text
stringlengths
205
626k
source
stringclasses
1 value
Во Хајд паркот на Радио Слободна Европа - повторно прашање на темата хомосексуалност и правата на таа групација граѓани, особено за правото на склучување истополни бракови, и повторно многу ваши коментари како и пред извесно време кога исто така имавме наш текст-информација на слична тема. Се чини, меѓутоа, дека присутноста на темата за хомосексуалноста во јавните гласила придонесува за менување на ставовите или барем нивно либерализирање, ако може така да се каже. Како што смета и Марко дека треба повеќе зборување во јавноста, повеќе информации и повеќе едукација на народот, па потоа да се зборувало за борба за еднаквост. Инаку, барем во досегашните пораки провејува едно: дека и хомосексуалците, верувам се мисли и за лезбејките, се луѓе и граѓани како сите други што треба да имаат еднакви права, пред се' , човекови. Како што пишува, на пример, Стојан од Скопје: "Треба да имаат исти права како и сите други луѓе! А ако сакаат да склучат брак меѓу себе , секој има право да склучи брак со кого сака, па зошто и тие да немаат право на тоа?". Треба да имаат исти права како и сите други луѓе! А ако сакаат да склучат брак меѓу себе, секој има право да склучи брак со кого сака, па зошто и тие да немаат право на тоа? Миленко од Скопје на темата и' дава религиозна подлога па испраќа порака до Црквата и до, во наводници, "тешките" верници: Ако Бог е семоќен и ако создал се' на светов, тогаш ги создал и хомосексуалците. Па ако веруваат во Бога, треба да веруваат и дека и тие се со причина на Земјава, па можат слободно да живеат како што одбрале. Ненад, пак, луто реагира на мислењето од Смиле кој смета дека хомосексуалците се ментално болни луѓе, па му порачува дека никој не може никого да натера да биде она што не сакаш и дека сите луѓе се креација Господова. Ненад исто така жали што нашата Македонија, како што пишува, се' уште живее во прастаро време, па има луѓе што мислат како Смиле. Интервјуто со министерот за здравство Тодоров е второ според бројот на коментарите од вас, почитувани. Златко од Битола кратко пишува: "Грицкам семки - трескам глупости ", а Тоше од Македонија смета дека овој министер е најголема катастрофа и дека прво направил триста глупости во образованието, а дека сега на ред дошло здравството. Владо, пак, од Скопје, мисли дека овие коментари се од редакцијата, и да не сме му ја потценувале интелигенцијата на овој, како што пишува напатен народ. Владимир Петровски, пак, го фали министерот Тодоров како единствена светла точка во Владата, плус-минус некој министер, како што пишува.
fineweb-2
Хеликоптер на НАТО се урнал во западниот дел на Авганистан, при што биле повредени двајца војници кои служат во американската воена коалиција. Нема други информации во врска со несреќата која се уште е под истрага. Исто така, НАТО соопшти дека нивен член бил убиен вчера за време на напад на бунтовниците во јужниот дел. Националноста на војникот се уште не се соопштува.
fineweb-2
Германија ќе размисли за позитивен одговор на барањето за помош на Ирска од Европската Унија и Меѓународниот монетарен фонд, што се очекува да изнесува 85 милијарди евра. Ова го изјави германската канцеларка Ангела Меркел денска во парламентот во Берлин. Таа додаде дека секоја помош е условена и дека Ирска мора да да направи соодветни чекори за стабилизација.
fineweb-2
Третата светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог ќе се одржува од 10-ти до 12 мај во Скопје, на тема "Слободата и достоинството – основни вредности во меѓучовечките, меѓурелигиските и меѓукултурните односи". Во рамки на програмата ќе бидат отворени темите: "Плуралистичките општества и религиската толеранција", "Да се живее заедно со почит кон различностите" и "Придонесот на медиумите за меѓурелигискиот и меѓукултурниот дијалог". Со Третата светска конференција ќе бидат одбележани три јубилеи на значајни настани: 1700 години од добивањето слобода на христијанството; 70 години од холокаустот на Евреите и 10 години од Самитот на шефови на држави од Југоисточна Европа "Дијалог меѓу цивилизациите" во рамките на УНЕСКО и Охридската порака за мир.
fineweb-2
На државите од Пактот за стабилност на југоисточна Европа западните бизнисмени и можни инвеститори недвосмислено им порачаа - ако сакате да привлечете странски инвестиции морате да се потрудите и да преземете одговорност за инвестиционата клима. На последниот состанок во Виена министрите за економија и надворешни работи од Македонија, Албанија, Бугарија, Југославија, Хрватска, Романија, Молдавија и Босна покажаа дека пораката ја сфаќаат сериозно. Тие потпишаа декларација во која се залагаат за борба против корупцијата, намалување на трговските и инвестициони бариери, поедноставување на бизнис – регулативата и воспоставување фер и транспаренти услови за работа. Сево ова откако Европската банка за Реконструкција и Развој конкретно укажа дека странските инвестиции дефинитивно ќе почнат да се намалуваат по првиот бран на приватизацијата. Ваквата проценка ја дава и првиот човек на пактот за стабилност Ерхард Бузек . Тој на министрите од осум земји на Пактот им рече дека меѓународниот бизнис ги третира земјите од југоисточна Европа во пакет и поради тоа тие треба така и да се однесуваат "Само со преземањето колективна одговорност за инвестиционата клима државите од Југоисточна Европа можат да обезбедат прилив на директни странски инвестиции кои се неопходни за економскиот развој. Една лоша приказна од регионот може да расипе десет добри." Оттаму и разговорите на министрите од земјите членки на Пактот за стабилност беа посветени на можноста за создавање слободна трговска зона. "Мислам дека треба да се движиме кон создавање слободна трговска зона, нешто како ЦЕФТА, во подготовка за европската интеграција и заедничкиот пазар." рече координаторот на Пактот за стабилност на југоисточна Европа Ерхард Бузек.
fineweb-2
Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано на денешните итни разговори со политичките лидери во обид да изнајдат решение по оставката на премиерот Романо Проди. Тој вчера објави дека си заминува од функцијата, бидејќи неговата централно десничарска влада не доби поддршка во Сенатот за нејзината надворешна политика, пред се за италијанското учество во операциите во Авганистан. Агенциите јавуваат дека Наполитано ќе побарал од Проди да продолжи да ја води владата доколку за тоа постои согласност кај коалиционите партии.
fineweb-2
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска ги обвини новинарите дека имаат голема улога во потикнувањето на економската криза во земјата. Големата економска криза во Белорусија доведе до девалвација на националната валута за 36 отсто, што ја зголеми и инфлацијата. Лукашенко рече дека новинарите креирале паника и дека ако треба ќе ги затвори границите и ќе го лимитира увозот ако кризата стане поголема.
fineweb-2
Пакистан денеска распореди дополнителни сили за безбедност во Карачи, откако преку ноќта беа убиени 13 луѓе во етничкото и политичкото насилство. Од понеделникот до денеска се убиени повеќе од 58 луѓе . Насилствата започна по убиството на локалниот политичар Раза Хајдер . Владиниот портпарол изјави дека се распоредени дополнителни безбедносни сили, но не соопшти колку.
fineweb-2
Опис Добредојдовте на видео разговор Walcha Запознајте се влага луѓе со планетата Земја. Бесплатно видео разговор Walcha во кој можете да го направите на следниве елементи: - Зборувај бесплатно со сите видови на луѓе. да се определи тоа мора да оди 'Settings'. - Разговарајте со камера во режим на "камера". - Имаат возбудлива иако ќе кликнете "Следно" за да го најдете некој интересен. - Да разговарате анонимно без микро и нема камера во режим на "текст". - Шпион други луѓе видео разговори анонимно, ако се е дозволено. - Благодарение на видео разговор Walcha може да се сретне смешно добри пријатели од целиот свет. - Ако не сакате да биде шпиониран промени тоа во "Settings". За да започнете притиснете го копчето "F2" или Кликнете на "Start"
fineweb-2
Мик Џегер стана татко по осми пат, на 73 години! Еден вработен во зоните ја чини државата 12.600 евра, а просечната плата е 260 евра МИ6: Закана за британскиот суверенитет од земји како Русија Три години затвор за поранешниот француски министер за буџет Жером Каузак Кирацовски: 4 месеци по школувањето секој млад човек ќе добие понуда за работа (ВИДЕО) Јаневиќ: Наместо иднина, ВМРО-ДПМНЕ ја погреба Република Македонија СДСМ: Груевски се исплаши и побегна и од закажаните соочувања на МТВ и на Телма Дизајнерите против режимот: Гласам против…диктатура, режим, корупција… Тренерот на Баерн Пеп Гвардиола изјави дека не знае дали и следната сезона ќе биде на кормилото на Баерн, но истотака истакна дека нема добиено понуда од друг клуб. - Јас сум тренер на Баерн и среќен сум тука. Немам донесено одлука за тоа каде би ја продолжил кариерата. Имам време да размислам, а ако се решам да го продожам договорот со Баерн тоа ќе биде по добра анализа бидејќи не сакам да бидам проблем за клубот. Немам добиено понуда од друг клуб, изјави Гвардиола. Пред неколку денови се појави информација дека на крајот од сезоната откако ќе му истече договорот со Баерн, Гвардиола ќе замине во Манчестер Сити. Како тренер на Баерн Гвардиола освои две титули во Бундес лигата, еден Куп на Германија, УЕФА Супер куп и Светско клупско првенство. Тие во првиот натпревар на ова натпреварување денеска во Јокохама го победија Оукленд од Нов Зеланд (шампион на Океанија) со 2:1. Пласман во следната фаза имаат обезбедено 13 екипи, што значи дека "слободни" се уште 11 места. Азиските земји ја поздравија идејата на првиот човек на Светската фудбалска федерација човекот, да се прошири Светското првенство со 48 репрезентации. На женското Европско ракометно првенство што се одржува во Шведска комплетирано е второто коло од групната фаза. Помошниот тренер на Металург Александар Јовиќ истакна дека македонскиот вицепрвак потфрли во последните пет минути.
fineweb-2
Поплаки и предлози Патникот своите поплаки, пофалби и предлози може да ги достави електронски на официјалната e-mail адреса или во писмена форма директно на раководителот на шалтерите. Потоа поплаката се доставува до соодветен сектор кој што треба да превземе соодветни мерки за да се разрешување на проблемот и да искомуницира со поднесителот на поплаката.
fineweb-2
Рускиот премиер Владимир Путин денеска телефонски ќе одговара на прашања од граѓаните, во рамките на неговото традиционално годишно обраќање. На ваквиот настан пред една година Путин одговори на седумдесетина прашања од жителите на Русија, кои главно се однесуваа на невработеноста и воените реформи. Минатогодишниот разговор на рускиот политичар со народот траеше повеќе од три часа.
fineweb-2
Кинескиот премиер Вен Џиабао изјави дека владиниот долг е "безбеден и може да се контролира". Тој дополни дека владата ќе обезбеди финансирање за клучни проекти и ќе избегнува кочење и зголемување на системските ризици. Премиерот исто така се заложи за "кршење на монополите" со учество на приватниот капитал во финансискиот сектор.
fineweb-2
Опозицијата сè уште ја држи во заложништво собраниската говорница. Опозициските пратеници тврдат дека во собранието има 20 специјалци кои се дојдени со намера да ги отстранат пратениците од говорница. Собраниските служби тврдат дека такво нешто нема, но околу собранието е очевидно големо присуство на специјални полициски единици. Собраниските редари се обидоа да ги избркаат и новинарите од галеријата за следење на седниците, но по негодувањето на опозициските пратеници, новинарите останаа да го следат настанот. Претходно, во меѓусебните турканици настрадаа и пратеничките од опозицијата, Весна Бендеска и Билјана Казанџиска, кои со итна помош се пренесени во Ургентниот центар. Од СДСМ велат дека повредите се добиени од обезбедувањето на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
fineweb-2
Централната банка на Бугарија соопшти дека има систематски обид за дестабилизација на земјата, преку напади врз банкарскиот систем. Банката преку соопштение вети дека ќе ги заштити заштедите на граѓаните. Минатата недела, централната банка ја презеде контролата на Корпоративна комерцијална банка (Corpbank) откако медиумите јавија дека банката која е и политички поврзана има сомнители бизниси Вчера и третиот по големина кредитор на земјата, Прва инвестициона банка, рече дека е под "невиден криминален напад." Во текот на 90-тите години од минатиот век, кризата во банкарскиот сектор во Бугарија однесе во стечај повеќе од десетина банки. Нападите на банките доаѓаат во време на политичка нестабилност што предизвика Стандард и Пурс да го намалат кредитниот рејтинг на Бугарија. На 27 јуни, лидерите на најголемите политички партии се договорија на 5 ноември да се одржат предвремени парламентарни избори.
fineweb-2
Во поранешниот нацистички концентрационен логор Аушвиц во Полска ќе се одржи церемонија за одбележување на 70 годишнината од ослободувањето на евреите кои се уште биле живи кога пристигнала советската Црвена армија. На церемонијата се очекува да присуствуваатнеколку стотици преживеани. Германскиот канцелар Ангела Меркел вчера во Берлин изјави дека Аушвиц е предупредување за она што луѓето можат да си го направат едни на други. Таа го искористи примерот со Аушвиц да предупреди и опасноста од неодамнешните протести против муслиманите во Германија. "Не сакаме да слушаме слогани со омраза против луѓе кои најдоа дом во Германија", рече Меркел.
fineweb-2
Ми упадна в очи написот во "Шпиц" за најавената акција за отстранување на графити од страна на општините, закажана за 21 ноември 2008 година, која ќе биде платена со пари на граѓаните од општинските буџети. При тоа како примери за графити се наведуваат оние неколку подуховити од Скопје, па дури се потенцира дека: Нов момент е што веќе не се испишуваат политички графити, а пред десетина години тоа било честа појава, што не било добро. Мојот впечаток е дека младешки графити се сепак малцинство и дека низ Скопје доминираат остатоци од политичките пораки од најразлични поранешни избори. Некои се сеуште читливи, а некои се дополнително вандализирани од спротивниот табор да не може да се прочитаат, при што буквите се направени како ишкртани коцки.Со оглед на тоа што таквите графити, како и плакатите, се форма на рекламирање, мислам дека општините може во голем број случаи да идентификуваат кој се рекламирал со нив, и да побараат отштета за отстранување од соодветните политички партии или политичари. Така ем ќе се заштедат пари од граѓаните, ем ќе се укаже дека нема привилегии за политичката елита, наспроти младите креативци.
fineweb-2
Европската комисија денеска се очекува да соопшти кои земји ќе можат да и се приклучат на Европската Унија во 2004-та година. Речиси сигурни се 10 држави – Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Полска, Словачка, Словенија, Кипар и Малта, а конечната одлука ќе биде донесена на самитот на Унијата во декември во Копенхаген.
fineweb-2
На Пелистер, на климатска рехабилитација заминаа 130 деца од Велес и дваесет од скопско Миладиновци. Седум дена, дишејќи го чистиот планински воздух, тие ќе ги ублажуваат здравствените последици од тридецениското загадување на Топилницата, односно рафинеријата Окта. Родителите ги испратија со надеж дека од таму ќе се вратат поздрави од кога било. Очекувам дека неговата здравствена состојба ќе биде подобрена. Претходно многу често заболуваше од респираторни заболувања, бронхити и слично. Се надевам дека во наредниот период овие појави ќе бидат поретки. "Очекувам дека неговата здравствена состојба ќе биде подобрена. Претходно многу често заболуваше од респираторни заболувања, бронхити и слично. Се надевам дека во наредниот период овие појави ќе бидат поретки." "На мојот син ова му е шеста година како оди на климатска рехабилитација. Има бронхијална асма. Скоро две години не сме биле во болница, инаку редовно по два пати годишно, болнички се лекувавме. Многу сме задоволни и затоа еве по шести пат оди со другарчињата, бидејки целата таа околина, и моликата и воздухот му одговараат", велат мајки чии деца имаат здравствени проблеми. Климатска рехабилитација за болните деца од Велес, како резултат на живот во загадена средина, се организира по девети пат. Лекарите кои ја следат здравствена состојба на заболените деца од бронхит, бронхопневмонии и астма, велат дека ова е еднинствен начин за зајакнување на имунитетот. "Кога ќе се заврши лекувањето на тие деца, потребна им е една природна бања како што е Пелистер и една рехабилитација која сега ја остваруваме", вели д-р. Зорица Ковачевска Гашева, педијатар. На чист воздух, годинава, во две смени од по седум дена, ќе престојуваат вкупно 300 болни деца. За нив ќе се грижи тим од лекари и воспитувачи. Покрај рехабилитацијата, децата таму ќе имаат можност да се дружат и забавуваат. "Летната климатска рехабилитација ќе се одвива седум дена што е навистина недоволно, но во интерес и во склоп на финансиската ситуација која ја има Министерството, се договоривме да не се намалуваат децата и да не се намалуваат деновите", рече Сашко Андреевски, претседател на Друштвото на родители за грижа за здраво поколение. Министерството за животна средина, за рехабилитацијата на децата, обезбеди еден милион денари. Ова е единствено обештетување кое државата им го плаќа на децата кои имаат здравствени последици како резултата на работењето на Топилницата. Иницијатор и организатор на рехабилитацијата е невладината организација Друштво на родители за здраво поколение.
fineweb-2
Германското министерство за надворешни работи денеска побара од Британија да одговори на новинскиот извештај дека британската амбасада во Берлин била користена како место за тајно прислушување. Во соопштението се наведува дека министерот Гидо Вестервеле го повикал британскиот амбасадор да ги објасни наводите објавени во весникот "Индепендент". Во текстот се прецизира дека на покривот на амбасадата имало инсталирано опрема за шпионирање. Амбасадата одби да ги коментира овие наводи.
fineweb-2
Line ХоризонтеWhatsChat | WhatsChat vs WhatsApp | WhatsChat vs Telegram | WhatsChat vs Line Line Хоризонте vs WhatsChat Хоризонте Големата разлика betwen Line Хоризонте и WhatsChat Хоризонте, е дека WhatsChat Хоризонте ви овозможува да разговарате со илјадници странци во близина на Вашата моментна локација, додека Line Хоризонте ви овозможува да разговарате со вашиот телефон контакти. Со нашиот стан, тоа е лесно да се дојде во контакт со странци и излегуваат заедно, излегувам за кафе или за она што сакате. WhatsChat Хоризонте има систем на Прецизни што ќе ги поврзува брзо со странец кој совршено би можело да биде многу блиску до вас. WhatsChat Хоризонте ви овозможува да изберете помеѓу текстуален режим или режим на камера (преку веб-страница). На овој начин ќе се доживее сите на посебните карактеристики на нашата апликација. Можете да пристапите нашите разговор апликација преку нашата веб страница или ако сакате од нашата мобилна апликација. Следниве покажува врската преку која можете да пристапите нашата апликација: |На веб-сајтот||Преку мобилен||Мулти-јазик||Разговор со контактите во телефонот||Разговор со странци||Прикажи луѓе блиски до вашата локација| |Line| |WhatsChat| List of cities in Хоризонте:Сите градови
fineweb-2
Поранешниот премиер на Украина, Виктор Јанукович, фаворит во вториот круг на претседателските избори одби да учетвува во телевизискаta дебата со неговиот ривал Јулија Тимошенко.Во неколку наврти Јанукович ги опишуваше предизборните ветувања на Тимошенко како " нечистотија и зло" и ја обвинуваше дека е " Марионета на мафијата" бидејќи била подржувана од моќните олигарси. Во првиот круг од гласањето Јанукович имаше 10 проценти повеќе од Тимошенко.
fineweb-2
Пачакамак е археолошки локалитети во Перу, кој се наоѓа околу 40 километри југоисточно од Лима во долината на реката Лурин. Локалитетот е всушност комплекс на храм на сонцето и останати зданија кои биле подигнати во периодот од 800 до 1450 година, односно до инвазијата на Тавантинсују. Во локалитетот има неколку неископани пирамиди и археолозите посочуваат дека има најмалку 17 пирамиди во комплексот и добар дел од нив се уништени од врменската непогода позната како Ел Нињо. Покрај пирамидите, во близина има и гробишта и фрески во боја кои прикажуваат риби и овие се од периодот пред Инките. Вариската култура исто така во периодот од 600 до 800 година придонела при изградбата на градот. Вариските елементи се гледаат во градбите, керамиката и текстилот. По падот на Вариската култура, Пачакамак продолжил да опстојува како религиозен центар, кога биле изградени денешните зачувани зданија. Пачакамак и околината биле организирани во политичката структура која се нарекува Ичма и оваа опстојувала до подемот на Тавантинсују. Пачакамак бил религиозен центар каде воглавно се славел богот Пача Камак. По подемот на Тавантинсују, градот и малата држава биле приклучени кон Империјата на Инките.
