text
stringlengths
205
626k
source
stringclasses
1 value
Најмалку осум луѓе се убиени во пукотници во трговски центар во Минхен, Германија. Властите се сомневаат дека станува збор за терористички напад. Полицијата трага по тројца осомничени за нападот во трговскиот центар Олимпија, по што полицијата спроведе голема акција и прогласи вонредна состојба. Минхенската полицијата соопшти преку Твитер дека осум луѓе се убиени, а непознат број луѓе се повредени во нападот. Во соопштението, минхенската полиција наведе дека "осомничените се уште се во бегство" и ги повика луѓето да останат во своите домови или ако се надвор, да побараат засолниште во затворен простор. Засега нема информации дали меѓу настраданите има македонски државјани. Властите во покраината Баварија и федералните германски власти не даваат информации за идентитетот на загинатите и повредените во нападот во Минхен, но според организациите на Македонците во Германија, како што јави дописникот на МИА од Берлин, засега нема сознанија за македонски граѓани меѓу настраданите во терористичкиот напад.
fineweb-2
Проектот "Truck Art Project" е плод на креативната соработка помеѓу Jaime Colsa, сопственик на шпанската компанија за транспорт "Palibex", и уметничката галерија "iam Gallery Madrid". Идејата и целта на иновативниот проект е од непривлечните и безлични лица на товарните камиони да се создадат современи и неконвенционални уметнички дела. За реализацијата на проектот "Truck Art Project" досега беа вклучени низа познати улични уметници и артисти од Шпанија, меѓу кои Javier Arce, Suso33, Okuda San Miguel, Abraham Lacalle, Marina Vargas,Javier Calleja и Daniel Muñoz. Креативците имаа за задача да ги "дотераат" екстериерните лица на 10 товарни камиони и да ги трансформираат во подвижни галерии. Резултатот се уникатни уметнички камиони што ќе "прошетаат" на патиштата низ Шпанија претставувајќи интересни уметнички мурали, дела на познати графитџии и уметници.[fb_button]
fineweb-2
Холивудската ветеранка, актерката Џејн Фонда, предизвика сензација на доделувањето на наградите "Греми" во кои се појави во фантастичен зелен комбинезон. Легендарната 77 годишна актерка, која со своето витко тело им задава многу тешки домашни задачи на нејзините колешки, воодушеви со својот изглед. Двојната оскаровка од лицето не ја симнала насмевката шетајќи со својот партнер Ричард Пери со кого е во врска пет години. Со малку шминка и нејзната препознатлива фризура, Џејн сјаела на црвениот тепих.
fineweb-2
Исламска држава објави ново видео на кое се гледа како дете обезглавува заложник, а потоа упатува закани до Западот, пишува "Дејли експрес". Видеото се појави утрово, а на него момчето за кое се верува дека има околу 14 години го турка заложникот за врат. Америка, ова се војниците што ги вооруживте и трошевте пари за да се борите против Шеријатот на Алах, ќе ги уништиме како што го уништивме Ирак… Нема бегање, вели момчето додека со ножот покажува кон гледачот на видеoто. Инаку ова не е прв пат џихадистите од ИД да користат деца за нивните пропагандни видеа. Момчиња на пет годишна возраст беа охрабрени од ИД да ги убијат сопствените родители, а потоа да ги развеат знамињата на ИД.
fineweb-2
Тунелот (роман) |Тунелот| |Автор||Ернесто Сабато| |Наслов на оригиналот |El túnel| |Земја||Аргентина| |Јазик||Шпански| |Жанр(ови)||Роман| |Издадена||1948| Тунелот (од шпански El túnel) е темен, психолошки роман напишан од аргентинскиот писател Ернесто Сабато за пореметениот сликар, Хуан Пабло Кастел и неговата опсесија со една жена. Насловот на романот упатува на симболот на Кастеловата емоционална и физичка изолација од општеството која станува се повеќе и повеќе очигледна додека Кастел од својата ќелија ги раскажува настаните кои воделе до убиството на единствената личност која можела да го разбере. Пронижан со егзистенцијалистички теми, по неговото објавување во 1948, Тунелот доби ентузијастичка поддршка од Албер Ками и Грахам Грин. Содржина[уреди | уреди извор] Приказната започнува со главниот лик претставувајќи сè самиот себе си како "сликарот која ја уби Марија Ирибарне" ,пред да навлезе во околностите кои водат до нивната прва средба. Опсесијата на Кастел започнува во есента 1946 г. кога на една негова изложба тој забележува жена која се фокусира на еден посебен, мал детаљ на неговата слика "Maternidad"(Мајчинство). Тој смета дека таа забелешка е особено важна бидејќи го цени тој детаљ како најважниот аспект на сликата, но на кој никој освен самиот тој и таа жена не му обрнал внимание. Пропуштајќи ја приликата да ѝ се приближи пред таа да си замине од изложбата, тој ги поминува наредните неколку месеци опседнувајќи се со неа, барајќи начини да ја најде во гужвата и големината на Буенос Аирес и фантазирајќи за тоа што би ѝ кажал. На крајот, откако ќе ја види како влегува во зграда која тој претпоставува дека е нејзиното работно место, тој размислува како да ѝ се доближи и да ја праша за детаљот во сликата. Тој ѝ се приближува и дознава дека нејзиното име е Марија Ирибарне. По нивната дискусија околу сликата, Кастел и Марија се договараат да се видат повторно. Потоа станува јасно дека таа е мажена за слеп човек кој се вика Аленде и живее на улицата Посадас во северниот дел на градот. Но, како што Кастел продолжува да се гледа со Марија нивната врска станува доминирана од неговите опсесивни испрашувања за нејзиниот живот со мажот ѝ, зошто не го зела неговото презиме и за нејзините длабоки мисли, прашања кои таа не може да ги одговори на начин на кој би го направила него задоволен. Поради тоа незадоволство, опсесивните мисли на Кастел го водат до секакви ирационални сомнежи за љубовта која тој мисли дека постои измеѓу нив двајцата. Овие нервози се зголемуваат кога тој и Марија ќе заминат на патување на една "estancia", селски имот во Мар дел Плата, кој го поседува братучедот на Аленде, Хантер. Атмосферата, присуството и однесувањето на другите роднини и начуената, но не и разбрана караница меѓу Марија и Хантер ја зголемува паранојата на Кастел, со што тој заминува од имотот со само некој збор кажан на еден од вработените. Додека чека на станицата за да замине од местото, Кастел очекува Марија да дознае дека тој си заминал и да дојде да го запре. Бидејќи таа не доаѓа тој си ги потврдува неговите негативни чувства. По враќањето дома во Буенос Аирес, Кастел пишува писмо во кое ја оптужува дека таа спие со Хантер, кое веднаш по испраќањето зажалува што го напишал. Тој гневно, но неуспешно се труди да убеди вработен во поштата да го врати писмото,но подоцна се помирува со фактот дека судбината решила тоа да стигне до својата дестинација. Потоа Кастел зборува со Марија на телефон, таа безволно се согласува повторно да се сретне со него иако му кажува дека од тоа нема ништо добро да излезе и за обајцата и всушност тоа може да биде и полошо за него. Кога таа не доаѓа во Буенос Аирес тој заклучува дека Марија е всушност проститутка која го изневерува мажот и не само со него туку и со Хантер па и други мажи. Во момент на бес оди до имотот. Таму чека, надвор скриен, гостите да си заминат од големата куќа. Во меѓувреме неговите внатрешни немири кулминираат до момент кога замислува како тој и Марија се одминуваат во животот во паралелни ходници или тунели, каде што неговиот е: " еден тунел, темен и самотен; мојот, тунелот каде ми поминаа и детството, и младоста, и целиот живот". По извесно време Кастел влегува во куќата, оди во собата на Марија, каде ја обвинува дека го оставила сам на светот и ја избодува до смрт. По нападот, Кастел се појавува во канцеларијата на Аленде за да му каже дека ја убил Марија бидејќи спиела со Хантер, но брзо открива дека Аленде е многу добро запознаен со ситуацијата. Викајќи одново и одново дека Кастел е будала, Аленде залудно се труди да се избори со Кастел, по што Кастел заминува и се пријавува во полиција.
fineweb-2
Македонската филхармонија утре напладне во Македонскиот народен театар ќе изведе Божикен концерт, под диригентство на Саша Николовски-Ѓумар. Оркестарот ќе изведе дел од најубавите композиции на руската класична музика – свитата "Оревокршачка" од Чајковски, "Половецки танци" од операта "Кнез Игор" од Бородин, Интермецо од балетот "Рајмонда" од Глазунов, "Валс – фантазија" од Глинка и "Големата порта на Киев" од "Слики од изложба" од Мусоргски, пренесува МИА. Филхармонијата најави дека по концертот за Божик ќе ја продолжи концертната сезона со атрактивна програма. – Кон крајот на јануари е концертот "Танц на судбината" со Мартина Фиљак на пијано од Хрватска и маестро Емил Табаков како диригент, а ќе биде изведен Концертот за пијано и оркестар бр. 1 од Лист и грандиозната Петта симфонија од Густав Малер, една од најдобрите симфонии воопшто, за која посебно се подготвуваме. Следуваат концертите во февруари, првиот по повод Денот на вљубените кој ни стана традиција, овој пат насловен "Некој ме гледа романтично" со маестро Кеј Скалионе и сопранот Голда Шулц од САД со пригодна програма, додека вториот е, исто така, мошне возбудлив – "Клецмер фешта" со виртуозот на кларинет Исмаил Лумановски и диригентот Дорон Соломон, соопшти Филхармонијата.
fineweb-2
Ирачкиот премиер Нури Ал Малики денеска повика фудбалерските фанови да не ја прославуваат победата на националниот тим со пукање со пиштоли, затоа што, како што вели, праксата покажала дека редовно некој гине. Забелешките доаѓаат пред пријателскиот фудбалски натпревар со кувајтската репрезентација. Малики повика да се преземат сите можни законски мерки кон оние кои што ќе пукаат од своето оружје за да го одбележат успехот на ирачкиот фудбалски тим.
fineweb-2
Авантурата на македонскиот ракометен репрезентативец Ацо Јоноски во Ла Риоха започна неуспешно. Тој вчера дебитираше за својот нов клуб, но Ла Риоха беше поразена на домашен терен од Гранољерс со 30:33, што е прв пораз за овој тим по серијата од девет едноподруго победи во АСОБАЛ. Ла Риоха е второпласирана екипа на табелата во АСОБАЛ со 32 бода, три повеќе од третопласираниот Гранољерс. Максимален број бодови на врвот на табелата има Барселона на Кире Лазаров.
fineweb-2
Со културни настани на струшкото пливалиште, а потоа и на другата страна од Дрим, изложба на фотографии од Струга и стружани, доделување на награди на авторите и музики настапи, стружани ќе го означат крајот на шестмесечниот проект "Единство во различноста", што во оваа мултиетничка средина го реализира локалната агенција за развој, поодржан од програмата на ОН, "Зајакнување на дијалогот и соработката меѓу Општ заклучок од дебатите е дека порано се живеело многу подобро. Не само во времето на на поранешна Југославија, туку и претходно во Турското време, речиси и да немало некои поголеми меѓуетнички конфликти, како што има денес. етничките заедници". Низ дебати со 200 учесници, граѓани, претставници на различни етникуми, религии, познати професори и интелектуалци, бизнис луѓе, новинари и зимски камп на ученици во Крушево, стружани го отворија дијалогот меѓу различните етнички заедници во Струга, ги уриваа бариерите и предрасудите на различностите, за кои сметаат дека ги немало во минатото, а сега се резултат на политички манипулации и мешање на централната власт во локалните проблеми. "Општ заклучок од дебатите е дека порано се живеело многу подобро. Не само во времето на на поранешна Југославија, туку и претходно во турско време, речиси и да немало некои поголеми меѓуетнички конфликти, како што има денес. Јазикот, обичаите, црквите, знаеме дека се уште се сочувани дури и по 500 години, на еден начин, окупација на Македонија. Луѓето соработувале, се збратимувале, без разлика на верата, важна била чесноста, важен бил зборот. Најважно било да бидеш човек од збор, а религијата и етницитетот, дошле многу подоцна. Ова што се случува денес, за жал е резултат на претерана исполитизираност на сите нивоа и лошата економска состојба, што ја ослабнува самодовербата Најважно било да бидеш човек од збор, а религијата и етницитетот, дошле многу подоцна. Ова што се случува денес, за жал е резултат на претерана исполитизираност на сите нивоа и лошата економска состојба. индивидуално кај луѓето и довербата меѓу различните етнички групи и ги прави граѓаните подложни на манипулации", вели Катерина Василевска, координатор на проектот. Во рамките на проектот се обработувале и чувствителните актуелни прашања, за влијанието на минатого врз сегашноста, кој решава кое минатото ќе се третира како културно наследство и дали тоа е основа за креирање на конфликти. Дебата меѓу ученици во рамки на проектот "Денешните политички партии многу добро и многу мудро ги користат сите белези на едно културно наследство за да провоцираат и да создадат конфликт меѓу луѓето. Наместо прекрасното културно наследство што во Македонија го имаат сите етнички групи, да се користи за да се покажеме пред светот и да изградиме едно име на многу богата мултиетничка држава, каде од секогаш се почитувале групите меѓу себе, за жал, тоа денес се користи во неговата најлоша форма, да се создаде конфликт. Таа различност и тоа културно наследство се користат како белези во стилот - "ете вие сте поинакви, не сте како другите, тие другите се полоши од вас". Тоа беше заклучокот. За жал во сето тоа многу помагаат и медиумите", вели Василевска. Таа го посочува и клучот за подобар заеднички соживот во Струга, што во поблиското минато често пукаше токму на етничка основа. "Треба да се остави Струга на стружани. Локалната заедница да има сила и моќ да одлучува сама за себе, бидејќи самите граѓани на Струга најдобро знаат како да живеат мултиетнички. Тоа го прават, не со децении, туку со столетија. И пред да се измеша централната власт, во Струга се живеело многу добро. Никогаш немало големи проблеми како што има сега. Едноставно треба да се остави власта на самите граѓани на Струга, кои најдобро знаат и се најзаинтересирани за да живеат добро со сите етнички групи. Тогаш ќе се средат работите сами од себе, како што секогаш и биле добри", вели Катерина Василевска од Локалната агенција за развој, што постои седум години. Вели дека Агенцијата и натаму ќе работи на проекти насочени кон подобрување на квалитетот на животот во Струга и југозападниот регион на Македонија.
fineweb-2
Амнести интернешенел ги повика романските власти да ги испитаат наводите за полициско насилство врз демонстрантите во текот на двете недели анти владини протести. Амнести се повикува на видео снимка на која се гледа како полицијата претепала две лица кои не се однесуваа насилно. Полицијата исто така испрскала со хемикалии човек кој лежел на земја. Амнести побара од властите да спроведат "брза, независна, темелна и ефективна истрага." Властите презедоа истрага против четворица полицајци за нивното однесување за време на судирите.
