text
stringlengths
205
626k
source
stringclasses
1 value
Ric Elias: Рик Елијас: Три работи кои ги научив кога се сруши мојот авион Рик Елијас седел во првиот ред на Летот 1549, авионот кој се сруши во реката Хадсон во Њујорк, во јануари 2009 година. Што сè му минало низ главата додека авионот паѓал надолу? Na TED, за прв пат јавно тој ја раскажува својата приказна. This talk was presented at an official TED conference, and was featured by our editors on the home page.
fineweb-2
Поимот флуид е заедничкото име за течностите и гасовите. Името доаѓа од латинскиот јазик, од зборот flux, што значи проток, односно нешто што тече или струи. Класификацијата на гасовите и течностите во флуиди е поради тоа што тие имаат многу сличности и разлики, и кога се во рамнотежни состојби, и кога се наоѓаат во движење. Макроскопските својства на течностите се определени од нивната микроструктура и од начинот на движењето на нивните структурни честици, а тоа се атомите, молекулите или јоните. Многу факти покажуваат дека при некои услови својствата на течностите се слични на својствата на гасовите, а при други услови тие се доближуваат до својствата на цврстите тела. Тоа значи дека микроструктурата и движењето на структурните честици во течностите значително се менуваат со промена на условите во кои се наоѓаат, а главно со промена на температурата и на притисокот.
fineweb-2
Античката грчка наука и философија не се имаат јавено без какво и да е влијание однадвор. Тие се надоврзале на достигнувањата на источните народи, главно на Египет и Вавилон, со кои одржувале постојани трговски и други врски. Таму биле развиени науките, пред се' математиката и астрономијата. Таму било издигнато на завидна висина земјоделството и градењето на огромни мрежи од канали за користење на водите од Нил, Тигар и Еуфрат. Во Египет и Вавилон на високо ниво се развиле занаетите за изработка на разни предмети на метал, глина и ткаенини. Таму, исто така, доста се развиле уметностите, особено градежничката, ликовната и литературната. Грците од антиката, т.е. од 8-иот век п.н.е. до 2-иот век од н.е. и понатаму до пропаста на Рим до 5-иот век од н.е. се појавиле на историската сцена. Грците живееле на скудна почва, па за својот помин биле упатувани на морето и морепловството, за чиј развиток разгранетото грчко копно давало речиси идеални можности. Се граделе бродови се развивале разни занаети, а земјоделството давало производи со кои се тргувало внатре во Грција, а уште повеќе со други земји. Патувајќи од едниот крај на тогаш познатиот свет, во друг тие се среќавале со разни народи, се запознавале со нивните верувања, обичаи и сфаќања поинакви од своите, ги споредувале и се' повеќе се убедувале во нивното релативно значење, во тоа дека тие се човекова творба. Оттука е разбирливо што Грците развиле поинакви форми на општествено-политички односи. Наместо пространите деспотии се зацврстиле градовите - држави наречени полис. Највисок степен на развиток грчката култура достигнала во Атина, во времето на Перикле (средината на 5-иот век п.н.е.), кога робовладетелската демократија достигнала најпотполн развиток. Тоа бил златниот век на античката уметност и философија, како своевиден израз на античката демократија, кога слободните граѓани располагале со политички права и моќ дотогаш невидени. Демократијата тогаш условувала воспитание и образование за постојан остар натпревар во сите области од јавниот живот, конкуренција на сили и способности.
fineweb-2
Роден и образован во Париз, Мишел Черефков студирал право, кога после една посета на неговата сестра која работи како манекенка во Њујорк, тотално му се променил патот кон неговата кариера и решил да започне да се занимава со комерцијална фотографија. Незаситната љубопитност на Мишел за уметничките облици, во комбинација со неговиот инстинкт и потреба за експериментирање, резултирало во фотографии, кои тој ги опишува како "искривена реалност".Неговата работа била инспирирана од свиткан лист, кој Черефков го забележал и му заличел на чевел. Од оваа идеја, била родена неговата фотографска серија "Shoe Fleur" (Цветни чевли). Тој првин ги фотографирал поединечно цвеќињата и листовите во неговото студио во Менхетен, а потоа користел Фотошоп за да ги соедини елементите во една целина и да создаде надреални чевли. Во врска со неговата фото-серија Мишел вели: "Ги купив сите овие цвеќиња и листови и почнав да фотографирам. Беше многу забавно и убаво и испадна токму како што сакав – тотална фантазија".
fineweb-2
Разно категорија ги вклучува содржини од различни сфери на животот. Овде можете да најдете совети за спорт, пари, уметност ... Кои се здравствени придобивки од брзо одење, рекреација терапија, комуникација и различни интереси. --------------------------------------------------------- Купување облека преку интернет Во интернет купување денес е сè повеќе распространет и популарен. На интернет може да се купи речиси се што ви треба. Во интернет купување денес е сè повеќе распространет и популарен. На интернет може да се купи речиси се што ви треба. Наједноставниот е да се купи брендови и дизајнер облека која не е достапна во вашата околина, исто така, често се јавуваат во онлајн попусти и поевтини цени. Преку интернет, се разбира, нуди многу поголем избор на облека, најверојатно, нема да се случи во градот ќе видите некој носи истиот фустан што неодамна нарача преку интернет. Тоа е добро пред да го купат готови да се учат на броеви, особено ако за стока од САД, со цел да се избегне парче на стока не реагираат, иако тој всушност зборува за вашиот стандард прашање. Мора да се внимава, и многу сум заборавил, бидејќи тие донесе ниски цени, тоа е стока подлежи на ДДВ и царина. Кога сте ги додале цената на поштарина, пресметките често се разликуваат од почетната цена.
fineweb-2
Состојба на материјата Состојба на материјата или агрегатна состојба — густината на супстанцијата. При обичните еднакви надворешни физички услови супстанциите ги среќаваме во три состојби: цврста, течна и гасовита. Плазмата се смета за четврта состојба. Состојбата на материјата при исти надворешни услови зависи од релативната молекулска маса, како и од структурата на молекулите и типот на меѓумолекулски заемодејства во супстанцијата. Една иста супстанција при нормални услови се наоѓа во една или истовремено во две состојби. На пример, воздухот е само во гасовита состојба, а водата во течна и гасовита состојба. Јонските супстанции при собна температура се во цврста состојба, додека ковалентните се среќаваат во сите три. Секоја супстанција или тело на погоден начин, со промена на физичките услови, може по потреба да се претвора од една во друга состојба. Една состојба значи само една од фазите низ кои поминува дадено тело при премините од тврда преку течна до гасовита состојба или обратно. Секоја преобразба од една во друга фаза (состојба) се нарекува фазен премин. Цврста состојба[уреди | уреди извор] Супстанциите во оваа состојба имаат и сопствена форма и сопствен волумен. Меѓутоа, некои од нив имаат правилна внатрешна градба, а некои, иако имаат правилна надворешна форма, немаат правилна внатрешна градба. Цврстите супстанции со правилна внатрешна градба се нарекуваат кристали, додека оние без правилна градба се аморфни. Кај последниве постои всушност само средена структура во мал дел од супстанцијата. Тие се поретки од кристалните. Молекулите кај цврстите тела се држат меѓусебе со Ван дер Валсови сили или со водородна врска. Течна состојба[уреди | уреди извор] Супстанциите во оваа состојба имаат сопствена зафатнина, но немаат сопствен облик, туку ја завземаат формата на садот во кој се наоѓаат. Ова покажува дека меѓу молекулите на течностите постојат посилни заемодејства отколку кај гасовите, но не толку силни за да тие имаат своја форма како кај цврстите тела. Поради дејствувањето на посилни заемодејства кај течностите, нивните молекули образуваат групации наречени "гроздови", во кои бројот на молекули постојано се менува. Молекулите во течна состојба воглавно меѓусебно се држат, исто така, со Ван дер Валсови сили или со водородна врска. Гасовита состојба[уреди | уреди извор] Гасовитите супстанции немаат ниту сопствена форма, ниту сопствена зафатнина. Нивните молекули се движат хаотично во сите правци (Брауново движење). Главна карактеристика на гасовите е нивната тенденција да го заземаат целиот простор што им е на располагање, односно максимално да се шират. Сето ова укажува на многу слабите интеракции меѓу молекулите во гасовите. Ако гасот е изграден од неполарни молекули, што е доста често, меѓу нив дејствуваат Лондонови привлечни сили. Плазма[уреди | уреди извор] Плазмата е посебен тип на состојба, која ретко се среќава на Земјата, но доста е застапена во вселената. Плазмата е јонизиран гас, што значи дека барем еден електрон е дисоциран од голем дел на молекулата. Слободните електрични полнежи ја прават плазмата проводник на електрицитет, така што таа реагира на електромагнетно поле. Оваа, четврта состојба на материјата, првпат била идентификувана од сер Вилијам Крукс во 1879 година, а го добила името "плазма" од Ирвинг Лангмуир во 1928, бидејќи го потсетувала на крвната плазма.
fineweb-2
Динетах Динетах (навахо јазик: Dinétah) е традиционална татковина на навахо племето. На навахо јазик, зборот Dinétah значи помеѓу навахо народот. Во географска смисла, Динетах содржи голем простор од северозападно Њу Мексико, југозападно Колорадо. југоисточна Јута и североисточна Аризона. Точните граници на територијата не се познати и воглавном се бележани спрема врвовите на планините што одговараат со четирите основни страни. Содржина Геофрафија и топографија[уреди | уреди извор] Регионот Динетах е обележан од големи планини и длабоки кањони низ кои поминува реката Сан Хуан. Кањоните во тој регион се составени од неправилни површински релјеф со големи карпи и песок. Надморската висина е околу 5.000 стапки и со малубројни планински врвови што достигнуваат висина и до 14. 000 стапки. Границата на регионот традиционално се означува според планините: Бланка врв на исток, Тејлор планина на југ, Сан Франциско врв на запад и Хесперус врв на север. Културолошки осврт кон регионот[уреди | уреди извор] Навахо народот го смета регионот Динетах како нивна татковина. Традицијата на народот и целата навахо митологија се поврзани со регионот и регионот играла значајна улога во животот на навахо народот. Регионот е многу голем по површина но срцето на регионот е местото со кањони на јужниот дел од реката Сан Хуан на местата Ларго и Каризо во Њу Мексико. Овие кањони се сместени на исток и југ од Фармингтон, Њу Мексико и ги вклучува Бланко кањон, Ларго кањон, Каризо кањон и Гобернадор кањон. Значењето на регионот за народот е забележано во оралната традиција на навахо народот низ историјата но и исто така подржана и од поголем број на археолошки пронајдоци и карпести цртежи. Според навахо традицијата, Малата Жена (Asdząąn nádleehé) што е и една од најпознатите навахо детали од нивната култура, била основана од Светиот Народ (Díyín diné'é) на Гобернадор. Исто така регионот се поврзува и со првото доаѓање на четирите навахо кланови во тој регион од западните крајбрежни делови. Археолошки пронајдоци[уреди | уреди извор] Во регионот има илјадници археолошки пронајдоци што се денес забележани. Во тоа се вклучени неколку култури како на пример тврдини наречени пуеблоси, но исто така рано навахо и рани шпански населени места. Природната суша на регионот допринела за добро зачувување на сите пронајдоци како што се камените тврдини, дрвени структури и голем број на цртежи и живописи. Најзначајните навахо археолошки пронајдоци се навахо тврдините или пуеблосите. Овие се камени структури составени од една до шест соби. Пуеблосите се сметаат дека датираат од крајот на 17 век и се голема одбрана од природните непогоди. Исто така имаат и кули за набљудување. Неколку пуеблоси се заштитени од државата Њу Мексико. Наводи[уреди | уреди извор] - Powers, Margaret A., and Johnson, Byron P. Defensive Sites of Dinetah. New Mexico Bureau of Land Management Cultural Resources Series No. 2, 1987. Albuquerque, New Mexico. - Roessel, Robert A. Jr. Dinétah - Navajo History Vol. II. Navajo Curriculum Center and Title IV-B Materials Project, Rough Rock Demonstration School, Rough Rock, Arizona, 1983. - Zolbrod, Paul G. Diné bahané: The Navajo Creation Story. Albuquerque: University of New Mexico Press, 1984. Надворешни врски[уреди | уреди извор] - Of Stone and Stories: Pueblitos of Dinétah - Dinétah Watch - Archaeological excavations of Protohistoric Navajo sites as part of the MAPL Project
fineweb-2
Проект Писта |Проект "Писта"| |Податотека:PRLogo12.jpg| |Формат||реално шоу, натпревар| |Создадена од||Ели Холцман| |Настапуваат||Хајди Клум| |Земја на потекло||САД| |Број на епизоди||38 (со крајот на третата сезона)| |Продукција| |Времетраење||60 минути (со реклами)| |Емитување| |Канал на емитување||Браво ТВ| |Емитување||1 декември, 2004 – сегашност| Проект "Писта" (анлиски: Project Runway) е американско реално шоу емитувано на телевизијата Браво и се фокусира на модни дизајнери. Натпреварувачите се обидуваат да ги направат најдобрите алишта со дадените материјали, време и тема. Нивните дизајни се просудувани и еден или повеќе дизајнери се елиминираат секоја недела. Кај нас, Проект "Писта" се емитува на Канал 5. Формат[уреди | уреди извор] Водителот на Проект "Писта" е супермоделот Хајди Клум, а судиите се обично Хајди, Американскиот дизајнер Мајкл Корс, модниот директор на ЕЛ магазин - Нина Гарсија, и уште еден четврт судија, обично моден дизајнер, критичар, модел, славна личност итн. Тим Ган им е како ментор на дизајнерите. Проект "Писта" е сниман во Њу Јорк (а во трета сезона и на кратко во Париз). Дизајнерите користат рабодна соба во училиштето за дизајн Парсонс, купуваат материјали низ Њу Јорк, и живеат заедно во Атлас Њу Јорк, зграда близу Парсонс. На почетокот на секој предизвик, на дизајнерите им се дава тема на која треба да го направат парчето облека. За да го исполнат ова, имаат одредено време и ресурси. На повеќето предизвици, дизајнерите работат самостално, но на некои треба да работат во тимови. Кога ќе помине времето, дизајнерите треба да ги облечат своите манекенки и да изберат како да бидат нашминкани, каква фризура треба да имаат итн. Секоја манекенка оди по пистата, а судиите ја оценуваат облеката. Потоа, судиите ги интервјуираат дизајнерите и им кажуваат што мислат за нивните креации, а потоа се договараат чија креација е најдобра, а чија најлоша. Губитникот на предизвикот е елиминиран. Натпреварувачот од втората сезона, Даниел Восовик, има победено на најмногу предизвици досега (пет), а по него е Кара Сон од првата сезона, со четири победени предизвици. На финалистите им се дава 12 недели и 8000 долари за да направат 12 парчиња облека и да ги презентираат на Њу Јоршката модна недела. Истите судии, плус еден гостин, ги оценуваат дизајнерите и одлучуваат кој е победникот. И манекенките кои работат со дизајнерите се вклучени во натпреварот. Секоја недела, како што се намалува бројот на дизајнерите, така и на манекенките. Онаа што ќе работи со дизајнерот кој ќе победи, ќе биде на насловната страна на ЕЛ магазин.
fineweb-2
Во теорија на физиката, М-теорија е продолжеток на теоријата на струните при што се утврдува постоењето на 11 димензии. Поборниците на оваа теорија веруваат дека теоријата за 11 димензии ги обединува и ги заменува сите пет теории на струните. Иако не е познат целосниот опис на теоријата, се знае дека динамиката на ниската ентропија е супергравитација која делува заедно со две и пет димензионални мембрани. The Elegant Universe—A three-hour miniseries with Brian Greene by NOVA (original PBS broadcast dates: October 28, 8–10 p.m. and November 4, 8–9 p.m., 2003). Various images, texts, videos and animations explaining string theory and M-theory. Superstringtheory.com—The "Official String Theory Web Site", created by Patricia Schwarz. Excellent references on string theory and M-theory for the layperson and expert. Basics of M-Theory by A. Miemiec and I. Schnakenburg is a lecture note on M-Theory published in Fortsch.Phys.54:5–72,2006.