fineweb-2
Седма година по ред Скопскиот маратон му носи на градот ретка гордост што долго останува да пулсира на улиците Професионалци, рекреативци, љубители на спортот, хуманитарци со желба да истрчаат колку што ќе издржат. Повеќе од 300 маратонци, 1.000 полумаратонци и над 4.500 учесници во хуманитарната трка, од 47 држави, го почувствуваа топлиот скопски асфалт, прифаќајќи го предизвикот да бидат дел од јубилејниот десетти по ред Скопски маратон, годинава под името "Виз Ер Скопски маратон 2014". Неприкосновени на 42-километарската маратонска, и 21- километарската полумаратонска патека беа Кенијците Емануел Самал и Едвин Кембои во машка, и Луси Вамбуи Муриги од Кенија и Американката Сибила Маерс во женска конкуренција. Но скопскиот асфалт е многу повеќе од место каде се покажува кондицијата. Тоа е место за дружба, и за заедничка победа на животните предизвици. Токму тоа го докажа скопјанецот Борче Грозданов, кој со своето учество на Маратонот покажа дека физичките препреки се минорни, кога постои огромната волја и желбата која доаѓа од срцето. Со поддршка од неговото семејство, и од групата "Животот со предизвици", со помош на Даниел, човек со ретка болест се најде на скопскиот асфалт, минувајќи ја 5- километарската патека. За прв, но не и за последен пат, вели тој. "Чувството беше прекрасно, особено што надвладеа она чувство на припадност кон луѓе кои прават голема работа, масовно, а секој од нас сепак е посебна индивидуа. Уште една работа која ме привлече да го сторам ова за првпат, но не и последен, е да покажам дека посебните потреби никако не се, и не треба да бидат пречка. А исто така прекрасно беше да се биде дел од "Животот со предизвици", група која ја сочинуваат луѓе со ретки болести и нивните пријатели, поддржувачи на нивната борба со животните предизвици. Доказ дека успеавме да се анимираме се аплаузите и овациите со кои не следеа долж 5- километарската патека", раскажува Грозданов. Маратонското трчање не е спорт од кој човек може да се збогати. Барем, не финансиски. Но затоа, секоја истрчана патека е неизмерно духовно богатство, велат учесниците. Во таа смисла, Јовица Јованчев е исклучително богат човек. Тој е единствениот во Македонија кој не пропуштил ниту еден Скопски маратон досега, од неговото возобновување во 2007-та досега. Пo седум години занимавање со овој исклучително тежок спорт и повеќе од 30 завршени маратони, вели, "оваа година конечно научил како се трчаат маратони". Тој годинава го урна личниот рекорд. "Најважно е маратонецот пред се` добро да ја процени сопствената сила. Без разлика за колку време ќе ја истрчаш трката, најважно е да ја раздвоиш желбата за некој резултат од можностите", додава тој. "Во последните два месеци завршив три маратони и на сите го подобрував своето најдобро време", раскажува Јованчев на кој скопскиот маратон му е дел од пoдготовките за неговиот најголем предизвик во животот - трката "Ултра треил ду Мон Блан", во август, која се смета за неофицијално светско првенство во планинско трчање. Патеката долга 168 километри го обиколува планинскиот масив, минува низ три држави - Италија, Франција и Австрија, со искачување на надморска висина од 9.600 метри. Предизвикот е уште поголем за овој наш маратонец, кој ќе биде меѓу светската елита од 2.300 маратонци, бидејќи никој од Македонија досега не го запишал ова импресивно спортско достигнување во својата спортска биографија. А кога станува збор за издржливоста, морален победник на годинешниот Скопски маратон е велешанецот Зоран Димов, човекот кој пред неполна година беше предводник на ултрамаратонските трки. Но тогаш се соочи со една од најголемите трагедии за еден маратонец – настрада од мотроциклист. И, повторно, волјата ги надмина сите животни предизвици, па Димов годинава токму на Скопскиот маратон го направи својот огромен животен исчекор – мина 21- километар со помош на патерици. Скопскиот маратон е всушност убава градска приказна, каде на крајот секој е победник. Изминативе десет години, низ скопските улици минаа познати светски маратонци, годинава тоа беше Вилсон Кипсанг Кипротич, светскиот рекордер во маратонско трчање. Трчаа и актери, музичари, политичари, бизнисмени, стари и млади, во добра и не толку добра кондиција. Сите тие се гаранција дека скопските улици уште долго ќе пулсираат во чекорите на маратонците...
fineweb-2
Франциско Франко |неговата екселенција генералисимус дон Франциско Франко |Каудилјо на Шпанија шеф на државата |На должноста 1 април 1939 – 20 ноември 1975 |Претходник||Мануел Азана*| |Наследник||Александро Родригез де Валакарел**| |68 - ми премиер| |На должноста 30 јануари 1938 – 8 јуни 1973 |Потпретседател| |Претходник||Хуан Негрин| |Наследник||Луис Кареро Бланко| |Лични податоци| |Роден(а)||Франциско Франко Баамонде 4 декември 1892 Ферол, Галиција, Шпанија |Починал(а)||20 ноември 1975 (воз. 82 г.)| Мадрид, Шпанија |Почивалиште||Долина на паднатите |Националност||Шпанец| |Партија||Шпанска фаланга| |Сопружник||Кармен Поло| |Деца||Марија Дел Кармен| |Живеалиште||Ел Пардо, Мадрид| |Вероисповед||католик| |Потпис| |Воена служба| |Припадност||Шпанија| |Род||Шпански воени сили| |Траење||1907–1975| |Чин||началник на Генералштаб| |Заповеда со||генералисимус| |Битки/војни||Втора мароканска војна Шпанска граѓанска војна |*Како претседател ** Ја препуштил на Хуан Карлос I (крал на Шпанија) *** Формално како "водач на Владата на Шпанија" Франциско Франко Баамонде (шпански: Francisco Franco Bahamonde; 4 декември 1892 - 20 ноември 1975) — шпански диктатор и водач на националистичкиот воен бунт во Шпанската граѓанска војна, авторитарен водач на Шпанија, од октомври 1936 година па сè до неговата смрт во ноември 1975 година. Тој дошол на власт преку екстремната десничарска Шпанска фаланга, меѓутоа тоа било од пропагандни причини, тој не припаѓал на ниту една политичка партија пред да ја заземе власта во државата. Како водач на Шпанија, Франко ги користел титулите каудилјо и генералисимус, но исто така бил формално именуван како неговата екселенција и шеф на државата. Франко потекнувал од семејство со воена традиција, првично имал намера да се вклучи во шпанската морнарица, меѓутоа се вклучил во шпанските копнени сили. Учествувал во Втората мароканска војна и станал најмладиот генерал во Европа во 1926 година [1]. По враќањето во Шпанија го предводел задушувањето анархистичкиот штрајк во 1934 година, бранејќи ја конзервативната влада на Алкала-Замора. По формирањето на влада на Народниот фронт, составена од разни левичарски фракции, се зголемила нестабилноста. Насилството помеѓу милитантните групи нагло се зголемило со атентатот врз парламентарниот водач на конзервативците Хозе Калво Сотело, кој бил извршен како чин на одмазда за убиството на Жозе Кастиљо [2]. Франко и неговите приврзаници ја искористиле смртта на Калво како изговор за започнување на војна, иако тие веќе имале инициран план за воен бунт [3]. Франко и војската учествувале во државниот удар против владата на Народниот фронт. Меѓутоа државниот удар не успеал и прераснал во Шпанската граѓанска војна, во текот на која Франко успеал да се наметне како водач на националистите против владата на Народниот фронт. По победата во граѓанска војна, во која победил со помош на Фашистичка Италија и Третиот Рајх, тој го распуштил шпанскиот парламент и воспоставил десничарски авторитарен режим и бил де факто регент на номинално возобновеното Кралство Шпанија. Во текот на Втората светска војна, Франко водел официјално политиката на неутралност, делумно поради тоа што Шпанија не била закрепната од граѓанска војна. Сепак, тој го поддржал формирањето на шпанската волонтерска т.н. Сива дивизија која се борела на Источниот фронт како дел од силите на Оската против Советскиот Сојуз. Режимот на Франко бил мразен од кубанскиот водач Батиста кој предложил заедничка акција помеѓу латинските држави и Соединетите Американски Држави за соборување на Франко во Шпанија [4]. По војната, Франко успеал да ја задржи и зацврсти својата власт во Шпанија преку спроведување на строги мерки: систематско потиснување на дисидентските и опозициските ставови преку цензура и принуда [5][6], затворање на идеолошките противници во логори низ цела Шпанија [7], спроведувањето на принудна работа во затворите [8], и употребата на смртната казна и тешките затворски казни како методи за заплашување на неговите идеолошки непријатели [9]. За време на Студената војна, САД воспоставиле дипломатски и трговски сојуз со Шпанија, поради силната анти-комунистичката политика на Франко. Во почетокот на 60-те години, Франковиот режим почнал со спроведување на реформи во економијата. Со што започнало економското т.н. "шпанско чудо" кое траело до 1973 година. Овој економски развој се оценува како најпозитивно наследство на Франковиот режимот. Во овој период, Шпанија во голема мера го надминала приходот по жител што ги разликува развиените од неразвиените земји и поттикнал развојот на доминантната средна класа. Чудото било поттикнато од економските реформи спроведени од т.н. технократи поставени од Франко, кој започнале крупни јавни инвестиции за развој на инфраструктурата, по препорака на Меѓународниот монетарен фонд. Технократите биле нова сорта на економисти кои ги замениле старите од фалангистичкото движење кои биле склони кон изолационизам. Содржина - 1 Потекло - 2 Воена кариера - 3 Шпанска граѓанска војна - 4 Франко за време на Втората светска војна - 5 Шпанија под Франко - 6 Смртта и погребот на Франко - 7 Франковото наследство - 8 Предци - 9 Во популарните медиуми - 10 Извори - 11 Дополнителни информации - 12 Поврзано - 13 Надворешни врски Потекло[уреди | уреди извор] Франциско Франко е роден во 12 часот и 30 минути на 4 декември 1892 година во Ферол, во стариот дел на градот. На 17 декември бил крстен во црквата Св. Франсис под името Франциско Паулино Ерменегилдо Теодуло: - Франциско по неговиот дедо од таткова страна. - Паулино од неговиот кум, Ерменегилдо според неговата баба од мајчина страна. - Теодуло според светецот на чиј ден е роден. Неговиот татко Николас Франко Салгадо потекнувал од Андалузија, меѓутоа фамилијата се преселило во Галиција. Фамилијарната гранка од татковата страна имале долга традиција на служење во шпанската морнарица. Во текот на два века, шест генерации непрекинато биле назначувани за поморски офицери сè до таткото на Франко (22 ноември 1855 - 22 февруари 1942). Негова мајка била Марија дел Пилар Баамонде Пардо де Андараде (1865 - 28 февруари, 1934 година), а неговите родители се венчале во 1890 година. Младиот Франко го поминал своето детство со своите двајца браќа и две сестри: - Никола (Ферол, [PHONE], подоцна поморски офицер и дипломат, кој бил оженет со Марија Изабел Паскуал дел Побил Равело) - Рамон (кој бил шпански пионер во авијацијата и имал различни политички ставови од Франко) - Марија дел Пилар (Ферол, 1894 - Мадрид, 1989, подоцна сопруга на Алонсо Јараиз Херез) - Марија де ла Паз (Ферол, 1899 - Ферол, 1900) Воена кариера[уреди | уреди извор] Втора мароканска војна[уреди | уреди извор] Франко сакал да ја продолжи фамилијарната традици со приклучување во шпанската морнарица, но запишувањата во поморската академија биле затворени во периодот помеѓу 1906 и 1913 година. Франко решил да се приклучи во шпанската копнена војска, со што била прекината долгата традиција на неговата фамилија. Во 1907 година тој се запишал на пешадиската академија во Толедо, каде што дипломирал во 1910 година. Бил именуван за наредник. Две години подоцна ја добил комисијата за Мароко. Обидот на Франко за физичка окупација на новиот африкански протекторат довел до Втората мароканска војна (1909 - 1927 година) со месното населени. Тогашната воена тактика допринела за голем број на порази на шпанските офицери, но дале можност за лесно напредување во воената кариера. Се зборувало дека офицерите можат завршат во гроб или како генерали (la caja o la faja) Франко набргу стекнал репутација на способен офицер. Се придружил на т.н. регулареси, колонијални шпански сили, составени од месното население, под команда на шпански офицери кој делувале слично како СА во Германија. Во 1916 година, Франко имал 23 години и веќе бил капетан, но бил ранет во Ел Биутз. Неговото преживување допринело да си ја зацврсти репутација меѓу шпанските трупи како човек кој има голема среќа (baraka). Неуспешно бил предложен за највисоката шпанска награда за храброст, престижната Cruz Laureada de San Fernando, наместо тоа бил унапреден во мајор со што станал најмладиот заповедник на пешадијата во историјата на Шпанија. Во периодот помеѓу 1917 и 1920 година бил стациониран во внатрешноста на Шпанија. Во 1920 година харизматичниот Милан Астрај ја формирал Шпанската легија, а Франко бил именуван за негов заменик и се вратил во Африка. На 24 јули 1921 година слабо предводената и уморна шпанска војска претрпела пораз кај Ануал. Легијата симболично ја спасила шпанската енклава кај Мелил и тоа под раководство на Франко. Во 1923 година Франко бил поставен за водач на Шпанската легија. Истата година се оженил со Кармен Поло со која имал една ќерка Марија Дел Кармен која била родена во 1926 година [12]. Кум на неговата венчавка бил шпанскиот крал Алфонсо XIII, а овој факт подоцна му дал репутацијата на монархистички водач. Бил унапреден во полковник и како таков во 1925 година го предводел истоварувањето на шпанската војска кај Ал Хоцеим, центар на мароканските бунтовнички сили. Истоварувањето и француската инвазија од југ претставувале целосен пад на Рифската Република. За овој успех, во 1926 година Франко бил унапреден во генерал, а во 1928 година бил поставен за заповедник на новооснованата академија во Зарагоза. За време на Втората Шпанска Република[уреди | уреди извор] Франко и по падот на шпанската монархија во 1931 година, се држел до својот аполитизам (меѓутоа според некои извори, тој ја поддржувал десницата и нејзиниот водач Примо де Ривера, или во најмала рака имал слични погледи со нив за иднината на Шпанија). Во јуни воената академија била затворена од страна на шпанскиот воен министер Мануел Азане и тоа било повод за првиот негов судир со републиканците. Франко одржал говор пред кадетите, кој од страна на самиот министер бил оценет како навредувачки [13]. Следните шест месеци Франко останал без служба и бил надгледуван. На 25 февруари 1932 година, Франко бил поставен за командант на гарнизонот во градот Ла Коруња. Тој не учествувал во обидот за државен удар предводен од Хозе Санџурџо, дури и испратил писмо до Санџурџо во кое негодувал за таквото движење. Под влијание на воените реформи, во јануари 1933 година Франко бил поставен на 24 место на пописот на бригадирите. Истата година ја добил командата над Балеарските Острови, положба која била повисока од воениот чин. Во октомври 1933 година се одржале избори на кој победиле десничарите. На 5 јануари 1934 година избувнало револуционерно движење кое било насочено против десничарската влада. Центарот на востанието било во Астурија, а од таму за кратко време се проширило низ Шпанија. Франко, кој тогаш веќе бил генерал и наследник на воениот министер Хилдалго, бил поставен за командант на операцијата која имала за цел да го задуши востанието. Африканските единици, предводени од генералот Едуардо Лопез Очоа, требале да го извршат главниот удар. По две неделни тешки борби востанието било задушено. Востанието, сите случувања околу него, како и причините кои довеле до граѓанската војна до ден денес се тема на полемика (пример: Енрикез Марадиелос и Пиа Мое [14][15][16]), меѓутоа има општа согласност дека Астуријанското востание го засилил антагонизмот помеѓу Франко и Енрикез Марадиелос. Франко ја мобилизирал војската против востанието и се залагал за одбрана на Републиката и воопшто на постојниот поредок во државата и општеството. На 15 февруари, Франко бил поставен за заповедник на африканските единици, а на 19 мај 1935 година бил поставен за врховен командант на генералштабот, највисока воена положба во Шпанија. Општи избори од 1936 година[уреди | уреди извор] По корупцискиот скандал Страперло, паднала владата на централно-деничарската коалиција и биле закажани нови избори. Биле формирани две големи коалиции: Frente Popular (левичари) и te Frente Nacional (десничари). На 16 февруари 1936 година за победници биле прогласени левичарите, меѓутоа тие имале мала предност. Следниот ден настанала хаотична состојба. Франко започнал со лобирање за прогласување на државна криза, меѓутоа тоа не било прифатено, а левичарите дозволиле повторно да бидат преброени гласовите. На 23 февруари, Франко бил испратен на Канарските Острови каде командувал со мал број на луѓе. Во меѓувреме, заговорот кој бил предводен од Емилио Мола почнал да ги добива своите контури. Франко бил контактиран, но одбивал да учествува во него сè до средината на јули. На 23 јуни 1936 година, Франко испратил писмо до владата во кое понудил своја помош за смирување и воведување на ред во војската, но не добил одговор. Заговорниците одлучиле да се кренат востание со или без Франко (con Paquito o sin Paquito) како што истакнал Хозе Санџурџо, почесен водач на востанието. По неколку одложувања, било решено востанието да биде кренато на 18 јули. Откако било јасно дека ќе има пуч, Франко решил да им се придружи на заговорниците и ја добил командата над африканските сили. Приватниот авион на Франко - DH 89 долетал од Англија и на 11 јули го префрлил во Африка. Убиството на десничарскиот водач Хозе Калва Сотела од страна на владините полицајци го забрзале востанието. Еден ден пред одредената дата за започнување на пучот, африканската војска се побунила и одбила да ги извршува наредбите на своите офицери. На 18 јули, Франко објавил манифест [17], познат како Франков проглас за побуна, и се упатил кон Африка. Таму стигнал следниот ден и го презел командувањето. Една недела подоцна, бунтовниците кои уште тогаш биле именувани како националисти, контролирале третина од Шпанија, а поголемиот дел од морнарицата била под контрола на републиканците со што Франко бил изолиран во Африка. Пучот бил неуспешен, но започнала Шпанската граѓанска војна. Шпанска граѓанска војна[уреди | уреди извор] Шпанската граѓанска војна започнала во јули 1936 година и официјално завршила со победа на Франко во април 1939 година, оставајќи зад себе 190 000 [18] до 500 000 жртви [19]. И покрај договор за неинтервенирање од август 1936 година, во војната се вмешале странски држави, што довело до меѓународни реперкусии. Националистичката страна била поддржана од страна на Фашистичка Италија, која го испратила Корпусот на доброволечките трупи, а подоцна се вмешал и Третиот Рајх испраќајќи ја Легијата Кондор. Обединетото Кралство, Франција и Советскиот Сојуз ги поддржувале републиканците, а биле формирани и интернационални бригади кои се бореле на нивна страна. Првите месеци[уреди | уреди извор] Иако Франко немал финансиски средства, бидејќи државниот трезор се наоѓал во Мадрид во рацете на владата, постоело организирано економско лоби во Лондон кое се грижело за неговите финансиски потреби, а Франко можел да смета и на своите соработници во странство. Во првите денови на востанието се воделе силни борби за освојување на контролата над протекторатот. Франко успеал од една страна да го придобие населението и нивните номинални водачи, а од друга страна успеал да ја наметне својата контрола на воените сили во Африка. Франко започнал да се пресметува со офицерите кои биле лојални на Републиката, при што биле ликвидирани 200 офицери, а меѓу нив се нашол и еден близок роднина на Франко [20]. Откако успеал да се наметне во Шпанско Мароко се наметнало прашањето за префрлување на неговите сили од Африка на Пиринејскиот Полуостров. Шпанската флота била под контрола на Републиката и бил блокиран Гибралтарскиот Проток. Наоѓајќи се во тешка положба, Франко започнал да бара сојузници. Побарал помош од Бенито Мусолини и од него успеал безусловно да издејствува оружје и авиони. Во меѓувреме, адмиралот Канарис успеал да го убеди Адолф Хитлер да даде потпора за националистите. Од 20 јули, Франко бил во состојба, благодарение на 22 - та германски Јункери Ју 52, да создаде воздушен мост до Севиља, каде неговите сили помогнале во освојувањето на градот. Амбасадорите започнале силна дипломатска агитација во Обединето Кралство, Кралството Италија и Третиот Рајх, со цел добивање на воена помош, пред сè авиони. Преговорите биле успешни, а дипломатите успеале да издејствуваат воена помош од Кралството Италија и Третиот Рајх. На 2 август, италијанските и германските авиони започнале да слетуваат во Тетуан, а на 5 август, Франко успеал да ја пробие блокадата и да постави конвој на бродови со околу 2 000 војници. Во почетокот на август, состојбата во Андалузија била доволно стабилна за Франко да организира воена колона, од околу 15 000 војници под команда на Хуан Јагуеа, која промарширала низ Екстремадура и стигнал сè до Мадрид. На 11 август била освоена Мерида, а на 15 август - Бадајоз. Мусолини им наредил на италијанските волонтерски сили, околу 12 000 Италијанци, да тргнат кон Севиља, а Хитлер испратил посебна единица на Луфтвафе (2ЈГ/88) со 24 авиони. Сите тие авиони ги носеле симболите на шпанските националисти, а биле управувани од германски и италијански пилоти. На 21 септември, Франко и командантот на воената колона во Макведа, околу 80 км од Мадрид, организирале заобиколување со цел освојување на гарнизонот во Толедо, а успеале во тоа на 27 септември. Овој воен потег на Франко е оценет како контроверзен, кој им овозможил на републиканците да ја зацврстат одбраната околу Мадрид и да го задржат градот таа година. Издигнување[уреди | уреди извор] На 20 јули, водачот на востанието Хозе Санџурџо загинал во авионска несреќа, а неговата смрт влијаела врз понатамошните настани. Политичкиот живот на територијата која била под контрола на националистите, замрел [21]. Моќта се наоѓала во рацете на војните раководители: Емилио Мола бил север, Гонзало Гуеипо де Лијано во Севиља од каде ја контролирал Андалузија, Франко имал независна команда и Мигел Кабанелас во Зарагоза од каде го контролирал Арагон. На 24 јули била формирана воена хунта со центар во Бургос, на чело со најстариот и најискусниот генерал Кабалеса [22]. Во најтесното раководство биле Мола и уште 3 генерали и 2 полковници, а Франко влегол во август [23]. На 21 септември, била донесена одлука Франко да биде поставен за врховен командант (на овој облик на заедничко командување се спротивставувал само Кабанелас [24]), а на 28 септември Франко бил поставен за шеф на владата [25]. Мола сметал дека Франко е неподобен, но самиот тој бил дискредитиран како главен организатор на неуспешниот пуч кој се претворил во граѓанска војна. Од друга страна, Мола бил идентификуван повеќе со карлистите, отколку со фалангистите, а бил и во лоши односи со Германците. Де Лијано и Кабанелас имале слаби позиции во некои од националистичките кругови, бидејќи во минатото се произнеле против диктатурата на Мигел Прима де Ривера. Самиот Ривера, водачот на фалангистите, бил затворен во Мадрид, а по неколку месеци бил ликвидиран. Франко кој бил оддалечен од политиката и имал малку активни непријатели, неговата соработката со Италија и Третиот Рајх [26] дополнително му ја зацврстиле позицијата. На 1 октомври 1936 година, Франко јавно бил прогласен за генералисимус и Jefe del Estado (водач на државата) [27]. Мола бил против таа одлука, а Канабелас интервенирал за да ги смири страстите. Една година подоцна, позицијата на Франко се засилила уште повеќе, имено на 2 јуни 1937 година во авионска несреќа загинал Мола. Сите водачи кои го организирале заговорот против Републиката исчезнале во периодот помеѓу 1933 и 1935 година [28]. Има претпоставка дека зад смртта на Мола, стоела тајната служба на Третиот Рајх. Воена команда[уреди | уреди извор] По преземањето на врховната воена команда, Франко лично ги раководел сите воени операции до крајот на војната. По неуспешниот напад врз Мадрид во ноември 1936 година, Франко презел друга тактика за победување во војната. Неговиот пристап за олеснување на гарнизонот во Толедо, бил тема на