агенцијата за храна и ветеринарство, водата е забранета и небезбедна за употреба.
Градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов признава дека водата е загадена и дека градот работи на овој проблем.
- Веќе е изработен идеен проект за нови извори на безбедна вода за пиење од Серменинските води. Станува збор за вода што е 100 отсто безбедна за пиење и во која нема арсен. Проектот треба да биде завршен за два месеци и ќе чини околу 500.000 евра изјавил Франгов,пренесува Мкд.мк.
Панде Кацарски, поранешен претседавач на Советот на Гевгелија,ја има започнато иницијативата за да се реши проблемот.
- Нема каде не сум се обратил. Целта ми е единствено да го спасам здравјето на гевгеличани. Податоците се застрашувачки, секоја година варираат, но присуството на арсен во водата за пиење е постојано и се искачува дури и над 100 отсто од максимално дозволените 10 мерни единици. Реагирав до сите надлежни институции, но досега никој ништо не презел - вели Кацарски.
Според СЗО арсенот е еден од најсилните отрови кој во многу мали дози убива бавно, но ефикасно. | fineweb-2 |
6 февруари, 2015
"Х фактор": Одржани првите аудиции во Македонија!
Започна потрагата за новиот музички идол на целиот регион! Втората сезона на најпопуларниот ТВ формат "Х фактор Адрија", кој напролет ќе почне да се прикажува во дури пет земји во регионот и втора година на телевизија Сител, веќе се подготвува со полна пареа. Првите дводневни адуции се одржаа токму во Скопје, каде локацијата од дури 5 кино сали беше премала за да ги прими сите заинтересирани кандидати!
Стотици девојки, момчиња, но и тие повозрасните чекаа ред да го покажат свој фактор X.
"Имам мала трема, но слушнав дека не е толку страшно. Иако имам 38 години одлучив да се пријавам за ова шоу, бидејќи никогаш не е доцна да се стане славен! Овде видов и постари од мене", со насмевка на лицето ни кажа Марјан Трајковски од Охрид, кој на стручната комисија ѝ се претстави со песната "Ти си ми у крви" од Здравко Чолиќ.
Да потсетиме, првиот дел од процесот на селекцијата го претставуваат аудициите низ целиот регион, каде што пријавените кандидати настапуваат пред стручна комисија која ја ангажира продукцијата на проектот. Кандидатите кои ќе ја поминат селекцијата на стручната комисија настапуваат во следната фаза на натпреварувањето.
"Многу сме горди на огромниот интерес за аудициите во Македонија, имаше кандидати и од дијаспората, што особено нè радува и тоа само ја потврдува популарноста на овој ТВ формат. Исто така, интересно е дека оваа година во Скопје се пријавија и цели семејства: мајка, син, ќерка, што ни говори дека нè следат сите генерации. Атмосферата на првите аудиции беше весела и возбудлива. веруваме дека така ќе биде и во останатите градови од регионот", истакна Милена Поповиќ, портпарол на новата продукција "Конект лајв медија", која го реализира шоуто.
Целата галерија со фотографии погледнете ја на Фејсбук. | fineweb-2 |
7 август, 2013
Тамара Тодевска и Phonix меѓу најдобрите 10 на талент листата на Спинин Рекордс
Откако се промовираше, новата песна "Fight for your love" на Тамара Тодевска и продукцискиот тим Phonix (А.Митевски/Д.Бојанов) предизвика внимание кај поклониците на електронската денс музика од сите страни на светот . Песната беше пласирана на талент топ листата и за неколку дена се најде меѓу најдобрите 10. Веќе се работат и неколку различни стилски ремикси од реномирани диџеи низ светот, што говори за фактот дека "Fight for your love" е музички и продукциски одлично сработена нумера која звучи "radio friendly" и со ништо не заостанува зад комерцијалните денс траки кои се пуштаат.
Поддржете ги Тамара и Phonix на овој линк кој Ве води до страната на Спинин рекордс и на кој можете да гласате за оваа успешна македонска музичка сторија! | fineweb-2 |
Високиот американски дипломат Џефри Фелтман, кој заедно со уште еден американски претставник, денеска во Дамаск оствари средба со сирискиот министер за надворешни работи Валид Ал Муалем, ги оцени разговорите како ,,многу конструктивни". Ова е прва американска посета на високо ниво, откако Вашингтон го повлече својот амбасадор од Дамаск по убиството на поранешниот либанскиот премиер Рафик Харири, за кој беше обвинета Сирија. Во меѓувреме американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека Вашингтон сеуште нема донесено одлука за враќање на американски амбасадор во Сирија, која е клучен сојузник на Иран. | fineweb-2 |
Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев изјави дека би било неуставно доколку во Франција биде усвоен закон со кој се забранува муслиманките да носат буркини на плажа. "Доколку таков закон биде изгласан, тоа ќе доведе до големи тензии во Франција", рече тој. 30 француски места неодамна забранија носење буркини. Меѓутоа, францускиот Врховен суд деновиве ја поништи ваквата забрана во еден град, одлука која ќе се одрази и во другите места кои донесоа забрана за буркините. | fineweb-2 |
Министерот за економија Ваљон Сараќини одржа работна средба со делегација на Светската банка, предводена од Џејн Армитиџ, координатор за земјите од југоисточна Европа. Главна цел на состанокот беше взаемно инфомирање за заедничките активности на Министерството за економија и Светската банка, во областа на енергетиката, туризмот и развојот на мали и средни претпријатија преку поддршка на нивната конкурентност. Посебен фокус на состанокот беше ставен врз спроведувањето на Проектот за одржлива енергија ГЕФ, кој има за цел развивање на одржлив пазар за услуги од областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија. | fineweb-2 |
Компјутерски етички пристапи
Компјутерските етички пристапи се пристапи на кои се заснова компјутерската етика.
Содржина
Етички егоизам[уреди | уреди извор]
Етички егоизам (англиски: Ethical egoism) е однесувањето при кое луѓето го прават она што е во нивен личен интерес. Со самата дефиниција, можеме да кажеме дека егоизмот е однесување спротивно на алтруизмот, според кој луѓето имаат обврска да им помагаат на други личности. Тој не бара луѓето со нивното однесување да им наштетат на другите индивидуалци, но сепак тоа често се случува.[1]
Етичкиот егоизам може да се подели на три подгрупи: личен, индивидуален и универзален.
- Личниот етички егоизам претставува верување дека единствено поединецот, сам за себе треба да делува само во својот личен интерес. Луѓето кои се следбеници на личниот етички егоизам не се интересираат за етичките пристапи на другите луѓе. Впрочем, тоа би било против нивните верувања.
- Индивидуалниот етички егоизам на еден поединец претставува верување дека сите луѓе треба да делуваат во правец на интересот на тој поединец.
- Универзалниот етички егоизам е верување дека секој поединец на светот треба да делува за своите и само за своите интереси. Еден од проблемите кај ова верување се нарекува Сократски парадокс, а тој гласи вака: "Без универзално знаење, како навистина би знаеле што навистина ни е од интерес?".
Друга можна точка од интерес кога станува збор за етичкиот егоизам е колку тој всушност се разликува од стандардните етички теории. Веднаш може да се заклучи дека разликата е огромна. Моралните теории како што се утилитаризмот и етичката од општа култура бараат поединецот да одговори на барањата на другите, дури и по цена на релативно мала жртва. Ова е така особено кога жртвата е мала, а добивката на поединецот би била непроценливо поголема. Но, поддржувачите на етичкиот егоизам би одговориле дека на секоја личност и е потребна соработката од другите за да ги исполни своите цели, што автоматски значи дека и таа личност треба да им помага ним, за тие да вратат соодветно. [2]
Морален релативизам[уреди | уреди извор]
- Описниот релативизам ги опишува нештата онака како што се, без субјективизам.
- Нормативниот релативизам се базира на ставот дека треба да го толерираме однесувањето на останатите, дури и кога тоа се противречи со нашите желби, затоа што не постои еден универзален морален стандард.
- Метаетичкиот релативизам се базира на ставот дека моралните вредности на однесувањата на луѓето се субјективни и зависат од културата на луѓето, нивната традиција, навиките, итн.
За моралниот релативизам може да се каже дека е всушност општоприфатеното верување на модерните општествени заедници. Значи, најголемиот број од луѓето веруваат дека не постои апсолутно добро и апсолутно зло, туку дека значењето на овие два термина се разликува кај секој поединец. Некоја постапка може да се оцени како добра во една ситуација, а лоша во друга; или како добра од страна на еден поединец, а лоша од страна на друг, дури и ако ситуацијата е иста. Зборови како што се "би требало" се всушност безначајни. На еден начин, моралниот релативизам е етички неутрален.
Истражувања покажуваат дека 75% од професорите на Американските универзитети предаваат во корист на моралниот релативизам. [4]
Морален скептицизам[уреди | уреди извор]
Моралниот скептицизам (англиски: Moral skepticism) е множество од метаетички теории кои тврдат дека ниту еден поединец нема никакво етичко знаење. Напротив, моралниот скептицизам се базира на тврдењето дека етичкото знаење не постои. Тој се дели на три подгрупи: нихилизам, субјективизам и релативизам.[5] Сите овие три групи се базираат на следново тврдење: "Никогаш не е оправдано да се верува дека одредено етичко тврдење е вистина или лага".
Постојат две етички движења кои произлегуваат на моралниот скептицизам.
- Аморализмот ја претставува идејата за отфрлање на етиката.
- За разлика од аморализмот, верувањето на Џон И. Хејр е тоа дека сепак постојат некои причини за да ги почитуваме етичките правила. Тој тврди дека следбениците на аморализмот иако се конзистентни во своите логички размислувања, имаат прилично многу недостатоци во своите животи.
Критиката на моралниот скептицизам, најмногу доаѓа од страна на етичките реалисти. Нивниот аргумент е всушност тоа дека всушност постои добра причина да се верува дека постојат објективни морални правила. Тие сметаат дека оправдано е тоа што луѓето имаат многу етички сфаќања. Значи, ако етичките верувања се лажни затоа што пропагираат дека луѓето имаат причини да прават определени нешта кои не спаѓаат во нивни желби, тогаш лажни се и хипотетичките императиви. Тоа е така бидејќи хипотетичките императиви имплицираат дека луѓето имаат причина да прават работи кои не се нивни желби. Но, хипотетичките императиви се вистина. Заклучокот е дека аргументот на моралните скептицисти е неточен. [6]
Етички нихилизам[уреди | уреди извор]
Етичкиот нихилизам (англиски: Moral nihilism) уште се нарекува и аморализам. Основа на етичкиот нихилизам е верувањето дека ниту една постапка не е ниту морална ниту неморална.[7] Најпознат пример кој го специфицираат следбениците на етичкиот нихилизам е прашањето "Доколку некој би го убил Адолф Хитлер дури тој бил бебе, дали тоа би бил морален или неморален чин?".
- Експресивизмот е на некој начин форма на не- когнитивизам. Не-когнитивизам е верување дека етичките тврдења немаат вистинита вредност. Ова се противречи со стандардниот когнитивизам, па така ова верување го добило името не-когнитивизам. Може да се донесе заклучок дека не-когнитивизмот имплицира дека моралното знаење е невозможно. Експресивистите, кога зборуваат за своите етички убедувања, не се трудат да зборуваат вистини за некои етички тврдења. Наместо тоа, тие се стремат кон вистинито искажување на нивните чувства. Експресивизмот ги негира принципите дека нашите етички тврдења пробуваат, но не успеваат да ги опишат етичките надградби, затоа што експресивистите веруваат кога некој ќе изјави дека нешто не е морално, тој не вели дека тоа е добро или лошо.
- Теоријата на грешки смета дека ништо не е добро или лошо; ниту еден морален заклучок не е точен; нашите етички заклучоци секогаш пробуваат, но никогаш не успеваат да ги опишат етичките заклучоци. Затоа, според теоријата на грешки, секогаш кога некој зборува за етички термини, тој греши, бидејќи се обидува да ја најде вистината, а таа не постои. Не постои ниту морално знаење. Теоријата на грешки е на некој начин комбинација од когнитивизам и нихилизам.
Морален плурализам[уреди | уреди извор]
Моралниот плурализам (англиски: Value pluralism) уште се нарекува и вредносен плурализам. Тој се базира на мислењето дека одредени вредности можат да бидат подеднакво точни, а сепак противречни меѓусебно. Нивната вредност би била немерлива. Зачетник на моралниот плурализам е Исаија Берлин.[9] Моралниот плурализам не се однесува на различни вредносни системи или гледни точки, туку тој се фокусира на различни вредности. Главното прашање што го поставува моралниот плурализам е дали различните вредности како што се среќата, љубовта, пријателството, тагата, изненадувањето, може да се доведат до една единствена супериорна вредност, или тие навистина се различни вредности. Најпрво, постојат неколку различни начини за дефинирање на "вредност". Единствен начин може да се дефинира како еден вид на пресек меѓу деонтолошкиот, последичниот начин и начинот на "етиката на доброто".
Плуралистите ја дозволуваат комплексноста и множинатана овие вредности. Тие сметаат дека доколку постојат повеќе вредности, тогаш изборот на луѓето ќе биде комплексен, па со самото тоа, комплексноста и конфликт кај луѓето е дел од нивното етичко искуство. Плуралистите сметаат дека се јавува дисконтинуитет при споредувањето на вредности.
Културен релативизам[уреди | уреди извор]
Културен релативизам (англиски: Cultural relativism) се базира на принципот дека однесувањата на одреден индивидуалец можат да се разберат од други индивидуалци, припадници на истата култура. Односно, културниот релативизам е филозосфко верување дека сите културни погледи се подеднакво валидни. [11]
Културниот релативизам, заедно со моралниот релативизам, се верувања кои преовладуваат со луѓето кои живеат во модерните општествени заедници. Во општеството има плурализам и толеранција, а нема универзално добро и лошо. Поради тоа, правниот систем има потешкотии за одредување на законите, а со тоа и казните. Како последица на тоа, судството има потешкотии со нивни интепретација. Културниот релативизам вели дека се доколку не повредуваме никому, се ни е дозволено. [12]
Но, тврдењата на културниот релативизам се противречни до одреден степен. Ако релативизмот е точен (сите културни погледи се подеднакво точни), тогаш тврдењето дека релативизмот е неточен, е точно. Ова е контрадикција само по себе.