fineweb-2
Претседателот Ѓорѓе Иванов во интервју за Катемерини изјави дека по пресудата од Хашкиот суд е јасна дека одлуката од Самитот во Букурешт во 2008 година, кога Грција го блокираше приемот на Македонија во НАТО под привремената референца претставува нелегитимен акт и акт спротивен на Времената спогодба. Според него, ставот на земјата е дека пресудата не може да биде игнорирана од никој. Во однос на евроинтеграцијата на Македонија, Иванов порача дека Грција треба да се воздржи од натамошни блокади и да ги почитува договорите и меѓународното право. Според него, Македонија останува на ставот дека името на земјата не може да се гледа како закана или проблем меѓу двете земји и дека грчката позиција во овој поглед е за жал ирационална.
fineweb-2
Во Брисел денеска почнуваат разговори на стручни тимови во рамки на подготовките за новата рунда раzговори меѓу Белград и Приштина кои во понеделник треба да се одржат на премиерско ниво. Претходната рунди на преговори, меѓу Александар Вучиќ, и Иса Мустафа, во вторникот минатата недела не дадоа конкретни резултати, а Вучиќ рече дека двете страни ги приближиле ставовите за Заедницата на српските општини. Останатите три теми се телекомуникациите, енергетиката и т.н. Парк на мирот , кој го дели северниот и јужниот дел на Митровица. Се проценува дека разговорите меѓу двајцата премиери се од суштинско значење со цел да се отвори првото преговарачко поглавје на Србија, како и продолжување на процесот на европска интеграција на Косово.
fineweb-2
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека работењето на медиумите во периодот пред претстојните избори е регулирано со Законот за избори. Законот за избори, појаснуваат, беше поддржан и од СДСМ и обезбедува подеднаква застапеност на сите политички субјекти кои ќе учествуваат на изборите. Оттаму додаваат дека последната сламка во која Зоран Заев гледа спас од излегување на избори е апсурдното барање за нов Законот за медиуми. ВМРО-ДПМНЕ смета дека резервната варијанта во која Зоран Заев бара спас од излегувањето на избори е целосно во рацете на СДСМ: "Прочистувањето на избирачкиот список е во ингеренција на ДИК каде што СДСМ има контрола. Втората најодговорна институција околу изборите, Министерството за внатрешни работи исто така е раководена од генералниот секретар на СДСМ, се наведува во реакцијата.
fineweb-2
Северна Кореја рано денска лансираше ракета до долг дострел во вселената, предизвикувајќи нуклерна загриженост кај своите соседи и Вашингтон. Државната телевизија на Северна Кореја соопшти дека лансирањето во вселената наредено до Ким Јонг Ун било "целосен успех." Јужнокорејските и американските воени претставници соопштија дека лансирањето е маска за тестирање на балистички проектил кој може да носи нуклеарна боева глава, тест кој е забранет од страна на бројни резолуции на Советот за безбедност на Обединетите Нации. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун лансирањето го нарече "длабоко непристојнио" и потенцираше дека било користено балистичка ракетна технологија. Во меѓувреме, Советот за безбедност на ОН на барање на САД, Јужна Кореја и Јапан, закажа итен состанок за попладнево за да се дискутира за можностите за нови санкции на ОН. Лансирањето следува по тврдењето на Северна Кореја во јануари дека тестирала хидрогенска бомба.
fineweb-2
Кога е за потребите на СДСМ, за новинарското здружение на СОРОС и опозицијата нема проблем да се прислушуваат новинари. Претседателот на ЗНМ во оваа скандалозна изјава вели дека доколку новинарите не направиле криминал нема потреба да се грижат за тоа што приватноста ќе им се врти по телевизии, пишува Press24.mk.
fineweb-2
Потпаролот на босанското обвинителство, Борис Грубесиќ денеска изјави дека полицијата го уапсила 62-годишниот Хасан Хакаловиќ обвинет за воени злостортва.Уапсениот е обвинет за злосторства направени за време на босанскиот конфликт, односно е обвинет дека не презел никакви мерки против војниците кои под негова команда убиле 22 храватски цивили во Трусина.
fineweb-2
Две лица биле убиени во оружен инцидент што се случил синоќа околу 30 минути пред полноќ во угостителскиот објект "Империјал" во Охрид. Според првичните полициски информации, засега непознато лице влегло во објектот и со истрели од пиштол убило две лица. Напаѓачот е во бегство и по него се трага. Не се познати мотивите за инцидентот, а причините ќе ги покаже увидот спроведен во утринските часови.
fineweb-2
Издадена еврообврзница од 450 милиони евра со поголема камата – бура од реакции Бура од реакции по синоќешната реализација на еврообврзницата од 450 000 000 евра со камата од 5,6% на рок од седум години. Економистите предупредуваат на рапидното зголемување на јавниот долг, а се сомневаат и на целта на задолжувањето. Еврообврзница за партсики, а не за државни потреби се дел од коментарите на не економистите. Дел пак предупредуваат за скапото задолжување, особено со тенденцијата за намалување на економскиот раст. Министерството за финансии доцна синоќа објави дека Македонија издаде еврообврзницата, а средствата од неа ќе се користат за буџетски потреби во фискалните 2016 и 2017 година, како и за отплата на долгови кои доспеваат. Постапката за издавање на еврообврзницата беше усогласена со министерството за правда, правните застапници на владата на РМ и правните застапници на конзорциумот на банки преку кои се издаде еврообврзницата. Од Минситерството за финанси ја обвинија опозицијата за зголемувањето на каматата. Од СДСМ пак ја прогласија еврообврзницата за неуспешна и незаконска.
fineweb-2
Околу половина милион граѓани на Алжир го пречекаа францускиот претседател Жак Ширак, кој е прв шеф на францусктата држава кој во последните 40 години пристигна во официјална посета на оваа поранешна француска колонија. Ширак е во тридневна посета на Алжир која е оценета како историска, а која би требало да придонесе за подобрување на односите мегу овие две земји.
fineweb-2
Папата Франческо денеска за прв пат откако е на функцијата имаше заедничка молитва со околу од сто илјади луѓе кои беа собрани на плоштадот свети Петар во Рим. Првиот папа од Латинска Америка се појави пред толпата на прозорецот од неговиот стан. Десетици знамиња од неговата земја Аргентина се вееја во толпата додека поранешниот кардинал ја изврши традиционалната неделна молитва.
fineweb-2
Терористи од групацијата Исламска држава ги бричат брадите и се облекуваат како жени со цел да се спасат од нападите на руските сили, кои се поддршка за сирискиот претседател Башар Ал Асад, тврди лондонскиот весник "Дејли Мејл", пренесува МИА. Весникот објавува и фотографии, за кои се верува дека се направени во близина на Алепо, на кои се гледаае куп избричени "бради" што ги оставиле џихадистите од Исламска држава при нивното панично бегање пред руските напади. – Тие паднале уште подолу. За да се спасат од нападите се облекуваат и како жени и на тој начин се обидуваат да ја минат границата со Турција, наведува весникот.
fineweb-2
На полноќ завршува кампањата за претстојните претседателски избори, а утре е веќе молк. Прекин од два дена ќе има во кампањата за вонредните парламентарни избори. За прв пат оваа година за претседател на земјата ќе гласа и дијаспората. Еден ден пред изборите, односно утре, ќе гласаат македонските државјни кои работат и престојуваат во странство, како и внатрешни раселените лица, затворениците, луѓето кои се во домашен притвор, болните и војниците. Во трката за претседател оваа година има четири кандидати и тоа кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, Стево Пендаровски од СДСМ, Зоран Поповски од ГРОм и Илијаз Халими од ДПА. Право на глас, според единствениот Избирачки список, на петите избори за претседател во недела имаат еден милион 779 илјади и 572 избирачи. Во посебните изводи на избирачи кои се наоѓаат во изводите на гласање се запишани еден милион 707 илјади и 228 гласачи. Вкупен број на избирачи кои се на привремена работа и престој во странство се 70.305, а од нив право на глас имаат 8.332, кои се пријавиле за гласање. Во ИЕ 7 (Европа и Африка) се пријавени за гласање 5.892 македонски државјани (Европа и Африка), во ИЕ 8 (Северна и Јужна Америка)-1.426 и во ИЕ 9 (Австралија и Азија) – 1.014. Во средата во ДИК гласаа и 294 членови на избирачките одбори кои ќе ги спроведуваат изборите во дијаспората. Во сабота ќе гласаат и 1.706 затвореници, 39 внатрешно раселени лица, како и болните и немоќните лица. Гласањето во недела кое ќе почне во седум и ќе заврши до 19 часот, а ќе се спроведува на 3.480 избирачки места во Македонија и 34 во дијаспората. Оваа година бројот на избирачките места во земјата е зголемен за 504 имајќи ги предвид измените во Изборниот законик според кој во едно гласачко место не смее да има повеќе од 1.000 избирачи. Претседателските избори ќе ги следат 8325 домашни и 326 странски набљудувачи.
fineweb-2
Нашите врати се изработени по највисоки стандарди, користејќи најквалитетни материјали (челик, медијапан, иверица и алуминиум). За истите нудиме 5 годишна гаранција. Сигурносните врати нудат врвно ниво на безбедност од обивање и разни видови на незгоди. Противпожарните врати заштитуваат од пожар и до 120 минути. Без разлика дали станува збор за деловен простор, или пак за Вашата фамилијарна викендица, сигурносните врати на Сеф Компани совршено одговараат. Developed by MKProvider | Hosted by MAX.mk
fineweb-2
10 ноември, 2012 Јелена Томашевиќ ќе ја запознае Џеј Ло Српската поп пејачка Јелена Томашевиќ, која многумина ја сметаат за двојничка на Џенифер Лопез, ќе ја запознае светската поп дива во Истанбул каде што Лопез ќе одржи концерт. Томашевиќ изјави дека ќе патува за Истанбул за да сними дует со нејзината колешка Емина Јаховиќ и ќе претстојува кај неа, па решиле заедно да одат на концертот на Џеј Ло, каде што големи се шансите да се запознаат со неа позади сцената. Томашевиќ признава дека ѝ годи споредбата со поп дивата и ќе биде многу среќна доколку се запознае со неа. Извор и фото: Новости.рс
fineweb-2
Нацрт американскиот план за инвазија врз Ирак предвидува напади од повеќе правци на неколку десетина илјади спеијалци и војници најверојатно од Кувајт пишува денеска Њујорк Тајмс. Повикувајки се на извор кој бил запознаен со документот, весникот наведува дека планот кој се држи под ознаката најголема државна тајна предвидува здружен напад на воздушните, копнените и поморските сили од три правци во рамките на кампањата за остранување од власт на ирачкиот претседател Садам Хусеин.
fineweb-2
"Крајно време е САД, НАТО и Европската Унија да се соочат со фактите и јавно да признаат дека во интерес на градењето на Европа, како обединета, слободна и во мир, Грција мора да отстапи и НАТО и ЕУ да и подадат рака на Македонија". Ова го наведува претседателот на Обединетата македонска дијаспора Методија Колоски во коментарот објавен во американското списание посветено на Конгресот "Хил". Колоски ги повикува претседателот Барак Обама, државниот секретар Џон Кери и Конгресот на САД да го дадат својот придонес за да обезбедат подобра иднина и за Македонија и за регионот.
fineweb-2
Најмалку 15 лица загинаа во експлозија на камион бомба во градот Маидуугури во Нигерија. Целта на бомбашкиот напад била една прометна собраќајница, покрај која се продаваат закуски за возачите кои секојдневно патуваат накај работно место. Се уште никој не презема одговорност за нападот, но најчесто зад нив стои исламистичката група Боко Харам, која во минатата година уби илјадници луѓе. Војската со офанзивата во минатата година успеа да ја протера Боко Харам од градот во околните села.
fineweb-2
Изгледот на легендарниот Ал Пачино ги шокираше неговите фанови Холивудската легенда Ал Пачино во последно време ретко се појавува пред камери, па јавноста била шокирана кога се објавени неговите нови фотографии на кои не личи на себе. Се забележува дека ѕвездата на филмовите "Лице со лузна" и "Кум" има неколку килограми повеќе на фотографиите кои ги објави британскиот весник "Дејли мејл". Подоцна, Пачино е фотографиран и во ресторан во Малибу, каде се појавил во друштво на својата 39 години помлада девојка Лусила. Додека Пачино изгледал нерасположено, имал на себе долга јакна, капа и шал, Лусила била насмеана и носела долг летен бел фустан.
fineweb-2
Започната е нова фаза во односите меѓу Европската унија и Турција, истакнал премиерот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во претседателската палата во Анкара по потпишаниот договор меѓу Брисел и турската страна за олеснување на визниот режим и реадмисија на илегалните имигранти, пренесува "ИТАР- ТАСС". "Кога ЕУ ќе укине визниот режим за турските граѓани, ниту Турција, ниту земјите-членки на ЕУ ќе се соочат со било какви проблеми. Од друга страна укинувањето на визите е важен чекор во нашите односи. Турските претприемачи, културни дејци, спортисти, како и претставници на јавни организации, ќе можат побрзо и мирно да патуваат од една во друга земја. Секогаш сум велел дека ние не доаѓаме за да бреме нешто од ЕУ, ние доаѓаме, за да го споделиме товарот што го носат", рекол Ердоган. Европската унија и Турција денеска во Анкара потпишаа договор за реадмисија. Тоа ќе им овозможи на земјите од Унијата да ги враќаат во Турција илегални имигранти. Оваа правило сепак нема да важи за оние имигранти кои веќе се наоѓаат на територијата на Унијата и нема да стапи во сила веднаш, пренесуваат локалните медиуми. Договорот што се подготвува со години, доби напредок пред десетина дена, кога во Брисел еврокомесарот за внатрешни работи Сесилија Малмстром и турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу договорија датум за потпишување. Во замена за потпишување на договорот Анкара за возврат побара олеснување на визниот режим за турските граѓани и забрзување на преговорите за членство во Европската унија.
fineweb-2
Родители од Србија чии бебиња исчезнале од родилиштата тврдат дека нивните деца се однесени во Шведска, Данска, Норвешка, Франција, САД. Тие се потпираат на фактот дека пред тоа многу деца од просторот на поранешна Југославија се илегално посвоени во странство, во некои случаи, како што се покажало – со корупција. Кога тој механизам станал пракса, тврдат, се поминало кон лажење на родителите дека децата им починале во родилиштата, за потоа без нивно знаење да бидат продадени на странци. "Бебињата од Србија им се "допаднале" на странците и ние сме убедени дека после големиот број на посвоени деца во седумдесеттите години од минатиот век и понатаму е продолжен "извозот на бебиња", вели Горан Филиповиќ, родител од Белград. "После одземањето на децата од мајките и "волшебните" посвојувања, нашите бебиња почнаа да исчезнуваат од родилиштата. А, познато е, на пример, дека во еден град во Данска живеат голем број успешни деловни луѓе посвоени од нашата земја. Странците, во меѓувреме, пронашле многу поедноставен начин да дојдат до децата, а да не ја видат Југославија. Воопшто не било тајна дека извесен број домашни работници надвор од Југославија, раѓале вонбрачни деца, а потоа ги "подарувале" на поединци или организации и агенции за посвојување.