многу дебати, како и голем други одлуки во тој период. Некои од неговите одлуки, како и онаа од јуни 1938 година, кога тргнал кон Валенсија , а не кон Каталонија, и денес се контроверзни. Франко откако не добил помош од европските демократски држави, побарал и добил дополнителен воен ангажман од Третиот Рајх, во облик на Легијата Кондор. Оваа воена помош вклучувала воени службеници, инструктори и околу 91 000 Германци и 91 000 Италијанци. Овие сили му помагале на Франко во текот на целата војна. Италијанската воена помош бил во форма на Corpo Truppe Volontarie, а италијанските трупи учествувале во сите поголеми воени операции, CTV доминирал во воздушниот простор во текот на целата војна. Покрај помошта на Италија и Третиот Рајх, Франко успеал да издејствува и околу 20 000 војници од страна на португалскиот диктатор Антонијо де Оливиера Салазар. Германските и Италијанските сили учествувале до крајот на Шпанската граѓанска војна, а парадирале и на денот на освојувањето на Мадрид. Франко изјавил дека ќе ја освои престолнината на Шпанија за три месеци, меѓутоа му требале три години. Политичка команда[уреди | уреди извор] Франко успеал да ги обедини идеолошки некомпатабилните партии - фалангата и карлистите под своја власт. Оваа политичка формација ги смирила екстремните и германофилски фалангисти мешајќи ги со антигерманските и промонархистички карлисти. Зетот на Франко, Рамон Серано Сунер бил негов главен политички советник, вешт политичар и тактичар, успешно манипулирал со оделните десничарски партии, ги насочувал едни против други за да ја зацврсти позицијатa на Франко. Во еден момент успеал да ги отстрани Мануел Хадило - водач на фалангистите и Мануел Фал Конду - водач на карлистите, со што Франко станал неприкосновен авторитет сред десничарските и националистичките кругови во Шпанија. За да ја зацврсти својата позиција, Франко спроведувал терор. Од почетокот на 1937 година, секоја смртна казна која требало да биде спроведена, морала да биде одобрена или потпишана лично од Франко, меѓутоа има мислења дека за голем број од убиствата Франко не бил запознаен. Од почетокот на востанието, генералите на хунтата спроведувале систематски терор за да го скршат отпорот. Ликвидациите кои биле спроведувани во текот на граѓанската војна, продолжиле и по победата на Франко. Бројот на жртвите се движи околу 15 000 до 27 000 души. Крајот на Граѓанската војна[уреди | уреди извор] На 4 март 1939 година било кренато востание во републиканскиот камп, кое имало за цел да го спречи наводното востание на комунистите кое било планирано од Хуан Негрин. Востанието било предводено од Сегисмунд Касада и Јулијан Бастеира, бунтовниците успеале да го освојат Мадрид и се обиделе да постигнат договор со Франко, меѓутоа тој не прифаќал ништо друго освен безусловна капитулација. Попуштиле под Франковиот притисок и на 27 март 1939 година, Франко го окупирал Мадрид со што официјално паднала Републиката. Истиот тој ден, Франко го положил својот меч на олтар во црква и дал заклетва дека тој меч повеќе никогаш нема да го употреби освен ако Шпанија не се најде во опасност, заклетвата ја одржал до крајот на својот живот. Франко за време на Втората светска војна[уреди | уреди извор] Во септември 1939 година започнала Втората светска војна во Европа. Во градот Андеј - Франција, на 23 октомври 1940 година Франко имал средба со Адолф Хитлер. Германскиот водач побарал Шпанија да земе учество во војната на страна на Оската, а меѓу останатото било дискутирано за воената опрема, Гибралтар, француската Северна Африка и слично. И покрај инсистирањето на Хитлер, не бил постигнат договор[29]. Шпанија под раководство на Франко останала неутрална во војната, меѓутоа помошта на Хитлер и Мусолини во текот на граѓанската војна, како и силното германофилско и фашистичко расположение кое владеело меѓу шпанските десничари, допринеле Франко да понуди различни видови на помош за Третиот Рајх и Италија. Тој дозволил да се формира т.н. Сина дивизија, составена од шпански доброволци кои се бореле на страната на Германците на Источниот фронт против силите на СССР, меѓутоа не дозволил Шпанците да се борат против западноевропските држави. Франко не се согласувал со нацистичкиот мистицизам и неговите обиди за манипулација со христијанството, тоа било спротивно од тенденцијата на Франко за одбрана на христијанството и католицизмот [30]. По капитулацијата на Франција во јуни 1940 година, Шпанија прифатила една прооскина политика, на пример: шпанска посада на германските бродови. Франко исто така размислувал за освојување на Гибралтар со што би се пресекол пристапот кон Средоземното Море за Сојузниците [29], меѓутоа не дошло до спроведување на планот, бидејќи тоа значело директно учество на Шпанија во војната и отворање можност за Британците, односно освојување на Канарските острови и Шпанско Мароко од нивна страна [29][31]. Според еден неодамна откриен документ од Втората светска војна, додека Франко преговарал со силите на Оската, им наредил на своите провинциски гувернери да состават список на Евреи. Франко му обезбедил на Хајнрих Химлер листа од 6 000 Евреи кои требало да влезат во нацистичкото конечно решение. Меѓутоа Франко не спровел систематска ликвидација на Евреите во Шпанија, ниту пак испратил Евреи во Третиот Рајх [32]. На 14 јуни 1940 година, на шпанските сили го окупирале градот Тангер (кој бил под управа на Лигата на народите) и го држеле сè до 1945 година. Шпанија под Франко[уреди | уреди извор] Франкова Шпанија[уреди | уреди извор] Во февруари 1945 година, два месеци пред официјално да заврши Втората светска војна, власта на Франко била призната од страна на Велика Британија и Франција. Неговата официјална титула била Su Excelencia el Jefe de Estado (неговата екселенција водач на државата), во државните и службените документи титулата му била запишана како Caudillo de España (водач на Шпанија) или el Generalísimo. Во текот на своето владеење бил титулиран и како el Caudillo de la Última Cruzada y de la Hispanidad (водач на последниот Крстоносен поход во Хиспанскиот свет) и el Caudillo de la Guerra de Liberación contra el Comunismo y sus Cómplices (водач на војната за ослободување од комунизмот и неговите колаборатори). Во 1947 година, Франко ја прогласил Шпанија за монархија, но не назначил монарх. Овој гест бил направен во голема мера за да се смири Националното движење (карлистите и алфонистите кои се залагале за обнова на монархијата). Иако била прогласена монархија, Франко немал желба да се прогласи за крал, ниту пак да дозволи со Шпанија да владее монарх. Франко го оставил шпанскиот престол празен, а истовремено се прогласил за кралски регент. Тој ја носел униформата на генерал-капетан (ранг традиционално резервиран за кралот) и живеел во палата Ел Пардо. Ја прифатил кралската привилегија да оди по балкадин, а неговиот портрет се појавувал речиси на сите шпански монети. Иако неговите службени титули биле Jefe del Estado и Generalísimo de los Ejércitos Españoles (генералисимус на шпанската војска), тој сакал владата која ќе го наследи да биде поавторитарна отколку претходната монархија и затоа Франко ја користел титулата по милост божја (на латински: Dei gratia), која во минатото била карактеристична само за кралевите т.е. божјото право на монарсите. Франко првично барал поддршка од разни политички групи. Најпрво власта ја приграбил со помош на фашистичката фаланга, меѓутоа по поразот на силите на Оската во Втората светска војна се дистанцирал од неа. Франковата администрација ја маргинализирала фашистичката идеологија во корист на технократите, од кои многумина биле поврзани со Опус Деи, кој ја промовирале економската модернизација на Франко [33]. Иако неговото владеење имало некои елементи на фашизмот, неговата власт не се дефинира како фашистичка. Главната разлика се гледа во тоа што фашизмот се стреми да го трансформира општеството и да воведе нови вредности, нов вредносен систем, додека пак Франковиот режим се залагал за конзервирање на постојните општествени норми и вредности во Шпанија [34][35][36][37][38]. И покрај различните погледи за режимот на Франко за тоа на која идеологија тој ѝ припаѓал, сепак преовладува една согласност дека неговиот режим потполно се залагал за отфрлање на комунизмот, социјализмот и анархизмот. По завршувањето на Втората светска војна, Шпанија се наоѓала во тешка положба поради уништената економија и меѓународната изолација. Меѓународната позиција била подобрена поради стратешката положба на Шпанија во екот на Студената војна, Соединетите Американски Држави склучиле трговски и воен сојуз со Франко. Историскиот сојуз започнал со посетата на американскиот претседател Двајт Ајзенхауер во 1953 година, што резултирала со создавањето на Пактот од Мадрид, а Шпанија во 1955 година била примена во Обединетите нации. Во 1952 година, синдикатот од Далас, Тексас, вклучувајќи ги и Џек Крајтон, Еверет Ли Деголјер и Клинт Муршисон побарале права за дупчење на нафта во Шпанија. Операцијата била управувана од страна на компанијата Delta Drilling [39]. Политичко угнетување[уреди | уреди извор] |* Личниот грб на Франко како шеф на државата. * Кралскиот грб на Кастилија, користен од Франко. * Победник, друг амблем користен од страна на Франко. Првата деценија на владеењето на Франко била исполнета со континуирано угнетување и убиства на неодреден број на политичките противници. Проценката е контроверзна, но бројот на лица убиени најверојатно е помеѓу 15 000 и 50 000 луѓе. Постепено Франковиот режим станувал сè помалку насилен, меѓутоа за време на неговото владеење невладините синдикати и сите политички противници: комунистичките и анархистичките организации, либералните демократи, баскиските и каталонските националисти биле потиснати или контролирани со сите можни средства, вклучително и полициска репресија. Единствен легален трговски сојуз за време на неговиот режим бил Sindicato Vertical. Франко промовирал унитарен национален идентитет и била сузбивана секаква културна различност во Шпанија. Коридата и фламенкото биле промовирани како шпански национални традиции, додека оние традиции кои не биле сметани за шпански биле потиснати. Франковите погледи за шпанската традиција биле помалку вештачки и произволни: додека некои регионални традиции биле потиснати, фламенкото и андалузиската традиција, се сметале за дел од еден поголем, дел од националниот идентитет. Сите културни активности биле цензурирани, а многу, како на пример сарданата, националниот танц од Каталонија, биле забранети. Оваа културна политика била олабавена кон крајот на 60-те и почетокот на 70-те години на 20 век. Користењето на другите јазици, освен шпанскиот односно кастилијанскиот, биле забранети (особено каталонскиот, галицискиот и баскискиот јазик). Јазичната политика на Франковиот режим налагала сите документи и договори да бидат објавени на шпански јазик, а сите други документи кој би биле објавени на друг јазик немале правна основа. Користењето на другите јазици било забранети и во училиштата, јавните плакати и постери. И покрај забраните, народот продолжил да говори на другите јазици. Римокатоличката црква била прифатена како црква на шпанската држава и привилегиите кои ги изгубила за време на републиката ѝ биле вратени. Државните службеници морале да биде католици, а за некои официјални работни места се барала потврда за добро однесување од страна на свештениците. Граѓански бракови кои биле склучени за време на Шпанската Република биле прогласени за ништовни и неважечки ако не се потврдени од страна на католичката црква. Разводот, контрацептивните средства и абортусот биле забранети. Во 1954 година бил донесен закон со кој хомосексуалноста, педофилијата и проституцијата биле прогласени за криминал, меѓутоа овој закон не бил секогаш применуван [40]. Шпанска колонијална империја и деколонизација[уреди | уреди извор] Франковиот режим се обидел да ја задржи контролата над Шпанското колонијално царство и поддржувал политика на колонијализам. Во текот на Алжирската војна ([PHONE]), Мадрид стана база на Организацијата на Тајната армија составена од десничарски француски офицери и војници кои се залагале за зачувување на француски Алжир. Меѓутоа, Франко бил принуден да направи отстапки. Кога француско Мароко станало независна држава во 1956 година, тој го предал шпанско Мароко на Мухамед V, задржувајќи само неколку енклави. Година дена подоцна, Мохамед V ја нападнал шпанска Сахара во текот на Заборавената војна. Во 1968 година, Франко под притисок на Обединетите нации ѝ дал независност на Екваторијална Гвинеја, а следната година му ја вратил покраината Ифни на Мароко. Франковиот режим започнал кампања за добивање на Гибралтар од страна на Обединето Кралство, откако тоа не било постигнато во 1969 година границата кон Гибралтар била затворена сè до 1985 година. Шпанско економско чудо[уреди | уреди извор] Граѓанската војна ја опустошила шпанската економија. Инфраструктура била сериозно уништена, голем дел од квалификуваните работниците загинале или ја напуштиле Шпанија, а развојот на бизнисот бил сериозно попречен. Една деценија по победата на Франко во Граѓанската војна, економијата бавно се развивала. Во почетокот Франковиот режим спроведувал политика на автаркија, отсекувајќи ја шпанската економија од меѓународната трговија. Оваа политика имала катастрофални последици, економијата стагнирала, а црниот пазар процутел. Таквата состојба допринела Франковиот режим да започне една нова економска политика, условена од можен банкрот, како и притисокот на Соединетите Американски Држави, Меѓународниот монетарен фонд и технократите од Опус Деи за послободна пазарна економија. Многумина од старата гарда кои биле задолжени за економијата биле заменети од страна на технократите и покрај првичното противење на Франко. Од средината на 60-те годин на 20 век се започнало со скромна економска активност и мали економски реформи. Меѓутоа кога старите министри биле заменети од Франко со аполитички технократи, режимот започнал да спроведува развојна економска политика со длабоки економски реформи. По еден период на рецесија, во 1959 година започнал период на економски развој кој траел сè до 1974 година, познат како Шпанско економско чудо. Во текот на 60-те година, Шпанија доживеала понатамошно зголемување на богатство. Меѓународните компании отворале фабрики во Шпанија, под влијание на ниските плати и даноци, забраната на штрајковите и заштитата на државата за странскиот капитал. Фирмите во државна сопственост, кака СЕАТ, Пегасо и ИНХ масовно го прошириле производството. Шпанија станала нов масовен пазар. Шпанија станала втората најбрзорастечка економија во светот во периодот помеѓу 1959 и 1973 година, веднаш зад Јапонија. Региони[уреди | уреди извор] Франко не вовел никаква форма на административна или законска децентрализација, се залагал за зачувување на целосната централизација воспоставена од Бурбоните и генералот Мигел Примо де Ривера. Таквиот систем бил заснован врз начелата на француската централизирана држава. Главен недостаток на овој вид на управување е добра волја на регионалните претставници на владата отколку регионалните потреби. Нееднаквостите во образованието, здравствената заштита или транспортните врски во регионите допринеле за нееднаков економски раст помеѓу регионите, од една страна биле богатите Мадрид, Каталонија и Баскија, а од друга страна сиромашните Екстремадура, Галиција и Андалузија. Некои региони, како Екстремадура, немале универзитети. Регионите Баскија и Каталонија биле меѓу оние кои му го дале најсилниот отпор на Франко во текот на граѓанската војна. Франко ја поништил автономијата на овие два региони, кои ја добиле за време на Втората Шпанска Република, како и на Галиција. Франко ги укинал вековните фискални привилегии и автономијата во две од трите баскиски провинции: Гуиппузкоа и Бискеј, но ја зачувал за Алава која застанала на страната на националистите во граѓанска војна. Областа Навара, во која доминантен бил баскискиот јазик, во текот на граѓанската војна била на страна на Франко, оттука Навара останала посебна област од Баскија и Франко ја потврдил фискалната привилегија и автономија т.н. Fuero General de Navarra. Смртта и погребот на Франко[уреди | уреди извор] Во 1969 година, Франко му доделил нова титула на Хуан Карлос, кои бил школуван од него во Шпанија, принц на Шпанија со што очигледно го поставил за свој наследник. Ова било изненадување за карлистичкиот претендент за шпанскиот престол, таткото на Хуан Карлос, дон Хуан - грофот на Барселона, кој имал првенствено право на тронот. До 1973 година, Франко се откажал од должноста премиер, а се декларирал како шеф на државата и врховен командант на војската. Во неговите последни години од владеењето со Шпанија, дошло до засилување на тензијата помеѓу различните фракции во Националното движење, кои започнале борба за превласт. На 19 јули 1974 година, поради тоа што остарениот Франко имал различни здравствени проблеми, Хуан Карлос бил именуван за вршител на должноста - шеф на државата. Франко наскоро закрепна и на 2 септември ги продолжил своите обврски како шеф на државата, но една година подоцна, неговата здравствена состојба се влошила, вклучувајќи ја и долга борба со Паркинсоновата болест. На 30 октомври 1975 година, Франко паднал во кома и бил ставен на апарати за одржување на виталните функции. Франко умрел по полноќ на 20 ноември 1975 година, на 82-годишна возраст. Шпанскиот крал Хуан Карлос I решил да го закопа во Долина на паднатите, колосален споменик во чест на сите паднати во текот на Шпанската граѓанска војна. Споменикот бил дизајниран по наредба на Франко и имал јасен националистички тон. На неговиот погреб присуствувале чилеанскиот диктатор Аугусто Пиноче и боливискиот диктатор Хуго Банзер. Франковото наследство[уреди | уреди извор] Најсигурниот Франков наследник, Луис Кареро Бланко бил убиен во 1973 година во терористички напад на ЕТА. По смртта на Бланко, наследник на Франковата титула бил шпанскиот крал Хуан Карлос I. Иако тој ги имал симпатиите на Франко, сепак Хуан Карлос I имал либерални и поинакви погледи за иднината на Шпанија. Хуан Карлос I наместо да ја продолжи политиката на Франко, по доаѓањето на власт започнал да ја обновува демократијата и одржал демократски избори во 15 јуни 1977 година, а исто така помогнал во задушувањето на воениот пуч од 1981 година. Од страна на Доминик Гомез (самопрогласен папа под името Григур XVII) од Палмаријанската католичка црква (десничарска католичка црква), Франциско Франко бил прогласен за светец, но неговата канонизација не била призната од Римокатоличката црква Во 2005 година, социјалистичката влада започнала процес за откривање на масовните гробници на Франковиот режим. Денес постои официјално признавање за сторени злосторства од страна на Франковиот режим во текот на Шпанската граѓанска војна. Некои Франкови споменици и симболи на неговиот режим се отстранети. Европската Унија започнала со преземање на чекори за нова резолуција и поправка на историските погледи за Франко [42]. Во Германија, легијата која била именувана по Вернер Молдерс, била преименувана бидејќи тој ја предводел ескадрилата која ја бомбардирала Герника. Контроверзиите околу Франко, продолжуваат и денес. ББС во 2006 година објавил новинска вест за еден Полјак кој се воодушевувал на Франковата статуа и говорел дека Франко е спасител на светот [43]. Истата година бил донесен закон со кој се овозможува ексхумација на масовните гробници, отштета за жртвите на војната и Франковиот режим и давање на шпанско државјанство на припадниците на интернационалнте бригади. Меѓу другото, се водат дискусии за семејното богатство на Франко (вклучувајќи многу недвижен имот наследен од Франко, како што се Pazo de Meirás, Canto del Pico или Палатата Cornide во Коруња). Се проценува дека семејството на Франко поседува од 350 000 000 до 600 000 000 евра. Кога Франко бил болен, Кортезите изгласале пензија за неговата сопруга, Кармен Поло. Во времето на нејзината смрт во 1988 година, Кармен Поло добивала повеќе од 12,5 милиони пезети (четири милиони повеќе од Фелипе Гонзалес, тогашниот шеф на владата). Предци[уреди | уреди извор] Во популарните медиуми[уреди | уреди извор] - Espíritu de una Raza - Franco, ese hombre - Espérame en el cielo - ¡Buen Viaje, Excelencia! - 20-N: Los ultimos dias de Franco - MadreGilda Извори[уреди | уреди извор] - "Francisco Franco". Spartacus.Schoolnet.co.uk. http://www.spartacus.schoolnet.co.uk/2WWfranco.htm. конс. 2 декември 2009 г. - Beevor, Anthony. The Spanish Civil War. London: Penguin, 1982. p 49. - Beevor, Anthony. The Spanish Civil War. London: Penguin, 1982. p 51. - "Batista's Boost", Time, January 18, 1943. Retrieved March 2, 2010. - Sinova, J. La censura de prensa durante el franquismo/ The Media Censorship During Franco Regime. Random House Mondadori. ISBN 84-8346-134-X. - Lázaro, A. James Joyce's encounters with Spanish censorship, 1939–1966. Joyce Studies Annual, 1 Jan 2001. - Rodrigo, J. Cautivos: Campos de concentración en la España franquista, 1936–1947, Editorial Crítica. - Gastón Aguas, J. M. & Mendiola Gonzalo, F. (eds.) "Los trabajos forzados en la dictadura franquista: Bortxazko lanak diktadura frankistan." - Duva, J. Octavio Alberola, jefe de los libertarios ajusticiados en 1963, regresa a España para defender su inocencia Diario El País, 9 November 1998 - Spiegel Online International "Landmark Law Condemns Dictatorship." 11 January 2007 [1] - Vidal y de Barnola, Luis Alfonso. Ortegal genealogy. - Carmen Franco y Polo, 1. grofica Franco na thePeerage.com. - Discurso de Franco a los cadetes de la academia militar de Zaragoza (španjolski) - Revolución de 1934 (španjolski) - Sobre la imparcialidad del historiador y otras cuestiones de teoría de la Historia (španjolski) - Polémicas en El Catoblepas (španjolski) - Manifesto de las palmas (španjolski) - Santos Juliá, coord. Víctimas de la guerra civil, Madrid, 1999, ISBN 84-8460-333-4 - "Spanish Civil War". Enyclopædia Britannica. Concise.britannica.com. http://concise.britannica.com/ebc/article-[PHONE]/Spanish-Civil-War. конс. 2 март 2010 г. - La Memoria de los Nuestros (španjolski) - Hugh Thomas, Španjolski građanski rat, 1977., New York: Harper & Row. ISBN 0-06-014278-2. str. 258 - Thomas piše, "radije ga pacificirati, nego ga uzdignuti." op. cit., str. 282. - Thomas, op. cit., str. 282. - Thomas, op. cit., str. 421. - Thomas, op. cit., str. 356. - Thomas, op. cit., str. 420–422. - Thomas, op. cit., str. 424. - Thomas, op. cit., str. 689–690. - The Goebbels Diaries, ed. Louis P. Lochner (London: Hamish Hamilton, 1948), 25 Oct. 1940, стр. 153. - Meyers, William P.. "Pius XI and the Rise of General Franco". III Publishing. http://www.iiipublishing.com/religion/catholic/popes/pius_xi_franco.html. - Sager, Murray (јули 2009). "Franco, Hitler & the play for Gibraltar: how the Spanish held firm on the Rock". Esprit de Corps. архивирано од оригиналот на 8 јули 2012. http://archive.is/1ynt. - Aderet, Ofer. "World War II document reveals: General Franco handed Nazis list of Spanish Jews." Haaretz News Agency. 22 June 2010 - "The Franco Years: Policies, Programs, and Growing Popular Unrest". A Country Study: Spain. Library of Congress Country Studies. http://lcweb2.loc.gov/frd/cs/estoc.html#es0034. - Laqueur, Walter Fascism: Past, Present, Future p. 13 1996 Oxford University Press] - De Menses, Filipe Ribeiro Franco and the Spanish Civil War, p. 87, Routledge - Gilmour, David, The Transformation of Spain: From Franco to the Constitutional Monarchy, p. 7 1985 Quartet Books - Payne, Stanley Fascism in Spain, 1923–1977, p. [PHONE] Univ. of Wisconsin Press - Payne, Stanley Fascism in Spain, 1923–1977, p. 347, [PHONE] Univ. of Wisconsin Press - "Jack Alston Crichton". spartacus.schoolnet.co. http://www.spartacus.schoolnet.co.uk/MDcrichton.htm. конс. 8 април 2010 г. - [2] - El coche como símbolo del declive http://www.abc.es/hemeroteca/historico-14-11-2008/abc/Opinion/el-coche-como-simbolo-del-declive_911233353595.html - Von Martyna Czarnowska, Almunia, Joaquin: EU komisija (4): Skok od pola godine, Weiner Zeitung, 17 февруари 2005. - Europe diary: Franco and Finland, BBC, 6 јули 2006. Дополнителни информации[уреди | уреди извор] - Blinkhorn, Martin (1988). Democracy and civil war in Spain 1931–1939. Routledge. ISBN [PHONE]. - Carroll, Warren H (2004). The Last Crusade: Spain 1936. Christendom Press. ISBN [PHONE]. - Payne, Stanley G (2000). The Phoenix: Franco Regime 1936–1975. Phoenix Press. ISBN [PHONE]. - Preston, Paul (1994). Franco: A Biography. Basic Books. ISBN [PHONE]. Поврзано[уреди | уреди извор] Надворешни врски[уреди | уреди извор] |"| - Национална фондација "Франциско Франко" - Дела од или за Франциско Франко во разни библиотеки (каталог WorldCat) (англиски) |Статијата "Франциско Франко" е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).|