fineweb-2
Ја користам оваа можност да му се заблагодарам на вработениот во Никоб, Игор кој со својата брза, ефикасна и високо професионална реакција го спречи непознатото лице да ми направи голема штета. Тој не само што стасал на мојата адреса за многу кусо време и го лоцирал местото и начинот на кој делувало лицето, туку и остана да ја обезбедува куќата и мене лично, долго после моето доаѓање, се додека не дојдоа овластените лица од МВР. Со своето професионално, високо морално и хумано однесување Игор ја претставува куќата Никоб на најдобар можен начин.
fineweb-2
Новиот претседател на каталонскиот гигант Барселона, Жосеп Мариа Бартомеу, со смеење ја искоментира сензационалната информација дека раковдоните лица на најбогатиот клуб во Франција, ПСЖ, се подготвени да одвојат рекорни 250 милиони евра за обештетувањето на аргентинскиот интернационалец, Лионел Меси. "ПСЖ? Јас добро знам колку е среќен Меси на "Ноу Камп" и немам никаква дилема кога е во прашање неговата иднина. Не верувам дека сака да си замине од редовите на Барселона. Станува збор за фудбалер кој како да е роден во Барселона. Дојде на "Ноу Камп" кога имаше само 13 години. Јас постојано ја слушам неговата изјава дека сака својата богата фудбалска кариера да ја заврши во дресот на Барселона", изјави Бартомеу.
fineweb-2
Градинарскиот центар ФОЈА им ја честита есента на своите потрошувачи со неверојатна понуда на надворешни декоративни саднициПериодот на есента е идеално време за посадување на надворешни растенија. Тие освен што носат многу радост за очите, исто така ја смируваат нашата енергија, и ни помагаат да се одмориме. Убавиот двор или балкон е идеално катче за релаксација, и претставува уникатно обележје за една куќа. ШТО ЌЕ ПОСАДИШ, ТОА ЌЕ НАБЕРЕШ, вели македонската поговорка и во директна смисла на пораката, со садење, не само што придонесуваме кон поубава и поеколошка средина, туку го креираме нашиот интимен простор и имиџ. Во Градинарски центар Фоја, кој се наоѓа во Кисела Вода на ул. Народни Херои, посетителите можат да најдат широк асортиман на декоративни садници по пристапни цени, да добијат совети за нивното зеленило и преку промотивната акција плати две, земи три да дојдат до квалитетни и евтини декоративни садници.За оваа можност можете да се информирате на телефонот: 2 772 046, преку имејл адресата [EMAIL] или преку фан страната на Фејсбук. Оперативниот тим на Фоја: - ИЗВЕДУВА уникатни, едноставни и функционални пејзажни проекти за јавни, деловни и приватни површини. Истите квалитетно ги реализира и по потреба ги одржува. - ОДГЛЕДУВА партерно зеленило. - Годишно – тековно или повремено одржува деловни и приватни дворови. - Дијагностицира болести и потреби на растенијата.
fineweb-2
Претседателот на Вануату изјави дека оваа островска држава на Пацификот е уништена од силен циклон и оти мора да почне одново. Болдвин Лонсдејл прецизира дека 90 насто од зградите во главниот град Порт Вила биле уништени од циклонот Пем. Властите наведуваат дека притоа најмалку осум луѓе загинале додека десетици други ранети. Лонсдејл додаде дека години на развој на неговата земјата биле загубени. Во Вануату кој се наоѓа на илјада и осумстотини километри од Австралија живеат 266 илјади луѓе на 65 острови и е една од најсиромашните земји на Пацификот. Претседателот Лонсдејл упати апел за помош до меѓународната заедница.
fineweb-2
Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ е новиот шампион на УС опен, бидејќи во финалето го совлада Нишикори од Јапонија со 6:3, 6:3, 6:3. Никој од 2002 година не успеал да го освои овој Гренд слем турнир, а да не бил рангиран во првите десетмина на светот. Тогаш тоа го направи славниот Пит Сампрас, сега 25-годишниот тенисер од Меѓугорје, Хрватска. Чилиќ потполно доминираше во натпреварот со одличниот Јапонец кој во полуфиналето го елиминираше Ѓоковиќ. Марин Чилиќ благодарејќи на оваа победа направи важен чекор, бидејќи поените на УС Опен ќе му овозможат да биде деветти играч во светот.
fineweb-2
Тајниот план за кој сепак се дознало во последните два месеци е дека борците на Исламската држава планираат да нападнат авиони кои сообраќаат кон најголемите европски дестинации. Заканата е земена сериозно и се работи на тоа да се забрани каков било рачен багаж. Постои можност да се забранат и мобилните телефони и други електрични уреди во авионските кабини поради заканатаод нападот, кој според Сандеј експрес, бил планиран во стилот на "11 септемвти". Предупредувањето дошло откако официлајни лица од Вајтхол признале дека постои можност за напад, особено со оглед на фактот дека голем број џихадисти се враќаат од борбите на Исламската држава во Сирија и во Ирак. Еден од службениците од обезбедувањето на аеордромот, за Сандеј експрес, кажал дека мета се пет авиони, и тоа пред Божик. Преговорите продолжуваат на високо ниво и тоа оди до Владата, но, до сега е малку направено. Весникот дознава дека во прашање се само големите градови во Европа.
fineweb-2
Денеска не очекува сончево време со повремена облачност со максимални температури до 31 степен. Од понеделник не очекува сончево и топло време со дневни температури од 26 до 33 степени, во вторник од 27 до 34 со можни слаби врнежи од дожд во северните делови од земјата и во среда максималните дневни температури ќе бидат од 28 до 35 Целзиусови степени.
fineweb-2
Користење на картичката MasterCard® Standard картичката е прифатена на повеќе од 35 милиони продажни места и повеќе од 2 милиони банкомати насекаде во светот на кои е истакнат знакот на MasterCard®. Со нејзиното користење Вашите пари ќе бидат секогаш со Вас, без да се грижите за носење готовина, страв од кражба, губење или фалсификувани банкноти. Подетални информации во врска со прифаќањето на MasterCard® картичките можете да добиете на www.mastercard.com. Погледнете ја целосната листа на банкомати на Комерцијална банка АД Скопје и пронајдете го најблискиот до Вас. За поголема сигурност и комфор при користењето на картичката ќе Ви помогнат советите за безбедно користење на картичките на Комерцијална банка АД Скопје.
fineweb-2
Опозициските пратеници тврдат дека руски опозициски активист Леонид Развојхајев е киднапиран во Киев. Последен пат активистoт бил виден како разговара со инспектори кои го обвинуваат за подготвување на масовни протести. Пратеникот Илја Пономарев изјави за новинската агенција Интерфакс дека Развозхајев бил киднапиран откако ја напуштил канцеларијата на комесарот за бегалци на Обединетите Нации во Киев.
fineweb-2
Две самоубиства се случиле во рок од 24 часа на територијата на Тетово. И во двата случаи лицата кои си ги одзеле животите биле повозрасни граѓани. Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски информира дека првото самоубиство се случило завчера вечер, околу 4 часот, кога 72-годишниот В.К. скокнал од балкон на втор кат од станбена зграда на улицата "19 Ноември". Неговото безживотно тело било пронајдено на асфалтната патека по што увид извршиле јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина. На телото не биле пронајдени траги на насилство и по наредба на јавен обвинител тоа е предадено на семејството. Вториот настан бил регистриран вчера вечер околу 19 часот и 50 минути откако најблиските го пријавиле случајот на самоубиството на 68-годишниот Џ.И. на улицата "167″ без број. Тој бил пронајден обесен во потпокривот на неговата куќа. Извршен е увид од страна на јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина. На телото од починатиот не биле пронајдени траги на насилство. Сепак полицијата пронашла други траги и предмети што биле земени за вештачење. Според податоците на полицијата, годинава во тетовското подрачје се регистрирани вкупно 14 самоубиства и осум обиди за самоубиство, а на гостиварското подрачје имало две самоубиства и 34 обиди за самоубиства.
fineweb-2
Како што се приближува стартот на зимскиот преоден рок, така се поголем и поголем е бројот на клубови кои ќе се обидат во јануари да ги осигураат услугите на аргентинскиот интернационалец од редовите на шпанскиот гигант Реал (М), Анхел ди Мариа. И покрај неговата последна изјава дека е свесен и дека знае за клупската политика дека најскапо платениот фудбалер во историјата на Реал (М), Герет Бејл, мора да игра на секој натпревар, но истата нема да го натера да замине од "Сантијаго Бернабеу", шпанските медиуми се убедени дека крилниот напаѓач ќе биде продаден на првиот клуб кој ќе испрати официјална понуда не помала од 25 милиони евра. Францускиот прволигаш Монако е последниот клуб кој покажа интерес за аргентинскиот интернационалец, кој подолг временски период важи за голема желба на Манчестер Јунајтед, Арсенал, Јувентус и ПСЖ.
fineweb-2
Во Женева се водат разговори за ставање крај на шеснаесетмесечните крвопролевања во Сирија. Пратеникот на ООН и на Арапската лига, Кофи Анан, се очекува да го претстави својот патоказ за формирање влада на национално единство. Сириската опозиција рече дека ќе се спротивстави на секој план кој ќе му дозволи останување на сирискиот претседател Башар Асад на власт. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров и американскиот државен секретар, Хилари Клинтон вчера во Санкт Петербург разговараа за разликите на двете земји околу Сирија.
fineweb-2
Од две до три илјади мигранти се наоѓаат во местото Товарник на хрватската страна од границата со Србија, кои стрпливо чекаат да бидат пренесени на некоја дестинација од каде би го продолжиле патот кон западноевропските земји. Бегалците мирно чекаат по неколу часа во редица долга околу 200 метри за да се качат на автобусите. На бегалциите им помагаат волонтери на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНЦХР), на организацијата "Лекари без граници", како и на групата "СОС конвој" од Виена, кои се организирале преку Фејсбук. На местото на кое се наоѓаат бегалците стациониран е и медицински тим. На граничниот премин Хармица, пак, на хрватско-словенечката граница се одигрува вистинска драма меѓу бегалците, поради одлуката првенство за влез во Словенија да имаат жените и децата, објави загрепскиот весник "Јутарњи лист". Поради ваквата одлука голем број семесјтва биле раздвоени, што довело до нервоза и турканица, при што се слушале врисоци на деца, плач на жени и викање на мажи, наведува весникот.
fineweb-2
Турција денеска призна дека некои мерки, кои властите ги преземале по неуспешниот обид за воен удар во земјата, можеби биле неправедни. Турскиот премиер Бинали Јилдирим ја призна можноста дека во државниот сектор некои процедури не биле фер. "Сигурно е дека врз некого се спроведени неправедни процедури. Ќе направиме разлика меѓу оние кои се виновни и оние кои не се", истакна Јилдирим. Потпретседателот на турската Влада, Нуман Куртулмуш, исто така, нагласи дека "доколку има било какви грешки, ќе бидат исправени".
fineweb-2
Можеби неодамна направи модна грешка, кога се појави во црвено Гучи одело, без градник и со деколте кое ги поминува сите граници на вкусови, овој пат Џенифер Анистон уште еднаш докажа дека има одлична фигура. Џенифер носела едноставен црн краток фустан со V израз со олги ракави. На прв план ги истакнала своите изваја ни нозе на кои многу жени и завидуваат. Чевлите на потпетица со шпиц визуелно ја издолжуваат нејзината фигура.
fineweb-2
Советникот за национална безбедност на американскио претседател Барак Обама, Сузан Рајс излезе со нови критики за кршење на човековите права во Кина, Русија и во Иран. Говорејќи на Првиот годишен самит за човекови права во Вашингтон, Рајс наведе дека во Кина се приведуваат продемократски активисти. Таа истакна дека кинескиот народ се соочува со растечки рестрикции на нивната слобода на изразување, собирање и здружување. Руските власти беа ангажирани во систематски напори за спречување на акциите на граѓанските групи кои протестираат против корупцијата и протекционизмот, како и за стигматизирање на геј-заедницата и за принудување на Украина да работи за руските интереси, истакна Рајс. Таа призна дека се преговара за иранската нуклеарна програма, но вети дека ќе продолжат санкциите на Вашингтон против прекршувачите на човековите права во Иран, како и поддршката за основните права на сите Иранци.
fineweb-2
Важно е да се спомене дека речиси сите дадени години се приближни. Датирањето во египтологијата има разни системи, зависно од нивната структура и претпоставки. Ова е една таква интерпретација, но сигурно не и единствената. Старото Кралство е период во третиот милениум п.н.е. кога Египет се здобил со првиот постојан цут на цивилизациска комплексност и достигнувања (првото од трите периоди наречени "Кралства" кои го одбележуваат врвот на развитокот на цивилизацијата во долината на Нил), кое се протега од периодот кога Египет го владеела Третата династија, па сѐ до Шестата династија (2630–2151 п.н.е.). Многу египтолози тука ја придодаваат и Мемфиската Седма и Осмата династија на Старото Кралство како континуитет на управувањето централизирано во Мемфис. По Старото Кралство следел период на неединство и релативен културен пад кој египтолозите го нарекуваат Прв преоден период -- или, како што Египќаните го нарекувале, "првото боледување". Кралската престолнина за време на Старото Кралство била Мемфис, каде Џосер го воспоставил својот двор. Старото Кралство е веројатно најпознато по големиот број на изградени пирамиди. Затоа, Старото Кралство често се нарекува "Добата на пирамидите". Тој ја изградил Свитканата пирамида, која е пирамида изградена под нормален агол при дното, но која драстично го менува аголот при врвот. Тој исто така ја изградил првата "вистинска" пирамида, позната како Црвената пирамида. Едни сметаат дека тој бил погребан во Црвената, додека други сметаат дека бил погребан во Свитканата пирамида. Во црвената пирамида се најдени мошти, но нема докази дека тоа е неговото тело. старогрчки: Кеопс. Ја изградил големата пирамида кај Гиза. Раните извори велат дека тој бил "трет" владетел од неговото семејство, иако сè уште нема записи за постоење на фараон помеѓу Снеферу и Хуфу. Една претпоставка е дека можеби некој постар брат на Хуфу владеел многу кратко време, чии натписи, име и споменици ги снемало од некоја причина. Старото Кралство пропаднало по смртта на Пепи II. Тој владеел цели 94 години, подолго од било кој друг монарх во историјата, и умрел кога имал 100 години. Подоцнежните години од неговото владеење се одликуваат со неефикасност заради неговата старост. Обединетите кралства се разделиле на повеќе делови и владетелите морале да се справуваат со гладот како резултат на овој распад. Во времето кога Мемфис потпаднал под власта на Хиксите, египетската владејачка династија во Теба објавила независност и се вопоставила како Седумнаесеттата династија. Подоцна оваа династија ги потисната Хиксите назад во Азија. имињата на петте крала се загубени тука на Торинскиот папирус, и не можат да бидат повратени. - Некои извори даваат дури шест други имиња – Семкен, Хаусер, Секет, Ахетепр, Аму и Небхепешр (Апепи III) – кои не се споменати никаде на друго место. Изгледа дека до 1555 г. п.н.е. оваа група сосема исчезнала. Преку воената хегемонија во странство, за време на Новото Кралство Египет се проширил најмногу во својата историја. Државата се проширила длабоко во Нубија на југ, како и на големи територии на Блискиот Исток. Египетските војски се бореле со хетитски сили за превласт на денешна Сирија. Двата најпознати крала од Новото Кралство се Ехнатон, познат и како Аменхотеп IV, чија исклучителна посветеност само на богот Атон се смета за прв пример на монотеизам, и Рамзес II, кој пробал да ги врати териториите на денешен Израел, Либан и Ситија кои Египет ги имал за време на Осумнаесеттата династија. Неговите походи резултирале со Кадешката битка, каде тој ја водел египетската војска против војската на хититскиот крал Мватали II. Овој владетел обично се споменува во контекст на Мојсеј, иако за ова нема докази. Тој се израмнил со Хититите во Кадешката битка во 1275 п.н.е. и по ова "статус кво" морал да го потшише првиот мировен договор во историјата (1258 п.н.е.) Клеопатра VII била во љубовна врска со римскиот диктатор Јулиј Цезар, и римскиот генерал Марко Антониј, но само по нејзината смрт во 30 п.н.е. (по поразот на Марко Антониј од страна на Август, подоцна цар Октавијан Август) Египет станал римска провинција во 30 п.н.е.. Сите понатамошни римски владетели ја носеле титулата "фараон", но само додека се во Египет.