Кодекси и заповеди на компјутерската етика[уреди | уреди извор]
Различните етички пристапи во компјутерската етика резултираат со десет заповеди и со неколку етички кодекси. Етичките кодекси и заповеди се создадени од страна на Институтот за компјутерска етика во 1992 година, а за прв пат официјално објавени од страна на Рамон Ц. Баркин. Доколку не ги почитуваат, компјутерските корисници можат да се соочат со соодветна казна. [13]
Заповедите и кодексите досега се многупати цитирани во литературата на компјутерската етика. Но, во исто време тие се и критикувани од страна на хакерската заедница, како и од некои академски лица. На пример, д-р Бен Ферветер од Центарот за сметање и социјални одговорности (англиски: Centre for Computing and Social Responsibility ), ги опишува како многу ограничени и многу едноставни.
Наводи[уреди | уреди извор]
- Статија за етичкиот егоизам Ethical Egoism
- Статија за етички егоизам Ethical Egoism
- Статија за морален релативизам Ethical Relativism
- Статија за морален релативизам Moral relativism – Neutral thinking
- Статија за етичкиот скептицизам Moral Skepticism
- Статија за етички скептицизам Moral Skepticism
- Статија за етичкиот нихилизам Moral Nihilism
- Статија за етички нихилизам Moral Nihilism
- Статија за етичкиот плурализам Moral Pluralism
- Статија за етичкиот плурализам Moral Pluralism
- Статија за културен релативизам Cultural relativism
- Статија за културен релативизам Cultural relativism
- Статија за десетте заповеди на компјутерската етика Ten Commandments of Computer Ethics | fineweb-2 |
Американските официјални лица се справуваат со друг срамотен инцидент што инволвира проститутки и американски владин персонал стациониран во Латинска Америка.
Официјални лица на одбраната велат дека тројца американски Маринци стационирани во американската амбасада во Бразил и службеник во амбасадата ангажирале две проститутки во ноќен клуб минатиот декември. Една од проститутките вели дека лицата ја турнале од автомобилот и кога се обидела да влезе повторно во возилото, паднала на земја при што била повредена.
Друг американски претставник вели дека амбасадата ја нашла жената и ги платила медицинските трошоци.
Ова е откриено по скандалот што инволвира армија и персонал на Тајната служба и проститутки, во Картагена, Колумбија порано месецов, пред американскиот претседател Барак Обама да пристигне за Самитот на американските држави. Осуммина агенти на Тајната служба се или отпуштени од работа или си дале отказ во врска со инцидентот, додека еден ќе го загуби трајно безбедносното одобрение за работа на место што бара минување низ безбедносна процедура.
Секретарот за одбрана Леон Панета на новинарите во вторник во Бразилија, главниот град на Бразил, им кажа дека сите тројца Маринци биле дисциплинирани во бразилскиот инцидент.
Службеникот во амбасадата бил отстранет од местото. Повредената проститутка покренала судска постапка против амбасадата во врска со случајот. | fineweb-2 |
Новиот состав на Собранието на едно од своите први заседанија ги усвои измените во Законот за Советот за радиодифузија, со што се менува структурата и бројот на членовите на Советот од 9 на 15.
Одлуката донесена по предлог на Владата во заминување наиде на остри реакции во јавноста. На критика е изложена постапката во која беа усвоени измените на Законот.
Здружението на новинари смета дека вакви измени не смеат да се прават без поширока јавна дебата во која ќе учествуваат и претставници на медиумите засегнати од измените.
Со сличен став истапија и од Синдикатот на новинарите. Нивните ставови денес ги поддржа и Хелсиншкиот коимитет за заштита на човековите права.
"За жал, сé поочигледно е дека власта нема слух за демократските потреби и придобивки, што се докажува и со изгласувањето на измените во Законот за радиодифузна дејност, со кои се менува структурата и бројот на членовите на Советот за радиодифузија од 9 на 15 членови" ,стои во соопштението на Хелсиншкиот комитет.
Комитетот смета дека измените отвораат можност владата да врши влијание преку членовите што таа ќе ги кандидира и потенцира на замерките за истото на повеќе тела од оваа професија – Здружението на новинари на Македонија, Македонскиот институт за медиуми и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници.
Се огласија и странските фактори, особено за тоа што измените биле донесени без претходни констултации со медиумските чинители и без јавна дебата.
"Ние постојано ја промовираме важноста на независни регулаторни тела кои ќе го надгледуваат точното, информативно, независно и квалитетно емитување. Во ова насока, од близу ја следиме дебатата во земјата која се однесува на измените и дополнувањата на Законот за радиодифузна дејност. Внимателно ќе ги анализираме измените и дополнувањата на Законот и ќе ги оцениме во светло на релевантните европски стандарди. Изненадени сме дека Законот за радиодифузна дејност доби амандмани, очигледно без консултација со медиумите или јавна дебата", реагираше канцеларијата на еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
Словенечкиот европратеник Јелко Кацин изрази загриженост за задушување на медиумските слободи во Македонија.
За претседателот на Советот за Радиодифузија Зоран Стефановски, кој е на службен пат во Кина, се работи за преседан во македонската демократија, и тој најави дека ќе го пријави случајот кај меѓународните инстанци.
Од Министерството за транспорт и врски, кое е предлагач на измените во Законот, засега нема реакција за критиките на кои наиде процедурата во која се предложија и усвоија измените. | fineweb-2 |
Шефовите на дипломатиите на постојаните членки на Советот за безбедност денеска во Њујорк ќе разговараат за иранското нуклеарно прашање. Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс ја предводи групата која врши притисок за нови санкции за да се натера Иран да ги напушти активностите за збогатување на ураниумот. Шефот на руската диплматија Сергеј Лавров пак изјави дека Москва нема да ги разгледува новите санкции се додека Меѓународната Агенција за атомска енергија не го презентира во Декември извештрајот за Иран. | fineweb-2 |
Неколку илјади Албанци протестираат во паркот во Чаир, како што најавија за да го изразат незадоволството од нивниот третман во државата. Тие ќе маршираат низ Скопје, крајната дестинација на протестот ќе биде пред Владата, каде ќе прочитаат декларацијата на протестот и ќе се обратат претставници од Опозицискиот совет на Албанците кои го организира протестот.
Барањата на демонстрантите се правда, достоинство и демократија, а ќе ја изразат и нивната поддршка за Специјалното јавно обвинителство, но и на меѓународната заедница за нивните напори за излез од политичката криза. | fineweb-2 |
Убав, смртоносен и загрозен вид е кусиот опис за ова моќно и величествено животно. Прочитајте неколку фасцинантни факти за него…1. Тигарот е најголем од четирите "големи мачки" (лав, јагуар, леопард и тигар) и е на врвот меѓу предаторите, односно најгоре во нивниот синџир на исхрана. Најголемите тигри можат да пораснат до 3,3 метри во должина и да достигнат тежина до 300 килограми. Нивните заби растат околу 10 сантиметри.2. Тигрите се месојадни животни, што значи зависат исклучително од хранливите материи кои ги содржи животинското месо. Тие се територијални и генерално осамени животни. Живеат во големи области, со цел да можат да ги задоволат своите потреби за лов, односно за исхрана.3. Три од деветте подвидови на модерниот тигар се исчезнати, а останатите шест се водат како загрозени. Основните причини за тоа се ловот и уништувањето на нивното природно живеалиште од страна на човекот. Останатите подвидови тигри се: Бенгалскиот тигар, Индокинескиот, Малајскиот, Суматранскиот, Сибирскиот и Јужно-кинескиот тигар. Најголемиот подвид е Сибирскиот, а најброен Бенгалскиот.4. Од големите мачки само тигарот и јагуарот се силни пливачи, тие често можат да се видат како се бањаат во езерата, реките… Тигрите се способни пленот да го носат низ вода. За време на екстремно високите температури пак, тие често се разладуваат и под сенките на дрвјата.5. Хибридизацијата, односно вкрстувањето помеѓу големите мачки, вклучувајќи го и тигарот, за првпат е изведено во 19 век, кога зоолошките градини со цел да остварат финансиска добивка биле посебно заинтересирани да создадат поинакви видови. Тигрите се парат со лавови за да се создадат хибриди наречени лигри и тигони.6. Како и другите големи мачки, така и тигрите имаат бела точка на задниот дел од нивните уши. Овие точки, наречени "ocelli" им служат за меѓусебно комуницирање во мрак, густа шума или во висока трева.7. Најпознатата мутација на овие диви мачки е белиот тигар, во стручната литература познат како chinchilla albinistic. Ова животно е ретко во дивината, но нашироко се одгледува во зоолошките градини низ светот поради неговата огромна популарност.8. Парењето на тигрите може да се случи во кое било време од годината, но најчесто се парат во периодот од ноември до април. Бременоста кај тигрите трае 16 недели. Женката може да носи 3-4 младенчиња во својата утроба. Секое од нив се раѓа слепо и беспомошно и тежи по околу еден килограм. Нив ги одгледува мајката, згрижувајќи ги во дувла, како што се пукнатините во карпите и малите шумички. Таткото на младенчињата не учествува во нивното одгледување.9. Големината на домот на тигарот главно зависи од тоа колку областа изобилува со плен, а за машките тигри важен е и пристапот до женките. Тигриците покриваат територија од 20 квадратни километри, а мажјаците од 60 до 100 квадратни километри. Опсегот на територијата на мажјакот има тенденција да се преклопува со онаа на женките.10. Тигарот се појавува на многу знамиња и грбови, како маскота на спортски тимови и како национално животно во неколку азиски земји, вклучувајќи ја и Индија. Индија е дом на најголем број тигри во светот, кои живеат во дивината. Според светската организација за заштита на животните и животната средина "World Wildlife Fund" на секои 3.500 тигри во светот, 1.400 живеат во Индија.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. | fineweb-2 |
Од кратки здолништа и фустани, па сè до блузи и јакни, вештачката кожа преовладува во есен. Додека гледате како парчињата кожна облека се појавуваат по излозите на бутиците, еве неколку идеи за совршени комбинации со облека од вештачка кожа за секоја пригода.
1. Излегување со пријатели
Иако кожните хеланки се малку комплицирани за облекување, мора да признаеме дека им даваат супер изглед на нозете. Ова е опуштена комбинација, па одберете широка еднобојна блуза и кошула која ќе биде неколку броја поголема од вашиот точен број за да се чувствувате и изгледате опуштено. Облечете и балетанки за да се задржите до кежуал изглед, плетено капче за есенски шмек и едноставно сребрено ланче како аксесоар.
2. Состанок
Веќе не зборуваме само за класични кожни јакни. Оваа есен тие се во различни бои и дезени и поженствени од кога и да било. Кога одите на состанок во есен женственото нека доаѓа повеќе до израз. Едноставен фустан, високи потпетици над глуждовите, свилени класични хулахопки, светкави обетки… и слободно заведувајте.
3. Во училиште или на факултет
Кежуал и тренди изглед. Одберете тесни фармерки, кожна блуза, ниски обувки, широко џемперче и подготвени сте за во школо. Како аксесоари употребете округли обетки или алки и часовник.
4. За забава
На забава се ослободувате од вашите грижи и проблеми, дојдени сте да се опуштите, а едноставен модел на кожен фустан целосно се вклопува во изгледот. "Зачинете" го со впечатлив ремен и обувки во друга боја за да ја нарушат монотонијата.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. | fineweb-2 |
Претходно
Датум: 21 ное 2010
Замислете како се релаксирате во голема када, опкружени со безброј меурчиња кои нежно ве скокоткаат и ароматични свеќи кои треперат во позадина. Ахх… На сите нас ни е потребен излез од реалноста одвреме-навреме нели?! Немојте да се откажувате од реализацијата на идејава, само затоа што поминувањето еден ден во спа-центар ќе ве чини многу пари. Наместо тоа, претворете ја вашата бања во место во кое ќе можете да се повлечете од секојдневниот стрес, а тоа задоволство ќе ве чини помалку отколку што мислите. Пробајте ги следниве идеи со кои ќе ја трансформирате бањата во ваша приватна оаза.
Вистински избор на светлина
Пронаоѓање соодветен избор на светлина за вашата бања може да биде комплицирано. Тоа е така бидејќи потребен ви е различен вид светлина за да ги задоволите сите ваши секојдневни потреби во тоалетот. Кога миете заби, ја средувате вашата коса, се шминкате или бричите, потребна ви е силна светлина, но кога ќе одлучите да се релаксирате во вашата миризлива топла бања, сакате да имате можност да ја минимизирате светлоста за максимално уживање. Евтин начин да ја прилагодувате светлината во вашата бања според соодветната потреба е потенциометарот, кој е лесен за инсталирање, а можете да го најдете во продавниците за електротехника, за бела техника и на пазарите.
Чист и организиран простор
Несредената бања го стеснува просторот, па затоа сведете го на минимум нередот предизвикан од употребата на средствата за лична хигиена. Приберете ја козметиката, четките за коса, за заби и сè останато во шкафче, на полици или во несесери. Ефектот од чистиот и уреден простор, ќе ви помогне да се ослободите од грижите и да заборавите на секојдневните обврски околу домот.
Разгалете се
Ништо не може да се спореди со нежното чувство кога ќе се замотате во голем, луксузен спа-пешкир. Одберете мек и апсорбирачки пешкир со големи димензии, за да се обвиете целосно кога ќе излезете од кадата.
Заштитете ги вашите стапала
Ништо нема повеќе да ве потресе и врати назад во реалноста, од чувството кога ќе излезете од жешката ароматизирана када и со вашите стоплени стапала ќе стапнете на студените плочки. За да не се случи тоа, потребна ви е простирка за тоалет, која ќе биде доволно долга за да можете да се движите низ просторот, без да морате да стапнете на студениот под.
Создадете спа-атмосфера
Со соодветни додатоци, направете да се чувствувате како во спа-центар во вашата бања. Свеќи кои ќе треперат во позадина, мирна музика, миризливи стапчиња и специјална купка за опуштање на мускулите и подобрување на циркулацијата, ќе ви овозможи да заборавите за момент, на сето она кое што секојдневно ви ги окупира мислите, а ќе ве опушти доволно за да бидете подготвени за сето она кое следува. Ароматерапевтски купки, миризливи бомби, морска сол и сè што ви е потребно за совршена релаксација во вашата бања, можете да најдете низ специјализираните продавници за овој тип продукти.
Поврзете се со природата
Спа-центрите се опколени со природни елементи како камења, вода која мирно тече и растенија, кои даваат смирувачки ефект. За да се чувствувате слично како да сте таму, донесете неколку саксии со цвеќиња во вашата бања. Плус, растенијата често успеваат да се развијат во бањата, благодарение на високиот степен на влага во воздухот.
Визуелно проширете го просторот
Секој кој има мала бања знае дека нема многу што да се направи за таа да изгледа поголема, без да се потроши огромна сума пари за реновирање. Но, затоа можете да направите просторот да изгледа попростран со алтернатива која можете финансиски да си ја дозволите. Закачете големи огледала, за да создадете илузија дека просторот не е толку мал.