fineweb-2
Како средношколец во Тетово, сега веќе 20 годишниот Игор Томески слободно време го поминуваше во глума и режирање аматерски филмови, волонтирање при разни настани и проекти, што подоцна му донесе стипендија за универзитетско образование во Соединетите Американски Држави. Високите оценки во средното училиште како и богатата биографија со голем број ангажмани биле пресудни Игор да обезбеди бесплатно студирање во сите четири години. Бидејќи се занимавам со глума и режија од мали нозе иднината ја гледам во САД, затоа што државата има развиена филмска индустрија, како и театарска. Фактот што Америка ги поддржува младите кои се спремни да работат, ме прави да си ја барам мојата иднина таму. "Од мали нозе се занимавам со глума, пишување сценарија, режирање на филмови. Имам режирано и напишано три долгометражни филма до моите 16 години. Тоа ги импресионира универзитети во САД. Беше една од клучните работи кои што ги натера да ме финансираат. Покрај моите филмови, тука е моето долгогодишно актерско искуство, мојата волонтерска настроеност да помогнам во културното развивање на градот Тетово со моите филмови како и мојот висок академски перформанс", вели Игор. Талентот и способностите на Игор му донесоа и членство во Нобеловото здружение за истакнати светски матуранти. Тоа дури му овозможува да избира и нов повисоко рангиран факултет за да го продолжи школувањето. "Нобеловото здружение има за цел да отвора поголеми врати за овие истакнати ученици. Нобел помага во разни начини преку давање разни стипендии, преку поврзување на учениците со разни организации, како и други високо-рангирани универзитети насекаде во Америка. Во декември 2015 покрај моето членство во Нобеловото здружение ми беше дадено и интернационално признание и парична награда за моето долгогодишно режисерско залагање во Македонија. Наградата беше доделена врз основа на моите три долгометражни филма кои што сум ги изработил до моја 16 годишна возраст што Нобел го смета за реткост и големо достигнување", објаснува тој. По факултетот, иднината Игор ја гледа во Америка. "Бидејќи се занимавам со глума и режија од мали нозе иднината ја гледам во САД, затоа што државата има развиена филмска индустрија, како и театарска. Фактот што Америка ги поддржува младите кои се спремни да работат, ме прави да си ја барам мојата иднина таму", смета младиот тетовец. Во Пидмонт Колеџ во Џорџија, каде го започна студирањето, Игор изучува двојна диплома - театарска глума и режија и телевизиска продукција.
fineweb-2
Римјаните 8Macedonian New Testament (MNT) Светиот Дух доаѓа на помош 8 Затоа тие што се под закрила на Исус Христос нема да бидат осудени, 2 бидејќи со посредство на Исус Христос, силата[a] на животодавниот Дух ве ослободи од силата[b] на гревот, која води во смрт. 3 Мојсеевиот Закон не можеше да не спаси, поради грешната човекова природа. Но тоа што не можеше да го стори Законот, го направи Бог. Тој Го испрати Својот Син во тело слично на грешните човечки тела. Жртвувајќи Го Својот Син за нашите гревови, Бог ја уништи власта што гревот ја имаше во нас. 4 Така, она што Законот со право го бараше, беше исполнето за нас, кои не се раководиме според телесната природа, туку според водството на Духот. 5 Луѓето што се раководат според својата телесна природа мислат само на телесни работи, додека оние што допуштаат да ги води Божјиот Дух, мислат на духовни работи и се стремат кон нивно остварување. 6 Но раководењето според телесната природа води во смрт, а раководењето според Божјиот Дух донесува живот и мир. 7 Умот што се раководи од телесната природа е непријателски настроен спрема Бог. Тој не му се покорува на Божјиот Закон. Не може да му се покори. 8 Луѓето што се раководат од својата телесна природа не можат да Му угодат на Бог. 9 Но вие не се раководите според телесната природа, туку според водството на Духот, ако во вас навистина живее Божјиот Дух. (Ако некој Го нема во себе Духот на Христос, таквиот човек воопшто и не е христијанин!) 10 Ако, пак, Христос живее во вас, тогаш, навистина, вашето тело ќе мора да умре[c] поради гревот, но вашиот дух ќе живее, затоа што сте оправдани пред Бог. 11 Ако навистина Божјиот Дух, Кој Го воскресна Исуса, сега живее во вас, тогаш Тој Дух ќе ги оживее и вашите смртни тела, онака како што Го воскресна Христос од мртвите. 12 Драги христијани, ние не сме и должници на нашата телесна природа и не сме должни да го извршуваме тоа што таа ни го наложува. 13 Ако дозволите грешната телесна природа да ве води, ќе умрете. Но ако со помош на Божјиот Дух ги совладувате[d] навиките на вашата грешна природа, ќе живеете. 14 Само тие што се раководат според Божјиот Дух, се Божји деца. 15 Впрочем, Духот што Го примивте не ве претвора одново во робови, па и понатаму да се плашите од Бог! Напротив, Тој Дух ве посвои и сега сте Божји деца и на Бог можете да Му се обраќате со "Аба", што значи "Татко". 16 Самиот Божји Дух, заедно со нашиот дух, не уверува дека ние навистина сме Божји деца. 17 Ако сме Божји деца, ние сме и Негови наследници, заедно со Христос. Се што Бог Му дава на Својот Син, Христос, е и наше. Па и ако страдаме слично како што страдаше Христос, ќе ја наследиме и славата што ја има Тој! Идната слава на Божјите деца 18 Јас мислам дека страдањата низ кои сега минуваме не можат ни да се споредат со славата што потоа ќе ни биде дадена. 19 Се што е создадено со нетрпение го чека денот кога Бог ќе објави кои се Неговите вистински деца. 20 Се што е создадено беше потчинето под Божјото проклетство[e], не по своја волја, туку по Негова наредба. Затоа сите созданија се надеваат 21 дека и тие ќе бидат ослободени од стегите на смртта и распаѓањето, и ќе ја добијат славната слобода што ги очекува Божјите деца. 22 Зашто знаеме дека, се до сега, целиот свет стенка и се грчи од болка, како жена што се породува. 23 Не само светот, туку стенкаме и ние христијаните, кои го имаме Светиот Дух во нас и ги уживаме првите плодови на славата што ќе дојде. И ние во себе стенкаме, желно очекувајќи Бог да ни го даде сето она што како на Негови деца ни следува, вклучувајќи ги тука и новите тела што Бог ни ги вети. 24 Сега кога сме спасени, желно ја очекуваме таа слобода. Тоа значи дека таква слобода се уште немаме. Зошто, инаку, некој би очекувал нешто што веќе го има!? 25 Но, во очекување на она што се уште го немаме, треба трпеливо и со доверба да го очекуваме. 26 Во меѓувреме, со нас е Светиот Дух за да не придружува и да ни помага во нашите слабости. Ние не знаеме дури ни за што и како би требало да се молиме. Но Светиот Дух се застапува за нас со неискажливи воздишки. 27 А Бог знае што има во срцата на луѓето и знае што сака Светиот Дух, затоа што Тој се застапува за Божјите луѓе согласно со Божјата волја. 28 Знаеме дека се што се случува, Бог ќе го насочи така што да испадне на добро за оние што Го сакаат Бога и што се од Него повикани за свети цели. 29 Однапред познавајќи ги луѓето, Бог ги одбра Своите, со цел да ги преобрази така што ќе бидат слични на Неговиот Син, Исус, Кој е првороден за да има многу браќа и сестри. 30 А тие што ги одбра, Бог ги повика, ги оправда и ги прослави. Силата на Божјата љубов 31 Што да кажеме на ова? Ако е Бог со нас, кој ќе биде против нас? 32 Кога Бог ни Својот Сопствен Син не Го поштеди, туку Го даде за откуп на сите нас, зар заедно со Исус нема да ни подари и се друго? 33 Кој може да подигне обвинение против оние што Бог ги одбра и ги оправда!? 34 Кој може да не осуди нас, Божјите избраници? Такво право и таква сила има само Исус Христос, но токму Тој умре и воскресна за нас, а и сега се зазема за нас, седејќи на почесното место, од десната страна на Бог! 35 Според тоа, може ли да има сила што ќе не одвои од Христовата љубов? Можат ли тоа да го сторат тешкотиите, маките, прогоните, гладот, немаштијата или заканите со смрт? 36 Иако во Светото Писмо е напишано: "Секојдневно се соочуваме со смртта, за Тебе, не сметаат како овци за клање[f]" 37 Наспроти се, ние сме повеќе од победници, преку Христос, Кој многу не засака. 38 Убеден сум дека ни смртта ни животот; ни ангелите, ни владетелите; ни сегашноста, ни иднината; ни некакви сили, 39 било да се сили од височините, или сили од длабочините; ниту што и да е на овој свет не може да не одвои од Божјата љубов, што Тој ни ја искажува преку Исус Христос, нашиот Господ! Footnotes:
fineweb-2
Влијателниот американски сенатор Џон Мекејн во коментарот објавен во весникот "Правда" ја обвинува руската влада за затворање на нејзините опоненти, за контрола врз медиумите и за казнување дисиденти. Мекејн пишува дека рускиот народ заслужува подобро раководство од сегашното на претседателот Владимир Путин. Тој исто така го критикува Путин поради неговата поддршка на сирискиот режим. Коментарот на Мекејн следува откако Путин во коментарот објавен во "Њујорк тајмс" ја критикуваше американската "исклучителност".
fineweb-2
Меѓународна политичка економија Меѓународна политичка економија — дисциплина која ги анализира економските односи во комбинација со политичката економија. Како интердисциплинарно поле се состои од повеќе науки како политика и економија но исто така и социологија, историја и други дисциплини. Границите на меѓународната политичка економија (МПЕ) се многу флексибилни и се предмет на многу дебати. И покрај дебати и несогласувања многу научници сметаат дека (МПЕ) најмногу ја интересира како политичките субјекти (држави,институции, поединци) ги обликуваат системите преку кој економските интеракции се искажани,и од друга страна ефектите од економските интеракции ги имаат на политичките субјекти. Политичките економисти се во центарот на дебатата и истражувањето на глобализацијата. За разлика од вообичаените меѓународни релации овде моќта се подразбира како политичка и економска кои што меѓусебе се комплексно повразни. Содржина - 1 Потекло - 2 Традиционални пристапи на меѓународната политичка економија - 3 Познати меѓународни политички економисти - 4 Литература - 5 Наводи - 6 Надворешни врски Потекло[уреди | уреди извор] Меѓународната политичка економија се појавила како пристап во меѓународните студии во 1970 година откако Нафтената криза во 1973 год и пропаѓањето на Bretton Woods системот ги предупреди академските граѓани најмногу во САД за значењето и слабоста на економските фондации во светот.Меѓународно Политичките Економисти изјавија дека поранешните студии од меѓународните односи ставиле прекумерен акцен на правото,политиката и допломатската историја.На ист начин нео класичните економисти беа обвинети дека се премногу абстрактни. Со црпење на извори од социолошката историја и економската историја МПЕ предложи фузија од економски и политички анализи. Во оваа смисла Марксистичките и либералните меѓународни економски политичари протестираат против довербата на западната социјална наука на територијална држава како единица на анализа и го нагласија меѓународниот систем. Традиционални пристапи на меѓународната политичка економија[уреди | уреди извор] Академските курсеви,книги типично покриваат различни гледни точки од кои политичките препораки потекнуваат, и ќе пробуваат да овозможат идеолошко неутрално гледање на изучуваното поле.Следејќи преседан на една од основачките книги за оваа дициплина[1] , поединци и организации воведени во промовирање одредени полтики како и многу научници активни во ова поле најчесто се групирани во три гледишта кои постоеле и пред оваа дисциплина да се појави. Овие категории се либерална, реалистична и марксистичка. Либералната категорија е релативни обединете додека останатите две покриваат широк домет на мислења. Либерален пристап Либералниот пристап верува во приватна моќ на трошок на јавната (влада). Пазари ослободени од владината регулатива природно ќе ја хармонизираат понудата и побарувачката што ќе резултира на најдобар можен начин за популацијата. Реалистичен Пристап Реалистичниот пристап на прифаќа моќта на слободните пазари но смета дека оптимални услови се создаваат со силна јавна моќ која спроведува регулативи. Марксистички пристап Марксистичкиот пристап смета дека само голема апликација од јака јавна моќ може да проверува вродени тенденции за да може приватната моќ да профитира на трошок на голема популација. Конструктивистички пристап Претпоставува дека подрачјето на меѓународни интеракции не е без вредност, и дека економските и политичките идентитети се значајни економски дтерминанти. Либерален пристап[уреди | уреди извор] Претпочитани политики Минимална или нула владина контрола и регулација на трговијата. Смета дека сите претпријатија кои произведуваат извозливи добра треба да се приватизираат Историја Либералниот пристап често е повразан со работата на Адам Смит. Смит сметал дека бенефициите од конкуренцијата се поврзани со претварање на ретките ресурси во вредни добра на најефикасен начин.Тој ја спомнал невидливата рака со која механизмите на пазарот го претвараат себичното однесување на поединците на пазарот во најдобар можен резултат на пазарот.Следното големо придонесување на либералниот пристап било донесено од Рикардо,чија теорија на споредбена предност предлагала дека размената на различни нации може да донесе бенефиции на двете страни дури и во услови кад една од страните ќе мисли дека другата страна ке добие повеќе од размената.Либералната гледна точка е генерално силна во Западната академија бидејќи таму е прв пат јасно изразена од Адам Смит во 18 век. Само за време на 1940-те и почетокот на 1970-те години Кејнзијанизамот добил широка подршка од универзитетите. Кејнизјанците биле главно се гризеле за домашната макроекономска политика, како и да е во Меѓународно Политичко Економски услови нивните гледишта се совпаѓаат со Реалистичкиот пристап каде повикувале на среден пристап помеѓу приватната и јавната сила. Кејнзијанскиот консензус бил успешно предизвикан од нападите на Friedrich Hayek од Австриската школа и Milton Friedman од Чукашката школа во раните 50десети кој до седумдсетите успеале да ги тргнат кејнзијанците од водечкото влијание. Кејновиот пристап за меѓународните односи добил понатамошно внимание за глобалната финансиска криза и рецесија од 2008 година, посебно преку работата на Доналд Марквел[2]. Во правењето на политичките услови Западните влади генерално тежнеат го измешани агенди на либералниот и реалистчкиот пристап. Ова е случајот на модерната економоја до денешен ден иако имало периоди кога едното или другото школо добивало повеќе внимание. Периодот водејќи до 1914 е опишан како златната ера на класичната економија, но во пракса владите делумно продлжиле да бидат под делумно влијание на мерканталистичката идеолигија, и после втората светска војан економската слобода била стеганата. После Втората светска војна системот на Bretton Woods бил основан, главно реалистично градење што им овозможувало на владите да управуваат со меѓународните финансии, дозволувајќи значителна слобода за акција во приватната економија. Атланските нации од седумдесетите и и големите Азиски држави како Кина и Индија користеле измешан пристап од либералните и реалистичките политики. Единствените кои биле блиски до целосно имплементирање на либералниот пристап се помалите нации.За време на 2008 либералното влијание почнало да слабее. Од 2008 па навака светките лидери го повикуваат ноивиот Bretton Woods систем[3] . . Реалистичен пристап[уреди | уреди извор] Во меѓународната политичка економија реалистичкиот пристап до пред некое време беше нарекуван како национализам. Историски гледано најкаректеристичното школо во оваа категорија беше меркантализамот. Претпочитани политики Историски гледано високите царини ставени на странските конкуренти се со цел да се заштитат домашните производители. Колонисточката сила ги охрабрила размените помеѓу сопствените колонии. Привремените застапници се насочени со употреба на тарифи за да се заштитат малите индустрии во земјите во развој. Некои застапници на овој пристап дошле прилично блиску до Либералниот пристап, и договорните услови на сите слободни пазари треба да бидат одфрлени одкако одредени прагови ќе бидат поминати. Историја Мерканталистичкиот поглед на големо окарактеризиран од политките користени од државните актери од петнаесетиот до средината на дваесетиот век. Суверените држави се би се натпреварувале за секој билион. Овии суми би можеле да се инвестираат во нов капитал или да би се зајакнала воената моќ на државата. Привремениот реалистички поглед генерално се се со гласува со либералите во гледањето на меѓународната размена како win / win феномен каде на фирмите треба да им биде дозволено да се цоработуваат или натпреваруваат меѓу себе во зависност од пазарите. Како главна точка во спорот со либералите е тоа што либералите тбрдат дека државните интереси се најдобро задоволени со заштита на новите домашни индустрии од странските конкуренти со високи такси сè додека не го достигнат потребниот капацитет за да можат да конкурираат на пазарот. Еден од најраните формални изрази е најден во делото на Александар Хамилтон 'Report on Manufacturers' кое го напишал за Американската Влада во 1971 год. После Втората светска војна значајна приказна за развивачкиот пристап е најдена во Јужна Америка каде најголемиот дел од растот е постигнат со политиките кои потекнуваат од Raul Prebisch и економистите членки на различни влади на континентот кои тој ги обучувал. Откако либералниот поглед е повторно поставен во седумдесетите се потврдени големи нивоа на раст. Повремена изјава за Реалистичкиот поглед трговската стратешка теорија на која и се посветени многу дебати како дали со политиките што ги предлага може да реши некои од проблемите на глобализацијата. Марксистички пристап[уреди | уреди извор] Оваа категорија беше употребувана да ги групира заедно различните пристапи кои понекогаш имаат многу малку заедничко со Маркс и неговите класи но сите веруваат во силната улога на јавната моќ. Пристапи во оваа категорија се : структуралниот, радикалниот, критичниот, феминистичкиот , светските системи и др. Генерално Марксистичкиот пристап е повразан со Хетеродоксните економисти. Претпочитани политики Генерално претпочита силна заштита од пазарните сили со вискои такси и други контролни политики. Историја Марксовиот Das Kapital беше објавен во 1867 и економскиот систем базиран на неговите идеи беше имплементиран после Руската Револуција во 1917. Од колапсот на Советската Унија и COMECON тргосвскиот блок во 1991 год ни една значајна трговска група или голема економија не е водена по стапките на Маркс. Проблемите со Марксистичката економија се видени како ги вклучуваат големите информациони барања кои се потребни за ефикасна алокација на ресурсите на висок степен на јавна моќ за водење на процесот. Неколку Академици моментално го промовираат класичниот Марксистички поглед посебно во Америка. Социјалниот-конструктивистички поглед е необичен поглед понекогаш групиран во оваа категорија. Наместо фокусирање на традиционалните фактори кои влијаат на размената како дистринуција на ресурси, технологија и инфраструктура, ја нагласува улогата на дијалог и дебата во одредување на идните развивања во меѓународната размена и глобализација. Критики од традиционалниот поделени во либералниот, реалистичниот и марксистичкиот поглед[уреди | уреди извор] Критичарите[4] денес трврдат дека има премногу варијации во различните гледни точки групирани во една категорија, посебно тио под Реалистичките и Марксистичките наслови. Истотака имињата можат да бидат размебери погрешно од широката публика. Насловите националистички и Марксистички имаат негативни конотации, со многу ор перспективите групирани под Марксистичкиот наслов всушност имаат многу малце со Марксистичката позиција. Многу од бранителите во националните традиции се спротиставуваат остро на национализамот.. Конструктивистички пристап[уреди | уреди извор] Конструктивистичкиот пристап е едно од полињата што надоаѓа во меѓународната политичка економија , и не многу работи се завршени во оваа област. Генерално Конструктивистичкиот пристап предлага материјалистичките интереси кои се централни во Либералниот, Реалистичкиот и Марксистичкиот поглед не се доволни да ги објаснат економските интеракции и политики, и дека економските и политичките идентитети се значајни детерминанти на економската акција. Работата на Jalal Alamgir е пример за конструктивистички апликации во политичката економија. Познати меѓународни политички економисти[уреди | уреди извор] Robert Shiller Robert Gilpin John Ravenhill David N. Balaam Jonathan Bateman Robert Bates Jeffrey Warren Bennett Jagdish Bhagwati Mark Blyth Robert Brenner Benjamin Cohen Theodore Cohn Robert W. Cox Barry Eichengreen Peter B. Evans Jeffry Frieden Francis Fukuyama Geoffrey Garrett Gary Gereffi Stephen Gill Peter A. Hall Peter J. Katzenstein David A. Lake Donald Markwell Matthias Matthijs Helen Milner Jonathan Nitzan Thomas Oatley Ronen Palan Louis Pauly Robert Putnam and his two-level game theory Ronald Rogowski John Ruggie Beth Simmons Susan Strange Kees Van Der Pijl Michael Veseth Immanuel Wallerstein Matthew Watson Ellen Meiksins Wood Ngaire Woods Stephen D. Krasner Литература[уреди | уреди извор] - [www.wikipedia.org] - [Cohen, Benjamin (2008). International Political Economy: An Intellectual History. Princeton, NJ: Princeton University Press. ISBN 978-0-691-13569-4.] - [Gill, Stephen (1988). Global Political Economy: perspectives, problems and policies. New York: Harvester. ISBN 0-7450-0265-X.] - [Gilpin, Robert (2001). Global Political Economy: Understanding the International Economic Order. Princeton, NJ: Princeton University Press. ISBN 0-691-08677-X.] - [Ravenhill, John (2005). Global Political Economy. Oxford: Oxford University Press. ISBN 0-19-926584-4.] Наводи[уреди | уреди извор] - Gilpins ,Robert (1987) The Political Economy of International Relations - Donald Markwell, John Maynard Keynes and International Relations, Oxford University Press, 2006. Donald Markwell, Keynes and International Economic and Political Relations, Trinity Paper 33, Trinity College, University of Melbourne, 2009. [1] - "European call for 'Bretton Woods II'", Financial Times, 16 октомври 2008 (конс. 17 март 2009 г). - John Ravenhill, 'Global Political Economy' Надворешни врски[уреди | уреди извор] - The Review of International Political Economy - International Political Economy at Jacobs University Bremen, Germany - European Centre for International Political Economy - University of Puget Sound department of International Political Economy - Portal 'IPE in Europe' at Goethe-University Frankfurt - Centre for Global Political Economy at the University of Sussex, Brighton, UK - International Political Economy at the University of Warwick - Theory Talks publishes interviews with influential IPE-scholars
fineweb-2
Соединетите држави нема да го поддржат враќањето на инспекторите за оружје во Ирак се додека Советот за безбедност на Обединетите Нации не ја усвои новата резолуција. Ова го изјави американскиот секретар Колин Паул во Вашингтон откако претствниците на Обединетите нации и на Ирак на состанокот во Виена постигнаа договор според кој инспекторите во таа земја треба да влезат за две недели. Предлогот за нова резолуција за Ирак е неприфатлив и непотребен изјави во мегувреме ирачкиот замник министерот за надворешни работи Тарик Азис.