fineweb-2
Чешката електро-енергетска компанија ЧЕЗ, со купувањето на 51 насто од акциите на романскиот дистрибутер на електрична енергија за 151 милион евра, ја продолжува експанзијата на Балканот. ЧЕЗ во Бугарија веќе купи три дистрибутерски компании за речиси 300 милиони евра, а планира да ги купи и електро-енергетските капацитети во Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
fineweb-2
Sikorsky SH-3 Sea King Sikorsky SH-3 Sea King или Сикорски СХ-3 Крал на морето е американски хеликоптер кој што служи на американската морнарица и има фукција да ги пресретнува и уништува непријателските подморници. Овие хеликоптери ги подигнувале капсулите на астронаутите од Аполо кога ќе паднеле во вода. Во служба на американската војска е веќе 30 години. Најдобри и ако може да се каже и најгламурозните Сикорски од типот S-61, се VH-3D кои што служат за превоз на вип личности како и за превоз на американскиот претседател. Сикорски С-61/СХ-3 Крал на морето е во служба и на морнариците на другите земји како што се: и други. Факти за овој хеликоптер: - Сикорски од типот Крал на морето, беше вмешан во виетнамската војна во улога на спасувачки хеликоптер кој тогаш ги спасуваше ранетите пилоти во долгиот конфликт. - Мал број на серијата RH-3A во функција на чистачи на мини влегоа во употреба во 1964 година. - Прва странска земја (освен САД) која што ги нарача овие хеликоптери е Канада со нарачка од 41 хеликоптер. - Серијата SH-3 беше заменета со SH-60F Sea Hawk. |Тип на Хеликоптер||Мотори||Максимална брзина||Брзина на летање||Подигање||Домет||Тежина||Екипаж| |анти-подморница и чуварски хеликотер на воен брод-писта||два 1044-кВ (1400-Кс) Џенерал електрик Т58-GE-10 турбошафтс||267 км/ч||219 км/ч||670 м||1005 км (623 милји)||празен 4428 кг, полн 9525 кг||Двајца пилоти, и двајца систем оператори|
fineweb-2
Подгответе се за топол ден Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 29 до 36 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност во попладневните часови. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.
fineweb-2
Визер во месец јуни ќе воведе директни линии за пет нови дестинации до европските градови од аеродромот Александар Велики во Скопје и тоа до: Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен и тоа два пати неделно. Од аеродормот Св. Апостол Павле од Охрид, авиокомпанијата ќе воведе директен лет до Базел исто така два пати неделно. За ова информираше владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев во вестите на Канал 5. -Тоа е добра вест за граѓаните. Картите ќе бидат пуштени во продажба од месец февруари. Значајно е оние граѓани кои можат да го испланираат своето време, кои имаат желба и потреба да патуваат до една од овие дестинации, што порано да ги резервираат овие карти. Со порано резервирање на овие карти, тие се поевтини и може цената да се симне дури на 20-тина евра, што навистина претставува една поволна цена, рече тој. Субвенционирање на летови имаше и во изминативе години. Резултатите се многу позитивни. Досега постое 14 нискобуџетни летови кои значително го зголемија бројот на луѓе кои патуваат од или во Македонија. -За првите три квартали од 2014-та година, во однос на првите три квартали од 2013-та година, бројот на патници кои ги користеле овие евтини авиолетови е зголемен за 55 проценти. Уделот во вкупниот превоз од аеродромот "Александар Македонски" во 2013-та бил 35 проценти, а во тој периот во 2014-та е околу 45 проценти или во вкупни бројки некаде околу 460.000 луѓе кои патувале со овие евтини авиолетови, рече Ѓорѓиев за Канал 5. Инаку, целиот овој проекти има две значајни компоненти. -Првиот е овозможување на поголема мобилност за граѓаните на Македонија. Да можат по евтини цени да патуваат во повеќе дестинации, во функција на развој на својот бизнис, во функција на реализација на своите потреби од областа на образованието, здравството, а се разбира и од областа на туризмот. Она што е вториот сегмент е што преку овие евтини авиолетови доаѓаат и значителен број на странски туристи во Македонија и на тој начин оставаат девизни средства, не само во туризмот туку и во добар дел на стопанските гранки кои се во тесна корелација со туризмот. Затоа помагаат и во растот на бројот на туристи кои континуирано се случува, истакна владиниот портпарол. Тој истакна дека владина цел бројот на вработени во туризмот да достигне бројка од 40.000. Целото гостување на Ѓорѓиев во вестите на Канал 5, погледнете го во продолжение.
fineweb-2
Личност на годината: Вие. Деновиве магазинот Тајм за разлика од претходните години на насловната страница немаше слика на личноста која ја одбележа две илјади и шеста. На насловната имаше огледало на која можете да се огледате. Да личност на годината сте вие, порачува Тајмс, додавајќи дека вие ја контролирате информатичката ера. Па, добредојдовте во вашиот свет. Теоријата за Големиот човек обично му се препишува на шкотскиот филозоф Томас Карлајл која сметаше дека историјата на човештвото не е ништо друго, туку биографија на големите луѓе. Тој веруваше дека станува збор за малкумина моќни и славни кои ја обликуваат нашата колективна судбина. Оваа теорија годинава претрпе сериозен удар. Впрочем постојат инвидуалци кои може да ги обвинуваме за многу болни и вознемирувачки работи кои се случија во две илјади и шеста. Конфликтот во Ирак е се покрвав, војна меѓу Израел и Либан, борби во Судан, Северна Кореа дојде до нуклеарна бомба. Во меѓувреме, никој не го поправи глобалното затоплување, а Сони не произведе доволно Плејстешн тројка. Но, ако на две илјади и шеста се погледа со инакви очила тогаш ќе прочитате друга приказна. Онаа што не е за конфликтите или за големите луѓе. Тоа е приказна за заедницата и нејзината соработка на ниво што не е видено досега. Тоа е приказна за вселенскиот преглед на знаењето познат како Википедија и за милионските мрежи Јутјуб и Мај спејс. Тоа е приказна за грабањето на моќта од малкуте, приказна за меѓусебното помагање и оти тоа не само што ќе го смени светот, туку ќе го смени и начинот на кој светот ќе се менува. А таа приказна ја овозможува интернетот преку кој милиони луѓе разменуваат идеи и мислења. Вие ќе можете да научите повеќе за тоа како американците живеат ако ги гледате нивните видео снимки на Јутјуб, отколку илјадници часови да гледате американски серии. Од друга, ние не само што гледаме, туку и работиме. Како луди. Видео снимки, песни, мајлови, блогови. Автомобилските компании веќе објавуваат отворен конкурс за дизајнот на нивните нови возила. Агенцијата Ројтерс, покрај вестите има и страница за блогови. Сведоци сме на експлозија на продуктивност и иновација. А се ова штотуку почна. Кои се тие луѓе? Сериозно, кој всушност по долгиот работен ден седнува и си вели: Вечерва нема да ги гледам Загубени. Ќе го вклучам компјутерот и ќе си снимам филм за моето куче? Ќе блогирам за моето размислување за државата или за новото кафуле под мојот стан. Одговорот е ВИЕ кои ги фативте уздите на глобалниот медиум со што формиравте и развивате нова дигитална демократија. Но, да не романтизираме повеќе од потребното. Интернетот е масовен социјален експеримент и како секој експримент може и да пропадне. Нема пат на мапата за тоа како овој организам може да живее во планетата која има над шест милијарди луѓе. Меѓутоа, две илјади и шеста ни понуди некои идеи. Една од нив е можноста за изградба на нов вид меѓународно разбирање, не политичар со политичар, голем човек со голем човек, туку граѓанин со граѓанин, личност со личност.
fineweb-2
Драматично видео на кое се гледа како човек заразен со ебола бега од карантин во Монворија е објавено на Интернет. Лекарите успеале да го фатат и го ставиле во амбулантно возило. Пациентот побегнал од карантинот во потрага по храна. Една од мештанките изјавила дека грижата за болните во карантинот е толку лоша, што немаат ни што да јадат. "Пациентите се гладни, без храна и вода. Владата под итно мора да реагира", рекла таа. Повеќе од 1.550 луѓе во четири афрички земји починаа од тој вирус од почетокот на епидемијата во март. Во Либерија е најголема стапката на заразеност – со 700 смртни случаи и 1.327 сомнителни или потврдени случаи на зараза.
fineweb-2
На актуелниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Арсен Венгер му беше потребно малку повеќе време за свати дека единствениот напаѓач, Оливие Жиру не може да биде решение за сите проблеми пред противничкиот гол. Близок извор до таборот на популарните "топчии" потврди дека трофејниот француски стручњак побарал од клупските челници за време на летниот преоден рок да купат уште еден напаѓач од светска класа. Прв на неговиот список со напаѓачи е репрезентативецот на Јужна Кореја и стандарден првотимец во дресот на германскиот бундеслигаш Баер од Леверкузен, Сон Хеунг-Мин. Според челниците на германскиот бундеслигаш, 22-годишниот напаѓач вреди околу 20 мил. евра, но англиските медиуми се убедени дека најавениот трансфер може да биде реализиран и доколку лондонскиот клуб испрати официјална понуда не помала од 17 мил. евра.
fineweb-2
E-shop Техничко моливо Poly Matic 0.7 Производната линија POLY го воведе техничкото моливо со мека површина за држање, која го олеснува пишувањето. Триаголен облик. Моливот е наполнен со мина со дебелина 0.7 mm која е отпорна на кршење. Моливот има долга гумичка која се извлекува со ротирање. Мината се извекува автоматски.
fineweb-2
До пред 2-3 години, можеби најпопуларниот спорт кај нас - одбојката, денес е во незавидна состојба. Беспарицата која владее, овој спорт, го спушти на можеби најниски гранки, при што клубовите само живуркаат и, со исклучок на откажаната Шкендија, својот опстанок го одржуваат преку настап во крајно неинтересното домашно првенство. Сепак, за да не биде дека се е само во парите, голем дел од проблемот е во практично тоталната дезорганизираност на луѓето од ОФМ, која, звучи неверојатно, но е вистинито, веќе осум месеци е без телефон. Покрај ова според тренерот на Работнички Фершпед и долгогодишен селектор - Јошко Миленковски, во ОФМ како и да не им одговара нечиј успех, па и она што чинеше со диверзии е обезвреднето. "Еден клуб, кој навистина вложува и има европски визии и постигнуваше до пред две сезони европски резултати, меѓутоа со сплет на околности и диверзии од одредени кругови во самата одбојкарска организација, ние бевме принудени по успесите да фомрираме комплетно нова екипа." Со ваквите слуцувања во одбојката се изгуби И интересот за неа кај љубителите на спортот во земјава. "Сега веќе не следам." "До пред две години следев, ама сега не." Сето ова, негативно влијае и на актуелниот репрезентативен миг. Не делат само три месеци до стартот на клучните квалификациски натпревари од "Б" европската зона. Тие квалификации ќе се одржат во Македонија, но се уште не се знае каде, ниту пак имаме план за подготовки, за разлика од противниците - Шведска, Австрија и Латвија. Сепак, по онаа народната "надежта последна умира", кај играчите е присутен оптимизмот околу конечниот епилог, а еден од носителите на играта во националниот тим - Жарко Ристовски, вели: "Со максимално залагање на сите репрезентативци и со добри подготовки мислам дека може да се направи добар резултат и да се победат сите три репрезентации. Се надевам дека оваа репрезентација може да се врати на старите патеки од 2000 година, таму каде што и е местото, меѓу 16-те најдобри репрезентации во Европа."
fineweb-2
Од денеска, во следните шест месеци Кипар ќе претседава со Европскиот совет. Првпат Европската унија ќе биде раководена од држава чие население е околу 800.000 жители, а бруто домашниот производ на земјата е само 0,2 проценти од вкупната економија на еврозоната. Кипарското претседателствување е во многу сложен период за Европа, како што е финансиската криза, од која е зафатена и земјата претседавач. Кипар минатата недела побара финансиска помош од европските партнери и од Меѓународниот монетарен фонд за рекапитализација на банкарскиот сектор.
fineweb-2
Централниот регистер е задоволен од он-лајн поднесувањето на годишни сметки чија што бројка изнесува 14.300 поднесени годишни сметки и од функционирањето на системот. Годишни сметки не поднеле 25. 000 субјекти, а намалена е и бројката на блокирани сметки на 5.500 субјекти кои имаат повеќе трансакциски сметки. "Постоеше барање кое беше сосема легитимно од Комората, а која се однесуваше на опционално поднесување на годишни сметки во хартиена форма со што би се овозможиле на оние кои не се спремни он- лајн, да можат да поднесат и во хартиена форма согласно законско утврдениот рок 28 февруари 2014. Со сметководителите го прокоментиравме и системот од аспект на неговите функционалности, како го искористиле, кои им се сугестиите, забелешките и предлогот на мерки кои би можеле да ги имплементираат наредната а би се однесувале за деловната 2014 година," изјави директорот на Централниот регистер, Ванчо Костадиновски. Со он-лајн поднесувањето на годишните сметки, се прескокнаа две фази, физичко присуство на шалтерите и процесот на внесување на податоците од годишната сметка во базата на податоци во Регистарот на годишни сметки. Согласно законот, денеска е последен ден за обработка на податоците, но со имплементацијата на овој систем, на почетокот на април се заврши целата обработка на годишни сметки. "Бројката на поднесени годишни сметки изнесува 92.000 што е поголема од 2012 година кога изнесуваше 90.000.Се надевам дека интензивното промовирање на овој систем ќе го подигне степенот на искористеност и тоа ќе биде од огромна корист за корисниците," додаде Костадиновски. Околу 25.000 субјекти ја немаат исполнето својата законска обврска за поднесување на годишни сметки, а предложени се и посебни мерки кои се однесуваат на оваа категорија на субјекти. "Оваа бројка ја исклучува бројката на трговски друштва кои ги имаме доставено до УЈП а коишто се дадени на утврдување на активности, а коишто повеќе години не поднесувале годишни сметки. Доколку некој од овие субјекти не поднесе годишна сметка до 31.12 2014 а се однесува на 2013, Централниот регистар согласно законските одредби кои заемно ги предлагавме, ќе премине на админстративно бришење согласно процес предвиден со законот на бришење на субјектите и објавување на веб страната и во некој од медиумите," појасни Костадиновски. По електронски пат ќе се доставуваат опомените за доставување на годишна сметка за оние кои не си ја исполнуваат својата законска обврска, со што ќе се настојува да се зголеми бројот на поднесени сметки Со обработка на што е можно поголем примерок ќе може да се добие пореална слика за состојбата во стопанството. Бројката на овластени сметководители кои се заинтересирани да бидат регистрационите агенти перманентно се зголемува, моментно е 283 а се очекува да биде 500. На овој начин се регистрираат фирми кај регистрационен агент без надомест, а проектот ќе се продолжи и на адвокатската фела.
fineweb-2
Последните денови континуирано се намалува бројот на бегалци кои од подрачјата зафатени со воени дејствија пристигнуваат во Прифатниот центар во Гевгелија. Од регионалниот центар за управување со кризи во Гевгелија денеска информираа дека изминативе 24 часа биле евидентирани само 610 мигранти од Сирија, Авганистан и Ирак и оти во моментот во кампот има 260 мигранти и околу педесетина чекаат на грчка територија кај котата на граничниот камен 59. Релативно мирната состојба во и околу ПТЦ Гевгелија се користи за продолжување на почнатите активности за изградба на нови тоалети и сушална за алишта, за поставување изолација на куќарките, а профункционира и поставениот рефлектор за осветлување на паркингот пред кампот.
fineweb-2
Меј порача дека Британија дефинитивно излегува од ЕУ Британија е посветена на излегување од Европската Унија, изјави портпаролката на британската премиерка Тереза Меј, отфрлувајќи ја изјавата на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск дека таа земја на крајот би можела и да се предомисли. Доналд Туск во четвртокот истакна дека Британија сепак би можела да се одлучи да не ја напушта Унијата, бидејќи ЕУ нема да му понуди поблаги услови на Лондон. "Премиерката беше многу јасна, британскиот народ донесе одлука и сега ќе продолжиме со тоа, извлекувајќи ја Британија од ЕУ и користејќи ги бројните прилики кои се пред нас", изјави портпаролката на Меј. Таа додаде дека Меј планира да одржи значајни билатерални состаноци со лидерите на останатите 27 членки до состанокот на Европскиот совет во декември.