fineweb-2
Првиот македонски претставник што оваа сезона настапи во квалификациите за Лига Европа, екипата на Ренова синоќа на арената "Филип Втори" загуби од Дачија со 1:0. Стрелец на победничкиот гол за гостите од Молдавија беше Михаи Рошча во 12-та минута. Ренова се обидуваше барем да изедначи, но неколкуте обиди на Изаир Емини и Арџент Гафури беа неуспешни. Реваншот е по седум дена во Кишињев. Другите две македонски екипи во оваа рунда натпреварите ги играат утре. Работнички гостува кај Флора во Естонија, додека Шкендија на "Филип Втори" ќе го пречека шкотскиот тим Абердин.
fineweb-2
Многу средства кои ги користиме во секојдневието имаат поширока намена од онаа која им е основна. Пастата за заби, освен за одржување на хигиената во вашата уста, можете да ја примените за уште неколку работи во домаќинството. Еве 5 кул примени на пастата за заби кои ќе ве изненадат и можат да ви го олеснат животот во даден момент. 1. Отстранете ги чкртките од ѕидовите За овој домаќински трик ви треба паста за заби која не е во вид на гел. Истиснете малку врз површината на ѕидот каде што вашите деца или внуци претходно решиле да ја изразат својата креативност и нежно протријте со мека крпа. Потоа пребришете користејќи крпа натопена во топла вода. За потврдокорни дамки, оставете ја пастата да постои 5 минути, пред да избришете. 2. Отстранете ја лошата миризба од рацете Доколку за денешниот ручек користевте лук или кромид и сега никако не можете да ја отстраните интензивната миризба, обидете се да ги измиете со малку паста за заби. 3. Светнете го ѓонот на патиките Земете стара четка за заби и паста која не е во вид на гел. Ставете на гумениот дел од патиките и силно тријте за да ги извадите сите траги на нечистотија. Ќе станат како нови. 4. Исполирајте ги изгребаните дивидија Стиснете малку паста за заби на едно топче памук и со него, правејќи кружни движења бришете од центарот кон краевите на дискот. Потоа исплакнете го под млаз вода и на крајот избришете го со сува крпа која не пушта влакненца. Овој трик може да ги спаси дисковите со благи гребнатинки, кои правеле проблеми при вчитувањето на податоците кои ги чувате на нив. 5. Избистрете ги вашите очила за пливање Пребришете ја внатрешната страна на вашите очила за пливање со паста за заби, а потоа исполирајте со чиста крпа. Тие ќе бидат кристално чисти. За што друго вие ја имате употребено пастата за заби?
fineweb-2
Германскиот суд во Хамбург денеска му изрече казна од седум години затвор на мароканецот Мунир ел Мотасадек за тоа што им помагал на грабнувачите на авионите со кои беа извршени нападите нападите врз Соединетите Држави во септември две илјади и првата година. Триесет и едно годишниот Мотасадек пред две години беше осуден на петнаесет години затвор, но Врховниот суд во Германија тогаш ја укина пресудата.
fineweb-2
Азиските и европските берзи регистрираа пад на акциите, а регистриран е и нов пад на еврото во однос на доларот поради стравот поврзан со грчката должничка криза и проблемите на банките во Шпанија. За оваа ситуација ќе се расправа и на самитот на Г – 8 кој почнува денеска во Вашингтон. Претходно агенцијата Мудис го намали рејтингот на 16 шпански банки поради рецесијата во земјата и сомневањата дека шпанската влада може финансиски да интервенира во банките. Агенцијата за оценка на кредитниот рејтинг Фич пак, го намали рејтингот на Грција за еден степен од "Б-" на "ЦЦЦ".
fineweb-2
Професионалните протестантите од СДСМ и СОРОС земаат пари за хулиганските сцени од протестите преку мрежата на СОРОС да се шират во светот и да предизвикаат меѓународна интервенција, пишува "Курир". Порталот потсетува дека медиумите веќе пишуваа дека јавноста во Македонија е добро запознаена дека истите луѓе на Срџа Попович од Канвас што го реализираа украинското сценарио, а беа и тренери за протести во опозициските редови и ги обучуваа нивните членови заедно со навивачките групи како да протестираат и да направаат хаос и безредие. На овие соросови платеници народот не им е важен, важно е да има слики на девојки залепени со лицата до штитовите, лица со маски кои фрлаат молотови коктели и бакли, тоа се се' платени лица кои земаат пари преку соросовите организации. Во изминатиот период медиумите пишуваа дека СДСМ плаќа чета професионални демонстранти. Ова е добро позната методологија на СДСМ во очајничките обиди да добијат масовна поддршка на своите настани, во недостиг на поддршка од народот која ќе ја заслужат со својата програма, идеи и доверба која би била заслужена, пишува порталот. Инаку "Курир" пишува дека претседателот на СДММ Аеродром Благоја Петрушевски самиот признава дека за вакви намени како протести кои треба да се прикажат како независни, пари "има колку сакаш". Сумата од илјадарка по човек (плус такси) е за 300 денари пониска во споредба со она што СДСМ го плаќаше како дневница на своите професионални демостранти за време на кампот пред влада.
fineweb-2
Повеќе од половина од македонските граѓани не патуваат во странство и по воведувањето на визната либерализација, a главна причина за тоа е немањето доволно пари. Ова го покажува истражувањето на Центарот за истражување и креирање политики спроведено од февруари 2010 до март 2011 година чија цел е да се истражи ефектот на визната либерализација врз мобилноста на граѓаните на Македонија. Резултатите покажуваат дека во овој период 39,5 осто од испитаниците патувале во странство. Најмногу 59,5 отсто патуваат учениците и студентите, потоа вработените со 50,6 отсто, невработените со 33,3, а најмалку 20,2 отсто патуваат пензионерите. Најголемиот дел 61,4 отсто од оние кои патувале посетиле некоја земја од шенген зоната, а на врвот на посети е Грција каде биле 37,7 отсто од граѓаните, потоа Германија со 16,8 отсто и Швајцарија ја посетиле 16 отсто од испитаниците. Од земјите кои не спаѓаат во шенген зоната најмногу од испитаниците 32,8 отсто патувале во Бугарија, 31 отсто во Србија, а 20,1 отсто во Турција.
fineweb-2
Русија се залага за нова резолуција за Сирија на Советот за безбедност на ОН со што би се продолжила мисијата на светската организација во земјата за уште три месеци без закана од санкции. Советот за безбедност мора да одлучи за иднината на набљудувачката мисија на ОН во Сирија до 20 јули кога и истекува мандатот. Претходно, САД ги осудија сириските бомбардирања на северниот дел на Либан и го повика режимот на Башар ал-Асад да го почитува суверенитетот на своите соседи. Бејрут започна со испраќање војници на границата со Сирија, откако сириски војници си размениле оган со други вооружени лица и притоа неколку гранати паднале на територија на Либан, при што беа ранети цивили. Официјалната сириска новинска агенција САНА го потврди насилство. Портпаролот на Стејт департментот Патрик Вентрел изјави дека Вашингтон "силно го осудува бомбардирањето на либанска територија од страна на сириската артилерија". Франција исто така, го осуди сириското гранатирање и соопшти дека го поддржува либанскиот план да го зголеми своето воено присуство долж границата.
fineweb-2
Шпанската гранична служба соопшти дека на југот на Шпанија пресретнала брод кој превезувал 18 тони хашиш и уапсила седум членови на екипажот.Бродот бил пресретнат во саботата на 19 април, во водите долж островот Алборан, се наведува во соопштението на граничната служба. На бродот се наоѓала роба која е натоварена во Казабланка и во Мароко. Двата патролни брода на граничната служба пресретнале товарен броди и го испратиле до Алмерија. Ова е седма акција од овој тип, од јуни минатата година. Благодарејќи на властите во Франција, Италија, Шпанија вкупно се запленети 90 тони хашиш.Шпанските власти кон средината на март запленија 12 тони хашиш на еден брод и во таа прилика уапсиле осум членови на екипажот, пренесуваат агенциите.
fineweb-2
Претседателите на Соединетите Држави и на Русија Џорџ Буш и Владимир Путин денеска во Москва ќе разговараат за влегувањето на Русија во Светкста трговска организација, за ситуацијата во Ирак и за иранската нуклеарна програма. Двајцата претседатели ќе се состанат на московскиот аеродром Внуково по што Буш ќе отпатува за Виетнам, каде што се одржува самит на Азиско пацифичкиот форум за економска соработка.
fineweb-2
Генералното собрание на Обединетите нации денеска ја изгласа резолуцијата за територијалниот интегритет на Украина и за осуда на руската анексија на Крим, За резолуцијата која не е обврзувачка, гласаа 100 земји, 11 беа против, додека 58 земји се воздржаа. Претходно, привремениот министер за надворешни работи на Украина Андриј Дешчица на денешната седница изјави дека руската анексија на Крим претставува сериозно кршење на меѓународните договори за безбедност. Рускиот амбасадор Виталиј Чуркин пак, изјави дека Крим историски бил дел од Русија, додавајќи дека украинската легитимна влада престанала да постои откако претседателот Виктор Јанукович бил отстранет од власт во минатиот месец. Претставниците на Европската унија и на Соединетите држави во Њујорк ја осудија анексијата на Крим со забелешка дека руската акција претставува менување на границите со употреба на сила.
fineweb-2
Copy and paste the embed code below. The code changes based on your selection. The code has been copied to your clipboard. Video size Новинари и медиумски работници денеска протестираа пред Владата во знак на револт за нападот на вицепремиерот за еконсомски прашања Владмир Пешевски врз сопственикот на интернет портал Саше Ивановски.
fineweb-2
На 26.12.2013 година околу 09,10 часот во дворот на средното училиште АСУЦ "Боро Петрушевски" од страна на едно непознато лице без повод и причина физички е нападнат 17 годишен ученик од истото училиште со тупаници во пределот на главата и телото по што напаѓачот го напуштил лице местото. По превземени мерки и активности утврден е идентитетот на напаѓачот Б.Б.(16) с.Арачиново. По документирање на случајот против истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
fineweb-2
За три часа истекува рокот за поднесување годишна даночна пријава. Сите граѓани кои не поднеле годишна даночна пријава за остварени дополнителни приходи во текот на 2014 година тоа може да го сторат во наредниве три часа. Крајниот рок за поднесување Годишна даночна пријава е 15 март, но бидејќи овој датум годинава беше во недела пријавата може да се поднесе и денеска, понеделник. Според последните податоци, околу 388.000 граѓани веќе ја исполниле обврската за поднесување годишна даночна пријава. И покрај големиот број годишни даночни пријави кои изминатите неколку дена се поднесуваат до УЈП (од 40 до 50 илјади пријави дневно), според соопштението, не се регистрирани застои и поголеми чекања пред даночните шалтери. Годишна даночна пријава може да се поднесе во регионалните дирекции и даночните одделенија на УЈП, како и во Контакт центарот на УЈП. Доколку граѓаните сакаат да ги избегнат метежите пред даночните шалтери, годишната даночна пријава може да поднесат и преку пошта во еден примерок на адресата на надлежната регионална дирекција на УЈП, на која според местото на живеење припаѓа подносителот, како и преку електронските даночни сервиси за што подносителот требно да поседува дигитален сертификат на УСБ токен издаден од овластена куќа. Годишна даночна пријава се доставува доколку во текот на 2014 година граѓанинот остварил приход по основ на кирија, за склучен авторски договор, за исплатен регрес за годишен одмор (К 15), дивиденда или камати по основ на заем, капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот, добивка од општите игри на среќа (од лото, бинго, квизови, наградна игра и сл.) во износ поголем од 5.000 денари, продажба на цврст отпад, лични примања од странство, како и доколку лицето е работно ангажирано во амбасада, мисија на меѓународна организација во РМ, односно има лични примања од дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави во РМ или пак остварува лични примања кај претставници и службеници на претставништвата кои уживаат дипломатски имунитет. Годишна даночна пријава не се доставува за остварен приход од плата, пензија, земјоделска дејност и самостојна дејност. Добивките од посебните игри на среќа како казино, автомат клуб или обложувалница остварени во текот на 2014 година, не треба да се пријават во годишната даночна пријава.
fineweb-2
Белата Куќа се огради од коментарите на шефот на Националната разузнавачка служба Џејмс Клапер кој оцени дека режимот на либискиот лидер Моамер Гадафи ќе преовлада во битката против бунтовничките сили. Според него, силите на Гадафи биле подобро опремени од опозицијата. Ваквите негови наводи подоцна беа критикувани од советникот на претседателот Барак Обама за национална безбедност Том Донилон. Според него, анализата на Клапер била статична и еднострана оценка. Тој додаде дека меѓународната изолација на Гадафи и решеноста на народот на Либија да го отстрани од власт се клучни за натамошниот развој на настаните во таа земја.
fineweb-2
Адвокатите на членките на "Pussy Riot" денеска соопштија дека нивните клиентки поднеле жалба на казните што ги добија пред десетина дена. Три членки на бендот беа прогласени за виновни претходно овој месец за "хулиганство мотивирано од верска омраза" . Тие се осудени на по две години затвор за нивниот анти-Путин перформанс во московската катедрала во февруари.
fineweb-2
Компанијата "Веибо груп" која ја најави најголемата инвестиција досега во Македонија, ќе отвори 5.000 нови работни места. Оваа компанија од минатата година контактира со македонската Влада, а прв пат лани во декември ги донел министерот Хади Незир, по што се вклучиле Виктор Мизо и потпретседателите Зоран Ставрески и Владимир Пешевски. Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, во дневникот на МРТ истакна дека за североисточниот дел на Македонија ова ќе биде значително намалување на невработеноста, но ефектите, рече, се многу пошироки. "Ефектите нема да бидат само на североисточниот дел на Македонија, иако главно ќе бидат фокусирани на Ранковце, Крива Паланка, Старо Нагоричане, Кратово и Куманово. Нашата цел беше уште поширока. Со ова се обидуваме да го ублажиме и значително да ја зголемиме конкурентноста на целиот текстилен сектор. Самата инвестиција, она на што инсистиравме во преговорите, опфаќа и сегменти кои во моментов не се присутни во текстилната индустрија. Тука ќе има предилница, ткајачница, фарбара, производство на текстил и платно, кое другите текстилни компании низ Македонија ќе можат да го користат. Инвестицијата која ја најавивме на Дијатек, иако е од хартиената индустрија, голем дел од нивните производи се употребуваат за текстилната индустрија. Едноставно, сакаме на текстилен сектор да му обезбедиме поевтин инпут со материјали, за да целиот сектор, во целата држава, стане поконкурентен и да се создадат нови работни места во поширокиот регион", рече Пешевски. Тој истакна дека нема да се вработуваат само текстилни работници, опсегот опфаќа и комерцијалисти, има работа за логистичките компании, сметководители, за како што рече, цел еден сектор на помошни услуги кои вработуваат високо квалификувана работна сила.