fineweb-2
Една недела пред изборите за нов американски претседател. Анкетите и натаму покажуваат извесна предност на кандидатот на демократите Барак Обама пред републиканскиот кандидат Џон Мекејн. Дали последната недела ќе доведе до некои промени во изборното расположение на американците. Кандидатот на Републиканската партија Џон Мекејн деновиве ги отфрли резултатите од истражувањата на јавното мислење во Соединетите држави кои покажуваат дека е многу поназад од кандидатот на Демократската партија Барак Обама. ,,Тоа ќе биде тесна битка. Се уште очекувам да победам в недела,, вели Мекејн: "Станете, станете и борете се. Америка заслужува да се бориме за неа. Ништо не е неменливо тука. Ние никогаш не се предаваме. Ние не се криеме од историјата, ние ја правиме. Ајде да победиме на овие избори и повторно да ја раздвижиме оваа земја. " Им порача Мекејн на своите приврзаници на митингот во Ајова, тврдејќи дека се повеќе му се приближува на Обама. Тој пак говорејќи пред над сто илјади луѓе на собирот во Деневер, Колорадо уште еднаш изрази увереност дека ќе ја однесе победата на четвртти ноември. "Ако сте со мене и заедно се организираме и чукнеме на вратите во наредниве денови ние ќе победиме на овие избори и ќе почнеме да ја менуваме земјата и да го менуваме светот. " Четириесет и седум годишниот сенатот Барак Обама, според најавите, планира на денешниот собир во Охајо да го обвини Мекејн дека ни по дваесет месеци кампања не им кажал на американците како ќе ја смени непопуларната политика на актулениот претседател Џорџ Буш. ,,Ја знаеме нивната филозофија со која всушност им овозможува богатење на богатите,, вели Обама за кој повеќето американци мислат дека е најдобро квалификуван да го запре паѓањето на американската економија. Од друга страна, поранешниот пилот на американската морнарица и затвореник во виетнамската војна Мекејн го повторува ставот дека тој треба да биде претседател за да може републиканците да го контролираат Конгресот во кој мнозинството се демократи, а кои, како што вели, биле решени да ги зголемат даноците во земјата. Како и да е, последните испитувања на јавното мислење покажуваат дека Обама на национално ниво има над седум проценти водство пред Мекејн, а тие, според проекциите, му ги даваат потребните двесте и седумдесет елкторски гласови за да стане четириесет и четвртти претседател на Соединетите држави и прв афроамериканец кој ќе је преземе таа функција. Како што е познато, претседателството се добива држава по држава, во зависност од тоа колку електорски, односно посредни гласови, носи секоја од нив.
fineweb-2
На Мегалитската опсерваторија Кокино, во присуство на многубројна публика, на 31 јули 2011 година, во 06:00 часот наутро, се одржа манифестацијата "Бдеење на кокински мугри". На овој археолошки локалитет од бронзено доба, биле пронајдени повеќе артефакти кои укажуваат дека ова место има карактеристики на митска света планина, но и древна опсерваторија. Имено, како што истакна на почетокот на манифестацијата, археологот и директорот на НУ Музеј – Куманово, Јовица Станковски, тука биле изведувани планински обреди на праисториските жители кои верувале дека тука можеле да коминицираат со боговите. Така, еден од најголемите обреди кој се случувал во средината на летото (денес во последниот ден од јули) бил соединувањето на небеското божество – Сонцето со Големата Мајка Земја, кога сончев зрак, поминувајќи низ засек од вертикална карпа, го осветлува тронот каде некогаш седел племенскиот старешина. Владетелот во тој момент на осветлување ритуално се соединувал со Богот Сонце и тоа било гаранција дека идната година ќе има богата жетва и мирен живот. Така, централната точка во програмата беше одбележувањето на овој древен обред на плодноста кој го интерпретираше Тихомир Стојановски со својот монолог "Молитва кон сонцето", седејќи на еден од троновите и дочекувајќи го сончевиот зрак кој помина низ вертикалниот нишан и ги осветли камените престоли. Во продолжение на програмата следеше поетско читање од Друштво на писатели – Куманово, со гости од поетски друштва од Македонија, Србија и Бугарија, додека на повисоката платформа на Кокино се изработуваа автентични садови пронајдени на локалитетот, од страна на уметникот Душко Мишевски.
fineweb-2
Швајцарските гласачи го отфрлија воведувањето на загарантиран приход за сите граѓани и за оние кои живеат подолго време во таа земја. Гласачите го отфрлија предлогот на вчерашниот референдум со прашање дали прифаќаат сите швајцарски граѓани и странци кои законски престојувале најмалку 5 години, да примаат безусловен приход, а притоа да не мора да работат. Против предлогот гласале речиси 77 насто од гласачите. Доколку беше прифатен, предлогот предвидуваше за секој возрасен човек минимални месечни примања од 2 илјади и 500 швајцарски франци, а за секое дете по 625 франци. Швајцарската влада беше против предлогот, бидејќи според неа за финансирање на таа мерка би било неопходно кратење на буџетот или зголемување на даноците.
fineweb-2
Меѓу силите на светлината и силите на мракот дојдоа на војната. Можете да ја преземе улогата на темно волшебник. Поттикнување на земјиште страшно суштества, користете сите негови магија и да победи на битката. Можете да ги користите различни комбинации. На пример: на замрзнување непријатели, а потоа ги фрлаат на метеорит, тогаш сигурно тие ќе бидат уништени.
fineweb-2
Американскиот претседател Барак Обама го повика Конгресот да го усвои неговиот предлог-закон од 447 милијарди долари за поттикнување на економскиот растеж и враќање на луѓето на работа. На американскиот народ му е потребна помош, а на економијата импулс, рече денес Обама во обраќањето од Белата куќа. Економијата е премногу кршлива за да дозволиме политиката да се испречи на патот, кажа првиот човек на САД. Обама очекува таканаречниот Акт за американски работни места да помогне 1,9 милиони луѓе да се вратат на работа: учители, пожарникари, полицајци, градежни работници... Тој додаде дека економскиот растеж несомнено успорил и предупреди на уште поголеми проблеми од сегашниве доколку законот не биде усвоен. Сенатот, како што најави Обама, ќе гласа за законот наредната недела и ги повика пратениците да го усвојат, затоа што со тоа би реагирале достојно на важноста на моментот. За предлозите на републиканците доставени во Конгресот, пак, Обама смета дека не го содржат потребното за поттикнување на економијата. Републиканците, пак, го критикуваа предлогот на Обама. Нивниот водач во Сенатот, Мич Меконел обвини дека претседателот и демократите применуваат една-иста реторика што Американците буквално со години ја слушаат.
fineweb-2
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата "За подобра Македонија" е мултиетничка коалиција која има поддржувачи од сите националности, вери, политички партии и граѓани. Тоа е најголемата коалиција во историјата на Р. Македонија, истакна од Гостивар Владимир Ѓорчев, носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во ИЕ6. -И на плус 40 степени во јули и на минус 10 во декември ВМРО-ДПМНЕ ја поминува, ја крстосува Македонија и нашата коалиција победува. На минатите избори постигнавме историски резултат, имавме повеќе од 8000 гласови повеќе од нашите противници, на овие избори ќе имаме уште повеќе, затоа што е во прашање уставниот поредок на Р. Македонија, рече Ѓорчев пред гостиварчани. Тој посочи дека одејќи на терен граѓаните испраќаат порака дека им е доста од пучеви и преврати и дека граѓаните сакаат развиена економија, мир, стабилност и безбедност. Ѓорчев на митингот се обрати и кон членовите на СДСМ за кои како што рече овојпат ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. -Оваа Македонија што ја имаме со векови и децении е нешто скапоцено. Овие најави на Заев не се идеалите на АСНОМ, на големиот генерал Михајло Апостолски, ова не е концептот на првиот претседател на Р. Македонија Киро Глигоров, рече Ѓорчев. Тој посочи дека во кампањата на СДСМ денеска ги нема луѓето кои што со децении беа поврзани со СДСМ од едноставни причини што не ја поддржуваат идејата за редефинирање на Уставот на Р.Македонија.
fineweb-2
Од Министерството за внатрешни работи велат дека истрагата за инцидентот со заменик министерот за труд и социјала Диме Спасов, кој предизвика две сообраќајни несреќи, е завршена. Од МВР наведуваат дека случајот е "чист како солза" и најавуваат дека најдоцна до утре ќе бидат поднесени соодветни пријави против учесниците во инцидентот. Министерот Оливер Спавоски засега не кажа кој ќе се гони прекршочно, а кој ќе добие кривична пријава. Министерката за труд и социјала пак, Фросина Ременски веќе најави кривична пријава против Спасов за неовластено користење на "туарегот", кој како што тврди е во сопственост на директорот на Агенцијата за вработување. Инцидентот со Спасов се случи во петокот вечерта, кога дополнителниот министер со службеното возило удри два автомобили и избега.
fineweb-2
Влеговме во периодот од годината кога скоро во сите населени места во земјата, посебно во Скопје, Тетово, Битола или Куманово, концентрациите на загадувачи во воздухот достигнуваат ниво, како во високо индустријализираните градови со десетици милиони жители. Во воздухот во скопската населба Лисиче деновиве беа концентрирани скоро 700 микрограми ПМ10 честички на метар кубен. Во Карпош и во Центар беа измерени над 300, во Тетово над 400, во Куманово алармантни 900 микрограми на метар кубен. Еколошки геноцид – вака некои граѓани на социјалните мрежи ја коментираа состојбата. Оние, пак, со кои разговаравме во центарот на Скопје велат дека тешко се справуваат со аерозагадувањето и оти стравуваат за нивното здравје, бидејќи некои од нив се хронично болни. "Имам респираторни проблеми и многу тешко се справувам со загадувањето. Ние возрасните треба да си седиме дома, ама мора да излезеш. Не знам зошто деновиве навистина воздухот е многу загаден", вели жителка на Скопје. Граѓаните велат дека надлежните ништо не преземаат за проблемот. Некои велат дека е проблем што луѓето сами се возат во автомобилите, други дека за греење се горат гуми и канцероген отпаден материјал. "Кога ќе почне греењето, автоматски почнува загадувањето на воздухот. Треба да излегуваме со маска во градот, тоа е проблем. Не можете слободно да излезете, еве гледам дека некои луѓе веќе носат маски, а ова е само почеток", вели жител на Скопје. Решение мора да се најде, велат граѓаните, посочувајќи и оти свеста треба да биде на повисоко ниво. "Треба нешто и самите да придонесеме, а не да бараме некој друг нешто да направи", вели граѓанин. Во изминатите години властите на локално и на централно ниво предлегаа мерки, како на пример прскање на улиците со хемиски средства или бесплатен јавен превоз. Оваа годинава не се предложени ниту овие мерки. Надлежните се уште ги немаат изработено ниту студиите за точните податоци за тоа кој загадувач со колкав процент учествува во загадувањето. Но, познато е дека најголеми загадувачи се индустријата, сообраќајот, урбанизацијта, депониите, и со оглед на тоа дека концентрациите драматично растат со почетокот на грејната сезона, логично е дека големо влијание има енергетската сиромаштија. Борбата против загадувањето дел и од партиските програми Политичките партии влегоа во изборната кампања за претстојните избори на 11 декември. Тие во партиските програми ветуваат мерки за намалувење на аерозагадувањето. Во однос на тоа, ВМРО-ДПМНЕ во својата програма ветува зелена архитектура за намалување на аерозагадувањето; засадување на растенија покрај градските сообраќајници; изработка на проекти за управување со отпад; отстранување на депониите со линдан на ОХИС; модуларен мониторинг преку набавка на нови мониторинг станици за поквалитетно следење на аерозагадувањето покрај училишта, болници и густи урбани зони; субвенции за набавка на електрични автомобили; ваучери за инсталирање на плински уреди во автомобилите; субвенции за греење со пелети... СДСМ, пак, имаат цел да ги спроведат законите за заштита на животната средина. Партијата ветува зајакнување на системот за издавање на ИСКЗ дозволите и контрола врз нивното спроведување; обезбедување на поволни кредити за замена на еколошки застарената технологија на индустријата; засилување на инспекциите; редефинирање на одлуката за увоз на стари автомобили; воведување на нови режими на сообраќај во поголемите градови; воспоставување на фонд за животна средина; дооформување и непречено работење на мерните станици; изградба на регионални центри за управување со отпад... Во Македонија на годишно ниво умираат по 1.350 луѓе како резултат на аерозагадувањето. Ова се проценките на Светската банка, според кои истиот проблем ја чини македонската економија загуби од 250 милиони долари годишно.
fineweb-2
Новиот американски преставник во НАТО Курт Вокер како втор американски приоритет по Авгнистан, ги наведе Косово и проширувањето на Алијансата кон Западни Балкан. Тој во интервју за чешкиот весник Хосподарске новини изјави дека Македонија нема да мора да чека некој нов самит на НАТО и дека ќе добие покана веднаш доколку со Грција го реши проблемот со името, а според негово мислење тоа ќе се случело набргу.
fineweb-2
Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс изјави дека Иран се соочува со дополнителни санкции доколку не го испочитува крајниот рок за извештај за нуклеарните активности. Според Рајс, Иран користи тактика на одолговлекување, но дека за 2 недели ке мора да одговори на понудата за запирање на процесот на збогатување на ураниумот. Рајс ова го изјави пред патот кон Абу Даби каде потсекретарот Вилијам Барнс ке ја брифира за нуклеарните разговори во Женева на кои со преставници на Иран надвор од досегашната практика присуствуваа и Соединетите држави.
fineweb-2
Судот во Швајцарија денеска го одби барањето на режисерот Роман Полански за ослободување со кауција, бидејќи постоела можност ако го ослободат да избега од земјата. Одлуката доаѓа, откако САД побараат Полански да се екстрадира таму, затоа што го бараат за силувањете на малолетничка во 1978-та година. Полански , кој е добитник на Оскар, беше уапсен во септември во Швајцарија, кога дојде да прими награда на филмси фестивал. Адвокатот на Полански соопштил дека дека ќе ја обжалат денешната одлука на судот.
fineweb-2
Во неколку наврати од мечот од трибините летаа тврди предмети, а исто така се користеа и ласери за да се дефокусираат противниците. Во моментот на постигнувањето на еден од погодоците на Јужната трибина се запали и факел во блокот шест. Случувањата на мечот се влезени во записникот на делегатот, а на потег сега се дисциплинците на УЕФА кои ќе одлучат дали ќе биде доделена казна и каква ќе биде.
fineweb-2
Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска денеска ја посети Македонската опера и балет по што изјави дека промовираат еден исклучително значаен проект за целосна реконструкција на големата сала на МОБ, кој ветиле дека ќе се реализира. Истакна дека таа инвестиција е од огромно значење и од буџетот на Министерството за овој капитален проект се издвоени 62 милиони денари. Проектот, посочи министерката, опфаќаше занаетчиско-градежни работи на големата сала, на фоајето, промена на нивното осветлување, промена на сите седишта во големата сала, како и подот под нив. – Оваа инвестиција е од огромно значење пред се за вработените, уметниците во МОБ и за сите љубители на програмските содржини на МОБ, на уметноста која ја нудат, пред се за граѓаните кои ќе имаат можност да присуствуваат на сите овие настани во една прекрасна сала со променети седишта. Сега салата има 710 столчиња, чиј број е намален со цел тие да бидат покомотни и да има растојание меѓу сите редови, рече Канческа Милевска. Нагласи дека се набавени 275 дисплеја кои се поставени на седиштата со цел да се следи преводот на претставите. – Ќе може да се следи превод на пет странски јазици. Во централнот дел на сцената ќе има голем дисплеј каде и останатата публика во погорните редови ќе може да го следи преводот на сите претстави кои ќе се реализираат во МОБ, рече Канческа Милевска. Изрази благодарност до фирмата која работела на тој проект бидејќи, како што рече, за многу краток период од јуни до крајот на септември ја завршиле реконструкцијата и обновата на големата сала во МОБ. Канческа Милевска се заблагодари на сите вработени во МОБ за нивната посветеност со цел навреме да биде завршена реконструкцијата на салата и да се стави во функција на граѓаните и уметниците. – На 12 октомври во МОБ по повод отворањето на реконструираната голема сала ќе се одржи гала концерт на кој ќе настапи целиот капацитет на МОБ, сите ансамбли кои ги поседува нашата национална институција со солисти, детски хор, оркестарот, балетот. Ќе бидат изведена познати дела. Се надевам за љубителите на уметноста овој концерт ќе биде посебно доживување, рече Канческа Милевска. Посочи дека досега кога станува збор за инвестиции во МОБ, претходно бил завршен системот за греење и ладење во рамки на проект за кој биле издвоени 15 милиони денари. – Имаше и голем број други инвестиции во делот на сценската технологија и техника и механика на салата. Во наредниот период се што е неопходно и во друга насока, ние како Министерство за култура како и досега ќе даваме силна поддршка бидејќи МОБ е една од најголемите и најзначајните институции, додаде Канческа Милевска. Директорот на МОБ, Игор Дурловски рече дека станува збор за одличен избор на столчиња и монитори кои не можат да се сретнат во многу европски односно светски театри. – Моментално во Европа и пошироко има само пет до шест театри кои ги имаат овие технички услови за следење на претставите, а тоа се: Виенската опера, Операта во Тел Авив, Салцбуршкиот фестивал и уште неколку театри кои ја имаат таа техника. Јас сум горд што сум дел од еден театар кој нуди услови на публиката како што нудат најголемите театри во светот, истакна Дурловски. Потенцира дека гала концертот ќе се одржи на 12 и на 13 октомври. Првиот концерт, истакна, на 12 октомври веќе е распродаден, а остануваат дел од билетите за 13 октомври. Тој го најави и Детското хорче кое првпат ќе настапи на еден сериозен концерт. – Тоа е наш проект кој пред неколку месеци го остваривме, го оформивме пред седум осум месеци. Веќе се подготвени дечињата да настапуваат и на голема сцена, а исто така ќе ги користиме во дел од претставите. Ќе бидат околу 250 лица на сцената, додаде Дурловски.