fineweb-2
Услугите кои ги дава ГЛОБАЛ НЕТ можете да ги платите преку про-фактура. 1. ПРОФАКТУРА - По издавањето на про-фактурата истата е активна 30 дена. Доколку не ја платите се смета дека услугите на ГЛОБАЛ НЕТ не сте ги побарале или не сте сакале да ги имате. По уплатата услугата ќе ви биде овозможена најдоцна за 24 работни часа не сметајќи ги викендите и празниците.
fineweb-2
Како што бевме фокусирани врз фудбалскиот натпревар на Англија во Скопје, македонските безбедносни сили покренаа голема акција против паравојниците на Албанската национална армија само дваесетина милји од стадионот. Тоа следеше една недела по насилството на АНА во северна Македонија, по смртоносниот напад врз група српски деца кои пливаа во реката Бистрица во соседното Косово и по оружените судири меѓу АНА и полицијата во Јужна Србија, пишува во написот на Гардијан во кој се додава: Сево ова може да изгледа како инциденти што ги имаше во декадата на оружените конфликти на Балканот. Но, на ова би требало да се гледа како на нешто поразлично – како на предупредување дека и покрај притисоците, започнати пред четири години - Косово се уште не е контролирано што претставува опасност која може да експлодира. Ирак е вистинско потсетување дека способноста да се сруши режимот со воени средства е само почеток на долг и опасен процес, кој може да ја влоши и онака тешката ситуација. Според Гардијан, процесот на трансформирање на нефункционалните држави или територии во функционални сега се одвива под погрешното иритирачко име ,,градење на нацијата,,. Меѓународната заедница е со таква цел и на Косово, но УНМИК се уште не е ни блиску до етаблирањето на функционално општество. Главна причина, уште од крајот на војната, е тоа што Косово егзистира како уставен пекол – косовските албанци сакаат независност, србите се против. Без јасна идеа за косовскиот финален статус, како што се наведува во текстот на Гардијан, е неможно да се создаде безбедносен систем и внатрешни економски релации без кои никој не сака да инвестира таму. Така, економскиот живот во покраината денес е сведен на шверцување. Европската Унија и Соединетите Држави се согласни дека треба да преземат, пред се политичка улога со цел долготрајна стабилизација на Балканот. Меѓутоа, пишува весникот, Косовскиот јазол е во срцето на балканската мрежа во која се наоѓаат: Македонија, Србија и Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина. Стратегијата на Европската Унија е на парчиња, односно фокусирана врз спогодба која значи дека земјите од поранешна Југославија, со исклучок на Словенија, можат многу малку да се надеваат на нивно членство во Унијата во блиска иднина, смета Гардијан. Европската Унија има златна можност да раководи со решението на уставните прашања на Балканот. Но, Унијата, освен давањето прва помош за раните, нема стратегиска визија како да го изведе тоа. Европа постојано ги критикува Соединетите Држави за нивната политика на превентивни сили. Меѓутоа, каква алтернатива нуди таа? Тука, како што наведува Гардијан, Европската Унија има шанса да го разбие еднаш за секогаш Балканското буре барут. Сега тоа ќе е рекламирање на супериорноста на европските пред американските вредности. Перспективата за членство во Европската Унија е моќен лост во Југоисточна Европа и може да го реши не само косовскиот, туку и другите проблеми. Предолго балканската политика на Европската Унија беше во рацете на бирократите. Балканот може да биде голема шанска доколку Европа сака да ја покаже својата визија, се заклучува во денешниот напис на Гардијан посветен на ситуацијата на Балканот.
fineweb-2
Доктори без граници проценуваат дека ќе бидат потребни околу шест месеци за да се стави под контрола еболата во западна Африка. Претседателот на организацијата, Шоан Лиу изјави денеска во Женева дека епидемијата се влошува и се шири побрзо и медицинските експерти не се во можност адекватно да одговорат. Светската здравствена организација во меѓувреме соопшти дека има недостаток на кревети во новиот центар за третман на еболата во западна Африка.
fineweb-2
Петдневниот хуманитарен прекин на огнот во Јемен, што стапи во сила од денеска, во најголема мерка се почитува и покрај неколкуте случаи на судири, изјави вечерва во Вашингтон портпаролот на американскиот Стејт Департмент, Џеф Ратке. Ратке ги повика сите страни вклучени во конфликтот во Јемен да продолжат да манифестираат воздржаност. Петдневниот прекин на огнот во Јемен беше прогласен со цел да се овоможи дистрибуција на хуманитрана помош на жителите во реоните на конфликто
fineweb-2
Во зграда на булеварот "Октомвриска револуција" вечерва по 18 часот се слушна силна експлозија. Според привичните сознанија, во експлозијата нема повредени лица, јави дописникот на МИА од Куманово. Во зградата со број 1, како и на соседните згради 2 и 3, речиси сите стакла од прозорците се искршени. СВР Куманово во моментов врши увид, а пристигнати се и екипи на противпожарна единица и брза помош.
fineweb-2
Книгите се волшепства, се што е во врска со духовност и креативност, творечка слобода и инвентивност, животни вистини и тајни, целосно понирање во човековата есенција и егзистенција, здомено е во книгите. Книгите се чудо, ги има во разни облици, големини, содржини, видови, жанрови, типологии, со нив можеш до крај на светот и назад, тие живеат, дишат, толкуваат и зборуваат, водат љубов со нас… За жал, Гутенберговата галаксија како да е изморена, книгите стануваат алтернатива пред електронските помагала! А разликата е длабоко суштинска кога книгата ја читаш држејќи ја во раце, или кога читаш туѓи мисли низ електронските пребарувачи. Исто како и кога водиш љубов со саканиот партнер без футролата на Чехов и ги разменуваш сите животни сокови во име на љубовта, или имаш секс заради секс со сите можни "помагала"! Кога ги прелистуваш страниците од книгата ја чувствуваш миризбата на нејзината древност и светост, на човечките прсти кои ја допирале пред тебе, можеш да легнеш со неа, да заспиеш држејќи ја во раце, можеш и главата да ја потпреш врз неа, да ти служи како на овчарчето Сантијаго во "Алхемичарот". Можеш да доживееш космос за само "11 минути" како Пауло Коелјо во истоимениот роман, да научиш што е жежок секс од Трејси Кокс само со еден партнер, да го запознаеш мајсторот на Булгаков, а тој да те поврзе со Фауст и Мефисто, да ги препознаеш тажните курви на Маркез, круговите на Данте и Архимед, да потонеш илјадници милји под морето , да се искачиш на врвовите на Килиманџаро… Ех што се нема во книгите, преку нив се судира човековата луцидност (желба за осознавање) и носталгичност ( немоќта да се осознае светот), во нив и Сизиф додека го турка каменот е оправдан во својата бесполезност, оти туркал без да се жали, без да се покори на боговите и бил среќен во својата надеж… Има ли надеж за книгите во рацете на идните генерации? Повеќе од било кога денеска е присутна мислата на Милтон "Да убиеш книга е исто како да убиеш човек" – отфрлајќи ги книгите се отфрламе себе си, живееме паралелно покрај сопствениот живот како странец здомен во отуѓениот современ човек на Алберт Ками. "Цивилизацијата на книгата" ја заменивме со "цивилизацијата на сликите" , визуелната, дигитална и масовната култура направи своја империја каде книгите очајно се борат за својот вековен пиедестал, а ние учителките очајно ги одржуваме учениците во читачка кондиција за да можат вешто да се реализираат низ животот. Книгите не учат на љубов и емпатија, не очовечуваат, ја претопуваат болката во радост, љубомората во љубов, болеста во лековитост, тагата во радост, минливоста во вечност… Книгите лекуваат комплекси, колку повеќе си начитан и продуховен толку помалку имаш потреба од докажување и покажување пред јавноста, те учат да бидеш едноставно силен, оти големите луѓе се големи поради својата едноставност. Со брдо прочитани книги ја имаш самодовербата на највисокиот планински врв, при тоа да не си самобендисан и суетен туку мудар и задоволен. Книгата знае да се избори со моќта на парите, оти знаењето што го поседуваш крадците не може да ти го украдат, а молците изедат – отец Николај Владимировиќ и баш ти е гајле што одиш пешки или се возиш со бус или велосипед, додека другите те поминуваат со скапи возила, воздухот што го дишеме е исто загаден, "и сонцето и ветрот и дождот се еднакви за сите луѓе во светот "– Св.Кирил во "Панонски легенди". За своето полнолетство мојот постар син доби две енциклопедии за млади од вујко му, кој во едната напиша "Кога ќе ја прочиташ првата енциклопедија може да станеш милионер (алудирајќи на тогаш познатиот квиз "Милионер" ), но кога ќе ја прочиташ и втората, милионот веќе нема ништо да ти значи … Се надевам дека сите мои синови ќе растат со моќта на знаењето, макотрпно стекнувано целиот нивен живот, а сите мои синови и ќерки се и моите ученици… За читачка работна седмица, ВОДЕТЕ ЉУБОВ СО КНИГИТЕ <3
fineweb-2
Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест изјави денеска дека не постои ниту една форма на изразување кое го оправдува актот на насилство, коментирајќи го нападот во близина на американскиот град Далас. Во нападот беа убиени две вооружени лица откако отвориле оган надвор од местото каде што се одржувал натпревар на карикатури на Пророкот Мухамед. Американските власти во меѓувреме соопштија и дека агенти на ФБИ вршат претрес на стан во Феникс во јужната држава Аризона, како дел од истрагата за нападот.
fineweb-2
Заштитата и сигурноста на податоците на нашите корисниците се една од приоритетните задачи на нашата компанија. ГЛОБАЛ НЕТ посветува големо внимание на заштитата на личните податоци во сите свои деловни процеси. Оваа политика за приватност објаснува кои податоци се собираат од страна на ГЛОБАЛ НЕТ за време на вашата посета на нашите web страници и како тие се користат. Ова не се однесува на вашата посета на други web страници, на кои ќе пристапите преку нашата страница Собирање и обработка на лични податоци Заради системска заштита, секогаш кога ќе ги посетите нашите web страници, нашиот web сервер привремено го регистрира вашиот домен и IP адресата на работната станица, заедно со уште неколку технички податоци во врска со сесијата т.е. посетата на web страниците. Исто така, во одредени случаи ќе запишеме информации во форма на "Cookies" на вашиот компјутер, со цел да ја приспособиме посетата на web страниците според вашите потреби и навики. "Cookies" се мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот на корисникот од страна на web серверот. Сите информации кои се меморираат во рамките на "Cookies" можат да бидат искористени само за потребите на web услугата и тоа на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена. При вашата посета на web страниците на ГЛОБАЛ НЕТ нема да вршиме прибирање на лични податоци, освен во случаи кога доброволно ќе ги дадете овие информации, на пример, при електронски нарачки, анкети, наградни игри или барања за информации. Личните податоци кои се собираат за време на вашата посета на web страницата се обработуваат согласно позитивните прописи на Р. Македонија. Притоа, податоците поврзани со вашата картичка или вашата сметка во банка се испраќаат директно до банката преку шифрирана врска. ГЛОБАЛ НЕТ ниту ги собира ниту има пристап до информациите поврзани со вашата картичка или вашата сметка во банка. Користење и пренос на лични податоци Вашите лични податоци ќе ги користиме само заради техничко администрирање на web страниците и заради задоволување на вашите потреби и желби. Вашите лични податоци ќе бидат користени за обработка и директен маркетинг само врз основа на ваша претходнo изречeна согласнот и само во обем неопходен за секој поединечен случај. Податоците нема да бидат пренесувани на државни органи, освен во случаи утврдени со закон. Сите наши вработени се обврзани да ги чуваат и да се однесуваат со вашите податоци како со информации од доверлива природа. Одлука на корисниците Нашата компанија сака да ги контактира своите корисници за да бидат навремено информирани за сите понуди и новости во однос на нашите продукти и услуги. Доколку се регистрирате на нашата web страница или нарачате некои од нашите продукти и услуги, ќе ви побараме согласност за обраќање во иднина. Независно од тоа, ќе продолжиме да Ве информираме, како корицници на ГЛОБАЛ НЕТ, за сите битни промени поврзани со вашиот постоен договор (како на пример, промена на цените). Слобода на информирање ГЛОБАЛ НЕТ на ваше писмено барање ќе ви овозможи увид во сите ваши лични податоци со кои располага (име, адреса и сл.). Сигурност Ги презедовме сите пропишани технички и организациони мерки за заштита на личните податоци со кои располагаме, заради спречување неовластен пристап и нивна злоупотреба. Нашите сигурносни процедури се предмет на редовни контроли и одраз на најновите технолошки достигнувања во оваа област. Контакт Доколку сакате вашите податоци да бидат корегирани или избришани, или доколку имате какви било прашања или предлози за заштита на личните податоци, можете да нè контактирате на е-адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Притоа, вашата е-адреса нема да биде искористена за друга намена.
fineweb-2
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон ја оцени како важен чекор одлуката на сирискиот претседател Башар ал Асад да го прифати мировниот план на пратеникот на ОН и на Арапската лига за Сирија Кофи Анан, но истакна дека акциите на сирискиот режим се поважни од зборовите. Ние ќе ги цениме искреноста и сериозноста на Асад според тоа што тој прави, а не што зборува, додаде Клинтон. Таа ја предупреди и сириската опозиција дека треба да биде подготвена јасно да му покаже на целиот сириски народ оти има визија за земја која му ги гарантира правата на секој што живее таму.
fineweb-2
Новоизбраниот албански премиер Еди Рама го избра Косово за прва официјална посета по преземањето на функцијата. Рама ја објави намерата да ја посети Приштина уште минатата седмица на средба во Тирана со косовскиот премиер Хашим Тачи. Тогаш беше соопштено дека во ноември двете влади ќе организираат заедничка седница во косовскиот град Призрен, посветена на соработката за постигнување на заедничката цел "обединување под небото на ЕУ". Албанскиот премиер беше пречекан со државни почести на централниот плоштад во Приштина од премиерот Хашим Тачи и министри од косовската Влада.
fineweb-2
Најмалку 29 луѓе загинаа во воздушни напади на сириските владини сили врз области под контрола на бунтовниците во северна Сирија. Сириската опсерваторија за човекови права(СОЧП) со седиште во Лондон информира дека владините воени авиони нападнале цели во близина на најголемиот град во земјата, Алепо, кој е под контрола на бунтовниците. Според него, бомби паднале и на преполн пазар каде што загинале 14 луѓе. Сириската државна телевизија, пак, објави дека борбените авиони убиле голем број "терористи" во Алепо. Во меѓувреме, бунтовниците од организацијата Ал-Нусра, која одржува врски со Ал Каеда, соопштија дека ја презеле контролата врз нафтените полиња Ал-Омар во источна Сирија. Ова го потврди и СОЧП.