fineweb-2
Почина млада родилка во прилепската болница – семејството обвинува за лекарска негрижа Родилка на 20-годишна возраст починала речиси 12 часа по нормално породување во болницата во Прилеп. Таа починала ноќеска во 1.50 часот, откако на свет донела здраво машко бебе. Од болницата велат дека по пропишан протокол без проблеми било извршено ова второ породување на С.Б. од прилепското село Беровци. На барање на родилката, освен двајцата дежурни гинеколози од Битола, присуствувал и породувањето го водел гинекологот кој ја водел бременоста. Семејството на починатата обвинува за лекарска негрижа. "Кога бевме на посета ни рекоа да бидеме тивки, зашто дежурните доктори од Битола се одморале. Значи, таа искрвавила зашто немало никој надлежен да ја види, зашто спијат, одмораат, а не зашто имаше болест девојчето", изјави Славица Ристеска, стрина на починатата родилка. Директорот на прилепската болница, Петар Ристески на прес-конференција на која присуствуваа началниците на сите одделенија, истакна дека породувањето на младата жена било извршено во согласност со сите протоколи. По речиси пет и пол часа од породувањето извршено по биолошки пат, при што е родено здраво, живо машко бебе, мајката била во добра здравствена состојба. Околу 16 часот таа од родилната сала била префрлена во акушерскиот оддел и подоцна дури примила посета. Но, во 19.15 часот нејзината здравствена состојба нагло се влошила. "Преземени се сите неопходни мерки за нејзино згрижување, пациентката е префрлена во одделението за интензивна нега и реанимација. Направена е опсежна реанимација и постапено е по сите стандарди и протоколи. Ангажирани се четворица гинеколози, двајца анестезиолози и еден уролог, но, за жал, во 1.50 минути по полноќ пациентката егзитира", изјави директорот Петар Ристески. Од прилепската полиција се уште не соопштуваат никакви детали за случајот бидејќи увидот се уште е во тек. Наредена е обдукција за да се утврдат причините за смртта, а случајот ќе го испитува и комисија од Министерството за здравство. Родилиштето во болницата во Прилеп во 2010 годинаа беше затворено после неколку случаи на смрт на родилки, а породувањата се вршеа во битолската болница. Во прилепското родилиште дежураат 6 гинеколози од Битола поради недостатокот од специјалисти.
fineweb-2
мн. канџи Вид збор: Именка, женски род 1. Кука со долга дрвена рачка за закачување и влечење разни предмети. 2. Долг, свиткан и остар нокт на прстите на многу птици и животни; долг, свиткан нокт; прст воопшто.Примери: Од другата страна на вратата слушнав како гребеа канџите на птицата. Мечката го зграпчи со канџите. Ноктите на нозете му беа како орлови канџи. 3. Несреќа, лице или ситуација од која тешко може да се ослободи, да се откачи.Примери: Сепак, не можеше да се ослободи од канџите на човекот што cилно ја стегаа. Вклештен во канџите на ненадејната несреќа, седеше стегнат во грч. 4. Резе на врата во вид на канџа, кука.Примери: Се поврати да ја стави железната канџа на вратата. Тоа утро канџите од портата сѐ уште не беа дигнати. Изрази Е (падне) во нечии канџи - е под нечија немилосрдна власт.
fineweb-2
Гласањето на парламентарните избори во Иран било продолжено за уште три часа поради огромниот одзив, јавија државните медиуми. Телевизиите прикажуваа снимки од гласачки места во Техеран со долги редици на граѓани. Врховниот верски лидер Али Хаменеи повика на масовен одзив на гласањето со што, според него ќе им се испратела порака на непријателите на Иран. Се очекува победа на кандидатите кои имаат подршка од Хаменеи.
fineweb-2
Претседателот Ѓорѓе Иванов очекува позитивен извештај од Европската комисија за напредокот на Македонија за 2012 година и датум за почеток на преговорите од Советот на ЕУ во декември годинава.Претседателот неделава ќе замине за Брисел каде ќе има средби со високи претставници на ЕУ и на НАТО. Тој осврнувајќи се на прашањето за името укажа на недомнешната посетата на Македонија од страна на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун придружуван од посредникот во разговорите за името амбасадорот Метју Нимиц, оценувајќи ја како прва содржајна средба од таков вид. "Не знам досега како се одвивале тие, меѓутоа на оваа средба со Бан Ки-Мун ги отворивме сите прашања, сите аспекти и сето она што ние досега како држава сме го презеле и сме го иницирале да ја искажеме нашата подготвеност да се дојде до решение. Меѓутоа, од другата страна гледате постојано има изговор тоа да се одлага. Еднаш се тоа избори, другпат е економска криза, третпат е неподготвеност. Сето ова го увиде и го искажа на прес-конференција Бан Ки-нун. Нашата страна во однос на овој дведецениски спор е со чисто досие", рече Иванов. Во однос на односите во владината коалиција по настанот во Слупчане и најновиот случај со поставување табли со нови имиња на неколку училишта во општина Чаир, претседателот Иванов рече дека станува збор за дневна политика.
fineweb-2
Џозеф Енгелбергер Џозеф Ф. Енгелбергер е физичар, инженер и претприемач кој е наречен како татко на роботиката[1][2]. Лиценцирајќи го оригиналниот патент на Џорџ Девол Енгелбергер го развива првиот индустриски робот во САД "Unimate" во 1950-тите години. Подоцна работи како претприемач и адвокат на роботиката позади произведувачката лента на различни полиња вклучувајќи ги сервисната индустрија, здравствената грижа и истражување на вселената. Има издадено две книги од кои едната е преведана на шест јазици. Има добиено и значителен број на награди и признанија за достигнувања во полето на роботиката. Содржина Биографски податоци[уреди | уреди извор] Џозеф Ф. Енгелбергер (роден во Њујорк, 26 јули 1925) е физичар, инженер и претприемач кој е наречен како Татко на роботиката. Лиценцирајќи го оригиналниот патент на Џорџ Девол Енгелбергер го развива првиот индустриски робот во САД "Unimate" во 1950-тите години. Подоцна работи како претприемач и адвокат на роботиката позади произведувачката лента на различни полиња вклучувајќи ги сервисната индустрија, здравствената грижа и истражување на вселената. Во 1955, Енгелбергер ја основа "Unimation Inc." првата фабрика за роботи во светот. Две години порано Девол веќе ја имаше осигурано како патент роботиката. Првиот индустриски робот беше инсталиран во "General Motors Inland Fisher Guide Plant" во "Ewing Township", Њу Џерси во 1951. Во наредните две декади Јапонците го превземаа водството со огромно инвестирање во роботиката за да ги заменат луѓето кои работеа одредени работи. Во Јапонија, Енгелбергер важи за клучен играч во поствоеното развивање на Јапонците во квалитетно и ефикасно производство. Во 1966 Енгелбергер и "Unimate" роботот се појавија на "The tonight show starring Johnny Carson" каде роботот отвори пиво, со палка за голф удри голф топче и диригираше бенд. Здружението на роботската индустрија ги презентираше "Joseph F. Engelberger Awards" за луѓето кои значително придонеле во развојот на науката и во усовршувањето на роботиката. Енгелбергер има објавено и трудови и сведоштва за значењето на автоматиката во вселената многу пред успехот на НАСА да се приземји на Марс како и други вселенски мисии.Книгата на Енгелбергер "Robotics in Practice", издадена во 1980-тите е преведена на шест јазици. Следна негова книга е "Robotics in Service", издадена во 1989. Достигнувања, признанија и награди[уреди | уреди извор] Енгелбергер беше избран во Националната Инженерска Академија во 1984. Други почести се "Progress Award" од Здружението на производители инженери, "Leonardo da Vinci Award" од Американското здружение на механички инженери, во 1982 "American Machinist Award", "McKechnie Award" од Универзитетот во Ливерпул, "The Egleston Medal" од Колумбискиот Универзитет, во 1997 "Beckman Award" за оригинално истражување во полето на автоматиката и во 1997 "Japan Prize", највисоката Јапонска почест за технологија за воспоставување на роботската индустрија. Енгелбергер дипломира и магистрира на Колумбискиот Универзитет во 1946 и 1949 соодветно. Помеѓу 1946 и 1956 работеше како инженер со "Man-ning,Maxwel & Moore". Во 1957, тој ја основа "Consolidated Controls Corporation". Во 1962 ја основа "Unimation Inc", и работеше како главен извршен директор додека не беше признат од "Westinghouse" во 1982. Во 1984 ја основа "Transitions Research Corporation" која подоцна стана "HelpMate Robotics Inc". "HelpMate" беше призната од "Cardinal Health" во 1997. Во последно време се фокусира на мобилни, разумни роботи кои можат да работат со човечки ментори во услужните дејности. Болничкиот робот "HelpMate" е светски најпознатиот робот и го има во повеќе болници низ светот. година име на награда / Progress Award / Leonardo da Vinci Award 1982 American Machinist Award 1982 McKechnie Award 1997 Еглстонов медал 1997 Бекманова награда 1997 Награда на Јапонија Развојот на "Unimate" роботот[уреди | уреди извор] Мал број на налози дојдоа за "Unimate" роботите се додека од Генерал Моторс не порачаа дополнителни 36 роботи , кои генерираа широк публицитет и го сменија текот на историјата за младата американска роботска индустрија. Барањето на Генерал Моторс всушност беше мал замав од кој зависат големите движења. Но, тоа не беше она на што Енгелбергер се надеваше и очекуваше. . Американската индустрија за малку ќе пропаднеше а Јапонија беше таму да ја фативизијата. Публицитетот им го привлече вниманието на јапонските индустријалци, и како резултат на тоа, " јапонската влада ме покани таму како нивен гостин" да се зборува за роботика во 1966 година, рече:Енгелбергер. Земјата имаше целосна вработеност, но носат странски работници за да се олесни работната криза. Видоа во роботиката одговори на некои од нивните работни предизвици, вклучувајќи квантен скок во продуктивноста "Тие беа многу ентузијастички," рече тој. Енгелбергер рече,дека во САД тој не би можел да исплаши десетина луѓе да го слушаат, а во Јапонија, повеќе од 400 директори, присуствувале на конференцијата за роботиката на презентацијата на новото откритие. Еден резултат беше дека Unimation ја лиценцира својата технологија во Кавасаки тешката индустрија, која ја донесе роботиката на остатокот од светот надвор од САД. Јапонската индустрија ја прифати роботиката, додека американската индустрија само ја игнорираше. Една разлика меѓу нас и Јапонија беше дека американското управување неможе да почека 1-3 години за поврат на нивните инвестиции", изјави РИА . "Јапонците се спремни да чекаат 10 години за да видат враќање, и се подготвени да инвестираат во машини за да ги работат опасните и валкани работи каде што луѓето не треба да бидат во секој случај." "Тие излегоа на тоа брзо, и се уште доминираат на светскиот пазар за индустриски роботи", изјави Енгелбергер на јапонски јазик. "Тие немаа страв од губење на работни места, бидејќи работните места кои роботот ги презеде беа мизерни." Во оваа земја, сепак, оние мизерни вработувања беа поттикнати од синдикатите. "Следев различни ставови тука и таму. Тука, тие ќе одат во канцеларии и ќе шепотат за роботите. Таму, тие ќе се фалат за своите роботи, и ќе го полираат подот на фабриката со нив. Наводи[уреди | уреди извор]
fineweb-2
Портпаролот на Генералниот секретар на ОН, Фархан Хак изјави дека околу осум милиони луѓе се загрозени во Непал од разурнувачкиот земјотрес, што ја погоди земјата пред три дена. Над 1,4 милиони Непалци имаат потреба од помош во храна. ОН наменија од фондот за итно реагирање во вонредни ситуации 15 милиони долари, со цел да се помогне на загрозените. Овие средства ќе бидат наменети за обезбедување на погодените региони со вода за пиење, медицински стоки и логистички услуги. Бројот на жртви во земјотресот во Непал достигна 4.310 лица, а повредени се над 8.000 луѓе, соопшти министерството за внатрешни работи на Непал, пренесува ТАСС. Во текот на ноќта се регистрирани потреси до 5,2 степени, поради што луѓето ноќта ја минале под отворено небо.
fineweb-2
Денеска во Советот за Безбедност ќе биде преставена резолуцијата за укинување на санкциите против Ирак – предлог на Соединетите држави, Велика Британија и Шпанија. Русија и Франција бараат пред да се симнат санкциите, Обединетите Нации да прогласат дека Иерак не поседува оружје за масовно уништување. Во нацрт резолуцијата која ке биде денеска поднесена во Советот за Безбедност на Обединетите Нации се бара итно прекинување на санкциите што Светската Организација ги воведе против Ирак по инвазијата на Кувајт во 1990 година. Американско-Британско-Шпанскиот предлог предвидува етапна елиминација на програмата Нафта за Храна. Американскиот амбасадор во Обединетите Нации Џон Негропонте изрази надеж дека резолуцијата ќе мине во Советот со што ќе биде завршена контролата на Светската Организација врз ирачката нафта и со што ке биде овозможено Соединетите Држави и Велика Британија да ја водат земјата за период од најмалку една година. "Нема причини зошто резолуцијата за симнување на санкциите кон Ирак би била пролонгирана за подолг период. Ние сметаме дека резолуцијата треба да биде прифатена во следниве неколку недели." Франција и Русија кои имаат право на вето во Советот за Безбедност бараат Обединетите Нации да објават дека Ирак не поседува оружје за масовно уништување пред да бидат укинати санкциите. Пентагон соопшти дека ќе го зголеми својот персонал кој е во потрага по ова илегално оружје. Во предлогот за новата резолуција не се спомнува никаква идна улога на инспекторите за оружје на Обединетите Нации. Обединатите Нации според оваа резолуција нема да имаат водечка улога во Ирак туку ке помагаат во обновата и на хуманитарен план.
fineweb-2
Турските специјални единици денеска влегоа на територијата на северен Ирак поради "краткотрајна операција" за пронаоѓање на пребегнати курдски бунтовници, соопшти турски официјален претставник. Тој изјави дека турските воени сили ја преминале границата со Ирак барајќи бунтовници од Курдската работничка партија (ПКК), кои учествувале во бомбашкиот напад врз минибус во источниот дел на Турција, во кој загинаа 16 турски војници. Турскиот владин претставник нагласил дека станува збор за "краткотрајна мерка која имала за цел да го спречи бегството на терористите". Во меѓувреме шефот на турската држава, Реџеп Тајип Ердоган истакна дека "нема да им ја остави земјата на терористите од ПКК" по серијата смртоносни напади извршени од курдските бунтовници.