fineweb-2
Бергамот |Бергамот| |Научна класификација| |Царство:||Растенија| |Нерангирано:||Скриеносеменици| |Нерангирано:||Евдикоти| |Нерангирано:||Розиди| |Ред:||Сапуновидни| |Семејство:||Седевчиња| |Род:||Цитрус| |Вид:||Бергамот| |Биномен назив| |Citrus bergamia (Risso) Wright & Arn. [1] Бергамот или бергамот-портокал (науч. Citrus aurantium subsp. bergamia) — мал агрум со приближно крушест облик. Ова овошје за прв пат е добиено во Италија, со вкрстување на крушест лимон и горчлив портокал или грејпрфут. Расте на мали дрва со исто име. Овошјето главно се одгледува на јонскиот крајбрежен регион во покраината Калабрија, дотолку што претставува симбол на целиот регион и градот. Тој обем и квалитет не може да се добие никаде на друго место во светот; се одгледува и на Брегот на Слоновата Коска, Аргентина и Бразил но добиениот квалитет на есенција не може да се спореди со оној од Реџо Калабрија заради тамошните аргилитни, варовнички и алувијални наслаги. Овошјето е кисело, а од неговата ароматична кора се добива етерично масло кое се користи во чајот Ерл Греј, кај парфемите, за слатки и ароматерапијата за лекување на депресија. Се користи и за полесно варење. Бергамотот е и состојка на првата колонска вода направена во Германија во XVII век. Најмалку еден италијански производител прави мармалад чија главна состојка е бергамот. Во Грција од него се прави слатко. Бергамот-портокалот нема сродна врска со истоимената билка.
fineweb-2
Превод:Крадецот: Значи, Алвиса, ако елфите живеат по илјадници години, како не сте успеале да се намножите толку да ги истиснете другите раси и да го завладеете светот? Алвиса: Елвските деца цицаат по дваесет години, забите им растат по 20 години и се неподносливо непослушни по околу 100 години, а им треба и околу 200 години да научат да одат сами по нужда. Крадецот: Ааа... така. Алвиса: Да. Елфите развија ефикасна контрацепција уште пред да откриеме како се користи огнот.
fineweb-2
Во два одделни бомбашки напади во едно село во Дагестан загинале двајца полицајци, а 26 се повредени. Едниот напад се случил пред полициска станица во селото Губден, каде жена самоубиец се разнела при што еден полицаец загинал, а четворица биле повредени. Другиот напад се случил два часа подоцна, крај еден полициски контролен пункт, на кој налетал бомбаш-самоубиец со возило, при што убил еден, а ранил 22 полицајци. Во главниот град на Дагестан Махачкала загинал еден исламски милитант во престрелка со безбедносните сили.
fineweb-2
Mисијата на Советот за Безебедност изутрината ја започна посетата на Косово чија цел е информирање за состојбата и спроведувањето на резолуцијата 1244 на Обединетите Нации. Делегацијата вчера беше во Белград. а на враќањето кон Њујорк, во Виена вечер ќе разговара со Марти Ахтисари за планот за идниот статус на Косово. Мисијата на Советот за Безбедност на Обединетите Нации во Приштина разговара со преставниците на УНМИК на Кфор и косовските институции. Потоа во агендата е посета на Грачаница и Косовска Митровица, Орахвац, Пеќ состаноци со општините и преставниците на локалните срби. Јохан Вербеке шефот на мисијата на Советот за Безбедност во Белград изјави дека целта на турнеата во Брисел, Белград, Приштина е собирање на информации а не и одлука за идниот статус на Косово. "Предлогот на Ахтисари е токму тоа – предлог, кој како таков му е предаден на Советот за Безбедност на разгледување. Советот го проучува и тој предлопг и сите извештаи и тоа е една од причините зошто оваа мисија е пратена пред да се разгледува предлогот. Ние дојдовме да собереме податоци и не сме тука заради носење на одлука. Тоа ке биде направено подоцна во Њујорк, а јас не можам да преудицирам каква ке биде таа одлука." Во предлогот на специјкалниот пратеник Марти Ахтисари се наведува набљудувана независност на Косово. За косовските власти планот на Ахтисари е прифатлив, но не и за Белград. Мисијата на Советот за Безбедност се запознала со српскиот предлог за надгледувана автономија на Косово, рече шефот на мисијата Јахан Вербеке. "Можам да потврдам дека премиерот Воислав Коштуница дополнително ги артикулираше идеите и своите предлози кои се однесуваат на надгледувана автономија за Косово. Тој детално елаборираше. Ние добивме и писмен документ за надгледуваната автономија кој ќе го проучиме и ќе го однесеме во Њујорк на натамошно разгледување." Делегацијата на Советот за безбедност на Обединетите Нации по посетата на Косово ке отпатува за Виена каде што вечер ќе се состане со специјалниот пратеник на Обединетите Нации Марти Ахтисари.
fineweb-2
Британската премиерка Тереза Меј изјави денеска дека победата на републиканецот Доналд Трамп на американските претседателски избори и гласањето за излез на Велика Британија од ЕУ, означуваат нова ера на длабоки промени во светот. Меј во Лондон истакна дека Британија не смее да ги отфрла промените и да води битки од минатото, туку да се адаптира на сегашноста. Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон оцени дека Трамп е "расположен за договори".
fineweb-2
Рускиот претседател Владимир Путин денеска се очекува да допатува во посета на Киев каде што ќе се сретне со пртседателот на Украина Виктор Јушченко. Ова е прва посета откако на власт дојде Јушченко. Путин вчера во Париз на лидерите на Фарнција. Германија и Шпанија им вети дека ќе го подржи прозападниот претседател на Украина Виктор Јушченко. Се очекува да се разговара и за Економскиот Сојуз меѓу Русија, Белорусија, Казахстан и Украина што го фаворизира Путин. Јушченко изјави дека не би се согласил на овој сојуз доколку тој ги намалува шансите за членство во Европската Унија.
fineweb-2
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски по денешната средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев изјави дека е неприфатливо барањето на опозицијата за формирање техничка влада. Според него, владата била формирана пред неколку дена и веќе започнала да работи во интерес на граѓаните и во исполнување на тоа штого ветиле. Тој порача дека ќе бидат формирани работни групи кои ќе започнат со работа наредната недела и кои ќе ги адресираат сите прашања кои што ги засегаат двете страни.
fineweb-2
Германскиот парламент со големо мнозинство го одобри третиот пакет финансиска помош за Грција, отстранувајќи една од главните пречки за финансиските средства да и бидат исплатени на Атина. Потегот дојде откако грчките пратеници минатата недела го прифатија пакетот реформи и мерки за штедење кои ги бараат меѓународните кредитори, вклучително Европската унија и германската Влада, како предуслов за финансиската помош. Министрите за финснсии на еврозоната на 14 август во Брисел се согласија на Грција да и дадат заем од дополнителни 86 милијарди евра, откако грчките пратеници ги изгласаа мерките за штедење. Шефот на Меѓународниот монетарен фонд ММФ, Кристин Лагард изјави дека на Атина ќе и треба "значајно" отпишување на долгот за да може да воспостави ред во фискализацијата.
fineweb-2
Живееме во време кога барањето работа може да биде навистина непредвидлив и нефер процес. Младите луѓе се почесто, своите планови за вработување, ги насочуваат надвор од границите на нашата земја. Што не е во ред со нашиот систем? Бројни фактори влијаат на овој проблем. Дали завржувањето на високо образование е доволно за да се најде сериозна работа, или дали неформалното образование дава доволен удел во стекнувањето на потребните вештини и знаења за ефективност на одредена работна позиција? Доколку да, кои се тие вештини и како можам истите да ги искористам при потрагата за работа? Овие прашања се најчесто поставувани од младите во нашата земја, каде процентот на младинска невработува се зголеми на 54% Многу тренинзи ја опфаќаат истава тема со цел да ја подобрат економската клима и да ја зголемат младинската вработеност. Еден од нив е и интернационалниот тренинг насловен "Промоција на младинско учество за финансиски загрозени млади" на кој имаа можност да учествуваат Горан Стојаноски и Михајло Тошевски, како членови на Младите можат. Тренингот беше организиран од НВО "Нардони парламент" и поддржан од Советот на Европа и се одржа во Лесковац, Србија во периодот од 1 до 7 јуни 2012. Тренингот беше наменет за 30 млади од Србија, Македонија, Романија, Грција, Црна Гора, Босна и Бугарија, кои се соочуваат со социјална и економска исклученост поради невработеноста и финансиските потешкотии причинети од неповолната економска клима и недостатокот на работни места за младите. Дополнително, беа вклучени и учесници од Турција, Азербеџан и Италија. Учесниците имаа можност детално да научат што е тим билдинг и планирање, нови методи на информално учење и групен менаџмент, како клучни компоненти за имплементирање на проект, а потоа имаа можност практично да го применат знаењето преку серија на вежби, како и интересни и креативни игри и задачи. Во вториот дел од тренингот, учесниците, поделени во тимови, опфатија теми од секојдневниот живот, кои ги засегаат младите на Балканот и работеа на креирање проект кој ќе се справи со овие предизвици на младите. Десет различни земји, десет различни јазици и триесет млади на едно место. Бура на идеи изградени во една фузија. Си заминаа од тренингот со еден заклучок: Главното решение за младинската невработеност не е завршувањето на високо образование. Нашиот кариерен план треба да биде поддржан со големо работно искуство, со наш активен придонес во заедницата и со наше практично, формално и неформално надградување. Младите мораат да ги разберат вистинските вредности на младинското учество. Не смееме да бидеме жртви на нашиот систем за вработување, туку да го трансформираме во систем каде вработениот ја има главната улога и глас. Активни млади, одлучни да се вклучиме.. ја имаме таа енергија!
fineweb-2
Изборот на прекинувачи и приклучници во тие сегменти се прошири со: o приклучница со капак Fusio, o приклучница со капак Max, o четворна рамка Gea. Сите производи се јавуваат во сите бои од постоечките програми. Исто така и пакирањето е идентично. АКТУЕЛНО Потполн графички идентитет Изработивме потполно нов графички идентитет кој уште повеќе ќе ја истакне нашата визија и целта кон поставените задачи. »На просторот му даваме живот« Со новиот слоган »НА ПРОСТОРОТ МУ ДАВАМЕ ЖИВОТ «ги истакнуваме клучните карактеристики, вредности и идентитет на робната марка Електроматериал. Нов каталог на производи За сите производи на Електроматериал подготвивме нов имиџ каталог. НОВИНИ ОД ЕЛЕКТРОМАТЕРИАЛ ЛЕНДАВА Нашиот продажен програм на производи го дополнивме со нова група прекинувачи и приклучници за монтажа под малтер, со зголемен степен на заштита од влага и тврди честички – степенот на заштита е IP44. Производите ги нарековме Mikro IP44..
fineweb-2
Кераца Висулчева Набргу по нејзиното раѓање, нејзиното семејство го напушта родниот крај и се сели во Бугарија. Најголемиот дел од животот Кераца Висулчева го минала во Пловдив. Во 1930 година, Висулчева се запишува на Художествената академија во Софија. Студиите ги завршила во 1935 година. Поради јавното искажување дека е Македонка, Висулчева била исклучена од Сојузот на ликовните уметници на Бугарија. На нејзиното инсистирање, во 1941 година доаѓа во Македонија и се вработува во Женската гимназија во Скопје, а во меѓувреме учествува и на неколку групни изложби. Заради одредени семејни обврски се враќа во Бугарија 1944 година и предава цртање во неколку гимназии во Пловдив, каде останува да живее се до своето преселување во Скопје. Неколку години пред својата смрт, во 1996, таа емигрира во Република Македонија, каде Министерството за култура и се оддолжи водејќи грижа за нејзиниот престој во Македонија и обезбедувајќи заштита за делата кои ги остави за Македонците и на Македонија. Целокупното творештво од над 500 дела (слики, пастели, акварели и скулптури) Висулчева го остави во трајна сопственост на македонската држава. Нејзината последна желба беше уметничките дела да не се продаваат, туку да останат како дел од националното богатство на Македонија. Денес тие се изложени во Ресен и Скопје. Стилското дефинирање на целокупниот опус на Кераца Висулчева се задржува на реализмот и пост-импресионизмот, со мали отклонувања кон национал-романтизмот. Нејзиното сликарство накусо се означува како сликарство на импресијата, на чувствата и душата. Позначајно од стилската определба е бескомпромисната оддаденост на уметноста и нејзините феномени: бојата, формата, светлината, цртежот. Страста кон сликањето не и дозволила на оваа борбена сликарка да стане заложник на тематски, идеолошки или содржински диктати. Напротив, поетиката на пејзажите, спокојните визури на урбаните сцени од Париз, Антиб или Авињон, сензибилитетот на балерините, дамите и капачките, наспоредни на благородните физиономии на редица значајни личности од нејзиното опкружување, укажуваат на доследност кон естетскиот принцип. Во духот на сопствената кауза и интима се реализирани и нејзините автопортрети, мајката на Никола Вапцаров, училиштето во Пиринска Македонија. Психолошкиот третман на портретираните личности го имаат својот пандан во емотивниот пристап кон раскошната архитектура на Монмартр или Мулен Руж и кон, не помалку возбудливата ерупција на, морските бранови. Повеќето актови соопштуваат длабоко почувствувана сензуалност на женските тела. Во делата Несрам, моето родно село – 1980 и Мојот роден крај – 1980, работени на седумдесетгодишна возраст (кога за прв пат по неколку децении го посетува родното место), очигледно е присуството на болката, носталгијата или меланхолијата згуснати во времето, собирани со децении во една емотивна жена.
fineweb-2
Група за права на медиумите вели дека бројот на новинари затворени во цел свет е на највисоко ниво за последните 15 години, при што Иран, Еритреа и Кина водат на листата. Комисијата за заштита на новинарите објави извештај во четврток каде стои дека 179 писатели, уредници и фоторепортери, се затворени во светот заклучно со 1 декември, а за истиот период минатата година имало 34 притворања на новинари. Групата со седиште во САД вели дека Иран ставил 42 новинари зад решетки, водејќи на листата на најголеми светски затворачи на новинари втора година по ред. По Иран следат Еритреа со 28, Кина со 24, Бурма со 12 и Виетнам со девет затворени новинари. Во извештајот исто така стои дека бројот на затворени новинари на Блискиот исток и Северна Африка се зголемил за 50 проценти во текот на минатата година. Групата вели дека задушувањето од страна на режимот во Сирија додало на цифрата со осуммина затворени новинари. Комисијата за заштита на новинари вели дека новинарите се главно одведени во затвор по обвиненија за работа против државата, а веднаш потоа следат обвиненија за прекршување на правилата за цензура. Групата вели дека последната цифра на затворени новинари не ги вклучува оние на кои се исчезнати или киднапирани од криминални банди или милитантни групи.
fineweb-2
Мајордом на палатата било рана средновековна титула и служба, според латинскиот назив maior domus ("главен во куќата"), најмногу користена во кралствата на Франките во 7 и 8 век. Во текот на 7 век, службата Мајордом на Палатата се развила во вистинска ''моќ зад престолот'' во Австразија, североисточниот дел на Кралството на Франките во тек на меровиншката династија. Мајордомот ја имал вистинската и ефективна моќ на донесување одлуки кои се однесувале на Кралството, додека во средината на доцниот период на Меровинзите, кралевите почнале да имаат само церемонијална улога станувајќи обични марионети во рацете на мајордомот. Нивната улога била слична на онаа на пешвата, шогунот, и премиерот во рамки на уставната монархија, кои на сличен начин ја имале моќта додека владеел церемонијален крал. Службата станала наследна во семејството на Пипинидите со моќни мајордоми како Карло Мартел, кој себеси се прогласил за Војвода на Франките, а во тек на последните четири години во тек на неговото владеење дури не ни назначил крал оставајќи го престолот празен. Откако Австразија и Неустрија биле обединети во едно кралство, Пипин III Малиот — мајордом од 747 — им ја одзел круната на Меровинзите во 751 и воспоставил нова лоза на кралски владетели – Каролинзи. Неговиот син Карло Велики имал дури и поголема моќ откако бил крунисан за император во 800, станувајќи една од најзначајните фигури во европската историја. Оттука-натаму службата била обединета со онаа на Неустрија иако Бургундија останало посебно кралство под власта на Кралот на Неустрија и Бургундија. Администрацијата на Бургундија кусо време била одвоена под власта на мајордомот:
fineweb-2
Неколку стотици блогери кои вечерва ќе ја поминат во полициските станици, се само дел од големата криминална блогерска мрежа. Полициската акција наречена "Електронско око" трае уште од април годинава. Сите уапсени блогери биле тајно снимани како во континуитет не се служат со личните имиња што им се запишани во матичната книга на родените. Според најавите од полицијата, акцијата ќе продолжи и во следните денови, а бројот на уапсени треба да се движи околу 1000. Од МВР за денеска рекоа нема да коментираат се додека не заврши целата акција, односно се додека не се уапсат сите осомничени за кои веќе се обезбедени докази. Неколку стотици приведени утре ќе се појават пред комисијата на Министерството за внатрешни работи која треба да им изрече глоба во износ од 50 до 150 евра. "Располагаме со сознанија за инволвираност и на други блогери во овој тип на криминал. Од наша страна ќе побараме УЈП да го испита и потеклото на имотот на сите лица кои се осомничени во акцијата "Електронско око", изјави министерката за внатрешни работи. Законот е јасен, ни потврдија правните експерти: "Глоба во износ од 50 до 150 евра во денарска противредност ќе му се изрече за прекршок на лице кое не се служи со личното име што му е запишано во матичната книга на родените." (чл. 8 од Законот за личното име, Службен Весник на Република Македонија, 31 мај 2007).
fineweb-2
Ad blocker interference detected! Wikia is a free-to-use site that makes money from advertising. We have a modified experience for viewers using ad blockers Wikia is not accessible if you've made further modifications. Remove the custom ad blocker rule(s) and the page will load as expected. Џираја (自来也, Jiraiya) е еден од легендарните Санини, заедно со Цунаде и Орочимару, кои беа тренирани од Третиот Хокаге. Тој е самопрогласен супер-перверт, кој ја напиша популарната серија книги за возрасни наречена Icha Icha- омилената на Какаши Хатаке. Тој исто така е познат како Мудрец на жабите (蝦蟇仙人, Gama Sennin), затоа што многу често ја користел техниката повикување за да повика жаби. Џираја го има знакот за "Масло" (油, Abura) на неговата лична лента за заштита на челото.
fineweb-2
Игри Хокеј Хокеј - играта за самоуверени и силни мажи.Еден поглед на она што се случува на терен, јасно дека нема ништо да се направи weaklings.Ова е тежок натпревар и бара играчи од ист карактер, храброст и способност да се преземат удар.Не секој ќе биде во можност да се одржи долго тренингот во целосна униформа, која не е лесна повик, и за време на критичните средби со противничкиот тим на мраз поле, мора да се биде вистински хокеј фан, за да се ограничи нивниот агресивен напад и честите меле престрелки, придружени со биењето на стапчиња и повреди.Ако не сте подготвени да се посветат себеси модринки и исфрлен забите, но играта како таква, вие се привлечени, хокеј игри ќе биде една алтернатива, која ќе им овозможи на вашиот ментална болка.Виртуелна хокеј барем покажува, но многу побезбеден.Меѓу опциите ќе најдете реални симулатори и игри врши врз флеш технологијата.Вие дури и не треба да бидат способни да застане на Ролери во животот да се вешто да играат онлајн хокејот.Исто така, можете и да изберете верзија на маса хокеј и хокеј на трева.Оваа верзија на играта и во животот се вообичаени, а сите знаете маса хокеј, кои сакаат да играат дури и девојчиња и возрасни.Ве покануваме да игра бесплатно хокејот.Во нашата секција содржи највозбудливите верзија на играта, а вие секогаш ќе бидете во можност да го најдете опција што се гледа во други веб-сајтови.Сите видови на хокеј, со своите запаливи страст предвидени од нас.Дури и хокеј воздух ќе ви донесе радост ако можеш да го знаат подобро.Играат многу едноставна - да се одвратат од нападите на непријателот, и обидете се да се освојат својата цел.На одборот ќе видите голем број на успешни снимки во другите луѓе и во портите.Фрлања требаше да биде успешен, не заборавајте на основните правила на физиката со прилагодување на моќ и агол на влијание.Не грижете се ако не одат право, бидејќи на хокеј ѕвездата исто така не е роден со стап во раката.А малку вежбање, поцврста и ќе успее.Изборот на игри на оваа тема е многу голема и Тој е едно Na, иако многу интересно.Обидете нова верзија, отворете го следниот натпревар, и ќе бидете изненадени колку може да бидат различни идеи за истата тема.Ако сакате да работат надвор од ритам, а потоа излезе на теренот и се вози на дух пакостник во целта.Н.Е. покрај фактот дека никој нема да ве спречи, процесот бара концентрација, будноста и добра координација.Ќе се постават цели да се стигне до одредено место во цел на одредено место на теренот.Ова е логично, бидејќи во игра ќе се движи сето време, и предадена на различни точки област.Треба да бидете во можност да го постигне дух пакостник од различни позиции и за време на движење.Потоа, со тоа што треба да работат - не да го постигне дух пакостник во празен нет, и заштитени голман.Тоа е многу потешко, но вештина е усовршен во услови во близина на борбите.Ако научите како да ги изврши сите задачи токму за време на тренингот, играта ќе биде полесно да се справи со сличен проблем.Хокеј онлајн игри - тоа е одличен начин да се доживее возбуда.Се разбира, сите спортови се наплатуваат во атмосферата и желбата да се победи, да се биде најдобар.Но хокеј не толерира женственост, а играчите не залудно се нарекува омилени стоматолошки пациенти.Земи го дух пакостник во забите и продолжи да игра како ништо да не се случило - за ова ќе мора да биде навистина кул!Тоа е причината зошто играта на хокејот се игра само со мажи и жени таму се прави ништо.Па, можеби да се борат во маса хокеј во животот и на интернет.