fineweb-2
СДСМ е фатен во криминал до гуша и овојпат нема да може да побегне од одговорноста бидејќи сведок за се е целокупната македонска јавност, реагираат од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат дека Заев и неговата партија му должат одговор и објаснување на народот од чие судење не се бега. Соопштението Ви го пренесуваме интегрално СДСМ е фатен во криминал до гуша. Секогаш кога СДСМ е фатен на дело, започнува да бега и манипулира. Овој пат за криминалот сведок е целокупната македонска јавност. Овој пат нема бегање од одговорноста. Заев и СДСМ мора да и одговорат на јавноста како 70.000 од вкупно 600.000 нелегално стекнати прислушувани разговори со кои нелегално располагаат – како што тврдат самите, се најдоа во рацете на нивните членови, познати криминалци, со кои раководството на СДСМ било во постојан контакт? Заев и СДСМ мора на народот да му одговорат зошто предавајќи 70.000 разговори на осудени криминалци од СДСМ свесно доведоа во опасност од уцена и изнуда илјадници Македонски граѓани? Заев треба да и одговори на јавноста за што разговараше со криминалецот Захир Бекири, кој во моментов е во затвор поради изнуда? Што договориле Заев и Чаушот за време на средбата во канцеларијата на Заев? Заев и СДСМ треба да одговорат зошто Оливер Спасовски бараше истрагата да биде бавна? Кој е нарачателот на "Фабриката за Афери на СДСМ"? Дали е ова последната Фабрика за Афери на СДСМ? Заев и СДСМ треба да и одговорат на јавноста дали подготвуваните лажни пасоши и лажни сметки и низа други конструкции кои требало да се користат во предизборниот период се директна нарачка на Заев и СДСМ? Заев и СДСМ треба да знаат дека сите кои учествувале во Фабриката за Афери ќе ја добијат заслужената казна. Некои само од Судот во Република Македонија, некои и од Судот на Народот на 24 април. За само 122 дена граѓаните ќе ги казнат сите кои се обидуваат да си играат со трпението, интелигенцијата и волјата на народот. Граѓаните ќе ги казнат сите кои земјата ја држат во заложништво за да остварат свои лични цели со помош на криминални структури. Со помош на фалсификат. Со помош на најдолни манипулации. Нема бегање од судот на народот, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
fineweb-2
Украинското министерство за одбрана го повика претседателот Виктор Јанукович да преземе итна чекори за олеснување на кризата во земјата. Според прес службата на Министерството за одбрана, Јанукович е повикан, како врховен командант, да преземе итни мерки за стабилизирање на ситуацијата во земјата и да се постигне договор во општество во рамките на постоечката законска регулатива. Според министерството, одземањето државни згради од непријателска демонстранти е неприфатливо. Во соопштението се вели дека натамошна ескалација на конфликтот претставува закана за територијалниот интегритет на Украина.
fineweb-2
Фран Крсто Франкопан |Фрањо Крсто Франкопан| |Занимање||поет, политичар| |Националност||Хрват| Фрањо Крсто Франкопан (4 март 1643 - 30 април 1671) бил хрватски аристократ, војсководец и поет, од семејството Франкопан. Запаметен е во историјата најмногу поради неговата вклученост во заверата Зрински-Франкопан. Живот и дело[уреди | уреди извор] Потекнува од познато хрватско аристократско семејство, во кое покрај витештвото се негувала и книжевноста по традиција. Најталентиран книжевник од тоа семејство е секако Фран. Се воспитувал кај језуитите во Грац и патувајќи по Италија. На тоа патување напишал песна на латински која била преведена на италијански јазик. Во Италија се жени на 15 годишна возраст со девојка од познато аристократско семејство, Барберини. Во Италија се запознал и со тогашната италијанска книжевност и ја засакал пасторалната и анакреонската поезија пишувана во маринистички стил. Враќајќи се во Хрватска станал огулински капетан, и заедно со Петар Зрински се истакнал во борбата против Турците. Франкопан незадоволен од политиката на виенскиот двор, приоѓа кон заверата на хрватските и унгарските аристократи, на чие чело бил Никола Зрински, а по неговата смрт, Петар Зрински. Се борат против виенскиот централизам насочен против аристократијата. Кога Зрински и Франкопан увиделе дека заверата е откриена, побрзале во Виена да се оправдаат пред дворот и да бараат милост, но фатени се и осудени на смрт. Петар Зрински во затворот се подготвувал за судењето и пружил одлична одбрана, додека за тоа време Фран пеел песни. Во затворот ја напишал збирката песни "Гартлиц за час кратити". Ова дело останало во ракопис и пронајдено е дури во 19 век во виенската архива меѓу списите за заверата на Зрински и Франкопан. Делото е печатено во 1871 година, 200 години по смртта на поетот, со наслов "Градинка" ("Вртиќ"). Во оваа збирка има љубовни и рефлексивни песни, како и тажаленки за минливиот овоземен живот. За поезијата[уреди | уреди извор] Поетот сакал да пее во духот на италијанската маринистичка поезија, но свесен е дека нема сила за тој поетски израз, и тоа го кажува во воведот на збирката. Покрај тоа, во воведот кажува и како настанале неговите песни во затворската атмосфера. Од скромност се нарекува детелина, и така го потпишува воведот. Во неговата збирка има конвенционални стихови, мотиви и имиња, но има и искрени љубовни песни во кои пее за тагата на човекот кој е осуден на смрт. Поетот ја доловува убавината на природата и ја спротивставува на тешкиот затворски живот. Се жали на "неверната" среќа. Во некои песни го велича витештвото и честа, со борбени повици ги вика јунаците на борба да го бранат "гласот, името и честа". Во збирката се чувствува влијанието на народната песна. Тој прв ја употребил дикцијата на народната песна и десетерецот. Во романсата "Парис и Галатеа" поетот ја покажува средбата на двајцата млади во духот на народната песна, во десетерец. Во тој дух испеана е и шеговитата песна "Бабајко од дивојке љубави проси", во која старецот ја уверува девојката во постојаноста на својата љубов. Во некои свои песни, ги исмејува поповите. Наводи[уреди | уреди извор] Надворешни врски[уреди | уреди извор] |"|
fineweb-2
Меѓународните набљудувачи на изборите во Украина излегоа денеска со негативна оценка за парламентраните избори. Шефицата на набљудувачката мисија на ОБСЕ во Украина Валбурга Хабсбур Даглас изјави дека изборите го "уназадија " украинскиот демократски прогрес. Таа ги обвини владечките политичари за злоупотреба на административните ресурси со кои влијаеле врз резултатот од изборите. Таа додаде дека предизборните кампањи биле одбележани со пристрасно медиумско покривање и недостаток на финансиска транспарентност. Со над 60 проценти излезност на изборите, партијата на претседателот Виктор Јанукович води со освоени 34 проценти од гласовите. Партијата на затворената Јулија Тимошенко освои 22 проценти , додека пак Комунустичката партија доби 15 проценти од гласовите.
fineweb-2
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја ќе продолжи да го поддржува Азербеџан во спорот со Ерменија за Нагорно Карабах. Ердоган по разговорите со азербеџанскиот претседател Илхам Алијев во Баку порача дека правото на земјата треба да биде земено во предвид во пронаоѓањето на решение за конфликтот. Според него, доколку конфликтот меѓу Азербеџан и Ерменија е решен, тогаш проблемите на Турција со Ерменија исто така ќе бидат решени.
fineweb-2
130 работни места во дојранскиот крај со влезот на холандската Инофрут Дојранскиот крај ќе добие можност за вработување на 130 лица откако својата инвестиција ќе ја реализира холандската компанија "Инофрут". Заменик министерот за земјоделски Ванчо Костадиновски и претставникот од компанијата Стефани Тиморс ги соопштија деталите за инвестицијата која се подготвувала повеќе од 8 месеци. – Од повеќе земји во регионот тие одлучија да инвестираат во Македонија. Инвестицијата е преку превземање на стечајниот имот на загубарот, комбинатот "Агро-лозар" од Богданци. Со превземањето на стечајниот имот, тие се во позиција да склучат договор со МЗШВ и да се обврзат да инвестицираат во јужниот дел на Македонија, поточно во општина Дојран и општина Богданци преку започнување на активности за примарно производство на долгогодишни овошни насади таму каде што оваа компанија има навистина огромно искуство. Преку воведување најнови технологии за производство на цреши, рана и доцна, производство на трпезно грозје со најсовремени сорти и технологија која оваа компанија ја применува, истакна Костадиновски. Тој посочи дека холандската компанија има свои капацитети во Јужна Африка и Етиопија каде со 350 вработени ги остваруваат своите активности, односно ги прибираат своите производи и ги дистрибуираат во елиот свет. Најзастапени се на пазарите во Европска Унија, Средниот Исток и на пазарите надвор од ЕУ, САД, Јужна Америка. Активностите на терен се очекуваат веќе идниот месец кога ќе бидат заседини првите насади на сортни цреши. Вкупната површина која ќе ја обработува компанијата е 250 хектари. Тиморс од менаџментот на холандската компанија посочи дека речиси две години го истраживале пазарот за овошје и зеленчук на Балканот и се одлучиле нивната инвестиција да ја започнат во Македонија поради поволноста на климата за производство и поддршката и соработката која ја имале со македонската Влада. – Сакаме да воспоставиме иновативно производство. Во првата фаза ќе обработуваме 55 хектари, а во меѓувреме ќе ги испитуваме водата и почвата какви култури може да се одгледуваат во останатите парцели. Планираме и 130 вработувања, од кои дел привремени, дел на неопределен рок. Очекуваме да почнеме со производство што поскоро и се надеваме на одлична соработка со локалните производители, подвлече Тиморс. "Инофрут" работи 16 години, дистрибуира овошје на речиси сите надворешни пазари, а од пред три години се занимава и со производство. Според досегашните проценки на компанијата инвестицијата ќе биде меѓу 9 и 10 милиони евра.
fineweb-2
Судот во Белград го отфрли барањето на семејството на Ратко Младиќ тој да биде прогласен за мртов. Семејството на најбараниот човек обвинет за воени злосторства, тврди дека тој како "многу болен човек" не можел да преживее без постојана лекарска грижа. Семејството тврди дека во 1996 година Младиќ имал мозочен удар, а подоцна имал проблеми со срцето и стомакот. Младиќ го напуштил домот во мај 2002 година и повеќе не се вратил. Според одредени информации, тој во еден период се криел во воени објекти во Белград, но од февруари 2003 година неговото семејство не добило никаков сигнал дека тој е жив, се наведува во молбата.
fineweb-2
Властите во Лос Анџелес понудија еден милион долари награда за информација која ќе доведе до апсење на поранешниот полицаец осомничен за три убиства. Градоначалникот на Лос Анџелес, Антонио Вилараигоса синоќа вети дека ќе го фатат осомничениот, Кристофер Дорнер. Градоначалникот изјави дека нема да толерира владеење на теророт. Дорнер се бара за убиствата на еден полицаец и на еден пар во Јужна Калифорнија изминатата недела. Во изјавата објавена на интернет, Дорнер вели дека тоа е одмазда за неговото отпуштање од полицијата.
fineweb-2
Полицијата во Тајланд потврди дека е во потрага по група Сиријци кои се осомничени за тероризам по предупредувањето од Русија. Руската федерална служба за безбедност соопштила дека 10 Сиријци кои можеби се поврзани со милитантната група Исламска држава би извршиле напади во Тајланд на цели поврзани со Русија и со други непријатели на организацијата. Русија започна воздушни напади против милитантната група во Сирија на 30 септември.
fineweb-2
Бугарија е земја со најголем процент на бездетни домаќинства од сите земји членки на ЕУ. Дури 26,5 отсто од вкупно 2,8-те милиони домаќинства во Бугарија се без деца. Тенденцијата на пораст на домаќинства без деца во Бугарија ја потвдуваат и податоците на бугарскиот Национален статиситички институт (НСИ), врз основа на пописот на населението од 2011 година. Според податоците на НСИ, дури 30,8 отсто од домаќинствата во Бугарија ги сочинуваат самци, 28,4 проценти се домаќинства од два члена, 20 отсто се со едно дете, 13 проценти со две деца и седум отсто со три и повеќе деца. Вво 2001 година во Бугарија имало 662.853 едночлени домаќинства, а во 2011 година нивниот број пораснал на 925.385. Според податоците на Евростат, просечно семејство во Бугарија брои 2,4 члена, колку што имаат и Белгија, Грција, Летонија, Литванија и Словенија. Најбројни семејства во рамките на ЕУ во просек има Хрватска со 2,8 члена во семејство, а по неа следуваат Малта, Кипар, Романија и Словачка со по 2,7 чена во семејство. Најмали семејства во ЕУ, во просек со под два члена, имаат Шведска и Германија. Дури 32,7 проценти од домаќинствата во ЕУ или 220 милион ги сочинуваат самци. Највисок просек на домаќинста со по еден член има Шведска – 47 отсто, пред Финска, Данска и Германија со по околу 40 проценти. Најмалку пак самци во ЕУ има во Малта и Кипар, со по околу 20 проценти од вкупниот број домаќинства. Најмногу домаќинства во рамките на ЕУ има Германија – околу 40 милиони, пред Велика Британија и Франција со по околу 28 милиони, додека најмалку имаат Малта – 150.000 и Луксембург – околу 220.000 домаќинства.
fineweb-2
Eден лице загина а 14 се повредени откако во италијанската провинција Ферара, се превртел хрватски автобус кој од Загреб требало да пренесе патници во Рим. Две лица се се потешки повреди и според полицијата лекарите се борат за нивните животи. Несреќата се случила околу два часот по локално време на 13 километар од автопатот Болоња – Падова, меѓу Ферара и Алтеда.
fineweb-2
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони. Според информацијата од Геинг инженеринг, ве известуваме: За изработка на проектна документација за рехабилитација на патниот правец А1, делница Неготино – Демир Капија, од 18.02.2014 започнати се геотехнички истражни работи, за што е потребно да се воведе времена измена на режим на сообраќај. Поставена е соодветна вертикална сигнализација за времен режим на сообраќај за работа на пат. Работите се изведуваат во временски период од 07:00 до 18:00 часот, а времетраењето на измената ќе биде до 12.03.2014. Поради вршење на градежни работи за реконструкција и санација на мост на река Брегалница кај селото Долни Балван, Општина Карбинци, се забранува сообраќајот во двата правци по локалниот пат село Долни Балван – село Таринци во период од 14.01.2014 година до завршување на реконструкцијата на мостот на река Брегалница. Патниот правец Р2 332, Охрид – Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево се затвора сезонски за сообраќај на сите возила. Оваа забрана ќе трае до 31.03.2014 год. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Нa граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата. Од 15.11.2013 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2014 година.
fineweb-2
На дефилето, меѓу другите, учествуваа вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми, министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети, евроамбасадорот Самуел Жбогар и претставници на Град Скопје. Евроамбасадорот Жбогар порача граѓаните да го користат велосипедот почесто бидејќи, како што рече, е добро за здравјето и заштедува средства. – Возењето велосипед е добро за здравјето и затоа не треба да применува само еднаш во годината, туку секојдневно. На тој начин ќе се подобри здравјето и ќе се заштедат средства, порача Жбогар. Вицепремиерот Адеми истакна дека денешниот настан е значаен, бидејќи Македонија придонесува за да се подигне јавната свест за заштита на животната средина и намалување на загаденоста. – Големиот број на луѓе што се приклучија денеска е доказ дека ние ги препознаваме и споделуваме заеднички европските вредности, а тоа е една причина повеќе да бидеме дел од европското семејство, потенцира Адеми. Според министерот за животна средина и просторно планирање Амети, ова дефелиле е организирано со цел да се влијае врз свеста на граѓаните за зачувување на здравјето и животната средина и амбиенталниот воздух. Тој ги повика граѓаните почесто да практикуваат ваков начин за транспорт. На завршната точка од дефилето кај "Школка" се одржа музички хепенинг, а за учесниците беа доделени и 20 велосипеди подарок од МЗЖВПП, Град Скопје и Цементара-Скопје. Европската недела на мобилност се одржува секоја година од 16 до 22 септември. Првпат беше иницирана во Франција во 1998 година, а во Македонија официјалното одбележување започна во 2001 година.
fineweb-2
28 август, 2013 Пријавете се на фестивалот "Ден Д" во Белград Првиот натпреварувачки фестивал за перспективни поп и рок изведувачи "Ден Д" кој е посветен на музичарот Милан Делчиќ Делчу, ќе се одржи во сабота, 14-ти септември во Белград, во организација на градската општина Чукарица и промотерската куќа Long Play. Фестивалот ќе започне со свечено откривање на спомен плочата на куќата во Кошутњак, во која Делчу живеел и творел, а музичката програма ќе се одвива од 18 до 22 часот на сцена на отворено, сместена на улица Шчербинова која се надоврзува на платото "Шољица" на улица Пожешка во Чукарица (Белград). Конкурсот за учество на "Ден Д" е отворен од вчера (27.8) и можат да се пријават поп и рок бендови и изведувачи од Србија и регионот, без оглед на тоа дали до сега имале официјално или интернет издание, а сметаат дека не добиле вистинска можност да се претстават пред јавноста. За да се пријавите на овој фестивал потребни Ви се снимки од две авторски песни, фотографија и кратка биографија на бендот, а сето тоа да се испрати на елетронската адреса [EMAIL] најдоцна до 10-ти септември. Потоа стручното жири ќе одлучи кои бендови ќе настапат на 14-ти септември на фестивалот "Ден Д". Трите најдобри изведувачи ги очекуваат награди во вредност од 25 000, 15 000 и 10 000 (српски) динари. Водител на програмата ќе биде Дејан Цукиќ (поранешен член на Булевар и Бајага и Инструктори), а во ревијалниот дел ќе настапи бендот The Dibidus. Милан Делчиќ Делча ([PHONE]) Милан Делчиќ Делча бил мултимедијален уметник – драматург, писател, изведувач, пејач на групата У шкрипцу, кој со своето творештво и извонредно позитивен став бил отелотворување на добриот дух на Белград. Оттука е логично и фестивалот, чија цел е да стане традиција и да им помага на новите музички сили, симболично да го носи името "Ден Д", односно "Денот на Делча" или "Делчин Ден".