Освежете го просторот со нова боја
Најдобар начин да и дадете на вашата бања нов изглед, е да ја освежите со бојадисување во нова боја. Со само 1-2 кантички боја и неколку часа работа, можете да ја уредите бањата од вашите соништа. Обојте ја во бела боја за чувство на чистота, свежина и пространост или пак елегантна неутрална боја, за да постигнете "природен" ефект.
Доколку овој текст ве поттикна да размислувате за модерно преуредување на вашата бања во тренди бои, погледнете ги нашите предлог-идеи за инспирација. | fineweb-2 |
Еден американски војник е убиен, а четворица биле повредени во напад врз нивниот конвој во Ирак, северно од Багдад, соопштија американски воени извори. Врз конвојот било стрелано со три гранати од страна на непознати напаѓачи. Во Карбала со анти тенковски гранати биле нападнати и бугарските трупи кои го контролираат градот, но немало повредени. | fineweb-2 |
Американскиот претседател Барак Обама му вети на либискиот народ дека светот ќе застане со нив додека тие ја обликуваат својата земја по падот на режимот на Моамер Гадафи. Обама во својот денешен говор на состанокот во Обединетите Нации изјави дека наредниве неколку дена ќе бидат тешки за Либија затоа што Националниот преоден совет се соочува со предизвикот да формира влада додека лојалистите на Гадафи се ушт пружаат отпор во нивните упоришта. Тој додаде дека во сите маки една работа е јасна, Либија е во рацете на народот. Обама ја пофали и меѓународната заедница за "храброста и колективната волја да дејствува во Либија. | fineweb-2 |
Најмалку 120 луѓе загинале при серијата бомбашки напади во Кано, Нигерија, јавуваат новинските агенции. Хуманитарните организации соопштија дека извлекле десетици тела од под урнатините од екплозиите. Според новинските извештаи во болниците биле примени тела на 120 луѓе.
До сега полицијата потврди дека само 7 луѓе загинале при нападите на 8 локации. Полицијата по нападите воведе полициски час во Кано, град кој често пати е цел на исламистичката секта Боко Харам. Таа група ја презеде одговорноста за нападите за време на божиќните празници во црквата во главниот нигериски град при што загинаа 37 луѓе а речиси 60 луѓе беа ранети. Исламистичката Секта Боко Харан ги третира како неверници сите оние кои не ја следат нивнта строга идеологија, без разлика дали се тоа христијански или муслимански верници. | fineweb-2 |
Обединетите Нации, Соединетите Држави, Европските и земјите од Блискиот Исток ги осудија насилствата во Либан и ги повикаа сите страни да ги запрат борбите. Американскиот претседател Џорџ Буш ја реафирмира подршката на либанската Влада, а ги осуди напорите на Хизболах и неговите спонзори Иран и Сирија, кои со насилство се борат против Владата. Во судирите во Бејрут и други градови во Либан, од минатата недела досега, загинаа најмалку 60 луѓе. | fineweb-2 |
Косовскиот министер за животна средина Ферид Агани вчера поднесе оставка, откако обвинител најави обвиненија против него поради корупција додека бил министер за здравство во претходната влада. Агани е меѓу оние 64 лица, од кои 44 се лекари, кои беа обвинети оваа недела поради земање поткупи за испраќање пациенти, во вредност од 500 евра за испраќање на пациентите во приватни клиники. "Барам да бидам ослободен од функцијата до моментот кога ќе бидам прогласен дека не сум виновен", напиша Агани во писмото до косовскиот премиер Иса Мустафа. Агани, кој е обвинет дека потпишал документи кои довеле до тоа на приватните клиники да бидат платени 4,5 милиони евра, изјави дека целосно ќе соработува со властите. | fineweb-2 |
На долгиот и тежок пат во развивањето на вашиот бизнис, потребна ви е поддршка не само од вашите блиски, туку и од луѓето кои чекореле по истиот пат. Пронајдете ја инспирацијата во следните неколку цитати од познати бизнисмени и преприемачи.
Да ги прашував луѓето што сакаат, ќе ми речеа побрз коњ. Хенри Форд, основач на Ford
Не верувам во среќа, верувам во околности и работа. Карлос Слим, основач на Grupo Carso
Клиентот не е секогаш во право. Енцо Ферари, основач на Ferrari
Ако направите добар продукт за кој луѓето сакаат да платат, парите ќе дојдат. Форест Марс, директор во Mars Inc.
Никогаш не паднав, секогаш се борам. Џани Версаче, основач на Gianni Versace
Градење на мисија и градење на бизнис одат рака под рака. Марк Зукерберг, основач на Facebook
Не верувам во неуспех. Не е неуспех ако уживате во процесот. Опра Винфри, основач на Oprah Winfrey Network
Незадоволните клиенти се најдобриот извор за учење. Бил Гејтс, основач на Microsoft
Не преживуваат најсилните, ниту најинтелигентните, туку оние што знаат да се адаптираат на промени. Чарлс Дарвин, научник
Нема никаде да стигнеш ако комотно седиш во фотелја. Конрад Хилтон, основач на Hilton Hotels
Учи се да живееш без работите за кои се плашиш дека ќе ги изгубиш. Џорџ Лукас, Lukasfilm Ltd.
Успехот е најдобар кога се дели. Хауард Шулц, извршен директор на Starbucks
Никогаш не се откажувај. Денес е тешко, утре ќе биде уште потешко, а задутре ќе огрее сонце. Џек Ма, основач на Alibaba Group
Само најдоброто е доволно добро. Оле Кирк Кристиансен, основач на Lego
Напорната работа ги чува умот и духот од брчки. Хелена Рубинстајн, основач на Helena Rubinstein cosmetics
Повеќе инспиративни мисли прочитајте на Entrepreneur. | fineweb-2 |
Со 4 клика до билет!
По атентатот на претседателот Џон Ф. Кенеди, првата дама Жаклин Кенеди се бори пoкрај болката и траумата да ја поврати својата вера, да ги утеши своите деца и да го дефинира историското наследство на нејзиниот сопруг.
|Оригинален наслов:||Jackie|
|Почеток на филмот:||19.01.2017|
|Траење на филмот:||102 Минути|
|Земја / година:||CHL, USA/2016|
|Жанр:||Драма, Биографски|
|Глумци:||Natalie Portman, Peter Sarsgaard, Greta Gerwig, Billy Crudup, Max Casella|
|Режија:||Pablo Larraín|
|Дистрибутер:||Blitz Film and Video Distribution|
|Возрасна Категорија:||Четврта категорија, 16+|
"Џеки" е портрет на еден од најзначајните и трагични моменти во Американската историја, виден прво низ очите на иконската прва дама, а потоа Жаклин Бувие Кенеди (Натали Портман). "Џеки" не става во нејзиниот свет во деновите кои следат по убиството на нејзиниот сопруг. Позната по своето исклучително достоинство и спокојство, овде гледаме портрет на првата дама кога таа се бори да го воспостави наследството на нејзиниот сопруг и светот на "Камелот", кој таа го создаде и сакаше. | fineweb-2 |
Калид Шеик Мохамед, осомничен за организирање на нападите во Соединетите држави на 11 септември, кој вчера беше уапсен во Пакистан, им е предаден на американските власти, соопштија високи владини претставници од Исламабад. Освен Мохамед, кој се наоѓа на листата на најбарани лица на ФБИ, уапсени се уште две лица. Американските власти веруваат дека Мохамед е еден од клучните луѓе на Ал Каеда и организатор на киднапирањето на авионите кои удрија врз зградите во Њујорк и Пентагон. | fineweb-2 |
Сириската армија поддржана од борци на Хизболах повратила град во близина на границата со Либан. Градот во декември го зазедоа исламистички борци, меѓу нив и борци од Нусра фронт кои се поврзани со Ал Каеда. Тие држеа во заложништво и неколку монахињи, кое беа ослободени минатиот месец по договорот за размена на заложници.
Аналитичарите велат дека сириската армија по овој пробив ќе се обиде да ги прекине патиштата преку кои бунтовниците се снабдуваат со потребните работи. | fineweb-2 |
Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека САД и сојузниците не се подготвени да играат игри со Русија, туку разговараат за дополнителни санкции врз земјата, поради нејзината улога во Украина. Кери го даде коментарот пред средбата со британскиот секретар за надворешни работи Филип Хамонд во Лондон. Според него, Русија во изминатите недели е вклучена во безобразен и циницен процес. Хамонд исто така упати критика до Русија за прекршување на примирјето потпишано во Минск минатата недела. | fineweb-2 |
Двајцата осудени како директни извршителите на петкратното убиство кај Смиљковското Езеро во 2012 година, познато како случај Монструм, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, се ослободени од судот во Косово, а властите во Приштина го отфрлиле македонското барање за екстрадиција, објави весникот на албански јазик Коха, но нема официјална потврда ни од македонските, ни од косовските власти. Двајцата во отсуство беа осудени на доживотни казни затвор од судот во Скопје. Во Косово беа во затвор за друго кривично дело. | fineweb-2 |
Противницитте и подржувачите на претседателот на Египет Мухамед Морси се излезени на масовни протести. Опозиционерите се насобрани на плоштадот Тахир додека подржувачите на шефот на државата одржуваат демонстрации во Гиза, јужно од главниот град. Контрапротестите се организираа по истекувањето на крајниот рок кој му беше поставен на Морси да си поднесе оставка. Опозициските демонстранти планираат марш до претседателската резиденција. Во меѓувреме, медиумите јавуваат дека војската во Египет има подготвено план за измени на уставот на државата и организирање на вонредни претседателски избори доколку спротиставените страни не постигнат компромис. | fineweb-2 |
Млад брачен пар е убиен во Пакистан од страна на роднините на невестата, затоа што таа се омажила и покрај нивните противења. Полицијата соопшти дека еден ден по убиството ги уапсиле таткото и мајката на невестата, дедото и двајца чичковци.
Невестата која имала 17 години и момчето на возраст од 31 година се ожениле претходно овој месец без согласност на нивните семејства. Брачниот пар е убиен во куќата на невестата. Тие првин биле врзани, а потоа им биле пресечени грлата.
За повеќето од браковите во Пакистан одлучуваат постарите членови во семејството, а тие кои ќе се одлучат сами да си одберат партнери се соочуваат со репресалии . Минатиот месец, една бремена жена била убиена од својот татко и браќата затоа што се омажила за човек кој бил нејзин личен избор. | fineweb-2 |
Македонска преродба
||Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија.
Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете.
Содржина
Геополитичка ситуација на Македонија[уреди | уреди извор]
Македонија преку чија територија поминуваа патиштата што водат од Централна Европа кон Блискиот Исток всушност претставуваше не само сообраќаен јазел, туку и стратешки. Долината на Вардар ја немаше само таа предност што од север преку Моравската долина водеше до големиот Солунски залив од каде преку Егејското море се завлегуваше на исток кон долината на Струма и на запад преку Албанија на Јадранско Море. Од тука за Македонија не се бореа само младите балкански државички кои сакаа со Македонија да ги зголемат својата територија и бројноста на населението, но и големите - Австрија, Русија, Англија и Турција - сакаа да имаат клучна ролја на Балканот.
Безбројните извори (книги, статии, студии, дипломатска преписка..) јасно сведочат колку не само балканските, туку и европските влади и посветувале внимание на Македонија. Во европската историја тешко е да се најдат слични примери толку да се пишувало и расправало за националниот карактер на еден народ, каков што беше случајот со Македонците.
Оваа преокупација околу националниот карактер на Македонците произлегуваше од определени политичко-стратешки интереси, не само на балканските националистички кругови, туку и на големите европски сили, во прв ред на Австрија и на Русија, кои во трката за завладување на Балканот, настојуваа да ја вклучат и Македонија во својата интересна сфера, поради нејзината извонредна географско-стратешка положба.
Принцип на народноста и самоопределувањето на Македонците[уреди | уреди извор]
Бидејќи Македонците главно претставуваа импозантно мнозинство од населението, од што и можело да зависи кому ќе му припадне Македонија, тоа, заинтересираните страни ги ангажираа сите свои сили, вклучувајќи ја тука и науката за да ги прикажат било како Бугари, Грци или Срби, за да го имаат на своја страна при решавањето на македонското прашање според принципот на народноста.
Бугарските, грчките, српските, романските и мнозина европски писатели даваа контроверзни сведенија за Македонија и нејзиното население. Поради тоа, подоцна и многумина се прашуваа (таков е случајот со Рене Пинон и Едмонд Буше), дали е воопшто можно, во овој галиматијас на докази, да се дојде до една вистина за Македонија и Македонците и самиот термин Македонија стана во Западна Европа синоним на кулинарски вештини, на карташки игри, па дури и еден вид литерарен правец во Франција беше наречен со тоа име.
- Контроверзните "докази" за Македонија, со што беше преокупирана европската јавност, им дадоа поттик на некои духовити француски умови да го искористат терминот "Масedoinе" во сосема практични цели. Со ова име тие не ја нарекоа само салатата составена од разновиден зеленчук или компот составен од разновидно зашеќерено овошје, туку и една игра со мешани карти. Дури, со ова име го нарекоа и еден вид литературни приредби што се одвиваа во цитирање на поезија и проза. [1]
Балканските пропаганди во Македонија[уреди | уреди извор]
- Види уште Бугаризација
Дискусиите околу националноста на Македонските Словени, во европскиот свет започнаа со прашањето: Дали се ова Грци или Бугари, а не дали тие претставуваат нешто трето и посебно? Тезата која малку подоцна се оформи од српските националисти дека Македонците се Срби, уште не се поставуваше, бидејќи самата српска влада, си до смртта на кнезот Михајло 1868 година пред себе имаше други цели и разбирања.
Меѓутоа и ваквото поставување на прашањето произлегуваше не од фактот дека тие навистина се Грци или Бугари, туку од замрсеноста на проблематиката што произлегуваше од една страна, од етничкиот состав на населението, а од друга, од турскиот начин на поделба на населението не врз етничкиот принцип, туку врз црковната припадност. Бидејќи Македонците беа под Цариградската патријаршија и како такви припадници на "грчката" вера, а по својот етнос Словени, тоа грчките и бугарските националисти сакаа да ги искористат секој за своите интереси. На едните им пречеше словенскиот етнос, на другите црквената припадност.
Грчките националисти кои сонуваа за Велика Елада, во ова време почнаа да тврдат пред Европа дека Македонците се пословенчени Грци, па според тоа и припаѓаат на грчката народност и држава. Бугарските пак лидери, поттикнувани од руските словенофили[се бара извор] и од фактот дека Македонцските интелектуалци се декларираа како Бугари[се бара извор], тврдеа обратно, дека тие како Словени не можат да бидат Грци, туку се Бугари. Меѓутоа, додека едните "докажуваа" дека македонските Словени се Грци[се бара извор], а другите дека се Бугари, од самата македонска средина почнаа да се појавуваат луѓе кои на прашањето што се: Бугари или Грци одговараа дека тие не се ни Грци ни Бугари, туку Македонци, потомци на старите Македонци претставувајќи ги последните за Словени.