fineweb-2
Светската здравствена организација најави кратење на 1 милијарда американски долари од следниот буџет поради проблемитре на земјите донатори и слабиот девизен курс на американскиот долар. Генералниот директор на светската организација Маргарет Чен изјави дека дел од проблемот е опаѓањето на доброволните донации од 30 земји, како и слабиот долар покрај швајцарската национална валута. Агенцијата со седиште во женева ќе скрати 300 работни места, имено 12 проценти од вработените ќе останат без плата.
fineweb-2
Демократите и републиканците во Вашингтон треба да престанат да се обвинуваат едни со други за намалувањето на кредитниот рејтинг на земјата и да најдат решение, пишува кинеската новинската агенција Ксинхуа. "Разочарувачки е тоа што наместо да седнат и да ги надминат проблемите, да најдат начин за соработка, демократите и републиканците се прашуваат кој е виновен за одлуката за промена на кредитна способност и се обвинуваат едни со други. Време е непослушните момчиња од Вашингтон да престанат да се расправаат кој е крив, пред да предизвикаат поголема штета", пишува државната кинеска новинска агенција.
fineweb-2
Министерството за внатрешни работи апелира до медиумите кои објавиле дека во Косово од март ќе може да се патува само со лична карта, да не ги доведуваат во заблуда граѓаните со непроверени информации. - Во моментот кога ќе биде постигнат договор МВР на Република Македонија, ќе ја информира јавноста, како и вообичаено, стои во соопштението од МВР. МВР, се подвлекува, им стоело и им стои на располагање на граѓаните и медиумите за проверка на сите информации и прашања кои се од нивен интерес, а се во доменот на работа на министерството.
fineweb-2
Резултатите од ДНК анализата потврдиле дека телото кое беше пронајдено во Егејското Море е на прилепчанката Дениса Маркоска. Денеска нејзиното семејство ги добило резултатите направени во Грција. Македонското Министерство за надворешни работи утрово потврди дека ги добиле резултатите, а во наредниот период тие ќе го организираат спроведување на телото од Грција во Македонија. Маркоска исчезна пред повеќе од еден месец од бродот на кој работела.
fineweb-2
Поранешниот полски премиер Доналд Туск денеска демантира дека рускиот претседател Владимир Путин му сугерирал Русија и Полска да ја поделат Укарина. Туск за едно полско радио додаде дека Путин никогаш не му понудил такво нешто. Претходно поранешниот шеф на полската дипломатија Радек Сикорски во интервју за американскиот интернет магазин Политико изјави дека Путин на состанокот со Туск во 2008 година во Москва спомнал двете земји да ја поделат Украина. Подоцна Сикорски го повлече тврдењето со објаснување дека го издало сеќавањето. Туск пак изјави дека Сикорски добил погрешна импресија од алармантните забелешки што Путин ги даде за време на НАТО самитот во Букурешт кога изјави дека Украина била вештачка земја.
fineweb-2
Меѓународната хуманитарна организација Оксфам ги критикуваше светските сили инволвирани во Сирија, вклучувајќи ја и Русија, за тоа што не им помагаат на жртвите од над четири годишниот конфликт. Во извештајот објавен денеска, се наведува дека Русија, Саудиска Арабија и Франција се меѓу најмалку дарежливите што се однесува до финансиската помош. Во исто време овие земји воени ги помагаат страните во конфликтот.
fineweb-2
Фејсбук соопшти дека владините агенти од над 70 земји побарале информации за десетици илјади корисници на социјалната мрежа во првата половина од оваа година. Денес објавениот извештај покажува дека биле побарани податоци за приближно 38.000 корисници, а половина од барањата се од властите во САД. Од Македонија имало вкупно 9 барања, за 11 корисници. Фејсбук наведува дека извештајот го покрива периодот од 1-ви јануари до 30-ти јуни. Мрежите како Фејсбук и Твитер понекогаш ја примаат и улогата на платформи за организирање на активисти, што ги прави мета на владите. За време на протестите против владата нешто порано годинава, турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ги нарече ваквите медиуми "најлоша закана по општеството". И Мајкрософт и Гугл имаат објавено податоци за тоа колку често владите бараат информации за нивните корисници.
fineweb-2
Мебел Кога сакаме да купиме нов мебел за во спалната соба, најважно ни е како тој ќе изгледа. Dormeo мебелот не само што е убав, туку исто така е и функционален бидејќи ви овозможува да направите различни комбинации и располага со бои кои ќе ги задоволат вашите лични потреби според просторот со кој располагате. Купувајте според Подреди според
fineweb-2
Неколку стотина граѓани вечерва мирно се собраа во непосредна близина на седиштето на СДСМ "за да го изразат своето незадоволство од политиката која што ја води опозициската партија", која според нив, ја втурнува државата во политичка криза, јавува новинската агенција Мета. Полициски кордон е поставен на влезот на улицата која води кон штабот на СДСМ поради што демонстрантите се собираат на главната улица која е веднаш до зградата во која што живее поранешниот премиер и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. За време на овој собир не се извикуваат никакви пароли, освен што во заднина се слуша аларм за тревога којшто го пуштаат демострантите. Полицијата целосно ја блокираше улицата која што води кон населбата Црниче.
fineweb-2
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика, Кетрин Ештон, утре треба да се состане со ирачкиот претставник во преговарачкиот тим за иранската нуклеарна програма, Саид Џалили. Тие во Истанбул ќе разговараат за контроверзната нуклеарна програма на Техеран. Портпаролката на Ештон, денеска рече дека средбата не е дел од преговарачка рунда, но е "дел од континуираните напори да се разговара со Иран." Во Истанбул денеска Џалили имаше средба со турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу, на која разговарале за продолжување на меѓународните преговори околу ова прашање. Западните сили и Иран не се договорија ништо на последната рунда на разговори во јуни.
fineweb-2
Претседателот Ѓорге Иванов на заедничката средба денеска во Брисел со неговиот српски колега Томислав Николиќ, еврокомесарот за проширување Јоахнес Хан и со првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск им повторил дека Македонија има капацитет привремено да прифати две илјади бегалци и тоа само при нивниот транзит. Иванов истакнал дека Македонија нема капацитет да задржува бегалци, бидејќи нејзината територија е само 160 километри и нема потреба во земјата да се отвораат капацитети каде тие лица би биле згрижени доколку коридорот се затвори.
fineweb-2
Лишаи Лишаите (латински: Lichenes) се талофитни растенија, чијшто талус претставува симбиоза од компоненти со растително потекло: алга и габа. Како резултат на ваквото сврзување се добива нов организам, кој квалитативно се разликува од сврзаните компоненти, по морфолошки, физиолошки и еколошки својства. Во лишајната симбиоза, габата од алгата зема органски материи - асимилати, а алгата од неа - вода и минерални материи. Алгите кои влегуваат во состав на лишајниот талус се претежно зелени и во помал дел модрозелени, додека габите се аскомицети или базидиомицети. Содржина Видови на лишаен талус[уреди | уреди извор] Според анатомската градба, се разликуваат два основни видови лишајни талуси: хомеомерни и хетеромерни. Хомеомерниот вид на талус се смета за постар и попримитивен. Тука двете симбиотни компоненти се рамномерно распоредени. Овие лишаи најчесто се слузести, бидејќи алгата е модрозелена и излачува слузеста материја. Тие имаат облик на темни, лигави, збрчкани кори, кои растат на карпи кои повремено се влажни. Хетеромерен вид на талус имаат повеќето листовидни и грмушести лишаи. Тука, во талусот, на напречен пресек, разликуваме горна кора, која се состои од густо збиени хифи и алген или гонидијален слој (најчесто едноклеточни топчести зелени алги); срцевина или медула од растресити хифи и долна кора од густо збиени габни хифи. Талусот на лишаите, во зависност од видот, има темнокафеаво, жолтеникаво, портокалово, сиво (скоро црно) и друг вид на обојување. Бојата на талусот се должи на присуството на секундарни продукти во облик на кристали или зрнца, распрскани по површината на хифите (познати и како лишајни киселини). Видови на лишаи[уреди | уреди извор] Според морфологијата на талусот, која има голема варијабилност, можат да се издвојат три видови на лишаи: Размножување на лишаите[уреди | уреди извор] Кај лишаите има и полово размножување, при што се формираат плодни тела. Половиот процес и формирањето на плодните тела го условува габата. Распространетост и значење на лишаите[уреди | уреди извор] Лишаите се доста распространети на Земјата. Растат на различни подлоги (почва, дрва, карпи, како епифити и слично). Издржливи се на суша и други неповолни еколошки фактори. Меѓутоа, тие не поднесуваат загаден воздух и затоа ретко се среќаваат во околината на индустриските објекти и големите градови. Поради овој факт, лишаите се сметаат за мошне добри индикатори на загадениот воздух. Лишаите имаат и стопанско значење. Во скандинавските земји, некои од лишаите се користат за исхрана на добитокот и човекот - Cetraria islandica како храна за луѓето, а еленската мов (фам. Чашкести лишаи за елените. Лишаите долго време се користат како суровина за добивање на природни бои (како лакмусот, неопходен во хемијата). Одреден број од овие бои се користи во парфимеријата, за добивање на разнолични мириси. Кај повеќе лишаи се откриени антимикобни и антимикробни особини и затоа се користат во медицината за лечење на рани и изгореници.
fineweb-2
Тој нагласи дека како што државниот буџет има свои приходи, така и општинската каса на Струмица има свои приходи. Зошто ги лаже сега сите граѓани во Македонија дека на сите ќе им враќал по 15%, запраша Груевски. -Го слушам зборува колку ќе била минималната плата, па дека ќе направел тој некако да има просечна плата од 500 евра. Да погледнеме колку е платата во неговите компании и компаниите на неговото семејство, дали таму е просечната плата 500 евра и дали таму минималната плата е толку колку што им ветува на граѓаните? Далеку е од тоа, на работ на егзистенцијата живеат вработените таму. Земаат најминамална плата најголемиот дел од нив. Ако Заев е искрен во ветувањата, тој на своите вработени ќе им дадеше секој да има најмалку 500 евра плата. Зошто го лаже народот дека ако тој бил премиер ќе давал по 500 евра плата. Повторно лаги со опашки и повторно опашките во Струмица и неговите компании, рече Груевски.
fineweb-2
Пакистанските безбедносни сили соопштија дека убиле 50 талибански милитанти во текот на операцијата во областа Бунер, која има за цел протерување на милитантите од оваа област која се наоѓа на само 100-тина километри од главниот град Исламабад. Претходно, армиските трупи соопштија дека ја презеле контролата врз Дагар, помал град во областа Бунер. Инаку, во големата операција на пакистанската армија која се изведува и во северо-западната област Луер Дир, биле убиени 75 милитанти, а во судирите загинале и десет војници.
fineweb-2
Долги редици пред амбасади и лете и зиме, луѓе чекаат со денови да аплицираат за виза, нервозни граѓани. Пред многу години Цацко и Тошо од к-15 во нивниот скеч ја опишаа радоста по добиената виза. "Колку?" "Шест месецииии! Музикаа, шибај!"Помал интерес од лани за патувања во странство Нивната шега за многу луѓе до неодамна беше вистина. Од денеска 554 илјади луѓе кои веќе извадиле биометриски пасоши и сакаат да патуваат, нема да чекаат пред амбасади . Оние кои имаат стари пасоши и сеуште им важат за да патуваат низ Европа ќе мора повторно Причините, не знам, може да ги лоцираме и во свински грип, беспарица, можеби повеќето луѓе чекаат да дојде 19 декември па слободно сами да прошетаат надвор, но во секој случај уплатите се на пониско ниво од лани да вадат виза во амбасадите. Интересот на македонските граѓани за патување во Европа не ги задоволи очекувањата на туритичките агенции . Александар Чоневски кој е сопственик на една на туристичка агенција вели дека годинава бројот на луѓе кои сакаат новогодишните празници да ги поминат во некоја европска земја е значително намален во однос на минатата година. Чоневски вели дека е малку разочаран затоа што очекувал многу повеќе. "Причините, не знам, може да ги лоцираме и во свински грип, беспарица, можеби повеќето луѓе чекаат да дојде 19 декември па слободно сами да прошетаат надвор, но во секој случај уплатите се на пониско ниво од лани." Цените на аранжманите за дочек на Нова Година во некоја од светските метрополи се движат од 120 евра по човек за автобуска тура до Солун со 3 ноќевања, па до најскапиот аранжман од 800 евра за Дубаи. Граѓаните се жалат дека немаат доволно пари за патување , па поголемиот дел од нив новогодишните празници ќе ги поминат во своите домови. "Со шест илјади и петсто пензија каде да одиш? Единствено со сарма и зелка дома да поминеш." "Оваа година ќе славиме во Берово, во викендица, зошто таму? Прво, заради финансиски причини. Мислам дека и да имам повеќе финансии би славел во државава." "Светска криза да ви кажам право" "Ние фамилијарно дома ќе се собереме со пријатели, затоа што зимно време не ни се оди надвор од Скопје."Шанса за заработувачка? Визната либерализација им значи многу на младите и на помалку информираните луѓе кои сметаа дека во Европа ќе можат да си најдат работа и да студираат. "Чекам, дај боже што се укинаа визите, одам за Белгија, не можам веќе." "Значи ќе може да патуваме во светот без визи." "Јас не сакам да патувам, немам средства, ама зошто младината да не може? Зошто да не ни дозволуваат да го видиме светот? Сега, барем слободно ќе можеме да патуваме" "Освен перспектива за подобра заработувачка, да се види свет." "Ќе се снајдеме таму, ќе поработиме и ќе биде подобро и за нас." Новиот безвизен режим нема да им помогне на граѓаните полесно да најдат работа во Европа. Луѓето кои сакат да работат во некоја земја од белата Шенген зона, треба да извадат работна дозвола за да можат да се вработат, а за да студираат во некој од европските универзитети ќе им биде потребна виза за подолг престој.Ќе имаат право на престој вкупно 90 дена во период од 6 месеци.Од министерството за надворешни работи велат дека при влезот во земја членка на Европска унија граничниот службеник има дискреционо право да ги праша и да им побара на луѓето кои влегуваат во земјата, документи со кои ќе мора да ја докажат целта на патувањето. Службеникот има право и да им побара докумет со кој ќе можете да докажете дека имате доволно пари да се издржувате себе си таму за време на престојот. Доколку некој од условите граѓанините што патуваат не ги исполнуваат може да му биде и забранет влезот во државата.Во Охрид помал интерес за новогишната прослава од лани Во овој период се наметна прашањето колку визната леберализација ќе го намали бројот на туристи во земјава. Туристите од Србија кои традиционално го посетуваат Охрид за новогодишните празници ги откажаа своите аранжмани. Слаѓана Столевска од охридскиот хотелски сектор вели дека многу од српските и бугарските туристи ги откажале резервации за пречек на Новата година. Годинава е катастрофално. Немаме 10 посто од капацитетите исполнети со резервација и уплати. Охрид - новогодишен амбиент "Групите од Бугарија кои беа најавени ни откажаа. Гостите кои доаѓаат ќе бидат претежно од Србија, а имаме и македонски гости." Новогодишните цени во Охрид се на ланско ниво и тие се движат од 100 па до 250 евра за тридневните аранжмани со свечениот дочек. Претседателот на хотелиерката организација, "ХОТАМ", Дончо Таневски вели дека минатата година ова време веќе 70 проценти од хотелските капацитети биле резервирани и уплатени. "Годинава е катастрофално. Немаме 10 посто од капацитетите исполнети со резервација и уплати. Се што беше најавено, и непотврдено со уплати имаме откажувања големи." Охридскиот градоначалник Александар Петрески апелира до сите вклучени во туристичкиот сектор итно да преземат мерки за привлекување на што поголем број гости. "Хотелиерите ако знаат дека ситуацијата е таква треба нагло да ги спуштата цените, како што авио компаниите ги спуштаат цените и летаат за 30 евра, зошто да не се спуштат цените и кај хотелиерите? Истото треба да го направат и газдите на рестораните."Кој одел во Маврово, ќе оди во Маврово Ски терените , зимската идила и поевтините цени на Маврово годинава привлекуваат многу повеќе од лани , странски и домашни туристи.Саше Ристовски кој работи како менаџер во еден од хотелите во Маврово вели дека безвизниот режим не влијае негативно врз бројот на гостите . "Ние за сега не го чувствуваме тоа. Бројот е зголемен во споредба со лани. Мислам дека ќе има поголем ефект на летната сезона, отколку зимската. И претходно луѓето имаа опции, но мислам дека луѓето што доаѓаа во Маврово и понатаму ќе доаѓаат во Маврово."Државни субвенции за странски туристи Од агенцијата за подршка и развој на туризмот велат дека имаат стратегија за привлекување на туристи во Македонија. Директорот на агенцијата, Зоран Стрезовски вели дека досега испратиле понуди до туристичките агенции во соседните земји за дочек на новата Секој оној туроператор кој ќе донесе странски туристи во нашата земја ќе има право да рефундирање на дел од средствата, се со цел нашиот туристички производ да биде поконкурентен на таргетираниот пазар година и за зимскиот одмор. Ќе донесат ли државните субвенции странски туристи? "Значи, има позитивна реакција, но останува знаете, секогаш понатамошните договарања со хотелите. Односно, проблем е цената на сместувањето. Другите региони, односно другите земји со пониска цена привлекуваат странски туристи." Стрезовски како дел од стратегијата за привлекување на туристи ја наведува одлуката од 1 јануари да се субвенционираат странските туристи. "Секој оној туроператор кој ќе донесе странски туристи во нашата земја ќе има право да рефундирање на дел од средствата, се со цел нашиот туристички производ да биде поконкурентен на таргетираниот пазар." И туристичките работници а и граѓаните влеат дек аоваа година била една од најтешките, барем што се однесува до финансискиот дел, па затоа тие оставаат за наредната година да се искористат бенефициите од визното ослободување.
fineweb-2
Посетата на американскиот државен секретар Колин Пауел на Москва доаѓа во време кога Русија покажува знаци на омекнување на нејзиното спротивстваување на американските планови за Ирак. Според очекувањата дводневните разговори ќе бидат од голема важност за добивањето поддршка за резолуцијата за поствоен Ирак што Вашингтон ја претстави во Советот за безбедност на Обединетите Нации. Шефот на руската дипломатија Игор Иванов пред посетата на Колин Пауел изјави дека двете страни имаат можност да ги зацврстат односите кои донекаде беа нарушени по спротивставувањето на Москва за американската интервенција во Ирак. "Во врска со ирачката кириза, ние не дејствувавме еден против друг, туку ги браневме различните начини како да се дојде до решение за еден многу комплексен меѓународен проблем." Иванов и Пауел по нивната прва средба, предвидени се неколку рунди за време на престојот на државниот секретар, изразија надеж дека руската Дума ќе ја ратификува спогодбата за намалување на стратегиското нуклеарно оружје што претседателите на двете земји ја потпишале пред една година. Оваа спогодба веќе е ратификувана од американскиот сенат. Пауел исто така изрази надеж дека Владимир Путин и Џорџ Буш да ги разменат веруфикуваните спогодби на претстојната нивна средба кон крајот на месецов во Санкт Петерсбург во рамките на одбележувањето на триста годишнината на градот.
fineweb-2
Line Лејн КоувWhatsChat | WhatsChat vs WhatsApp | WhatsChat vs Telegram | WhatsChat vs Line Line Лејн Коув vs WhatsChat Лејн Коув Големата разлика betwen Line Лејн Коув и WhatsChat Лејн Коув, е дека WhatsChat Лејн Коув ви овозможува да разговарате со илјадници странци во близина на Вашата моментна локација, додека Line Лејн Коув ви овозможува да разговарате со вашиот телефон контакти. Со нашиот стан, тоа е лесно да се дојде во контакт со странци и излегуваат заедно, излегувам за кафе или за она што сакате. WhatsChat Лејн Коув има систем на Прецизни што ќе ги поврзува брзо со странец кој совршено би можело да биде многу блиску до вас. WhatsChat Лејн Коув ви овозможува да изберете помеѓу текстуален режим или режим на камера (преку веб-страница). На овој начин ќе се доживее сите на посебните карактеристики на нашата апликација. Можете да пристапите нашите разговор апликација преку нашата веб страница или ако сакате од нашата мобилна апликација. Следниве покажува врската преку која можете да пристапите нашата апликација: |На веб-сајтот||Преку мобилен||Мулти-јазик||Разговор со контактите во телефонот||Разговор со странци||Прикажи луѓе блиски до вашата локација| |Line| |WhatsChat| List of cities in Лејн Коув:Сите градови
fineweb-2
Грчкиот парламент денеска го реизбра за втор петгодишен мандат претседателот Каролос Папуљас, јавуваат новинските агенции. Осумдесет годишниот Папуљас доби 266 гласови во 300 члениот парламент. Поранешниот социјалистички министер за надворешни работи беше единствениот кандидат за церемонијалната функција и во голема мера ја имаше поддршката и на владеачката Социјалистичка партија и на опозициските конзервативци. Неговиот реизбор веднаш беше честитан од претседателот на Македонија Ѓорге Иванов.