fineweb-2
Производителите на тутун од општините Радовиш и Конче денеска повторно го блокираа магистралниот пат Радовиш - Штип. Претседателот на Штрајкувачкиот одбор Миле Атанасов изјави дека тие протестираат не само поради ниските откупни цени на тутунот, туку и поради вчерашните контра-протести пред седиштето на општинскиот штаб на СДСМ во Радовиш. Тие најавија блокади и утре, а ќе протестираа се додека министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски не најде решение за нивниот проблем.
fineweb-2
Центарот за човекови права "Пролет" во Белорусија соопшти дека од белоруското КГБ биле уапсени администраторите на интернет заедницата на белоруската опозиција. Станува збор за Роман Праташевиќ, Андреј Ткачиј, Суари Бијаспали, Павел Јетскиев и Алек Шрамук. Нивните станови се претресени, некои компјутери се конфискувани. Освен Јетскиев, кој добил 5 дена затвор за хулиганство, другите се ослободени по неколку часа распит во полицијата.
fineweb-2
Сообраќајот на сите патишта низ Македонија се одвива без забрани, по суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места. Поради појава на магла видливоста е намалена од 50 до 150 метри кај Крива Паланка, Страцин, Тетово, Гостивар, Дебар, Прилеп, Струга, Ресен, Штип, Павлешенци, Делчево, Кула. АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони
fineweb-2
Предводникот на "кралскиот клуб", Карло Анчелоти, пред почетокот на финалниот натпревар во Лигата на шампиони изјави дека неговите фудбалери имаат уникатна шанса да бидат дел од клупската историја на Реал (М). "Ова е уникатна шанса, ова е шанса да ја напишиме најважната страница во клубската историја. Не сме опседнати со победничкиот пехар, но истиот додатно не мотивира. Мојот тим одигра фантастично во годинашното издание (Л). Ќе дадеме се од себе, ќе ја потрошиме акумулираната енергија, се со цел да славиме во финалниот натпревар. Нема никакви тајни кога се во прашање овие два тима. Одлично се познаваме, а во финалните натпревари не постои фаворитската улога. Знаеме дека играме против многу незгоден противник, кој функционира како една целина во поголемиот дел од натпреварот. Ќе ни биде многу тешко, мора и ние да функционираме како една целина, а нормално дека ни е потребна и подршката од најверните фанови. Тие беа со нас и во финалниот натпревар од Купот на Шпанија и во полуфиналната пресметка против Баерн (М), изјави предводникот на "кралскиот клуб", Карло Анчелоти.
fineweb-2
ДС бара да се свика Собранието и да се исполнат барањата на народот Демократскиот сојуз предводен од Павле Трајанов повика Собранието повторно да се свика за да се одложат изборите закажани на 5 јуни, како и целосно да се повлече аболицијата од претседателот Иванов бидејќи според нив постои општ граѓански консензус за овие две прашања. – Укажуваме дека нема уставни и законски пречки да се свика Парламентот, при што, ако Трајко Вељаноски, не сака да го свика, тоа можат да го направат самите пратеници и Собранието да донесе одлука за одлагање на изборите. Согласно член 15 став 4 од Изборниот законик, мандатот на пратениците трае се до конституирање на Собранието во нов состав. Исто така нема уставни и деловнички пречки за свикување на седница на Парламентот, но во праксата по самораспуштање, тој не заседава, за да не се користи за предизборни цели, но и натаму е во постојано заседание, што е предвидено и со член 66 став 1 од Уставот и член 5 став 1 од Деловникот на Собранието, наведува ДС во соопштението. Претседателот Ѓорге Иванов, како што се посочува во соопштението, може да ја повлече одлуката за аболиција, со нова одлука. Демократскиот сојуз повикува протестите да се одвиваат на мирен начин, како демократски чин на искажување на незадоволство.
fineweb-2
Грчката Влада денеска во Атина ги заврши средбите со претставници на Европската Комисија, Европската Централна Банка и Меѓународниот монетарен фонд. Министерот за финансии Евагелос Венизелос изјави дека сега тие треба да достават извештај по што ја очекува 6 тата транша од меѓународниот заем за Грција. Тој додаде дека државата очекува план за засилено учество на приватниот сектор и план кој ќе биде подобар од оној кој беше предвиден.
fineweb-2
Од канцеларијата на францускиот претседател Франсоа Оланд е соопштено дека американскиот претседател Барак Обама се состанал со рускиот претседател Владимир Путин. Средбата се одржа на маргините на церемониите во знак на одбележувањето на денот Д кога сојузничките сили се истоварија во Нормандија пред 70 години за време на Втората Светска Војна.
fineweb-2
Според болнички извори, во пожарот што избувна денеска во зградата бр. 8 на улица "Ѓорѓи Сугаре" во скопската населба "11 Октомври, животот го загубиле четири лица, а шест се повредени. Професор Јордан Савевски, одговорен дежурен лекар во хируршкиот блок при Клиничкиот центар во Скопје информира дека биле донесени четири лица, од кои две веќе биле починати. Еден од починатите е маж, роден 1929 година, а другиот средновечна жена. Едно повредено момче е префрлено на Клиниката за пластична хирургија, а една повредена жена е хоспитализарана на Клиниката за токсикологија. Двајцата повредени се затруени од чад и нивната состојба лекарите ја оценуваат како релативмо стабилна. Директорот на Градската болница Божидар Ефтимов изјави дека кај нив се однесени шест женски лица. Две од нив, помлади лица, не давале знаци на живот поради што бил направен обид за реанимација, но без успех. Преостанатите четири, повозрасни лица, се затруени од чад и се хоспитализирани. МВР претходно потврди дека во пожарот загинале три лица, две жени и еден маж го загубиле животот. Пожарот зафати неколку стана, дел од гаражите и подрумските простории на зградата. Екипи на Единицата за противпожарна успеаја да ја локализираат огнената стихија. Од досега преземените мерки констатирано е дека пожарот во зградата број 8 на улица "Ѓорѓи Сугаре" настанал во подрумските простории во станбениот објект, а потоа набрзина се проширил по вертикала кон горните катови, соопшти Министерството за внатрешни работи. Причина за брзото ширење на пожарот се пластичните огради и складираните лесно запаливи предмети кои испуштаат токсичен чад. По телефонското јавување во 12.30 часот, Бригадата на противпожарна заштита во 12.36 часот пристапила кон гаснење на пожарот, при што беа ангажирани 25 возила, 45 пожарникари, со поддршка од други структури од МВР. Со брза интервенција на Бригадата за противпожарна заштита спречено е опожарување на внатрешноста на становите и кровниот дел од зградата. При интервенцијата на работниците на противпожарната бригада и други припадници на МВР, како и граѓаните кои се вклучиле во гаснењето на пожарот беа евакуирани повеќе лица кои се пренесени во неколку здравствени установи во градот. Според информациите од здравствените установи четири лица го загубиле животот, а девет се здобиле со повреди, како последица труење. Во тек се активности за утврдување на идентитетот на загинатите и повредените. МВР презема мерки за озбезбедување на местото на настанот и утврдување на причините за пожарот
fineweb-2
Украинската војска соопшти дека нејзин припадник е убиен на истокот на земјата. Портпаролот на армијата Олександар Мотузјанук денекса изјави дека војникот бил убиен, а осум други биле повредени во гранатирање кое се случило на околу 10 километри северно од бунтовничкото упориште во Доњецк. Од друга страна, претставниците на бунтовниците се цитирани како ја обвинуваат Украина дека користи минофрлачи и тенкови на територијата што е под нивна контрола. Борбите меѓу владините сили и про-руските сепаратисти се интензивираа по неколку недели релативен мир. На 14 октомври Украина соопшти дека се убиени пет војници на северот и на западот на регионот Доњецк. Од април 2014 година, повеќе од 7.900 луѓе се убиени во борбите на истоткот на земјата.
fineweb-2
Манама |Манама المنامة ал-Манама Хоризонтот на Манама. |Координати:| |Држава||Бахреин| |област||главна област| |Управа| |• гувернер||Хумод бин Абдула бин Хамад Ал Халифа| |Население (2001)| |• Градско||162.000| |• Густина||5.304/км2| |• Метро||345.000| |Мреж. место||http://www.capital.gov.bh| Манама (арапски: المنامة, транслитерација: Ал-Манама) е главен град и најголем град во Бахреин. Во градот живеат околу 155.000 жители. Манама станал главен град на Бахреин, по прогласувањето на независноста не земјата, по периоодите на доминација на Португалија и Персија во историјата. Денес, градот е современ, со економија базирана за развој на иднустријата, при што суровата нафта зема помалку нагласена улога во економијата. Поради својата просперитетна економија, една данска фрима најави изградба на еден облакодер, кој треба да биде повисок од 1 km, наречен кула Мурјан. Моментно, ова е само план, а ако истиот се реализира, тоа ќе биде највисоката структура создадена од човекот, со што би се надминала и висината на облакодерот Бурџ Калифа, иако тоа ќе биде понизок облакодер од кулата Накхил, ако биде изградена. Содржина Историја[уреди | уреди извор] Манама за прв пат се споменува во исламски хроники од 1345. Од 1521, со градот запичнуваат да владејат Португалците, а во 1602 градот потпаѓа под персиска власт. Од 1783, со кратки прекини, на власт е династијата Ал-Калифа. Во 1958, градот е прогласен за слободно пристаниште, а во 1971 година за главен град на независната држава Бахреин. Во 1987 година, во областа Џуфаир била изградена џамијата Ал-Фатих, која е најголемата џамија во земјата и има простор за 7.000 верници. Географија[уреди | уреди извор] Градот се наоѓа во североисточниот дел на Бахреин, на еден мал полуостров, па поради тоа градот им пријатно крајбрежје. Како и во останатио дел од Бахреин, релјефот главно е рамен, а земјиштето е типично како во пустинските области. Во близина на Манама, на островот Ал Мухарак се наоѓа меѓународниот аеродром Бахреин, а градот со островот е поврзан преку железница. Клима[уреди | уреди извор] Како и во целата земја, и во Манама климатските услови се екстремни, со температури кои преку лето достигнуваат до 48 °C, а преку зима се околу 15 °C (59 ° F). Просечните температури преку зима се околу 17 °C, а преку лето 45 °C. Врнежите се ретки, но при нивната појава, можна е и појава на град. Најпријатно е времето во есен, кога ултравиолетовото зрачење е послабо, а температурите се попријатни во однос на летото. Администрација[уреди | уреди извор] Манама е дел од управата на главниот град, една од петте области во Бахреин. До 2002, градот беше дел од општината на Ал-Манама. Општински совети постојат, во рамките на управата. Во 2006, во управата на главниот град е гласаше во осум изборни единици[1]. Економија[уреди | уреди извор] Манама е централна точка на економијата на Бахреин. И покрај намалувањето на значајноста на нафтата во последните години, во голема мера поради сè помалите резерви, нафтата сепак и понатаму е столб на економијата во земјата, но значењето на тешката индустрија (на пр. топење на алуминиум, поправка на бродови), банкарството и финансиите и туризмот е во пораст. Неколку мултинационални компании имаат административни згради во и околу Манама[2]. Економската основа во Манама ја сочинуваат финансиските услуги, со над двесте финансиски институции и банки, со седиште во центарот на градот и во дипломатскиот дел од градот. Во Сееф, постојат големи трговски центри, во кои се одвива продажбата на мало, а во центарот од градот доминираат малите работилници и трговците. Превоз[уреди | уреди извор] Во градот Ал Хид, на источниот брег беше изградено вештачкото пристаниште Хид (официјално: Пристаниште Калифа бин Салман во Хид). Пристаништето започна со работа во март 2009. Со својот годишен капацитет од 1,1 милион TEU, тоа ќе послужи и за контејнеризација. На најголемиот дел површина од 90 хектари, околу 5 km кејот должина, плус дополнителни 45 хектари површина ќе послужат за современа логистика. Новата фабрика е еден од најмоќните товарни терминали во Персискиот залив. Главно превозно средство во Манама и натаму се такси-автомобилите. Во градот има само неколку автобуски линии, но возачите на автобусите, ретко се придржуваат кон распоредот. Ова е последица на големите застои во сообраќајот. Сепак, автобусот и натаму е превозно средство кое го користат туристите. Планови за подобрување на јавниот превоз постојкат, но сè уште не е одлужено кога ќе зсапочнат активностите. За туристите, кои пристигнуваат на аеродромот Бахреин, ангажирани се посебни превозни средства, кои им овозможуваат на посетителите да пристигнат полесно во градот. Култура[уреди | уреди извор] Бахреин не е целосно исламска земја и арапските обичаи не се доминантни. Земјата е привлечна за голем број на странци, кои со своето влијание влијаат врз промената во културата на земјата. Дури една третина од населението се по потекло од странство.[3] Алкохолот во земјата не е забранет и се служи во ноќните клубови во градот. Образование[уреди | уреди извор] Во 1986, во Манама бил отворен универзитетот Бахреин. Оттогаш во градот биле отворени голем број на други универзитети во кои може да се изучуваат речиси сите науки. Голем број од универзитети претставуваат оддели на најпознатите универзитети во светот. Спорт[уреди | уреди извор] Во Бахреин, фудбалот е популарен спорт, а од главниот град Манама, дури 3 клубови се натпреваруваат во бахреинската премиер лига. Видете исто така[уреди | уреди извор] Наводи[уреди | уреди извор] Надворешни врски[уреди | уреди извор] |"|
fineweb-2
Легитимно право на секој, па и на секакви ад хок граѓански здруженија со евидентна политичка обоеност, е да го искажат својот револт кој актуелните државни и јавни институции дека нешто не прават како што треба, или дека не работат во инетерс на граѓаните кои, всушност ги поставле на таа власт. Меѓуто, да се злоупотребуваат човечки судбини за дисквалификација по секоја цена, е нешто што ниту морално, па ниту политички не е коректно и во најмала рака дозволено. Деновиве сме сведоци на протест, организиран од граѓанската иницијатива "Коце врати ни ги улиците", на кој се бараше од градсата власт да ja подигне свеста за заштита на учесниците во сообраќајот, но и со директно вперување со прстот кон градскиот татко како најодговорен за сообраќајните жртви. Нејсе, и тоа е легитимно, причини и оправдување за тоа имаат и двете страни. Но, да се оди до крајност, на улици да се изнесуваат родители на деца кои возеќи велосипед настрадале во сообраќајки на скопските булевари е повеќе од дозволената доза на политизација. Инцијаторите на протестот, колку и да ја оправдуваат фразата дека "се е политка, и тука нема ништо чудно", и притоа да се бара најголма одговорност за смрттта на тие деца од градоначалникот затоа што ги проширл булеварите и со тоа дозволил несовесните возачи да се движат брзо и да предизвикуваат трагични сообраќајќи, е бесмислено. Од една страна се бара Градот преку кампањи да влијае врз свеста на учесниците во сообраќајот, а од друга страна, истата таа група која го организираше протестот, јавно и на социјалнте мрежи се исмејува на ваквите кампањи на Републички совет за безбеднст на сообраќајот и патиштата, чии пораки, во поседниот случај, ги пренесуваа повеќе јавни личнсти. Кампањи за безбедност во сообраќајот, градската власт нема надлежност да спроведува, но има и тоа како голема надлежност да гради и проширува улици и булевари, со голем акцент на безбедносни пешаки и велосипедски патеки и потребна сообраќајна инфраструктура. Но дека е виновна за несовеста на возачите и за "несоодветната" ограничена брзина на скопските булевари е повеќе од неразумно обвинување, бидејќи Градот нема ингеренции во овие сфери на дејствување. Барањата на опозицијата во градското собрание се во ред, што се однесува до формирање на Совет за безбедност во сообраќајот, па и дека треба да се ограничи брзината на движење на булеварите на 50 километри на час, и секаков конструктивен напор треба да се поддржи. Советот за безбедност, според последните информации е во фаза на формирање и неговата улога би била во едукација и кампањи за подигнување на свеста на учесниците во сообраќајот, а новите измени во Законот за сообраќај предвидуваат намалување на брзината на движење по булеварите од 60 на 50 километри, и тоа не е ништо ново, но за тоа ќе одлучуваат пратениците, а не градските советници. Политички дилетантизам по секоја цена – НЕ Градскиот татко останува одговорен за многу прашања поврзани со метрополата, но директната вина за изгубените чобечки животи на велсипедистите, треба да ја побараат на друго место. Според полициските информации, последните сообраќајни незгоди со велосипедистите, не се случиле поради тоа што немало соодветна велосипедска патека, велосипедистите настрадале на пешаки премини, или пак додека стоеле на пешачки острови. Сторителите, кои дел од нив немaле ниту возачка дозвола, незгодата ја предизвикале поради пребрзото возење. Никој не треба да се амнестира од вина во вакви случаи, но политички дилетантизам по секоја цена (иако и тоа е легитимно право), не поминува. Граѓаните даваат поддрша на сите демократси повици и протести кои содржат елементи поткрепени за каков било револт од оние на кои им го даваме гласот да ни обезбедат подостоинствен живот. Но, судејќи според поддржувачите на протестот, кои очигледно сакаа да го искористат и гневот од лицата кои ги загубиле своите најмили во сообраќајни незгоди, повикот за одговорнот е на погрешна адреса и не ја постигна посакуваната цел.