Извори за Македонскиот идентитет[уреди | уреди извор]
Македонска национална преродба[уреди | уреди извор]
Патот по кој мина македонскиот народ од своето будење па до полната национална афирмација беше толку сложен, што е многу тешко да се спореди со националното будење на кој и да е народ на Балканот. Од пробивот на капитализмот на почвата на Македонија, па до формирањето на македонската нација, македонскиот народ минуваше низ повеќе фази на преобразување што траеја половина век.
Една од најтрагичните околности во кои започна македонската национална преродба беше таа што токму во моментот кога почна да ги дава своите први знаци на посебен живот, во Македонија веќе беа присутни три соседни туѓи пропаганди. Тие веќе имаа постигнато своја независност и градеа стратегии[се бара извор] за ширење на своите држави на сметка на Македонија, додека Македонија т.е. Македонците сѐ уште се наоѓаа под османлиско турско ропство. Како поволна околност може да се смета дека Македонците за разлика од Србите, Грците и Бугарите не ја започнаа својата национална афирмација само со своето посебно изразито национално македонско име, туку за да се дистанцираат од Грците, тие во првиот момент истапија со општото име на народноста - Словени[се бара извор] , како некој вид презиме.
Извори[уреди | уреди извор]
- Lа rоuѕѕе Du XX siиcle, Pаriѕ, 1930, IV. 573 | fineweb-2 |
15.09.2015, 12:42
УБАВИ ПРОСТОРИ
Шоу-рум за свадбени декорации
Бели и шарени цветови, аранжирани во бидермаери, букети и венци создаваат весела атмосфера во ентериерот на просторот за продажба на цвеќиња и за изнајмување свадбени декорации "Мели вединг планер", кој се наоѓа во Скопје.
Ентериерот во кој се вткаени соништата на идните невести и младоженци го проектирала архитектката Андријана Деспотовска, земајќи ги предвид идејата на сопственичката Камелија Пачемска и потребите кои треба да ги задоволи ваквиот тип простор. Во него има место за продажба на цвеќиња, простор уреден со софа, фотелји и со други елементи за седење каде што клиентите можат да ги разгледаат проспектите со декорациите кои ги нуди "Мели вединг планер", помошни простории и скали кои водат до шоу-рум, наменет за презентација на дел од производите.
Просторот е еклектичен. Во него се испреплетуваат различни стилски и декоративни елементи, кои се надоврзуваат едни на други и создаваат една целина со јасен концепт, во кој како естетски најинтересен се издвојува шоу-рум просторот.
Тој има големина од 130м2 и е дефиниран со ѕидови во окер тонови, бродски под и со бел плафон. Содржи декорација во која се чувствува нота на гламур, што е одличен избор за простор во кој се изложуваат производи со стилски дизајн, како што се свеќници, вази, мобилни столпчиња со гипсени декорации, плетени корпи и саксии за цвеќе. Украсите за столови и маси од текстил, есцајг, чаши и чинии за свечени пригоди се изложени на маси, на полици од дрво и пултови, и создаваат атмосфера како дома. (Н.Н.) | fineweb-2 |
Пратеникот Илија Димовски во својата реплика упатена до пратеничката Лилјана Поповска расчисти неколку дилеми кои неколкуте присутни пратеници на опозицијата ги отворија во текот на дебатата на денешната седница на Собранието на Мепублика Македонија.
Димовски истакна дека оваа одлука не се носи случајно. За неа се направени сериозни анализи и консултации. Оваа одлука е во насока на воспоставување на стабилност во државата, она што и граѓанитте го бараат, но ова не го бараат само граѓаните туку и многу посериозни фактори надвор од Република Македонија, имајќи ги предвид со какви предизвици ќе се соочуваме следната година, а поврзани со мигрантската криза.
Илија Димовски го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ поврзан со регулацијата на медиумскиот простор.
Околу медиумите би сакал да ви посочам дека со измените на изборниот законик, ние комплетно го регулиравме периодот од распуштање на парлементот до одржување на избори со сите прифатени забелешки онака како што опозицијата ги бараше. Значи има гаранција дека на медиумите ќе има адекватна застапеност на сите политички партии, ќе имаат пристап како на јавниот државен сервис така и на приватните телевизии. Значи постојат законски гаранции кои се усогласени со опозицијата и беа прифатливи за меѓународната заедница. Сето она што ќе значи подобрување на медиумската клима во државата, а го има како искуство во било која европска држава, ние сме спремни да го ставиме на маса и да го разговараме, па дури и да го имплементираме. Но тоа мора да биде во рамки на искуствата кои постојат во Европската Унија- рече Димовски.
Околу дилемата која Лилјана Поповска ја постави за злоупотребата на мобилни телефони во процесот на гласање, Илија Димовски потенцира дека тоа е кривично дело и секој оној што ќе се фати во таква ситуација ќе одговара по кривичниот законик на Република Македонија.
Последно околу правото на глас. Да ја расчистиме таа дилема. Право на глас се добива врз база на Устав, а Уставот гарантира право на глас на сите државјани на Република Македонија. Постои еден регистар на државјани на Република македонија којшто го води МВР. Во тој регистар на државјани на Република Македонија не се ни 1.800.000 ни 1.900.000 ни 2.000.000 туку нешто над 2,4 милиони државјани на РМ. Избирачкиот список се прави врз основа на тој список. Затоа дилемата која што се појавува е непотребна, затоа што основ за право на глас е државјанство- рече Илија Димовски.
На крајот пратеникот Димовски упати апел до сите претставници на меѓународната заедница е да го триплираат бројот на набљудувачи кои ќе бидат присутни на овие избори со цел да не се стави во сомнеж изборниот процес. | fineweb-2 |
Физичарот Андреас Вал сакал да дознае што ќе се случи кога со огнено оружје ќе пука под вода, а метата е токму тој?
Вал пиштолот го врзал со јаже со што било овозможено истиот да пукне во одреден момент.
Прашокот од куршумот од цевката е со иста јачина како што е над водата, а камерата под вода го забележала моментот.
Водните меурчиња го следеле куршумот кој одел во правец на Вал, меѓутоа изгубил на интензитет пред да стигне на половина пат и грациозно потонал на дното.
Вал нурнал во водата и го извадил куршумот држејќи го високо над главата како трофеј.
Ова не е негово прво пркосење на смртта. Во една прилика себеси се натопил со вода пред да влезе во оган, а во друг експеримент за да докаже закон на физиката се подложил на пад од голема височина користејќи тенко јаже.
Прашокот во внатрешноста на куршумот е водоотпорен , што значи дека оружјето работи исто како во воздух, така и во вода…
Патувајќи кон водата куршумот достигнува едвај два метра далечина, бидејќи водата е 800 пати погуста од воздухот…А тоа е единствената причина зошто Вал не е убиен за време на овој експеримент.
Погледнете го експериментот, но ве предупредуваме – НЕ ПРОБУВАЈТЕ ГО ОВА! | fineweb-2 |
Беспрекорно средена коса за секоја пригода! До 67% попуст на миење, маска и фенирање (право или локни) во салон за убавина "Сандра Ексклузив"
Добивате
- Миење + маска + фенирање право, цена:
200 ден.89 ден.
- Миење + маска + фенирање локни, цена:
300 ден.99 ден.
Услови
- Купонот може да се искористи од 03.01.2017 до 28.02.2017
- Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
- Задолжителна е претходна резервација
- Купонот може да се искористи во сите салони на "Сандра Ексклузив" (Центар, Аеродром и Капиштец)
Опис
На секоја млада дама, на секоја современа жена и е потребно освежување на косата и промена во изгледот со цел да биде постојано во тек со модните трендови и да ја истакне својата убавина, од таа причина ви нудиме одлична можност да направите нешто повеќе околу својот изглед.
Козметичко фризерското студио "САНДРА ЕКСЛУЗИВ" со своето 15 годишно искуство постои на 3 локации (Аеродром, Центар и Капиштец) и нуди широка палета на услуги за убавина за сечии потреби: нега на коса, козметички услуги за нега на лице, услуги за нега на тело и слабеење и многу други.
Од фризерски услуги нуди: шишање, фенирање, обликување, шатирање, нијансирање, фарбање, регенерација и обновување на вашата коса.
Козметичките услуги ја опфаќаат негата на вашето лице со најразлични третмани, пеглање на брчки, подигање на мускулатурата, лечење на акнозна кожа, ревиратизација со познати светски препарати и апарати ("Цаци" и "Радиофреквенција").
Од палетата услуги за нега на тело Сандра Ексклузив нуди: депилација, маникир, педикир, масажи за релаксација и третмани за слабеење со најсовремена апаратура.
- Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
- Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
- Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде. | fineweb-2 |
Едноставен трик за брзо готвење на тестенини за вечера
Макароните, шпагетите и останатите видови на тестенини се омилени на многумина бидејќи лесно и брзо се подготвуваат, а може да се комбинираат со различни состојки и сосови. Но, доколку сте премногу кратки со време со еден едноставен трик може веднаш да ги зготвите тестенините.
Наместо да ги варите во тенџере ставете ги во тава и полијте ги со ладна вода. Поставете средна температура на варење, повремено мешајте и тие ќе бидат готови за десетина минути. На овој начин ќе заштедите во време за загревање на водата за тенџерето и нема потреба од прменогу цедење. Останатите додатоци нека бидат по ваш вкус и избор. | fineweb-2 |
Во парискиот регион регистрирани 17 радикализирани полицајци
Во редовите на полицијата во регионот на Париз во периодот меѓу 2012 и 2015 година се регистрирани 17 случаи на радикализирани полицајци, се вели во еден допис обелоденет денеска во книгата "Каде се нашите шпиони?".
Како што јави дописникот на МИА од Париз, авторите на книгата, новинарите Ерик Пелтие и Кристоф Дибоа, повикувајќи се на допис на Дирекцијата за безбедност на регионот на Париз, наведуваат дека феноменот на радикализација се зголемил во 2014 година.
Овие радикализирани полицајци се млади, кои се вклучиле во полициијата во средината на 2000 година преку внатрешните конкурси за вработување. а многу од нив биле поранешни офицери за безбедност.
- Сметаме дека во министерствата за одбрана, внатрешни работи и правда има стотина случаи на радикализација, им изјавил извор задолжен за следење на овие прашања на Дибоа и Пелтие. | fineweb-2 |
Нов бран на отпуштања на работници во Битола. Рецесијата не ги заобиколи текстилните компании во градот. Странските партнерски фирми им ги откажаа нарачките, пренасочувајќи ги за Азија каде работните трошоци се далеку поевтини. Како последица на ваквата криза без работа деновиве останаа стотина шивачки од една од најреномираните битолски конфекциски претпријатија "Мокел". Ситуацијата на отпуштените работници е далеку попроблематична зашто најголемиот дел од нив се во поодминати години со намалена работоспособност и со мали изгледи за нови вработувања.
"Имав мајка која работеше во фирмата, сестра исто така. Сите се пензионираа од тука, а мене сега ме бркаат од работа без ништо."
"Избркани сме од работа. Решенија добивме по 35 изработени години, а старост имаме над 50 години. Нема каде да одиме на друго место. Оставени сме на улица. Единствено што ќе добиеме едни картони за здравство."
"Немало доволно работа од странските партнери. Скоро сите бригади заминаа дома. Ни беше речено кој што има ќе користи годишен одмор, неплатен, не знаеа дали 70 или 80 проценти од вработените. Лично мене ме повикаа и ми рекоа дека ни го прекинуваат работниот однос, да си одиме."
раскажуваат отпуштените работници. Во Битола има околу 15-тина текстилни конфекции, од кои поголемиот дел со грчки капитал. Дел работат лесна, а дел тешка конфекција. Скоро сите се погодени од глобалната економска криза и досега отпуштиле повеќемина од вработените.
"Во претходните години ако овој тежок период за текстилот го покривавме со 60, 70 отсто од капацитетот, сега паднавме на нула, освен во јануари кога имавме ангажирано 30 проценти од капацитетот. Самото тоа зборува дека при намален капацитет на работа, мора да се врши намалување на работната сила. Не може текстилот да издржи со такви трошоци, со вакво намалено рпоизводство и плус ниски цени."
изјави Тоде Богоевски, менаџер на текстилната фабрика "Мокел". Само во последните пет месеци над 1100 битолчани останаа без работа. Ваквата лоша економска слика на Битола е последица на кризата во текстилната индустрија, но и на пропаѓањето на градежните фирми во градот, поради рецесијата, и затворањето на пиварницата. Најголемиот дел испуштените работници се без право на пензија, некои и без регулиран стаж за повеќе години и неисплатени плати. Градот под Пелистер и понатаму е меѓу првите во државата по бројот на невработени. Заклучно до крајот на минатата година во Агенцијата за вработување беа евидентирани околу 19 илјади невработени битолчани. Од нив 2000 на возраст од над 45 години кога е тешко да се најде нова работа. | fineweb-2 |
25 ноември, 2013
Слушнете го дуетот на Мери Џеј Блајџ и Џеси Џеј
Американската Р&Б и соул дива Мери Џеј Блајџ во моментов е актуелна со нејзиниот празничен албум "A Mary Christmas", од кој веќе го претстави синглот "Have Yourself a Merry Little Christmas". На ова нејзино прво празнично издание гостуваат имиња како што се Барбра Стрејсенд, Џенифер Лопез, Марк Ентони, како и британската ѕвезда Џеси Џеј, со која ја отпеа темата насловена "Do You Hear What I Hear".
Двете пејачки синоќа беа дел од гостите на британскиот X Factor, каде што во живо го отпеаја овој прекрасен дует. Џеси истакна дека е почестена што имала можност да соработува со "испиративната дива", додека Блајџ изјавила дека токму оваа песна и е една од омилените од нејзиниот албум: "Таа е толку фина и екстремно талентирана личност, навистина сум среќна што ја имам на овој албум" – изјавила таа.
Синоќешниот настап (доколку не е отстранет) можете да го погледнете горе, а аудио верзија од песната можете да слушнете во продолжение. | fineweb-2 |
Грузискиот претседател Михаил Сакашвили изјави дека жали што се согласил на компромиси околу некои реформи за време на неговото претседателствување. Тој ова го изјави на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон по средбата која ја имаше неделава со американскиот претседател Барак Обама и државниот секретар Хилари Клинтон.
Тој изјави дека најмногу жали за компромисот кој што го прифатил за законот за заштита на религиозните малцинства односно што дозволил да се пролонгира донесувањето на тој закон поради бурните реакции во јавноста. Сакашвили додаде дека жали што во првата година од неговиот мандат не останал цврсто на ствот дека тој закон мора да се донесе.