fineweb-2
Десница (политика) Десно крило", "политичка десница" и само "десница" — политички поими во ориентацијата лево-десно, односно како спротивна ориентација од левицата. Има огромен број на дефиниции; со истото име во политиката понекогаш можат да се означуваат повеќе нешта. Сепак, воглавно се користи за објаснување на сегментите од политичкиот спектар коишто често се поистоветуваат со некои степени на конзервативизам, американски конзервативизам, монархизам, фашизам, десничарски либерализам, анархо-капитализам, палеолиберализам, неолиберализам, реакционизам, традиционализам, ројализам, религиозна десница, национализам, милитаризам, продуцеризам, нативизам, реализам или едноставно како спротивно од левичарската политика. Поимот настанал во Француската револуција, кога либералите од третиот ред граѓани седеле на лево од претседателската фотелја, навика што започнала во 1789. Благородништвото, членови на вториот ред, седеле на десно. На подоцнежните законодавни собири, монархистите кои го поддржувале стариот режим биле нарекувани десничари затоа што седеле на десната страна. Сѐ уште е традиција во Народното собрание на Франција претставниците да седат на лево и десно од претседателот, според нивната политичка ориентираност. Кога потеклото на овој термин избледеало, неговото значење се сменило, така што означува нечија ориентираност според идеите, ставовите и гледната точка. Денес, терминот речиси секогаш вклучува некои облици на конзервативизам. Некои велат дека политичката десница ги вклучува оние форми на либерализам што го потцртуваат слободниот пазар повеќе од еднаквоста на богатсвото, но некои велат дека имаат дводимензионален политички спектар што поубаво ги опишува нивните погледи. Многу анархисти (вклучувајќи ги либерал-социјалистите) исто така одбегнуваат да ги претставуваат своите погледи со класичниот политички спектар. Поврзано[уреди | уреди извор]
fineweb-2
Судот во Москва денеска пресуди дека основачот на нафтената компанија Јукос милионерот Михаил Ходорковски е виновен за проневера. За виновен е прогласен и второобвинитеиот за истиот случај бизнисменот Платон Лебедев. Во текот на процесот Ходорковски се изјасни за невин во врска со обвинувањето, наведувајќи дека станува збор за обид на руските власти да ја скршат неговата политичка независност.
fineweb-2
Повеќе од половина од граѓаните на Европската унија редовно користат интернет. Најстрастните љубители на интернет се помлади од 24 години, соопшти денеска Европската комисија. Според извештајот на Европската комисија, лани, 56 отсто од Европјаните редовно користеле интернет, што е за една третина повеќе во однос на 2004 година. Половина од домаќинствата и повеќе од 80 отсто од фирмите имаат брз интернет, пренесува АФП.
fineweb-2
Сите очи деновиве се насочени кон Грција. Многумина се прашуваат што ќе се случи по референдумот за мерките на штедење и условите за меѓународна помош и дали евентуалното излегување на Грција од еврозоната ќе ја сруши заедничката европска валута, но кризата и долговите на оваа земја не се никаква новост. Сите знаеме за поговорката "должен како Грција", ретко кој знае дека првата должничка криза во земјата датира од многу одамна. Еве некои зачудувачки факти за финансиите на Грција. 1.Првата должничка криза ја имале во 4. век пред нашата ера. Тогаш тринаесет грчки градови-држави земале кредит од храмот во Делос. Повеќето од нив долгот никогаш не го вратиле, а храмот загубил 80 отсто од позајмените пари. Во тој период живееле Платон, Аристотел и Александар Македонски. 2.Во модерна доба, 19. и 20. век Грците доживеале пет должнички кризи. -1826. за време на војната за независност од Османлиското царство. -1843. Кога престанале да го враќаат кредитот земен во 1832. потрошен на војската и одржување на власта на баварскиот принц Ото. -1860.кога Грција поради банкрот е исфрлена од меѓународниот финансиски пазар до 1878. година -1894. бидејќи една година порано престанала да ги плаќа ратите од 1878. -1932. во време на Големата депресија, светската криза, која најтешко ја поднеле САД. 3.Во криза поминале, со прекини, 90 години, речиси половина од времето откако во 1830. се избориле за независност од Османлиското царство. 4.Корупцијата ја чинела Грција помеѓу 8 и 10 отсто од БДП-то на годишно ниво. Голем дел од тој процент отпаѓа на обичните граѓани во секојдневните активности. 5.Претприемачите даваат "повеќе од 100 отсто приходи" за кредити. Секако, такво нешто е невозможно, па аналитичарите сметаат дека тие своите приходи не ги пријавуваат во полн износ. 6.Речиси 50 отсто од младите се невработени. Вкупната стапка на невработеност изнесува 25,6 проценти. 7.Речиси 64 отсто од Грците на возраст помеѓу 18 и 34 години живеат кај своите родители. 8.Населението е старо-само 23,9 отсто од жителите се помлади од 24 години. Стапката на природен пораст е 1,3. 9.БДП-то на Масачусетс е поголем од грчкиот иако Грција е двојно поголема од оваа американска сојузна држава. Грчкиот БДП изнесува 242,2 милијарди долари, а на Масачусетс 420,75 милијарди долари. 10.Грција во моментот преживува криза поголема од онаа која САД ја преживеалњ на врвот од Големата депресија во триесетите години од 20. век. 11.Маслиновото масло е главен адут. Грција е трет произведувач на маслиново масло, по Шпанија и Италија, а произведува 300 илјади тона годишно. Речиси 90 отсто оваа количина се извезува во земјите од ЕУ. Интересно е дека некои од грчките стебла на маслинки се засадени уште во 13.век , а раѓаат и ден денес. 12."Грците пушат како Турци"-потрошувачката на цигари по глава на жител е дури 2.975. 13.Првите олимписки игри биле повеќе од 1.250 години пред падот на Римското царство.
fineweb-2
Фотографот Џими Нелсон го пропатувал целиот свет барајќи ги последните племиња кои живеат одделено и независно од современата цивилизација. Сретнал многу од нив, ги фотографирал и ја создал импресивната документарна серија фотографии наречена "Пред да заминат" (Before They Pass Away). Од Папуа Нова Гвинеја до Сибир, од Етиопија па сѐ до Непал, Нелсон побрзал да ги направи овие фотографии затоа што на овие култури им се заканува изумирање. Племето Хули во Индонезија и Папуа Нова Гвинеја Фотографирањето воопшто не било едноставно. Тој морал да изгради однос на доверба со нив. "По пристигнувањето на локациите секогаш прво гледав да се осигурам да не го видат фотоапаратот. Исто така себе сисе претставив како некој мал човек, и во физичка и во преносна смисла. Висок сум и наметлив со својата висина, но кога ќе 'се сторите' мал тие имаат чувство дека имаат контрола над ситуацијата, дури и кога тоа значи да поминете четири дена во кал. Се обидував да комуницирам со нив, обично преку преведувачи. На места како Папуа Нова Гвинеја, каде што се говорат илјадници јазици, морав да користам мимики и допирање. Друга важна работа е тоа што секогаш престојував заедно со нив, без разлика дали тоа беше во шатор или на земја, затоа што не сакав да им оставам впечаток дека сум нешто подобар од нив," објаснува Нелсон. Горока во Индонезија и Папуа Нова Гвинеја Иако направил голем број фотографии, сепак не успеал докрај во својата намера. Првичниот план да слика вкупно 70 племиња бил спречен од бирократските бариери во некои земји, а понекогаш проблем била и физичката непристапност на терените каде што живееле членовите на племињата.
fineweb-2
Комитетот за заштита на новинари соопшти дека најмалку 60 новинари биле убиени годинава во врска со нивната работа. Во извештајот објавен денеска се наведува дека "невообичаено висок процент" странски новинари биле убиени годинава додека известувале за конфликтите на Блискиот Исток, Украина и Авганистан. Со 17 убиени новинари годинава, Сирија трета година по ред е најопасното место за работа. Меѓу убиените таму се и американските новинари Џејмс Фоли и Стивен Сотлоф, кои беа обезглавени од милитанти на Исламската држава, а видео снимките од нивното погубување беа објавени на интернет. Од петмина новинари и двајца медиумски работници што беа убиени во Украина, шестмина се странци, соопштува Комитетот.
fineweb-2
Шест српски работници загинале на северот на Русија, во пожар којшто зафати градилиште на сибирскиот полуостров Јамал, пренесуваат српските медиуми. Според дипломатски извори во Русија, повеќе детали ќе се знаат подоцна. Пожарот избувнал синоќа, а според неофицијални податоци во него настрадале осум лица. Во моментот на избувнувањето на пожарот на градилиштето имало голем број работници од Србија, кои на работа во Русија заминале преку фирмата Велестрој.
fineweb-2
Кој што обожава да грицка, а не знае што да биде тоа за да биде здраво, ви предлагаме да го пробате одличниов рецепт на Клара. Таа сподели со нас како да направиме здрави солени бисквити во кои може вкусно да се ужива. Супер се и за оние кои се алергични на глутен, бидејќи не содржат такви состојки. Лесни се за јадење и уште полесни за правење. Формата може да ја менувате по желба, а за вкусот сме сигурни дека нема да сакате да го запоставите долго. Секогаш кога ќе посакате нешто за грицкање, нашите здрави солени бисквити ќе бидат вашиот прв избор! Состојки: Подготовка: - Најпрво во поголен сад измешајте ја урдата со јајцата. - Настрана измешајте го брашното со содата бикарбона. - Потоа, во садот со измешаните урда и јајца додајте го брашното. - Доколку урдата не е доволно солена, додајте сол по вкус, а по желба можете да додадете и малку црн пипер. - Смесата се става во претходно обложен плех со хартија за печење и убаво се рамни. - На крај, сечете штангли и ставете ги да се печат на 200 степени за време од околу 40-45 минути. Рецептот го испратил: Клара Бос. Ви препорачуваме да прочитате: Домашни интегрални грицки.
fineweb-2
Главниот одбор на Г17Плус едногласно со јавно гласање синока го усвои предлогот на таа партија да ја подржува владата на Србија до крајот на септември за да види дали Ратко Младич ќе биде испорачан во Хашкиот Трибунал и дали преговорите со Европската Уннија ке бидата продолжени. Претседателот на Г17 Плус, Мирољуб Лабус вчера си поднесе оставка на таа функција, по одлуката на главниот одбор да го отфрли неговиот предлог за излегување од владата на Србија.
fineweb-2
Пакистанскиот парламент усвои резолуција за Јемен, во која се повикува сите фракции во земјата да ги решат мирно нивните несогласувања и притоа во неа е изразена желба Исламабад да остане неутрален во конфликтот. Пратениците едногласно ја усвоија резолуцијата, откако претходно порачаа дека се против воена интервенција на Пакистан во Јемен. Саудиска Арабија вршеше притисок врз својот сојузник Пакистан да и се придружи на коалицијата, предводена од земјата која се бори со шиитските бунтовници во Јемен.
fineweb-2
Interethnic Integration in Education Project This page is having a slideshow that uses Javascript. Your browser either doesn't support Javascript or you have it turned off. To see this page as it is meant to appear please use a Javascript enabled browser. Повеќе 23.12 – Куманово – Средба за поддршка со членовите на СИТ-от и наставници, реализатори на активности "Родителите, што требаше да дојдат со нас во Врапчиште, беа загрижени пред посетата. Рекоа кај ли ќе одиме со децата таму. Но откако се вративме беа воодушевени од приемот таму. Рекоа дека са... "Ни претставува задоволство да бидеме гости во Охрид, тука во Велгошти. Оваа иницијатива е за поздравување и ја поддржуваме, бидејќи сме една земја, една држава. Општина Теарце е како што би ... *Информациите дадени на оваа интернет страница не се официјални информации од Владата на САД и не ги претставуваат гледиштата или ставовите на Американската агенцијата за меѓународен развој или на Владата на САД.
fineweb-2
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека судскиот систем и некои други државни институции, вклучително и Турскиот совет за научно-технички истражувања, треба да бидат исчистени од предавници. Турската полиција вчера презеде акции против следбениците на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кој живее во САД. Акции беа преземени во 13 градови во Турција при што се приведени 27 луѓе - новинари, извршни директори, продуценти и полицајци, блиски до Ѓулен. Последната година во Турција се извршени масовни чистки, при што беа прераспоредени голем број државни службеници, полицајци, обвинители и научници од Турскиот совет за научно-технички истражувања.
fineweb-2
Добитничката на Нобеловата награда за мир Малала Јусафзаи ќе го отвори денешниот самит на Обединетите нации со говор во кој ќе повика на слободно 12 годишно школување за сите деца во светот. "Ако сакате нашата иднина да биде посилна и посветла неопходно е да инвестираме во едукацијата. Не требаат многу пари за тоа, само 39 милијарди долари, кои ги трошиме во осум дена за воени цели", вели 18 годишната Малала. Веднаш по обраќањето на Малала која во Пакистан беше застрелана во главата во 2012 година од талибански напаѓачи затоа што пропагираше слободно школување за девојчињата, ќе зборува и Папата Франциско.
fineweb-2
Недопустиво е после 90 дена Стајковци и околината да се чувствуваат дека се немоќни да се бранат и од најмалата штета од врнежите, a истовремено локалните и државните институции молчат и воопшто не си ги извршиле своите надлежности, рече на денешната прескоференција Борче Георгиевски претседател на ОО СДСМ Гази Баба. – Истовремено сакаме да потсетиме дека 36-те милиони евра коишто се позајмица за оштети за најелементарните потреби на најзагрозените семејства до петокот беа исплатени само 22% и тоа на селективен начин, а истовремено селективноста е присутна и во делот на асфалтирањето, на санациите на домовите и оштети на земјоделските површини. До денеска за над 500.000 хектари земјоделска површина на земјоделците не им е исплатен ниту еден денар – рече Георгиевски. Истовремено, додаде тој, сакаме да апелираме државата да практицира еднаквост, а луѓето на функциите на коишто се наоѓаат треба да спречат елементарни непогоди се поставени партиски и вршат партиски популизам наместо да ги решаваат вистинските проблеми и проблемите коишто се од животен интерес и истовремено претставуваат голем проблем за безбедноста на граѓаните. – Не е никакво оправдување дека Трансмет единствената фирма којашто во четири очи ќе го врши поправањето на северната заобиколница а поминаа 92 дена до ден денеска ни еден милиметар од нејзината површина на заобиколницата не е рехабилитирана, поправена а истовремено ни каналскиот систем кој доаѓа од Скопска Црна Гора, а претставува елементарна непогода на северната заобиколница кој претставуваше смртна заобиколница на скопскиот регион од 6 август во овој момент и сами може да се уверите, не е ниту поправена ниту рехабилитирана – рече Георгиевски.