fineweb-2
Бомбардиран хуманитарен конвој, Сириското примирје се распадна Извештаите за бомбардирање на хуманитарниот конвој во близина на сирискиот град Алепо "предизвикаа гнев" кај САД, соопшти Стејт департментот, додавајќи дека Вашингтон ќе ја преиспита идната соработка со Русија. Засега нема информации дали нападот е одмазда за убиството на 62 сириски војници во воздушен напад од коалицијата предводена од САД. – Крајната дестинација на конвојот им беше позната на сирискиот режим и Русија, но и покрај тоа овие хуманитарни работници беа убиени додека се обидувале да му помогнат на сирискиот народ, истакна портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби. Тој нагласи дека "САД ова прашање директно ќе и го постави на Русија". – Имајќи го предвид постојаното кршење на примирјето, ние ќе ги преиспитаме натамошните перспективи за соработка со Русија, додаде Кирби. Според информациите на Обединетите нации нападот го извршиле руски или сириски авиони и убиени се најмалку 14 хуманитарци.
fineweb-2
16 јануари, 2013 Објавен списокот на песни од новиот албум на Хртс По малку мрачното британско дуо Хртс го објави списокот на песни кои ќе се најдат на нивното второ студиско издание насловено "Exile", закажано за 11-ти март. Веќе имавме можност да ги чуеме првите две нумери од албумот, а тоа се "The Road", која си доби и видео издание и "Miracle" објавена во првите денови од годината. Во продолжение погледнете го целосниот список од 12 нумери. Извор: Idolator
fineweb-2
Американскиот претседател Барак Обама денеска на заедничка сесија на двата дома на Конгресот ќе го има своето годишно обраќање до нацијата. Обама се очекува да ги објави плановите за обука за работа, за пензионирање, за безбедност и помош за оние кои се подолго време невработени односно пакет акции за кои не е потребно одобрување од Конгресот. Станува збор за планови на Белата Куќа за намалување на јазот меѓу богатите и сиромашните. Републиканците, како што се јавува, не го одобруваат овој самостоен пристап на претседателот. Овој настан традиционално привлекува милиони американци да го следат преку телевизија и интернет.
fineweb-2
Соединетите држави и Русија ги спротивставија ставовите за Косово во Обединетите Нации. Американскиот амбасадор Зелмај Кализад повика да се почитува 10 декември како краен рок за определување на идниот статус на Косово, велејки дека пролонгирањето ќе ја дестабилизира провинцијата. Од друга страна рускиот амбасадор Виталиј Чуркин изјави дека преговорите треба да продолжат се додека не се постигне договор. Според Чуркин, дестабилизација ќе има ако преговорите меѓу Белград и Приштина завршат без договор и доколку етничките албанци унилатерално пргласат независност. Во Советот за безбедност синоќа се одржаа консултации за Косово на кои беа поднесени извештаи на генералниот секретар Бан ки Мун и шефот на УНМИК Јоаким Рикер. Бан ки Мун потсети дека до 10 декември го очекѕува извештајот на Контакт групата за Косово.
fineweb-2
Почина припадникот на косовските специјални сили кој беше повреден во престрелките во близина на граничниот премин Брњак, соопштија косовските власти. Специјалецот починал доцна синоќа. Тој бил погоден со снајпер во главата. Иако бил веднаш префрлен во Ургентниот центар во Приштина, поради тешката состојба не можеле да го оперираат, по што им подлегнал на повредите. Припадниците на косовската специјална полиција во понеделникот вечерта се обидоа да ја преземат контролата врз двата гранични премини кон Србија кои се наоѓаат во северниот дел на земјата, но локалното српско население ги спречи во обидот. Потоа избија инциденти, во кои неколку луѓе се повредени, меѓу кои беше и полицаецот, кој подоцна почина.
fineweb-2
Убавите чевли придонесуваат за подобар изглед, но ако се работи за неадекватен модел, вашето излегување може да се претвори во ноќна мора и да ви остави последици за цел живот. Погрешниот избор на чевли може да предизвика краткорочни болки, но и сериозни долгорочни промени. Ема Супле, експерт на оваа тема ги опишува проблемите во зависност од тоа за каков модел на чевли се работи. Чевли со шилест завршеток Независно од височината на потпетицата, чевлите со шилест завршеток во никој случај не се добри. Прстите во нив се ектсремно стегнати, а болката почнува да се јавува веќе по половина час. Мнозинството жени ќе почувствуваат нелагодност и болка веќе по само неколку часа. Премногу честото носење на вакви чевли може дља доведе до долгорочни проблеми затоа што прстите се деформираат. Оние што ги носат може да добијат и подливи околу ноктите. Ваквите модели, ако баш сакате, треба да ги носите ретко. Чевли со тврд материјал на петиците Во таквите модели најмногу ќе страда петата затоа што на неа ќе има константен притисок поради крутиот материјал. Поради триењето на кожата и чевелот ќе настанат плускавци, а кај почестото и подолго носење на петата може да се појави ковчест израсток што бара хируршка интервенција за отстранување. Платформи По неколку пијачки…
fineweb-2
Сексапилната британска манекенка Роузи Хантингтон Вајтли се најде на страниците на списанието "V". Таа изгледа неверојатно рекламирајќи успешно панталони и костуми под кои не носи долна облека. Русокосата ги носи креациите на Ив Сен Лорен, Луј Витон, Томас Маер и многу други, а за создавањето на стилските фотографии се погрижи познатиот моден фотограф Колиер Шор.
fineweb-2
Од дијалогот меѓу Приштина и Белград полза ќе имаат сите граѓани на Косово и целиот регион, оцени претседателот на САД, Барак Обама во телеграмата со која на косовскиот претседател Атифете Јахјага и ја честиташа петгодишнината од независноста на Косово. Во неа се истакнува дека Косово постигна напредок во консолидирањето на демократските институции, зацврстувањето на правниот поредок и економијата и развојот на толерантна мултинационална држава. Исто така, е постигнат напредок во дијалогот со Србија, што води напред кон нормализирање на односите и од кој полза ќе имаат сите граѓани на Косово, Вашите соседи и целиот регион, пишува во телеграмата на претседателот на САД до претседателот на Косово Атифете Јахјага.
fineweb-2
Полицијата синоќа спречила обид за криумчарење осум мигранти од Пакистан, Ирак и Либија при контрола на возило на стариот помошен пат од село Василево кон местото викано Слобода. Мигрантите, шест со документи од Грција, а двајца без документи, биле пронајдени во "Мерцедес" со велешки регистарски ознаки, управувано од непознато лице, кое успеало да избега. По наредба на јавен обвинител, тројца мигранти се предадени во Прифатен центар во Скопје, а другите се во Транзитен центар во Гевгелија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчитување на случајот.
fineweb-2
Албанскиот Парламент рано утринава ја отфрли иницијативата за гласање недоверба на Владата на премиерот Фатос Нано, поднесена од опозиционата Демократска партија. На седницата, која почна во четвртокот, а беше прекината во петокот за да продолжи во саботата попладне, учествуваа 127 пратеници, од кои 76 гласаа против барањето за гласање недоверба на Владата, 50 ја поддржаа иницијативата, а еден пратеник се изјасни како "воздржан". Барањето за гласање недоверба на Владата на Нано, беше покренато од 29 пратеници на опозицијата, по трагичната бродска несреќа, што се случи на 9 јануари во Јонското Море, во која најмалку 21 лице го загуби животот, при обид илегално да влезат од Албанија во Италија.
fineweb-2
Македонска крвава свадба |Македонска крвава свадба| корица на книгата |Автор||Војдан Чернодрински| |Земја||Македонија| |Јазик||македонски| |Жанр(ови)||драма| |Медиум||Печатена| |Страници||70| - За филмот, видете Македонска крвава свадба (филм) Македонска крвава свадба е најкомплетниот драмски текст на Војдан Чернодрински, како во поглед на содржината, така и во однос на уметничкиот дострел, околу чие создавање и изведување изникнале цели перипетии.[1] Во текот на размислувањата околу фабулата и ликовите, Чернодрински го најавил својот нов драмски проект, а заинтересираните - веќе заинтригирани од познатите авторот - веднаш побарале да го прочитаат - ненапишаниот текст и да се отпочне со распределбата на улогите! За да не се посрамоти, Чернодрински во еден навистина рекорден рок го напишал текстот. Малку подоцна, преку пробите, јавноста индиректно била запознаена со самата содржина на делото. Така дошло до интервенција кај официјалните бугарски власти од страна на еден туѓински дипломат кој побарал да се прекратат пробите на оваа драма. Реакционерната власт издала заповед за да се престане со работата над сценската реализација на делото. А кога главните протагонисти се оглушиле од таа заповед и ја закажале премиерата, пред зградата на "Славјанската беседа" во Софија, на самиот ден на премиерата, стигнала група вооружени коњички стражари со цел да ја разбркаат публиката. Пред нив, меѓутоа, застанале повеќемина четници и со парабелуми во рацете - го обезбедиле текот на премиерната изведба! Како што тоа се случило со Стендал, Достоевски, Флобер, а во нашиов век и со Иво Андриќ, така и Војдан Чернодрински за делото Македонска крвава свадба се инспирирал од еден краток новинарски извештај од животот во Македонија. Во весникот "Реформа" ја прочитал Чернодрински дописката за која подоцна, во своите Спомени ќе ја забележи: "Таа дописка ми го даде сижето, таа беше канавацата на која во тек на 20-30 дни најпрвен во мислите ги бродирав сликите кои и денеска се редат пред вашиот снисходителен поглед". Драмско дејство[уреди | уреди извор] Драмата Македонска крвава свадба е напишана на македонски јазик. Нејзиното дејствие е предадено преку петте чина од кои првиот го открива тешкиот клучки аргатски живот на македонскиот роб, но во исто време и идилата помеѓу овчарот Спасе и младата жетварка Цвета. На нивата пристига Осман-бег, господарот на чифлигот со своите вооружени слуги. Тие насила ја грабнуваат Цвета за харемот на Осман-бег. Во средиштето на вториот чин е сцената со Турчинот што бара коњак во куќата на Кузмана, дедото на Цвета. користејќи ја својата положба на господар, Турчинот ги малтретира старците, барајќи од нив и вечера, а во исто време да го служи младата снаа на дедо Кузман. Дејствието на третиот чин се одвива во една од одаите на Осман-беговиот сарај. Цвета се стресува од првиот шок, размислувајќи за тоа што и се случило. Влегува Осман-бег, кој и ветува се и сешто ако се потурчи без отпор. Цвета гневно го плеснува по образот, немоќно бранејќи ја својата чест. Потурчените Македонки Крста и Петкана, ќе треба да ја одоброволат младата Цвета, да го скршат со добро нејзиниот отпор, иако и самите воопшто не се уверени во исправноста на своите улоги пред девојката. По нивниот неуспех таа ролја му се доверува на Селим-оџа, кој ќе треба со билје да ја успие свеста на заробеничката. Во меѓувреме, блиските на Цвета побарале интервенција од битолските конзули. На нивно барање пристигнува повелбата на Вели-паша за претрес во домот на Осман-бег. Но за тоа време девојката ја кријат. Во четвртиот чин се одвива комедијантското иследување на случајот со Цвета. под наркоза, во присуство на нејзините блиски, но и на странските дипломатски претставници, девојката исустува дека доброволно сака да се потурчи, "од љубов" спрема Осман-бег. Во последен момент, сепак, таа се освестува и ја кажува вистината. Османлиите се повлекуваат, а Цвета заминува со своите дома. Меѓутоа, Осман-бег не сака да го признае поразот. Во петтиот чин, на денот на свадбата на Цвета и Спасе, тој прави препад со своите луѓе и обид повторно да ја грабне младата девојка. Цвета, во самоодбрана, успева да го убие силникот, но и самата паѓа мртва од турски истрел.[2] Битови елементи[уреди | уреди извор] Целата оваа фабула во основата е предадена со еден романтичарски патос, но и многу сцени обилуваат со реалистички слики од животот и борбата на мекедонските луѓе. Тоа најмногу се огледа, речиси, во целата сцена на нивата, во сцената со Турчинот - натрапник во домот на Кузмановци и, во крајна линија, во сцените на физичкиот отпор. Како и во секоја битова пиеска, и во оваа драма се користат фолкорно-етнографски материјали, со што, можеби, се губи во динамичноста на дејството, но секако се добива општа импресија. Чернодрински бил свесен за воздејството на овој текст врз публиката, но интимно и самиот не очекувал таков успех каков што всупност драмата постигнала во оној период, па и многу подоцна. Говорејќи мошне скромно за своите литературни амбиции во врска со ова дело, потцртувајќи ја посебно онаа, денеска многу позната мисла "Што напишав јас" и одговарајќи на тоа прашање дека "Ништо не напишав. Јас го препишав од сè уште ненапишаната крвава историја на Македонија она, кое читателот ќе го прочита, а гледачот ќе го види во театарот" - Војдан Чернодрински се обиде да го предизвика вниманието на сите оние што го чувствуваа проблемот на Македонија како своја болка. И успеа во тоа. Навистина, тој не ги прикажа во оваа своја драма Македонците во една мобилна состојба. Не ги воведе во сцената свесно организираните елементи кои го подготвуваа народот за востание во блиска иднина. Тој ги одбра за јунаци луѓето од најниската скала на општествената хиерархија од едно, за Македонците, многу специфично време. Ги прикажа нивните страдања, но и нивната готовност да ја бранат честа македонска.[3] Наводи[уреди | уреди извор] Надоврешни врски[уреди | уреди извор] - Војдан Чернодрински, Предговор кон "Македонска Крвава Свадба" 2 декември 1900 г. - "Македонска Крвава Свадба", трето издание во оригинал, 1928 година
fineweb-2
Австралиската полиција уапсила Албанец под обвинение дека подготвувал теористички напад во Бризбејн. Според Балкан веб, станува збор за 23-годишниот Агим Круези, роден во Австралија. Како шѕо јави дописникот на МИА, тој планирал да изврши терористички напад во предградието на Бризбејн, Логан. Австралиските власти покренале обвинение против Круези со 15 точки, главно поврзано со тероризам. Засега властите не го соопштуваат точното место каде требало да биде извршен теористичкиот напад. Заедно со Круези е уапсено уште едно лице, кое се товари за поврзаност со ИД, поседување оружје без дозвола и негов илегален транспорт од Сиднеј до Логан и подготовка на терористички акти.