Тој на функцијата претседател дојде во 2004-тата година а неговиот мандат истекува догодина. | fineweb-2 |
Министрите за надворешни работи на Германија, Франција, Русија и Украина се сретнаа денеска во Берлин да разговараат за наредните чекори за решавање на конфликтот во источна Украина.
Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер по разговорите изјави дека може да бидат задоволни оти примирјето во голема мера се почитува. Но, според него, се уште остануваат некои сериозни предизвици меѓу кои и организирањето на фер и слободни локални избори во сепаратистичките региони во источна Украина. Тој порача дека и од витално значење е испораката на хуманитарна помош во источна Украина. | fineweb-2 |
ФОТО: Ова е новата девојка на Бред Пит
Објавено на 29 ноември 2016, 14:28
По разводот од Анџелина Џоли и откако телохранителот на Бред Пит во изјави за тамошните медиуми открил дека славниот актер веќе неколку недели, се гледа со една позната колешка, американските таблоиди тргнаа во "лов" за да го откријат нејзиниот идентитет.
И изгледа дека потерата е завршена, затоа што во текстот на сајтот "Woman's Day" извор близок до актерката открил за која холивудска убавица станува збор.
-Кејт Хадсон е мистериозната девојка на Бред. Последните недели тие двајца станаа многу блиски и излегоа неколку пати, Секако, во строга тајност. Имено во тоа нема ништо невообичаено, затоа што и Бред и Кејт се големи холивудски ѕвезди, двајцата се згодни и успешни и уживаат заедно да поминуваат време", тврди изворот.
Од друга страна, крис Херцог, телохранителот на славниот актер не сакал да открие дали токму Кејт е "успешна холивудска актерка" со која Пит веќе со недели се гледа, како што порано открил.
-Ја познавам Кејт веќе долга низа години и можам да кажам дека таа е одлична личност. Тие двајца би биле исклучителна двојка", кажал Херцог.
Сепак, како што пишува Дејли мејл, извор близок до холивудскиот актер ја негирал точноста на овие информации. | fineweb-2 |
Летотo во 2010 година, кога Русија ја тресеа пожари, давејќи и задушувајќи цели села, интернет активистите се организираа. Додека руската влада одговараше бавно и делумно, блогерите одговорија брзо лансирајќи го сајтот – Руски пожари, кој им дозволува на корисниците на Интернет од малите градови да шират брзи информации за тоа каде пожарите уште жарат и кои резерви се неопходни.
Сајтот стана неверојатно популарен, добивајќи посетеност од 17,000 уникатни посетители дневно.
Кога заврши кризата, блогерите кои го водеа проектот – Анастасија, Северина, Алексеј Сидоренко, Лев Звајагинцев, Валери Илијчев и Грегори Асмолов – забележаа дека сајтот се уште е многу посетен. Корисниците продолжуваа со праќање пораки во врска со други проблеми и потреби во нивните градови.
"Луѓето увидоа дека тоа е една ефективна платформа за испраќање помош на кризните места", вели Северина.
Поврзување на луѓето на нови начини
Инспирирани од успесите на Руски пожари, блогерите развија нов сајт Ринда.орг (Виртуелен Аларм) – кој моментално е составен од три мапи: "Генерална мапа", "Мапа на пожари" и "Мапа на крводарителство".
Локациите на луѓето кои имаат испратено барања се означени со црвено, додека понудите за помош се со зелено. Северина вели дека се обидела да направи сајт кој би бил што поедноставен, така што луѓето "кои не знаат многу да користат компјутер, можат да отидат на страницата и да видат две копчиња: "Ми треба помош" или "Сакам да помогнам."
Тимот на овој сајт во Москва физички не доставува или прима добра. Наместо тоа Визуелен Аларм ги поврзува луѓето, оние кои живеат во ист град со оние кои имаат се.
"Еве да речеме дека на една мајка и требаат залихи, како што е облека за нејзиното дете. Нема смисла да се праќа облека од некоја НВО во Москва до Владивосток," објаснува Северина. Наместо тоа, алармите за помош или потреба се обележани на мапата и луѓето кои се желни да помогнат се известени за новите барања преку имејл.
По речиси две недели, тие ги проследуваат останатите известувања за да се осигураат дека некој им одговорил на повикот за помош.
Мапирање на дарители на крв
Најновата мапа на Виртуелен Аларм ги мапира дарителите на крв и банки за крв низ цела Русија. На мапата се обележани центрите за дарување на крв и исто така ги поврзува оние на кои им се потребни донации на крв со дарители од иста крвна група во нивната близина. Регистрираните корисници исто така можат да остават коментари за нивното искуство при дарување крв, со што Северина се надева дека ќе помогне за да им покаже на луѓето колку е лесно и потребно да се донира крв барем еднаш годишно.
Според статистиките во 2010, само 13 од 1,000 личности во Русија донираат крв секоја година, во споредба со стапките 3-4 пати повисоки во Европа и САД. Руското Министерство за здравство и социјален развој вели дека тие треба да достигнат стапка од најмалку 25 од 1,000 луѓе да даваат крв, со цел болниците и клиниките да работат адекватно.
Министерството неодамна отвори жешка линија и веб-сајт "Јас сум дарител" (Yadonor.ru) за да ја информира јавноста и да го олесни дарувањето крв.
Во блиска иднина, Ринда се надева за склучување партнерство со локалните бизниси, со цел да им обезбеди мала награда на регистрираните корисници – како попуст во некоја продавница или влезници за во кино – како благодарност што волонтирале.
Што се однесува за идната употреба на мапата, Северина вели "Ако не дај Боже, нешто се случи или се појават некои нови кризи, ќе направиме нова мапа и ќе ги поврземе луѓето". | fineweb-2 |
На 8 декември доспева за враќање еврообврзницата, издадена во 2005-та година во времето на СДСМ, во износ од 150 милиони евра. Министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставрески, во интервју за Бизнис 365 на МТВ вели дека Македонија е сериозна држава и навреме ќе ги врати парите. Владата одговорно управува со јавните финансии и со сервисирањето на обврските, навремено се раздолжува со што остава добар впечаток кај инвеститорите.
Доспева за плаќање 10-годишната еврообврзница што е издадена во 2005-та година, во износ од 150 милиони евра. За таа еврообврзница во вторник ќе платиме уште 6 милиони евра камата. Низ годиниве имаме платено уште 63 милиони евра камата, значи вкупно за 10 години за таа обврзница како држава имаме платено 69 милиони евра камата, и плус 150-те милиони што ќе ги вратиме. Тоа е значителен износ на средства, но тоа се обврски кои ги направила една влада и секоја следна влада којашто се однесува одговорно и сериозно мора да ги сервисира тие обврски, да им ги врати парите на инвеститорите кои тогаш ја запишале таа еврообврзница, вели Ставрески.
Секоја Влада мора одговорно да постапува кога се работи за долг на државата
Министерот за финансии во интервјуто објаснува дека без разлика што таа еврообврзница е издадена во времето на СДСМ, се работи за долг на државата и секоја Влада мора одговорно да постапува. За овие прашања не смее да има дневно – политички игри.
Не може политички да се гледа на обврските на една Влада, бидејќи тие треба да се гледаат како обврски на државата. Иако ги направил СДСМ во 2005-та, ние мораме да ги исплатиме тие средства, инвеститорите мораат да знаат дека имаат работа со сериозна држава, со сериозни институции, бидејќи и во иднина ќе биде потребно да се запишат еврообврзници. Само преку еден таков пристап може да се остави добар впечаток кај инвеститорите. Затоа, не беше убаво она што се случи, кога дополнителниот заменик – министер го спореше објавувањето на аукцијата, бидејќи тоа остава лош впечаток, вели првиот финансиер, Зоран Ставрески.
Се вратија пари во стопанството, се исплатија пензиите
Македонија имаше бурна недела на финансиски план. Откако не помина ветото од дополнителниот заменик – министер од редовите на СДСМ, Кире Наумов, се одржа редовно најавената аукција на државни хартии од вредност. Банките, заедно со пензиските фондови, штедилниците, осигурителните компании купија државни записи и обврзници во износ од 73 милиони евра. Веднаш потоа, по основ на стари државни хартии од вредност, достасани се плаќање, се вратија 3,5 милијарди денари (57 милиони денари), им се изврши поврат на ДДВ на 1.273 фирми, на сметките на 300.047 пензионери легнаа 3 милијарди 849 милиони денари.
Минатата недела, кога се реализираше аукцијата за којашто имаше спор, првично од банките прибравме 73 милиони евра, а веќе следниот ден им вративме на банките 57 милиони евра и уште дополнителни 10 милиони евра на стопанството за поврат на ДДВ. Во петокот ја исплативме пензијата за ноември, којашто се исплаќа во декември. Тоа покажува дека сите средства собрани од аукцијата и многу повеќе средства од други извори се вратени кај банките, стопанството и граѓаните. Така работи буџетот и така ќе работи и во иднина, вели Ставрески и додава дека државната каса не смее да биде предмет на дневно – политички игри.
Заканите кон банките, кои беа упатени на еден час пред самата аукција, не беа добар пристап и тоа не беше начин како треба да се работи и како треба да изгледа една аукција, односно како треба да се однесуваме кон приватниот сектор. Никој не може да се меша во деловните одлуки на банките, во законитоста на работењето на Министерството за финансии и во извршувањето на Буџетот. Буџетот не смее да биде жртва на дневна политика и тоа нема да го дозволиме, порачува во интервјуто Ставрески.
На ова укажа и академикот Абдулменаф Беџети, кој побара да се разликува она што значи функционирање на една држава од дневната политика, бидејќи државноста претставува почитување на институциите, а буџетот на земјава доби легитимитет од Собранието.
Не може да се запостават обврските кои претставуваат структурални расходи. Тоа се предвидени расходи, структурални и оперативни. Не би требало преку механизмите на таканаречени контроли, блокади или вета да се спречува реализацијата на овие тековни обврски. Мора да се направи одредено задолжување кога во буџетот е предвидено финансирање на дефицит. Буџетот е усвоен од Собранието, има фискална стратегија, стратегија за управување со јавен долг што значи дека има некоја рамковна обврска на однесување, вели академикот Абдулменаф Беџети.
Македонија – партнер од доверба
Инвеститорите имаат доверба во Македонија, последната еврообврзница од 270 милиони евра ја запишаа повеќе од 100 инвестициски банки, пензиски фондови, осигурителни компании, еквити фондови од САД, Европа и од други земји. Побарувачката беше 2,5 пати повисока од понудата и достигна 632 милиона евра. Трансакцијата се реализараше во соработка со Сити банк, Дојче банк и Ерсте банк, а парите веќе легнаа на буџетската сметка. Еврообврзницата е со рок на враќање од 5 години, каматна стапка од 4,875 проценти, односно стапка на принос од 5,125 проценти. | fineweb-2 |
Претседателот на организацискиот комитет на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка, Дени Џордан изјави дека овој Мундијал ќе биде најдобар досега и ќе докаже дека Африка ги исполнува ветувањата. Атмосферата на воодушевување во земјата, Џордан ја спореди како во времето кога беше ослободен од затвор Нелсон Мендела во 1990-та година и првите слободни избори, 4 години подоцна. Сепак, загриженост кај многубројните посетители предизвикуваат неколкуте инциденти во кои странски новинари и фудбалери беа ограбени во Јоханезбург. | fineweb-2 |
Шведскиот министер за финансии Андерс Борг изјави дека за Грција е подобро да се откаже од еврото со цел да ја зајакне својата економија.
- Ако ја напушти еврозоната, Грција најверојатно ќе ја поврати својата конкурентност и тогаш ќе може полека да застане на нозе, изјави Борг, кој се наоѓа во Токио на средба на Меѓународниот монетарен фонд.
Шведска, која не сака да се приклучи на еврозоната, јавно изрази скептичност кон финансиската солидарност меѓу европските држави и се спротивстави на проектот за европска банкарска унија.
Грција се обидува да остане во еврозоната, наспроти недостигот на конкурентност на својата економија, поради што 2013 година според прогнозите најверојатно ќе биде шестата година по ред со пад на бруто домашниот производ на земјата. | fineweb-2 |
Властите во Македонија треба да ја преиспитаат пресудата на истражувачкиот новинар Томислав Кежаровски, соопшти Комитетот за заштита на новинарите во Њујорк.
Во дописот до медиумите се опишува неговиот случај, се наведува дека Кежаровски негира дека наводниот сведок имал статус на зашитетен сведок во 2008 кога текстот е објавен.
Потоа се наведуваат исказите на сведокот дека бил под притисок на полицијата како и изјавите на Кежаровски дека неговата статија само открила прекршување на правни процедури и била критикувана работата на Министерството за внатрешни работи.
Во времето на неговото апсење во мај, Кежаровски ја истражува смртта на Никола Младенов, сопственик на критички настроениот кон власта неделник Фокус. На 1 април, тој напиша статија во весникот Нова Македонија, што покрена прашања околу полициската истрага за несреќата.
Координаторот на Комитетот за Европа и Централна Азија Нина Огњанова ги повикува властите да го ослободат Томислав Keжаровски и македонското судство да ја поништи неговата пресуда. " Времето на апсење и неговото критично известување за полицијата и судството , фрлаат сериозен сомнеж врз правичноста на неговата гонење". | fineweb-2 |
"Се согласуваме дека сите медиуми треба да ги почитуваат сите обврски што произлегуваат од поседувањето на дозвола, и тоа е исклучително важно за постоењето на независна и избалансирана медиумска клима, но гледаме дека А2 е првиот радиодифузер врз кого е извршено ова барање", наведува Амбасадата на САД во Македонија, реагирајќи на одлуката на Советот за радиодифузија (СРД) да ја одземе дозволата на приватната ТВ-станица да емитува програма.
"Одблиску ќе ги следиме процедурите на Советот за радиодифузија, за да потврдиме дека нивниот мониторинг на содржини.
"Одблиску ќе ги следиме процедурите на Советот за радиодифузија, за да потврдиме дека нивниот мониторинг на содржини, со цел потполна усогласеност со радиодифузната регулатива, се применува подеднакво стриктно врз сите телевизиски станици", гласи завршната реченица во кусото писмено соопштение на Амбасадата.
А2 вчера остана без лиценца откако Советот за радиодифузија по жестока дебата со 11 гласа за и 4 против одлучи дека телевизијата не ги исполнува програмските стандарди, со што случајот со А2 стана прв случај во Македонија, но и во регионот, кога се одзема дозвола на медиум поради непочитување на програмскиот стандард. А2, и покрај неколкуте дадени рокови да го усогласи работењето со Законот за радиодифузната дејност, односно со условите од дозволата, програмски се` уште значајно отстапува од претежно забавниот општ формат што и е доделен, се аргументите на Советот.