fineweb-2
Украинскиот претседател Петро Порошенко ја повика ЕУ да ја разгледа кандидатурата на неговата земја за влез во европското семејство. Тој говорејќи на самитот во Киев порача и дека на Украина и е потреба поддршката од ЕУ во спроведувањето на неопходните политички и економски реформи. Тој нагласи и дека Украина ќе може да ги исполни условите за кандидатски статус за влез во ЕУ за пет години. Самитот меѓу ЕУ и Украина е прв од таков вид по потпишувањето на Договорот за асоцијација по соборувањето на прорускиот претседател Виктор Јанукович.
fineweb-2
Првиот случај за кој Специјалното јавно обвинителството отвори истражна постапка е "Титаник", а се однесува на десетина дела поврзани со изборите. Обвинителката Фатиме Фетаи на прес-конференцијата во СЈО посочи дека е отворена истражна постапка за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.
fineweb-2
Трансмасти ||Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. Трансмасти е заедничко име за незаситени масти со транс-изомер (Е-изомер) масни киселини. Бидејќи терминот се однесува на конфигурацијата на двојна јаглерод врска, трансмастите понекогаш се мононезаситени или полинезаситени, но никогаш не заситен. Трансмасти постојат во природата, но исто така се случи за време на обработката на полинезаситени масни киселини во производството на храна. Содржина Трансмасти[уреди | уреди извор] Трансмасните киселини се наоѓаат во храна која содржи животински масти, како на пример млекото и говедското месо. Настануваат како резултат на биохидрогенација, процес кој се одвива во во дигестивниот систем на животните- преживари, а под дејство на цревните бактерии. Настанатите трансмасни киселини се апсорбираат и вградуваат во млекото и ткивата на животните. Во прехрамбено-преработувачка индустрија, трансмасните киселини настануваат при постапката - хидрогенација. Трансмасните киселини го зголемуваат нивото на "лошиот" холестерол, а го намалуваат "добриот" холестерол. Што мислите која намирница, со голема содржина на масти, убедливо го држи првото место по штетност за човечкиот организам? Дали е тоа чистата свинска маст, или можеби друг животински производ богат со масти? Одговорот можеби ќе ве изненади. Првото место по штетност го држат намирниците богати со т.н. трансмасни киселини, а тоа се цврстите маргарини и растителните масти. Сигурно се прашувате како е ова можно кога маргаринот до скоро беше славен како здрава и корисна намирница. Но, во меѓувреме завршени се бројни клинички студии кои недвосмислено покажале и докажале дека мастите од тврдите маргарини и растителните масти се два пати полоши од заситените масти. Зошто е тоа така можеме да видиме на примерот со холестеролот. Поедноставно кажано, постојат повеќе типови на холестерол од кои 2 се исклучително значајни за нашиот крвоток, а тоа сe HDL (популарно наречен "добар" холестерол, кој го намалува ризикот од кардиоавскуларни заболувања) и LDL (популарно наречен "лош" холестерол, кој го зголемува ризикот за кардиоваскуларни заболувања). Проблемот кај мастите ги создава хидрогенацијата[уреди | уреди извор] Хидрогенација е постапка на стврднување на маслата (течни триглицериди). При оваа постапка, која се изведува при висока температура (260°C) и со катализатори (никел и платин), се додава водород. На тој начин настанува нова хемиска структура (хидрогенизирана маст) која на собна температура има тврда конзистензија. Просечно содржи 15-25% трансмасни триглицериди во молекулата. Човечкиот организам неможе да ги препознае овие трансмасни киселини и неповолно реагира на нив. Хидрогенизираната маст се користи за изработка на тврд маргарин, кој се пакува во коцки и се користи во домаќинството. Овој маргарин содржи најмногу трансмасни триглицериди (19 - 49%). Печените производи од масно тесто се најбогати со трансмасни киселини, па за жал, излегува дека, на пример вкусните и атрактивни кроасани, во поголеми количини се штетни. Храната пржена во фритеза е, исто така, богата со трансмасни киселини. Маслата за готвење, кои дедлумно се хидрогенизирани, содржат 1-13% трансмасни киселини. Значи, маргарниот не е единствена намирница со трансмасни триглицериди. Сите намирици кои во себе содржат хидрогенизирани или делумно хидрогенизирани масти, имаат во себе повеќе или помалку трансмасни киселини. Веднаш се поставува прашањето. Која е целта на хидрогенизацијата на мастите? хидрогенизацијата на мастите овозможува нивно подобро одржување (во однос на течните масла), полесно пакување и подобар вкус. Може ли хидрогенизацијата 100% да се контролира? По правило не може, бидејќи за тоа воглавно не постојат адекватни технички средства, поготово ако се штеди на скапи катализатори, ако осцилира работната температура (260°C) и притисокот. Токму затоа и количината на трансмасните киселини варира во финалниот производ. Намалување на трансмасните киселини во исхраната[уреди | уреди извор] Трансмасните киселини предизвикуваат апсолутно пореметување на метаболизмот на холестеролот, а тоа пореметување создава добра подлога за развој на атеросклероза. Намалување на трансмасните киселини во исхраната може да се постигне на два начини: - со правилен избор на намирници кои содржат масти, - со подобрување на технолошката постапка на хидрогенацијата Со умерено консумирање на масно тесто (колачи), на тврд маргарин и на други масни намирници, се намалува количеството на трансмасните киселини во организмот. Природното ладно цедено маслиново масло има многу малку или воопшто не содржи трансмасни киселини. Подобрувањето на технолошката постапка на хидрогенизацијата, исто така, може значително да го намали процентот на трансмасните киселини во намирниците. Маснотиите и срцевите болести[уреди | уреди извор] Важно е секој човек долгорочно да го одреди својот однос кон мастите. Не е важна вкупната количина на масти кои ги консумираме, туку е важен нивниот квалитет. Или, уште попрецизно, важен е односот на масните киселини (заситени, незаситени и трансмасни киселини) кои ги внесуваме. Еве правило: - "Што помалку масти од животинско потекло (треба да се заменат со оние од растително потекло)" и - "Што помалку трансмасни киселини од хидрогенизирани масти".
fineweb-2
На вчерашните избори во Словачка граганите се определија дека во наредните пет години таа држава ќе ја предводи некогашниот претседател на парлментот и лидер на вонпарламнтраното движење за демократија Иван Гаспарович. Во вториот круг од изборите Гаспарович според прелиминарните раезулатати освоил 59,9 проценти од гласовите со што неочекувано и убесливо го победил својот некогашен партиски шеф и порнешен премиер Владимир Мечијар за кого галсале 40 проценти од избирачите.
fineweb-2
Во Италија денеска продолжуваат парламентарните избори на кои гласачите решаваат меѓу милијардерот Силвио Берлускони и кандидатот на левиот центар Валтер Велтрони. Според податоците, одѕивот вчера бил над шеесет и два процнти. Берлускони, кој се надева на свој трет премиерски мандат, како што покажуваат анкетите, бил во предност, но без шанси да добие и апсолутно мнозинство во парламентот.
fineweb-2
Новиот американскиот секретар за одбрана Чак Хејгл се очекува денеска да оствари средба со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи. Посетата на Хејгл доаѓа по самоубиствениот талибански бомбашки напад пред авганистанското министерство за одбрана во Кабул, при што загинаа 9 цивили. Талибанците соопштија дека со нападот сакале да испратат порака до Хејгл дека милитантите и натаму имаат сила да дејствуваат. Хејгл изјави дека ја слушнал експлозијата и го опиша Авганистан како воена зона.
fineweb-2
"Главна работа што сакам да ја пренесам до луѓето во Џоплин е дека ова не е само ваша трагедија, ова е национална трагедија, а тоа значи дека ќе има и национален одговор на таа трагедија", рече американскиот претседател. Тој забележа дека некои доброволци дошле од Таскалуса, во Алабама, дошле да помогнат во спасување и расчистување иако и нивниот град страда да се опорави од серијата смртоносни торнада пред еден месец. Обама исто така им вети на жителите на Џоплин дека владата ќе ги поддржи напорите за обнова – на секој чекор од тој пат: "Ова може да се случи секому. Разликата да се биде на патот на ова торнадо или да биде добро, на само неколку улици подалеку, е мала. Затоа сите треба да помогнеме". Во меѓувреме, стотици жители на Џоплин се собраа во градскиот парк за минута молчење во 5:41 попладнето, моментот кога торнадото го погоди градот пред една недела. Еден од насобраните вака опиша зошто дошол на собирот: "Ова е наш дом, ова се наши пријатели, оваа заедница е нашето семејство, таа не` прифати. Сакаме само да бидеме тука да ја поддржиме оваа заедница заради оние кои загубија се`, а ние минавме практично негибнати. Затоа сме тука, да ги поддржиме луѓето што ги сакаме". Официјални претставници на Мисури во неделата кажаа дека имало 142 потврдени загинати, а 44 лица се` уште се водат за исчезнати.
fineweb-2
Кога веќе некое време сте во врска со вашиот партнер кој тврди дека е заљубен во вас, понекогаш може да биде многу тешко да се забележи дали тој/таа ве сака на здрав начин. Погледнете ги наредниве 6 клучни разлики помеѓу здравата и нездравата љубовна врска. 1. Давање без очекување ништо за возврат наспроти давање за да се добие. Вистинската љубов се темели на желбата да му се овозможи на партнерот нешто коешто му е потребно, без да се очекува ништо за возврат. Вие едноставно си верувате доволно дека ќе се грижите еден за друг во секое време. Доколку сметате дека вашата љубов има цена и дека давањето е единствениот начин за да добиете нешто назад, можеби би требало посериозно да размислите за вас и вашите очекувања од таа љубовна врска. 2. Меѓусебното познавање наспроти менување на другиот. Луѓето во здрава љубовна врска се обидуваат да откријат што е можно повеќе за својот партнер и го почитуваат онаков каков што навистина е. Од друга страна, доколку имате потреба да го менувате вашиот партнер за да биде онаков каков што вие сакате да биде, тоа значи дека не се грижите за него и дека можеби тој не е добар избор за вас. 3. Приватност наспроти изложеност. Здравата љубов создава области во врската кои се приватни, каде што никој друг не влегува. Вистинската љубов го заштитува времето кое вие двајца го делите, вашето знаење еден за друг како и уникатните нешта кои ги споделувате меѓу себе. Но, доколку чувствувате дека немате никаква приватност во вашата врска, дека вашите слабости стануваат мета на исмејување, или пак дека деталите од вашиот сексуален живот се споделуваат со секој кој е подготвен да слуша, тогаш станува збор за нездрава љубовна врска. 4. Поправање наспроти одмазда. Доколку вие и вашиот партнер навистина се сакате, караниците меѓу вас стануваат начин на кој ќе учите нешто повеќе еден за друг. Вие многу лесно ќе забележите вистински за решавање на конфликтот преку сослушување и искрено искажување на вашите чувства. Нездравата љубов е одмаздничка каде што секој ваш аргумент станува можност за одмазда. Ќе забележите дека вашите караници создаваат обвинувања, одбивања и принудување. 5. Заеднички цели наспроти себичност. Вистинската љубов сместува еден пар во заеднички животен простор каде што се создаваат заеднички цели кои подеднакво им помагаат и на двајцата. Вашиот партнер треба да сака вашите надежи и соништа да станат вистина. Од друга страна пак, нездравата љубов зема сѐ за себе и ништо не дава. Таа бара од вас да ги жртвувате вашите соништа и никогаш да не ги остварите. Се грижи за своите интереси и за ничии други. 6. Желба наспроти вина. Здравата љубовна врска создава желба за грижење за потребите на вашиот партнер. Вие сакате оваа личност да биде во вашиот живот и затоа се грижите за неговите/нејзините потреби и желби. Во нездравата љубовна врска партнерите користат вина за да го добијат она што го сакаат. Вашиот партнер ги искористува вашите грешки против вас и ве споредува со другите за да се чувствувате лошо, а потоа ви кажува дека ако го направите она што тој/таа ви кажува тогаш можеби ќе ви прости. Во овие случаи вие не давате затоа што сакате, туку затоа што морате.
fineweb-2
Успешната приказна која владата ја сервира за Македонија на економски план за граѓаните е сосема поинаква. Тие велат дека не им се многу важни добрите рејтинзи за економската ситуација, рекламирањата на владата и најавите за подобро утро, кога секојдневно се соочуваат со безработица, ниски плати и со големи трошоци. Економската ситуација е тотален хаос. Само се гради, доста е веќе со тие градби, да не треба и Титаник да се изгради на Вардар? Јас не знам од каде средства. "Нема што да се зборува, што да се рекламира, кога е многу просто, цените постојано растат, а примањата се исти." "Економската ситуација е тотален хаос. Само се гради, доста е веќе со тие градби, да не треба и Титаник да се изгради на Вардар? Јас не знам од каде средства?" "Поторошувачката кошничка е скапа, а пензиите мали", велат граѓаните. А, за тоа како ги чувствуваат владините успеси врз животниот стандард, тие велат: "Мислам дека сега со враќањето на ДДВ-то кај мене лично се почувствува подобрување." "Јас мислам дека економијата за обичниот човек не е мрдната." "За нас со мали примања подобрување нема, само ќе шеташ по продавници, ќе разгледуваш и празен ќе си дојдеш, разочаран." Дали верувате во економските успеси на владата, како што вели таа, и колку вие, граѓаните, ги чувствувате тие успеси врз вашиот животен стандард? Погледнете ја анкетата и коментирајте тука . Високиот степен на невработеност, ниските стапки на раст, проблемите со финансирање на земјата и задолженоста ја прават сликата за економијата далеку од розова. Владата многу добро знае дека на граѓаните не им е добро, но е навлезена во една политика, на која е заточеник и не може тоа да го смени, вели професор Ванчо Узунов, кој е член и на Економскиот совет на СДСМ. "Така да владата нема што друго да прави, освен да продолжи се посиловито и посиловито, со онаа иста приказна дека е е убаво, а ако моментално не ви е убаво, тогаш стрпете се, ама за тоа криви се некои други. Криви се Вашингтон, Брисел, криви се европските кризи, грчките политичари, опозицијата, сите се криви, ама не и владата." Узунов вели дека како приказната губи од својот интензитет и како граѓаните гледаат дека не им е подобро расте притисокот да има приказна. "Затоа тоа станува се поприсутна и поприсутна и се понападна и понападна, уште малку и ќе не натепаат да се чувствуваме убаво. Сега осуди се да речеш дека не ти е убаво, ќотек ќе добиеш." Премиерот Никола Груевски вчера за време на партиска трибина изјави дека како влада прават се што е во нивна моќ, во услови на европска должничка криза да помогнат на граѓаните. Тој повтори дека и покрај кризата, ќе изнајдат начин за зголемување на пензиите и на социјалната помош за 5 отсто.