fineweb-2
Новогодишната ноќ поминала во мирна атмосфера. Се случиле две нарушувања на јавниот ред и мир. Нападнат е келнер во еден угостителски објект и регистрирана е физичка пресметка меѓу две лица, изјави денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која денеска го посети Центарот за информации и команди при СВР Скопје, пренесува МИА. Во текот на новогодишната ноќ имало значително помал број пријави споредено со кој било друг ден од редовното полициско работење. – Во текот на изминатите 24 часа пријавени се само шест безбедносни настани од кои само два во текот на новогодишната ноќ. Двата настана се целосно расчистени и документирани. Евидентно е дека граѓаните прославуваа мирно и весело ја дочекаа новата 2015 година, истакна Јанкуловска, откако беше информирана за безбедносната состојба на територијата на Скопје. Останатите четири настани кои се случиле изминатите 24 часа се карактеристични за редовното полициско работење, односно евидентирани се разбојништво, тешка кражба, пријавено е едно исчезнато лице и околу 17 часот се случила една железничка несреќа со жртва. На територијата на Скопје во годината што измина намален е криминалитетот за 24 проценти. – Во претходниот период состојбите на подрачјето на Скопје се подобрени. Во 2014 година регистрирани се помалку тешки кривични дела на територијата на Скопје, односно 6.521 тешки кривични дела наспроти 9.696 во 2013 година. Истиот позитивен тренд со намалување на бројката се однесува и на разбојништвата и на неколку други карактеристични кривични дела. Единствено во делот на употреба на дрога има благо големување меѓутоа тоа е тренд кој за жал е присутен во сите држави, изјави министерката Јанкуловска.
fineweb-2
Австралискиот хард рок бенд AC/DC во Лисабон го одржа првиот концерт на почетокот на европската турнеја на која што наместо пејачот Брајан Џонсон настапи Ексл Роуз од бендот "Guns'n Roses". AC/DC на почетокот на март го одложи почетокот на турнејата, откако лекарите му препорачаа на Џонсон (68) да не пее на зцена затоа што му се заканува целосно оштетување на слухот. Така Ексл Роуз (54) во саботата ја започна европската турнеја со култниот хард рок бенд кој би требало да има 12 настапи. Тој пееше седејќи поради преломот на ногата. Концертот се одржа на отворено во Лисабон, пред околу 60.000 посетители. Следниот концерт ќе биде во Севилја, Шпанија.
fineweb-2
Со тројца нови промотори Македонија ќе дојде до повеќе странски инвестиции. Владата бара двајца кандидати кои ќе ја покриваат територијата на НР Кина, додека третиот промотор ќе биде лоциран во Осло, Норвешка. Огласот на Агенцијата за странски инвестиции е веќе објавен и ќе трае до 12 октомври. -Овие промотори кои што ги бараме на огласот, кој трае до 12 октомври оваа година, се значајни за да ја пополнат комплетната слика, структурата на економски промотори во дел од овие земји кои се брзорастечки, богати и имаат суфицит на капитал, а имаат и компании кои што сакаат да го шират своето производство. Со пласирањето на промоторите во овие земји би имале корист за обезбедување на поголем број на контакти, со поголем број на компании и се разбира зголемување на можностите за економската соработка, трговската размена, а особено соработката на полето на инвестициите, истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Досега, Македонија во Норвешка немала промотор. Овој корпус на земји од Скандинавија бил покриван од страна на промотор лоциран во Шведска. Со испраќање на промотор во Норвешка, ќе се даде дополнителен импут на зголемување на можностите за остварување на соработна на полето на инвестициите со норвешки компании, но и со компании кои партиципираат во другите земји од Скандинавскиот полуостров. -Во НР Кина бараме двајца промотори, од кои што едниот би бил стациониран во Шангај, кој што е финансиски, економски центар во Кина, каде што е лоцирана една од најголемите берзи во светот, каде што постојат огромен број на компании кои сакаат да го шират своето производство, да соработуваат, да пласираат капитал во остатокот од светот не само во Кина, туку да се шират и во Азија, а особно во Европа, кде што ја гледаме шансата Македонија да биде порта за овие кинески фирми кои би сакале да влезат на европскиот пазар. Вториот промотор пак, би бил лоциран во Гвангжу, кој е главен град на една од најбрзорастечките провинции во НР Кина, која што има огромни обеми на надворешно-трговска размена и најтесно соработува со останатите региони во Кина и со Хонг Конг. Се чини со компаниите кои таму работат и функционираат дека може да се направат дополнителни чекори за соработка, особено по посетата на владиниот економски тим на градот Гвангжу каде што беше направен и бизнис форум, беа остварени и поголем број на средби, додаде Ѓорѓиев. Сите кандидати кои имаат желба, капацитет и квалитет, се повикани да се пријават на огласот. Своите апликации може да ги достават по електронски пат на меил адресата [EMAIL], но може да ги достават и во хартиена форма по пошта или во седиштето на Агенцијата за странски инвестиции. Кандидатите треба да имаат високо образование, најмалку две години работно искуство во оваа сфера, одлично познавање на англиски јазик и познавање на јазикот на земјата домаќин, а апликациите кои ќе ги поднесат треба да содржат мотивациско писмо не подолго од 500 зборови и кратко резиме, односно лична биографија во која ќе ги наведат своето образовани и работното искуство.
fineweb-2
Република Македонија го заслужи местото како полноправен член на НАТО, истакнал министерот за одбрана на Република македонија Зоран Јолевски, на денешните одвоени средби со министрите за одбрана на Турција, Естонија, Италија, и Шведска, на маргините на самитот на НАТО што се одржува во Варшава, Полска. "Со спроведените реформски зафати, учеството во мировните мисии предводени од Алијансата, потврдената интероперабилност со Армиите на земјите-членки за време на НАТО воената вежба Анаконда, како и фактот дека Македонија и НАТО ги споделуваат истите вредности и цели на глобално ниво, како мирот, демократијата и безбедноста, ние јасно покажавме дека местото на Македонија е во НАТО, порачал Јолевски", соопшти денеска Министерството за одбрана. Во текот на утрешниот ден, како што е најавено од Министерството, министерот Јолевски ќе се обрати на состанокот посветен на Платформата за интероперативност, на ниво на министри за одбрана, а ќе оствари и билатерални средби со министрите за одбрана на Унгарија, Латвија, Литванија и Словенија.
fineweb-2
Корисник:Quibik Од Википедија — слободната енциклопедија |Ова е Вашата корисничка страница. вавилон-табела и кориснички кутии со цел другите корисници да знаат кои јазици ги познавате/зборувате, кои се Вашите интереси, со што се занимавате и слично. можете да впишете нешто за Вас и Вашата работа на Википедија. Исто така можете да ставите | This is your userpage. the languages you speak and about your work on Wikipedia.you can write something about you, about Ова е само совет, можете слободно да ја избришете оваа порака. This is just an advice, you can delete this message any time you like.
fineweb-2
Аптекарка преживеала вистински хорор синоќа на улицата "Дане Крапчев" во Скопје. Иако мислела дека ќе помине обичен ден на работа, вработената во аптеката "Зегин" била нападната од две маскирани лица кои со закана со нож и го одзеле дневниот промет од 13.000 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителите.
fineweb-2
Томас Кантримен, заменик - помошникот државен секретар на САД задолжен за Европа, утре доаѓа во Скопје, како дел од неговите редовни активности, информира синоќа на средба со новинарите американскиот амбасадор Филип Рикер. Неговата посета е во рамките на балканската турнеја во која ќе ги посети и Приштина и Тирана, рече Рикер. Предвидено е в четврток тој да се сретне со премиерот Никола Груевски како дел од подготовките за посетата на шефот на македонската Влада на Вашингтон на 16 февруари, а ќе има средби и со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски. Ке се разговара за билатералните односи, но и актуелни прашања кои, вели, создаваат загриженост, како независноста на судството, слободата на медиумите, состојбата зо Парламентот и политичкиот дијалог. Ќе стане збор и за евроатлантските интеграции и учеството на Македонија во мисијата ИСАФ во Авганистан. Во однос на денешната рунда преговори во ОН за спорот за името меѓу Македонија и Грција, Рикер го повтори американскиот став оти ги охрабруваат двете страни да работат напорно за да го решат спорот и оти веруваат дека е можно да се дојде до решение.
fineweb-2
Жителите на Горни Милановац, утрово се шокирале кога виделе дека реката Деспотовица, која минува низ градот е црвена. Во еколошката инспекција се' уште не знаат за што се работи, ни од колкави размери може да биде загадувањето. "Наша екипа е на терен, се обидуваме да утврдиме за кој вид на загаденост се работи", кратко одговорила еколошката инспекторка, Радица Мариќ, пренесуваат српските медиуми. Ниту најстарите жители на овој град не паметат дека реката Деспотовица некогаш имала ваква боја, иако не било реткост реката да биде загадена. Последниот случај бил во јули, минатата година, кога во реката е истурена отровна течност, што придонело за изумирање на растителниот и животинскиот свет во неа. И тогаш во водата биле пронајдени честици со пигмент на црвена боја.
fineweb-2
Не можеме да одречеме дека технологијата сè повеќе се менува и унапредува и сè повеќе влијае врз нашите животи, некогаш на позитивен, а некогаш и на негативен начин. Но влијанието кое технологијата го има врз љубовните врски и романси не е мало и не може да помине незабележано. Колку нешта се смениле од времето кога вашите родители биле на ваша возраст? Еве како модерната технологија влијае врз нашата перцепција за романтика и како ги менува љубовта и врските. Како модерните врски почнуваат? Статистиката покажува дека во просек 17% од паровите кои ќе стапат во брак во блиска иднина, се запознале онлајн. Сè повеќе зема замав запознавањето на интернет преку социјалните мрежи кои буквално станаа место за наоѓање на совршениот партнер. Сè помалку луѓе се запознаваат при вечерни излегувања, излети со друштво или семејство. Наместо тоа познанствата започнуваат со понуда за пријателство. А не се само социјалните мрежи туку има и куп сајтови кои нудат онлајн-запознавање со вашата "сродна душа". Експериментирање наспроти лично искуство Најчесто паровите кои се запознаваат на интернет веќе прочитале многу еден за друг од податоците кои секоја страна ги остава на своите онлајн-профили. Тоа наголемо ја убива магијата на првиот состанок, бидејќи веќе знаете што да очекувате. И секако, чест е и случајот кога личноста од другата страна на екранот воопшто не е она што се претставува. Новата технологија ни дозволува на некој начин да експериментираме со љубовта. Да запознаваме нови личности и да шириме познанства, да комуницираме без воопшто да стапиме во контакт лице в лице. Тука се Скајпот и социјалните мрежи кои сè повеќе го ставаат во сенка вистинското искуство. Дали вистинската романтика е мртва? Ако некогаш луѓето си пишувале љубовни писма во кои ја отворале душата пред љубениот/та, или пак имале храброст да го кажат тоа лице в лице, денес повторно си испраќаме пораки, само што се во форма на мејлови, СМС или пораки на Фејсбук. За многумина тоа звучи како вистинско убиство на романтиката. Без разлика колку сериозно гледате на тоа, сепак не можеме да одречеме дека ваквата комуникација наголемо ја менува перцепцијата за љубов и романтика. Многу полесно стапувате во контакт со оној кој ви се допаѓа Наместо да ја гледате згодната девојка од другата страна на барот, обидувајќи се да соберете доволно храброст, сега можете лесно да стапите во контакт со неа преку интернет. Колку е ова позитивно или негативно, останува самите да одлучите. Се менува нашата перцепција за самите себе За да му се допаднете некому додека сте пред екранот од својот компјутер, треба да умеете добро да пишувате и да играте со зборови за да го заинтригирате. Во тој случај вие сте послободна и поопуштена личност која би кажала куп работи кои нема храброст да ги каже во живо. Гледајќи си ги сопствените профили и начини на онлајн-комуникација си ја менуваме перцепцијата за самите себе и лесно стануваме нешто што не сме. Важноста на надворешниот изглед Сликата е сосема различна од средбата во живо. Личноста е фотографирана во одреден момент и врз она што го гледате влијаат многу фактори како осветленоста, квалитетот на сликата и сл. Во време кога се меѓусебно гледаме преку фотографии и си праќаме сигнали на допаѓање преку "лајкот", дали умееме вистински да ги согледаме нештата? Како невербалната комуникација влијае на врските? Кога разговарате со некого преку пораки или онлајн-разговор, колку нешта се менуваат? Не постои интонација, не можете да ја погледнете личноста во очи и вистински да допрете до нечии мисли. Во таквата комуникација не можеме со сигурност да знаеме што другата страна мисли ниту пак да ги протолкуваме насмевките и гестовите. Имајќи ги сите овие работи предвид, дали технологијата ја менува нашата перцепција за љубовта на позитивен начин или полека, но сигурно ја убива вистинската романтика?
fineweb-2
Преговарачка екипа на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) пристигна во Славјанск за да преговара за ослободување на заложниците. Самопрогласениот градоначалник на Славјанск, Вјачеслав Пономаров изјави дека ќе се сретне со преговарачкиот тим на ОБСЕ. Претходно, еден од меѓународните набљудувачи, кои беа киднапирани од проруски сепаратисти во Славјанск на денешната прес-конференција изјави дека сите во групата се во добра здравствена состојба. На прес-конференцијата, организирана од сепаратистите, членот на набљудувачката мисија, германскиот полковник Аксел Шнајдер изјави дека "никој не го допрел" и оти немало физичко малтретирање врз групата набљудувачи. Следејќи го Пономаров на прес-конференцијата осуммината набљудувачи, кои беа киднапирани во петокот од проруските сепаратисти, беа облечени во цивилна облека и влегоа во салата во која им беа претставени на околу 60 новинари. Самопрогласениот градоначалник Пономаров претходно изјави дека набљудувачите на ОБСЕ се воени заробеници и додаде дека еден од 13-те заробени лица, возачот на групата, бил ослободен. Заробени останале осум европски државјани и четворица украински војници.
fineweb-2
Свинскиот грип "покоси" 100 лица во Грција. Уште шест лица ги загубија животите поради вирусот H1N1, со што бројката на починати од свински грип кај нашиот јужен сосед се искачи на 100 лица во последните шест недели, пренесува "Грик рипортер". Според Хеленскиот Центар за контрола на болести и превенција во последните 24 часа се јавиле нови 102 случаи, од кои 30 се деца. Вкупно 92 лица од новите случаи се на апарати, а десетина други се во болниците. Околу 110 лица се на одделенијата за интензивна нега, а досега вкупно биле третирани 320 пациенти. Според експертската јавност во Грција, вирусот сеуште е на високо ниво, а најчесто ги погодува постарите лица, децата и тинејџерите. Се очекува дека бројот на заболени ќе се намали во следните месеци.
fineweb-2
Во операцијата за ослободување на заложници од исламските екстремисти во гасната постројка во Сахара, имало жртви но нивната бројка засега не се прецизира од страна на властите. Киднаперите претходно соопштија дека најмалку 35 странци и 15 екстремисти биле убиени во операцијата на алжирската војска во Сахара. Алжирските специјални сили ја презедоа операцијата за ослободување на заложниците ден откако исламски милитанти зедоа десетици заложници, меѓу кои и странци. Еден ирски инжињер изјави дека видел 4 џипа со заложници кои биле кренати во воздух од алжирските трупи.
fineweb-2
Премиерот на Косово Иса Мустафа изјави денеска дека Владата со која преседава е определена да ја унапредува развојната и интегративната агенда на Косово, како и лично да се ангажира и да се заложи за ратификација на договорот за демаркација со Црна Гора. Тој вели дека договорот треба да освои 80 гласови во Собранието. Мустафа на Фејсбук напиша дека програмата за која се застапува се остварува и покрај наследените проблеми и предизвиците со кои се соочува. Седницата на која ќе се расправа за договорот за демаркација е закажана за 1 септември. Поддршка на договорот даде и потпретседателот на САД Џо Бајден на неодамнешната посета на Косово.
fineweb-2