"Наместо најмногу 65 проценти програма од забавен карактер, колку што и е дозволено, А2 емитува над 76 проценти музички спотови. Само 11 отсто од програмата на телевизијата е информативна, 13 проценти е документарна, но и од овој процент одвај една третина се премиери, а останатиот дел се репризи", соопшти претседателот на Советот Зоран Трајчевски.
Аргументите на некои од членовите на Советот, пак, се дека "не е работа на СРД по секоја цена да се обидува да затвори одреден медиум, туку да овозможи фер услови на медиумскиот пазар", дека во Македонија има медиуми кои го прекршуваат членот 11 од Законот што забранува јавни функционери да поседуваат медиум, но сепак, нивната дозвола за работа не е доведена во прашање и дека со оваа одлука Советот си ја доведува својата непристрасност во прашање. Приговорот на дел од советниците дека кај телевизијата во последните 15 дена (последниот рок за прилагодување) има евидентен напредок Трајчевски го отфрли, упатувајќи на писмен допис од стечајниот управник на А2, Ацо Петров, во кој се наведува дека новата програма на А2 ја реализирале независни продукциски куќи без регулиран однос со медиумот.
Одлуката на СРД ќе биде доставена до судот и до стечајниот управник Ацо Петров, според кого судот потоа ќе ја донесе конечната одлука до стечајот.
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници изрази згрозеност од одлуката на Советот за одземање на дозволата на А2 во период кога телевизијата почнала да се консолидира и да нуди можност за вработување на голем број новинари кои останаа без редовни примања по затворањето на А1.
"Особен револт предизвикува цинизмот во образложението на Советот за радиодифузија за одземање на дозволата поради `непочитување на програмската шема`. Во услови кога се кршат правилата на СРД по сите основи, и тоа секојдневно, броењето проценти на забавната програма е хипокризија. Совпаѓањето на датумот на одземањето на дозволата со договорот за декриминализација на клеветата нема да ја намали тежината на одлуката за А2", се вели во соопштението од Самостојниот синдикат.
За Македонскиот институт за медиуми, одземањето на дозволата за емитување на А2 телевизија "сериозно ја загрозува слободата на изразувањето и медиумскиот плурализам во Р.Македонија".
"Членот 63 од Законот за радиодифузија не содржи експлицитна одредба дека основ за одземање на дозвола може да биде непочитување на програмскиот формат. Експертите на Советот на Европа, при изготвувањето на Законот за радиодифузија од 2005 година, децидно предупредија дека таква одредба во законот не смее да постои, заради можноста од нејзина злоупотреба", се вели во реакцијата на МИМ. Институтот бара од Советот за радиодифузија да ја информира јавноста дали и другите телевизии во целост се придржуваат кон програмскиот формат, или се работи за селективна примена на Законот. | fineweb-2 |
Со кој функционер, криминал, корупција или злоупотреба прво ќе се зафати Специјалното јавно обвинителство ќе биде обелоденето во четврток. Тогаш и ќе се знае по кои предмети прво ќе се постапува, писмено ни одговорија од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконски следените комуникации (Специјално јавно обвинителство).
Законот за јавно обвинителска служба е неопходен за работа на обвинителството. Ова од причина што со него се уредува начинот на вработување и статусот на стручниот, истражителски и административен кадар во обвинителството. Без овој закон функционирањето на обвинителството ќе биде значително отежнато.
Вчера од Специјалното обвинителството информираа дека на нивно барање Јавното обвинителство им доставило податоци и информации за предметите кои произлегле од прислушуваните разговори, како и информации за тоа што досега е преземено по тие предмети. Во работниот план на Специјалната обвинителка Катица Јанева е наведено дека првите одлуки ќе бидат донесени од средината на декември до крајот на март.
Специјалното Јавно обвинителство преку соопштение вчера информираше дека во соработка со Министерството за правда изготвиле предлог закон за јавна обвинителства служба. Од Обвинителство денеска ни одговорија дека Законот за јавно обвинителска служба е неопходен за работа на обвинителството.
"Ова од причина што со него се уредува начинот на вработување и статусот на стручниот, истражителски и административен кадар во обвинителството. Без овој закон функционирањето на обвинителството ќе биде значително отежнато од причина што стручниот, истражниот и административниот кадар имаат значајна улога за непречено извршување на работите", се наведува во одговорот од Специјалното јавно обвинителство.
Предлог законот бил доставен до Владата, а предлагач е Министерството за правда. Од Специјалното јавно обвинителство очекуваат тој да биде ставен на дневен ред на првата седница на Владата, по што во итна постапка ќе биде ставен на дневен ред и во Собранието. Очекуваат и негова целосна имплементација.
Опструкција на Специјалното обвинитество е опструкција на "Пржино"
Имајќи ги предвид досегашните искуства кога работата на Специјалното обвинителство беше опструирана со изборот на тимот и усвојувањето на работниот план, односно на буџетот на Обвинителството, се поставува прашањето дали се можни опструкции при носењето и на предлог законот за обвинителска служба.
Професор Осман Кадриу вели надлежноста, статусот, правата и обврските на Специјалното обвинителство произлегуваат од Законот со кој беше формирано тоа обвинителство и тој е убеден дека Обвинителството може да работи според тој закон и да ги процесуира предметите за кои е надлежно. Законот што се предлага, вели Кадриу, ќе има влијание врз организационата поставеност и условите за работа, но дека нема да биде суштествена правна пречка за работата на Обвинителството.
"Ако се настојува и ако заднината зад новиот закон е некаква опструкција и да се блокира на некој начин работата на Обвинителството, тоа ќе биде многу штетно, затоа што ако се предвидуваат некои дополнителни услови, дополнителни варијанти или правно- релевантни околности за да може да се почне со постапката, со обвиненијата, тогаш без сомнение тоа ќе биде уште еден доказ, уште еден показател дека од страна на власте ќе се настојува да се измислуваат секакви видови на барикади за да може да се блокира работата на обвинителството.
А со блокада на работата на Обвинителството во вода паѓа и договорот од Пржино, а со тоа кризата само ќе се продлабочи, додава Кадриу.
"Односите и состојбите кои ќе настанат засега се несогледливи, но последиците без секое сомнение ќе бидат многу штетни за државата и за граѓаните", вели кадриу.
Јавното обвинителство претходно информирање дека на барање на специјалната обвинителка ги доставиле бараните податоци и информации за вкупно 35 предмети. Во нивното опширно соопштение меѓудругото беше наведено дека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отворило истрага за три предмети за кои СДСМ поднеле пријави, односно за опремата од Израел, земјиштето на Водно и незаконското прислушување. Како и тоа дека во Основното јавно обвинителство – Скопје се оформени 30 предмети што произлегуваат од содржината на прислушуваните разговори. Еден предмет од така наречените бомби е покренат и во Битола, а уште еден во Обвинителството во Куманово, но бил отфрлен, па сега предметот е во Вишото јавно обвинителство. Меѓу овие предмети се случајот Космос, апсењето на Љубе Бошкоски, изборните манипулации, злоупотреба на службена должност и други овластувања. | fineweb-2 |
Нема одстапување од автокефалниот статус на Макеоднската Православна Црква и од нејзиното име и нема да се дозволи злоупотреба на името охридска архиепископија. Ова се клучните заклучоци во завршната резолуција на Црковно-Народниот собор што заврши вчера во манастирскиот комплекст Калишта крај Струга, пренесува МИА. Агенцијата наведуива дка на соборот е подржано воспоставувањето сестрински односи со Српската Православна Црква и другите помесно цркви, а е побарно да биде забрзан и процесот на враќање на имотите и повторно воведување верска поука во образовниот систем. | fineweb-2 |
Русија рече дека обвинувањата од САД дека Москва ја прекршила нуклеарната спогодба за среден опсег се "неосновани".
Во соопштението на руското Министерство за надворешни вели дека обвиненијата на САД се "неосновани" и "без докази".
САД соопштиja дека руските тестирање на новите крстосувачки проектили од земја е кршење на Договорот кој претседателот Роналд Реган го потпишал со советскиот лидер Михаил Горбачов во 1987 година. | fineweb-2 |
Прикриени партиски активисти се невладините организации кои пишуваат извештаи за слободата на медиуми. Тие дури и повикуваат на протести. Сега сме рангирани на ниво на Таџикистан и Мали, а бевме на 30-то место. Дури уште во времето на Црвенковски тие на писмено се изјасија дека ќе работат со меѓународни организации за слобода на медиуми за да напишат дека нема слобода на медиуми. Но, да те рангираат на ниво на ИСИС и земја каде има државен удар на секои 6 месеци е бесмислено. Тие немаат никаква освен политичка причина да ја критикуваат состојбата во медиумите. Ирекс, Фридом Хаус, па Сорос на Милчин па СДСМ- кругот е затворен и е политички, изјави Цветин Чилиманов од МАН, пренесува Курир.
– Тој сака Агенцијата да казнува ако за него нема 30 секунди како што има за некој друг политчки лидер. Тој сака да казнува ако водителот ги најавува вестите како што него не му е по ќеиф. Сака Агенцијата да има дискреционо право да затвора медиуми како што него дента му се виделе вестите. Кој сака таква моќ да има еден бирократ, можеме ли да се согласиме дека таква Агенција не ни треба. Можеме ли овде да се согласиме дека ако постои говор на омраза, си постои и кривичен закон по кој може да се поднесе тужба. Ние овде зборуваме дека СДСМ и Заев сакаат целосна контрола врз приватните медиуми, а не дерегулација како што се обидуваат да прикажат во јавноста, рече Чилиманов.
За Драган Антоновски политичарите ни ја киднапираа професијата, и смета дека преговорите за медиуми треба да ги водат новинарите, не политичарите.
– Демократски беа извештаите кога 1994 ВМРО-ДПМНЕ не учестуваше на изборите, или 1999 кога се местеа изборите за Борис Трајковски или во 2004 кога Стево Пендаровски ги местеше претседателските за Црвенковски, а сега не е демократија, вели Чилиманов. | fineweb-2 |
Видео: Пливање со чудовишните крокодили во Австралија
Во Северна Австралија некогаш загрозениот вид на крокодили денес цвета и има огромна популација која може да биде вистински кошмар за жителите бидејќи често има смртоносни напади во океаните и реките. Но, во паркот на крокодили Дарвин овие предатори се вистинска сензација и за 30 долари може да добиете екстремно искуство на блиска средба во заштитни садови.
Голем број на туристи и посетители ја користат можноста да им се доближат на крокодилите и тоа во периоди кога ги има во најголем број во водите. Што мислите вие за оваа "смртоносна" авантура. | fineweb-2 |
Фолксваген признава дека е одговорен и плаќа 4,3 милиајрди долари
Фолксваген постигна договор "тежок" 4,3 милијарди долари со американски регулатори за решавање на проблемот со прекумерната емисија на издувни гасови од дизел мотори, а планира да се изјасни како – виновен.
Трошоците за решавање на тој проблем надминале предвидени речиси 18,2 милијарди евра односно 19,2 милијарди евра. Од компанијата истакнуваат дека во следните три години ќе бидат под независен надзор.
Спогодбата за признавање на вината ќе треба да биде одобрена од маерикански сојузен судија.
Во 2015 година Фолксваген призна дека во своите автомобили со дизел мотори вградил софтвер што покажувал лажни податоци за емисија на издувни гасови. Во САД продале половина милион спорни автомобили. Подоцна Фолскваген призна дека тоа е случај со 11 милиони возила ширум светот.
Спогодбата нема да ја прекине истрагата и постои можност подигнување казнени пријави за извршните директори на групацијата. Компанијата веќе се согласи да плати околу 17,5 милијарди долари за да се решат цивилни тужби. | fineweb-2 |
Ирачкиот заменик министер за надворешни работи Мухамед Азис соопшти дека ирански трупи завзеле еден извор на нафта во пограничната зона. Тој истакна дека не знае дали иранците суште го држат под контрола изворот, додавајки дека утре за овој проблем ќе биде повикан на разговор иранскиот амбасадор во Багдад. Иран ги демантира овие информации. | fineweb-2 |
Грчките земјоделци, кои бараат поголеми субвенции, и денеска блокираат повеќе патни правци низ Грција, а блокиран е и главниот граничен премин со Бугарија. Бугарскиот премиер Бојко Борисов вчера побара од Европската Комисија да интервенира, бидејки штети трпат и бугарските превозници. Грчката полиција соопшти дека граничните премини кон Македонија и кон Албанија биле отворени. | fineweb-2 |
"Поголема координација" - Вака еврокомесарот за проширување Штефан Филе ја објаснува неговата функција која е дел од новата позиција во Унијата што е востановена со Лисабонскиот договор. Станува збор за високиот претставник за надворешна политика што сега ја извршува Кетрин Ештон.
"Она што е ново е дека ние сега повеќе се координираме. Можете како пример да го земете Западен Балкан. Тука е и Украина каде што за прв пат комбинираме некои мерки што треба да се стори и што нудиме, а потоа нив ги споредуваме. Одговорноста на Ештон е да обезбеди едногласност меѓу Комисијата и Советот на Унијата."
Запрашан дали постои опасност од поголем индеферентен пристап на Европската унија спрема Источна Европа, бидејќи, според некои аналитичари, Кетрин Ештон немала посебен интерес за регионот, Штефан Филе вели:
Точно е дека во услови на шестмесечно ротирачко претседателство со Европската унија, некои повеќе се интересираа за проширувањето и источното соседство, од другите, но сега имаме можност за покохерентна политика спрема соседите...
"Не постои рамнодушност, затоа што Ештон јасно вели дека таа има три приоритети: првиот е да изгради дипломатски сервис, вториот и е соседството во целост и третиот развој на односите со стратегиските партнери. Точно е дека во услови на шестмесечно ротирачко претседателство со Европската унија, некои повеќе се интересираа за проширувањето и источното соседство, од другите, но сега имаме можност за покохерентна политика спрема соседите."
Што се однесува до Западен Балкан, посебно за проблемите во Босна и Херцеговина, еврокомесарот Штефан Филе вели дека Европската унија подготвува нов пристап чија цел е таа земја да се приближи кон Унијата. Запрашан дали Европската унија се подготвува да ја прифати поделбата на Босна тој вели:
"Мислам дека она за што сега се подготвуваме не е тоа сценарио. Она што сега го правиме се фокусира врз начините како да и помогнеме на Босна и Херцеговина во овој момент, односно да се избегне таквото сценарио."