fineweb-2
Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави денеска дека итно ќе почне работата за воведување претседателски систем во Турција. Тој нагласи дека претседателот Реџеп Таип Ердоган ги извршува своите должности како шеф на државата, отфрлувајќи ги со тоа тврдењата дека тој се меша во работата на владата. Ердоган, кој денеска го одобри составот на новата влада, утре ќе претседава со првата владина седница, изјавија претходно извори од неговиот кабинет. Јилдирим во првото обраќање пред Парламентот, по објавувањето на новиот состав на владата истакна дека сегашниот Устав е далеку од вистинските потреби на земјата и додаде дека итно почнуваат работите за негова измена. "Уставот треба да го зема предвид фактот дека сега шефот на државата се бира директно од народот", додаде Јилдирим. Тој изјави дека операциите против бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК) во југоисточна Турција, која е населена претежно со Курди ќе продолжат се додека не се стопираат нејзините напади. "Ме прашувате кога ќе заврши таа операција, која почна во јули 2015 година. Одговорот е едноставен и јасен, кога целосно ќе се стопираат крвавите напади врз нашиот народ од страна на сепаратистичката терористичка организација. Кога тие целосно ќе се откажат од оружјето и кога заштита на граѓаните ќе биде целосно обезбедена", додаде Јилдирим.
fineweb-2
Најмалку две лица загинале, а неколкумина други биле повредени во експлозија во автобус што се случи во јужниот дел на Турција. Полицијата засега не објави што била причината за експлозијата. Сите жртви во инцидентот што се случил во близина на туристичкиот град Манагват, близу Анталија, биле турци. Агенциите јавуваат дека денеска на плоштадот таксим во Истанбул дошло до експлозија и оти едно лицо било рането.
fineweb-2
Јапонскиот премиер Шинзо Абе денеска соопшти дека ќе си поднесе оставка, само една година откако ја превзеде функцијата. Неговата влада ја потресоа неколку финансиски скандали во кои беа инволвирани министри, а Либерално-демократската партија на Абе, на изборите во јули, го загуби мнозинството во горниот дом на Парламентот. Тој имаше проблеми и со обезбедувањето подршка за продолжување на мандатот на јапонските сили кои ги помагаат американските операции во Авганистан. Шинзо Абе изјави дека на Јапонија и треба нов лидер кој ќе ја продолжи битката против тероризмот.
fineweb-2
Техничка влада која во исто време ќе организира локални и предвремени избори е клучниот услов за кој Црвенковски побарал мислење од проширениот Централниот одбор. Според извори во партијата, имало поделени ставови околу тоа дали СДСМ треба воопшто да поставува услови или да остане доследна на своите најави и да оди на бојкот. На маса се нашол и условот што го имаа социјалдемократите пред минатите предвремени парламентарни избори, а тоа е рамномерна распределба на парите за реклами. Црвенковски побарал и доследна примена на препораките од ОБСЕ/ОДИХР во изборната регулатива, целосно прочистување на избирачкиот список, како и засилен меѓународен мониторинг. Друг формат на Влада што би требало да ги организира изборите социјалдемократите и официјално побараа. Премиерот Никола Груевски во своето новогодишно обраќање ги повика опозиционерите да се вратат во Собранието и да учествуваат на изборите, кој како што рече ќе бидат фер слободни и демократски, како претходните. Од партијата на Ахмети сметаат дека нема логика опозицијата да бара техничка или каква и да е влада, бидејќи граѓаните се изјасниле пред година и пол, кој сакаат да ги води. Идејата за бојкот е неприфатлива и за албанската опозициja. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски најави дека веднаш по божиќните празници ќе ги распише локалните избори. Во собранието велат дека се уште не знаат кога Вељаноски ќе го стори тоа. Доколку неделава ги распише изборите, тогаш според законските прописи од денот на денесувањето одлука за одржување избори до денот на нивото одржување не смеат да поминат повеќе од 90 дена а помалку од 70 што значи дека тие би требало да се оддржат меѓу 24 март и 14 април.
fineweb-2
Бројот на загинати при нападот на талибанците на полициска станица во авганистанската покраина Кандахар се искачи на 16. Според локалните власти талибанците биле вооружени со пушки и гранати. Меѓу загинатите има и полицајци. Министерството за внатрешни работи соопшти дека загинало 21 лице, меѓу кои и авганистански војници, цивили и еден агент на разузнавачката служба. Авганистанските и НАТО силите по нападот спроведоа акција против талибанците.
fineweb-2
Наградата за новинарство и публицистика "Мито Хаџивасилев Јасмин" денеска им беше врачена на Мира Костиќ- Коцев, Зоран Трајчевски, Свето Стаменов и Блерим Исени. Костиќ-Коцев и Трајчески, двајцата вработени во Радио Скопје, наградата ја добија за дологогодишна работа во новинарството, додека Стаменов, исто така од Радио Скопје, и Исени за публицистика. Претседателот на Одборот за доделување на наградата Веле Смилевски на свеченоста по повод врачувањето на наградата истакна дека македонското новинарство во вакви кризни периоди ја покажува својата виталност со професионални стандарди.
fineweb-2
Господарот на прстените (книга) Господарот на прстените (на оригиналниот англиски: The Lord of the Rings), можеби едно од најубавите и најважните дела во толкиновиот Легендариум, но и во светската литература во 20. век воопшто. Своевидно продолжение на неговото претходно дело Хобитот, Господарот на прстените претставува мајсторски раскажана сага во која се забележани настаните и пресвртите во еден (цел!) свет во еден, за него, мрачен период. Пишувана долга низа години ([PHONE]), а конципирана веројатно и многу порано, оваа книга е издадена во три тома во периодот [PHONE]: - Том 1: Дружината на Прстенот (The Fellowship of the Ring) - Том 2: Двете кули (The Two Towers) - Том 3: Враќањето на кралот (The Return of the King) Некои претпочитаат томовите да ги нарекуваат делови, на што се противел и самиот Толкин, зашто книгата била обмислена како единствено, а не поделено дело. Книгата е издадена во три тома само поради недостигот на хартија во повоените години и пониската цена на секој том посебно. Подоцна, книгата излегува онака како што и е замислена: како единствено дело. Во изданието на третиот том, Враќањето на Кралот, се вклучени и "Додатоците" (The Appendices), каде се дадени сите потребни појаснувања со цел темелно и точно да се разбере текстот. Настаните и ликовите од книгата се плод на фантазијата на авторот, но се засноваат на митологиите на повеќе народи, меѓу кои: англиската, прагерманската, грчката, па дури се среќаваат и елементи од христијанството. За Господарот на прстените (секако и за останатите дела на Толкин) се врзани неколку многу битни факти; имено, за своите потреби, Толкин буквално создава (конструира) сопствен свет со повеќе раси и јазици, митологија, различни цивилизациски и општествени норми и вредности, степени на развиеност, и најважно од сѐ: свет со сопствена, многу добро елаборирана и усогласена историја. Ова многу популарно дело има големо влијание во светски рамки. Доказ за тоа е и трилогијата снимена според ова дело: Господар на прстените (филм). Вовед во приказната[уреди | уреди извор] Настаните забележани во Господарот на прстените се всушност (само) последица, продолжение, кулминација на многу постари процеси. Сите тие се одвиваат во Светот (The World), кој е создаден од божествените суштества наречени Валари (the Valar, еднина: Vala). Откако го создале светот и се населиле во него, тие ги создале Елдарите (the Eldar), попознати како Елфи (the Elves, еднина: Elf, според својата убавина и мудрост своевиден пандан на самовилите од словенската митологија) и ги населиле во Бесмртните Земји или Валинор (the Undying Lands или Valinor). Покрај Елфите, Валарите имале свои "слуги" наречени Маи (the Maiar, еднина: Maia). Како течело времето, еден од Валарите наречен Моргот (Morgoth, забележан е и како Мелкор - Melkor) поведен од љубомора и завист, од Феанор (Fëanor), своевремено најспособниот Елдар, ги украл трите скапоцени камења наречени силмарили, ги уништил Дрвјата на Светлината кои ги имал направено самиот Феанор и се одметнал од останатите Валари засолнувајќи се во Средната Земја (Средниот Свет, Меѓуземјето; анг. Middle-earth), во својата тврдина Тангородрим (Thangorodrim). Феанор, следен од поголем дел од неговиот народ, заминал во прогонство во Средната Земја каде започнал војна против Моргот Непријателот. Таму Елфите, потпомогнати од Едаините или Луѓето (the Edain или the Men) после долгогодишни очајни борби успеале да ја добијат војната против Тангородримските орди, а Валарите го "исфрлиле" самиот Моргот од границите на Светот. По ова, повеќето Елфи се вратиле во Валинор, а Луѓето како награда за помошта го добиле островот Нуменор (Númenor) кој се наоѓал далеку на запад од Средната Земја и "од чија највисока точка можеле да се видат Бесмртните Земји - Валинор". Тука, под менторство на Елдарите, кралството на Луѓето цветало многу години и тие имале долг животен век. Единствено им било забрането да се обидат да допловат до Бесмртните Земји (иако им биле на видик), што тие го почитувале. Со пропаста на Моргот Непријателот и основањето на Нуменор, завршило Првото Доба или Првото Раздобје (the First Age). Но Елфите кои останале во Средната Земја не добиле мир. По соборувањето на Моргот, во Средната Земја се појавил Саурон еден од Маите и слуга на Моргот. Претставувајќи се како Господар на Даровите, им помогнал на елфските ковачи да го совладаат начинот за изработка на волшебни прстени, наречени Прстени на Моќта или Велики Прстени (the Rings of Power или the Great Rings). Елфите со помош на Саурон исковале најпрво девет, а потоа уште седум или вкупно шестнаесет такви прстени, додека по заминувањето на Саурон, Келебримбор (Celebrimbor), водач на елфските ковачи, исковал уште три прстени, помоќни од сите претходно исковани. Сите овие прстени биле исковани со цел да се чини добро, но Саурон повлекувајќи се во земјата Мордор (Mordor), во огнот на Проклета Планина или Ородруин (Mount Doom или Orodruin) исковал уште еден прстен создаден со умисла да ги "надвладее" носителите на шеснаесетте (бидејќи самиот Саурон не знаел за Трите Елфски Прстени). Но кога бил искован овој Прстен (наречен и Единствениот Прстен или Владејачки Прстен или просто Единствениот - the One). Претчуствувајќи дека наближува зло, Трите Прстени биле скриени од Саурон (за нив знаеле само оние кои ги носеле, а тоа биле најголемите елфски мудреци) кој започнал војна против целата Средна Земја запленувајќи ги шеснаесетте првоисковани. Деветте им ги дарувал на Кралевите на Луѓето од Средната Земја (не на Нуменореанските Луѓе!) кои потпаднале под негова власт, постанувајќи Сеништа на Прстенот или Назгули (the Ringwraiths или the Nazgûl), додека Седумте ги добиле владетелите на Џуџињата, уште една раса од Средната Земја. Војната одела лошо за Елфите, сè додека Нуменореанските Луѓе не притекнале во помош допловувајќи со огромна флота на бреговите на Средната Земја, така што Сауроновите војски го напуштиле својот господар, а самиот Саурон бил заробен и одведен во Нуменор, понесувајќи го со себе Единствениот, за чие постоење, по сѐ изгледа, не биле свесни Нуменореанските Луѓе. Користејќи ја моќта на Едниствениот, Саурон набрзо станал советник на кралот на Нуменор и го советувал да ја прекрши забраната на Валарите и отплови кон Бесмртните Земји и ги освои, зашто "кој владее со Бесмртните Земји, тој има вечен живот", а Нуменореанците иако живееле долго, сепак биле смртни. Согласувајќи се со овој совет, кралот изградил огромна флота и запловил кон Бесмртните Земји; но мал број Луѓе кои не се согласувале со ваквата одлука на кралот запловиле кон Средната Земја - во прогонство. Кога Нуменореанците се приближиле до Бесмртните Земји, островот Нуменор наеднаш се потопил во морето, додека Бесмртните Земји исчезнале од лицето на Светот. При ова загинале сите Нуменореански Луѓе, освен оние кои заминале во прогонство во Средната Земја, додека духот на Саурон заедно со Единствениот, носен на мрачни ветришта се вратил во Средната Земја, каде прогонетите Нуменореанци веќе основале две кралства: Арнор на север и Гондор на југ. Саурон повторно им наметнал војна и на Луѓето и на Елфите, па тие го формирале Последниот Сојуз на Елфите и Луѓето и успеале да ги поразат војските на Саурон во Битката на Дагорладското поле и да го опсадат Барад-дур (Barad-dûr, Темната Кула; наречен и Lugbúrz), сауроновото утврдување во Мордор. По седумгодишна опсада, самиот Саурон излегол да се бори покрај своите војски во очајнички обид да ја разбие опсадата. Биејќи се со Саурон загинуваат елфскиот крал Гил-галад (Gil-galad) и Елендил (Elendil), Кралот на Луѓето. Во битката се крши мечот на Елендил - Нарсил, а неговиот син, Изилдур, со остатокот од мечот успева да го отсече Единствениот Прстен од раката на Саурон. По ова Саурон го загубил телесниот облик, а Сојузот извојувал победа. Но, наместо да го уништи Единствениот (што може да се стори само на местото каде што е искован: во огнот на Проклета Планина) и да се ослободи од злото за навек, Изилдур го задржува прстенот, на противење на Елронд наречен Полуелф, голем мудрец и достоинственик. Две години подоцна Изилдур е убиен во опсада поставена од Орци кај Галаденските полиња, а Единствениот Прстен се лизнува од неговиот прст потонувајќи во Андуин - Големата Река (Anduin) и Орците го убиваат. Знаењето за Прстенот бледнее сѐ додека не мине толку време што преминува тоа во мит. Но слугите на Саурон, полека закрепнувајќи од доживеаниот пораз, неуморно го бараат прстенот за да му овозможат на својот господар повторно да земе телесен облик и продолжи со своите зли намери: да владее со сета Средна Земја. Со поразот на Саурон завршува Второто Доба (the Second Age). Во Третото Доба имало долг период на мир, но по него продолжил теророт на сауроновите слуги. Се појавуваат Назгулите и непрестајно ги напаѓаат Арнор и Гондор. Околу илјада години по почетокот на Третото Доба во Средната Земја доаѓаат Волшебниците или Истари (the Wizards или Istari), вкупно пет. Тие се всушност Маи - слуги на Валарите; најпознати од нив се Саруман Белиот или Курунир Лан (Saruman the White или Curunír Lán), најмоќниот меѓу нив, и Гандалф Сивиот, Олорин или Митрандир (Gandalf the Grey, Olórin или Mithrandir), обично именуван како најмудриот. Нивна задача било да помогнат во борбата против злото. Но иако нивното присутство е значајно, сепак моќта на Кралствата на Луѓето од Нуменор во прогонство опаѓа. Најпрвин пропаѓа Арнор (Северното Кралство), а по него, околу 2050. година од почетокот на Третото Доба е убиен и последниот крал на Гондор (Јужното Кралство) - Еарнур (Eärnur). По ова управата над Гондор минува во рацете на Намесниците (или Домостроителите, the Stewards) кои треба да владеат "сѐ додека Кралот повторно не се појави", зашто Еарнур умира под сомнителни околности. Околу 2.500 години по почетокот на Третото Доба, Единствениот Прстен доаѓа во рацете на Смеагол-Голум (Смигол, Sméagol-Gollum), кој го добива убивајќи го својот роднина Деагол (Дигол, Déagol). Самиот Деагол сосема случајно го наоѓа Прстенот на дното на Андуин, ловејќи риба. По убиството, Смеагол-Голум е изгонет од своето семејство и се засолнува во подножјето на Магливите Планини (the Misty Mountains), каде долго време живее ловејќи риби со помош на прстенот. 500 години подоцна, речиси случајно, хобитот Билбо Багинс најпрвин го наоѓа, а потоа и го добива Прстенот, на една од своите авантури, победувајќи го Смеагол-Голум во играта на загатки. Така, Единствениот Прстен лежи "мирен" кај Билбо, продолжувајќи му го животниот век. Апсолутно никој, па дури ни Гандалф, кој воедно е и близок пријател на Билбо, не се сомнева дека тоа е токму Сауроновиот Прстен! За сето време, моќта на Саурон расте, а Прстенот кој има своја волја почнува да "посакува" да се врати на раката на својот господар. Шеесетина години подоцна, на својот 111. роденден, Билбо, со тешко срце, посоветуван од Гандалф, му го остава прстенот на својот внук Фродо Багинс како наследство и заминува кај Елфите; токму чудното однесување на Билбо на разделбата го побудува сомнежот на Гандалф во врска со потеклото на самиот прстен... Од овој момент (прославата на 111. роденден на Билбо), почнува дејствието како што е забележано во Господарот на прстените. Она што следи[уреди | уреди извор]
fineweb-2
"Беше убаво да се види подебата на Реал над Барселона, и да го гледам финалето како навивач на Реал" - изјави поранешниот играч на Реал Бекам беше член на Реал Мадрид, од 2003 до 2007 година, што оставило трага во него да се чувсврува како "мадридист" "Тоа беше важна победа. Купот во Шпанија е многу важно натпреварување. Да се избори наслов, и тоа против Барселона, претставува посебно задоволство." "Како е да се игра ел класико? Кога знаете дека играте против Барселона, треба многу самодоберва. Тогаш вие играте најдобро, и го давате својот максимум. Барселона игра одлично, така што и во следните 2 натпревари ќе биде тесно." - Изјави Бекам
fineweb-2
Најмалку четири лица загинаа во невремето предизвикано од Ураганот Вилма што синоќа ја погоди Флорида. Околу 6 милиони луѓе останаа без електрична енергија, поради невремето чии ветрови дувале со брзина од 175 километри на час, додека меѓународниот аеродром во Мајами е оштетен, по што е затворен во наредните четири дена. Претходно Ураганот Вилма ја погоди Куба, а 17 лица загинаа во невремето на Хаити и Јамајка.