fineweb-2
Можат ли меѓународни мировни сили да донесат мир во Јужен Либан. Како што конфлктот меѓу Израел и Хезболах се разгорува, така се зголемија и апелите за воспоставување вакви сили. Денеска во Рим на таа тема состанок на високо ниво на Соединетите Држави, Русија, европските земји и Јордан, Египет и Саудиска Арабија. Израел условено, ја прифаќа идејата, но предизвиците, како што јавува Џефри Донован, за реализација на идејата во практика изгледаат големи и обесхрабрувачки. Обединетите Нации веќе имаат 2000 мировници во Либан и тие се таму повеќе од 25 години. Но тие тешко дека можеда да сторат нешто во врска со мирот затоа што, меѓу другото, проблемот е и во мандатот даден уште во 1978 година, вели Милош Струга портпарол на мисијата УНФИЛ. "УНФИЛ нема законска моќ, никогаш и ја немаше уште од инвазијата на Израел врз Либан во 78 година. Ние немаме моќ да ги присилиме страните. Нашиот мандат е да набљудуваме и известуваме. Тоа и го правиме." Идејата за креирање голема силна мултинационална сила во Јужен Либан на Генералниот Секретар Кофи Анан и британскиот премиер Тони Блер се состои во тоа тие да патролираат во бафер зона во Јужен Либан од каде што ќе бидат отстранети милитантите на Хезболах со што ќе нема натамошно истрелување ракети врз Израел. Условни Израел ја прифаќа идејата. Министерот за одбрана Амир Перец сугерира дека тие сили би можеле да бидат водени од НАТО или членките на Европската Унија. Експертот Нил Килијан од Лнодн вели дека Израел верува оти со деградирање на Хезболах и во наредните денови, ќе може да се создаде терен за распоредување такви сили. "Ние веројатно ќе видиме значајно оштетување на Хезболах со што Израелците ќе се чувствуваат комотно, првенствено ако сили предводени од Европа го имаат следниов мандат. Прво, полиција на границата. Втор продолжување на разоружување на Хезболах, и трето – работа со Либанската влада за да си го врати суверенитетот врз Јужен Либан." Меѓутоа, изралците не веруваат дека во Нато е можен консензус за таква деликатна мисија, меѓу другото и поради презафатеноста на Алијансата која се готви да ја преземе мисијата во Авганистан, една од најголемите и најопасни мисиии досега. Второ, проблемот е што водечките европски земји се вмешани во иранското нуклеарено прашање, а Иран е клучен подржувач на Хезболах. Доколку Британија, германија и Франција бидат вклучени во тие сили ќе се комплицираат работите и прашање е дали тие ќе можат да ги исчистат остатоците од Хезболах во Јужен Либан Токму поради тоа,вели Килијан, американците засега се воздржани и му даваат време на Израел да го ослаби Хезболах во Јужен Либан.
fineweb-2
Претставници на израелците и палестинците се состанаа по втор пат во Ерусалим, но разговорите беа во сенка на израелските планови за изградба на нова населба во близина на Ерусалим. Овој план е критикува од Соединетите Држави и од Европската Унија. Вчера, палестинскиот преговарач изјави дека Израел треба да избере меѓу патот на преговори и мир, или нови населби.
fineweb-2
Во Прага денеска се одржува состанокот на седумте најголеми политички партии во Босна и Херцеговина со преставници на Европската унија. На овој состанок со кој преседава комесарот на ЕУ за проширување, Штефан Филе ќе треба, меѓу другото, треба да се дефинира извршување на пресудите на Европскиот суд за случајот на "Сејдиќ - Финчи"
fineweb-2
Репрезентацијата на Холандија го освои третото место на Светското првенство во Бразил откако синоќа во "малото финале" со 3:0 го победи домаќинот Бразил. Холандската репрезентација на тој начин за првпат го освојува бронзениот медал на Мундијалите.На самиот почеток на натпреварот по фаулот на Тиаго Силва над Ариен Робен судијата од Алжир Џамел Хаимуди покажа на белата точка. Сигурен реализтор на пеналот беше Робин Ван Перси во 3.минута. На 2:0 во 17.минута зголеми Далеј Блинд, а голот за конечни 3:0 го постигна Џорџинио Вајналдум во судиското продолжение на вториот дел (90+1). Репрезентативците на Бразил со исклучок на одредени моменти, повторно одиграа слаб натпревар како полуфиналето со Германија. Финалето на Светското првенство меѓу Германија и Аргентина се игра вечер со почеток во 21 часот на стадионот "Маракана" во Рио де Женеиро.
fineweb-2
За оние кои се освои значителен износ на професионални бизнис искуство и се подготвени да работат во повеќе видно место, на Извршниот МБА (IACBE) е следниот чекор. Предмети за сметководство, лидерство и финансии се меѓу субјектите истражени. На EMBA или Извршниот Магистер за бизнис администрација е специјално дизајнирана програма со која става посебен акцент на лидерски и менаџерски вештини за студентите. EMBA програмата може да трае околу три до четири години на студии за да се добие. Онлајн учење се однесува на употребата на електронските медиуми и информатичките и комуникациските технологии (ИКТ) во образованието. Со онлајн учење некој има флексибилност за да имаат пристап до своите студии во секое време и од било каде тие можат да се логирате на. Италија, официјално на Италијанската Република, е унитарна парламентарна република во рамките на Европската унија, кој се наоѓа во Јужна Европа. На север, се граничи Франција, Швајцарија, Австрија и Словенија по должината на Алпите. За сите оние кои се интересираат за студирање Мода и најновите трендови Милан е најдобро место да се оди. Таа ги има сите добар тренинг институции кои обезбедуваат добар квалитет на образование по разумна цена. Универзитетот на Милан и Политехничкиот универзитет во Милано се некои од познати универзитети. Он-лајн EMBA Милан - Земи си EMBA во Милан. Земете ги сите EMBA програма и училиште информации. Заштедете време и се јавите во училиштето директно тука! Извршниот Магистер за бизнис администрација прави продолжување на образование е можно за студентите кои веќе влегоа во светот на бизнисот. помеша учење решение ЕСЕ комбинира лице во лице, училница модули со фази на учење на далечина и бара од учениците иста концентрација и дисциплина во училницата, како самостојно, онлајн. [+]
fineweb-2
Четириесест проценти од вкупниот број на бремености во светот во 2012-та година биле непланирани, покажува извештајот на Институтот Гатмахер. Сега, создадена е и се тестира контрацепциска инјекција за мажите – која наводно е 96 отсто ефективна. Контрацепциската течност го потиснува создавањето на семена течност до точка до која е мала веројатноста за забременување. Се убризгува секои два месеци за да се одржува ефикасноста, но доаѓа со низа несакани ефекти. Машката контрацепција е создадена и се тестира веќе една година од страна на тим научници во Светската Здравствена Организација (СЗО) и Школата за медицина од Вирџинија, САД. Студијата е спроведена во десет центри во седум држави: САД, Австралија, Индонезија, Чиле, Германија, Британија и Индија. Деталите од студијата ќе бидат објавени на интернет. Марио Фестин, доктор во Одделот за репродуктивно здравје и истражување во Женева, во рамки на СЗО вели: "Со помош на комбинација од хормоните тестостерон и прогестерон, може да се намали продукцијата на спермазоидна течност до степен што би претставувало начин за контрацепција", вели д-р Фестин. Контрацепцијата всушност содржи комбинација на машкиот хормон тестостерон, кој значително го намалува бројот на сперматозоиди, како и прогестерон, хормон кој го имаат и двата пола, но кај мажите влијае на престанокот на продуцирање на сперматозоиди. Контрацепцијата подразбира серија на инјекции во рок од неколку месеци пред бројот на сперматозоиди да се намали на доволно ниско ниво за да се спречи забременување. На тестирањето во кое учествувале 320 здрави мажи на возраст помеѓу 18 и 45 години, инекциите предизвикаа различни несакани ефекти како резултат на високото ниво на хормони потребни за превенција на бременост. Акни, депресија, зголемено либидо како и болка на местото каде е вбризгана инјекцијата, биле забележани кај мажите на кои инјекцијата била тестирана. Бордот на СЗО кој го мониторираше експериментот, го стопираше тестирањето, но им дозволи на научниците да ги следат и понатаму мажите. За една година кај сите мажи вредностите на семената течност се вратиле во нормала. Фестин вели дека машката контрацепциска инјекција мора прво да се подобри пред да биде пуштена во употреба, на што се` уште работат научниците. Џамин Брамбат, уролог од Флорида вели дека било време да се појави контрацепциска инјекција за мажи. "Поголемиот товар во моментов паѓа на жените кога станува збор за контрацепција, така што мислам дека ова ќе помогне дел од таа одговорност да ја преземат и мажите", вели тој. И покрај несаканите ефекти, научниците велат дека 75 отсто од мажите кои учествувале во експериментот одговориле дека би продолжиле и во иднина да го користат овој начин на контрацепција.
fineweb-2
Најпознатата компанија за долна облека "Victoria's Secret" како и секоја година, организираше кастинг на кој се одбираа девојките кои ќе настапат на нивниот најголем моден спектакл, кој годинава ќе се одржи на 10 декември. Оние девојки кои најдобро ќе се покажат пред жирито ќе добијат шанса да бидат дел од шоуто, кое секоја година го привлекува вниманието на светската јавност. Засега само се знае дека Кендис Сванапул ќе го носи дијамантскиот градник "Fantasy Bra".
fineweb-2
Делегати од 200 земји се собраа денеска во Доха, главниот град на Катар, во последен обид да се дојде до општ договор на Конференцијата на ОН посветена на климата. Протоколот од Кјото од 1997-та истекува до крајот на годината, ако не биде продолжен. Катар предлага тој да се продолжи до 2020 година во обид да се надмине ќор-сокак во кој западнаа разговорите за нов договор за намалување на емисиите на штетни гасови. Договорот од Кјото обврзува околу 35 индустријализирани земји да ги намалат емисиите на стакленички гасови. Двонеделниот состанок требаше да заврши во петок. Несогласувањата за финансирање на сиромашните земји да се справат со глобалното затоплување е уште една причина за продолжување на времетраењето на разговорите.
fineweb-2
Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу ќе биде првиот претставник на косовските институции кој на тринаесетти овој месец ќе му се обрати на Советот за безбедност на Обединетите нации. Тој ќе зборува за ситуацијата на Косово и посебно за процесот на преговори за неговата независност. Обраќањето на претседателот на Косово Фатмир Сејдиу на одвоена седница на Совет за безбедност во Приштина се оценува како настан од исклучително важност: "Значајно е тоа што претседателот на Косово во Советот ќе говори за состојбата на косово, но повеќе и за статусот и независноста и суверенитетот на Косово," вели за Радио Слободна Европа, Мухамед Хамит висок политички советник на косовскиот претседател кој додава дека со тоа членките на Советот за безбедност ќе имаат можност од прва рака да се информираат за она што се случува на Косово. На ист став е и политичкиот аналитичар Енвер Хоџај кој оценува дека е сосема е во ред инсистирањето пред Советот за безбедност да говори не само премиерот на Србија, туку и премиерот на Косово: "Дефинитвно присуството на претседателот на Косово на форумот каков што е Советот за безбедност покажува дека утврдувањето на конечниот статус на Косово ќе биде нејзино признавање како идна држава. Учеството на претседателот потврдува дека на крајот иднината на оваа земја ќе биде во рацете на нејзините граѓани и легитимни претставници." Советник Хамити вели дека претседателот на Косово се уште не добил официјална покана за состанокот на врвот со претставници на Србија што е најавен за дваесет и четврти овој месец. Сепак, тој додава дека ставот на Косово за ваквите состаноци е јасен: "Постои преговарачки процес со кој раководи Ахтисари. Косово учествува во него. Состаноците со српските претставници можат да се одржуваат само на меѓународни собири и на мултилатерално ниво." Вели Хамити. Инаку, предвидено е Советот за безбедност да одржи една редовна и две консултативни седници. На редовната која ќе биде затворена за досегашниот тек на преговорите ќе зборува Ахтисари, додека претседателот на Косово Сејдиу и премиерот на Србија Коштуница тоа ќе го сторат на одвоени консултативни седници.
fineweb-2
Украинскиот Уставен суд ја забрани употребата на советското знаме за комеморациите по повод Втората светска војна. Овој чекор претходно беше одобрен од прорускиот шеф на државата Виктор Јанукович кој потпиша закон со кој црвеното знаме со срп и чекан може да биде истакнато на владини згради по повод годишнината од победата врз нацистичка Германија.
fineweb-2
Русија, Кина и Индија бараат воздржаност и политички и дипломатски одговор на северно-корејското лансирање на ракета, изјави денеска во Москва рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по разговорите со колегите од Кина и Индија. Лавров додаде дека Русија е против нови санкции, нагласувајки дека со тоа нема да бидат надминати тензиите на Корејскиот Полуостров.
fineweb-2
Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека официјален Вашингтон интензивно соработува со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи откако талибанските милитанти отворија политичка канцеларија во Катар. Соработката со официјален Кабул е соодветна и вистински потребна додаде Кери. Американскиот специјален пратеник во Авганистан Џејмс Добинс денеска изјави дека Вашингтон е разлутен од отворањето на талибанска канцеларија во Катар.
fineweb-2
Соединетите Држави ја одобрија можната продажба на оружје на Саудиска Арабија во вредност од шест милијарди долари. Пентагон соопшти дека во продажбата, меѓу другото, се вклучени дваесет и четири хеликоптери од типот Блек Хок и над седумстотини околопни возила. Сега Конгресот има рок од триесет дена да ја спречи ваквата продажба но, таквиот чекор во Вашингтон се смета за многу редок.
fineweb-2
Американскиот државен секретар за одбрана Леон Панета изјави дека расте загриженоста околу последиците од каква било воена акција против Иран, додека траат разговорите со Израел.Тој кажа дека во случај на напад врз Иран може да има последици врз светската економија и дека тоа ќе ја врати назад иранската нуклеарна програма, за која таа земја вели дека е за мирољубиви цели. Панета денеска треба да присисуствува на безбедносен форум во Канада каде ќе има билатерални разговори со израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак.Тензиите околу иранската нуклеарна програма се зголемија откако Меѓународната Атомска енергија во извештајот од минатата недела предупреди дека Техеран работи на производство на нуклеарно оружје.
fineweb-2
Украинските власти и проруските бунтовници извршија размена на затвореници во источниот дел на земјата. 139 украински војници и 59 бунтовници биле разменети на 20 километри западно од Луганск. Размената е клучен дел од договорот за прекин на огнот постигнат помѓеу лидерите на Франција, Германија, Русија и Украина на 12 февруари. Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека САД и неговите европски сојузници се во разговори за спроведување построги санкции врз Русија.
fineweb-2
Откако Slide to Unlock патентот на Apple претставуваше значително интензивна главоболка на Samsung, решението за овие клучни проблеми можби доаѓа да дојде директно од матицата на нивниот софтвер, Google. Google претходно експериментираше со софтвер за препознавање лица преку кој ќе се отклучуваат Android уредите, но тој метод беше "генијално" пробиен со користење на слика на сопственикот на уредот. Сега Google работи на алтернативни начини за отклучување на Аndroid уредите, меѓу кои и гласовна идентификација, што може да служи две функции, открива Patently Apple. Со една наредба, корисникот ќе ја започне бараната функција кај телефонот, со што и ќе го вклучи. На сличен метод ќе можете да пристапите кон некои апликации директно, уште кога е заклучен вашиот телефон, со тоа што уникатниот начин на пристапување на апликацијата ќе биде регистриран исто така и како наредба за вклучување. Отклучувањето на телефонот исто така би можело да се одвива преку цртање на едноставен симбол, но овој метод потенцијално може да биде пробиен од некој што внимателно набљудува од страна, посебно ако вашиот симбол е знакот плус како што кај лозинките најпопуларни се лозинките 1234 или qwerty. Овие патенти се сè уште во рана фаза и не е сигурно дека ќе бидат имплементирани, или кои од нив ќе бидат имплементирани. Традиционално е за големи компании да аплицираат за голем број на патентни, многу од нив спекулативни, што никогаш не ни стигаат до масовно производство или пазарот.
fineweb-2
мн. права Вид збор: Именка, среден род 1. (само едн.) Систем од правила и норми што ги регулираат односите меѓу луѓето и односите кон општеството, востановени од страна на владејачката класа или државата.Примери: Римско право Буржуаско право 2. Збир од закони и прописи што се однесуваат на државното уредување, општествениот живот и дејност.Примери: Кривично право Наследно право Уставно право 3. Она што му припаѓа на поединецот врз основа на законски одредби и прописи што ги гарантира државата.Примери: политички права право на глас право на школување авторско право станарско право 4. Можност, слобода да се постапува на определен начин.Примери: Нема право да згреши. Има право да одговори. Има право на избор. Тоа ми дава право да се борам до крај. 5. Законска основа, причина.Примери: Со кое право го барате тоа од мене? Со право барам дел од имотот. Со право гледаме во него наш водач. 6. Наука што ги изучува правните норми.Примери: Студира право. доктор по право Изрази Право на државјанство - право да стане државјанин на една земја. Право на граѓанство - сите права и должности што ги има граѓанинот на една земја. Има/нема право за (на) нешто - има/нема правна или морална основа за нешто (да направи, да присвои).
fineweb-2
На американско – европскиот самит во Вашингтон се разговараше за отворените прашања меѓу Соединетите држави и Европската Унија. Американскиот претседател Џорџ Буш, претседателот на Европската Комисија Романо Проди и грчкиот премиер Костас Симитис на прес конференцијата во Белата куќа рекоа дека најголема закана за мирот во светот е глобалниот тероризам. "И на Соединетите Држави и на Европската Унија им се заканува глобалниот терор и ние сме решени да го победиме. Ние потпишавме нов договор за да ја зголемиме нашата легална соработка во војната против тероризмот и за зголемување на екстрадицијата на терористите." изјави американскиот шпретседател Џорџ Буш. Во врска со Иран Соединетите држави и Европската Унија се согласија дека Техеран не смее да произведува нуклеарно оружје, а како заеднички интерес го наведоа и исполнувањето на меѓународниот мировен план за Блискиот Исток. Во врска со разликите околу трговските односи и надворешната политика меѓу Евроспката Унија и Соединетите држави грчкиот премиер Костас Симитис чија земја е преседавач на Унијата рече. "Соединетите Држави и Европската Унија не можат во сите сфери на надворешната политика или трговските односи да имаат исто мислење. Ке има разлики, но пријателството претполага дека разликите се прифаќаат и дека може да се справиме со нив." Евро комесарот Романо проди на прес конференцијата во Вашингтон изјави дека е заедничка должност на Соединетите Држави и Европската Унија да го донесат мирот во светот.
fineweb-2
Канадските медиуми предвидуваат дека на општите избори во земјата ќе победат конзервативците предводени од премиерот Стивен Харпер. Се уште не се знае дали партијата на Харпер ќе го освои и парламентарното мнозинство. Харпер изјави дека доколку конзервативците не освојат мнозинство, веројатно опозиционите либерали и демократи ќе формираат влада која ќе ја уништи економијата со високи даноци.
fineweb-2
Меркел: Санкциите за Русија остануваат, Москва не ги исполни условите Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека нема причина за укинување на европските санкции кон Русији бидејќи Москва не ги исполни сите обврски преземени со спогодбата од Минск. Во интервју за РНД, Меркел кажа дека Русија со анексијата на Крим во 2014 година предизвикала голема криза во Европа. – Европа мораше да реагира против кршењето на основните принципи – порача Меркел,. Таа наведе дека со францускиот претседател Франсоа Оланд вложуваат огромни напори Украина и Русија да го исполнат договорот за прекин на огнот од Минск и покрај сите тешкотии. Според неа, тоа бил и останува параметарот за тоа што во иднина ќе се случи со санкциите. Во јуни ЕУ одлучи поради сударот во Украина да ги продолжи санкциите против Русија до крајот на јануари следната година. МИА
fineweb-2
Претставникот на ОН во Мјанмар Ашок Нигам изјави денеска дека над 22 илјади луѓе се раселени од западниот дел на земјата поради насилството кое во изминативе месеци е честа појава. Станува збор за религиски мотиварани судири при кои, според податоците од владата, во изминатава недела загинале 67 луѓе а ранети се 95. Светската организација Хјуманс рајтс воч објави саталетска снимка на која се гледа како еден цел град е уништен. Организацијата смета дека во Мјанмар бројот на загинати при судирите е поголем од оној што го соопшти владата.
fineweb-2
Интернет страницата на Радио Слободна Европа за Крим е делумно недостапна од вчера во одредени делови на полуостровот. Локалните интернет корисници за РСЕ велат дека не се во можност да пристапат на овој сајт преку неколку интернет провајдери, пред се во северниот, централниот и источниот дел на Крим. Засега нема официјални објаснувања зошто не може да се пристапи до интернет страницата. Во мај, руските власти го блокираа пристапот до сајтот на еден ден, со објаснување дека има материјали кои содржат "нелегални информации", без притоа да дадат повеќе детали. Русија го анектираше Крим од Украина во март 2014 година.
fineweb-2
Поранешниот шеф на Управата за безбедност и контразузнавање Сашо Мијалков денеска се појави на распит во Специјалното јавно обвинителство, јавува инетренет порталот "НОВАТВ". Според неофицијалните информации Мијалков треба да даде исказ за случајот "Тортура". Случајот што го покрена СЈО е во врска со начинот на кој е уапсен лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски, ден по изборите во 2011. Покрај Мијаков дел од осомничените се припадници на специјалната единица Алфи. Претходно СЈО побара на полициските специјалци осомничени во случајот да им се забрани вршење на полициски овластувања. Мијалков во овој предмет е првоосомничен, а командантот на единицата Алфи е второсомничен.
fineweb-2