Наведува Филе, додавајќи дека ќе мора да се преземат дополнителни мерки со цел таа земја да биде поставена на постабилни основи. Според него, клучно е продолжувањето на Дејтонскиот договор и уставните промени кои, како што вели, треба да го отвори патот Босна и Херцеговина да биде раководена од стабилна, ефикасна власт. Запрашан конкретно дали може и дефинитивно да ја отфрли можноста дека Европаката унија ќе прифати појава на некоја нова држава во регионот Филе со одговор:
,,Не, ние не сме подготвени да прифатиме зголемување на бројот на земјите во тој регион и правиме се со постоечките земји да ја избегнеме таквата ситуација.,,
Вели новиот комесар на Европската Унија за проширување и за европската политика спрема соседството Штефан Филе во интервјуто за Радио Слободна Европа. | fineweb-2 |
За оние кои се освои значителен износ на професионални бизнис искуство и се подготвени да работат во повеќе видно место, на Извршниот МБА (IACBE) е следниот чекор. Предмети за сметководство, лидерство и финансии се меѓу субјектите истражени.
На EMBA или Извршниот Магистер за бизнис администрација е специјално дизајнирана програма со која става посебен акцент на лидерски и менаџерски вештини за студентите. EMBA програмата може да трае околу три до четири години на студии за да се добие.
Турција, официјално Република Турција, е трансконтинетални земја, која се наоѓа главно на Анадолија во Западна Азија и Источна Тракија во Југоисточна Европа. Многу турски универзитети (јавни и приватни) се вклучени во пан-европски програми за студентска размена (Сократ, Еразмус, и слично). Некои, исто така, имаат договори со не-европски универзитети, исто така.
Измир има околу четири милиони жители и е дом на девет различни универзитети. Тоа е, исто така, каде што трета Американската вселенска камп во светот се наоѓа. Тоа значи дека можете да дознаете практично ништо таму, вклучувајќи и како да се биде астронаут.
EMBA Измир - Земи си EMBA во Измир. Земете ги сите програмата БМВ и училиште информации. Заштедете време и се јавите во училиштето директно тука!
Денешниот бизнис средина постојано се подложува на промени и уште повеќе се усложнува како технолошки развој давајте гас; производи и услуги се разликуваат; клиенти стане повеќе селективен и брзина, квалитет и цена свесен; и конкуренцијата станува интензивна глобално ниво. [+] | fineweb-2 |
На секои 10 мг на метар кубен, ПМ10 честитчките за 10 проценти ја зголемуваат смртноста на населението. Годишно умираат 1,300 луѓе во земјава како последица на загадениот воздух
Видео
Зошто ВМРО ДМПНЕ и ДУИ не ја потпишаа Декларацијата за спречување и борба против семејно насилство? Дали овие две партии сакаат воопшто да го решат проблемот со насилството врз жената?
Нова Дебата ВО ЖИВО со кандидатот за пратеник и активист за време на протестите на Шарената Револуција, Павле Богоевски. Тој одговара на Вашите прашања за инволвираноста…
Европратениците Вајгел, Кукан и Флекенштајн се оптимисти дека изборите ќе бидат фер и транспарентни. 70 проценти од жените во Македонија биле жртви на семејно насилство….
Колку нашите комуникации се навистина приватни и дали операторите имаат некаква одговорност.
Починати лица од Тетово речиси две години земале социјална помош со што буџетот на државата бил оштетен околу 30 илјади евра. Погледнете го прегледот на вестите…
Како се перат пари? Ако парите излезат од Македонија во Белизе, како се враќаат назад. Скопскиот маалец ќе ви илустрира!
НОВАТВ ги доби документите од офшор компаниите вклучени во бизнисот со Државнат видео лотарија. Тие се поврзуваат со Сашо Мијалков и Јордан Камчев
Со почетокот на изборната кампања започна и борба за глас и почеток на секојдневни екскурзии со автобуси низ Македонија. Таму каде што оди лидерот.
Што се крие во случајот "ортопедски помагала"? Зошто ФЗО молчел цели шест години додека била оштетувана здравствената каса? Дали истрагата ќе се прошири на вработени од ФЗО? | fineweb-2 |
Останува нивниот капацитет за притисок со низок интензитет, но, со лимитирани ефекти: опструкција на правдата за функционери чии што вербални коментари од бомбите веќе станаа дел од народниот речник; оштетената медиумска машина која служи за потсмев во обидот да покрие сообраќајка на поранешен министер;продолжено прислушкувањекое повеќе зборува за нив отколку за плановите на опозицијата;позајмените пари наменети за тн. сигурни гласачи каде лежи сета нивна надеж.
Автор: Стево Пендаровски, универзитетски професор
Прилично бавниот демократски развој на Македонија беше прекинат во два наврати: во 2001-та кога во системот беа имплантирани неколку позитивни елементи, иако, конфликтот ги закочи демократските процеси уште барем две години, додека клучните актери не се адаптираа на новите правила на игра, и по 2008-та кога започна градењето на класичен авторитарен систем со балканскафизиономија. Јасно е дека досегашното владеење на фамилијата се должи на драстичната асиметрија која постои помеѓу нив и опозицијата во пристапот до трите столбови на "успехот"на секоја автократија: ресурсите, медиумите и правдата. Во продолжение ќе се обидам да покажам зошто на 11 декември не очекува нов политички дисконтинуитет, овој пат за добро.
Бидејќи просторот е ограничен, накусо ќе ги изложам трите групи на фактори кои се решавачки за опстојувањето или падот нанашиот режим: странскиот фактор, кохезијата на власта и моќта на опозицијата, со цел, да укажам на нивниот различенквалитет во однос на било кои избори од 2006-та до денес.Меѓународниот фактор не игнорирашеизминативе 10 години со два исклучока: лесната медијација за"црниот понеделник" која, објективно, заврши со зацврстување на власта и тврдата медијација по "бомбите" која го креираше СЈО, што е најголема надворешна интервенција во нашиот систем по Рамковниот договор.
Иако прв го наведувам, меѓународниот фактор ќе има најмало влијание до изборите, меѓутоа, најголемо по нив. Имено, сосема независно од изборните резултати, комплетната прва постава на ВМРО-ДПМНЕ ќе замине во политичката историја, затоа што нашиот пат кон евро-атлантските интеграции повеќе нема примарно да зависи од спорот за името, туку, од ефектите на СЈО и специјалното судско одделение.
При тоа, влијанието на западниот фактор нема да биде балансирано од истокот, затоа што Грција и Србија биле и се поважни регионални партнери за Москва од нас. Во овој контекст, да не заборавиме дека три члена на најтесниот фамилијарен круг, лани поднесоа оставки, не заради масовните граѓански протести, туку под директен притисок на Берлин и Вашингтон, што е меѓународна интервенција, каква што, според императивноста, не е видена кај нас, вклучително и во 2001-та.
На внатрешен план, круцијален е балансот на силите меѓу режимот и опозицијата и туку се регистрирани значајни поместувања на двете страни. Кога се на врвот од моќта автократите применуваат тн. притисок со висок интензитет врз секој што јавно им се спротивставува, на пример, со полиција го "чисти" Собранието од опозиција и медиуми, специјалци затвараат телевизии, монтира процеси на истражувачки новинари, крие убиство на млад човек. Денес, ништо од ова повеќе не е можно. Останува нивниот капацитет за притисок со низок интензитет, но, со лимитирани ефекти: опструкција на правдата за функционери чии што вербални коментари од бомбите веќе станаа дел од народниот речник; оштетената медиумска машина која служи за потсмев во обидот да покрие сообраќајка на поранешен министер;продолжено прислушкувањекое повеќе зборува за нив отколку за плановите на опозицијата;позајмените пари наменети за тн. сигурни гласачи каде лежи сета нивна надеж.
Дури и процесот на кооптирање (да употребам културен израз),односно, купување на опозициони политичари е практично запрен, не заради недостаток на пари, туку, заради кредибилитетот на лицата кои се нудат. Единствено, дотурот на пари во новите медиуми е засилен. Ако во 2013-та, според пресретнатите комуникации, околу 800 лица биле платени на дневна основа да ја критикуваат опозицијата на социјалните мрежи, денес, според проценките, таа бројка изнесува околу 3000 активисти. Меѓутоа, неуспехот на власта е особено видлив токму на дигиталните платформи кои беа критични за пробивање на скандалозните сознанија од бомбите до 82% од македонските граѓани.
Вториот дел од равенката, капацитетите на опозицијата, овој пат, ќе треба да го решат исходот на изборите. Да видиме и зошто. Почнувајќи од 2013/2014, граѓанското движење успеа да се омасови и да опфати многу повеќе поединци отколку стандардната бројка граѓански активисти кои со години му пружаат отпор на режимот.Во исто време, партиската опозиција е најширока по опфат, вклучително и десниот блок, дури и ако настапи во две колони.
Доказ за моќта на партискиот и граѓанскиот сегмент е заедничкиот настап на протестот од 17 мај 2015-та кој е најголемиот политички собир во историјата со масовно присуство на сите етнички заедници. Последно, не и небитно, опозицијата има двајца министри во ресорите кои се решавачки за предизборен балансво безбедносниот и социјалниот ресор каде што фамилијата беше неприкосновена со години.
На крај, два збора за првиот отпор без кој немаше да биде можен ниту вториот. По своите специфики, македонската пролет во 2013-та беше слична на тримесечниот српски отпор во зимата 1996/7 и не успеа од слични причини:контролата на дворот беше сеуште силна; меѓународниот фактор не даде децидна поддршка, а неколку опозициони фигури се повлекоа од борбата во пресуден момент. Денес, амбиентот е поинаков, а, опозицијата контролира мал, но, важен дел од системот. Постојат реални предуслови нашиот октомври да се случи во декември. | fineweb-2 |
Здружението на новинарите на Македонија, Македонскиот институт за медиуми и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници денеска изразија загриженост за предложените измени на Законот за радиодифузна дејност со кој се предлага зголемување на бројот на членови на Советот за радиодифузија . Тие сметаат дека промената на законот по брза постапка без притоа да се вклучат медиумите, експертите и релевантните организации, дополнително ја комплицира ситуацијата со медиумите. Од здруженијата велат дека побарале измените да бидат повлечени и за нив да се дебатира. Од трите организации велат дека писмено ќе се обратат до сите странски релевантни институции во врска со измените на Законот со кои не се согласуваат. Измените на Законот за радиодифузна дејност со кои се предвидува да се зголеми регулаторното тело од 9 на 15 члена се на дневен ред на денешната седница на Собранието. | fineweb-2 |
Одѕивот на граѓаните за мерката отпис на долговите е засега исклучително голем и заклучно со вчерашниот ден има над 29.000 барања поднесени во центрите за социјални работи ширум Република Македонија.
Ова го изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески апелирајќи до граѓаните да не го чекаат последниот ден и што е можно порано да ги посетат центрите за социјална работа да поднесат барање и да ја искористат оваа мерка на Владата.
Првите решенија, како што рече вицепремиерот, очекува да се доделат во втората половина од октомври, откако ќе заврши рокот за поднесување на барањата. | fineweb-2 |
Преговорите на четирите политички парии за реформи во медиумите завршија и на нив не беше постигнат договор.Ова е епилогот на вечерашните разговори, помеѓу кои имаше пауза и внатре партиски консултации. Главниот проблем е околу составот на советот на Агецијата за медиуми. Белгискиот експерт Питер Ванхауте кој ги предводи преговорите изјави дека ваквиот негативен исход ќе влијае врз утрешната проценка на меѓународната заедница за тоа дали се исполнети условите за кредибилни избори. Ванхауте појасни дека нема најави за повторна средба на работните групи во текот на утрешниот ден. | fineweb-2 |
Партиски канцидати, независни кандидати, деновиве трката за избор на претседател постојано се збогатува со нови имиња. Ваквата заинтересираност за стапување на функцијата која во земјава се смета за маргинализирана и без многу ингеренции според аналитичарите се должи најмногу на желбата на кандидатите да се промовираат самите себе иако на повекето од нив им е јасно дека немаат шанса за победа.
"Потребата од саморекламирање, неподносливата леснотија на вршењето на функцијата и неодговорноста во вршењето на функцијата пред никого го зголемува интересот кај кандидатите,"
вели професорот по уставно право Саво Климовски.
Причините за бројноста на кандидатите слично ги лоцира и професорот од Штуловиот универзитет Рухи Бакиу. Жесткоста на политичката битка пак која се навестува уште при самиот почеток според него е поради желбата на партиите да го контролираат претсдателот:
"Нашите политички партии преку кандидатите за претседател сакаат да ја покажат и политичката моќ пред јавноста, односно пред граѓаните."
Токму тенденцијата за контрола на претседателот придонесува во Македонија значајните ингеренции на оваа функција да бидат само дел од уставот а реално да се маргинализира улогата на претседателот од страна на извршната власт додава Бакиу:
"Сега натаму не држи тезата дека во Македонија имаме полупретседателски систем, од причина што надлежностите преминаа на извршната власт."
Климовски пак сугерира дека ваквата состојба во пракса која како што вели уставот го прави виртуелен може да се надмине само со измени на обликот на државно уредување
"Ние ќе треба да се определиме за што сме, дали сме за парламентарна демократија со јак парламент или сме за претседателски систем, а не ова некој дериват на претседателски систем кој го содржи нашиот устав."