fineweb-2
Европската Комисија денеска соопшти дека економијата на земјите на Европската Унија ке стагнира во 2009 и дека извесно мало напредување ке има во 2010 година. Според последното предвидување на Комисијата, во 2009 економијата во 15 те земји на евро зоната ке расте за 0,1 насто а просечно во 27 те земји на Европската Унија ке расте за само 0,2 насто во истиот период. Се смета дека Германија, Франција и Италија ке се соочат со стагнација, а Велика Британија ке падне во рецесија. Растежот во 2010, според Комисијата, ке биде околу 1,1 насто на ниво на Унијата а околу 0,9 насто за евро –зоната.
fineweb-2
Долгорочниот план за развој на одбраната и стратегијата за новата структура на сили на АРМ се приоритетите во наредните неколку месеци, за кои ќе се побара и совет од НАТО советодавниот тим во Македонија. Ова го изјави денеска министерот за одбрана Зоран Коњановски по средбата со високиот воен претставник на НАТО и командант на НАТО штабот во Скопје комодорот Валентин Гагашев и новиот вршител на овие две функции бригадниот генерал Давид Хумар од Република Словенија. Според Коњановски, советодавниот тим на НАТО треба да остане во Македонија до моментот кога земјата ќе стане полноправна членка на Алијансата. Новиот високиот воен претставник на НАТО во Скопје бригадниот генерал Давид Хумар изјави дека Македонија е одличен партнер на Алијансата, особено во операциите предводени од НАТО.
fineweb-2
Младите од сите балкански држави, но и од Турција, Германија, Италија и Франција ја лоцираат невработеноста како најголем проблем. Велат, се ангажираат во политичките партии, но само за да дојдат до работно место, што побргу. Од друга страна, посочуваат дека владите не се грижат за потребите на младите и дека речиси никогаш не ги консултираат при креирање и имплементирање на политиките кои треба да го подобрат квалитетот на животот на младите. Решенијата за овие проблеми се всушност препораките до владите на државите учеснички од 11-та Интернационална младинска конференција што се одржа во Крушево. Солидарните вредности не се многу популарни меѓу младите, сè уште се зборува за тие неолиберални вредности каде првиот е прв, а сите други се втори, мораш да бидеш успешен, цената не е битна. "Солидарните вредности не се многу популарни меѓу младите, сè уште се зборува за тие неолиберални вредности каде првиот е прв, а сите други се втори, мораш да бидеш успешен, цената не е битна. Е во тој контекст на вредности на демократско солидарно општество имаме дефицит дефинитивно", смета Кире Василев од Битола. Според него, инволвираноста на младите во политиката само им ја потиснува демократската свест, зашто присутен е стравот дека ќе станат дел од армијата невработени, секогаш кога ќе се обидат да направат нешто за општо, јавно добро. Најгорливиот проблем во мојата земја е да најдете вработување. Фактот што младите луѓе зависат од семејниот буџет и не можат да создадат сопствен живот е најлошо за нив. Невработеноста е голем проблем и за младите во Грција. Тие не сакаат да ја напуштат својата држава, туку инсистираат на решение за нивните потреби. Но, велат, грчката влада не може да го реши овој проблем, за кој одлучуваат креаторите на европските политики. "Најгорливиот проблем во мојата земја е да најдете вработување. Фактот што младите луѓе зависат од семејниот буџет и не можат да создадат сопствен живот е најлошо за нив. А, од аспект на проблемот меѓу Македонија и Грција можам да кажам дека сакам и се обидувам да бидам дискретна овде, македонската страна има свои, а грчката страна свои аргументи и искрено посакувам Македонија да влезе во ЕУ, се надевам дека ќе има решение. На персонално ниво сметам дека Македонците се пријателски настроен народ и ние комуницираме одлично", изјави Марија Атанацики од Солун. Исти се проблемите и на младите во Босна и Херцеговина, каде маса млади луѓе се без работа и затоа постојано бараат можности за работа во странство. Во меѓувреме политичкиот ангажман за нив е само виза да се дојде до работно место. "Тоа е еден од големите проблеми со кои се соочува еден млад човек, како да остане индивидуа, во земја во која политиката влегла во сите општествени пори: образование, спорт, култура, наука. Затоа, поради нашето уредување, поголем дел од младите гледаат да се вработат со посредство на некоја политичка партија", порача Елма Бешлиќ од Босна. Сите препораки и овојпат младите учесници на конференцијата ќе ги испратат од владите на нивните држави. Ова е практика од интернационалната конференција во изминатите 11 години, континуитет на средби и дискусии за проблемите на младите во Југоисточна Европа. "Интегрирање на регионот во системот на вредности врз кои почиваат тие две структури Европската унија и НАТО. Значи ние сакаме да ги доближиме модерните европски вредности до младите луѓе од земјите од Југоисточна Европа. Младинската конференција секоја година испраќа препораки до доносителите на одлуки, до владините претставници во сите земји на регионот, не само во нашата земја, меѓутоа ретко каде некои од нашите партнери се повикани, ретко каде се нивните предлози прифатени", вели Методија Стојчески, извршен директор на Младинската конференција со седиште во Крушево.
fineweb-2
the page you have requested can not be not found... probably, it is so because of the new structure of "Blesok" advice: try with search form write to webmaster жалам, страницата што ја бараш не е пронајдена... веројатно, тоа се должи на новата структура на "Блесок" совет: употреби ја формата за пребарување испрати порака до webmaster
fineweb-2
Осомничениот за воени злосторства во Босна и Херцеговина србинот Средое Лукиќ им се предал на властите на Република Српска, соопшти Расим Љаиќ министерот на Србија и Црна Гора задолжен за соработка со Хашкиот Трибунал. Тој бил член на паравоената организација Одмаздници која планирала, потикнувала и вршела егзекуции против муслиманите на територијата на Вишеград во источна Босна.
fineweb-2
Полицијата соопшти дека најмалку 30 лица загинаа во експлозија во Равалпинди каде што се наоѓа главниот штаб на пакистанските армиски сили. Експлозијата била предизвикана од бомбаш самоубиец кој на мотор се разнесол пред банка во близина на армискиот штаб. Во нападите на милитантите во последниве неколку недели како одмазда на офанзивата на северозападот на Пакистан загинаа 250 лица. Обединетите Нации соопштија дека ги повлекуваат посматрачите од северозападните гранични области поради безбедносни причини.
fineweb-2
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска во Москва изјави дека не разбира зошто Полска планира да распореди американски ракети од типот Патриот во близина на руската енклава Калининград. Русија ќе бара објаснување кои се причините за тој потег со кој ќе се создаде впечаток дека Полска е против Русија. Соединетите Држави го најавија распоредувањето на ракетите откако го отфрлија планот за поставување анти-ракетен штит во Полска и во Чешка. Во врска со проширувањето на НАТО, Лавров нагласи дека Русија смета дека на тој начин само се зголемува недовербата.
fineweb-2
Рускиот премир Владимир Путин денеска свечено го обелодени новиот споменик посветен на жртвите од Втората Светска војна на местото на претходниот споменик кој беше урнат за време на руско- грузиската војна пред две години.Тој изјави дека уништувањето на еден таков споменик е "срамен акт на вандализам". Грузиските опозициски лидери присуствува на церемонијата.
fineweb-2
Тестото за овие бисквити можете да го направите кога сакате, а потоа да го чувате замрзнато и да го испечете по потреба. Бисквитите се одлични за со кафе или чај, а можете да им додадете и малку какао ако сакате да ги направите во чоколадна варијанта. Бисквити со ванила By July 1, 2013Published: - Prep: 15 mins - Cook: 15 mins - Ready In: 30 mins Тестото за овие бисквити можете да го направите кога сакате, а потоа да … Ingredients - 250 г путер (на собна температура) - 130 г шеќер во прав - 1 јајце - 320 г пченкарно брашно - 1 ќесичка ванилин шеќер - малку шеќер во прав (за посипување) Instructions - 1.Со миксер изматете го путерот со шеќерот во прав и ванилиниот шеќер. Кога смесата ќе стане бледа и пенаста, додадете го јајцето и матете уште малку. На крај додадете го брашното и изматете добро додека не добиете убаво тесто. - 2.Ставете го тестото на малку побрашнета површина. Поделете го на половина, а потоа секоја половина со раце обликувајте ја во цилиндер (како салама). Вака подготвеното тесто ставете го во ладнилник. - 3.Извадете го тестото од ладилник 15 минути пред да го сечете. Сечете го на парчиња дебели околу 1,5 см . Наредете ги парчињата врз тавчињата за печење. - 4.Загрејте ја рерната на 180 степени и покријте две тавчиња за печење со хартија за печење. - 5.Печете околу 12-14 минути или додека не станат бледо жолтеникави. Оставете ги да се оладат добро и попрскајте ги со шеќер во прав пред да ги послужите.
fineweb-2
Воведување на себе си на многу богат инвеститор и ќе го идентификува многу вкусна парче земјиште во градот. Вашата задача е да се изгради на максимална корист на улица, така што луѓето дојде до својата продавница, и остави многу пари. Размислат за тоа како и каде да се приспособат продавница.
fineweb-2
Според слободата на медиумите, Македонија се наоѓа на 110 – тото место во светот, соопшти Фридом Хаус – американска организација за промоција на демократијата. На глобалната листа Македонија е зад Албанија, Конго и Хондурас. На листата од 27 те земји од Централна и Источна Европа, Македонија е на 15 тото место зад Албанија, Босна, Србија и Црна Гора, Хрватска и Бугарија, а пред Грузија, Украина и Ерменија.
fineweb-2
Околу илјада лица приврзаниците на Русбег Ахмабатиев протестираат пред владата на Киргистан во Бишкек која ги стави трупите во состојба на готовност во очекување на протестите подржани од политичари на кои им беше забрането учество на парламентарните избори. Ахмабатиев чија кандидатура беше отфрлена затоа што не живеел најмалку 4 од последните пет години во земјата има репутација на криминалец.
fineweb-2
Курдските бунтовници испукале ракети врз полициски објекти во југоисточниот дел на Турција, при што повредиле осум припадници на безбедносните сили, јавува новинската агенција Анадолија. Нападот предизвикал судири што треле околу еден час. Курдска работничка партија ги зачести своите напади во последно време откако нивниот лидер кој се наоѓа во затвор Абдула Оџалан, соопшти дека ќе го напушти дијалогот со Анкара.
fineweb-2
Традиционално, потрошувачката кошничка за месецот кој не очекува, септември се зголемува. Учебната година им задава уште еден проблем на родителите.За опремување на двајца ученици е потребна просечна македонска плата,велат граѓаните.Тие исто така велат дека со оглед на нивниот скромен буџет книгите се поскапи. "Скапо е за стандардот, но тоа е." "За шесто одделение е 4,500 денари." "Комплетот е околу 2,000" "Скапо е, јас имам два ученика, плус едно дете во градинка и скапо ми е, и тоа не ги земав ниту половина од книгите." Дополнителен трошок за родителите е и школскиот прибор. "Сигурно, ова е основното, плус тетратки, боици и тековни материјали, сигурно уште 50 до 100 евра." Георги Симевски претседател на здружението на книжари,вели дека цените за книгите кои се наменети за децата од прво до четврто одделение се движат од две илјади денари до четири илјади. "Од прво до четврто одделение цената се движи од 2,000 до 4,000 денари" објаснува Симевски и додава дека книгите наменети за децата од петто до осмо чинат околу пет илјади денари. "Нивната цена се движи од 3,500 до 5,000. Учебниците за странски јазик, за наглиски е 450 денари, а за германски е 850 денари, значи во цената 1,300 денари учествуваат странските јазици." Според Симевски,проблемите во учебникарството кои биле присутни во изминатите години полека се надминуваат. "Проблеми имало и ќе има, но се надеваме дека ќе ги решаваме. Годинава се многу помалку и може да се решаваат." Од годинава проблем имаат и родителите, чии деца се во подготвителна настава, кои се обврзани да купуваат учебници. Помагалата за подготвителната настава достигнуваат и цена од 500 денари.
fineweb-2