Експертите објаснуваат дека уставно претседателот има големи ингернции во областа на надворешната политика и безбеднсота како врховем командант на вооружените сили. Актуалната владечака гарнитура и претседателот Црвенсковски во периодов на заедничката работа најмногу се судираа вообласта на надворешната политика. | fineweb-2 |
Магијата игра Гравитација водопади во маѓепсана град Врз основа на Дизни цртан филм серија создадена од игра Гравитација водопади, забавни оригинален хумор, обдарени со мистицизам и авантура. Од излегувањето на првите играчи гледање приходи забава новитети. Денешната колекција е значително се прошири, и заедно со Вокер, можете да играте: • Медицина • Облечи • трки • Спорт Играчки • мозаик • Пребарај за предмети во слики сигурен сум дека знаете приказната за близнаци Pines Mabel и сок, кој одлучи да оди на летен одмор да го поминете на дедо, кого го викаат Чичко Стен. Местото Гравитација водопади се наоѓа во Орегон, и ништо значајно не се распоредени – мисли така момци, ќе ја посети. Единствената атрактивна институција припаѓа Чичко – туристички центар со интересно име "колиба на чудата", која вклучува вози и продавница за сувенири. Првиот Мечка и сестра Mabel да промаши, но еден ден, одење во шума, момчето најде дневникот без автор, но со назнака "3". Откако почна нејзиното проучување, тој сфатил дека гравитацијата водопади сокрива прекрасни мистерии и населени со необични суштества. Книгата зборуваа за чуда и тајни на метаморфози кои се случуваат тука. Сега целта на брат и сестра – пронајдени озлогласениот автор и ги откријат тајните на градот. Некој кој живее во Гравитација водопади? Историјата на главните ликови ќе биде некомплетно ако не се сретне со други жители на мистериозниот град. • Мечка – брат Mabel, и двете од 12 години. Младиот човек страстни за книги и проучување со страст најде дневник. Тој воздржани, а тоа го прави малку повеќе зрели, и поради тоа е логично дека тој се грижи за својата сестра. • Mabel – сестра Мечка, но неговата целосна спротивност, бидејќи сака да се забавуваат и сон. • Стенли Pines –, сопственикот на "чуда на куќички." Под неговиот магазин, тој се развива една необична механизам, но неговата тајна е откриена. • Grenda и Кенди – твоите пријатели Mabel. • Венди Kordroy продавачка работат во продавницата за сувенири. Таа е 15-годишната ќерка на еден секач, чија рамнодушни Мечка. • Роби Vee – млади до неговите уши во љубов со една девојка Венди. • Zus (целосно име – Hezus) Рамирез – се вклучени во поправка на опрема и други оштетувања во продавница Стенли. • Гидеон Gliful 10-годишниот веќе негува амбициозни планови, со надеж дека ќе ги искористи "колиба на чудата". Тој е вистинскиот непријател на семејството Pines, и е сопственик на уште една уникатна дневник, кои истакнуваат бројот "2". • Мек Gakket – бездомник стар човек кој живее на депонија Гравитација водопади. • Чаби – симпатична свиња, кои Мабел освои на саемот. Мистериозни и загадочна почнува Особено импресивен спектар на мистични и исполнета игри Акција Гравитација водопади. Херои се постојано во различни делови на градот, се истражуваат колиби, талкаат низ волшебната шума, соочување со непознатото. Тешкотиите и опасностите на близнаци храбро се надминат за да се најде на потребните елементи и решавање на следната загатка. Возбудлив потраги подготвени за игра Гравитација водопади бесплатно, и тоа е време да го следат на ликовите, помагајќи им во мисиите. Понекогаш е потребно да се контролира два лика одеднаш. Имаат доверба да го направи следниот чекор, без разлика што чекаше напред. Тоа се случува дека опасна зона пред нејзината сестра, и брат ми да се обратите директно, но не и да им даде на Mabel умре, тој, исто така, го прави брз скок. Собирање половина ѕвезди, тие може да се нурне во времето вител инка за да започнете нов пат. Со учество на храбрите браќа и сестри, да се соберат загатки, играат спортска, летаат низ шумата и да играат игри Гравитација водопади облекуваат. | fineweb-2 |
Писториус пукаше во својата девојка Рива Стенкамп убивајќи ја во февруари 2013 година, по што се бранеше дека не знаел дека таа се наоѓала во тоалетот, туку стравувал дека тоа бил крадец што упаднал во неговиот дом.
Првичната пресуда му овозможи на Писториус по кратко време во затвор, да се пресели во домашен притвор.
Сепак, по најновиот развој на настаните јужнофриканскиот атлетичар ќе мора повторно да замине на суд, овојпат соочувајќи се со далеку поголема казна, со оглед на фактот дека минималната казна за убиство со умисла според законите во оваа земја изнесува 15 години во затвор.
Правдата е задоволена, изјави мајката на Рива Стенкамп при напуштањето на судницата. | fineweb-2 |
На проблемите на МЗТ Скопје со повредени играчи, дефинитивно, им нема крај откако Марко Симоновски отпадна од комбинација за настап против Партизан. "Металците" денеска патуваат за Белград, а на листата на патници го нема одличниот шутер поради болест.
Македонскиот репрезентативец прво го пропушти утринскиот тренинг поради истоштеност, но набрзо потоа неговата здравствена ситуација дополнително се влоши поради што мораше да замине на лекар, каде што му беше утврдена силна вирусна инфекција со драстично зголемена температура и треска. Лекарската препорака беше итна инфузија и неколкудневно мирување во домашни услови поради што стручниот штаб реши да не ризикува и донесе одлука кон српската престолнина да замине без болниот Симоновски, делумно и како превентива истото да не се префрли и на останатите кошаркари.
Ова е само дополнителен удар за десеткуваниот тим со кој располага Назор, во кој на претстојната средба со белградските "црно-бели" нема да настапат Даниел Кларк (повреда) и Ксавиер Темс (семејна трагедија).
Местото на Симоновски во составот на МЗТ Скопје Аеродром ќе го пополни талентираниот Мартин Милевски, и тоа првпат во АБА-лигата сезонава. | fineweb-2 |
Пет месеци по немилиот настан во кој згасна животот на младиот Мартин, започна судскиот процес против Игор Спасов – припадник на Единицата за специјални задачи при МВР и единствениот обвинет за настаните од кобната вечер на 6 јуни 2011. На судскиот процес му претходеа секојдневни улични протести, сомнителните изјави на МВР дека немаат информација што се случило таа ноќ и долгата, крајно пасивна и непотполна истрага од страна на Јавното обвинителство.
Револтиран од ваквиот однос на институциите, решив доброволно да го набљудувам целиот судски процес. Досега се одржаа 10 рочишта, а пресудата се очекува да биде донесена овој месец. Во продолжение следува резиме од исказот на обвинетиот и сведочењата на очевидците, службените лица и вештаците. Со цел јавноста да биде непристрасно известена, се воздржувам од лични видувања и коментари со цел да му овозможам на читателот самиот да ги изведе заклучоците.
Исказот на Игор Спасов
На 5 јуни 2011, доаѓајќи во Скопје од Куманово (каде обвинетиот околу 15 часа го обезбедувал изборниот процес), Спасов кратко пред полноќ од својот старешина добил телефонска наредба да продолжи со обезбедување на премиерот. Пред случувањата на плоштадот, тој на двапати го забележал Мартин како се обидува да се доближи до премиерот – еднаш пред Домот на АРМ и вториот пат на улица "Македонија". Ваквите обиди биле спречени од обезбедувањето. Третиот обид се случил крај бината на која се одвивала прославата за изборната победа. И покрај тоа што Мартин бил предупреден од униформирани полицајци, тој не се откажал од настојувањето да пријде до бината. На ова реагирал Спасов извикувајќи "каде бе?", по што Мартин почнал да бега, а Спасов започнал да го брка. Упорните обиди за пробивање на безбедносниот кордон биле симптоматични, па негова задача била лицето да го уапси и приведе во полициска станица. Во моментот кога Спасов се доближил до Мартин, тој се сопнал од кабел, со главата удрил во плочникот по што останал да лежи. Мислејќи дека симулира, Спасов го подудрил со нога но забележал дека Мартин е во бесознание по што веднаш се обидел да го реанимира. Набрзо на местото на настанот пристигнале споменатите униформирани полицајци кои повикале брза помош по што Спасов ги известил дека поради своите обврски мора да се врати кај бината. Во тоа не бил спречен од полицајците кои не му побарале да се легитимира. Иако на почетокот на судењето Спасов не откриваше детали за настаните по неговото напуштање, подоцна изјави дека за настанот составил службена белешка која била уништена од неговите претпоставени.
Сведочењата на очевидците
Најголем дел од очевидците не можеа со сигурност да потврдат дали напаѓачот кој го виделе е Спасов. За разлика од времето на настанот, тој во судницата се појави видно ослабен, со коса и брада. Многу мал број на очевидци ја потврдија веродостојноста на неговиот исказ. Останатите кои беа значително мнозинство говореа за една сосема поинаква верзија на настаните.
Оние очевидци кои се обиделе да пристапат до Мартин во тоа биле спречени од страна на корпулентен полицаец во цивилна облека кој им се легитимирал. На дел им било речено "бегај и тебе да не те снајде истото"
Според нив, во моментот кога Спасов го достигнал Мартин, му задал удар со тупаница одзади по што тој паднал но се задржал на едната рака. Обидувајќи се да стане извикал "не ме тепај" но Спасов без задршка продолжил да му нанесува молскавични удари со двете раце по главата, а потоа и со нозете по телото. Дел од очевидците бруталноста на нападот ја опишуваа визуелно, преку гестикулации. Еден изјави дека такво крвничко тепање видел само на филм, додека друг кажа дека по настанот не може мирно да спие. Оние очевидци кои се обиделе да пристапат до Мартин во тоа биле спречени од страна на корпулентен полицаец во цивилна облека кој им се легитимирал. На дел им било речено "бегај и тебе да не те снајде истото".
Сведочењата на службените лица
Првите униформирани полицајци кои пристигнале на местото на настанот потврдија дека со Мартин разговарале кај бината. По бркотницата биле повикани од толпата луѓе, а кога пристигнале на местото и прашале што се случило, Спасов им кажал дека на Мартин му се слошило. Еден од полицајците изјави дека ниту некого легитимирал, ниту ги прашал насобраните што се случило. Според него, тоа можеби било грешка. Спасов не го легитимирале затоа што им изгледал како лице од обезбедување. Траги на насилство кај Мартин не забележале. Следни на местото пристигнале докторка и медицинска сестра кои констатирале смрт, но не забележале траги на насилство. По кратко време пристигнала и екипата од Крвни деликти чии припадници забележале повреди (и одбранбени рани) по лицето и телото на Мартин. Од неколку очевидци им било предочено дека имало бркотница и физички напад за што го известиле Дежурниот оперативен центар на МВР. Во судот се појавија десетина колеги на Спасов кои вечерта биле на плоштадот. Спасов тврдеше дека и тие како него биле работно ангажирани. Сите, без исклучок, го негираа ваквото тврдење изјавувајќи дека на плоштадот биле како граѓани, а работниот ангажман им завршил пред полноќ. Иако овие сведоци имаа најконтрадикторни изјави, а дел од нив и се соочија со Спасов, останаа на официјалниот став на МВР дека ним и на Спасов работното време им било до 23:30 часот, односно пред почетокот на прославата за изборната победа. На последното рочиште судот се изјасни дека за квалификацијата "убиство", во овој случај, воопшто не е важно дали тој бил на работа или не. Со тоа завршија напорите на Спасов да докаже дека бил работно ангажиран.
Сведочењата на вештите лица
Последното, исклучително значајно рочиште, требаше да даде одговор на прашањето која е причината за смртта на Мартин. Според невропсихијатарот и психологот, Спасов е екстровертен, амбициозен и упорен, со несигурност на планот на емоционалната контрола. За време на настанот бил целосно пресметлив, а самиот чин на бегање на Мартин претставувало најголема провокација, затоа што Спасов се чувствувал силен и не можел да дозволи некој да му побегне. Вештаците од судска медицина детално ги опишаа надворешните и внатрешните рани од повреди на над 20 делови од телото кои настанале како директна или индиректна последица од удари. Причината за смртта е крвавење во мозокот, предизвикано од директно делување на тапо-тврда, динамична, брза и краткотрајна сила со што се исклучува можноста смртната повреда да настанала од удар со глава во плочник.
Воислав Стојановски – докторант на Универзитетот Масарик во Брно и активист на Движењето Стоп за полициска бруталност. | fineweb-2 |
Полицијата од Свети Николе пред влезот во градот во автомобил открила сокриени четворица марокански државјани кои илегално влегле во земјава.
Во подоцнежната истрага е откриено дека возачот кој им избегал на полицајците е Ј.Р. (38) од Гостивар. Тој со странците се договорил да ги пренесе до Куманово за по 20 евра по човек. | fineweb-2 |
Откако голем бран ја избриша античката цивилизација Минос во Егејско море пред три ипол илјади години, феноменот кој денеска е познат како цунами се смета за една во најсилните природни катастрофи. Неколку метарските ѕидови од вода се појавуваат по активирање на подводните вулкани или земјотреси и го носат првиот бран на смртта на оближните брегови. Но, пустошот што го остава водата, потоа, рапидно го зголемува бројот на жртвите.
Грчкиот остров Санторини личи на рак со испружени краци. Меѓу нив има два помали острова како парчиња храна што во секој момент ќе станат плен на ракот. Тие се само врвови на голем вулкан, и се составени од пепел и сулфур, чиј мирис во старо време се поврзуваше со мирисот на пеколот. Историјата забележала дека пеколот таму се случил пред три ипол илјади години кога вулканот однесе половина од Санторини. Тоа предизвикало појавување на голем бран кој дословно ја избриша тогашната цивилизација што се развиваше на Крит и насекаде во Егејот. Светот во неделата се потсети на разурнувачката моќ на ваквите ѕидови од вода. Цунамите, се нарекуваат така според јапонскиот збор за големи и брзи морски бранови, станаа масовен убиец во Шри Ланка, Индонезија, Тајланд, Индија, Малезија, па дури и во далечната Сомалија.
Овие бранови се скоро секогаш убиствени. Во историјата се запишани цунамите кои во осумнаесетиот век го погодија Лисабон кога загинаа околу триесет илјади луѓе. Толку жртви беа забележани и во вулканската ерупција која во илјада осумстотини осумдесет и третата го уништи Индонезискиот остров Кракатау. Цунамите во висина од четириесет метри стигнаа дури до Мадагскар. Замјотерсот во Литиа Беј на Аљаска во илјада деветстотини пеесет и осмата предизвика бран висок неколку стотици метри, но за среќа не дојде до катастрофа, бидејќи бранот се загубил во ненаселената дивина. Од илјада деветстотини четириесет и шестата големи цунами веќе четири пати го уништуваат крајбрежието на Пацификот. Јапонија особено, каде што веќе постои систем за предупредупредување од нив. Големиот број жртви во цунамите на Индискиот Океан, споре експертите, е токму немањето на ваков систем за предупредување. Еден од преживеаните вака го опиша она што го доживеа во Шри Ланка
,,Тоа е природна катастрофа. Не можете да ја спречите. Тоа би можело да се случи насекаде. Бевме на погрешно место во погрешно време."
Геологичарите и океанографите се согласуваат. Ниеден дел од земјата не е поштеден. Во две илјади првата година тим научници предупредија дека евнтуалната поголема ерупција на вулканот на Канарските острови би можело да произведе огромен цунами кој ќе предизвика катастрофа на бреговите на Африка, Америка и Европа. Постојат археолошки докази дека пред три ипол илјади години минојците ја предвиделе ерупцијата на Санторини и избегале на бродови. За нив веќе никогаш не се слушнало. Некои веруваат дека токму тие се изворот на митот за загубената цивилизација позната како Атлантида. | fineweb-2 |
Киргистан побара финаниска помош од 1,2 милијарди долари за обнова на земјата по неколкумесечните политички и етнички насилства. Овој апел беше уптен на денешната меѓународна донаторска конференција што се одржува во главниот град Бишкек. Судирите меѓу узбеците и киргизите во минатиот месец на југот на земјата однесоа над 300 човечки животи, а стотици илјади беа принудени да ги напуштат домовите. | fineweb-2 |
Subsets and Splits